Ван Гог Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/van-gog/ За подобро да се разбереме Mon, 28 Oct 2024 10:09:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ван Гог Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/van-gog/ 32 32 Нов сингл и видео: „Ван Гог“ ја претстави песната „Луд и сам“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/nov-singl-i-video-van-gog-ja-pretstavi-pesnata-lud-i-sam/ Mon, 28 Oct 2024 10:09:17 +0000 https://republika.mk/?p=831591

Српската група „Ван Гог“ го објави сингот „Луд и сам“ на 27 октомври во 18 часот на јутјуб-каналот musicvangogh.

Музика и текстот на „Луд и сам“ се дело на Звонимир Ѓукиќ, додека аранжманот е на Звонимир Ѓукиќ, Србољуб Радивојевиќ, Воислав Аралица.

На крајот на јануари 2025 година, бендот ќе го претстави вториот по ред сингл и спот, за песната „До последњег даха“, а на 22 април 2025 година, на Светскиот Ден на планетата Земја, и третиот за песната „За планету С. О. С.“.

Енергијата на младите луѓе на нашите концерти буди надеж, откривање на нивната посветеност, за нас е посебно ниво на уметност“, вели Ѓуле.

„Ван Гог“ ќе се појави пред публиката во Белград на 29 ноември во Домот на млади, на истото место каде во 1986 година за првпат ја отсвири „Трагова прошлости“, а кон средината на декември, со музиката ќе се поклони и на публиката во Скопје, со тие концерти, групата ќе ја започне својата нова турнеја.

https://youtu.be/uHl048aKrQc?si=kyUda5L2R6VKEr4W

The post Нов сингл и видео: „Ван Гог“ ја претстави песната „Луд и сам“ appeared first on Република.

]]>

Српската група „Ван Гог“ го објави сингот „Луд и сам“ на 27 октомври во 18 часот на јутјуб-каналот musicvangogh. Музика и текстот на „Луд и сам“ се дело на Звонимир Ѓукиќ, додека аранжманот е на Звонимир Ѓукиќ, Србољуб Радивојевиќ, Воислав Аралица. На крајот на јануари 2025 година, бендот ќе го претстави вториот по ред сингл и спот, за песната „До последњег даха“, а на 22 април 2025 година, на Светскиот Ден на планетата Земја, и третиот за песната „За планету С. О. С.“.
Енергијата на младите луѓе на нашите концерти буди надеж, откривање на нивната посветеност, за нас е посебно ниво на уметност“, вели Ѓуле.
„Ван Гог“ ќе се појави пред публиката во Белград на 29 ноември во Домот на млади, на истото место каде во 1986 година за првпат ја отсвири „Трагова прошлости“, а кон средината на декември, со музиката ќе се поклони и на публиката во Скопје, со тие концерти, групата ќе ја започне својата нова турнеја. https://youtu.be/uHl048aKrQc?si=kyUda5L2R6VKEr4W

The post Нов сингл и видео: „Ван Гог“ ја претстави песната „Луд и сам“ appeared first on Република.

]]>
Швајцарски музеј отстрани ремек дела на Моне, Ван Гог и Гоген, поради сомнеж дека биле украдени од нацистите https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/shvajtsarski-muzej-otstrani-remek-dela-na-mone-van-gog-i-gogen-poradi-somnezh-deka-bile-ukradeni-od-natsistite/ Sun, 16 Jun 2024 10:41:49 +0000 https://republika.mk/?p=788088

Уметничките дела кои се под истрага вклучуваат слики од Клод Моне, Винсент Ван Гог и Пол Гоген, јавува Би-Би-Си.

Долго време има сомнежи за потеклото на парчето во колекцијата на Емил Бурле, именувана по трговецот со оружје кој своето богатство го заработил за време на Втората светска војна правејќи и продавајќи им оружје на нацистите.

Одлуката за отстранување на сликите следи по објавувањето на новите упатства насочени кон враќање на уметничките дела на семејствата од кои се украдени.

