Над 100.000 лица протестираа вчера вечерта во Валенсија, на истокот на Шпанија, поради бавната реакција на регионалните власти за време на разорните поплави во кои загинаа повеќе од 220 лица, а на крајот од протестот дојде и до судири со полицијата, јавуваат шпанските медиуми.
Шпанската агенција Ефе, повикувајќи се на владини официјални извори, објавија дека на протестот по улиците на Валенсија синоќа излегле 130.000 лица, обвинувајќи ги локалните власти дека предоцна издале предупредувања за поплави.
Би-Би-Си потврди дека на крајот од протестот гневните демонстранти се судрија со полицијата.
Зградата на градското собрание беше измачкана со кал, а градоначалничkата Марија Хозе Катала на социјалните мрежи објави фотографии од скршени прозорци и видео на кое се гледа пожар.
„Вандализмот не е решение“, напиша таа.
Демонстрантите се собраа синоќа во центарот на Валенсија барајќи оставка од лидерот на регионалната влада Карлос Месон, извикувајќи „Убијци“, јавија британските медиуми.
„Нашите раце се извалкани со кал, вашите со крв“, пишуваше на еден од транспарентите, а демонстрантите ги извикуваа тие зборови.
Дел од нив во знак на протест фрлаа калливи чизми пред општинската зграда.
Жителите на погодените области го обвинуваат Месон дека го издал предупредувањето предоцна - во 20:00 часот на 29 октомври, откако водата веќе поплавила многу околни градови и села.
Месон рече дека предупредувањето би го издал порано доколку телото задолжено за следење на водите навреме ги известило властите за сериозноста на ситуацијата.
Најмалку 223 лица загинаа во поплавите, а речиси 80 лица се уште се водат како исчезнати во најсмртоносните поплави во една европска земја од поплавите во Португалија во 1967 година, кога загинаа околу 500 лица.
The post Повеќе од 100.000 лица протестираа во Валенсија поради бавната реакција на властите во поплавите appeared first on Република.
]]>The post Повеќе од 100.000 лица протестираа во Валенсија поради бавната реакција на властите во поплавите appeared first on Република.
]]>За секој километар што фудбалерите на Леганес ќе го истрчаат на утрешниот натпревар во Ла Лига против Севиља, овој шпански прволигаш ќе донира по 100 евра за настраданите од поплавите на југоистокот на Шпанија.
Леганес ќе донира по 100 евра за секој истрчан километар на нашите играчи со што напорите на теренот ќе послужат за нешто повеќе од победа“, изјави денеска претседателот на клубот Џеф Луноу.
„Сакаме да го покажеме нашето единство со луѓето од Валенсија, и дека не постои дистанца што може да ги раздвои луѓето“, додаде тој.
Леганес, прволигаш од предградието на Мадрид, исто така, собра 200 тони хуманитарна помош претходно откако неговите навивачи, вработени и симпатизери донесоа храна, облека и други потреби.
Најмалку 219 лица загинаа, а по околу 80 сè уште се трага, кога пред десетина дена пороите предизвикани од обилните врнежи поплавија многу места во регионот на Валенсија. Куќите се под вода и кал, а многу луѓе останаа без имот во најголемата природна катастрофа во Шпанија во последните децении.
The post За секој истрчан километар донација од 100 евра за поплавената Валенсија appeared first on Република.
]]>„Сакаме да го покажеме нашето единство со луѓето од Валенсија, и дека не постои дистанца што може да ги раздвои луѓето“, додаде тој.Леганес, прволигаш од предградието на Мадрид, исто така, собра 200 тони хуманитарна помош претходно откако неговите навивачи, вработени и симпатизери донесоа храна, облека и други потреби. Најмалку 219 лица загинаа, а по околу 80 сè уште се трага, кога пред десетина дена пороите предизвикани од обилните врнежи поплавија многу места во регионот на Валенсија. Куќите се под вода и кал, а многу луѓе останаа без имот во најголемата природна катастрофа во Шпанија во последните децении.
The post За секој истрчан километар донација од 100 евра за поплавената Валенсија appeared first on Република.
]]>Неформално организирани групи граѓани со палки навечер патролираат во предградието Пејпорт, во Валенсија, погодено од поплавите, за да спречат грабежи за кои велат дека се чести.
