Вајмарска тројка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vajmarska-trojka/ За подобро да се разбереме Sat, 22 Jul 2023 09:29:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Вајмарска тројка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vajmarska-trojka/ 32 32 Шинковски: В година ЕУ повеќе ќе се концентрира на себе и институционалните промени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shinkovski-v-godina-eu-poveke-ke-se-kontsentrira-na-sebe-i-institutsionalnite-promeni/ Sat, 22 Jul 2023 09:40:43 +0000 https://republika.mk/?p=664153

Се наоѓате во клучен момент од вашата евроинтеграција. Не е наша задача да ви кажеме што да правите, наше е да ја споделиме перспективата дека е време да ги искористите можностите кои ги имате сега создадени по руската агресија во Украина. Наредната година ќе биде потешко, бидејќи ЕУ веројатно повеќе ќе се концентрира на самата себе во контекст на институционалните промени што ќе следат по одржувањето на изборите за Европскиот парламент.

Ова меѓу другото го истакнува Шимон Шинковски вел Сенк, министер за Европска Унија на Република Полска во разговор за МИА заедно со неговите колеги од Германија и Франција, Ана Лирман и Лоренс Бун.

Важно е да се нагласи, и затоа сме тука заедно со моите колеги од Германија и Франција, дека Македонија се наоѓа во клучен момент во однос на нејзината ЕУ перспектива. Првиот аспект е руската агресија во Украина. Ова значи страдање за украинскиот народ, но од друга страна отвори нов политички поглед во многу аспекти. Само ќе споменам дека Македонија се приклучи на НАТО, како што направи и Финска, а тоа донесе нова перспектива во проширувањето на Алијансата. Тоа исто така значеше нова перспектива за проширувањето на ЕУ бидејќи Украина и Молдавија добија статус на земји - кандидати. Вториот аспект се изборите за Европскиот парламент следната година, проследено со институционални промени во рамките на ЕУ, нова Европска комисија. Ова значи дека во наредните месеци имаме отворена можност. Следната година ЕУ веројатно повеќе ќе се концентрира на самата себе во контекст на институционалните промени. Следните недели и месеци претставуваат можност што треба Македонија да ја искористи за да направи чекор напред кон интеграција во ЕУ и ние сме тука да ги поддржиме тие чекори, нагласува Шинковски.

Прашан може ли безбедносниот аспект кој го доби проширувањето по војната во Украина да ги скрати постапките за прием во ЕУ и да го забрза процесот на реформи во управувањето и одлучувањето во самата Унија, полскиот министер нагласува дека безбедносната димензија отсекогаш била дел од самиот концепт на ЕУ, но сега станала повидлива.

Безбедносната димензија во процесот на проширување беше секогаш присутна затоа што Европската Унија е мировен проект воспоставен од Шуман и Моне, и можеби е уште поактуелен сега од оваа перспектива бидејќи имаме војна во Европа. Го гледаме она што Полска го виде претходно и кажа за оваа закана од страната на Руската Федерација, и мислам дека оваа перспектива сега е повидлива за другите земји членки на ЕУ и ова е можност да се поттикне процедурата за проширување. Така што во овој контекст мислам дека членството во НАТО на нашите три земји, но и на Македонија и членството во ЕУ на нашите три земји и идното членство на Македонија треба да бидат комплементарни, нагласува полскиот министер за ЕУ.

Според него и зајакнувањето на одбранбени капацитети се исто така суштински во тој контекст, но одбранбените способности значат не само способности во однос на воените капацитети на одбраната, туку на пример и енергетската независност, што е многу значајно.

 Мислам дека тоа е предизвик и за идното проширување на ЕУ и е исто така шанса за Македонија и другите земји кандидати на ЕУ да станат повеќе способни да се бранат и во услови на економски препреки, нагласува Шниковски.

За тоа како после сите блокади и одолговлекувања низ годините да се врати поддршката за ЕУ во земјава и кредибилитетот на евроинтегративниот процес, полскиот министер со три поенти - дека можеме да сметаме и понатаму на доследната полска поддршка која не е само политичка туку и многу конкретна, дека и ЕУ во иднина треба подобро да ги исполнува своите ветувања и обврски, но и дека одлуката за европскиот пат е во наши раце.