Одборот на Фондацијата за колекција на Емил Бурле во соопштение наведе дека е „посветен на барање фер решение за овие дела со законските наследници на поранешните сопственици“.

Фондацијата истакна дека шестото дело од колекцијата, La Sultane од Едуар Мане, ќе се разгледува посебно и дека овие упатства не важат за оваа слика.

Се додава дека фондацијата е подготвена да понуди финансиска сума на имотот на првичниот сопственик на таа слика, Макс Силберберг, еврејски индустријалец од Германија, чија колекција нацистите ја продале на принудни аукции.

Се верува дека е убиен во нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц, а се дебатира дали бил принуден да го продаде делото на Мане или тоа го направил од лични причини.

Повеќе од 20 земји, вклучително и Швајцарија, ги прифатија упатствата на Стејт департментот за делата украдени од нацистите претходно оваа година.

 

The post Швајцарски музеј отстрани ремек дела на Моне, Ван Гог и Гоген, поради сомнеж дека биле украдени од нацистите appeared first on Република.

]]>

Уметничките дела кои се под истрага вклучуваат слики од Клод Моне, Винсент Ван Гог и Пол Гоген, јавува Би-Би-Си. Долго време има сомнежи за потеклото на парчето во колекцијата на Емил Бурле, именувана по трговецот со оружје кој своето богатство го заработил за време на Втората светска војна правејќи и продавајќи им оружје на нацистите. Одлуката за отстранување на сликите следи по објавувањето на новите упатства насочени кон враќање на уметничките дела на семејствата од кои се украдени. Одборот на Фондацијата за колекција на Емил Бурле во соопштение наведе дека е „посветен на барање фер решение за овие дела со законските наследници на поранешните сопственици“. Фондацијата истакна дека шестото дело од колекцијата, La Sultane од Едуар Мане, ќе се разгледува посебно и дека овие упатства не важат за оваа слика. Се додава дека фондацијата е подготвена да понуди финансиска сума на имотот на првичниот сопственик на таа слика, Макс Силберберг, еврејски индустријалец од Германија, чија колекција нацистите ја продале на принудни аукции. Се верува дека е убиен во нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц, а се дебатира дали бил принуден да го продаде делото на Мане или тоа го направил од лични причини. Повеќе од 20 земји, вклучително и Швајцарија, ги прифатија упатствата на Стејт департментот за делата украдени од нацистите претходно оваа година.  

The post Швајцарски музеј отстрани ремек дела на Моне, Ван Гог и Гоген, поради сомнеж дека биле украдени од нацистите appeared first on Република.

]]>
Слика на Ван Гог продадена за над 4,5 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/slika-na-van-gog-prodadena-za-nad-4-5-milioni-evra/ Mon, 11 Mar 2024 08:49:43 +0000 https://republika.mk/?p=753513

Сликата со наслов „Портрет на селанка со бела шапка“ на холандскиот уметник Винсент ван Гог е продадена на Годишниот саем за уметност и антиквитети ТЕФАФ во Мастрихт, Холандија, за повеќе од 4,5 милиони евра.

Платното со димензии 63 x 48 цм е насликано околу 1884 година, додека уметникот престојувал во куќата на неговото семејство во селото Нуенен. Овој период се смета за пресвртница во делото на Ван Гог. Автентичноста на сликата е потврдена од музејот „Ван Гог“ во Амстердам.

Овој период се смета за пресвртница во делото на Ван Гог. Автентичноста на сликата е потврдена од музејот „Ван Гог“ во Амстердам.

Сликата беше ставена на продажба од американската галерија „МС Рау“ од Њу Орлеанс.

Новиот сопственик платил 4,57 милиони евра. Тој всушност, поседува приватен музеј надвор од Европа, објави холандскиот ТВ-канал „НОС“.

