Ванчо Богоев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vancho-bogoev/ За подобро да се разбереме Tue, 31 Jan 2023 14:55:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ванчо Богоев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vancho-bogoev/ 32 32 Во МКЦ нема конкурс за директор веќе четврта година по ред, сакаме конечно да истапи долгонајавуваната професионализација https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vo-mkts-nema-konkurs-za-direktor-veke-chetvrta-godina-po-red-sakame-konechno-da-istapi-dolgonajavuvanata-profesionalizatsija/ Tue, 24 Jan 2023 12:56:16 +0000 https://republika.mk/?p=600473

Во Младинскиот културен центар (МКЦ) нема конкурс за избор на директор веќе четврта година по ред. Ние сакаме да веруваме во правна држава и почитување на законите, за конечно да истапи долгонајавуваната професионализација и избор на функциониери и раководители според искуство, меродавност и кредибилитет, вели во интервју за „Република“ доскорешниот в.д директор Ванчо Богоев, кој беше разрешен по одлуката на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска која на негово место да го назначи дипломираниот детектив Никола Алексов, кој нема работно искуство во културниот сектор.

Во неделата, стотици граѓани се собраа пред МКЦ со цел да ја одбранат институцијата од лошиот вкус. Настанот беше организиран од колективот на млади музичари „Гола планина“, а се случи поради големото кратење на буџетот од страна на Град Скопје и смената на Богоев.

Програмскиот колегиум на МКЦ претходно соопшти дека Богоев, кој 36 години е дел од институцијата, е сменет бидејќи не сакал да го вработи пејачот Бени Шаќири, кој на последните локални избори беше кандидат за градоначалник на Скопје. Богоев во изјава за „Република“ кажа дека генералниот секретар на Градот Зоран Глигоров му вршел екстремни притисоци да се потпише вработување на Шаќири.

По пауза од неколку години, јавноста повторно е разбранувана со изборот на нов директор на Младински културен центар (МКЦ). Зошто е многу важно кој ќе биде на менаџерската позиција на МКЦ и зошто раководителот мора и треба да има искуство во културна институција?

БОГОЕВ: Бидејќи МКЦ е една од клучните институции кои активно работат веќе 50 години во правец на градење на културата во државата. Она што МКЦ во своето портфолио има остварено и сè уште прави, се работи кои директно работат во промоција на нашата земја и издигнување на културата, истовремено правејќи сè за одржување на локалната културна сцена. Досегот на МКЦ не е само локален, туку е национален. Со работа која ги надминува некогаш и нашите капацитети и веќе е докажана во интернационали рамки – вчленување во најпрестижните европски мрежи рамо до рамо со најпризнаените културни организации.

Ова ниво мора да се одржи и затоа мора на чело на веќе етаблирана институција да дојде лице кое има огромно искуство за да може ова да продолжи. Мора да се избориме за професионализација бидејќи сè останато, не враќа на почеток и не дозволува да успешните приказни се надградуваат.

[caption id="attachment_598323" align="alignnone" width="615"] Ванчо Богоев на прославата 50 години МКЦ[/caption]

Може ли градската власт да ја смени одлуката под притисок на јавноста? Верувате ли во таа моќ? Бидејќи еднаш веќе се покажа дека културните работници, музичари, уметници ја имаа силата да се смени желбата на поединци за прв човек на МКЦ?

БОГОЕВ: Во МКЦ нема конкурс за директор веќе четврта година по ред. Ние сакаме да веруваме во правна држава и почитување на законите, за конечно да истапи долгонајавуваната професионализација и избор на функциониери и раководители според искуство, меродавност и кредибилитет.

Зошто е толку атрактивна позицијата директор на МКЦ?

БОГОЕВ: Би сакале да веруваме дека е атрактивна. Од страна изгледаат работите тука дека функционираат глатко, додека за нас, секоја година носи свои проблеми. Секоја промена на власт, носи нови планови и пракси кои не враќаат одново и одново. Секој ден е борба – буџети за програми, енормни сметки за струја и парно кои особено сега, во време на криза се неверојатни. Затрупани во администрација и процедури кои не ни дозволуваат да мислиме на креирање проекти. За да стигне до ова ниво, луѓето во МКЦ имаат внесено огромен труд и макотрпна работа. Така што, директор на МКЦ и не е воопшто лесна позиција.

Вие сте 36 години дел од МКЦ. Како функционира оваа институција?