Најпрво, бидејќи ја споменавте перспективата на нашето претседателство и подготовките. Точно е дека еден од четирите приоритети на нашето претседателство ќе биде процесот на проширување, а тоа значи дека ќе можете да сметате на нашата доследна поддршка на вашиот европски пат и тоа не само во симболична и политичка смисла, туку и во однос на конкретни проекти. Одвоена е одредена сума која сега се користи за поддршка на развојни проекти во Македонија, отпочнавме и други проекти за поддршка на локалните заедници, имаме гранични патроли кои ви помагаат во обезбедувањето на граничните премини. На тој начин ви пружаме правична и јасна поддршка кон вашиот европски пат. Ова е последица на втората поента. Преку нашата постојана поддршка во минатото за вашиот влез во ЕУ, можам да кажам дека го разбирам вашето разочарување, бидејќи и ЕУ има задача подобро да ги исполнува своите ветувања и обврски во иднината. Ова е исто така прашање на кредибилитетот на ЕУ, и затоа можам да ви ветам, и сигурен сум дека и моите колеги го делат истото мислење, дека кредибилитетот на ЕУ може да се подобри со процесот на проширување, вели министерот Шинковски.

Сепак, дециденен е, на политичарите на земјава е да ја донесат одлуката дали ќе продолжите на патот кон постигнување на полноправното членство во ЕУ.

Третата поента е дека сега останува одлуката што Македонија треба да ја донесе, тоа е самостојна одлука на македонските политичари. Не е наша задача да ви кажеме што да правите. Наша задача е да ја споделиме перспективата дека е време да ги искористите можностите кои ги имате сега, бидејќи наредната година ќе биде потешко. Затоа сега треба да преземете понатамошни чекори и да направите одреден напредок во текот на есента. Но, сепак, тоа е самостојна одлука на Македонија, порачува полскиот министер за ЕУ Шимон Шинковски.

The post Шинковски: В година ЕУ повеќе ќе се концентрира на себе и институционалните промени appeared first on Република.

]]>

Се наоѓате во клучен момент од вашата евроинтеграција. Не е наша задача да ви кажеме што да правите, наше е да ја споделиме перспективата дека е време да ги искористите можностите кои ги имате сега создадени по руската агресија во Украина. Наредната година ќе биде потешко, бидејќи ЕУ веројатно повеќе ќе се концентрира на самата себе во контекст на институционалните промени што ќе следат по одржувањето на изборите за Европскиот парламент. Ова меѓу другото го истакнува Шимон Шинковски вел Сенк, министер за Европска Унија на Република Полска во разговор за МИА заедно со неговите колеги од Германија и Франција, Ана Лирман и Лоренс Бун.
Важно е да се нагласи, и затоа сме тука заедно со моите колеги од Германија и Франција, дека Македонија се наоѓа во клучен момент во однос на нејзината ЕУ перспектива. Првиот аспект е руската агресија во Украина. Ова значи страдање за украинскиот народ, но од друга страна отвори нов политички поглед во многу аспекти. Само ќе споменам дека Македонија се приклучи на НАТО, како што направи и Финска, а тоа донесе нова перспектива во проширувањето на Алијансата. Тоа исто така значеше нова перспектива за проширувањето на ЕУ бидејќи Украина и Молдавија добија статус на земји - кандидати. Вториот аспект се изборите за Европскиот парламент следната година, проследено со институционални промени во рамките на ЕУ, нова Европска комисија. Ова значи дека во наредните месеци имаме отворена можност. Следната година ЕУ веројатно повеќе ќе се концентрира на самата себе во контекст на институционалните промени. Следните недели и месеци претставуваат можност што треба Македонија да ја искористи за да направи чекор напред кон интеграција во ЕУ и ние сме тука да ги поддржиме тие чекори, нагласува Шинковски.
Прашан може ли безбедносниот аспект кој го доби проширувањето по војната во Украина да ги скрати постапките за прием во ЕУ и да го забрза процесот на реформи во управувањето и одлучувањето во самата Унија, полскиот министер нагласува дека безбедносната димензија отсекогаш била дел од самиот концепт на ЕУ, но сега станала повидлива.
Безбедносната димензија во процесот на проширување беше секогаш присутна затоа што Европската Унија е мировен проект воспоставен од Шуман и Моне, и можеби е уште поактуелен сега од оваа перспектива бидејќи имаме војна во Европа. Го гледаме она што Полска го виде претходно и кажа за оваа закана од страната на Руската Федерација, и мислам дека оваа перспектива сега е повидлива за другите земји членки на ЕУ и ова е можност да се поттикне процедурата за проширување. Така што во овој контекст мислам дека членството во НАТО на нашите три земји, но и на Македонија и членството во ЕУ на нашите три земји и идното членство на Македонија треба да бидат комплементарни, нагласува полскиот министер за ЕУ.
Според него и зајакнувањето на одбранбени капацитети се исто така суштински во тој контекст, но одбранбените способности значат не само способности во однос на воените капацитети на одбраната, туку на пример и енергетската независност, што е многу значајно.
 Мислам дека тоа е предизвик и за идното проширување на ЕУ и е исто така шанса за Македонија и другите земји кандидати на ЕУ да станат повеќе способни да се бранат и во услови на економски препреки, нагласува Шниковски.
За тоа како после сите блокади и одолговлекувања низ годините да се врати поддршката за ЕУ во земјава и кредибилитетот на евроинтегративниот процес, полскиот министер со три поенти - дека можеме да сметаме и понатаму на доследната полска поддршка која не е само политичка туку и многу конкретна, дека и ЕУ во иднина треба подобро да ги исполнува своите ветувања и обврски, но и дека одлуката за европскиот пат е во наши раце.
Најпрво, бидејќи ја споменавте перспективата на нашето претседателство и подготовките. Точно е дека еден од четирите приоритети на нашето претседателство ќе биде процесот на проширување, а тоа значи дека ќе можете да сметате на нашата доследна поддршка на вашиот европски пат и тоа не само во симболична и политичка смисла, туку и во однос на конкретни проекти. Одвоена е одредена сума која сега се користи за поддршка на развојни проекти во Македонија, отпочнавме и други проекти за поддршка на локалните заедници, имаме гранични патроли кои ви помагаат во обезбедувањето на граничните премини. На тој начин ви пружаме правична и јасна поддршка кон вашиот европски пат. Ова е последица на втората поента. Преку нашата постојана поддршка во минатото за вашиот влез во ЕУ, можам да кажам дека го разбирам вашето разочарување, бидејќи и ЕУ има задача подобро да ги исполнува своите ветувања и обврски во иднината. Ова е исто така прашање на кредибилитетот на ЕУ, и затоа можам да ви ветам, и сигурен сум дека и моите колеги го делат истото мислење, дека кредибилитетот на ЕУ може да се подобри со процесот на проширување, вели министерот Шинковски.
Сепак, дециденен е, на политичарите на земјава е да ја донесат одлуката дали ќе продолжите на патот кон постигнување на полноправното членство во ЕУ.
Третата поента е дека сега останува одлуката што Македонија треба да ја донесе, тоа е самостојна одлука на македонските политичари. Не е наша задача да ви кажеме што да правите. Наша задача е да ја споделиме перспективата дека е време да ги искористите можностите кои ги имате сега, бидејќи наредната година ќе биде потешко. Затоа сега треба да преземете понатамошни чекори и да направите одреден напредок во текот на есента. Но, сепак, тоа е самостојна одлука на Македонија, порачува полскиот министер за ЕУ Шимон Шинковски.
 
