вакцинција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vakcincija/ За подобро да се разбереме Fri, 14 Oct 2022 06:47:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вакцинција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vakcincija/ 32 32 Пристигнаа 40 илјади вакцини против сезонски грип, имунизацијата почнува следната недела https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/pristignaa-40-iljadi-vakcini-protiv-sezonski-grip-imunizacijata-pochnuva-slednata-nedela/ Fri, 14 Oct 2022 06:47:04 +0000 https://republika.mk/?p=560867

Четириесет илјади вакцини против сезонски грип за ранливи групи население се пристигнати во земјава. Во во тек се законските процедури во МАЛМЕД, со цел спроведување на вакцинацијата, што е предвидено да почне во текот на следната недела. Станува збор за четиритипна вакцина против сезонски грип, од компанијата Абот од Холандија, соопшти Министерството за здравство.

Ги повикуваме граѓаните од ранливите групи, како што се: стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, да се пријават преку страницата vakcinacija.mk, по што ќе добијат смс порака со точниот датум, час и место кога треба да се вакцинирате, велат од МЗ.

Воедно, Министерството за здравство испрати допис до матичните лекари да им излезат во пресрет на заинтересираните граѓани да се пријават во системот за вакцинација.

Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи.

Граѓаните, кои спаѓаат во ризичните групи може да го искажат својот интерес преку пополнување на апликацијата на следниот линк:

https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu?fbclid=IwAR06BSDGCR0NaKR8bJrWJ-mw1sDpmHFpJ5mOPTmZPSqzyiG8CNDd

The post Пристигнаа 40 илјади вакцини против сезонски грип, имунизацијата почнува следната недела appeared first on Република.

]]>

Четириесет илјади вакцини против сезонски грип за ранливи групи население се пристигнати во земјава. Во во тек се законските процедури во МАЛМЕД, со цел спроведување на вакцинацијата, што е предвидено да почне во текот на следната недела. Станува збор за четиритипна вакцина против сезонски грип, од компанијата Абот од Холандија, соопшти Министерството за здравство.
Ги повикуваме граѓаните од ранливите групи, како што се: стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, да се пријават преку страницата vakcinacija.mk, по што ќе добијат смс порака со точниот датум, час и место кога треба да се вакцинирате, велат од МЗ.
Воедно, Министерството за здравство испрати допис до матичните лекари да им излезат во пресрет на заинтересираните граѓани да се пријават во системот за вакцинација. Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи. Граѓаните, кои спаѓаат во ризичните групи може да го искажат својот интерес преку пополнување на апликацијата на следниот линк: https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu?fbclid=IwAR06BSDGCR0NaKR8bJrWJ-mw1sDpmHFpJ5mOPTmZPSqzyiG8CNDd

The post Пристигнаа 40 илјади вакцини против сезонски грип, имунизацијата почнува следната недела appeared first on Република.

]]>
„Владата мора да падне“: Илјадници протестираа против задолжителната вакцинација во Австрија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vladata-mora-da-padne-iljadnici-protestiraa-protiv-zadolzitelnata-vakcinacija-vo-avstrija/ Sat, 15 Jan 2022 21:14:33 +0000 https://republika.mk/?p=445102

Илјадници луѓе протестираа во Виена против планот на владата да воведе задолжителна вакцинација против ковид-19 следниот месец.

Владата мора да падне – скандираа на протестот кој веќе е вообичаен настан во центарот на Виена во текот на саботите, објави „Ројтерс“.

Парламентот следната недела треба да гласа за прашањето што ги подели граѓаните бидејќи расте бројот на заразени со коронавирус.

Владата воведе четврто затворање на национално ниво во ноември и најави дека вакцинацијата ќе биде задолжителна за сите Австријци. Австрија е првата земја од ЕУ што донесе ваква одлука.

Анкетата што ја спроведе магазинот „Профил“ покажа дека 51 отсто од испитаниците се против задолжителната вакцинација од февруари, од кои 34 отсто се против задолжителната вакцинација воопшто, а 17 отсто сакаат да почекаат со тоа.

Истражувањето покажа дека 45 отсто од Австријците се за задолжителна вакцинација од февруари.

The post „Владата мора да падне“: Илјадници протестираа против задолжителната вакцинација во Австрија appeared first on Република.

]]>

Илјадници луѓе протестираа во Виена против планот на владата да воведе задолжителна вакцинација против ковид-19 следниот месец.
Владата мора да падне – скандираа на протестот кој веќе е вообичаен настан во центарот на Виена во текот на саботите, објави „Ројтерс“.
Парламентот следната недела треба да гласа за прашањето што ги подели граѓаните бидејќи расте бројот на заразени со коронавирус. Владата воведе четврто затворање на национално ниво во ноември и најави дека вакцинацијата ќе биде задолжителна за сите Австријци. Австрија е првата земја од ЕУ што донесе ваква одлука. Анкетата што ја спроведе магазинот „Профил“ покажа дека 51 отсто од испитаниците се против задолжителната вакцинација од февруари, од кои 34 отсто се против задолжителната вакцинација воопшто, а 17 отсто сакаат да почекаат со тоа. Истражувањето покажа дека 45 отсто од Австријците се за задолжителна вакцинација од февруари.

The post „Владата мора да падне“: Илјадници протестираа против задолжителната вакцинација во Австрија appeared first on Република.

]]>