вакциниање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vakcinianje/ За подобро да се разбереме Thu, 23 Nov 2023 12:41:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вакциниање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vakcinianje/ 32 32 Зголемен интерес за вакцинирање против сезонски грип во Центарот за јавно здравје – Кочани https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/zgolemen-interes-za-vaktsinirane-protiv-sezonski-grip-vo-tsentarot-za-javno-zdravje-kochani/ Thu, 23 Nov 2023 12:41:57 +0000 https://republika.mk/?p=715532

Зголемен интерес за вакцинирање против сезонски грип бележи Центарот за јавно здравје од Кочани меѓу граѓаните од ризичните групи, за кои се обезбедени бесплатни вакцини.

На пунктот во Кочани просечно дневно вакцина примаат по околу сто лица над 65 години, лица со хронични заболувања, бремени жени и деца до петгодишна возраст. Овој број е двојно поголем заедно со лицата опфатени со имунизација што се спроведува и во пунктовите во Виница, Берово, Пехчево и Делчево, а кои се под надлежност на кочанскиот Центар за јавно здравје.

По само еден месец од почетокот на имунизацијата, за бесплатната вакцина наменета за ризичните групи досега се пријавија околу 1.900 лица. Очекуваме годинава да има близу шест илјади аплицирани вакцини против сезонски грип, во однос на лани кога имаше над три ипол илјади. Дополнително на овој број треба да се додаде дека можноста за превентивна заштита со комерцијални вакцини ќе ја искористат и неколку стотини граѓани кои не се во субвенционираните категории, истакна Гоце Серафимов, директор на Центарот за јавно здравје во Кочани.

Електронското пријавување за вакцинирање против сезонски грип сè уште трае, а заинтересираните граѓани можат да се регистираат на порталот vakcinacija.mk преку системот Мој Термин.

Имунизацијата се спроведува со четиривалентна вакцина, одобрена од Светската здравствена организација, а е наменета за заштита од одредени типови грип што претходната година биле доминантни.

The post Зголемен интерес за вакцинирање против сезонски грип во Центарот за јавно здравје – Кочани appeared first on Република.

]]>

Зголемен интерес за вакцинирање против сезонски грип бележи Центарот за јавно здравје од Кочани меѓу граѓаните од ризичните групи, за кои се обезбедени бесплатни вакцини. На пунктот во Кочани просечно дневно вакцина примаат по околу сто лица над 65 години, лица со хронични заболувања, бремени жени и деца до петгодишна возраст. Овој број е двојно поголем заедно со лицата опфатени со имунизација што се спроведува и во пунктовите во Виница, Берово, Пехчево и Делчево, а кои се под надлежност на кочанскиот Центар за јавно здравје.
По само еден месец од почетокот на имунизацијата, за бесплатната вакцина наменета за ризичните групи досега се пријавија околу 1.900 лица. Очекуваме годинава да има близу шест илјади аплицирани вакцини против сезонски грип, во однос на лани кога имаше над три ипол илјади. Дополнително на овој број треба да се додаде дека можноста за превентивна заштита со комерцијални вакцини ќе ја искористат и неколку стотини граѓани кои не се во субвенционираните категории, истакна Гоце Серафимов, директор на Центарот за јавно здравје во Кочани.
Електронското пријавување за вакцинирање против сезонски грип сè уште трае, а заинтересираните граѓани можат да се регистираат на порталот vakcinacija.mk преку системот Мој Термин. Имунизацијата се спроведува со четиривалентна вакцина, одобрена од Светската здравствена организација, а е наменета за заштита од одредени типови грип што претходната година биле доминантни.

The post Зголемен интерес за вакцинирање против сезонски грип во Центарот за јавно здравје – Кочани appeared first on Република.

]]>