The post Шинковски: В година ЕУ повеќе ќе се концентрира на себе и институционалните промени appeared first on Република.

]]>
Mилошоски: На средбата со Вајмарската тројка, Џафери призна дека нема двотретинско мнозинство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miloshoski-na-sredbata-so-vajmarskata-trojka-dhaferi-prizna-deka-nema-dvotretinsko-mnozinstvo/ Thu, 20 Jul 2023 17:06:44 +0000 https://republika.mk/?p=663683

Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во своето гостување во емисијата „За или против“ зборуваше за последната посета на Вајмарската тројка во Македоднија каде потенцираше дека на тие средби со меѓународните претставници Талат Џафери и координаторот на СДС, Јован Митревски признале дека нема двотретинско мнозинство за уставните измени да поминат во Собранието.

Она што го забележав е дека има разлика кога разговараме зад затворени врати и кога разговорите се поискрени и поотворени, тогаш има разлика во ставовите кои претставниците на власта им ги презентираат на гостите од ЕУ. Во овој случај претседателот на Собранието, Талат Џафери и координаторот на пратеничката група на СДС, Јован Митрески кажаа дека нивните партии се за уставните амандмани, дека ќе гласат ЗА, но исто така кажаа дека се реалисти и дека согледуваат дека немаат двотретинско мнозинство за овие уставни амандмани да поминат, што е спротивно од она што во јавноста го истакнуваат Бојан Маричиќ и Бујар Османи кои манипулираат и кажуваат дека има некоја група, некоја фракција се разговара со некого, рече тој.Милошоски порача дека сепак средбите со меѓународните претставници се корисни.-И затоа сметам дека ваквите средби со меѓународните претставници сепак се корисни дури и за нас. Ние со нашите аргументи им објаснуваме дека нашата резерва кон овој процес е оправдана, додаде тој.