 

The post Слика на Ван Гог продадена за над 4,5 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Сликата со наслов „Портрет на селанка со бела шапка“ на холандскиот уметник Винсент ван Гог е продадена на Годишниот саем за уметност и антиквитети ТЕФАФ во Мастрихт, Холандија, за повеќе од 4,5 милиони евра. Платното со димензии 63 x 48 цм е насликано околу 1884 година, додека уметникот престојувал во куќата на неговото семејство во селото Нуенен. Овој период се смета за пресвртница во делото на Ван Гог. Автентичноста на сликата е потврдена од музејот „Ван Гог“ во Амстердам. Овој период се смета за пресвртница во делото на Ван Гог. Автентичноста на сликата е потврдена од музејот „Ван Гог“ во Амстердам. Сликата беше ставена на продажба од американската галерија „МС Рау“ од Њу Орлеанс. Новиот сопственик платил 4,57 милиони евра. Тој всушност, поседува приватен музеј надвор од Европа, објави холандскиот ТВ-канал „НОС“.  

The post Слика на Ван Гог продадена за над 4,5 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Три најпознати дела на Ван Гог насликани на часовник од над 173.000 евра https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/tri-najpoznati-dela-na-van-gog-naslikani-na-chasovnik-od-nad-173-000-evra/ Wed, 26 Jul 2023 18:09:00 +0000 https://republika.mk/?p=665585

Британскиот уметник Дејвид Линдон, ја создаде првата „подвижна уметничка галерија во светот“ - рачен часовник којшто содржи три минијатури од можеби најпознатите дела на холандскиот сликар Винсент ван Гог.

Станува збор за сликите „Ѕвездена ноќ“, „Сончогледи“ и „Автопортретот“, чија големина е околу 0,5 милиметри, поради што тие не се видливи со голо око, туку само под микроскоп.

На Линдон му биле потребни два месеци да ги стави двете слики во часовникот. Сега тој часовник се продава за 173.530 евра.

Британецот, добил налог да ја пресоздаде трилогијата на Ван Гог во чест на 50-годишнината на Музејот на Ван Гог во Амстердам, што се одбележува овој месец.

Голем предизвик е да ги контролираш рацете и дишењето и да направиш нешто од речиси ништо. Само кога ќе ја погледнете низ микроскоп, може да ја цените магијата на ситниците“, напиша Линдон на својот блог.

Тој работел само ноќе за да ја избегне сообраќајната бучава и други звуци однадвор што би го вознемирувале, како и да работи во апсолутна тишина.

Морав да го забавам дишењето, па да ги стабилизирам рацете и да го одржам пулсот што е можно понизок. Промената на отчукувањата на срцето може да уништи неколкумесечна работа. Моите раце малку се движат со секое отчукување на срцето, па работам во ритам меѓу секое отчукување“, појасни уметникот.

Од 2019 година, Линдон се има посветено на техничките предизвици на микроскопската уметност. Тој користи модифицирана опрема којашто му одговара на неговиот стил, а тоа му помага да ги усоврши своите дела.

The post Три најпознати дела на Ван Гог насликани на часовник од над 173.000 евра appeared first on Република.

]]>

Британскиот уметник Дејвид Линдон, ја создаде првата „подвижна уметничка галерија во светот“ - рачен часовник којшто содржи три минијатури од можеби најпознатите дела на холандскиот сликар Винсент ван Гог. Станува збор за сликите „Ѕвездена ноќ“, „Сончогледи“ и „Автопортретот“, чија големина е околу 0,5 милиметри, поради што тие не се видливи со голо око, туку само под микроскоп. На Линдон му биле потребни два месеци да ги стави двете слики во часовникот. Сега тој часовник се продава за 173.530 евра. Британецот, добил налог да ја пресоздаде трилогијата на Ван Гог во чест на 50-годишнината на Музејот на Ван Гог во Амстердам, што се одбележува овој месец.
Голем предизвик е да ги контролираш рацете и дишењето и да направиш нешто од речиси ништо. Само кога ќе ја погледнете низ микроскоп, може да ја цените магијата на ситниците“, напиша Линдон на својот блог.
Тој работел само ноќе за да ја избегне сообраќајната бучава и други звуци однадвор што би го вознемирувале, како и да работи во апсолутна тишина.
Морав да го забавам дишењето, па да ги стабилизирам рацете и да го одржам пулсот што е можно понизок. Промената на отчукувањата на срцето може да уништи неколкумесечна работа. Моите раце малку се движат со секое отчукување на срцето, па работам во ритам меѓу секое отчукување“, појасни уметникот.
Од 2019 година, Линдон се има посветено на техничките предизвици на микроскопската уметност. Тој користи модифицирана опрема којашто му одговара на неговиот стил, а тоа му помага да ги усоврши своите дела.

