вакцини Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vakcini/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Feb 2024 11:30:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вакцини Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vakcini/ 32 32 Интересирањето за вакцинирање се зголеми откако се најави дека нема да се примаат деца во градинки кои не се имунизирани https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/interesiraneto-za-vaktsinirane-se-zgolemi-otkako-se-najavi-deka-nema-da-se-primaat-detsa-vo-gradinki-koi-ne-se-imunizirani/ Fri, 09 Feb 2024 11:30:59 +0000 https://republika.mk/?p=742185

Зголемен е интересот за вакцинирање по зголемениот број случаи со голема кашлица, а најавено е и двосменско работење и работа в сабота, информираа денеска во Вакциналниот пункт „Букурешт“ во Скопје.

Оттаму наведуваат дека по зголемениот број случаи со голема кашлица, од утрово зголемен е бројот на пациенти. Пред сѐ, пациенти - дечиња поголеми од три години, кои ги пропуштиле дозите од редовна вакцина, според календарот за вакцинација.

Од утрово до 11 часот имавме околу 60 дечиња вакцинирано. Ако вообичаено бројките на дневно ниво ни се меѓу 20 и 30, денеска и тоа засега, бројката ни е двојно поголема. Тука е нели стравот на родителите, но и мерката за забрана во градинките за невакцинираните, изјави Сања Цилевска Младеновска, доктор педијатар.

Доктор Бети Гелејчевска Илковска појасни дека пред да ги вакцинираат децата, родителите најчесто прашуваат зошто да се примаат вакцините во толку рана возраст, кој е производителот на вакцините, кои се несаканите реакции од примената вакцина.

Силвана Миркоска, главна сестра, информираше дека штотуку ги добиле насоките од Министерството за здравство, започнување со работа во две смени и работа во сабота.

 

The post Интересирањето за вакцинирање се зголеми откако се најави дека нема да се примаат деца во градинки кои не се имунизирани appeared first on Република.

]]>

Зголемен е интересот за вакцинирање по зголемениот број случаи со голема кашлица, а најавено е и двосменско работење и работа в сабота, информираа денеска во Вакциналниот пункт „Букурешт“ во Скопје. Оттаму наведуваат дека по зголемениот број случаи со голема кашлица, од утрово зголемен е бројот на пациенти. Пред сѐ, пациенти - дечиња поголеми од три години, кои ги пропуштиле дозите од редовна вакцина, според календарот за вакцинација.
Од утрово до 11 часот имавме околу 60 дечиња вакцинирано. Ако вообичаено бројките на дневно ниво ни се меѓу 20 и 30, денеска и тоа засега, бројката ни е двојно поголема. Тука е нели стравот на родителите, но и мерката за забрана во градинките за невакцинираните, изјави Сања Цилевска Младеновска, доктор педијатар.
Доктор Бети Гелејчевска Илковска појасни дека пред да ги вакцинираат децата, родителите најчесто прашуваат зошто да се примаат вакцините во толку рана возраст, кој е производителот на вакцините, кои се несаканите реакции од примената вакцина. Силвана Миркоска, главна сестра, информираше дека штотуку ги добиле насоките од Министерството за здравство, започнување со работа во две смени и работа во сабота.  

The post Интересирањето за вакцинирање се зголеми откако се најави дека нема да се примаат деца во градинки кои не се имунизирани appeared first on Република.

]]>
Се расчистуваат вакциналните картони на бебињата и се повикуваат оние кои не се вакцинирале со „Ди-те-пер“ по двата случаи на голема кашлица, рече Меџити https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/se-raschistuvaat-vaktsinalnite-kartoni-na-bebinata-i-se-povikuvaat-onie-koi-ne-se-vaktsinirale-so-di-te-per-po-dvata-sluchai-na-golema-kashlitsa-reche-medhiti/ Thu, 11 Jan 2024 12:27:32 +0000 https://republika.mk/?p=731924

Од вчера е дадена наредба да се расчистат сите вакцинални картони на бебињата, за да можат да се повикаат оние кои досега не се вакцинирале со „Ди-те-пер“, по двата случаи на голема кашлица кои се појавија годинава во Македонија.

За само неколку дена има два неповрзани случаи на голема кашлица. Едниот случај е од Кичево, а вториот случај е шестмесечно бебе од Скопје кое веќе е хоспитализирано во „Козле“. И двете се невакцинирани со Ди-Те-Пер.

Вакцината за заштита од дифтерија, тетанус и пертусус (голема кашлца) најпрво се прима на три и пол месеци, па на шест. Потоа следува ревакцинација на 18 месеци, на 4 годин , на 7 години и последната ревакцинација на 14 години.

Крајно време е да се смени тој ментален склоп кај нас, нашата иднина се нашите деца. Секое вакцинирање значи спас на живот или утре тоа дете да не добие некоја болест. Ќе апелирам за доброто на децата, да превенираме некои работи, затоа што имаме доволен број на вакцини. Спремни сме во тој поглед. Апелирам до сите родители, ги молиме како министерство за здравство, и јас лично да се вакцинираат. Секое вакцинирање значи спас на живот, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, кој присустуваше на отворањето на реновираната операциона сала на Клиниката за ортопедски болести.

Министерот кажа дека нема да има дефицит на лекови за онколошките пациенти, а во однос на тоа дали е распишан тендерот рече дека не знае во моментот.

Ако има некој дефицит на некоја материја веднаш ќе излеземе пред вас и ќе кажеме. Но секогаш постојат замени, додаде министерот.

Во однос на мерките против пушењето министерот извести дека до крајот на месецот ќе се потпише меморандум, а конкретните мерки ќе се знаат по потпишувањето.

Како што кажав не ние, туку како Западен Балкан, ќе бидеме принудени да потпишеме меморандум и ќе мораме сите да се придржуваме. Кога ќе дојде до некоја болест, лекувањето е многу скапо. Повикувам сите да ги почитуваат систематските прегледи. Со ова ќе се намали бројот на овие злочудни заболувања. Кои ќе бидат конкретните мерки ќе знаеме по потпишувањето на меморандумот. Ова ќе треба сите заедно, инспекции и министерства, заедно да се организираме. Ова е токсично, ова е отров и од ова треба да се одвикнеме“, објасни министерот.

https://republika.mk/zivot/zdravje/komisijata-za-zarazni-bolesti-zasega-nema-da-zasedava-upaten-apel-detsata-da-se-vaktsiniraat/

https://republika.mk/zivot/zdravje/od-slednata-godina-i-momchinata-da-vaktsiniraat-protiv-hpv-virusot-predlaga-komisijata-za-imunizatsija-koja-odobri-i-19-godishni-devojki-da-se-vaktsiniraat/

https://republika.mk/zivot/zdravje/se-somnevaat-vo-vaktsinite-a-nikoj-ne-prashuva-kakov-e-kvalitetot-na-vaktsina-za-zholta-treska-bidejki-treba-na-maldivi-da-se-patuva-veli-prof-d-r-grozdanova/

The post Се расчистуваат вакциналните картони на бебињата и се повикуваат оние кои не се вакцинирале со „Ди-те-пер“ по двата случаи на голема кашлица, рече Меџити appeared first on Република.

