вакцинирани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vakcinirani/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Mar 2024 14:24:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вакцинирани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vakcinirani/ 32 32 Д-р Мехмедовиќ: Да се засили инспекцискиот надзор во градинките за следење на невакцинираните деца https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-mehmedovik-da-se-zasili-inspektsiskiot-nadzor-vo-gradinkite-za-sledene-na-nevaktsiniranite-detsa/ Tue, 05 Mar 2024 14:24:33 +0000 https://republika.mk/?p=751557

Комисијата за заразни болести препорачува да се засили инспекцискиот надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДЗСИ) на територијата на град Скопје, со цел да може навистина да се види состојбата во градинките и да се добие пореална слика за тоа каква е состојбата со вакцинирани и невакцинирани деца со ДиТеПер, дали се почитува доследно препораката на Комисијата за заразни болести за тоа да не се примаат нецелосно вакцинирани и невакцинирани деца во градинките, кажа денеска д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.

Тој информираше дека има 123 лица заболени со пертусис, од коишто доминантно најголем број 109 лица се од Скопје.

Оправданоста на епидемијата којашто е прогласена во градот Скопје уште еднаш се потврдува и со последниот извештај од Институтот за јавно здравје. Спорадично имаме појава на по еден случај од Тетово, Дебар и Струмица, меѓутоа сè уште не можеме да кажеме дека состојбата се разгорува на национално ниво, што е добро, кажа д-р Мехмедовиќ.

Првиот случај на пертусис (голема кашлица) беше пријавен на 5 јануари, а Центарот за јавно здравје Скопје на 8 февруари прогласи епидемија на ниво на Град Скопје, по препорака на Комисијата за заразни болести.

Од 18 јануари до 29 февруари годинава по препорака на Комисијата за заразни болести а по наредба на Министерството за здравство работат вакциналните пунктови во Скопје во две смени, и аплицирани се вкупно 22.395 вакцини.

Заклучокот е дека вакцинацијата се одвива добро и дека ќе продолжи со истото темпо. На граѓаните посебно на родителите ќе им бидат достапни овие вакцинални пунктови и во иднина“, рече Мехмедовиќ.

Мехмедовиќ изјави дека следната препорака се однесува на дигиталната евиденција за вакцинација на децата.

Комисијата за заразни болести донесе одлука да препорача во вакциналните пунктови евиденцијата која се води дигитално да биде задолжителна, со цел да имаме реално и подобар преглед за податоците на децата кои се вакцинираат со ДиТеПер, кажа д-р Мехмедовиќ.

Комисијата исто така препорачува да се овозможи тестирање за голема кашлица на ниво на цела држава и да биде спроведувана од локалните Центри за јавно здравје.

Од Комитетот за имунизација е добиена информација дека на 15 март се очекува да пристигнат првите вакцини коишто ќе бидат наменети за возрасни. Комисијата за заразни болести препорачува вакцинација на возрасни лица кои живеат во семејства каде што има мали деца до две години, трудници во последниот триместар, како и персонал кој работи со мали деца.

Директорот на Инфективна клиника, д-р Фадил Цана кажа дека од 1 јануари до денес на Клиниката имале 12 лица прегледани и потврдени за голема кашлица.

 

The post Д-р Мехмедовиќ: Да се засили инспекцискиот надзор во градинките за следење на невакцинираните деца appeared first on Република.

]]>

Комисијата за заразни болести препорачува да се засили инспекцискиот надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДЗСИ) на територијата на град Скопје, со цел да може навистина да се види состојбата во градинките и да се добие пореална слика за тоа каква е состојбата со вакцинирани и невакцинирани деца со ДиТеПер, дали се почитува доследно препораката на Комисијата за заразни болести за тоа да не се примаат нецелосно вакцинирани и невакцинирани деца во градинките, кажа денеска д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести. Тој информираше дека има 123 лица заболени со пертусис, од коишто доминантно најголем број 109 лица се од Скопје.
Оправданоста на епидемијата којашто е прогласена во градот Скопје уште еднаш се потврдува и со последниот извештај од Институтот за јавно здравје. Спорадично имаме појава на по еден случај од Тетово, Дебар и Струмица, меѓутоа сè уште не можеме да кажеме дека состојбата се разгорува на национално ниво, што е добро, кажа д-р Мехмедовиќ.
Првиот случај на пертусис (голема кашлица) беше пријавен на 5 јануари, а Центарот за јавно здравје Скопје на 8 февруари прогласи епидемија на ниво на Град Скопје, по препорака на Комисијата за заразни болести. Од 18 јануари до 29 февруари годинава по препорака на Комисијата за заразни болести а по наредба на Министерството за здравство работат вакциналните пунктови во Скопје во две смени, и аплицирани се вкупно 22.395 вакцини.
Заклучокот е дека вакцинацијата се одвива добро и дека ќе продолжи со истото темпо. На граѓаните посебно на родителите ќе им бидат достапни овие вакцинални пунктови и во иднина“, рече Мехмедовиќ.
Мехмедовиќ изјави дека следната препорака се однесува на дигиталната евиденција за вакцинација на децата.
Комисијата за заразни болести донесе одлука да препорача во вакциналните пунктови евиденцијата која се води дигитално да биде задолжителна, со цел да имаме реално и подобар преглед за податоците на децата кои се вакцинираат со ДиТеПер, кажа д-р Мехмедовиќ.
Комисијата исто така препорачува да се овозможи тестирање за голема кашлица на ниво на цела држава и да биде спроведувана од локалните Центри за јавно здравје. Од Комитетот за имунизација е добиена информација дека на 15 март се очекува да пристигнат првите вакцини коишто ќе бидат наменети за возрасни. Комисијата за заразни болести препорачува вакцинација на возрасни лица кои живеат во семејства каде што има мали деца до две години, трудници во последниот триместар, како и персонал кој работи со мали деца. Директорот на Инфективна клиника, д-р Фадил Цана кажа дека од 1 јануари до денес на Клиниката имале 12 лица прегледани и потврдени за голема кашлица.  