БОГОЕВ: Да токму така, а МКЦ постои 50 години. Особено во последните 10 години, сметаме дека МКЦ дополнително го крена своето ниво на функционирање благодарение на заложбите и трудот на сите вработени, како и инпутот на надворешните соработници каде со заеднички сили сме истуркале сериозни проекти.

Го водевте МКЦ во годината кога го прослави 50-от роденден. Што значи МКЦ за градот и граѓаните?

БОГОЕВ: МКЦ за граѓаните значи отворен простор, слобода, поле за културен натпревар и докажување. МКЦ е единствената институција која успеа да стане дел од неколку реномирани европски мрежи и асоцијации, рамо до рамо со најетаблираните организации и фестивали од Европа. Тука се гледа резултатот на нашето работење и значењето кое го има МКЦ дома и во светот.

Какво образолжение добивте, зошто не ви беше продоложен договорот од Град Скопје на функцијата в.д. директор?

БОГОЕВ: Никакво, само ми беше врачено решението за престанок на мандатот.

Какви притисоци трпевте околу (не)потпишувањето на барањето за вработување на Бени Шаќири?

БОГОЕВ: Бев викнат на разговор и состанок, потем тоа прерасна во жестока неколкучасовна дискусија во која ми беше вршен директен притисок.

[caption id="attachment_600490" align="alignnone" width="2048"] Богоев: МКЦ за граѓаните значи отворен простор, слобода, поле за културен натпревар и докажување[/caption]

Зошто се инсистира Шаќири да биде директор на МКЦ?

БОГОЕВ: Ова прашање го поставувате на погрешен шалтер.

Што би му препорачале на новиот в.д. директор на МКЦ?

БОГОЕВ: Не би сакал да порачувам ништо преку медиуми, во најмала рака би сакал да продолжи во истата насока и во истиот континуитет за напредок на институцијата.

Разговараше: Александра М. Бундалевска

The post Во МКЦ нема конкурс за директор веќе четврта година по ред, сакаме конечно да истапи долгонајавуваната професионализација appeared first on Република.