]]>

Од вчера е дадена наредба да се расчистат сите вакцинални картони на бебињата, за да можат да се повикаат оние кои досега не се вакцинирале со „Ди-те-пер“, по двата случаи на голема кашлица кои се појавија годинава во Македонија. За само неколку дена има два неповрзани случаи на голема кашлица. Едниот случај е од Кичево, а вториот случај е шестмесечно бебе од Скопје кое веќе е хоспитализирано во „Козле“. И двете се невакцинирани со Ди-Те-Пер. Вакцината за заштита од дифтерија, тетанус и пертусус (голема кашлца) најпрво се прима на три и пол месеци, па на шест. Потоа следува ревакцинација на 18 месеци, на 4 годин , на 7 години и последната ревакцинација на 14 години.
Крајно време е да се смени тој ментален склоп кај нас, нашата иднина се нашите деца. Секое вакцинирање значи спас на живот или утре тоа дете да не добие некоја болест. Ќе апелирам за доброто на децата, да превенираме некои работи, затоа што имаме доволен број на вакцини. Спремни сме во тој поглед. Апелирам до сите родители, ги молиме како министерство за здравство, и јас лично да се вакцинираат. Секое вакцинирање значи спас на живот, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, кој присустуваше на отворањето на реновираната операциона сала на Клиниката за ортопедски болести.
Министерот кажа дека нема да има дефицит на лекови за онколошките пациенти, а во однос на тоа дали е распишан тендерот рече дека не знае во моментот.
Ако има некој дефицит на некоја материја веднаш ќе излеземе пред вас и ќе кажеме. Но секогаш постојат замени, додаде министерот.
Во однос на мерките против пушењето министерот извести дека до крајот на месецот ќе се потпише меморандум, а конкретните мерки ќе се знаат по потпишувањето.
Како што кажав не ние, туку како Западен Балкан, ќе бидеме принудени да потпишеме меморандум и ќе мораме сите да се придржуваме. Кога ќе дојде до некоја болест, лекувањето е многу скапо. Повикувам сите да ги почитуваат систематските прегледи. Со ова ќе се намали бројот на овие злочудни заболувања. Кои ќе бидат конкретните мерки ќе знаеме по потпишувањето на меморандумот. Ова ќе треба сите заедно, инспекции и министерства, заедно да се организираме. Ова е токсично, ова е отров и од ова треба да се одвикнеме“, објасни министерот.
https://republika.mk/zivot/zdravje/komisijata-za-zarazni-bolesti-zasega-nema-da-zasedava-upaten-apel-detsata-da-se-vaktsiniraat/ https://republika.mk/zivot/zdravje/od-slednata-godina-i-momchinata-da-vaktsiniraat-protiv-hpv-virusot-predlaga-komisijata-za-imunizatsija-koja-odobri-i-19-godishni-devojki-da-se-vaktsiniraat/ https://republika.mk/zivot/zdravje/se-somnevaat-vo-vaktsinite-a-nikoj-ne-prashuva-kakov-e-kvalitetot-na-vaktsina-za-zholta-treska-bidejki-treba-na-maldivi-da-se-patuva-veli-prof-d-r-grozdanova/

The post Се расчистуваат вакциналните картони на бебињата и се повикуваат оние кои не се вакцинирале со „Ди-те-пер“ по двата случаи на голема кашлица, рече Меџити appeared first on Република.

]]>
Грција ќе ги избрише казните за невакцинираните, министерот со апел до граѓаните да се имунизираат против ковид-19 https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grtsija-ke-gi-izbrishe-kaznite-za-nevaktsiniranite-ministerot-so-apel-do-graganite-da-se-imuniziraat-protiv-kovid-19/ Wed, 10 Jan 2024 12:46:02 +0000 https://republika.mk/?p=731577

На важноста на вакцинацијата од грип и Ковид-19 се осврна министерот за здравство на Грција Адонис Георгиадис на денешната вонредна прес-конференција, а паралелно соопшти бришење на паричните казни за невакцинираните граѓани над 60-годишна возраст, изречени на почетокот на процесот на имунизација, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за здравство, неговата заменичка, Ирини Агапидаки, претседателот на Националната организација за јавно здравје Христос Хаѕихристодулу и професорката по пулмологија Анастасиа Котаниду, одржаа вонредна прес-конференција поврзана со инфекциите на респираторниот системи и истакнаа дека вакцината против Ковид-19 сега веќе е годишна вакцина, исто како и за грипот, а мнозинството од оние кои починале, биле невакцинирани.

Георгиадис соопшти дека ќе се користат сите канали за вакцинација на граѓаните, а нивната намера е имунизацијата против Ковид-19, доколку постои можност, да се врши и во аптеките, како што е случај со вакцината против грип.

Посочи дека на почетокот на имунизацијата, поради реакциите „се поделивме на ваксери и антиваксери, се каравме“, но потенцираше дека денеска раководството на Министерството за здравство, едногласно одлучило дека „овој период на идеолошки, политички конфликт за вакцините дојде време да заврши“.

Во рамките на помирувањето и на завршувањето на меѓусебниот конфликт, донесовме одлука со заменик-министерката, ѝ препорачавме на Владата и барањето беше прифатено да доставиме законска регулатива за да ги избришеме казните за повозрасните, кои беа казнети за време на пандемијата. Подаваме маслиново гранче кон оној дел од општеството што имаше толку силни реакции. Вакцинацијата не може да се спроведе со сила, туку треба да се направи затоа што е потребна, истакна Георгиадис.

Пред точно две години, во јануари 2022 година стапи во сила одлуката за задолжителна вакцинација на лицата над 60 години, а за невакцинираните, предвидена беше казна од 100 евра месечно.

Министерот за здравство на Грција објасни дека вакцината против Ковид-19, не е ништо повеќе од уште една од многуте вакцини што ги примаме во текот на животот, најави дека Министерството за здравство ќе спроведе голема кампања за да го убеди „и најскептичниот граѓанин за важноста на вакцинацијата за јавното здравје“, со цел да се зголеми имунизациската покриеност.

Заменик-министерката за здравство соопшти дека во земјата работат 657 центри за вакцинација, 210.000 граѓани се вакцинирале против Ковид-19, а закажани се 60.000 закажани термини.

Професорката Котаниду објасни дека засега, притисокот врз здравствениот систем е мал и посочи дека од 90 пациенти хоспитализирани на интензивна нега, само двајца се вакцинирани.

За ситуацијата со Ковид-19 во земјата, претседателот на Националната организација за јавно здравје на Грција, објасни дека состојбата се стабилизира, за една до две седмици ќе биде достигнат пикот и посочи дека од 1.028 почнати од септември до сега само двајца биле вакцинирани.

The post Грција ќе ги избрише казните за невакцинираните, министерот со апел до граѓаните да се имунизираат против ковид-19 appeared first on Република.

]]>

На важноста на вакцинацијата од грип и Ковид-19 се осврна министерот за здравство на Грција Адонис Георгиадис на денешната вонредна прес-конференција, а паралелно соопшти бришење на паричните казни за невакцинираните граѓани над 60-годишна возраст, изречени на почетокот на процесот на имунизација, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за здравство, неговата заменичка, Ирини Агапидаки, претседателот на Националната организација за јавно здравје Христос Хаѕихристодулу и професорката по пулмологија Анастасиа Котаниду, одржаа вонредна прес-конференција поврзана со инфекциите на респираторниот системи и истакнаа дека вакцината против Ковид-19 сега веќе е годишна вакцина, исто како и за грипот, а мнозинството од оние кои починале, биле невакцинирани. Георгиадис соопшти дека ќе се користат сите канали за вакцинација на граѓаните, а нивната намера е имунизацијата против Ковид-19, доколку постои можност, да се врши и во аптеките, како што е случај со вакцината против грип. Посочи дека на почетокот на имунизацијата, поради реакциите „се поделивме на ваксери и антиваксери, се каравме“, но потенцираше дека денеска раководството на Министерството за здравство, едногласно одлучило дека „овој период на идеолошки, политички конфликт за вакцините дојде време да заврши“.
Во рамките на помирувањето и на завршувањето на меѓусебниот конфликт, донесовме одлука со заменик-министерката, ѝ препорачавме на Владата и барањето беше прифатено да доставиме законска регулатива за да ги избришеме казните за повозрасните, кои беа казнети за време на пандемијата. Подаваме маслиново гранче кон оној дел од општеството што имаше толку силни реакции. Вакцинацијата не може да се спроведе со сила, туку треба да се направи затоа што е потребна, истакна Георгиадис.
Пред точно две години, во јануари 2022 година стапи во сила одлуката за задолжителна вакцинација на лицата над 60 години, а за невакцинираните, предвидена беше казна од 100 евра месечно. Министерот за здравство на Грција објасни дека вакцината против Ковид-19, не е ништо повеќе од уште една од многуте вакцини што ги примаме во текот на животот, најави дека Министерството за здравство ќе спроведе голема кампања за да го убеди „и најскептичниот граѓанин за важноста на вакцинацијата за јавното здравје“, со цел да се зголеми имунизациската покриеност. Заменик-министерката за здравство соопшти дека во земјата работат 657 центри за вакцинација, 210.000 граѓани се вакцинирале против Ковид-19, а закажани се 60.000 закажани термини. Професорката Котаниду објасни дека засега, притисокот врз здравствениот систем е мал и посочи дека од 90 пациенти хоспитализирани на интензивна нега, само двајца се вакцинирани. За ситуацијата со Ковид-19 во земјата, претседателот на Националната организација за јавно здравје на Грција, објасни дека состојбата се стабилизира, за една до две седмици ќе биде достигнат пикот и посочи дека од 1.028 почнати од септември до сега само двајца биле вакцинирани.