The post Mилошоски: На средбата со Вајмарската тројка, Џафери призна дека нема двотретинско мнозинство appeared first on Република.

Еве кој ни е на гости: Вајмарската република била промовирана од Хитлер, имала хипер инфлација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/eve-koj-ni-e-na-gosti-vajmarskata-republika-bila-promovirana-od-hitler-imala-hiper-inflatsija/ Tue, 18 Jul 2023 08:21:02 +0000 https://republika.mk/?p=662545

Во Македонија на гости се дојдени дипломати од Германија, Франција и Полска себе наречени Вајмарска тројка кои бараат од опозицијата да прифати Бугарите да влезат во Уставот.

Но, малкумина знаат што значи оваа т.н Вајмарска тројка и како историски контекст има.

Според податоците од Википедија, Вајмарската Република официјално позната како Германски Рајх, бил историски период на Германија од 9 ноември 1918 до 23 март 1933 година, за време на кој таа беше уставна федерална република за прв пат во историјата; оттука се нарекува и неофицијално се прогласува како Германска Република. На англиски, Републиката обично се нарекувала „Германија“, со „Вајмарска република“,термин воведен од Адолф Хитлер во 1929 година.

Во нејзините почетни години, „Вајмарската Република“ ја зафатиле сериозни проблеми, како што се хиперинфлацијата и политичкиот екстремизам, вклучувајќи политички убиства и два обиди за преземање на власта од страна на борбени паравојски.

The post Еве кој ни е на гости: Вајмарската република била промовирана од Хитлер, имала хипер инфлација appeared first on Република.

]]>

Во Македонија на гости се дојдени дипломати од Германија, Франција и Полска себе наречени Вајмарска тројка кои бараат од опозицијата да прифати Бугарите да влезат во Уставот. Но, малкумина знаат што значи оваа т.н Вајмарска тројка и како историски контекст има. Според податоците од Википедија, Вајмарската Република официјално позната како Германски Рајх, бил историски период на Германија од 9 ноември 1918 до 23 март 1933 година, за време на кој таа беше уставна федерална република за прв пат во историјата; оттука се нарекува и неофицијално се прогласува како Германска Република. На англиски, Републиката обично се нарекувала „Германија“, со „Вајмарска република“,термин воведен од Адолф Хитлер во 1929 година. Во нејзините почетни години, „Вајмарската Република“ ја зафатиле сериозни проблеми, како што се хиперинфлацијата и политичкиот екстремизам, вклучувајќи политички убиства и два обиди за преземање на власта од страна на борбени паравојски.

The post Еве кој ни е на гости: Вајмарската република била промовирана од Хитлер, имала хипер инфлација appeared first on Република.

]]>
На гостите јасно и достоинствено им кажавме ДА за членството на Македонија во ЕУ, ама НЕ за уставни измени под бугарски диктат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-gostite-jasno-i-dostoinstveno-im-kazhavme-da-za-chlenstvoto-na-makedonija-vo-eu-ama-ne-za-ustavni-izmeni-pod-bugarski-diktat/ Mon, 17 Jul 2023 20:33:57 +0000 https://republika.mk/?p=662459

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ и парламентарните партии од Коалицијата за обнова на Македонија денеска остварија средба со средба со таканаречената Вајмарската група, односно државната секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција Лоранс Бун, министерката за Европа и клима на Сојузна Република Германија Ана Лирман, како и министерот за Европска Унија на Република Полска Шимон Шинковски вел Сенк.

На средбата се дискутирало за актуелната општествено-политичка состојба во Македонија, особено во врска со пристапувањето на Македонија кон Европската унија во овие предизвикувачки времиња.

https://republika.mk/vesti/makedonija/neprifatlivi-se-ustavni-izmeni-so-politichki-diktat-porachaa-od-vmro-dpmne-do-ministrite-od-vajmarskata-grupa/

Денес на гости ни дојдоа три Министри за Европа на Франција, Германија и Полска.
Го споделија нивното гледиште.
Им се заблагодаривме и им кажавме - ДА за членството на Македонија во ЕУ, ама НЕ за уставни измени под Бугарски диктат.
Јасно, директно и достоинствено!, сподели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски по средбата.

The post На гостите јасно и достоинствено им кажавме ДА за членството на Македонија во ЕУ, ама НЕ за уставни измени под бугарски диктат appeared first on Република.