Мартин (19), кој е еден од членовите на таквата група, тој и неговите пријатели го земаат законот во свои раце бидејќи сметаат дека полицијата не ја исполнува својата должност за одржување на јавната безбедност.
„Патролираме затоа што не сакаме нашите соседи да чувствуваат несигурност поради разни грабежи“, рече тој.
Пејпорт е една од најтешко погодените области во поплавите во регионот на Валенсија, а досега се потврдени 60 од најмалку 217 жртви.
Гневот на луѓето во Пејпорт се зголеми поради, како што рекоа, бавниот и недоволен одговор од властите, што доведе до тоа шпанскиот крал Фелипе и премиерот Педро Санчез да бидат гаѓани со кал за време на нивната посета во неделата.
Зборувајќи денеска на прес-конференција во Мадрид, Санчез рече дека бројот на грабежи по поплавите е драстично намален, а приведени се 170 лица за кои постои сомневање дека учествувале во грабежите.
Шпанија испрати речиси 15.000 полицајци и припадници на вооружените сили од цела Шпанија во регионот на Валенсија за да помогнат во расчистувањето на областа по поплавите
The post Крадци „патролираат“ во поплавените предградија на Валенсија appeared first on Република.
]]>„Патролираме затоа што не сакаме нашите соседи да чувствуваат несигурност поради разни грабежи“, рече тој.Пејпорт е една од најтешко погодените области во поплавите во регионот на Валенсија, а досега се потврдени 60 од најмалку 217 жртви. Гневот на луѓето во Пејпорт се зголеми поради, како што рекоа, бавниот и недоволен одговор од властите, што доведе до тоа шпанскиот крал Фелипе и премиерот Педро Санчез да бидат гаѓани со кал за време на нивната посета во неделата. Зборувајќи денеска на прес-конференција во Мадрид, Санчез рече дека бројот на грабежи по поплавите е драстично намален, а приведени се 170 лица за кои постои сомневање дека учествувале во грабежите. Шпанија испрати речиси 15.000 полицајци и припадници на вооружените сили од цела Шпанија во регионот на Валенсија за да помогнат во расчистувањето на областа по поплавите
The post Крадци „патролираат“ во поплавените предградија на Валенсија appeared first on Република.
]]>Жителите на регионот Валенсија во југоисточниот дел на Шпанија, кој беше тешко погоден од драматичните поплави на почетокот на минатата недела, денеска итно беа повикани да влезат во своите домови поради опасност од дополнителни обилни врнежи.
Полицијата преку мегафони ги повика граѓаните да влезат во своите куќи, пренесува Фран прес.
Националната метеоролошка агенција објави нов црвен аларм за јужниот брег на Валенсија во периодот од 18 до 23 часот со можни врнежи од 90 литри на метар квадратен или девет сантиметри за еден час.
Повеќе од 200 луѓе загинаа во шпанскиот регион за време на поплавите во вторникот, а илјадници ги загубија своите домови и имоти.
The post Опасност од нови обилни врнежи во Валенсија appeared first on Република.
]]>The post Опасност од нови обилни врнежи во Валенсија appeared first on Република.
]]>Драматичните поплави што се случија во текот на ноќта меѓу вторникот и средата на југоистокот на Шпанија предизвикаа најмалку 211 жртви, се вели во најновиот извештај што го објави премиерот Педро Санчез.
Тој, исто така најави дека уште 5.000 војници ќе бидат испратени во областите погодени од поплавите. Првиот контингент од 4.000 војници се очекува денеска да пристигне во погодените области, објави „Ел Паис“. Тоа претставува најголемо воено распоредување во Шпанија во мирнодопски услови, со повеќе од 4.500 спасувачки операции и помош за повеќе од 30.000 луѓе.
Санчез истакна дека Шпанија се соочува со „најлошите поплави на овој век“ и апелираше на единство за да се надминат тешките последици.
Во вторник најверојатно ќе се формира комисија за обнова и економско закрепнување.
Шпанскиот премиер укажа и на инфраструктурните работи, вклучително и обновувањето на брзите железнички линии и поправките на железничките тунели.
Тој потврди дека шпанската влада е целосно посветена на поддршката на локалните власти и семејствата погодени од поплавите.
Во меѓувреме, илјадници доброволци се собраа во Валенсија, од каде ќе бидат испратени во најпогодените градови.
Според последните податоци, во поплавите на југоистокот на Шпанија загинаа 211 лица, но голем дел се уште се водат како исчезнати.