The post Грција ќе ги избрише казните за невакцинираните, министерот со апел до граѓаните да се имунизираат против ковид-19 appeared first on Република.

]]>
Над 50 илјади граѓани примиле вакцина против сезонски грип https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/nad-50-iljadi-gragani-primile-vaktsina-protiv-sezonski-grip/ Mon, 27 Nov 2023 11:05:00 +0000 https://republika.mk/?p=716670

Министерството за здравство информира дека над 50 илјади граѓани примиле вакцина против сезонски грип, а 59 илјади граѓани досега аплицирале за бесплатна вакцинација.

Во центрите за јавно здравје и здравствените домови континуирано се врши имунизација против сезонски грип, а со бесплатна вакцинација се опфатени следните ризични групи: стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и лицата вработени во установи за социјална заштита на стари лица.

Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи. Со воведувањето на вакцинацијата како мерка за заштита постигнати се најдобрите резултати во историјата на медицината. Признаена е како една од најуспешните и најекономични здравствени мерки во светот што создава колективен имунитет.

Заинтересираните граѓани можат да се пријават за бесплатна вакцинација со пополнување на апликацијата на официјалната веб-страница - https://vakcinacija.mk, a потоа преку смс порака добиваат повратна информација за точниот датум, час и место за вакцинација.

Годинава, Министерството за здравство ја зголеми количината на купени вакцини, при што се купени 60.000 дози четиривалентни вакцини против сезонски грип наменети за бесплатна вакцинација.

The post Над 50 илјади граѓани примиле вакцина против сезонски грип appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство информира дека над 50 илјади граѓани примиле вакцина против сезонски грип, а 59 илјади граѓани досега аплицирале за бесплатна вакцинација. Во центрите за јавно здравје и здравствените домови континуирано се врши имунизација против сезонски грип, а со бесплатна вакцинација се опфатени следните ризични групи: стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и лицата вработени во установи за социјална заштита на стари лица. Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи. Со воведувањето на вакцинацијата како мерка за заштита постигнати се најдобрите резултати во историјата на медицината. Признаена е како една од најуспешните и најекономични здравствени мерки во светот што создава колективен имунитет. Заинтересираните граѓани можат да се пријават за бесплатна вакцинација со пополнување на апликацијата на официјалната веб-страница - https://vakcinacija.mk, a потоа преку смс порака добиваат повратна информација за точниот датум, час и место за вакцинација. Годинава, Министерството за здравство ја зголеми количината на купени вакцини, при што се купени 60.000 дози четиривалентни вакцини против сезонски грип наменети за бесплатна вакцинација.

The post Над 50 илјади граѓани примиле вакцина против сезонски грип appeared first on Република.

]]>
СЗО: Ковид варијантата Ерис лесно се пренесува, предизвикува потешки форми на болеста и го заобиколува имунолошкиот систем стекнат преку прележан ковид или вакцинација https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/szo-kovid-varijantata-eris-lesno-se-prenesuva-predizvikuva-poteshki-formi-na-bolesta-i-go-zaobikoluva-imunoloshkiot-sistem-steknat-preku-prelezhan-kovid-ili-vaktsinatsija/ Wed, 16 Aug 2023 09:20:21 +0000 https://republika.mk/?p=672623

Следниот месец треба да се појави нова вакцина против COVID-19, но здравствените експерти и аналитичари велат дека најверојатно ќе наиде на ладен прием, иако варијантата на вирусот, ерис, брзо се шири.

Како што пишува Reuters, побарувачката за вакцина драстично опадна од 2021 година, кога за прв пат стана достапна и кога повеќе од 240 милиони луѓе во САД, или 73 отсто од населението, примија најмалку една доза од вакцината.

The post СЗО: Ковид варијантата Ерис лесно се пренесува, предизвикува потешки форми на болеста и го заобиколува имунолошкиот систем стекнат преку прележан ковид или вакцинација appeared first on Република.

]]>

Следниот месец треба да се појави нова вакцина против COVID-19, но здравствените експерти и аналитичари велат дека најверојатно ќе наиде на ладен прием, иако варијантата на вирусот, ерис, брзо се шири. Како што пишува Reuters, побарувачката за вакцина драстично опадна од 2021 година, кога за прв пат стана достапна и кога повеќе од 240 милиони луѓе во САД, или 73 отсто од населението, примија најмалку една доза од вакцината.

The post СЗО: Ковид варијантата Ерис лесно се пренесува, предизвикува потешки форми на болеста и го заобиколува имунолошкиот систем стекнат преку прележан ковид или вакцинација appeared first on Република.

]]>
Од следниот месец нови вакцини против Ковид варијантата „Ерис“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/od-sledniot-mesets-novi-vaktsini-protiv-kovid-varijantata-eris/ Mon, 14 Aug 2023 14:00:55 +0000 https://republika.mk/?p=672048

Новата вакцина против Ковид треба да излезе следниот месец, но здравствените експерти и аналитичари велат дека најверојатно ќе биде тешко прифатена дури и додека растат хоспитализациите од новата варијанта на Омикрон, „Ерис“.

Некои експерти за јавно здравје се надеваат дека Американците ќе ја дочекаат новата вакцина како што би ја пречекале вакцината против грип. Но, побарувачката за вакцината драстично опадна од 2021 година кога за прв пат стана достапна.

Повеќе од 240 милиони луѓе во САД, или 73% од населението, примиле најмалку една вакцина.

Здравствените услуги и аптеките како што е „Си-Ви-Ес Хелт“ ќе започнат следниот месец да ја нудат вакцината за верзијата на вирусот Омикрон што е доминантна од минатата година.

Функционерите за јавно здравје, ако сакаат да видат дека мнозинството возрасни ги добиваат овие годишни вакцини, ќе мора да ѝ кажат на американската јавност дека Ковид не е завршен и дека сè уште претставува ризик за нив, изјави директорот за методологија на истражување, Ешли Кирзингер.

Минатата година, продажбата на вакцини на „Фајзер“ и „Модерна“ надмина 56 милијарди долари ширум светот, додека аналитичарите предвидуваат околу 20 милијарди долари за оваа година.

Некои лекари сугерираат дека вакцините треба да бидат насочени кон постарите лица и другите луѓе со висок ризик, кои најверојатно ќе имаат страшни исходи ако се заразат со КОВИД-19.

Д-р Дејвид Булвер, специјалист за заразни болести на Универзитетот во Минесота, рече дека според истражувањето што го објави, луѓето кои се вакцинирани имаат помалку сериозни симптоми за пократко времетраење.

Кога ќе погледнете што можете да направите за да го намалите времетраењето на болеста, дури и ако се разболите, вакцинирањето ќе биде најдобриот начин да го направите тоа, рече тој.

 

The post Од следниот месец нови вакцини против Ковид варијантата „Ерис“ appeared first on Република.

]]>

Новата вакцина против Ковид треба да излезе следниот месец, но здравствените експерти и аналитичари велат дека најверојатно ќе биде тешко прифатена дури и додека растат хоспитализациите од новата варијанта на Омикрон, „Ерис“. Некои експерти за јавно здравје се надеваат дека Американците ќе ја дочекаат новата вакцина како што би ја пречекале вакцината против грип. Но, побарувачката за вакцината драстично опадна од 2021 година кога за прв пат стана достапна. Повеќе од 240 милиони луѓе во САД, или 73% од населението, примиле најмалку една вакцина. Здравствените услуги и аптеките како што е „Си-Ви-Ес Хелт“ ќе започнат следниот месец да ја нудат вакцината за верзијата на вирусот Омикрон што е доминантна од минатата година.
Функционерите за јавно здравје, ако сакаат да видат дека мнозинството возрасни ги добиваат овие годишни вакцини, ќе мора да ѝ кажат на американската јавност дека Ковид не е завршен и дека сè уште претставува ризик за нив, изјави директорот за методологија на истражување, Ешли Кирзингер.
Минатата година, продажбата на вакцини на „Фајзер“ и „Модерна“ надмина 56 милијарди долари ширум светот, додека аналитичарите предвидуваат околу 20 милијарди долари за оваа година. Некои лекари сугерираат дека вакцините треба да бидат насочени кон постарите лица и другите луѓе со висок ризик, кои најверојатно ќе имаат страшни исходи ако се заразат со КОВИД-19. Д-р Дејвид Булвер, специјалист за заразни болести на Универзитетот во Минесота, рече дека според истражувањето што го објави, луѓето кои се вакцинирани имаат помалку сериозни симптоми за пократко времетраење.
Кога ќе погледнете што можете да направите за да го намалите времетраењето на болеста, дури и ако се разболите, вакцинирањето ќе биде најдобриот начин да го направите тоа, рече тој.
 