The post Д-р Мехмедовиќ: Да се засили инспекцискиот надзор во градинките за следење на невакцинираните деца appeared first on Република.

]]>
Се предлага со закон да се забрани влез на невакцинирани и непрележани лица во затворени објекти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-predlaga-so-zakon-da-se-zabrani-vlez-na-nevakcinirani-i-neprelezani-lica-vo-zatvoreni-objekti/ Mon, 12 Dec 2022 10:29:33 +0000 https://republika.mk/?p=584662

Комисијата за европски прашања ја одложи денешната седница на која требаше да се расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на население од заразни болести. Седницата е одложена за 14 декември, согласно распоредот на веб-страницата на Собранието.

Според Предлог законот, во случај на појава на заразна болест, се предлага забрана за влез во објекти за лица кои не се вакцинирани или немаат потврда за прележана болест. Министерството за здравство исто така, ќе може преку примена на технолошки методи да спречи ширење на заразната болест.

Во членот 28 се додава нова потточка со која се забранува влез во објекти на лица кои не се имунизирани или не поседуваат потврда за прележана болест.

Во член 29, пак, се додава нов член 29 а, којшто заради спречување на ширење на заразни болести дозволува Министерството да примени технолошки достигнувања како интернет платформи, паметни апликации, електронски услуги и слично, при што во однос на обработката на личните податоци се применуваат прописите од областа на заштита на личните податоци, како и соодветни технички и организациски мерки за да се обезбеди ниво на безбедност на личните податоци соодветно на ризикот.

Заразните заболувања поради своите епидемиолошки карактеристики, јавувањето во епидемиска форма, оштетување на здравјето, смртноста, високиот морбидитет и морталитет, претставуваат не само медицински, туку и социјален, економски и финансиски проблем за секој здравствен систем и значајна закана за здравјето на населението. Една од мерките за успешно и навремено сузбивање на заразните болести е задолжителното пријавување и информирање за појава на заразни болести и епидемии, пишува во новиот член 29а.

Се додава дека Светската здравствена организација евидентира болести што не познаваат граници и идентични фактори на ризик, заради што препорачува засилување на националните системи за надзор над појавата и ширењето на заразни болести и воспоставување на мрежи на комуникација на национално, регионално и пошироко ниво, како одговор на ваквата состојба. При тоа, основниот принцип е приспособување на здравствената заштита кон потребите на човекот и населението.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на населени од заразни болести е со европско знаменце, односно треба да се изгласа по скратена постапка.

The post Се предлага со закон да се забрани влез на невакцинирани и непрележани лица во затворени објекти appeared first on Република.

]]>

Комисијата за европски прашања ја одложи денешната седница на која требаше да се расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на население од заразни болести. Седницата е одложена за 14 декември, согласно распоредот на веб-страницата на Собранието. Според Предлог законот, во случај на појава на заразна болест, се предлага забрана за влез во објекти за лица кои не се вакцинирани или немаат потврда за прележана болест. Министерството за здравство исто така, ќе може преку примена на технолошки методи да спречи ширење на заразната болест. Во членот 28 се додава нова потточка со која се забранува влез во објекти на лица кои не се имунизирани или не поседуваат потврда за прележана болест. Во член 29, пак, се додава нов член 29 а, којшто заради спречување на ширење на заразни болести дозволува Министерството да примени технолошки достигнувања како интернет платформи, паметни апликации, електронски услуги и слично, при што во однос на обработката на личните податоци се применуваат прописите од областа на заштита на личните податоци, како и соодветни технички и организациски мерки за да се обезбеди ниво на безбедност на личните податоци соодветно на ризикот.
Заразните заболувања поради своите епидемиолошки карактеристики, јавувањето во епидемиска форма, оштетување на здравјето, смртноста, високиот морбидитет и морталитет, претставуваат не само медицински, туку и социјален, економски и финансиски проблем за секој здравствен систем и значајна закана за здравјето на населението. Една од мерките за успешно и навремено сузбивање на заразните болести е задолжителното пријавување и информирање за појава на заразни болести и епидемии, пишува во новиот член 29а.
Се додава дека Светската здравствена организација евидентира болести што не познаваат граници и идентични фактори на ризик, заради што препорачува засилување на националните системи за надзор над појавата и ширењето на заразни болести и воспоставување на мрежи на комуникација на национално, регионално и пошироко ниво, како одговор на ваквата состојба. При тоа, основниот принцип е приспособување на здравствената заштита кон потребите на човекот и населението. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на населени од заразни болести е со европско знаменце, односно треба да се изгласа по скратена постапка.

The post Се предлага со закон да се забрани влез на невакцинирани и непрележани лица во затворени објекти appeared first on Република.

]]>
47,7 проценти од вкупното население во Македонија е вакцинирано против ковид-19 https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/47-7-procenti-od-vkupnoto-naselenie-vo-makedonija-e-vakcinirano-protiv-kovid-19/ Wed, 17 Aug 2022 12:52:30 +0000 https://republika.mk/?p=541408

Во последните две недели регистрирано е намалување на инциденцата на Ковид-19 во 22 градови во земјава. Најголемо намалување е забележано во Македонски Брод, Демир Хисар, Крива Паланка и Ресен. Зголемување се забележува во 12 градови, а состојбата останува непроменета во Пехчево. R0 се движи од 0,56 во Демир Хисар до 1,74 во Пробиштип, покажуваат податоците од Институтот за јавно здравје.