The post Шпанија распоредува дополнителни 5.000 војници во областите погодени од поплавите appeared first on Република.
]]>The post Шпанија распоредува дополнителни 5.000 војници во областите погодени од поплавите appeared first on Република.
]]>Повеќе од 13.000 Шпанци се приклучиле на волонтерски групи за да им помогнат на луѓето погодени од поплавите во регионот на Валенсија, пренесува весникот „Ел Паис“.
Тие се пријавиле да волонтираат во 19 градови во Валенсија преку мрежата Телеграм, каде што добиле упатства и предупредувања за опасностите, вклучувајќи го и бројот на километри што ќе треба да ги поминат за да стигнат до погодените.
Волонтерите, кои се претежно млади луѓе, биле предупредени дека „патиштата пропаѓаат, а итните служби имаат проблеми да си ја вршат работата“.
The post Повеќе од 13.000 Шпанци се пријавиле да волонтираат во Валенсија по големите поплави appeared first on Република.
]]>The post Повеќе од 13.000 Шпанци се пријавиле да волонтираат во Валенсија по големите поплави appeared first on Република.
]]>Шпанската метеоролошка служба издаде предупредувања за нови врнежи во Валенсија и Кастелон – области погодени од разорни поплави во последните неколку дена во кои загинаа најмалку 161 лице.
Иако не се очекува да биде толку силен како оној што падна претходно оваа недела, најавениот дожд претставува нов проблем за жителите зашто натамошните врнежи може да предизвикаат дополнителни поплави.
Надлежните апелираат до граѓаните да не ги напуштаат своите домови доколку не е неопходно.
Во разорните поплави што погодија региони во источна Шпанија, досега, според последниот биланс, загинаа најмалку 161 лице. Спасувачките екипи сè уште трагаат по исчезнатите, а во потрагата од денеска се вклучуваат уште 500 припадници на шпанската армија.
The post Шпанската метеоролошка служба издаде предупредувања за нови врнежи во Валенсија и Кастелон appeared first on Република.
]]>Шпанската метеоролошка служба издаде предупредувања за нови врнежи во Валенсија и Кастелон – области погодени од разорни поплави во последните неколку дена во кои загинаа најмалку 161 лице.
Иако не се очекува да биде толку силен како оној што падна претходно оваа недела, најавениот дожд претставува нов проблем за жителите зашто натамошните врнежи може да предизвикаат дополнителни поплави.
Надлежните апелираат до граѓаните да не ги напуштаат своите домови доколку не е неопходно.
Во разорните поплави што погодија региони во источна Шпанија, досега, според последниот биланс, загинаа најмалку 161 лице. Спасувачките екипи сè уште трагаат по исчезнатите, а во потрагата од денеска се вклучуваат уште 500 припадници на шпанската армија.
The post Шпанската метеоролошка служба издаде предупредувања за нови врнежи во Валенсија и Кастелон appeared first on Република.
]]>Бројот на жртвите од поплавите во Валенсија надмина 160.
Еден од несреќните лица кои загинаа е Хозе Кастиљехо, поранешен играч на Валенсија. Имаше само 28 години.
Клубпт се прости од него:
Валенсија длабоко жали за смртта на Хозе Кастиљехо, кој стана жртва на катастрофалните последици од поплавите.
The post Во поплавата загина поранешен фудбалер на Валенсија appeared first on Република.
]]>Валенсија длабоко жали за смртта на Хозе Кастиљехо, кој стана жртва на катастрофалните последици од поплавите.
The post Во поплавата загина поранешен фудбалер на Валенсија appeared first on Република.
]]>Фудбалскиот стадион „Местаља“ во Валенсија е претворен во центар за собирање храна и помош за настраданите во оваа шпанска провинција на југоистокот на земјата која беше погодена од разорни поплави.
Откако најмалку 72 лица загинаа во излевање на локалните реки и лизгање на земјиштето, шпанскиот фудбалски прволигаш го стави на располагање својот дом со 49.430 седишта.
„Волонтери ќе собираат донации за настраданите“, соопшти клубот.
Локалните медиуми јавија дека од попладнево на стадионот почнало собирањето храна, облека и други потреби.
Шпанската провинција Валенсија е погодена од најсмртоносната природна катастрофа во последните четири децении.