The post Од следниот месец нови вакцини против Ковид варијантата „Ерис“ appeared first on Република.

]]>
Нема Ковид – нема заработка: „Фајзер“ со двојно помали приходи поради намалена побарувачка за Ковид вакцините https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nema-kovid-nema-zarabotka-fajzer-so-dvojno-pomali-prihodi-poradi-namalena-pobaruvachka-za-kovid-vaktsinite/ Wed, 02 Aug 2023 13:44:08 +0000 https://republika.mk/?p=667942

Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ објави дека го затворила вториот квартал од оваа година со двојно помалку приходи во однос на истиот квартал лани, поради послабата побарувачка за вакцината и лекот за Ковид.

Приходите во вториот квартал се преполовени на 12,7 милијарди долари, при што приходите од продажбата на вакцината против Ковид изнесуваат 1,49 милијарди долари, што е пад од 83 отсто во споредба со 2022 година, додека продажбата на лекот за корона вирус „Пакскловид“ заработи само 143 милиони долари, во споредба со 8,1 милијарди во вториот квартал од минатата година, пренесува Хина.

„Фајзер“ го затвори кварталот со нето добивка од 2,33 милијарди долари, а во истиот период лани добивката изнесуваше 9,91 милијарди.

И покрај неколкуте краткорочни предизвици поврзани со приходите од поединечни производи, веруваме дека компанијата е добро позиционирана за забрзан раст на производи кои не се од корона вирус во втората половина од годината, вели финансискиот директор на „Фајзер“, Дејвид Дентон.

The post Нема Ковид – нема заработка: „Фајзер“ со двојно помали приходи поради намалена побарувачка за Ковид вакцините appeared first on Република.

]]>

Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ објави дека го затворила вториот квартал од оваа година со двојно помалку приходи во однос на истиот квартал лани, поради послабата побарувачка за вакцината и лекот за Ковид.
Приходите во вториот квартал се преполовени на 12,7 милијарди долари, при што приходите од продажбата на вакцината против Ковид изнесуваат 1,49 милијарди долари, што е пад од 83 отсто во споредба со 2022 година, додека продажбата на лекот за корона вирус „Пакскловид“ заработи само 143 милиони долари, во споредба со 8,1 милијарди во вториот квартал од минатата година, пренесува Хина.
„Фајзер“ го затвори кварталот со нето добивка од 2,33 милијарди долари, а во истиот период лани добивката изнесуваше 9,91 милијарди.
И покрај неколкуте краткорочни предизвици поврзани со приходите од поединечни производи, веруваме дека компанијата е добро позиционирана за забрзан раст на производи кои не се од корона вирус во втората половина од годината, вели финансискиот директор на „Фајзер“, Дејвид Дентон.

The post Нема Ковид – нема заработка: „Фајзер“ со двојно помали приходи поради намалена побарувачка за Ковид вакцините appeared first on Република.

]]>
Белгија ќе уништи околу осум милиони дози од вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ против Ковид https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/belgija-ke-unishti-okolu-osum-milioni-dozi-od-vaktsinite-na-fajzer-i-moderna-protiv-kovid/ Mon, 19 Jun 2023 09:11:59 +0000 https://republika.mk/?p=653009

Во Белгија ќе бидат уништени околу осум милиони дози од вакцините против Ковид-19 на „Модерна“ и „Фајзер“, објавија локалните медиуми, цитирајќи изјава на министерот за здравство Франк Ванденбрук.

Земјата располага со 15,3 милиони дози, но на некои од нив им истекува рокот, а други повеќе не дејствуваат на новите соеви на вирусот. Се додава дека за да се добијат нови дози, земјата мора да ослободи простор во ладилниците.

Уништувањето ќе се случи во најскоро време, објасни министерот.

The post Белгија ќе уништи околу осум милиони дози од вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ против Ковид appeared first on Република.

]]>

Во Белгија ќе бидат уништени околу осум милиони дози од вакцините против Ковид-19 на „Модерна“ и „Фајзер“, објавија локалните медиуми, цитирајќи изјава на министерот за здравство Франк Ванденбрук. Земјата располага со 15,3 милиони дози, но на некои од нив им истекува рокот, а други повеќе не дејствуваат на новите соеви на вирусот. Се додава дека за да се добијат нови дози, земјата мора да ослободи простор во ладилниците.
Уништувањето ќе се случи во најскоро време, објасни министерот.

The post Белгија ќе уништи околу осум милиони дози од вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ против Ковид appeared first on Република.

]]>
За еден месец повеќе од 1.000 деца се вакцинирани за пропуштени рутински вакцини https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/za-eden-mesets-poveke-od-1-000-detsa-se-vaktsinirani-za-propushteni-rutinski-vaktsini/ Wed, 14 Jun 2023 10:10:50 +0000 https://republika.mk/?p=651219

Над илјада деца се вакцинирани за пропуштени рутински вакцини во рамки на заедничката кампања на Министерството за здравство и Светската здравствена организација „Од врата до врата“ соопшти Министерството за здравство.

Кампањата почна на 24 април 2023 година и се спроведуваше вкупно четири недели, како дел од европската недела на имунизација 2023 година, со финансиска поддршка од ЕУ.

Вкупно се посетени 3.373 семејства, заедници и собиралишта на лица во повеќе од 200 урбани и рурални средини. Во рамки на кампањата, одржани се едукативни разговори и предавања и поделени се над 6.000 материјали за рутинска и вакцинација против Ковид-19.

Во теренските посети беа вклучени 30 медицински тимови, со цел презентирање на бенефитите од имунизација, како и администрирање вакцини против Ковид-19 и рутинска вакцинација, соопштија од МЗ.

The post За еден месец повеќе од 1.000 деца се вакцинирани за пропуштени рутински вакцини appeared first on Република.

]]>

Над илјада деца се вакцинирани за пропуштени рутински вакцини во рамки на заедничката кампања на Министерството за здравство и Светската здравствена организација „Од врата до врата“ соопшти Министерството за здравство. Кампањата почна на 24 април 2023 година и се спроведуваше вкупно четири недели, како дел од европската недела на имунизација 2023 година, со финансиска поддршка од ЕУ. Вкупно се посетени 3.373 семејства, заедници и собиралишта на лица во повеќе од 200 урбани и рурални средини. Во рамки на кампањата, одржани се едукативни разговори и предавања и поделени се над 6.000 материјали за рутинска и вакцинација против Ковид-19.
Во теренските посети беа вклучени 30 медицински тимови, со цел презентирање на бенефитите од имунизација, како и администрирање вакцини против Ковид-19 и рутинска вакцинација, соопштија од МЗ.

The post За еден месец повеќе од 1.000 деца се вакцинирани за пропуштени рутински вакцини appeared first on Република.

]]>
Вакцинирани над 1000 деца за пропуштени рутински вакцини со тек на кампањата на МЗ и СЗО „Од врата до врата“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vaktsinirani-nad-1000-detsa-za-propushteni-rutinski-vaktsini-so-tek-na-kampanata-na-mz-i-szo-od-vrata-do-vrata/ Wed, 14 Jun 2023 06:47:54 +0000 https://republika.mk/?p=651083

Над илјада деца се вакцинирани за пропуштени рутински вакцини во рамки на заедничката кампања на Министерството за здравство (МЗ) и Светската здравствена организација (СЗО) „Од врата до врата“, соопшти денеска МЗ.