Заклучно со 14 август годинавa, според ИЈЗ, пријавени се вкупно 335.451 случаи на КОВИД-19. Најголем дел од заболените се регистрирани во Скопје, Куманово и Битола, а највисок морбидитет е регистриран во Кавадарци (29.712,4/100.000) и Скопје (26.021,9/100.000). Највисок морталитет се регистрира во Охрид, Прилеп и Кавадарци. Највисок леталитет се регистрира во Струга и Крива Паланка.

Возраста на заболените се движи од 0 до 101 година, со просек – 44,0 години. Најголем број на
заболени се на возраст над 60 години – 83.963 или 25 проценти, додека највисок специфичен морбидитет
од 25.499,2/100.000 се регистрира кај возрасната група од 30-39 години (n=63.871). Најнизок
специфичен морбидитет од 4.227,6 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9
години, каде се пријавени 8.702 лица.

Како што информираат од Институтот, во текот на минатата недела се хоспитализирани 52 случаи, со што вкупниот број на хоспитализирани лица е 199. Од нив, 55 се на кислородна поддршка и еден пациент е на инвазивна механичка вентилација.

Заклучно со 14 август оваа година, вакцинирани се вкупно 875.431 лице со барем една доза вакцина против КОВИД-19. Со две дози вакцинирани сe вкупно 856.460 лица.

Со една доза на вакцина против КОВИД, во државата и странство, вакцинирани се 59,5 проценти од населението над 18-годишна возраст, односно 55,1 отсто од населениетo над 12 годишна возраст, додека од вкупното население вакцинирани се 47,7 проценти, покажуваат податоците од ИЈЗ.

Опфатот со две дози на вакцина кај населението над 18-годишна возраст изнесува 58,2 проценти, односно 54 отсто кај населението над 12-годишна возраст. Опфатот со две дози кај вкупното население изнесува 46,6 проценти.

Со трета доза се вакцинирани 11,1 проценти од населението над 18-годишна возраст, додека кај населението над 12-годишна возраст е 10,2 отсто. Опфатот со трета доза на вкупното население изнесува само 8,8 проценти.

The post 47,7 проценти од вкупното население во Македонија е вакцинирано против ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Во последните две недели регистрирано е намалување на инциденцата на Ковид-19 во 22 градови во земјава. Најголемо намалување е забележано во Македонски Брод, Демир Хисар, Крива Паланка и Ресен. Зголемување се забележува во 12 градови, а состојбата останува непроменета во Пехчево. R0 се движи од 0,56 во Демир Хисар до 1,74 во Пробиштип, покажуваат податоците од Институтот за јавно здравје. Заклучно со 14 август годинавa, според ИЈЗ, пријавени се вкупно 335.451 случаи на КОВИД-19. Најголем дел од заболените се регистрирани во Скопје, Куманово и Битола, а највисок морбидитет е регистриран во Кавадарци (29.712,4/100.000) и Скопје (26.021,9/100.000). Највисок морталитет се регистрира во Охрид, Прилеп и Кавадарци. Највисок леталитет се регистрира во Струга и Крива Паланка. Возраста на заболените се движи од 0 до 101 година, со просек – 44,0 години. Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 83.963 или 25 проценти, додека највисок специфичен морбидитет од 25.499,2/100.000 се регистрира кај возрасната група од 30-39 години (n=63.871). Најнизок специфичен морбидитет од 4.227,6 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 години, каде се пријавени 8.702 лица. Како што информираат од Институтот, во текот на минатата недела се хоспитализирани 52 случаи, со што вкупниот број на хоспитализирани лица е 199. Од нив, 55 се на кислородна поддршка и еден пациент е на инвазивна механичка вентилација. Заклучно со 14 август оваа година, вакцинирани се вкупно 875.431 лице со барем една доза вакцина против КОВИД-19. Со две дози вакцинирани сe вкупно 856.460 лица.
Со една доза на вакцина против КОВИД, во државата и странство, вакцинирани се 59,5 проценти од населението над 18-годишна возраст, односно 55,1 отсто од населениетo над 12 годишна возраст, додека од вкупното население вакцинирани се 47,7 проценти, покажуваат податоците од ИЈЗ.
Опфатот со две дози на вакцина кај населението над 18-годишна возраст изнесува 58,2 проценти, односно 54 отсто кај населението над 12-годишна возраст. Опфатот со две дози кај вкупното население изнесува 46,6 проценти. Со трета доза се вакцинирани 11,1 проценти од населението над 18-годишна возраст, додека кај населението над 12-годишна возраст е 10,2 отсто. Опфатот со трета доза на вкупното население изнесува само 8,8 проценти.

The post 47,7 проценти од вкупното население во Македонија е вакцинирано против ковид-19 appeared first on Република.

]]>
Во Грција целосно вакцинирано 72 отсто од населението https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-grcija-celosno-vakcinirano-72-otsto-od-naselenieto/ Tue, 15 Mar 2022 10:11:15 +0000 https://republika.mk/?p=473054

Над седум и пол милиони Грци, односно 72 отсто од општото и 80,8 проценти од полнолетното население во земјата се целосно вакцинирани, додека пак од почетокот на процесот на имунизација во Грција аплицирани се 20.320.000 дози, согласно податоците што ги соопшти генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус, јави дописничката на МИА од Атина.

Со една доза, вакцинирано е 75 отсто од населението, а 1.640 лица ја примиле вакцината на Новавакс, која од пред десет дена е достапна во Грција.

Темистоклеус објасни дека се менува начинот на информирање за процесот на имунизација во земјата и повеќе нема да биде еднаш седмично како што беше пракса досега, туку ќе биде поретко и во случај да треба да се објави нешто ново.

Во однос на ситуацијата со пандемијата во Грција, во изминатите денови е регистриран зголемен број нови случаи на Ковид-19.

Вчера Националната организација за јавно здравје соопшти 22.694 новозаразени од 106.996 направени тестови, починаа 70 лица, а 364 пациенти се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници.