Сè уште се трага по десетици луѓе, а на многумина им се уништени куќите.Настапите на локалните фудбалски и кошаркарски клубови закажани за денеска се откажани.
Шпанија прогласи тридневна жалост, а премиерот Педро Санчез ќе утре ќе ја посети провинцијата.
The post Стадионот „Местаља“ на Валенсија е претворен во центар за собирање помош appeared first on Република.
]]>The post Стадионот „Местаља“ на Валенсија е претворен во центар за собирање помош appeared first on Република.
]]>Најмалку 95 луѓе загинаа во големите поплави што ја зафатија Шпанија, што ја прави најголемата природна катастрофа што ја погодила земјата во последно време.
Службите за итни случаи во источниот регион на Валенсија ја потврдија смртта на 92 лица. Уште две жртви биле пријавени во соседниот регион Кастиља Ла Манча, додека уште еден смртен случај бил пријавен во Андалузија.
Бројот на загинати најверојатно драматично ќе се зголеми бидејќи другите региони допрва треба да пријават жртви и да продолжат да ги пребаруваат тешко достапните области.
Невремето со дожд кое почна вчера продолжи и денеска, предизвикувајќи поплави низ јужна и источна Шпанија, од Малага до Валенсија. Полицијата и службите за итни случаи користеа хеликоптери за да ги спасат луѓето од нивните домови и гумени чамци за да стигнат до возачите заглавени во автомобили.
Во погодените области распоредени се спасувачки персонал и повеќе од 1.100 војници од единиците за итни случаи на Шпанија. Шпанската влада формираше кризен штаб за да ги координира спасувачките напори.
Шпанската влада од утре прогласи тридневна жалост.
Шпанија доживеа слични есенски бури во последните години, но, ништо не беше ни блиску до пустошот во последните два дена.
The post Апокалиптични сцени од Валенсија, бројот на жртвите од поплавите се искачи на 95 appeared first on Република.
]]>Најмалку 95 луѓе загинаа во големите поплави што ја зафатија Шпанија, што ја прави најголемата природна катастрофа што ја погодила земјата во последно време.
Службите за итни случаи во источниот регион на Валенсија ја потврдија смртта на 92 лица. Уште две жртви биле пријавени во соседниот регион Кастиља Ла Манча, додека уште еден смртен случај бил пријавен во Андалузија.
Бројот на загинати најверојатно драматично ќе се зголеми бидејќи другите региони допрва треба да пријават жртви и да продолжат да ги пребаруваат тешко достапните области.
Невремето со дожд кое почна вчера продолжи и денеска, предизвикувајќи поплави низ јужна и источна Шпанија, од Малага до Валенсија. Полицијата и службите за итни случаи користеа хеликоптери за да ги спасат луѓето од нивните домови и гумени чамци за да стигнат до возачите заглавени во автомобили.
Во погодените области распоредени се спасувачки персонал и повеќе од 1.100 војници од единиците за итни случаи на Шпанија. Шпанската влада формираше кризен штаб за да ги координира спасувачките напори.
Шпанската влада од утре прогласи тридневна жалост.
Шпанија доживеа слични есенски бури во последните години, но, ништо не беше ни блиску до пустошот во последните два дена.
The post Апокалиптични сцени од Валенсија, бројот на жртвите од поплавите се искачи на 95 appeared first on Република.
]]>Македонскиот голман, Столе Димитриевски се наоѓа во Валенсија каде што се случуваат огромните поплави кои однесоа над 70 човечки жртви.
Во изјава за „Меридијан Спорт“ која ја пренесува „МКД.мк“ Столе Димитриевски ја опишува актуелната ситуација во Валенсија.
За среќа не се најдов во епицентарот, живеам на периферијата, малку надвор од градот. На безбедно сме. Нашиот дел беше погоден од голема бура и ветер, дождот исто така создаваше проблеми. Но, не заврши трагичично како во внатрешноста на градот. Соиграчите ми кажуваат дека се е под вода, се срушил и цел мост. Калта носи автомобили, вакво нешто со години не се случило во Валенсија“, изјави Димтириевски за „Мердијан Спорт“.
Вечерва Валенсија требаше да игра натпреварот во Копа дел Реј, но тој е одложен, а под знак прашалник е и натпреварот против Реал Мадрид.