Вкупно се посетени 3.373 семејства, заедници и собиралишта на лица во повеќе од 200 урбани и рурални средини. Во рамки на кампањата, одржани се едукативни разговори и предавања и поделени се над 6.000 материјали за рутинска и вакцинација против Ковид-19.

Кампањата почна на 24 април 2023 година и се спроведуваше вкупно четири недели, како дел од европската недела на имунизација 2023 година, со финансиска поддршка од ЕУ.

Во теренските посети, како што информира ресорното Министерство, биле вклучени 30 медицински тимови, со цел презентирање на бенефитите од имунизација, како и администрирање вакцини против Ковид-19 и рутинска вакцинација.

The post Вакцинирани над 1000 деца за пропуштени рутински вакцини со тек на кампањата на МЗ и СЗО „Од врата до врата“ appeared first on Република.

]]>

Над илјада деца се вакцинирани за пропуштени рутински вакцини во рамки на заедничката кампања на Министерството за здравство (МЗ) и Светската здравствена организација (СЗО) „Од врата до врата“, соопшти денеска МЗ. Вкупно се посетени 3.373 семејства, заедници и собиралишта на лица во повеќе од 200 урбани и рурални средини. Во рамки на кампањата, одржани се едукативни разговори и предавања и поделени се над 6.000 материјали за рутинска и вакцинација против Ковид-19. Кампањата почна на 24 април 2023 година и се спроведуваше вкупно четири недели, како дел од европската недела на имунизација 2023 година, со финансиска поддршка од ЕУ. Во теренските посети, како што информира ресорното Министерство, биле вклучени 30 медицински тимови, со цел презентирање на бенефитите од имунизација, како и администрирање вакцини против Ковид-19 и рутинска вакцинација.

The post Вакцинирани над 1000 деца за пропуштени рутински вакцини со тек на кампањата на МЗ и СЗО „Од врата до врата“ appeared first on Република.

]]>
Дали е на повидок нов скандал? Фајзер сака за пола цена да им ги „шитне“ ковид вакцините на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dali-e-na-povidok-nov-skandal-fajzer-saka-za-pola-tsena-da-im-gi-shitne-kovid-vaktsinite-na-eu/ Sun, 30 Apr 2023 13:27:37 +0000 https://republika.mk/?p=635509

Фајзер“ и „Бионтек“ дадоа нов предлог до ЕУ во врска со прекумерните количини на вакцини против коронавирус нарачани од Брисел, според кои земјите-членки би платиле половина цена, или околу 10 евра, за секоја од 70-те милиони дози од кои ЕУ се откажува, пишува денеска во „Фајненшл тајмс“.

Дополнително, измените на договорот ќе и овозможат на ЕУ да се префрли на понови вакцини прилагодени на „сите идни варијанти на Ковид-19“, се додава во написот.

ЕУ преговара со двете фармацевтски компании за намалување на бројот на дози на вакцината што Брисел се обврза да ја купи оваа година на не повеќе од 500 милиони, за возврат ЕУ да плати повисока цена по доза.

Разговорите доаѓаат во време кога Европската унија планира да ги разгледа законите кои ја регулираат фармацевтската индустрија вредна 148 милијарди долари. ЕУ се надева дека новата легислатива ќе може да ги оживее инвестициите и да го прошири пристапот до евтини лекови поради здравствените буџети на земјите-членки исцрпени од пандемијата.Засега нема конетар од Фајзер.

The post Дали е на повидок нов скандал? Фајзер сака за пола цена да им ги „шитне“ ковид вакцините на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Фајзер“ и „Бионтек“ дадоа нов предлог до ЕУ во врска со прекумерните количини на вакцини против коронавирус нарачани од Брисел, според кои земјите-членки би платиле половина цена, или околу 10 евра, за секоја од 70-те милиони дози од кои ЕУ се откажува, пишува денеска во „Фајненшл тајмс“. Дополнително, измените на договорот ќе и овозможат на ЕУ да се префрли на понови вакцини прилагодени на „сите идни варијанти на Ковид-19“, се додава во написот. ЕУ преговара со двете фармацевтски компании за намалување на бројот на дози на вакцината што Брисел се обврза да ја купи оваа година на не повеќе од 500 милиони, за возврат ЕУ да плати повисока цена по доза. Разговорите доаѓаат во време кога Европската унија планира да ги разгледа законите кои ја регулираат фармацевтската индустрија вредна 148 милијарди долари. ЕУ се надева дека новата легислатива ќе може да ги оживее инвестициите и да го прошири пристапот до евтини лекови поради здравствените буџети на земјите-членки исцрпени од пандемијата.Засега нема конетар од Фајзер.

The post Дали е на повидок нов скандал? Фајзер сака за пола цена да им ги „шитне“ ковид вакцините на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Што се вакцините и како функционираат, што треба да знае секој родител за придобивките од имунизација https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/shto-se-vaktsinite-i-kako-funktsioniraat-shto-treba-da-znae-sekoj-roditel-za-pridobivkite-od-imunizatsija/ Fri, 28 Apr 2023 07:30:42 +0000 https://republika.mk/?p=634826

Во Свети Николе вечерa се одржа едукативна трибина за подигнување на свесноста за редовна имунизација, како и за значењето на редовната вакцинација. Настанот е во рамки на одбележувањето на Европска недела на имунизација, a е во организација на Централната комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ и ОК Свети Николе. Со овој настан, велат од ВМРО-ДПМНЕ се дава придонес за подигнување на опфатот со имунизација, со оглед дека Македонија е на дното по опфат на имунизација со прва доза.️

-По повод неделата на имунизација централната комисија на ВМРО-ДПМНЕ и ОК Свети Николе одржуваме трибина на која се споделуваат информации за важноста на оваа процедура и на фактот дека треба да ги заштитиме нашите деца и напите блиски. Вакциналниот опфат во Македонија е во пад, ова е мал продонес за подигнување на јавната свест и здравствената култура - рече д-р Игор Николов.


Доктор Соња Васиќ се осврна на клучните прашања во своето обраќање на тема „Вакцината спасува живот“
❓️Што се вакцините и како функционираат
❓️Што треба да знае секој родител за придобивките од имунизација, клучен е календарот за имунизација

Спец по семејна и патронажна грижа, Анита Димовска во едукативно предавање на тема „Го заштитувам моето дете” укажа дека родителите се најголеми зашитници на своето дете.

❗️️Родителите се најголеми заштитници на своето дете, но понекогаш заради недостиг на соодветни информации или заради неточни информации на кои наидуваат, одбиваат да го имунизираат своето дете, несвесни за ризиците на кои го изложуваат.
❗️Целта на овие едукативни предавања е од стручен аспект и со факти да се разјаснат дилемите кои ги имаат родителите за важноста и значењето на имунизацијата

The post Што се вакцините и како функционираат, што треба да знае секој родител за придобивките од имунизација appeared first on Република.

]]>

Во Свети Николе вечерa се одржа едукативна трибина за подигнување на свесноста за редовна имунизација, како и за значењето на редовната вакцинација. Настанот е во рамки на одбележувањето на Европска недела на имунизација, a е во организација на Централната комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ и ОК Свети Николе. Со овој настан, велат од ВМРО-ДПМНЕ се дава придонес за подигнување на опфатот со имунизација, со оглед дека Македонија е на дното по опфат на имунизација со прва доза.️
-По повод неделата на имунизација централната комисија на ВМРО-ДПМНЕ и ОК Свети Николе одржуваме трибина на која се споделуваат информации за важноста на оваа процедура и на фактот дека треба да ги заштитиме нашите деца и напите блиски. Вакциналниот опфат во Македонија е во пад, ова е мал продонес за подигнување на јавната свест и здравствената култура - рече д-р Игор Николов.
Доктор Соња Васиќ се осврна на клучните прашања во своето обраќање на тема „Вакцината спасува живот“ ❓️Што се вакцините и како функционираат ❓️Што треба да знае секој родител за придобивките од имунизација, клучен е календарот за имунизација Спец по семејна и патронажна грижа, Анита Димовска во едукативно предавање на тема „Го заштитувам моето дете” укажа дека родителите се најголеми зашитници на своето дете. ❗️️Родителите се најголеми заштитници на своето дете, но понекогаш заради недостиг на соодветни информации или заради неточни информации на кои наидуваат, одбиваат да го имунизираат своето дете, несвесни за ризиците на кои го изложуваат. ❗️Целта на овие едукативни предавања е од стручен аспект и со факти да се разјаснат дилемите кои ги имаат родителите за важноста и значењето на имунизацијата

The post Што се вакцините и како функционираат, што треба да знае секој родител за придобивките од имунизација appeared first on Република.