Од почетокот на пандемијата во Грција потврдени се 2.658.296 случаи на Ковид-19 и починаа вкупно 26.635 лица.

The post Во Грција целосно вакцинирано 72 отсто од населението appeared first on Република.

]]>

Над седум и пол милиони Грци, односно 72 отсто од општото и 80,8 проценти од полнолетното население во земјата се целосно вакцинирани, додека пак од почетокот на процесот на имунизација во Грција аплицирани се 20.320.000 дози, согласно податоците што ги соопшти генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус, јави дописничката на МИА од Атина. Со една доза, вакцинирано е 75 отсто од населението, а 1.640 лица ја примиле вакцината на Новавакс, која од пред десет дена е достапна во Грција. Темистоклеус објасни дека се менува начинот на информирање за процесот на имунизација во земјата и повеќе нема да биде еднаш седмично како што беше пракса досега, туку ќе биде поретко и во случај да треба да се објави нешто ново. Во однос на ситуацијата со пандемијата во Грција, во изминатите денови е регистриран зголемен број нови случаи на Ковид-19. Вчера Националната организација за јавно здравје соопшти 22.694 новозаразени од 106.996 направени тестови, починаа 70 лица, а 364 пациенти се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници. Од почетокот на пандемијата во Грција потврдени се 2.658.296 случаи на Ковид-19 и починаа вкупно 26.635 лица.

The post Во Грција целосно вакцинирано 72 отсто од населението appeared first on Република.

]]>
Вакцинираните имаат помал ризик од продолжен ковид, покажа британска студија https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vakciniranite-imaat-pomal-rizik-od-prodolzen-kovid-pokaza-britanska-studija/ Fri, 18 Feb 2022 10:03:21 +0000 https://republika.mk/?p=460324

Вакцинираните имаат помал ризик да развијат продолжен ковид ако се заразат со коронавирус, покажа британската анализа.

Експертите анализирале докази и податоци од 15 студии спроведени низ целиот свет.

Резултатите покажале дека вакцините значително го намалуваат ризикот од инфекции и тешки болести, вклучително и симптоми како што се замор.

Анализата, исто така, покажала дека невакцинираните лица кои се инфицираат со коронавирус и добиваат продолжен ковид, имаат многу подобри резултати ако потоа се вакцинираат.

Делови од студијата се фокусираат на ефектите од вакцинацијата пред и по инфекцијата и го откриле следново:

Луѓето заболени од ковид кои примиле две дози од „Фајзер“, „Астра Зенека“ или „Модерна“ или една доза од вакцината „Џонсон и Џонсон“, имаат двојно поголема веројатност да развијат симптоми на продолжен ковид кој трае повеќе од 28 дена, отколку луѓето кои примиле само една доза вакцина или воопшто не биле вакцинирани.

Вакцината беше најефикасна против продолжен ковид кај лица постари од 60 години.

Кај лицата кои се вакцинирани откако веќе се заразиле со ковид, се забележува дека вакцината ги ублажила и не ги влошила симптомите на ковид, ниту веднаш, ниту по неколку недели.

Луѓето кои страдаат од продолжен ковид најчесто наведуваат замор, отежнато дишење и болки во мускулите и зглобовите, пишува Би-би-си.

Ваквите симптоми може да траат повеќе од четири недели.

The post Вакцинираните имаат помал ризик од продолжен ковид, покажа британска студија appeared first on Република.

]]>

Вакцинираните имаат помал ризик да развијат продолжен ковид ако се заразат со коронавирус, покажа британската анализа. Експертите анализирале докази и податоци од 15 студии спроведени низ целиот свет. Резултатите покажале дека вакцините значително го намалуваат ризикот од инфекции и тешки болести, вклучително и симптоми како што се замор. Анализата, исто така, покажала дека невакцинираните лица кои се инфицираат со коронавирус и добиваат продолжен ковид, имаат многу подобри резултати ако потоа се вакцинираат. Делови од студијата се фокусираат на ефектите од вакцинацијата пред и по инфекцијата и го откриле следново:
Луѓето заболени од ковид кои примиле две дози од „Фајзер“, „Астра Зенека“ или „Модерна“ или една доза од вакцината „Џонсон и Џонсон“, имаат двојно поголема веројатност да развијат симптоми на продолжен ковид кој трае повеќе од 28 дена, отколку луѓето кои примиле само една доза вакцина или воопшто не биле вакцинирани. Вакцината беше најефикасна против продолжен ковид кај лица постари од 60 години. Кај лицата кои се вакцинирани откако веќе се заразиле со ковид, се забележува дека вакцината ги ублажила и не ги влошила симптомите на ковид, ниту веднаш, ниту по неколку недели. Луѓето кои страдаат од продолжен ковид најчесто наведуваат замор, отежнато дишење и болки во мускулите и зглобовите, пишува Би-би-си.
Ваквите симптоми може да траат повеќе од четири недели.

The post Вакцинираните имаат помал ризик од продолжен ковид, покажа британска студија appeared first on Република.

]]>
Во јануари починале шест лица вакцинирани со три дози, информира д-р Петличковски https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vo-januari-pochinale-shest-lica-vakcinirani-so-tri-dozi-informira-d-r-petlichkovski/ Thu, 10 Feb 2022 20:19:28 +0000 https://republika.mk/?p=456941

Шест лица коишто биле вакцинирани со по три дози починале од Ковид, ииформира новиот претседател на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличкoвски, во дневникот на ТВ Сител.

Според извештаите, во јануари, шестмина вакцинирани со три дози починале, од кои најмладиот е 48-годишен човек. Четворица од нив имале коморбидитети како карцином, дијабетес и нарушено здравје - изјави д-р Петличковски

Според него, постојат неколку причини зошто има висок број на починати од почетокот на пандемијата, а тоа е влошено здравје, недоволна имунизација, недостаток на медицински лица…

The post Во јануари починале шест лица вакцинирани со три дози, информира д-р Петличковски appeared first on Република.