Дефиитивно нема да играме во купот, додека натпреварот со Реал Мадрид е под знак прашалник. Ме побараа повеќе пријатели од Македонија и Мадрид, сите мислат на актуелната ситуација. Критично е! Изразуам сочувство на семејствата на настраданите и се надевам дека сите исчезнати ќе бидат пронајдени живи и здрави.
The post Голманот Столе Димитриевски од Валенсија: Јас сум безбеден, но тоа што се случува во градот е страшно! appeared first on Република.
]]>Македонскиот голман, Столе Димитриевски се наоѓа во Валенсија каде што се случуваат огромните поплави кои однесоа над 70 човечки жртви.
Во изјава за „Меридијан Спорт“ која ја пренесува „МКД.мк“ Столе Димитриевски ја опишува актуелната ситуација во Валенсија.
За среќа не се најдов во епицентарот, живеам на периферијата, малку надвор од градот. На безбедно сме. Нашиот дел беше погоден од голема бура и ветер, дождот исто така создаваше проблеми. Но, не заврши трагичично како во внатрешноста на градот. Соиграчите ми кажуваат дека се е под вода, се срушил и цел мост. Калта носи автомобили, вакво нешто со години не се случило во Валенсија“, изјави Димтириевски за „Мердијан Спорт“.
Вечерва Валенсија требаше да игра натпреварот во Копа дел Реј, но тој е одложен, а под знак прашалник е и натпреварот против Реал Мадрид.
Дефиитивно нема да играме во купот, додека натпреварот со Реал Мадрид е под знак прашалник. Ме побараа повеќе пријатели од Македонија и Мадрид, сите мислат на актуелната ситуација. Критично е! Изразуам сочувство на семејствата на настраданите и се надевам дека сите исчезнати ќе бидат пронајдени живи и здрави.
The post Голманот Столе Димитриевски од Валенсија: Јас сум безбеден, но тоа што се случува во градот е страшно! appeared first on Република.
]]>Бројот на жртвите од поплавите во источниот шпански регион Валенсија се зголеми на најмалку 63 лица, соопштија денеска локалните власти.
Службите за вонредни состојби во Валенсија го потврдија бројот на жртвите, објавија американските медиуми.
Поплавите ги претворија селските улици во реки и го прекинаа железничкиот и патниот сообраќај во регионот во оваа најголема природна катастрофа во земјата во последно време.
Невремето вчера предизвика поплави во поголемиот дел од јужна и источна Шпанија, со поројни води, измешани со кал, кои се движеа низ улиците со застрашувачка брзина.
Полицијата и итните служби користеа хеликоптери за да ги спасат луѓето од нивните домови и автомобили.
Властите синоќа пријавија неколку исчезнати лица, но утрово ја донесе шокантната вест за десетици загинати во поплавите.
Повеќе од 1.000 војници од шпанските единици за одговор при итни случаи се распоредени во погодените области.
Вчера беше најлошиот ден во мојот живот, изјави за националната телевизија RTVE градоначалникот на градот Утиел во Валенсија, Рикардо Габалдон.
🌍🇪🇸 More than 60 people have died due to flooding in the province of Valencia. 1,000 soldiers from Spain’s emergency response units have been deployed, the death toll is expected to rise in one of the worst natural disasters to hit Spain in recent years.
pic.twitter.com/ow9HGf7MYC pic.twitter.com/JL8pfQnJ5w— EarthXPress (@EarthXPress) October 30, 2024
Тој рече дека неколку лица во тој град се уште се водат како исчезнати.
Бевме заробени како стаорци. Водата носеше автомобили и контејнери за ѓубре низ улиците. Нивото на водата се зголеми на три метри, рече Габалдон.
Брзиот воз со речиси 300 луѓе излета од шините поради поплавите во близина на Малага, а железничките власти соопштија дека нема повредени. Брзите возови меѓу Валенсија и Мадрид беа прекинати, а беа суспендирани и неколку приградски линии.
Heart wrenching images coming out of Valencia today 💔 pic.twitter.com/4mpJ69Fq64
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) October 30, 2024
Регионалниот претседател на Валенсија, Карлос Мазон, ги повика луѓето да останат дома за да не ги попречуваат спасувачките напори, бидејќи патиштата се отежнати за возење поради паднатите дрвја и уништените возила.
Шпанската влада формираше кризен комитет за да помогне во координирањето на спасувачките напори.