]]>
Невакцинирани деца ќе се бараат од врата на врата https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/nevaktsinirani-detsa-ke-se-baraat-od-vrata-na-vrata/ Tue, 25 Apr 2023 08:16:54 +0000 https://republika.mk/?p=633796

Министерство за здравство почна со теренски активности во рамки на широка кампања за промовирање на имунизацијата, што се реализира заедно со Светска здравствена организација и со финансиска поддршка од Европската Унија.

Со кампањата ќе бидат опфатени 20 општини (120 населени места, рурални и урбани), каде е регистриран понизок опфат на вакцинирани деца согласно календарот за задолжителна имунизација, како и вакцинација против Ковид-19.

Над 30 тимови од медицински лица од здравствените домови во државата, одат „од врата до врата“, односно ги посетуваат семејствата каде има невакцинирани лица.
Тимовите ги информираат семејствата за придобивките од имунизацијата, делат промотивен материјал и во договор со родителите имаат можност да закажуваат термини за вакцини од редовниот календар за имунизација.

Кампањата ќе трае пет недели (до крај на месец мај) и се планира да бидат посетени над 2.900 семејства. Во рамки на кампањата, постарите лица над 60 години имаат можност на лице место да примат поливалентна вакцина против Ковид-19 како бустер доза.

The post Невакцинирани деца ќе се бараат од врата на врата appeared first on Република.

]]>

Министерство за здравство почна со теренски активности во рамки на широка кампања за промовирање на имунизацијата, што се реализира заедно со Светска здравствена организација и со финансиска поддршка од Европската Унија. Со кампањата ќе бидат опфатени 20 општини (120 населени места, рурални и урбани), каде е регистриран понизок опфат на вакцинирани деца согласно календарот за задолжителна имунизација, како и вакцинација против Ковид-19. Над 30 тимови од медицински лица од здравствените домови во државата, одат „од врата до врата“, односно ги посетуваат семејствата каде има невакцинирани лица. Тимовите ги информираат семејствата за придобивките од имунизацијата, делат промотивен материјал и во договор со родителите имаат можност да закажуваат термини за вакцини од редовниот календар за имунизација. Кампањата ќе трае пет недели (до крај на месец мај) и се планира да бидат посетени над 2.900 семејства. Во рамки на кампањата, постарите лица над 60 години имаат можност на лице место да примат поливалентна вакцина против Ковид-19 како бустер доза.

The post Невакцинирани деца ќе се бараат од врата на врата appeared first on Република.

]]>
Во Грција регистрирани 1.633 несакани дејства и 63 смртни случаи како можна последица од вакцините против Ковид-19 https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-grtsija-registrirani-1-633-nesakani-dejstva-i-63-smrtni-sluchai-kako-mozhna-posleditsa-od-vaktsinite-protiv-kovid-19/ Tue, 25 Apr 2023 08:02:23 +0000 https://republika.mk/?p=633783

Од спроведени над 4,4 милиони вакцинации против Ковид-19 во Грција во 2022 година, регистрирани се 1.633 сомнителни несакани дејства и 63 смртни случаи кои можеби се поврзани со вакцината, според официјалните податоци од грчката Национална организација за лекови, јави дописничката на МИА од Атина.

Од 63-те пријави за смртни случаи како можна последица од вакцините, 49 биле вакцинирани со Фајзер, шест со Модерна, пет со Џонсон и Џонсон и три со АстраЗенека, меѓутоа, само два случаи биле оценети дека имаат можна поврзаност со вакцинацијата.

За 35 од случаите сѐ уште се чекаат дополнителни податоци за да се донесе заклучок, за 14 случаи имало недоволни податоци, а 12 пријавени смртни случаи биле оценети дека можно е да не се поврзани со вакцинацијата.

Од пријавените 1.633 сомнителни несакани дејства, 1.344 биле оценети како сериозни, а шест од десет биле кај жени.

Националната организација за лекови на Грција во годишниот извештај пишува дека објавените податоци за наводите за сомнителни (наводни) несакани дејства се медицински случаи кои спонтано биле пријавени или од граѓанин или од здравствен работник по примената на вакцината и не се нужно поврзани со вакцината или предизвикани од вакцината.

Во 2022 година во Грција биле аплицирани вкупно 4.456.117 дози од вакцините.

The post Во Грција регистрирани 1.633 несакани дејства и 63 смртни случаи како можна последица од вакцините против Ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Од спроведени над 4,4 милиони вакцинации против Ковид-19 во Грција во 2022 година, регистрирани се 1.633 сомнителни несакани дејства и 63 смртни случаи кои можеби се поврзани со вакцината, според официјалните податоци од грчката Национална организација за лекови, јави дописничката на МИА од Атина. Од 63-те пријави за смртни случаи како можна последица од вакцините, 49 биле вакцинирани со Фајзер, шест со Модерна, пет со Џонсон и Џонсон и три со АстраЗенека, меѓутоа, само два случаи биле оценети дека имаат можна поврзаност со вакцинацијата. За 35 од случаите сѐ уште се чекаат дополнителни податоци за да се донесе заклучок, за 14 случаи имало недоволни податоци, а 12 пријавени смртни случаи биле оценети дека можно е да не се поврзани со вакцинацијата. Од пријавените 1.633 сомнителни несакани дејства, 1.344 биле оценети како сериозни, а шест од десет биле кај жени. Националната организација за лекови на Грција во годишниот извештај пишува дека објавените податоци за наводите за сомнителни (наводни) несакани дејства се медицински случаи кои спонтано биле пријавени или од граѓанин или од здравствен работник по примената на вакцината и не се нужно поврзани со вакцината или предизвикани од вакцината. Во 2022 година во Грција биле аплицирани вкупно 4.456.117 дози од вакцините.

The post Во Грција регистрирани 1.633 несакани дејства и 63 смртни случаи како можна последица од вакцините против Ковид-19 appeared first on Република.

]]>
Довербата во вакцините што се примаат во детството се намалува ширум Европа и Централна Азија, вклучително и во Македонија – нов глобален извештај на УНИЦЕФ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/doverbata-vo-vaktsinite-shto-se-primaat-vo-detstvoto-se-namaluva-shirum-evropa-i-tsentralna-azija-vkluchitelno-i-vo-makedonija-nov-globalen-izveshtaj-na-unitsef/ Thu, 20 Apr 2023 07:45:38 +0000 https://republika.mk/?p=632343

Перцепцијата на јавноста за важноста од рутинската вакцинација на децата е намалена во Македонија од почетокот на пандемијата на КОВИД-19. Ова го покажува новата анализа на податоци за 55 земји од светот – од кои 29 се наоѓаат во Европа и Централна Азија, вклучувајќи ја и Македонија. Анализата е дел од новиот глобален извештај што УНИЦЕФ го објави денес.

Извештајот „Состојбата на децата во светот во 2023: Вакцинација за секое дете“ претставува најсеопфатна проценка на рутинската имунизација што досега ја има направено УНИЦЕФ. Врз основа на податоци од 2021 година, извештајот посочува дека во Европа и Централна Азија, второто место на негативната ранг листа на земји според бројот на деца со “нула дози“ го делат Македонија, Босна и Херцеговина и Киргистан (11% од децата помали од една година), по Молдавија каде оваа стапка изнесува 13%. Терминот „нула-дози“ се однесува на децата кои немаат примена никаква вакцина.

Иако опфатот со рутинска вакцинација на децата во  Македонија порасна во последнава година по пандемијата, она што загрижува е падот на довербата во вакцините кои се даваат во детството. Имунизацијата е една од најзначајните успешни приказни на човештвото. Таа доведе до искоренување на болести како вариола вера и спаси милиони животи од опасни заболувања меѓу кои ќе ги споменам малите сипаници и полиото – изјави Патриција ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ во земјата. „Не смееме да дозволиме бранот од страв и дезинформации, дополнително засилен од пандемијата, да ги доведе под ризик животите на децата.”

