вакцинирање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vakciniranje/ За подобро да се разбереме Wed, 10 Jan 2024 12:19:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вакцинирање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vakciniranje/ 32 32 Меџити: Не може преку ноќ да го смениме менталниот склоп на граѓаните, но вакцинирајте ги децата, тоа спасува животи https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/medhiti-ne-mozhe-preku-nok-da-go-smenime-mentalniot-sklop-na-graganite-no-vaktsinirajte-gi-detsata-toa-spasuva-zhivoti/ Wed, 10 Jan 2024 12:19:24 +0000 https://republika.mk/?p=731561

Повикуваме на вакцинација затоа што вакцините спасуваат животи, рече денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, одговарајќи на новинарско прашање, каква е состојбата со големата кашлица во државата, дали се должи на тоа што многу луѓе не ги вакцинираат своите деца и што се планира да се преземе во врска со тоа.

Не можеме преку ноќ да го смениме менталниот склоп на граѓаните. Нашата иднина се нашите деца и ние ги повикуваме сите да се вакцинираат зошто тоа пред се ни ги заштитува животите и спасува. Затоа мора да сфатат и лека полека ќе сфатиме сите, дека вакцинирањето на нашата иднина е пред се и тоа е иднината на нашата држава, нагласи министерот.

Меџити, кој беше на отворањето на нова Поликлиника во Сарај, одговараше и на прашање кога ќе почнат вработувањата што беа најавени во здравството и дали ќе имаат предност оние што се со договор на дело или и овде ќе има балансер.

- Тоа што никој не веруваше дека ќе изнајдеме решение, за тоа изнајдовме. Веќе 1.117 вработувања од оваа Влада и тоа што кажав, вие знаете подобро од мене како новинари дека законските процедури се тие, дека ние не можеме да му забраниме на никој да конкурира на тие огласи, но јас лично кажав дека ќе го опсервирам целиот процес и ќе изнајдеме решение и навистина ќе работиме макотрпно да тоа биде праведно. Заедно ќе продолжиме понатаму да вработуваме здравствен медицински кадар кој беше многу дефицитарен овие неколку години. Во цело здравство ќе има нова систематизација, нова реорганизација и нова организација. Здравството веќе нема да биде како што било, ќе постапиме многу сериозно како досега и со „трикафта“ и со сите други работи. Во здравството работите се тераат напред и си одат на подобро, подвлече министерот.

Запрашан кога ќе бидат распишани огласите, тој одговори дека веќе се работи на овие процедури.

- Ги собираме сите информации и ќе бидат за брзо време распишани сите огласи. Но, знаете треба систематизација преку МИОА, ние вршиме притисок кон сите овие институции, владини кабинети, министерства, за да можеме ова како што почнавме и динамично да го реализираме. Здравјето на пациентите е пред се, подвлече Меџити.

The post Меџити: Не може преку ноќ да го смениме менталниот склоп на граѓаните, но вакцинирајте ги децата, тоа спасува животи appeared first on Република.

]]>

Повикуваме на вакцинација затоа што вакцините спасуваат животи, рече денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, одговарајќи на новинарско прашање, каква е состојбата со големата кашлица во државата, дали се должи на тоа што многу луѓе не ги вакцинираат своите деца и што се планира да се преземе во врска со тоа.
Не можеме преку ноќ да го смениме менталниот склоп на граѓаните. Нашата иднина се нашите деца и ние ги повикуваме сите да се вакцинираат зошто тоа пред се ни ги заштитува животите и спасува. Затоа мора да сфатат и лека полека ќе сфатиме сите, дека вакцинирањето на нашата иднина е пред се и тоа е иднината на нашата држава, нагласи министерот.
Меџити, кој беше на отворањето на нова Поликлиника во Сарај, одговараше и на прашање кога ќе почнат вработувањата што беа најавени во здравството и дали ќе имаат предност оние што се со договор на дело или и овде ќе има балансер. - Тоа што никој не веруваше дека ќе изнајдеме решение, за тоа изнајдовме. Веќе 1.117 вработувања од оваа Влада и тоа што кажав, вие знаете подобро од мене како новинари дека законските процедури се тие, дека ние не можеме да му забраниме на никој да конкурира на тие огласи, но јас лично кажав дека ќе го опсервирам целиот процес и ќе изнајдеме решение и навистина ќе работиме макотрпно да тоа биде праведно. Заедно ќе продолжиме понатаму да вработуваме здравствен медицински кадар кој беше многу дефицитарен овие неколку години. Во цело здравство ќе има нова систематизација, нова реорганизација и нова организација. Здравството веќе нема да биде како што било, ќе постапиме многу сериозно како досега и со „трикафта“ и со сите други работи. Во здравството работите се тераат напред и си одат на подобро, подвлече министерот. Запрашан кога ќе бидат распишани огласите, тој одговори дека веќе се работи на овие процедури. - Ги собираме сите информации и ќе бидат за брзо време распишани сите огласи. Но, знаете треба систематизација преку МИОА, ние вршиме притисок кон сите овие институции, владини кабинети, министерства, за да можеме ова како што почнавме и динамично да го реализираме. Здравјето на пациентите е пред се, подвлече Меџити.