]]>

Шест лица коишто биле вакцинирани со по три дози починале од Ковид, ииформира новиот претседател на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличкoвски, во дневникот на ТВ Сител.
Според извештаите, во јануари, шестмина вакцинирани со три дози починале, од кои најмладиот е 48-годишен човек. Четворица од нив имале коморбидитети како карцином, дијабетес и нарушено здравје - изјави д-р Петличковски
Според него, постојат неколку причини зошто има висок број на починати од почетокот на пандемијата, а тоа е влошено здравје, недоволна имунизација, недостаток на медицински лица…

The post Во јануари починале шест лица вакцинирани со три дози, информира д-р Петличковски appeared first on Република.

]]>
ИЈЗ: За една недела 10.000 нови ковид случаи, реинфекции имало 1.340, починале 147 лица https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ijz-za-edna-nedela-10-000-novi-kovid-sluchai-reinfekcii-imalo-1-340-pochinale-147-lica/ Tue, 08 Feb 2022 14:12:02 +0000 https://republika.mk/?p=455772

Последниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 31. јануари до 6 февруари
нотира 9.982 позитивни случаи на ковид-19 во државата, што е намалување од 16,2 отсто во однос на една недела претходно. Процентот на вкупно 33.421 материјали во лабораториите, што е намалување од 13,2 отсто за една недела.
Најголем дел од новите случаи се од Скопје (n=5.300; 53,0%), а највисока неделна инциденца е
регистрирана во Кавадарци – 1.069,1/100.000.
Процентот на позитивност се движи од 22,5% до 35,6%. Регистрирани се заболени лица од сите
возрасни групи. Најзастапени се оние на возраст над 60г (n=2.455, 24,6%) и од 30-39г (n=2.004, 20,1%).
Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9г (n=312; 3,1%).

Се забележува намалување на бројот на заболени кај скоро сите возрасни групи, со најзабележително намалување од 23,9 отсто кај возрасната група од 30-39г, додека зголемување се забележува кај групите од 0-9г со 21,4 отсто и над 10-19г со 16,5 отсто зголемување во однос на претходната недела“, стои во Извештајот на ИЈЗ.

Со статус „оздравени“ се стекнале 11.122 лице во хоспитализирани услови или на домашно
лекување, а пријавени се 1.340 реинфекции, со намалување за 14 отсто во однос на претходната
недела.

Смртни случаи имало 147 во 24 градови, 0,7 отсто помалку во однос на минатата недела, од кои 51 во Скопје. Најголем број (n=137; 93,2%) од починатите биле над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (7), 40- 49 години (1) и 30-39 години (2).
За една година, односно од 17.02.2021 кога започна вакцинацијата против ковид-19, заклучно со
06.02.2022, вакцинирани се вкупно 867.529 лица со барем една доза на вакцина.

Комплетно вакцинирани ( со две дози) се вкупно 845.121 лица, а со трета доза 132.488 вакцинирани.

The post ИЈЗ: За една недела 10.000 нови ковид случаи, реинфекции имало 1.340, починале 147 лица appeared first on Република.

]]>

Последниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 31. јануари до 6 февруари нотира 9.982 позитивни случаи на ковид-19 во државата, што е намалување од 16,2 отсто во однос на една недела претходно. Процентот на вкупно 33.421 материјали во лабораториите, што е намалување од 13,2 отсто за една недела. Најголем дел од новите случаи се од Скопје (n=5.300; 53,0%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци – 1.069,1/100.000. Процентот на позитивност се движи од 22,5% до 35,6%. Регистрирани се заболени лица од сите возрасни групи. Најзастапени се оние на возраст над 60г (n=2.455, 24,6%) и од 30-39г (n=2.004, 20,1%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9г (n=312; 3,1%).
Се забележува намалување на бројот на заболени кај скоро сите возрасни групи, со најзабележително намалување од 23,9 отсто кај возрасната група од 30-39г, додека зголемување се забележува кај групите од 0-9г со 21,4 отсто и над 10-19г со 16,5 отсто зголемување во однос на претходната недела“, стои во Извештајот на ИЈЗ.
Со статус „оздравени“ се стекнале 11.122 лице во хоспитализирани услови или на домашно лекување, а пријавени се 1.340 реинфекции, со намалување за 14 отсто во однос на претходната недела. Смртни случаи имало 147 во 24 градови, 0,7 отсто помалку во однос на минатата недела, од кои 51 во Скопје. Најголем број (n=137; 93,2%) од починатите биле над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (7), 40- 49 години (1) и 30-39 години (2). За една година, односно од 17.02.2021 кога започна вакцинацијата против ковид-19, заклучно со 06.02.2022, вакцинирани се вкупно 867.529 лица со барем една доза на вакцина. Комплетно вакцинирани ( со две дози) се вкупно 845.121 лица, а со трета доза 132.488 вакцинирани.

The post ИЈЗ: За една недела 10.000 нови ковид случаи, реинфекции имало 1.340, починале 147 лица appeared first on Република.

