валути Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/valuti/ За подобро да се разбереме Mon, 19 Jun 2023 07:07:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png валути Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/valuti/ 32 32 Банките повеќе нема да тргуваат со готовина во норвешки и шведски круни https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bankite-poveke-nema-da-trguvaat-so-gotovina-vo-norveshki-i-shvedski-kruni/ Mon, 19 Jun 2023 07:07:15 +0000 https://republika.mk/?p=652952

Деловните банки во земјава повеќе нема да прифаќаат ефективни парични средства во норвешка круна (NOK) и шведскa крунa (SEK).

- Причината за тоа се прекинатите врски за размена на ефективните парични средства во овие две валути од страна на деловните банки во Норвешка и Шведска поради зголемена претпазливост во врска со нивната регулатива за спречување перење пари, за што има официјални известувања од централните банки на овие две земји, информираат од Македонската банкарска асоцијација (МБА).

Оттаму додаваат дека одлуката за прекин на тргувањето со готовина во норвешки и шведски круни од страна на домашните деловни банки нема да влијае на безготовинскиот промет односно клиентите и понатаму ќе можат на девизниот пазар да купуваат и продаваат норвешки и шведски круни, согласно своите потреби, на истиот начин како што од неодамна се одвива и тргувањето со дански круни (DKK).

The post Банките повеќе нема да тргуваат со готовина во норвешки и шведски круни appeared first on Република.

]]>

Деловните банки во земјава повеќе нема да прифаќаат ефективни парични средства во норвешка круна (NOK) и шведскa крунa (SEK). - Причината за тоа се прекинатите врски за размена на ефективните парични средства во овие две валути од страна на деловните банки во Норвешка и Шведска поради зголемена претпазливост во врска со нивната регулатива за спречување перење пари, за што има официјални известувања од централните банки на овие две земји, информираат од Македонската банкарска асоцијација (МБА). Оттаму додаваат дека одлуката за прекин на тргувањето со готовина во норвешки и шведски круни од страна на домашните деловни банки нема да влијае на безготовинскиот промет односно клиентите и понатаму ќе можат на девизниот пазар да купуваат и продаваат норвешки и шведски круни, согласно своите потреби, на истиот начин како што од неодамна се одвива и тргувањето со дански круни (DKK).

The post Банките повеќе нема да тргуваат со готовина во норвешки и шведски круни appeared first on Република.

]]>
Драстичен пад на доларот, еврото ја зголеми вредноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/drastichen-pad-na-dolarot-evroto-ja-zgolemi-vrednosta/ Sun, 15 Jan 2023 10:52:59 +0000 https://republika.mk/?p=597050

На глобалните пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата валути драстично падна минатата недела, бидејќи инфлацијата во САД се намалува, па се очекува дека американската централна банка ќе го ублажи темпото на зголемување на каматните стапки.

Индексот на доларот, кој го покажува движењето на вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, потона минатата недела за 1,6 отсто, на 102,20 поени, блиску до најниското ниво од јуни минатата година.

Истовремено, доларот ослабе за 1,7 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото скокна на 1,0830 долари, недалеку од највисокото ниво во последните девет месеци. Курсот на доларот во однос на јапонската валута потона, пак, за 3,2 отсто, на 127,85 јени. Вредноста на доларот нагло падна откако во четвртокот беше објавено дека инфлацијата во САД во декември се лизна на 6,5 отсто на годишна основа, од 7,1 отсто еден месец порано.

На месечно ниво, сепак, потрошувачките цени во најголемата светска економија паднаа за 0,1 отсто во декември, што беше прв пад од мај 2020 година. Ова ја поддржа тезата дека поради слабеењето на инфлацијата, американската централна банка ќе биде помалку агресивна во зголемувањето каматните стапки во иднина.

Така, пазарот на пари проценува дека челниците на ФЕД на состанокот во февруари ќе ги зголемат клучните каматни стапки за 0,25 процентни поени, а не за 0,50 поени, како што направија на последниот состанок минатата година.

Од друга страна, се очекува дека поради јакнењето на инфлацијата во Јапонија, тамошната централна банка наскоро ќе почне да ја заострува монетарната политика, по години водење на крајно лабава политика со цел да се поттикне растот на економијата.