The post Три најпознати дела на Ван Гог насликани на часовник од над 173.000 евра appeared first on Република.

]]>
„Сејачот“ на Ван Гог полеан со зеленчукова супа во Рим https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/sejachot-na-van-gog-polean-so-zelenchukova-supa-vo-rim/ Fri, 04 Nov 2022 17:42:34 +0000 https://republika.mk/?p=569688

Во Палатата Бонапарта во Рим, активисти за борба против климатските промени истурија супа од зеленчук врз сликата на Винсент Ван Гог „Сејач“.

Ремек-делото со наслов „Сејач“ инаку е заштитено со стакло, а е изложено во Палацо Бонапарта во центарот на Рим.

Кон средината на минатиот месец, активисти од еко-групата „Just Stop Oil“ истурија супа од домати со врз „Сончогледи“, ремек-делото на Ван Гог изложено во Националната галерија во Лондон.

Овој пат во Рим, тројцата активисти, кои влегле во музејот откако купиле билети, наводно се поврзани со групата „Ultima Generazione“.

„Артемисија“ – компанијата задолжена за организација на изложбата, за новинската агенција АГИ соопшти дека делото на Ван Гог не е оштетено.

Инцидентот е најнов во серијата протестни дејствија што еко активистите ги презедоа во Рим во последниве месеци, од лепење на рацето на дела во музеите на Ватикан до редовни блокади на патиштата низ главниот град.

Во јули, демонстрантите се залепија за стаклото пред прославената слика на Ботичели „Примавера“ во галерија во Фиренца. Не е направена никаква штета на ремек-делото.

The post „Сејачот“ на Ван Гог полеан со зеленчукова супа во Рим appeared first on Република.

]]>

Во Палатата Бонапарта во Рим, активисти за борба против климатските промени истурија супа од зеленчук врз сликата на Винсент Ван Гог „Сејач“. Ремек-делото со наслов „Сејач“ инаку е заштитено со стакло, а е изложено во Палацо Бонапарта во центарот на Рим. Кон средината на минатиот месец, активисти од еко-групата „Just Stop Oil“ истурија супа од домати со врз „Сончогледи“, ремек-делото на Ван Гог изложено во Националната галерија во Лондон. Овој пат во Рим, тројцата активисти, кои влегле во музејот откако купиле билети, наводно се поврзани со групата „Ultima Generazione“. „Артемисија“ – компанијата задолжена за организација на изложбата, за новинската агенција АГИ соопшти дека делото на Ван Гог не е оштетено. Инцидентот е најнов во серијата протестни дејствија што еко активистите ги презедоа во Рим во последниве месеци, од лепење на рацето на дела во музеите на Ватикан до редовни блокади на патиштата низ главниот град. Во јули, демонстрантите се залепија за стаклото пред прославената слика на Ботичели „Примавера“ во галерија во Фиренца. Не е направена никаква штета на ремек-делото.

The post „Сејачот“ на Ван Гог полеан со зеленчукова супа во Рим appeared first on Република.

]]>
Aктивисти истурија домата врз ремек делото „Сончогледи“ на Ван Гог https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/aktivisti-isturija-domata-vrz-remek-deloto-sonchogledi-na-van-gog/ Fri, 14 Oct 2022 17:53:55 +0000 https://republika.mk/?p=561259

Активистите на еко-групата Just Stop Oil истурија супа од домати врз „Сончогледи“, ремек-делото на Ван Гог во Националната галерија во Лондон.