]]>
Рекорден број заразени со ковид, 2.341 од 6.139 теста, починаа 26 лица, осум биле целосно вакцинирани https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/rekorden-broj-zarazeni-so-kovid-2-341-od-6-139-testa-pochinaa-26-lica-osum-bile-celosno-vakcinirani/ Tue, 25 Jan 2022 17:26:57 +0000 https://republika.mk/?p=449380

Вкупно 26 лица починаа од компликации од ковид-19, од кои осум се целосно вакцинирани, а кај 23 се регистрирани коморбидитети, и уште 2.341 заразени од 6.193 тестови соопшти Министерството за здравство. Од вкупниот број нови позитивни, 308 се реинфекции, од кои една втора реинфекција.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 21 починато лице: 10 починати лица од Скопје (51г, 68г, 73г, 76г, 78г, 78г, 78г, 86г, 91г и 95г), по 2 починати од Тетово (66г и 79г), Велес (74г и 83г) и по едно починато лице од Гевгелија (82г), Кавадарци (52г), Крива Паланка (74г), Куманово (81г), Македоснка Каменица (88г), Охрид (74г) и Струмица (57г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице, од Штип (83г), со датум на смрт на 19.01.2022г. во болнички услови.
Дополнително од страна на ОБ Гевгелија пријавени се 4 лица (по две лица од Дојран и Гевгелија). Починатите лица се на возраст од 74 – 91г. Починати во претходните две недели. Сите се починати во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица (n=26), осум лица се целосно вакцинирани, а кај 23 се регистрирани коморбидитети.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 6.193 тестови, а регистрирани се 2.341 нов случај на КОВИД-19:
Скопје – 1.146, Битола – 185, Кавадарци – 115, Куманово – 101, Велес – 92, Тетово – 74, Прилеп – 72, Гевгелија – 65, Гостивар – 49, Кичево – 45, Охрид и Неготино – по 43, Валандово – 31, Радовиш – 29, Ресен – 28, Кочани – 27, Струмица и Струга - по 25, Штип – 20, Делчево – 17, Свети Николе – 16, Богданци – 15, Виница – 10, Крива Паланка, Берово и Демир Капија - по 9, Демир Хисар – 8, Кратово и Пехчево – по 6, Македонски Брод и Македонска Камница – по 5, Крушево – 4, Пробиштип – 3, Дебар и Дојран – по 2.

Од вкупниот број на позитивни (2.341), регистрирани се 308 реинфекции, од кои една втора реинфекција.

Регистрирани сe 1.470 оздравени пациенти од: Скопје – 768, Битола - 115, Прилеп – 98, Куманово – 82, Струмица – 55, Велес – 40, Тетово – 34, Кавадарци – 33, Гостивар – 27, Штип и Крива Паланка – по 26, Кичево – 22, Кочани – 20, Свети Николе – 18, Неготино – 15, Гевгелија и Ресен – по 14, Радовиш – 13, Делчево и Крушево – по 10, Пробиштип -6, Виница и Демир Хисар – по 5, Валандово и Богданци – по 4, Кратово и Македонски Брод – по 2, Охрид и Демир Капија – по 1.

Направени се 6.193 тестови преку: ИЈЗ-583, ЦЈЗ Скопје-90, ЦЈЗ Битола-108, ЦЈЗ Прилеп-55, ЦЈЗ Тетово–16, ЦЈЗ Куманово-87, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-15, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–7, Жан Митрев (Филип Втори)-187, Авицена-245, Биотек-368, Систина-149, лабораторија Лаор-160, Синлаб-59, Ремедика-25, Плодност-102, Генеа-28, Никоб Лаб-314, ВФВ Медикал-92, Ели Медика-81, Ројал Медика–35, Спектра-ММ-41, Рапид Лаб–24, Жан Митрев Струмица–20, Нова Лаб Дијагностика–10, Рамус-52, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.236.

Досега во земјата се направени вкупно 1.755.926 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 259.328, бројот на оздравени пациенти е 230.206, на починати е 8.266, а бројот на активни случаи изнесува 20.856.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 117574, Активни 11390
Куманово 14425, Активни 736
Прилеп 12455, Активни 754
Битола 12222, Активни 1613
Тетово 12089, Активни 492
Гостивар 8596, Активни 323
Кавадарци 8508, Активни 627
Велес 8218, Активни 409
Охрид 7753, Активни 682
Штип 7363, Активни 311
Струмица 6967, Активни 448
Кичево 4827, Активни 297
Кочани 4500, Активни 217
Струга 4278, Активни 268
Гевгелија 3587, Активни 404
Неготино 3014, Активни 228
Свети Николе 2353, Активни 112
Ресен 2260, Активни 231
Радовиш 2148, Активни 179
Крива Паланка 2142, Активни 107
Делчево 1704, Активни 159
Берово 1614, Активни 95
Дебар 1492, Активни 22
Валандово 1302, Активни 164
Виница 1259, Активни 49
Пробиштип 1238, Активни 39
Кратово 865, Активни 59
Богданци 823, Активни 83
Крушево 806, Активни 130
Демир Хисар 754, Активни 72
Македонски Брод 616, Активни 37
Македонска Каменица 486, Активни 45
Демир Капија 476, Активни 29
Пехчево 410, Активни 31
Дојран 204, Активни 14

The post Рекорден број заразени со ковид, 2.341 од 6.139 теста, починаа 26 лица, осум биле целосно вакцинирани appeared first on Република.