Дождот доцна утринава престана во Валенсија, но се прогнозира дека невремето ќе трае до четврток, соопшти шпанската национална метеоролошка служба.
The post „Бевме заробени како стаорци, нивото на водата се зголеми на три метри“ – најмалку 63 мртви во поплавите во Валенсија appeared first on Република.
]]>Вчера беше најлошиот ден во мојот живот, изјави за националната телевизија RTVE градоначалникот на градот Утиел во Валенсија, Рикардо Габалдон.
Тој рече дека неколку лица во тој град се уште се водат како исчезнати.🌍🇪🇸 More than 60 people have died due to flooding in the province of Valencia. 1,000 soldiers from Spain’s emergency response units have been deployed, the death toll is expected to rise in one of the worst natural disasters to hit Spain in recent years. pic.twitter.com/ow9HGf7MYC pic.twitter.com/JL8pfQnJ5w
— EarthXPress (@EarthXPress) October 30, 2024
Бевме заробени како стаорци. Водата носеше автомобили и контејнери за ѓубре низ улиците. Нивото на водата се зголеми на три метри, рече Габалдон.Брзиот воз со речиси 300 луѓе излета од шините поради поплавите во близина на Малага, а железничките власти соопштија дека нема повредени. Брзите возови меѓу Валенсија и Мадрид беа прекинати, а беа суспендирани и неколку приградски линии.
Регионалниот претседател на Валенсија, Карлос Мазон, ги повика луѓето да останат дома за да не ги попречуваат спасувачките напори, бидејќи патиштата се отежнати за возење поради паднатите дрвја и уништените возила. Шпанската влада формираше кризен комитет за да помогне во координирањето на спасувачките напори. Дождот доцна утринава престана во Валенсија, но се прогнозира дека невремето ќе трае до четврток, соопшти шпанската национална метеоролошка служба.Heart wrenching images coming out of Valencia today 💔 pic.twitter.com/4mpJ69Fq64
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) October 30, 2024
The post „Бевме заробени како стаорци, нивото на водата се зголеми на три метри“ – најмалку 63 мртви во поплавите во Валенсија appeared first on Република.
]]>Српски државјанин (48) е уапсен во Алсира кај Валенсија, на плантажа со марихуана каде биле пронајдени повеќе од 1.000 стебла од ова растение. Шпанската полиција ја лоцирала плантажата во индустриски магацин во градското подрачје.
- Полицијата откри дека во магацинот се троши поголема количина на струја. Станува збор за објект кој е опкружен со куќи и е целосно приспособен за одгледување марихуана во затворен простор. Кога влегле во магацинот, агентите откриле постоење на „дива“ врска со електричната мрежа и виделе како излегува чад, најверојатно поради прегревање на каблите - откриле шпанските истражители.
Објектот трошел 12 пати повеќе струја од вообичаено.
Во магацинот се пронајдени 1.015 растенија, 90 ЛЕД светлосни панели, четири мобилни телефони и 335 евра во готовина. Растенијата, во напредна состојба на цветање, тежат 245 килограми, а поставени се и шест клима уреди, 11 карбонски филтри, 23 вентилатори и пет прочистувачи за воздух.
The post Србин во Шпанија имал плантажа со марихуана, на полицијата и станало сомнително дека трошел 12 пати повеќе струја од нормалното appeared first on Република.
]]>- Полицијата откри дека во магацинот се троши поголема количина на струја. Станува збор за објект кој е опкружен со куќи и е целосно приспособен за одгледување марихуана во затворен простор. Кога влегле во магацинот, агентите откриле постоење на „дива“ врска со електричната мрежа и виделе како излегува чад, најверојатно поради прегревање на каблите - откриле шпанските истражители.Објектот трошел 12 пати повеќе струја од вообичаено. Во магацинот се пронајдени 1.015 растенија, 90 ЛЕД светлосни панели, четири мобилни телефони и 335 евра во готовина. Растенијата, во напредна состојба на цветање, тежат 245 килограми, а поставени се и шест клима уреди, 11 карбонски филтри, 23 вентилатори и пет прочистувачи за воздух.
The post Србин во Шпанија имал плантажа со марихуана, на полицијата и станало сомнително дека трошел 12 пати повеќе струја од нормалното appeared first on Република.