На глобално ниво, падот на довербата се случува во време на најголемо континуирано назадување во областа на имунизацијата на децата кое трае последниве 30 години. Пандемијата го наруши вакцинирањето на децата речиси насекаде, најмногу заради огромните притисоци врз здравствените системи, пренасочувањето на ресурсите за имунизација кон вакцинацијата против КОВИД-19, дефицитот на здравствени работници и карантинските мерки кои им беа наметнати на граѓаните. Како последица, 67 милиони деца на светско ниво не беа рутински вакцинирани во периодот меѓу 2019 и 2021 година, при што опфатот со вакцинација опадна во 112 земји.

За разлика од светските трендови, каде децата кои живеат во најсиромашните и руралните средини се тие кои најчесто не добиваат една или повеќе рутински вакцинации, состојбите во Европа и Централна Азија, вклучително и во Македонија, се такви што присуството на деца под една година со “нула дози“ е поголемо во урбаните средини и побогатите домаќинства.

Глобалниот извештај дава листа со препораки. Меѓу најрелевантните за Македонија се следниве:

· Да се продолжи со идентификување на сите невакцинирани деца и истите да се вакцинираат, особено оние кои пропуштија вакцинации за време на пандемијата на КОВИД-19.

· Да се зајакне довербата во вакцините и побарувачката, вклучително и преку тесна соработка со локалните заедници со цел решавање на нивните потреби и грижи поврзани со вакцинацијата.

· Да се даде приоритет на финансирањето на службите за имунизација и примарната здравствена заштита.

· Да се изградат отпорни здравствени системи преку инвестирање во здравствените работници.

The post Довербата во вакцините што се примаат во детството се намалува ширум Европа и Централна Азија, вклучително и во Македонија – нов глобален извештај на УНИЦЕФ appeared first on Република.

]]>

Перцепцијата на јавноста за важноста од рутинската вакцинација на децата е намалена во Македонија од почетокот на пандемијата на КОВИД-19. Ова го покажува новата анализа на податоци за 55 земји од светот – од кои 29 се наоѓаат во Европа и Централна Азија, вклучувајќи ја и Македонија. Анализата е дел од новиот глобален извештај што УНИЦЕФ го објави денес. Извештајот „Состојбата на децата во светот во 2023: Вакцинација за секое дете“ претставува најсеопфатна проценка на рутинската имунизација што досега ја има направено УНИЦЕФ. Врз основа на податоци од 2021 година, извештајот посочува дека во Европа и Централна Азија, второто место на негативната ранг листа на земји според бројот на деца со “нула дози“ го делат Македонија, Босна и Херцеговина и Киргистан (11% од децата помали од една година), по Молдавија каде оваа стапка изнесува 13%. Терминот „нула-дози“ се однесува на децата кои немаат примена никаква вакцина. Иако опфатот со рутинска вакцинација на децата во  Македонија порасна во последнава година по пандемијата, она што загрижува е падот на довербата во вакцините кои се даваат во детството. Имунизацијата е една од најзначајните успешни приказни на човештвото. Таа доведе до искоренување на болести како вариола вера и спаси милиони животи од опасни заболувања меѓу кои ќе ги споменам малите сипаници и полиото – изјави Патриција ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ во земјата. „Не смееме да дозволиме бранот од страв и дезинформации, дополнително засилен од пандемијата, да ги доведе под ризик животите на децата.” На глобално ниво, падот на довербата се случува во време на најголемо континуирано назадување во областа на имунизацијата на децата кое трае последниве 30 години. Пандемијата го наруши вакцинирањето на децата речиси насекаде, најмногу заради огромните притисоци врз здравствените системи, пренасочувањето на ресурсите за имунизација кон вакцинацијата против КОВИД-19, дефицитот на здравствени работници и карантинските мерки кои им беа наметнати на граѓаните. Како последица, 67 милиони деца на светско ниво не беа рутински вакцинирани во периодот меѓу 2019 и 2021 година, при што опфатот со вакцинација опадна во 112 земји. За разлика од светските трендови, каде децата кои живеат во најсиромашните и руралните средини се тие кои најчесто не добиваат една или повеќе рутински вакцинации, состојбите во Европа и Централна Азија, вклучително и во Македонија, се такви што присуството на деца под една година со “нула дози“ е поголемо во урбаните средини и побогатите домаќинства. Глобалниот извештај дава листа со препораки. Меѓу најрелевантните за Македонија се следниве: · Да се продолжи со идентификување на сите невакцинирани деца и истите да се вакцинираат, особено оние кои пропуштија вакцинации за време на пандемијата на КОВИД-19. · Да се зајакне довербата во вакцините и побарувачката, вклучително и преку тесна соработка со локалните заедници со цел решавање на нивните потреби и грижи поврзани со вакцинацијата. · Да се даде приоритет на финансирањето на службите за имунизација и примарната здравствена заштита. · Да се изградат отпорни здравствени системи преку инвестирање во здравствените работници.

The post Довербата во вакцините што се примаат во детството се намалува ширум Европа и Централна Азија, вклучително и во Македонија – нов глобален извештај на УНИЦЕФ appeared first on Република.

]]>
СЗО не се откажува од вакцините: Препорачува ново вакцинирање по 12 месеци од последната доза! https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/szo-ne-se-otkazhuva-od-vaktsinite-preporachuva-novo-vaktsinirane-po-12-mesetsi-od-poslednata-doza/ Wed, 29 Mar 2023 10:05:30 +0000 https://republika.mk/?p=624984

Светската здравствена организација (СЗО) ги промени препораките за вакцини против Ковид-19, сугерирајќи дека високоризичните популации треба да добијат дополнителна доза 12 месеци по последниот бустер.

Според СЗО, постарите луѓе се изложени на висок ризик, како и помладите луѓе кои имаат други значајни фактори на ризик. За нив, организацијата препорачува дополнителна доза шест или 12 месеци по последната доза.

СЗО ги идентификуваше здравите деца и млади луѓе како група од „низок приоритет“ и ги повика земјите да разгледаат фактори како што е оптоварувањето со болести пред да препорачаат вакцинација за луѓето од оваа категорија. Според организацијата, рутински не се препорачуваат дополнителни дози за засилување по почетната серија од две дози и бустер за луѓе со „умерен ризик“.

The post СЗО не се откажува од вакцините: Препорачува ново вакцинирање по 12 месеци од последната доза! appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација (СЗО) ги промени препораките за вакцини против Ковид-19, сугерирајќи дека високоризичните популации треба да добијат дополнителна доза 12 месеци по последниот бустер. Според СЗО, постарите луѓе се изложени на висок ризик, како и помладите луѓе кои имаат други значајни фактори на ризик. За нив, организацијата препорачува дополнителна доза шест или 12 месеци по последната доза. СЗО ги идентификуваше здравите деца и млади луѓе како група од „низок приоритет“ и ги повика земјите да разгледаат фактори како што е оптоварувањето со болести пред да препорачаат вакцинација за луѓето од оваа категорија. Според организацијата, рутински не се препорачуваат дополнителни дози за засилување по почетната серија од две дози и бустер за луѓе со „умерен ризик“.

The post СЗО не се откажува од вакцините: Препорачува ново вакцинирање по 12 месеци од последната доза! appeared first on Република.

]]>
Бугарија уништува милиони вакцини против Корона -19, им изминал рокот, никој веќе не се вакцинира https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarija-unishtuva-milioni-vaktsini-protiv-korona-19-im-izminal-rokot-nikoj-veke-ne-se-vaktsinira/ Sat, 04 Mar 2023 21:23:32 +0000 https://republika.mk/?p=615955

Бугарија уништува големи количини на  вакцини со изминат рок против Ковид-19 и не планира да ги обнови своите резерви, изјави бугарскиот министер за здравство Асен Меџидиев.

„Во моментот,  никој не сака да се вакцинира“, рече Меџидиев во интервјуто на државната телевизија.