Благодарение на ова, јапонската валута значително зајакна во однос на американската минатата недела. Еврото значително зајакна и во однос на доларот. Европската централна банка, како и Банката на федерални резерви, се очекува да продолжат со умерено зголемување на каматните стапки за да ја ограничат инфлацијата во еврозоната, а еврото беше поддржано од податоци кои даваат надеж дека германската економија, најголемата во блокот, може да избегне рецесија .

Индексот на доларот порасна за околу 8 отсто минатата година, бидејќи американската централна банка го предводи патот во зголемувањето на каматните стапки за да ја спречи инфлацијата, која во средината на годината достигна највисоки нивоа во последните 40 години.

Минатата година ФЕД ги зголеми каматните стапки за вкупно 4,25 процентни поени, на опсег од 4,25 до 4,50 отсто, што е нивно највисоко ниво во последните 15 години. Минатата година, пак, Европската централна банка (ЕЦБ) ги зголеми каматните стапки за вкупно 2,5 процентни поени.

 

The post Драстичен пад на доларот, еврото ја зголеми вредноста appeared first on Република.

]]>

На глобалните пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата валути драстично падна минатата недела, бидејќи инфлацијата во САД се намалува, па се очекува дека американската централна банка ќе го ублажи темпото на зголемување на каматните стапки. Индексот на доларот, кој го покажува движењето на вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, потона минатата недела за 1,6 отсто, на 102,20 поени, блиску до најниското ниво од јуни минатата година. Истовремено, доларот ослабе за 1,7 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото скокна на 1,0830 долари, недалеку од највисокото ниво во последните девет месеци. Курсот на доларот во однос на јапонската валута потона, пак, за 3,2 отсто, на 127,85 јени. Вредноста на доларот нагло падна откако во четвртокот беше објавено дека инфлацијата во САД во декември се лизна на 6,5 отсто на годишна основа, од 7,1 отсто еден месец порано. На месечно ниво, сепак, потрошувачките цени во најголемата светска економија паднаа за 0,1 отсто во декември, што беше прв пад од мај 2020 година. Ова ја поддржа тезата дека поради слабеењето на инфлацијата, американската централна банка ќе биде помалку агресивна во зголемувањето каматните стапки во иднина. Така, пазарот на пари проценува дека челниците на ФЕД на состанокот во февруари ќе ги зголемат клучните каматни стапки за 0,25 процентни поени, а не за 0,50 поени, како што направија на последниот состанок минатата година. Од друга страна, се очекува дека поради јакнењето на инфлацијата во Јапонија, тамошната централна банка наскоро ќе почне да ја заострува монетарната политика, по години водење на крајно лабава политика со цел да се поттикне растот на економијата. Благодарение на ова, јапонската валута значително зајакна во однос на американската минатата недела. Еврото значително зајакна и во однос на доларот. Европската централна банка, како и Банката на федерални резерви, се очекува да продолжат со умерено зголемување на каматните стапки за да ја ограничат инфлацијата во еврозоната, а еврото беше поддржано од податоци кои даваат надеж дека германската економија, најголемата во блокот, може да избегне рецесија . Индексот на доларот порасна за околу 8 отсто минатата година, бидејќи американската централна банка го предводи патот во зголемувањето на каматните стапки за да ја спречи инфлацијата, која во средината на годината достигна највисоки нивоа во последните 40 години. Минатата година ФЕД ги зголеми каматните стапки за вкупно 4,25 процентни поени, на опсег од 4,25 до 4,50 отсто, што е нивно највисоко ниво во последните 15 години. Минатата година, пак, Европската централна банка (ЕЦБ) ги зголеми каматните стапки за вкупно 2,5 процентни поени.  

The post Драстичен пад на доларот, еврото ја зголеми вредноста appeared first on Република.

]]>
Доларот на највисоко ниво во последните 20 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dolarot-na-najvisoko-nivo-vo-poslednite-20-godini/ Mon, 05 Sep 2022 07:42:20 +0000 https://republika.mk/?p=547498

На азиските берзи утрово се тргува внимателно бидејќи развојот на ситуацијата во повеќето економии во светот не поддржува поризични инвестиции, додека вредноста на доларот во однос на кошницата валути достигна ново највисоко ниво во последните 20 години.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, беше во минус од 0,4 отсто околу 6:30 часот.

