Валентина Поцеска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/valentina-potseska/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Mar 2024 08:03:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Валентина Поцеска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/valentina-potseska/ 32 32 Отворање на изложбата „Quo Vadis” на Валентина Поцеска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/otvorane-na-izlozhbata-quo-vadis-na-valentina-potseska/ Thu, 14 Mar 2024 08:03:42 +0000 https://republika.mk/?p=754590

Вечервва, на 14 март, во 19 часот, во галерија „Метаноја” (ул. Максим Горки бр. 19 во Скопје), ќе биде отворена изложбата насловена „Quo Vadis”, на уметницата Валентина Поцеска.

Во изложените дела на Поцеска доминираат три геометриски форми, триаголникот, кругот и квадратот. Според нејзиниот уметнички и духовен сензибилитет овие форми се „врската“ меѓу физичкото и духовното. Од една страна, тие претставуваат физички фигури врз кои се темелат основните архитектонски закони, а од друга страна, секој од нив е симбол за определена духовна димензија. Од христијанска толковна точка кругот е симбол на вечноста, триаголникот на Светата Троица, а квадратот на правдата и на вистината. Оваа интуитивна „теолошка” беседа на Поцеска станува повпечатлива со не толку честото, но значително, вклучување и на фигурата на крстот – најважниот христијански симбол. Колажните апстракции на Поцеска се втемелени во катафатичките физички феномени и конципирани преку апофатичките метафизички идеи” – стои во рецензијата на Коста Милков за изложбата.

Заинтересираните кои не можат да бидат присутни на отворањето можат да ја посетат изложбата во текот на март 2024.

The post Отворање на изложбата „Quo Vadis” на Валентина Поцеска appeared first on Република.

]]>

Изложба на Валентина Поцеска во галеријата „Метаноја“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-valentina-potseska-vo-galerijata-metanoja/ Wed, 13 Mar 2024 08:32:33 +0000 https://republika.mk/?p=754264

Во галеријата „Метаноја“ во соработка со „Балканскиот институт за вера и култура“ ќе се отвори изложбата „Quo Vadis“ на академската сликарка Валентина Поцеска, во четврток 14 март од 19 часот на ул. Максим Горки бр. 19 во Скопје.

За изложбата д-р Коста Милков вели:

Во изложените дела на Поцеска доминираат три геометриски форми, триаголникот, кругот и квадратот. Според нејзиниот уметнички и духовен сензибилитет овие форми се „врската“ меѓу физичкото и духовното. Од една страна, тие претставуваат физички фигури врз кои се темелат основните архитектонски закони, а од друга страна, секој од нив е симбол за определена духовна димензија. Од христијанска толковна точка кругот е симбол на вечноста, триаголникот на Светата Троица, а квадратот на правдата и на вистината. Оваа интуитивна „теолошка“ беседа на Поцеска станува повпечатлива со не толку честото, но значително, вклучување и на фигурата на крстот – најважниот христијански симбол. Колажните апстракции на Поцеска се втемелени во катафатичките физички феномени и конципирани преку апофатичките метафизички идеи.

На изложбата ќе се обрати рецензентот д-р Коста Милков и директорката на Галерија „Метаноја“ м-р Нада Милкова.

Валентина Поцеска е родена 1965 во Скопје. 1987 Дипломирала на ФЛУ во класата на проф. Димитар Кондовски. Од 1992 работи во „Национален конзерваторски центар - Скопје“ во одделот за конзервација на икони.

Изложбата ќе трае во текот на март 2024.

The post Изложба на Валентина Поцеска во галеријата „Метаноја“ appeared first on Република.

]]>

Во галеријата „Метаноја“ во соработка со „Балканскиот институт за вера и култура“ ќе се отвори изложбата „Quo Vadis“ на академската сликарка Валентина Поцеска, во четврток 14 март од 19 часот на ул. Максим Горки бр. 19 во Скопје. За изложбата д-р Коста Милков вели:
Во изложените дела на Поцеска доминираат три геометриски форми, триаголникот, кругот и квадратот. Според нејзиниот уметнички и духовен сензибилитет овие форми се „врската“ меѓу физичкото и духовното. Од една страна, тие претставуваат физички фигури врз кои се темелат основните архитектонски закони, а од друга страна, секој од нив е симбол за определена духовна димензија. Од христијанска толковна точка кругот е симбол на вечноста, триаголникот на Светата Троица, а квадратот на правдата и на вистината. Оваа интуитивна „теолошка“ беседа на Поцеска станува повпечатлива со не толку честото, но значително, вклучување и на фигурата на крстот – најважниот христијански симбол. Колажните апстракции на Поцеска се втемелени во катафатичките физички феномени и конципирани преку апофатичките метафизички идеи.
На изложбата ќе се обрати рецензентот д-р Коста Милков и директорката на Галерија „Метаноја“ м-р Нада Милкова. Валентина Поцеска е родена 1965 во Скопје. 1987 Дипломирала на ФЛУ во класата на проф. Димитар Кондовски. Од 1992 работи во „Национален конзерваторски центар - Скопје“ во одделот за конзервација на икони. Изложбата ќе трае во текот на март 2024.