]]>

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ и парламентарните партии од Коалицијата за обнова на Македонија денеска остварија средба со средба со таканаречената Вајмарската група, односно државната секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција Лоранс Бун, министерката за Европа и клима на Сојузна Република Германија Ана Лирман, како и министерот за Европска Унија на Република Полска Шимон Шинковски вел Сенк. На средбата се дискутирало за актуелната општествено-политичка состојба во Македонија, особено во врска со пристапувањето на Македонија кон Европската унија во овие предизвикувачки времиња. https://republika.mk/vesti/makedonija/neprifatlivi-se-ustavni-izmeni-so-politichki-diktat-porachaa-od-vmro-dpmne-do-ministrite-od-vajmarskata-grupa/
Денес на гости ни дојдоа три Министри за Европа на Франција, Германија и Полска. Го споделија нивното гледиште. Им се заблагодаривме и им кажавме - ДА за членството на Македонија во ЕУ, ама НЕ за уставни измени под Бугарски диктат. Јасно, директно и достоинствено!, сподели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски по средбата.

The post На гостите јасно и достоинствено им кажавме ДА за членството на Македонија во ЕУ, ама НЕ за уставни измени под бугарски диктат appeared first on Република.

]]>
Неприфатливи се уставни измени со политички диктат, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ до министрите од Вајмарската група https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/neprifatlivi-se-ustavni-izmeni-so-politichki-diktat-porachaa-od-vmro-dpmne-do-ministrite-od-vajmarskata-grupa/ Mon, 17 Jul 2023 19:05:34 +0000 https://republika.mk/?p=662440

ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициски партнери денеска ги информирале министрите од Вајмарската група дека остануваат на ставот дека уставни промени во околности на политички диктат од соседството не се прифатливи.

Улогата на соседите треба да биде улога на поддршка на нашите европски интеграции, а не негирање на македонскиот национален идентитет, било посочено на средбата на лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски и претставници на коалициските партнери со државната секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција Лоранс Бун, министерката за Европа и клима на Сојузна Република Германија Ана Лирман, како и министерот за Европска Унија на Република Полска Шимон Шинковски вел Сенк.

Било нагласено дека опозицијата воопшто не беше вклучена во преговорите кои резултираа со ултиматуми и барања кои отстапуваат од европските вредности и принципи.

Оттука, за да се заштити процесот на пристапување од билатерализација, односите мора да се базираат на Копенхагеншките критериуми со взаемна почит, поддршка и соработка, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата била дискутирана актуелната општествено-политичка состојба, особено во врска со пристапувањето на Македонија кон Европската унија во овие предизвикувачки времиња.

Од страна на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата беше истакнат недвојбениот став дека се залагаме за членство на Македонија во Европската Унија со силно зачуван и зајакнат идентитет, јазик, култура и вредности, се потенцира во соопштението.

Министрите, како што се наведува, биле информирани „и за високото ниво на корупција во државата, за криминалот на високите ешалони во владата на СДС и ДУИ, како и за катастрофалните политики во секој сектор во државата“.

The post Неприфатливи се уставни измени со политички диктат, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ до министрите од Вајмарската група appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициски партнери денеска ги информирале министрите од Вајмарската група дека остануваат на ставот дека уставни промени во околности на политички диктат од соседството не се прифатливи.
Улогата на соседите треба да биде улога на поддршка на нашите европски интеграции, а не негирање на македонскиот национален идентитет, било посочено на средбата на лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски и претставници на коалициските партнери со државната секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција Лоранс Бун, министерката за Европа и клима на Сојузна Република Германија Ана Лирман, како и министерот за Европска Унија на Република Полска Шимон Шинковски вел Сенк.
Било нагласено дека опозицијата воопшто не беше вклучена во преговорите кои резултираа со ултиматуми и барања кои отстапуваат од европските вредности и принципи.
Оттука, за да се заштити процесот на пристапување од билатерализација, односите мора да се базираат на Копенхагеншките критериуми со взаемна почит, поддршка и соработка, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
На средбата била дискутирана актуелната општествено-политичка состојба, особено во врска со пристапувањето на Македонија кон Европската унија во овие предизвикувачки времиња. Од страна на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата беше истакнат недвојбениот став дека се залагаме за членство на Македонија во Европската Унија со силно зачуван и зајакнат идентитет, јазик, култура и вредности, се потенцира во соопштението. Министрите, како што се наведува, биле информирани „и за високото ниво на корупција во државата, за криминалот на високите ешалони во владата на СДС и ДУИ, како и за катастрофалните политики во секој сектор во државата“.

The post Неприфатливи се уставни измени со политички диктат, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ до министрите од Вајмарската група appeared first on Република.