Демонстрантите фрлија две конзерви супа од домати „Хајнц“ на делото насликано во 1888 година, чија вредност се проценува на 87,5 милиони евра.

https://youtu.be/LTdquzu-BXg

Што е повредно, уметноста или животот? Дали е поважно од храната? Од правдата? Дали повеќе се грижите за заштита на сликата или нашата планета и луѓето?, велат активистите.

Обезбедувањето потоа ги изведе сите посетители надвор и ја затвори галеријата.

Од Националната галерија потврдија дека сликата била покриена со заштитно стакло и останала во добра состојба, а дека само рамката претрпела помали оштетувања.

The post Aктивисти истурија домата врз ремек делото „Сончогледи“ на Ван Гог appeared first on Република.

]]>

Активистите на еко-групата Just Stop Oil истурија супа од домати врз „Сончогледи“, ремек-делото на Ван Гог во Националната галерија во Лондон. Демонстрантите фрлија две конзерви супа од домати „Хајнц“ на делото насликано во 1888 година, чија вредност се проценува на 87,5 милиони евра. https://youtu.be/LTdquzu-BXg
Што е повредно, уметноста или животот? Дали е поважно од храната? Од правдата? Дали повеќе се грижите за заштита на сликата или нашата планета и луѓето?, велат активистите.
Обезбедувањето потоа ги изведе сите посетители надвор и ја затвори галеријата. Од Националната галерија потврдија дека сликата била покриена со заштитно стакло и останала во добра состојба, а дека само рамката претрпела помали оштетувања.

The post Aктивисти истурија домата врз ремек делото „Сончогледи“ на Ван Гог appeared first on Република.

]]>
Автопортрет на Ван Гог откриен зад друга позната негова слика https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/avtoportret-na-van-gog-otkrien-zad-druga-poznata-negova-slika/ Sun, 17 Jul 2022 21:39:31 +0000 https://republika.mk/?p=530115

Скриен автопортрет на Винсент ван Гог е откриен зад една од неговите слики, покриен со слоеви лепило и картон повеќе од еден век. Непознатата слика е откриена кога конзерватори направиле преглед со рендген-зраци на сликата „Главата на селанка“ од 1885 година, пред претстојната изложба.

Ван Гог честопати употребувал веќе искористени платна за своите слики, поради заштедување.

Скриената слика се наоѓа на задниот дел од платното, покриена со картон, соопшти Националната галерија на Шкотска.

Веројатно околу 1905 година, кога „Глава на селанка“ била позајмена на изложба во музејот „Штеделик“, во Амстердам, е одлучено платното да се залепи на картон пред да се урами, според претпоставките. Сликата претрпела и неколку измени додека не била префрлена во Шкотска во 1951 година.

Не е ова првпат скриени слики од познати уметници да бидат откриени под други дела. Напредната технологија за сликање и 3-Д печатењето, на пр., помогнаа да се открие слика со гола жена под површината на слика на Пабло Пикасо минатата година.

The post Автопортрет на Ван Гог откриен зад друга позната негова слика appeared first on Република.

]]>

Скриен автопортрет на Винсент ван Гог е откриен зад една од неговите слики, покриен со слоеви лепило и картон повеќе од еден век. Непознатата слика е откриена кога конзерватори направиле преглед со рендген-зраци на сликата „Главата на селанка“ од 1885 година, пред претстојната изложба. Ван Гог честопати употребувал веќе искористени платна за своите слики, поради заштедување. Скриената слика се наоѓа на задниот дел од платното, покриена со картон, соопшти Националната галерија на Шкотска. Веројатно околу 1905 година, кога „Глава на селанка“ била позајмена на изложба во музејот „Штеделик“, во Амстердам, е одлучено платното да се залепи на картон пред да се урами, според претпоставките. Сликата претрпела и неколку измени додека не била префрлена во Шкотска во 1951 година. Не е ова првпат скриени слики од познати уметници да бидат откриени под други дела. Напредната технологија за сликање и 3-Д печатењето, на пр., помогнаа да се открие слика со гола жена под површината на слика на Пабло Пикасо минатата година.

The post Автопортрет на Ван Гог откриен зад друга позната негова слика appeared first on Република.

]]>