The post Меџити: Не може преку ноќ да го смениме менталниот склоп на граѓаните, но вакцинирајте ги децата, тоа спасува животи appeared first on Република.

]]>
САД ќе бараат задолжително вакцинирање против Ковид-19 за работниците кои ја минуваат копнената граница https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-kje-baraat-zadolzitelno-vakciniranje-protiv-kovid-19-za-rabotnicite-koi-ja-minuvaat-kopnenata-granica-2/ Fri, 21 Jan 2022 07:56:37 +0000 https://republika.mk/?p=447406

Американското Министерство за домашна безбедност (DHS) вчера најави дека есенцијалните работници, како што се возачите на камиони и медицинските сестри, кои ја преминуваат границата на копнените премини, од утре ќе мора да бидат целосно вакцинирани против Ковид-19.

Администрацијата на претседателот Бајден во октомври најави дека на патниците од Канада и Мексико од 8 ноември повторно ќе им дозволи да влезат во САД преку копнените гранични премини, но само доколку се целосно вакцинирани.

Границата на САД со Канада и Мексико веќе 20 месеци е затворена поради стравот од ширење на коронавирусот за секој што не патува поради обврска, а Министерството за домашна безбедност вчера најави дека ќе ја прошири одредбата на работници кои не се државјани на САД или во САД имаат постојан престој.

Граѓаните кои не се американски државјани кои влегуваат во САД преку копнени граници или терминали за траект долж северната и јужната граница од сабота ќе треба да бидат целосно вакцинирани против Ковид-19 и подготвени да приложат сертификат за вакцинација, изјави министерот Алехандро Мајоркас.

За разлика од луѓето кои патуваат со авион, оние што ја минуваат границата на копнени премини не мора да покажат негативен тест за Ковид 19.

Канада на 15 јануари донесе уредба со која се бара возачите на камиони кои влегуваат во земјата од САД да бидат вакцинирани.

The post САД ќе бараат задолжително вакцинирање против Ковид-19 за работниците кои ја минуваат копнената граница appeared first on Република.

]]>

Американското Министерство за домашна безбедност (DHS) вчера најави дека есенцијалните работници, како што се возачите на камиони и медицинските сестри, кои ја преминуваат границата на копнените премини, од утре ќе мора да бидат целосно вакцинирани против Ковид-19. Администрацијата на претседателот Бајден во октомври најави дека на патниците од Канада и Мексико од 8 ноември повторно ќе им дозволи да влезат во САД преку копнените гранични премини, но само доколку се целосно вакцинирани. Границата на САД со Канада и Мексико веќе 20 месеци е затворена поради стравот од ширење на коронавирусот за секој што не патува поради обврска, а Министерството за домашна безбедност вчера најави дека ќе ја прошири одредбата на работници кои не се државјани на САД или во САД имаат постојан престој.
Граѓаните кои не се американски државјани кои влегуваат во САД преку копнени граници или терминали за траект долж северната и јужната граница од сабота ќе треба да бидат целосно вакцинирани против Ковид-19 и подготвени да приложат сертификат за вакцинација, изјави министерот Алехандро Мајоркас.
За разлика од луѓето кои патуваат со авион, оние што ја минуваат границата на копнени премини не мора да покажат негативен тест за Ковид 19. Канада на 15 јануари донесе уредба со која се бара возачите на камиони кои влегуваат во земјата од САД да бидат вакцинирани.

The post САД ќе бараат задолжително вакцинирање против Ковид-19 за работниците кои ја минуваат копнената граница appeared first on Република.

]]>