Валенија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/valenija/ За подобро да се разбереме Thu, 11 Jan 2024 12:32:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Валенија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/valenija/ 32 32 Шпанскиот град Валенсија е европска зелена престолнина за 2024 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shpanskiot-grad-valensija-e-evropska-zelena-prestolnina-za-2024-godina/ Thu, 11 Jan 2024 12:32:07 +0000 https://republika.mk/?p=731935

Шпанскиот град Валенсија денеска официјално станува европска зелена престолнина за 2024 година, преземајќи ја оваа титула од минатогодишниот носител, естонскиот главен град Талин.

На церемонијата на преземањето на титулата, заменик градоначалникот на Талин, Тит Терик формално на градоначалничката на Валенсија, Марија Хозе Катала ќе и ја предаде европската „Зелена книга“.

По повод примопредавањето на титулата, еврокомесарот за животна средина, океани и рибарство Вирџинијус Синкевичиус изјави дека Валенсија станува европска зелена престолнина благодарение на нејзината амбициозна стратегија за одржливост и користењето на искуствата од минатото.

Со децении градот се напредува предводен од смело граѓанско движење кое спроведува вистинска промена. Валенсија оваа година ќе ги подобри искуствата на граѓаните и ќе ги поддржи уште повеќе во реализацијата на промените што сите треба да ги спроведеме за подобра иднина, нагласи Синкевичиус.

Во образложението на одлуката за прогласување на Валенсија за европска зелена престолнина за 2024 година се наведува дека градот ја заслужи титулата благодарение на достигнувањата во областа на одржливиот туризам, климатската неутралност и праведната и инклузивна зелена транзиција.

Како што е илустрирано со нејзиното мото „Заедничка мисија“ со силен акцент на луѓето, Валенсија ефикасно ги комбинира одговорите на еколошките предизвици со општествените. Дури 97 отсто од жителите на градот живеат на оддалеченост од најмногу 300 метри од зелените урбани површини. Градот, исто така, има докажана посветеност на подобрување на квалитетот на воздухот и обнова на природните екосистеми, како што се дината Девеса и околните мочуришта. Валенсија, исто така, стимулира поздраво, одржливо и инклузивно производство на храна преку својата „Програма за соседство и храна“, се додава во образложението.

Инаку за време на периодот додека ќе ја носи титулата европска зелена престолнина, Валенсија ќе организира над 300 активности и настани наменети за сите жители и сектори во градот.

Титулата европската зелена престолнина има за цел да ги охрабри градовите во Европа да станат позелени и почисти и да го подобрат квалитетот на животот на своите жители.

Европска зелена претстолнина во 2025 година ќе биде литванскиот главен град Вилнус, а конкурсот за пријавување за следниот циклус за 2026 година е во тек и е отворен до 30 април 2024 година.

 

The post Шпанскиот град Валенсија е европска зелена престолнина за 2024 година appeared first on Република.

]]>

Шпанскиот град Валенсија денеска официјално станува европска зелена престолнина за 2024 година, преземајќи ја оваа титула од минатогодишниот носител, естонскиот главен град Талин. На церемонијата на преземањето на титулата, заменик градоначалникот на Талин, Тит Терик формално на градоначалничката на Валенсија, Марија Хозе Катала ќе и ја предаде европската „Зелена книга“. По повод примопредавањето на титулата, еврокомесарот за животна средина, океани и рибарство Вирџинијус Синкевичиус изјави дека Валенсија станува европска зелена престолнина благодарение на нејзината амбициозна стратегија за одржливост и користењето на искуствата од минатото.
Со децении градот се напредува предводен од смело граѓанско движење кое спроведува вистинска промена. Валенсија оваа година ќе ги подобри искуствата на граѓаните и ќе ги поддржи уште повеќе во реализацијата на промените што сите треба да ги спроведеме за подобра иднина, нагласи Синкевичиус.
Во образложението на одлуката за прогласување на Валенсија за европска зелена престолнина за 2024 година се наведува дека градот ја заслужи титулата благодарение на достигнувањата во областа на одржливиот туризам, климатската неутралност и праведната и инклузивна зелена транзиција.
Како што е илустрирано со нејзиното мото „Заедничка мисија“ со силен акцент на луѓето, Валенсија ефикасно ги комбинира одговорите на еколошките предизвици со општествените. Дури 97 отсто од жителите на градот живеат на оддалеченост од најмногу 300 метри од зелените урбани површини. Градот, исто така, има докажана посветеност на подобрување на квалитетот на воздухот и обнова на природните екосистеми, како што се дината Девеса и околните мочуришта. Валенсија, исто така, стимулира поздраво, одржливо и инклузивно производство на храна преку својата „Програма за соседство и храна“, се додава во образложението.
Инаку за време на периодот додека ќе ја носи титулата европска зелена престолнина, Валенсија ќе организира над 300 активности и настани наменети за сите жители и сектори во градот. Титулата европската зелена престолнина има за цел да ги охрабри градовите во Европа да станат позелени и почисти и да го подобрат квалитетот на животот на своите жители. Европска зелена претстолнина во 2025 година ќе биде литванскиот главен град Вилнус, а конкурсот за пријавување за следниот циклус за 2026 година е во тек и е отворен до 30 април 2024 година.  

The post Шпанскиот град Валенсија е европска зелена престолнина за 2024 година appeared first on Република.

]]>