]]>
Напредокот во владеењето на правото е пресуден сегмент за преговорите, порачаа од „Вајмарската тројка“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/napredokot-vo-vladeeneto-na-pravoto-e-presuden-segment-za-pregovorite-porachaa-od-vajmarskata-trojka/ Mon, 17 Jul 2023 16:53:40 +0000 https://republika.mk/?p=662417

Владеењето на правото за секоја држава е еден од клучните сегменти, а напредокот во оваа сфера е пресуден, порачаа денеска државната секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција Лоранс Бун, министерката за Европа и клима на Сојузна Република Германија Ана Лирман, како и министерот за Европска Унија на Република Полска Шимон Шинковски вел Сенк.

Тие на заедничката прес-конференција по средбата со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, одговорајќи на новинарски прашања, објаснија дека секоја земја е под лупа за правосудниот систем и ниту една во однос на тоа прашање нема посебен третман.

Преговорите со ЕУ ќе го нагласат владеењето на правото, како и во сите земји во процесот на пристапување, порача „Вајмарската тројка“.

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска беше домаќин на министерката за Европа на Сојузна Република Германија Ана Лирман, на државнат секретарка задолжена за Европа при Совето

Сите сме предмет на рецензии на владеење на правото и проверки, на информаци и дезинформации, треба да ја зајакнеме слободата и независните медиуми, сите сме под лупа за правосудниот систем, сите треба да минеме низ процесот за да ги заштитиме Уставот и демократијата. Нема посебен третман, ист е третманот како и ние што го имаме, тоа не одликува нас од понедемократскиот сосед, истакна Бун.

Според Лирман, кога ќе поминат уставните измени и кога формално ќе почнат преговорите со отворњето на првите поглавја, кластерот за владеење на правото ќе биде клучен.

Уверени сме дека со посветеноста на Владата и реформите може да се оствари напредок многу брзо, особено зашто за народот на Македонија напредокот во владеењето на правото е пресуден - ќе помогне во борбата против корупцијата, во зацврстувањето на демократијата и во градењето на просперитетот. Преговорите со ЕУ ќе го нагласат владеењето на правото, како и во сите земји во процесот на пристапување. Многу е јасно дека пристапувањето во ЕУ е прецизно уреден процес со неколку поглавја кои моментно се во фаза на технички скрининг. Вицепремиерот доаѓа редовно во Брисел и овие средби минуваат многу добро, се остварува напредок, напомена Лирман.

Министерот Шинковски вел Сенк повтори дека има услови што мора да се исполнат за членство во ЕУ, но мора и да и се оддаде признание на Македонија за што направи во изминатите години.

Дојдовме не само да донесеме некакво очекување и услови, туку и да ја изразиме нашата поддршка заедно, да изразиме разбирање за чекорите што Македонија веќе ги направи минатите гоидни. Важно е да се оддаде принзнаие на сите ваши напори, важно е да се оддаде признание од ЕУ. Секако имаме одредени услови што ќе треба да ги исполните по овторање на прговорите, но сосема сте во право да очекувате отворање на кластерите со надеж до крајот на годината и ќе ве поддржиме на тој пат, рече Шинковски вел Сенк.

The post Напредокот во владеењето на правото е пресуден сегмент за преговорите, порачаа од „Вајмарската тројка“ appeared first on Република.