Веќе се уништени огромни количества на вакцини со изминат рок, а уште на 2,8 милиони дози ќе им истече годинава рокот. Тој и соопштил на Европската комисија  дека Бугарија сака да стави крај на договорот со Биотек / Фајзер, според кој Бугарија е должна да купува вакцини против коронавирус до 2025 година.

Меџидиев истакнал дека овој став го поддржувааат и  Полска, Чешка и Литванија. Инаку, Бугарија има најниска стапка на вакцинирани во Европската унија. Според официјалните податоци, од 6,5 милиони население само 30 проценти имаат примено основна доза на имунизација.

The post Бугарија уништува милиони вакцини против Корона -19, им изминал рокот, никој веќе не се вакцинира appeared first on Република.

]]>

Бугарија уништува големи количини на  вакцини со изминат рок против Ковид-19 и не планира да ги обнови своите резерви, изјави бугарскиот министер за здравство Асен Меџидиев. „Во моментот,  никој не сака да се вакцинира“, рече Меџидиев во интервјуто на државната телевизија. Веќе се уништени огромни количества на вакцини со изминат рок, а уште на 2,8 милиони дози ќе им истече годинава рокот. Тој и соопштил на Европската комисија  дека Бугарија сака да стави крај на договорот со Биотек / Фајзер, според кој Бугарија е должна да купува вакцини против коронавирус до 2025 година. Меџидиев истакнал дека овој став го поддржувааат и  Полска, Чешка и Литванија. Инаку, Бугарија има најниска стапка на вакцинирани во Европската унија. Според официјалните податоци, од 6,5 милиони население само 30 проценти имаат примено основна доза на имунизација.

The post Бугарија уништува милиони вакцини против Корона -19, им изминал рокот, никој веќе не се вакцинира appeared first on Република.

]]>
170 мајки добиле покана за на суд бидејќи не ги вакцинирале децата https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/170-majki-dobile-pokana-za-na-sud-bidejki-ne-gi-vaktsinirale-detsata/ Fri, 24 Feb 2023 17:57:11 +0000 https://republika.mk/?p=612879

Покани за на суд почнале да пристигнуваат во домовите на родителите кои не ги вакцинирале своите деца со задолжителните вакцини, објави порталот „А1он“.

Родители не се огласиле на повиците за вакцинирање, ниту пак кренале слушалка на повикот да отидат до надлежната институција и да приложат релевантен документ дека нивното дете не смее да прими вакцина поради здравствени проблеми.

Во неколку случаи, според информациите на „А1он“, се работело за деца што не примиле ММР-вакцина.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат пак потврдиле за порталот дека има мајки/родители за кои е донесена одлука за поведување прекршочна постапка.

Целата вест прочитајте ја ТУКА.

 

The post 170 мајки добиле покана за на суд бидејќи не ги вакцинирале децата appeared first on Република.

]]>

Покани за на суд почнале да пристигнуваат во домовите на родителите кои не ги вакцинирале своите деца со задолжителните вакцини, објави порталот „А1он“. Родители не се огласиле на повиците за вакцинирање, ниту пак кренале слушалка на повикот да отидат до надлежната институција и да приложат релевантен документ дека нивното дете не смее да прими вакцина поради здравствени проблеми. Во неколку случаи, според информациите на „А1он“, се работело за деца што не примиле ММР-вакцина. Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат пак потврдиле за порталот дека има мајки/родители за кои е донесена одлука за поведување прекршочна постапка. Целата вест прочитајте ја ТУКА.  

The post 170 мајки добиле покана за на суд бидејќи не ги вакцинирале децата appeared first on Република.

]]>
Урсула бара да си смениме Уставот: Како Фон дер Лајен „маткала“ со вакцините од Фајзер за 35 милијарди евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ursula-bara-da-si-smenime-ustavot-kako-fon-der-lajen-matkala-so-vaktsinite-od-fajzer-za-35-milijardi-evra/ Mon, 20 Feb 2023 13:13:14 +0000 https://republika.mk/?p=611068

Претседателката на Европската комисија Урсула фон Дер Лајен е под голем притисок за набавката на вакцини за време на панедемијата со Ковид-19.

Конкретно, таа се терети дека на своја рака договарала набавка на вакцини од производителот „Фајзер“ -договор вреден 35 милијарди евра. За коресподенцијата со компанијата таа користела приватни пораки наместо како што е редот службени мејлови.

Претседателката засега нема одовор како една доза од вакцините кои чинеа 15,5 долари таа ги набавувала за 19. 5 и каде завршила разликата.

Европската комисија и ЕП засега ја штитат и се на став дека лични пораки не спаѓаат во обврска на транспарентност и немаат обврска да и ги побараат.

Но така не мисли „ Њујорк Тајмс“ кој поднесе тужба против Европската комисија затоа што  одбива да објави СМС пораки меѓу претседателката Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на Фајзер Алберт Бурле.

 

The post Урсула бара да си смениме Уставот: Како Фон дер Лајен „маткала“ со вакцините од Фајзер за 35 милијарди евра appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европската комисија Урсула фон Дер Лајен е под голем притисок за набавката на вакцини за време на панедемијата со Ковид-19. Конкретно, таа се терети дека на своја рака договарала набавка на вакцини од производителот „Фајзер“ -договор вреден 35 милијарди евра. За коресподенцијата со компанијата таа користела приватни пораки наместо како што е редот службени мејлови. Претседателката засега нема одовор како една доза од вакцините кои чинеа 15,5 долари таа ги набавувала за 19. 5 и каде завршила разликата. Европската комисија и ЕП засега ја штитат и се на став дека лични пораки не спаѓаат во обврска на транспарентност и немаат обврска да и ги побараат. Но така не мисли „ Њујорк Тајмс“ кој поднесе тужба против Европската комисија затоа што  одбива да објави СМС пораки меѓу претседателката Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на Фајзер Алберт Бурле.  

The post Урсула бара да си смениме Уставот: Како Фон дер Лајен „маткала“ со вакцините од Фајзер за 35 милијарди евра appeared first on Република.

]]>
Дали во државата имаме доволно вакцини, за заразните болести кои со закон се задолжителни…па и за оние другите !? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dali-vo-drzhavata-imame-dovolno-vaktsini-za-zaraznite-bolesti-koi-so-zakon-se-zadolzhitelni-pa-i-za-onie-drugite/ Sat, 28 Jan 2023 19:17:21 +0000 https://republika.mk/?p=602081

..Бидејќи Владата на Заев и Ковачевски се секогаш „спремни правилно" да ги трошат парите на граѓаните па плаќаат пенали за неизградениот Клинички центар, за неизградената болница во Штип, за неискористените вакцини за Ковид,од една страна, а од друга пак немаат слух за терапија на пациентите со цистична фиброза, за пациентите со ретки болести, ги оставаат без терапија онколошките пациенти, не обезбедуваат благовремено инсулин за дијабетичарите, јас да прашам:

Дали во државата имаме доволно вакцини , за заразните болести кои со закон се задолжителни...па и за оние другите !?

Дали воопшто ова министерство за здравство и оваа влада превземаат некакви мерки за стимулирање на вакцинацијата кон заразните болести,..еве како на пример за морбили, пишува на својот фејсбук профил, д-р Жаклина Шопова.

The post Дали во државата имаме доволно вакцини, за заразните болести кои со закон се задолжителни…па и за оние другите !? appeared first on Република.

]]>

..Бидејќи Владата на Заев и Ковачевски се секогаш „спремни правилно" да ги трошат парите на граѓаните па плаќаат пенали за неизградениот Клинички центар, за неизградената болница во Штип, за неискористените вакцини за Ковид,од една страна, а од друга пак немаат слух за терапија на пациентите со цистична фиброза, за пациентите со ретки болести, ги оставаат без терапија онколошките пациенти, не обезбедуваат благовремено инсулин за дијабетичарите, јас да прашам:

Дали во државата имаме доволно вакцини , за заразните болести кои со закон се задолжителни...па и за оние другите !?

Дали воопшто ова министерство за здравство и оваа влада превземаат некакви мерки за стимулирање на вакцинацијата кон заразните болести,..еве како на пример за морбили, пишува на својот фејсбук профил, д-р Жаклина Шопова.

The post Дали во државата имаме доволно вакцини, за заразните болести кои со закон се задолжителни…па и за оние другите !? appeared first on Република.

]]>