]]>

Во Младинскиот културен центар (МКЦ) нема конкурс за избор на директор веќе четврта година по ред. Ние сакаме да веруваме во правна држава и почитување на законите, за конечно да истапи долгонајавуваната професионализација и избор на функциониери и раководители според искуство, меродавност и кредибилитет, вели во интервју за „Република“ доскорешниот в.д директор Ванчо Богоев, кој беше разрешен по одлуката на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска која на негово место да го назначи дипломираниот детектив Никола Алексов, кој нема работно искуство во културниот сектор. Во неделата, стотици граѓани се собраа пред МКЦ со цел да ја одбранат институцијата од лошиот вкус. Настанот беше организиран од колективот на млади музичари „Гола планина“, а се случи поради големото кратење на буџетот од страна на Град Скопје и смената на Богоев. Програмскиот колегиум на МКЦ претходно соопшти дека Богоев, кој 36 години е дел од институцијата, е сменет бидејќи не сакал да го вработи пејачот Бени Шаќири, кој на последните локални избори беше кандидат за градоначалник на Скопје. Богоев во изјава за „Република“ кажа дека генералниот секретар на Градот Зоран Глигоров му вршел екстремни притисоци да се потпише вработување на Шаќири. По пауза од неколку години, јавноста повторно е разбранувана со изборот на нов директор на Младински културен центар (МКЦ). Зошто е многу важно кој ќе биде на менаџерската позиција на МКЦ и зошто раководителот мора и треба да има искуство во културна институција? БОГОЕВ: Бидејќи МКЦ е една од клучните институции кои активно работат веќе 50 години во правец на градење на културата во државата. Она што МКЦ во своето портфолио има остварено и сè уште прави, се работи кои директно работат во промоција на нашата земја и издигнување на културата, истовремено правејќи сè за одржување на локалната културна сцена. Досегот на МКЦ не е само локален, туку е национален. Со работа која ги надминува некогаш и нашите капацитети и веќе е докажана во интернационали рамки – вчленување во најпрестижните европски мрежи рамо до рамо со најпризнаените културни организации. Ова ниво мора да се одржи и затоа мора на чело на веќе етаблирана институција да дојде лице кое има огромно искуство за да може ова да продолжи. Мора да се избориме за професионализација бидејќи сè останато, не враќа на почеток и не дозволува да успешните приказни се надградуваат. [caption id="attachment_598323" align="alignnone" width="615"] Ванчо Богоев на прославата 50 години МКЦ[/caption] Може ли градската власт да ја смени одлуката под притисок на јавноста? Верувате ли во таа моќ? Бидејќи еднаш веќе се покажа дека културните работници, музичари, уметници ја имаа силата да се смени желбата на поединци за прв човек на МКЦ? БОГОЕВ: Во МКЦ нема конкурс за директор веќе четврта година по ред. Ние сакаме да веруваме во правна држава и почитување на законите, за конечно да истапи долгонајавуваната професионализација и избор на функциониери и раководители според искуство, меродавност и кредибилитет. Зошто е толку атрактивна позицијата директор на МКЦ? БОГОЕВ: Би сакале да веруваме дека е атрактивна. Од страна изгледаат работите тука дека функционираат глатко, додека за нас, секоја година носи свои проблеми. Секоја промена на власт, носи нови планови и пракси кои не враќаат одново и одново. Секој ден е борба – буџети за програми, енормни сметки за струја и парно кои особено сега, во време на криза се неверојатни. Затрупани во администрација и процедури кои не ни дозволуваат да мислиме на креирање проекти. За да стигне до ова ниво, луѓето во МКЦ имаат внесено огромен труд и макотрпна работа. Така што, директор на МКЦ и не е воопшто лесна позиција. Вие сте 36 години дел од МКЦ. Како функционира оваа институција? БОГОЕВ: Да токму така, а МКЦ постои 50 години. Особено во последните 10 години, сметаме дека МКЦ дополнително го крена своето ниво на функционирање благодарение на заложбите и трудот на сите вработени, како и инпутот на надворешните соработници каде со заеднички сили сме истуркале сериозни проекти. Го водевте МКЦ во годината кога го прослави 50-от роденден. Што значи МКЦ за градот и граѓаните? БОГОЕВ: МКЦ за граѓаните значи отворен простор, слобода, поле за културен натпревар и докажување. МКЦ е единствената институција која успеа да стане дел од неколку реномирани европски мрежи и асоцијации, рамо до рамо со најетаблираните организации и фестивали од Европа. Тука се гледа резултатот на нашето работење и значењето кое го има МКЦ дома и во светот. Какво образолжение добивте, зошто не ви беше продоложен договорот од Град Скопје на функцијата в.д. директор? БОГОЕВ: Никакво, само ми беше врачено решението за престанок на мандатот. Какви притисоци трпевте околу (не)потпишувањето на барањето за вработување на Бени Шаќири? БОГОЕВ: Бев викнат на разговор и состанок, потем тоа прерасна во жестока неколкучасовна дискусија во која ми беше вршен директен притисок. [caption id="attachment_600490" align="alignnone" width="2048"] Богоев: МКЦ за граѓаните значи отворен простор, слобода, поле за културен натпревар и докажување[/caption] Зошто се инсистира Шаќири да биде директор на МКЦ? БОГОЕВ: Ова прашање го поставувате на погрешен шалтер. Што би му препорачале на новиот в.д. директор на МКЦ? БОГОЕВ: Не би сакал да порачувам ништо преку медиуми, во најмала рака би сакал да продолжи во истата насока и во истиот континуитет за напредок на институцијата. Разговараше: Александра М. Бундалевска

The post Во МКЦ нема конкурс за директор веќе четврта година по ред, сакаме конечно да истапи долгонајавуваната професионализација appeared first on Република.

]]>
Градоначалничката Арсовска го разреши и директорот на МКЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gradonachalnichkata-arsovska-go-razreshi-i-direktorot-na-mkts/ Tue, 17 Jan 2023 17:30:24 +0000 https://republika.mk/?p=598026

Градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска го разрешила в.д. директорот на Младински Културен Центар, Ванчо Богоев, кој на директорската фотеља седна во јануари, 2022 година, поточно тој го добива мандатот веднаш откако таа стапува на функцијата.

Информациите на „Фокус“ ги потврди сега веќе поранешниот директор на МКЦ, Богоев, кој вели дека поминал цела голгота, посебно последната недела.

The post Градоначалничката Арсовска го разреши и директорот на МКЦ appeared first on Република.

]]>

Градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска го разрешила в.д. директорот на Младински Културен Центар, Ванчо Богоев, кој на директорската фотеља седна во јануари, 2022 година, поточно тој го добива мандатот веднаш откако таа стапува на функцијата. Информациите на „Фокус“ ги потврди сега веќе поранешниот директор на МКЦ, Богоев, кој вели дека поминал цела голгота, посебно последната недела.

The post Градоначалничката Арсовска го разреши и директорот на МКЦ appeared first on Република.

]]>