вахабисти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vahabisti/ За подобро да се разбереме Sat, 26 Oct 2024 18:22:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вахабисти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vahabisti/ 32 32 Многу оружје и документи на арапски запленети по апсењето на осум лица поврзани со тинејџерот кој уби полицаец во БиХ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mnogu-oruzhje-i-dokumenti-na-arapski-zapleneti-po-apseneto-na-osum-litsa-povrzani-so-tinejdherot-koj-ubi-politsaets-vo-bih/ Sat, 26 Oct 2024 18:29:49 +0000 https://republika.mk/?p=831313

Осум лица се уапсени синоќа во Босанска Крупа и Бихаќ, БиХ, во рамки на акцијата поврзана со терористичкиот напад во кој загина полицаецот Озрен Маран, а беше ранет неговиот колега Авдо Хасановиќ. Информацијата за апсењето за порталот „Аваз“ ја потврди полицијата.

Кај уаспените е пронајдено големо количество оружје, одземени се централни единици, паметни телефони, лаптопи, преносни компјутери, пари, УСБ и поголема количина хартија со текстови на арапски јазик.

Апсењата доаѓаат по нападот кој 15-годишник го изврши во полициска станица во Босанска Крупа, каде со нож уби еден, а рани друг полицаец. Нападот е прогласен за терористички напад, имајќи предвид дека малолетниот е радикално обучен исламски верски фанатик.

https://republika.mk/vesti/balkan/15-godishnik-zakla-politsaets-vo-bih/

Како што тврди извор од истрагата за босанските медиуми, напаѓачот потекнува од семејство чиј татко е член на вахабистичкото движење, а често бил виден со истомисленици во кафуле во Босанска Крупа. Неговиот профил на Фејсбук, кој е полн со исламистички карактеристики, укажува дека тој е исламски екстремист, наведува АТВ.

The post Многу оружје и документи на арапски запленети по апсењето на осум лица поврзани со тинејџерот кој уби полицаец во БиХ appeared first on Република.

]]>

Осум лица се уапсени синоќа во Босанска Крупа и Бихаќ, БиХ, во рамки на акцијата поврзана со терористичкиот напад во кој загина полицаецот Озрен Маран, а беше ранет неговиот колега Авдо Хасановиќ. Информацијата за апсењето за порталот „Аваз“ ја потврди полицијата. Кај уаспените е пронајдено големо количество оружје, одземени се централни единици, паметни телефони, лаптопи, преносни компјутери, пари, УСБ и поголема количина хартија со текстови на арапски јазик. Апсењата доаѓаат по нападот кој 15-годишник го изврши во полициска станица во Босанска Крупа, каде со нож уби еден, а рани друг полицаец. Нападот е прогласен за терористички напад, имајќи предвид дека малолетниот е радикално обучен исламски верски фанатик. https://republika.mk/vesti/balkan/15-godishnik-zakla-politsaets-vo-bih/ Како што тврди извор од истрагата за босанските медиуми, напаѓачот потекнува од семејство чиј татко е член на вахабистичкото движење, а често бил виден со истомисленици во кафуле во Босанска Крупа. Неговиот профил на Фејсбук, кој е полн со исламистички карактеристики, укажува дека тој е исламски екстремист, наведува АТВ.

The post Многу оружје и документи на арапски запленети по апсењето на осум лица поврзани со тинејџерот кој уби полицаец во БиХ appeared first on Република.

]]>