валона Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/valona/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Dec 2023 11:30:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png валона Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/valona/ 32 32 Во Валона запленети 500 кг марихуана, чија крајна дестинација требало да биде Турција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-valona-zapleneti-500-kg-marihuana-chija-krajna-destinatsija-trebalo-da-bide-turtsija/ Tue, 12 Dec 2023 11:30:57 +0000 https://republika.mk/?p=722127

Албанската полиција во приморскиот град Валона заплени 500 килограми марихуана, која по морски пат требало да пристигне во Турција.

Директорот на регионалниот комесаријат на Валона, Ермал Мучај, на прес-конференција изнесе детали за акцијата за борба против трговија со дрога под шифра „РЕСЕТ“, во рамките на која е разбиена криминална група која произведувала и тргувала наркотици.

- Запленети се 34 пакувања со различни големини, со наркотична дрога канабис сатива со вкупна тежина од 500 килограми. Уапсени се седум лица, сите жители на околината на Валона, додека се трага по уште неколку лица, жители на Валона и Тирана, чиј идентитет не се соопштува, во интерес на истрагата. Од истрагата е утврдено дека овие граѓани организирано дејствувале, за да ја транспортираат дрогата по морски пат кон турската држава, рече Мучај.

Според него, дрогата била преработена и спакувана во магацин на браќата Идриз и Ромир Меминај, во селото Тревлазер а потоа со возилото управувано од Нертин Ѓони ја превезувале кон морскиот брег, за потоа да ја пренесат во Турција. Возилото било блокирано во населбата „11 јануари“ во Валона.

Во акцијата во која биле вклучени и прпадници на специјалната единица „Ренеа“ и единицата за брзо распоредување, се запленети две парчиња огнено оружја, четири возила и осум мобилни телефони.

The post Во Валона запленети 500 кг марихуана, чија крајна дестинација требало да биде Турција appeared first on Република.

]]>

Албанската полиција во приморскиот град Валона заплени 500 килограми марихуана, која по морски пат требало да пристигне во Турција. Директорот на регионалниот комесаријат на Валона, Ермал Мучај, на прес-конференција изнесе детали за акцијата за борба против трговија со дрога под шифра „РЕСЕТ“, во рамките на која е разбиена криминална група која произведувала и тргувала наркотици. - Запленети се 34 пакувања со различни големини, со наркотична дрога канабис сатива со вкупна тежина од 500 килограми. Уапсени се седум лица, сите жители на околината на Валона, додека се трага по уште неколку лица, жители на Валона и Тирана, чиј идентитет не се соопштува, во интерес на истрагата. Од истрагата е утврдено дека овие граѓани организирано дејствувале, за да ја транспортираат дрогата по морски пат кон турската држава, рече Мучај. Според него, дрогата била преработена и спакувана во магацин на браќата Идриз и Ромир Меминај, во селото Тревлазер а потоа со возилото управувано од Нертин Ѓони ја превезувале кон морскиот брег, за потоа да ја пренесат во Турција. Возилото било блокирано во населбата „11 јануари“ во Валона. Во акцијата во која биле вклучени и прпадници на специјалната единица „Ренеа“ и единицата за брзо распоредување, се запленети две парчиња огнено оружја, четири возила и осум мобилни телефони.

The post Во Валона запленети 500 кг марихуана, чија крајна дестинација требало да биде Турција appeared first on Република.

]]>
Почина турист на плажата во Валона https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pochina-turist-na-plazhata-vo-valona/ Thu, 03 Aug 2023 08:17:43 +0000 https://republika.mk/?p=668142

Трагедија се случи вчера на плажа во Валона, Албанија, каде починал турист од Србија. Како што јавува ABC News Albania, 54-годишен маж добил срцеви проблеми само што дошол во контакт со водата на морскиот брег.

Нему му била укажана итна медицинска помош од турист, крајбрежната стража, а потоа и екипа на итната помош.

Сепак, нивните напори биле залудни, па 54-годишникот починал.

Полицијата го презела овој случај и води истрага за утврдување на сите околности, јавува ABC News Albania.

The post Почина турист на плажата во Валона appeared first on Република.

]]>

Трагедија се случи вчера на плажа во Валона, Албанија, каде починал турист од Србија. Како што јавува ABC News Albania, 54-годишен маж добил срцеви проблеми само што дошол во контакт со водата на морскиот брег. Нему му била укажана итна медицинска помош од турист, крајбрежната стража, а потоа и екипа на итната помош. Сепак, нивните напори биле залудни, па 54-годишникот починал. Полицијата го презела овој случај и води истрага за утврдување на сите околности, јавува ABC News Albania.

The post Почина турист на плажата во Валона appeared first on Република.

]]>
Во Валона запленети 260 килограми марихуана, уапсени се Романци https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-valona-zapleneti-260-kilogrami-marihuana-uapseni-se-romantsi/ Tue, 14 Mar 2023 10:03:07 +0000 https://republika.mk/?p=619472

Полицијата во албанскиот приморски град Валона уапсила четворица романски државјани при обид да шверцуваат 260 килограми марихуана во две луксузни кампинг возила.