]]>

Вкупно 26 лица починаа од компликации од ковид-19, од кои осум се целосно вакцинирани, а кај 23 се регистрирани коморбидитети, и уште 2.341 заразени од 6.193 тестови соопшти Министерството за здравство. Од вкупниот број нови позитивни, 308 се реинфекции, од кои една втора реинфекција. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 21 починато лице: 10 починати лица од Скопје (51г, 68г, 73г, 76г, 78г, 78г, 78г, 86г, 91г и 95г), по 2 починати од Тетово (66г и 79г), Велес (74г и 83г) и по едно починато лице од Гевгелија (82г), Кавадарци (52г), Крива Паланка (74г), Куманово (81г), Македоснка Каменица (88г), Охрид (74г) и Струмица (57г). Пријавените лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице, од Штип (83г), со датум на смрт на 19.01.2022г. во болнички услови. Дополнително од страна на ОБ Гевгелија пријавени се 4 лица (по две лица од Дојран и Гевгелија). Починатите лица се на возраст од 74 – 91г. Починати во претходните две недели. Сите се починати во болнички услови. Од вкупниот број на починати лица (n=26), осум лица се целосно вакцинирани, а кај 23 се регистрирани коморбидитети. Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 6.193 тестови, а регистрирани се 2.341 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 1.146, Битола – 185, Кавадарци – 115, Куманово – 101, Велес – 92, Тетово – 74, Прилеп – 72, Гевгелија – 65, Гостивар – 49, Кичево – 45, Охрид и Неготино – по 43, Валандово – 31, Радовиш – 29, Ресен – 28, Кочани – 27, Струмица и Струга - по 25, Штип – 20, Делчево – 17, Свети Николе – 16, Богданци – 15, Виница – 10, Крива Паланка, Берово и Демир Капија - по 9, Демир Хисар – 8, Кратово и Пехчево – по 6, Македонски Брод и Македонска Камница – по 5, Крушево – 4, Пробиштип – 3, Дебар и Дојран – по 2. Од вкупниот број на позитивни (2.341), регистрирани се 308 реинфекции, од кои една втора реинфекција. Регистрирани сe 1.470 оздравени пациенти од: Скопје – 768, Битола - 115, Прилеп – 98, Куманово – 82, Струмица – 55, Велес – 40, Тетово – 34, Кавадарци – 33, Гостивар – 27, Штип и Крива Паланка – по 26, Кичево – 22, Кочани – 20, Свети Николе – 18, Неготино – 15, Гевгелија и Ресен – по 14, Радовиш – 13, Делчево и Крушево – по 10, Пробиштип -6, Виница и Демир Хисар – по 5, Валандово и Богданци – по 4, Кратово и Македонски Брод – по 2, Охрид и Демир Капија – по 1. Направени се 6.193 тестови преку: ИЈЗ-583, ЦЈЗ Скопје-90, ЦЈЗ Битола-108, ЦЈЗ Прилеп-55, ЦЈЗ Тетово–16, ЦЈЗ Куманово-87, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-15, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–7, Жан Митрев (Филип Втори)-187, Авицена-245, Биотек-368, Систина-149, лабораторија Лаор-160, Синлаб-59, Ремедика-25, Плодност-102, Генеа-28, Никоб Лаб-314, ВФВ Медикал-92, Ели Медика-81, Ројал Медика–35, Спектра-ММ-41, Рапид Лаб–24, Жан Митрев Струмица–20, Нова Лаб Дијагностика–10, Рамус-52, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.236. Досега во земјата се направени вкупно 1.755.926 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 259.328, бројот на оздравени пациенти е 230.206, на починати е 8.266, а бројот на активни случаи изнесува 20.856. Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно) Скопје 117574, Активни 11390 Куманово 14425, Активни 736 Прилеп 12455, Активни 754 Битола 12222, Активни 1613 Тетово 12089, Активни 492 Гостивар 8596, Активни 323 Кавадарци 8508, Активни 627 Велес 8218, Активни 409 Охрид 7753, Активни 682 Штип 7363, Активни 311 Струмица 6967, Активни 448 Кичево 4827, Активни 297 Кочани 4500, Активни 217 Струга 4278, Активни 268 Гевгелија 3587, Активни 404 Неготино 3014, Активни 228 Свети Николе 2353, Активни 112 Ресен 2260, Активни 231 Радовиш 2148, Активни 179 Крива Паланка 2142, Активни 107 Делчево 1704, Активни 159 Берово 1614, Активни 95 Дебар 1492, Активни 22 Валандово 1302, Активни 164 Виница 1259, Активни 49 Пробиштип 1238, Активни 39 Кратово 865, Активни 59 Богданци 823, Активни 83 Крушево 806, Активни 130 Демир Хисар 754, Активни 72 Македонски Брод 616, Активни 37 Македонска Каменица 486, Активни 45 Демир Капија 476, Активни 29 Пехчево 410, Активни 31 Дојран 204, Активни 14

The post Рекорден број заразени со ковид, 2.341 од 6.139 теста, починаа 26 лица, осум биле целосно вакцинирани appeared first on Република.

]]>
21 починат денеска, од нив 10 вакцинирани, новозаразени 1.913 https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/21-pochinat-deneska-od-niv-10-vakcinirani-novozarazeni-1-913/ Sat, 22 Jan 2022 21:45:24 +0000 https://republika.mk/?p=448243

21 починати денеска од ковид, од кои 10 вакцнирани, и уште 1.913 заразени од 7.219 тестови се регистрирани за 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Од вкупниот број нови позитивни, 243 се реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 16 починати лица: 6 починати лица од Скопје (61г, 67г, 78г, 83г, 89 и 89г), 3 од Струмица (70г, 79г и 80г,) по 2 починати од Охрид (69г и 85г) и Прилеп (84г и 84г) и по едно починато лице од Битола (80г), Гевгелија (64г) и Кочани (79г). Пријавените лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се пет починати лица, по едно починато лице од Скопје, Гостивар, Битола, Куманово и Пробиштип на возраст од 67г до 88г. Пријавените се починати во период од 6.01.2022 до 19.01.2022г. Сите пријавени се починати во домашни услови.

Новозаразените се во Скопје – 888, Битола – 148, Кавадарци – 111, Куманово – 83, Велес – 72, Охрид – 59,Тетово – 58, Прилеп – 51, Штип – 50, Струмица – 44, Гевгелија – 38, Кичево- 34, Гостивар и Неготино – по 31, Струга -30, Делчево – 26, Кочани – 24, Ресен – 23, Радовиш и Валандово – по 19, Свети Николе и Богданци – по 9, Крива Паланка, Виница, Крушево и Македонска Каменица – по 7, Пробиштип и Демир Хисар – по 6, Берово и Кратово – по 5, Пехчево – 4, Македонски Брод – 2.