]]>Првото засилување на Валенсија е веќе во градот. Столе Димитриевски овој вторник допатува во градот каде утре ќе го направи последниот лекарски преглед пред потпишувањето на договорот со тимот од Местаља. Договорот е запечатен со недели, иако ќе биде официјализиран во следните неколку часа. Спортскиот директор Мигел Анхел Корона и директорот за комуникации Хозе Мануел Сегара го чекаа во хотелот. „Многу сум среќен и многу задоволен“, беа неговите први зборови по стапнувањето во Валенсија.
Димитриевски (Куманово, Македонија, 1993) пристигнува како слободен играч откако го исполни договорот со Рајо Ваљекано. Голманот, кој штотуку одигра пријателски натпревари со својата репрезентација против Хрватска и Чешка, ќе стане првиот македонски фудбалер во историјата на Валенсија. Клубот Местаља има голман со 69 меѓународни натпревари за својата земја, 127 натпревари во Првата лига и 120 во Втората лига. Валенсија ќе биде петтиот клуб во неговата долга кариера, по периодите во Работнички, Гранада, Настико и Рајо. Димитриевски ќе потпише со Валенсија на две сезони плус две опционално.
The post Столе Димитриевски пристигна во Валенсија appeared first on Република.
]]>The post Столе Димитриевски пристигна во Валенсија appeared first on Република.
]]>Бројот на загинати во пожар во станбена зграда во Валенсија се зголеми на 10, а градоначалничката Марија Хозе Катала прогласи тридневна жалост во овој град.
Весникот „Ел Паис“ наведе дека четири од жртвите се членови на исто семејство - татко, мајка, тригодишна ќерка и новороденче.
Шпанскиот центар за итни информации и координација соопшти дека четири повредени лица денеска се пуштени од болница, а на лекување се уште се двајца пожарникари кои и им пружале прва помош на настраданите.
Полицијата стигнала до четвртиот кат од опожарената зграда во обид да ги лоцира потенцијалните жртви, а на лице место биле и противпожарните и екипите за итна помош, пренесуваат шпанските медиуми.
Шефот на Истражниот суд број 10 во Валенсија отвори постапката за истрага за причините и околностите на пожарот и нареди доверливост на постапката во траење од еден месец со цел да се заштити полициската истрага и приватноста на жртвите и нивните семејства.
Пожарот избувна вчера попладне и за само половина час ја зафати целата зграда со 14 ката и 138 стана, а набрзо се прошири и во соседната зграда.
The post Меѓу загинатите во пожарот во зграда во Валенсија има и новороденче appeared first on Република.
]]>The post Меѓу загинатите во пожарот во зграда во Валенсија има и новороденче appeared first on Република.
]]>Најмалку четири лица загинаа, а 14 се повредени, а 19 се водат како исчезнати во пожар во 14-катна станбена зграда во шпанскиот град Валенсија.
Viendo las imágenes del incendio del edificio en Valencia se ha quedado una tarde estupenda para recordar que al fuego le dan igual las rebajas por sexo femenino de las pruebas físicas de acceso al cuerpo de bomberos. Es un trabajo duro que salva vidas.
pic.twitter.com/kJOIuXdbdn— Pedro 🇪🇸 (@P_Arcas) February 22, 2024
Можеме да потврдиме дека има четворица загинати, изјави, заменик-директор на службите за итни случаи за регионот на Валенсија, Хорхе Суарез Торес.
Los bomberos están dándolo todo en el incendio de Valencia. En el vídeo, uno de ellos, salta a una colchoneta tras quedar rodeado por el fuego
Son esos a los que maltratan física y económicamente, haciéndoles trabajar más horas de las reglamentarias, con falta de efectivos. pic.twitter.com/YmSltMfdxk— Ibon Perez (@IbonPerezTV) February 22, 2024
Претходно итните служби известија дека 14 лица се згрижени со повреди од различен степен, помеѓу повредените е и едно седумгодишно дете. Шест од повредените се пожарникари.
The post Најмалку четворица загинати, по 19 се трага по пожарот во зграда во Валенсија appeared first on Република.