]]>

Владеењето на правото за секоја држава е еден од клучните сегменти, а напредокот во оваа сфера е пресуден, порачаа денеска државната секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција Лоранс Бун, министерката за Европа и клима на Сојузна Република Германија Ана Лирман, како и министерот за Европска Унија на Република Полска Шимон Шинковски вел Сенк. Тие на заедничката прес-конференција по средбата со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, одговорајќи на новинарски прашања, објаснија дека секоја земја е под лупа за правосудниот систем и ниту една во однос на тоа прашање нема посебен третман. Преговорите со ЕУ ќе го нагласат владеењето на правото, како и во сите земји во процесот на пристапување, порача „Вајмарската тројка“. Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска беше домаќин на министерката за Европа на Сојузна Република Германија Ана Лирман, на државнат секретарка задолжена за Европа при Совето
Сите сме предмет на рецензии на владеење на правото и проверки, на информаци и дезинформации, треба да ја зајакнеме слободата и независните медиуми, сите сме под лупа за правосудниот систем, сите треба да минеме низ процесот за да ги заштитиме Уставот и демократијата. Нема посебен третман, ист е третманот како и ние што го имаме, тоа не одликува нас од понедемократскиот сосед, истакна Бун.
Според Лирман, кога ќе поминат уставните измени и кога формално ќе почнат преговорите со отворњето на првите поглавја, кластерот за владеење на правото ќе биде клучен.
Уверени сме дека со посветеноста на Владата и реформите може да се оствари напредок многу брзо, особено зашто за народот на Македонија напредокот во владеењето на правото е пресуден - ќе помогне во борбата против корупцијата, во зацврстувањето на демократијата и во градењето на просперитетот. Преговорите со ЕУ ќе го нагласат владеењето на правото, како и во сите земји во процесот на пристапување. Многу е јасно дека пристапувањето во ЕУ е прецизно уреден процес со неколку поглавја кои моментно се во фаза на технички скрининг. Вицепремиерот доаѓа редовно во Брисел и овие средби минуваат многу добро, се остварува напредок, напомена Лирман.
Министерот Шинковски вел Сенк повтори дека има услови што мора да се исполнат за членство во ЕУ, но мора и да и се оддаде признание на Македонија за што направи во изминатите години.
Дојдовме не само да донесеме некакво очекување и услови, туку и да ја изразиме нашата поддршка заедно, да изразиме разбирање за чекорите што Македонија веќе ги направи минатите гоидни. Важно е да се оддаде принзнаие на сите ваши напори, важно е да се оддаде признание од ЕУ. Секако имаме одредени услови што ќе треба да ги исполните по овторање на прговорите, но сосема сте во право да очекувате отворање на кластерите со надеж до крајот на годината и ќе ве поддржиме на тој пат, рече Шинковски вел Сенк.

The post Напредокот во владеењето на правото е пресуден сегмент за преговорите, порачаа од „Вајмарската тројка“ appeared first on Република.

]]>
Нова дипломатска тројка ќе нѐ убедува колку е добро да ги внесеме Бугарите во Уставот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nova-diplomatska-trojka-ke-n-ubeduva-kolku-e-dobro-da-gi-vneseme-bugarite-vo-ustavot/ Mon, 17 Jul 2023 06:27:44 +0000 https://republika.mk/?p=662075

По тројката шефови на дипломатии на Австрија, Чешка и Словачка, кои минатата недела беа во Скопје, за да лобираат за уставни измени, денеска во земјава се министрите за Европа на Германија, Франција и Полска.

Министерката за Европа на Сојузна Република Германија Ана Лирман, државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција Лоренс Бун и Шимон Шинковски вел Сенк, министер за ЕУ на Република Полска, познати како „Вајмарска тројка“, денеска се во посета на Скопје, чиј домаќин ќе биде вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Како што информира СЕП, денеска Маричиќ ќе одржи работен состанок со „Вајмарската тројка“, а тема на разговор ќе бидат преговорите со ЕУ, со фокус на исполнувањето на обврските и задачите кои произлегуваат од преговарачката рамка и забрзувањето на евроинтеграцискиот процес, по што ќе имаат заедничка прес-конференција.

Во рамки на посетата „Вајмарската тројка“ ќе се сретне и со премиерот Димитар Ковачевски, со претседателот Стево Пендаровски и со претседателот на Собранието Талат Џафери и со координаторите на пратеничките групи.

Како што е најавено, утре министерка за Европа и за клима на Сојузна Република Германија Ана Лирман ќе учествува на настанот на тема: „Подготовка за проширување на ЕУ“, што го организира Секретаријатот за европски прашања, во соработка со Институтот за европска политика (ЕПИ).

Министрите за надворешни работи на Австрија, Чешка и на Словачка, Александер Шаленберг, Јан Липавски и Мирослав Влаховски, од Скопје минатата недела порачаа дека интеграцијата во ЕУ треба да биде прашање на национален консензус и дека колку побрзо се донесат уставните измени толку побрзо земјата ќе стигне до ЕУ, додека предвремени избори би биле контрапродуктивни.

Посетата, нагласија, била информативна и во име на високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, а состаноците со целиот политички спектар во земјава ги оценија како успешни.  Со сите со кои се сретнале, како што рекоа, покажале дека се проевропски и свесни за одговорноста дека ова е посебен момент во развојот на патот кон ЕУ.

The post Нова дипломатска тројка ќе нѐ убедува колку е добро да ги внесеме Бугарите во Уставот appeared first on Република.