Истовремено, на токиската берза индексот Никеи ослабе за 0,1 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја и Хонг Конг паднаа меѓу 0,2 и 1,2 отсто. Во Австралија и Шангај се зголемени за 0,1 отсто. На азиските берзи има претпазливост бидејќи новите макроекономски податоци укажуваат на натамошно забавување на растот на кинеската економија, што може да има негативно влијание врз другите економии во регионот.

Покрај тоа, инвеститорите се загрижени за ситуацијата во Европа, каде енергетската криза може да предизвика рецесија. За време на викендот, Германија објави дека планира да потроши 65 милијарди евра за заштита на граѓаните и бизнисите од зголемените трошоци, додека Финска и Шведска понудија финансиски гаранции за да ги одржат енергетските компании отворени.

Сето тоа е последица на недостигот на енергенси и силното зголемување на нивните цени поради војната во Украина. Дополнително, поради високата инфлација, се очекува дополнително агресивно зголемување на каматните стапки и во САД и во Европа, што дополнително ќе го забави растот на економиите.

На валутниот пазар вредноста на доларот во однос на кошницата валути дополнително порасна, откако растеше три недели по ред, достигнувајќи ново 20-годишно ниво. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава достигна 110,08 поени, додека во петокот навечер беше 109,50 поени.

Еврото е под притисок бидејќи рускиот енергетски гигант Газпром во петокот соопшти дека нема да продолжи со испораките на природен гас за Германија преку Северен тек 1 поради истекување масло. Тоа може да ја продлабочи енергетската криза во еврозоната и да ја турне економијата во рецесија. Од друга страна, рекордно високата инфлација во зоната ја притиска Европската централна банка за агресивно заострување на монетарната политика.

The post Доларот на највисоко ниво во последните 20 години appeared first on Република.

]]>

На азиските берзи утрово се тргува внимателно бидејќи развојот на ситуацијата во повеќето економии во светот не поддржува поризични инвестиции, додека вредноста на доларот во однос на кошницата валути достигна ново највисоко ниво во последните 20 години. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, беше во минус од 0,4 отсто околу 6:30 часот. Истовремено, на токиската берза индексот Никеи ослабе за 0,1 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја и Хонг Конг паднаа меѓу 0,2 и 1,2 отсто. Во Австралија и Шангај се зголемени за 0,1 отсто. На азиските берзи има претпазливост бидејќи новите макроекономски податоци укажуваат на натамошно забавување на растот на кинеската економија, што може да има негативно влијание врз другите економии во регионот. Покрај тоа, инвеститорите се загрижени за ситуацијата во Европа, каде енергетската криза може да предизвика рецесија. За време на викендот, Германија објави дека планира да потроши 65 милијарди евра за заштита на граѓаните и бизнисите од зголемените трошоци, додека Финска и Шведска понудија финансиски гаранции за да ги одржат енергетските компании отворени. Сето тоа е последица на недостигот на енергенси и силното зголемување на нивните цени поради војната во Украина. Дополнително, поради високата инфлација, се очекува дополнително агресивно зголемување на каматните стапки и во САД и во Европа, што дополнително ќе го забави растот на економиите. На валутниот пазар вредноста на доларот во однос на кошницата валути дополнително порасна, откако растеше три недели по ред, достигнувајќи ново 20-годишно ниво. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава достигна 110,08 поени, додека во петокот навечер беше 109,50 поени. Еврото е под притисок бидејќи рускиот енергетски гигант Газпром во петокот соопшти дека нема да продолжи со испораките на природен гас за Германија преку Северен тек 1 поради истекување масло. Тоа може да ја продлабочи енергетската криза во еврозоната и да ја турне економијата во рецесија. Од друга страна, рекордно високата инфлација во зоната ја притиска Европската централна банка за агресивно заострување на монетарната политика.

The post Доларот на највисоко ниво во последните 20 години appeared first on Република.

]]>