]]>Можеме да потврдиме дека има четворица загинати, изјави, заменик-директор на службите за итни случаи за регионот на Валенсија, Хорхе Суарез Торес.Viendo las imágenes del incendio del edificio en Valencia se ha quedado una tarde estupenda para recordar que al fuego le dan igual las rebajas por sexo femenino de las pruebas físicas de acceso al cuerpo de bomberos. Es un trabajo duro que salva vidas. pic.twitter.com/kJOIuXdbdn
— Pedro 🇪🇸 (@P_Arcas) February 22, 2024
Претходно итните служби известија дека 14 лица се згрижени со повреди од различен степен, помеѓу повредените е и едно седумгодишно дете. Шест од повредените се пожарникари.Los bomberos están dándolo todo en el incendio de Valencia. En el vídeo, uno de ellos, salta a una colchoneta tras quedar rodeado por el fuego Son esos a los que maltratan física y económicamente, haciéndoles trabajar más horas de las reglamentarias, con falta de efectivos. pic.twitter.com/YmSltMfdxk
— Ibon Perez (@IbonPerezTV) February 22, 2024
The post Најмалку четворица загинати, по 19 се трага по пожарот во зграда во Валенсија appeared first on Република.
]]>Една 14-катница во Валенсија е зафатена во огромен пожар и пожарникарите во моментов се борат со него за да ги спасат луѓето заробени во становите. Две лица се обиделе да побегнат преку балкон, а пламенот бил толку силен што зафатил уште една зграда во комплексот и се проширил.
Пожарникарите успеале да спасат татко и ќерка кои биле на балкон за да го избегнат пожарот.
Тие се обидуваат да користат кран за пристап до балконите, а планирано е да се постави полска болница за повредните.
Шпанските медиуми потврдија дека има неколку повредени пожарникари
The post Гори зграда во Валенсија, луѓе бегаат преку балкони appeared first on Република.
]]>The post Гори зграда во Валенсија, луѓе бегаат преку балкони appeared first on Република.
]]>Четиридневната работна недела го подобри здравјето на работниците намалувајќи го нивниот стрес, истовремено намалувајќи ја и емисијата на штетни гасови и имаше корист за децата, покажа пилот-програмата спроведена во Валенсија, а претставена синоќа.
Валенсија, трет по големина во Шпанија со речиси 800 илјади жители, распореди локални празници да бидат во четири понеделници по ред, од 10 април до 7 мај оваа година.
Во проектот учествуваа 360 илјади работници.
Голем број учесници ги користеа подолгите викенди за да се вклучат во здрави навики како што се вежбање, одмор и готвење домашно зготвени оброци, според независниот Комитет за здравство и општествени науки што ја оценуваше програмата.
Податоците покажуваат подобрувања во здравјето, пониски нивоа на стрес и подобри чувства за замор, среќа, расположение и лично задоволство.
Намалувањето на употребата на моторни возила во текот на четирите понеделници доведе до подобрување на квалитетот на воздухот, а се испушташе помалку азот диоксид, покажуваат градските мерења.
Негативната страна на програмата е што пушачите и алкохоличарите ја зголемија потрошувачката на тутун и алкохол.
Висок процент од испитаниците изјавиле дека повеќе читаат, учеле, гледале филмови и се занимавале со хоби како фотографија, музика и сликарство.
Четиридневната работна недела најмногу им користеше на децата, бидејќи повеќе време поминуваа со родителите.
Секторот за услуги и туризам имаше повеќе гости во тој период, но трговците забележаа пад на продажбата, а итните медицински служби беа преоптоварени, бидејќи повеќе здравствени работници земаа одмор, се вели во извештајот.
Проектот беше дизајниран од градската лева коалиција Компромис, сојуз на прогресивни, зелени и регионални партии.
Социјалистичката влада на Шпанија минатата година започна сличен двегодишен проект фокусиран на малите и средни бизниси низ целата земја. мс/фото: МИА архива .
The post Помалку стрес, подобро расположение: Во Валенсија спроведен тест со четиридневна работна недела appeared first on Република.
]]>The post Помалку стрес, подобро расположение: Во Валенсија спроведен тест со четиридневна работна недела appeared first on Република.
]]>Енер Валенсија по се изгледа ќе биде јунак на Еквадор откако во моментов го постигнува својот втор гол на отворањето на СП во Катар.
Екипата на Еквадор води против домаќинот Катар со 2:0, а судејќи според играта, Еквадор работата ќе ја заврши уште во првото полувреме.
The post Еквадор води со 2-0 против Катар на полувремето, јунак е Валенсија appeared first on Република.
]]>The post Еквадор води со 2-0 против Катар на полувремето, јунак е Валенсија appeared first on Република.
]]>