Регистрирани сe 1.353 оздравени пациенти од: Скопје – 674, Битола – 114, Прилеп – 94, Куманово – 71, Кавадарци – 48, Велес – 41, Кичево– 35, Штип – 30, Гевгелија – 29, Охрид- 28, Кочани – 25, Радовиш – 24, Неготино – 21, Струга – 18, Гостивар – 17, Делчево – 14, Ресен -12, Крушево – 11, Струмица – 10, Пробиштип – 9, Свети Николе – 7, Македонски Брод – 5, Демир Капија – 4, Тетово, Македонска Каменица, Демир Хисар и Берово – по 2, Богданци , Виница, Пехчево и Дојран – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 1.741.085 тестирања на ковид-19. Вкупно дијагностицирани досега се 254.857, од кои оздравеа 226.409, починаа 8.198, а активни се 20.250 болни.

The post 21 починат денеска, од нив 10 вакцинирани, новозаразени 1.913 appeared first on Република.

]]>

21 починати денеска од ковид, од кои 10 вакцнирани, и уште 1.913 заразени од 7.219 тестови се регистрирани за 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Од вкупниот број нови позитивни, 243 се реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 16 починати лица: 6 починати лица од Скопје (61г, 67г, 78г, 83г, 89 и 89г), 3 од Струмица (70г, 79г и 80г,) по 2 починати од Охрид (69г и 85г) и Прилеп (84г и 84г) и по едно починато лице од Битола (80г), Гевгелија (64г) и Кочани (79г). Пријавените лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се пет починати лица, по едно починато лице од Скопје, Гостивар, Битола, Куманово и Пробиштип на возраст од 67г до 88г. Пријавените се починати во период од 6.01.2022 до 19.01.2022г. Сите пријавени се починати во домашни услови. Новозаразените се во Скопје – 888, Битола – 148, Кавадарци – 111, Куманово – 83, Велес – 72, Охрид – 59,Тетово – 58, Прилеп – 51, Штип – 50, Струмица – 44, Гевгелија – 38, Кичево- 34, Гостивар и Неготино – по 31, Струга -30, Делчево – 26, Кочани – 24, Ресен – 23, Радовиш и Валандово – по 19, Свети Николе и Богданци – по 9, Крива Паланка, Виница, Крушево и Македонска Каменица – по 7, Пробиштип и Демир Хисар – по 6, Берово и Кратово – по 5, Пехчево – 4, Македонски Брод – 2.
Регистрирани сe 1.353 оздравени пациенти од: Скопје – 674, Битола – 114, Прилеп – 94, Куманово – 71, Кавадарци – 48, Велес – 41, Кичево– 35, Штип – 30, Гевгелија – 29, Охрид- 28, Кочани – 25, Радовиш – 24, Неготино – 21, Струга – 18, Гостивар – 17, Делчево – 14, Ресен -12, Крушево – 11, Струмица – 10, Пробиштип – 9, Свети Николе – 7, Македонски Брод – 5, Демир Капија – 4, Тетово, Македонска Каменица, Демир Хисар и Берово – по 2, Богданци , Виница, Пехчево и Дојран – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 1.741.085 тестирања на ковид-19. Вкупно дијагностицирани досега се 254.857, од кои оздравеа 226.409, починаа 8.198, а активни се 20.250 болни.

The post 21 починат денеска, од нив 10 вакцинирани, новозаразени 1.913 appeared first on Република.

]]>
Израел планира да ги отвори границите за некои вакцинирани туристи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izrael-planira-da-gi-otvori-granicite-za-nekoi-vakcinirani-turisti/ Mon, 03 Jan 2022 14:40:04 +0000 https://republika.mk/?p=440083

Израелското Министерство за здравство денеска соопшти дека од 9 јануари ќе им дозволи на целосно вакцинирани туристи од одредени земји да влезат во Израел, со што ќе се стави крај на речиси општата забрана за пристигнување на лица кои не се државјани.

На странските туристи кои не биле вакцинирани или не прележале Ковид-19 и понатаму им е забранет влез во еврејската држава.

На посетителите од земјите означени од министерството како „црвени“ сè уште им е забрането да доаѓаат.

Израел ги отвори своите граници за странски туристи на почетокот на ноември за првпат од почетокот на пандемијата, но им забрани на странците да пристигнуваат подоцна истиот месец во обид да го забави ширењето на новата, многу заразна варијанта омикрон.

Врз основа на денешната препорака, Канада, Франција, Јужна Африка, Унгарија, Нигерија, Шпанија и Португалија се отстранети од списокот на таканаречените „црвени земји“, додека влезот сè уште е забранет за туристи од Велика Британија и од САД.

The post Израел планира да ги отвори границите за некои вакцинирани туристи appeared first on Република.

]]>

Израелското Министерство за здравство денеска соопшти дека од 9 јануари ќе им дозволи на целосно вакцинирани туристи од одредени земји да влезат во Израел, со што ќе се стави крај на речиси општата забрана за пристигнување на лица кои не се државјани. На странските туристи кои не биле вакцинирани или не прележале Ковид-19 и понатаму им е забранет влез во еврејската држава. На посетителите од земјите означени од министерството како „црвени“ сè уште им е забрането да доаѓаат. Израел ги отвори своите граници за странски туристи на почетокот на ноември за првпат од почетокот на пандемијата, но им забрани на странците да пристигнуваат подоцна истиот месец во обид да го забави ширењето на новата, многу заразна варијанта омикрон. Врз основа на денешната препорака, Канада, Франција, Јужна Африка, Унгарија, Нигерија, Шпанија и Португалија се отстранети од списокот на таканаречените „црвени земји“, додека влезот сè уште е забранет за туристи од Велика Британија и од САД.

The post Израел планира да ги отвори границите за некои вакцинирани туристи appeared first on Република.

]]>