]]>

По тројката шефови на дипломатии на Австрија, Чешка и Словачка, кои минатата недела беа во Скопје, за да лобираат за уставни измени, денеска во земјава се министрите за Европа на Германија, Франција и Полска. Министерката за Европа на Сојузна Република Германија Ана Лирман, државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција Лоренс Бун и Шимон Шинковски вел Сенк, министер за ЕУ на Република Полска, познати како „Вајмарска тројка“, денеска се во посета на Скопје, чиј домаќин ќе биде вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. Како што информира СЕП, денеска Маричиќ ќе одржи работен состанок со „Вајмарската тројка“, а тема на разговор ќе бидат преговорите со ЕУ, со фокус на исполнувањето на обврските и задачите кои произлегуваат од преговарачката рамка и забрзувањето на евроинтеграцискиот процес, по што ќе имаат заедничка прес-конференција. Во рамки на посетата „Вајмарската тројка“ ќе се сретне и со премиерот Димитар Ковачевски, со претседателот Стево Пендаровски и со претседателот на Собранието Талат Џафери и со координаторите на пратеничките групи. Како што е најавено, утре министерка за Европа и за клима на Сојузна Република Германија Ана Лирман ќе учествува на настанот на тема: „Подготовка за проширување на ЕУ“, што го организира Секретаријатот за европски прашања, во соработка со Институтот за европска политика (ЕПИ). Министрите за надворешни работи на Австрија, Чешка и на Словачка, Александер Шаленберг, Јан Липавски и Мирослав Влаховски, од Скопје минатата недела порачаа дека интеграцијата во ЕУ треба да биде прашање на национален консензус и дека колку побрзо се донесат уставните измени толку побрзо земјата ќе стигне до ЕУ, додека предвремени избори би биле контрапродуктивни. Посетата, нагласија, била информативна и во име на високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, а состаноците со целиот политички спектар во земјава ги оценија како успешни.  Со сите со кои се сретнале, како што рекоа, покажале дека се проевропски и свесни за одговорноста дека ова е посебен момент во развојот на патот кон ЕУ.  

The post Нова дипломатска тројка ќе нѐ убедува колку е добро да ги внесеме Бугарите во Уставот appeared first on Република.

]]>
Вајмарската тројка доаѓа утре во Скопје на разговори за евроинтеграцискиот процес https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vajmarskata-trojka-doaga-utre-vo-skopje-na-razgovori-za-evrointegratsiskiot-protses/ Sun, 16 Jul 2023 19:28:43 +0000 https://republika.mk/?p=662046

„Вајмарската тројка“, Лоранс Бун, државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција, Ана Лирман, министерка за Европа и клима на Сојузна Република Германија и министерот за Европска Унија на Република Полска, Шимон Шинковски вел Сенк утре доаѓаат во дводневна официјална посета на Скопје, објави Секретаријатот за европски прашања. Според Секретаријатот, утре со вицепремиерот Бојан Маричиќ ќе се разговара за исполнувањето на обврските и задачите кои произлегуваат од преговарачката рамка, по што ќе се одржи заедничка прес-конференција.

Во рамки на посетата „Вајмарската тројка“ ќе се сретне и со премиерот Димитар Ковачевски, со претседателот Стево Пендаровски и со претседателот на Собранието Талат Џафери и со координаторите на пратеничките групи.

Како што е најавено, во вторник министерка за Европа и за клима на Сојузна Република Германија Ана Лирман ќе учествува на настанот на тема: „Подготовка за проширување на ЕУ“, што го организира Секретаријатот за европски прашања, во соработка со Институтот за европска политика (ЕПИ).

The post Вајмарската тројка доаѓа утре во Скопје на разговори за евроинтеграцискиот процес appeared first on Република.

]]>

„Вајмарската тројка“, Лоранс Бун, државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција, Ана Лирман, министерка за Европа и клима на Сојузна Република Германија и министерот за Европска Унија на Република Полска, Шимон Шинковски вел Сенк утре доаѓаат во дводневна официјална посета на Скопје, објави Секретаријатот за европски прашања. Според Секретаријатот, утре со вицепремиерот Бојан Маричиќ ќе се разговара за исполнувањето на обврските и задачите кои произлегуваат од преговарачката рамка, по што ќе се одржи заедничка прес-конференција. Во рамки на посетата „Вајмарската тројка“ ќе се сретне и со премиерот Димитар Ковачевски, со претседателот Стево Пендаровски и со претседателот на Собранието Талат Џафери и со координаторите на пратеничките групи. Како што е најавено, во вторник министерка за Европа и за клима на Сојузна Република Германија Ана Лирман ќе учествува на настанот на тема: „Подготовка за проширување на ЕУ“, што го организира Секретаријатот за европски прашања, во соработка со Институтот за европска политика (ЕПИ).

The post Вајмарската тројка доаѓа утре во Скопје на разговори за евроинтеграцискиот процес appeared first on Република.

]]>