Финализирана е мега операцијата на полицијата за борба против трговијата со дрога под шифра „КАМПЕР“. Уапсени се четири лица, две момчиња и две девојки, државјани на Романија. Запленети се 260 килограми марихуана и две кампинг возила, приспособени за транспорт на наркотици, соопшти полицијата. Исто така, петмина се бараат како соработници во оваа криминална активност, но поради истрагата нивниот идентитет полицијата не го објавува во јавноста.

Од спроведените истражни дејствија се сомничи дека уапсените се соработници на албанските државјани по кои се трага. Се камуфлирале како туристи, со луксузни кампинг возила со румунски национални ознаки и шверцувале наркотици од нашата земја во Грција и во други земји, наведува полицијата. Според полицијата уапсените романски државјани се од 20 до 24 - годишна возраст.

 

The post Во Валона запленети 260 килограми марихуана, уапсени се Романци appeared first on Република.

]]>

Полицијата во албанскиот приморски град Валона уапсила четворица романски државјани при обид да шверцуваат 260 килограми марихуана во две луксузни кампинг возила. Финализирана е мега операцијата на полицијата за борба против трговијата со дрога под шифра „КАМПЕР“. Уапсени се четири лица, две момчиња и две девојки, државјани на Романија. Запленети се 260 килограми марихуана и две кампинг возила, приспособени за транспорт на наркотици, соопшти полицијата. Исто така, петмина се бараат како соработници во оваа криминална активност, но поради истрагата нивниот идентитет полицијата не го објавува во јавноста. Од спроведените истражни дејствија се сомничи дека уапсените се соработници на албанските државјани по кои се трага. Се камуфлирале како туристи, со луксузни кампинг возила со румунски национални ознаки и шверцувале наркотици од нашата земја во Грција и во други земји, наведува полицијата. Според полицијата уапсените романски државјани се од 20 до 24 - годишна возраст.  

The post Во Валона запленети 260 килограми марихуана, уапсени се Романци appeared first on Република.

]]>
Во Албанија пристигна еден од двата брода што ќе произведуваат електрична енергија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-albanija-pristigna-eden-od-dvata-broda-shto-kje-proizveduvaat-elektrichna-energija/ Fri, 09 Sep 2022 20:14:26 +0000 https://republika.mk/?p=549273

Првиот брод-генератор кој Албанија ќе го користи за производство на електрична енергија пристигна во пристаништето во Валона.

Албанската Влада изнајми два вакви брода со двегодишен договор со компаниите „Exelerate Energy“ и „Renco“ со поддршка на Соединетите Американски Држави. Бродовите имаат големи генератори кои ќе се напојуваат со нафта и ќе произведуваат 114 мегават часови електрична енергија. Ова претставува речиси 15 отсто од потребите во Албанија - објави Топ чанел.

Бродовите ќе бидат закотвени во близина на Трипорти во Валона и ќе бидат поврзани со копнените наоѓалишта на нафта лоцирани во областа.

Во меѓувреме, поврзувањето со електропреносниот систем ќе се реализира преку трафостаницата на ТЕЦ Валона и 220 киловолтната трафостаница во Бабица.

Ќе бидат ставени во функција заедно со термоелектраната Валона за да го претворат заливот Валона во еден од најважните извори на енергија во Албанија.

Бродовите се пловечки електрани со инсталирана моќност од 110 мегавати. Од нив се очекува да произведуваат струја по просечна цена многу пониска од пазарните цени на берзите. Прелиминарна пресметка е дека цената за мегават час ќе биде околу 200 евра. Тоа ќе овозможи намалување на ризикот од изложеност на државната компанијата КЕШ при увоз на енергија, наведува телевизијата.

Од јануари до сега Албанија потрошила 350 милиони евра за купување енергија, додека цената на берзата е осум пати повисока од пред една година.

The post Во Албанија пристигна еден од двата брода што ќе произведуваат електрична енергија appeared first on Република.

]]>

Првиот брод-генератор кој Албанија ќе го користи за производство на електрична енергија пристигна во пристаништето во Валона.
Албанската Влада изнајми два вакви брода со двегодишен договор со компаниите „Exelerate Energy“ и „Renco“ со поддршка на Соединетите Американски Држави. Бродовите имаат големи генератори кои ќе се напојуваат со нафта и ќе произведуваат 114 мегават часови електрична енергија. Ова претставува речиси 15 отсто од потребите во Албанија - објави Топ чанел.
Бродовите ќе бидат закотвени во близина на Трипорти во Валона и ќе бидат поврзани со копнените наоѓалишта на нафта лоцирани во областа. Во меѓувреме, поврзувањето со електропреносниот систем ќе се реализира преку трафостаницата на ТЕЦ Валона и 220 киловолтната трафостаница во Бабица. Ќе бидат ставени во функција заедно со термоелектраната Валона за да го претворат заливот Валона во еден од најважните извори на енергија во Албанија.
Бродовите се пловечки електрани со инсталирана моќност од 110 мегавати. Од нив се очекува да произведуваат струја по просечна цена многу пониска од пазарните цени на берзите. Прелиминарна пресметка е дека цената за мегават час ќе биде околу 200 евра. Тоа ќе овозможи намалување на ризикот од изложеност на државната компанијата КЕШ при увоз на енергија, наведува телевизијата.
Од јануари до сега Албанија потрошила 350 милиони евра за купување енергија, додека цената на берзата е осум пати повисока од пред една година.

The post Во Албанија пристигна еден од двата брода што ќе произведуваат електрична енергија appeared first on Република.

]]>