вагинални проблеми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vaginalni-problemi/ За подобро да се разбереме Tue, 08 Oct 2024 15:26:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вагинални проблеми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vaginalni-problemi/ 32 32 Лекарка предупредува на знак за менопауза за кој ретко се зборува: Задолжително кажете му на вашиот лекар https://arhiva3.republika.mk/intima/lekarka-predupreduva-na-znak-za-menopauza-za-koj-retko-se-zboruva-zadolzhitelno-kazhete-mu-na-vashiot-lekar/ Tue, 08 Oct 2024 17:48:17 +0000 https://republika.mk/?p=819206

Познато е дека менопаузата носи бројни промени во телото на жената. Топли бранови, промени во расположението, зголемување на телесната тежина и проблеми со спиењето се само некои од вообичаените симптоми на менопаузата што ги доживуваат многу жени.

Иако овие симптоми се нормални, важно е да разговарате за нив со вашиот лекар.

Менопаузата носи големи хормонални промени, првенствено поради губењето на естрогенот, кој има големо влијание врз целото тело, објаснува гинекологот д-р Џејми Сајмон.

Д-р Сајмон нагласува дека естрогенот игра клучна улога во многу телесни функции, па кога нивото на естроген опаѓа, жените доживуваат широк спектар на промени. Еден од симптомите на кој многу жени не обрнуваат внимание или не го спомнуваат на својот лекар е сувоста во интимната зона.

Вагиналната сувост често се поврзува со намалување на нивото на естроген, но може да укаже и на други здравствени проблеми, додава д-р Сајмон.

Затоа, важно е да го информирате вашиот лекар за овој симптом со цел да се исклучат други можни причини.

Покрај менопаузата, други можни причини за овој симптом вклучуваат дијабетес, Сјогренов синдром (автоимуна болест која предизвикува сувост на целото тело), ​​одредени видови на хормонална контрацепција, одредени лекови (вклучувајќи антидепресиви и антихистаминици) и третман на рак.

The post Лекарка предупредува на знак за менопауза за кој ретко се зборува: Задолжително кажете му на вашиот лекар appeared first on Република.

]]>

Познато е дека менопаузата носи бројни промени во телото на жената. Топли бранови, промени во расположението, зголемување на телесната тежина и проблеми со спиењето се само некои од вообичаените симптоми на менопаузата што ги доживуваат многу жени. Иако овие симптоми се нормални, важно е да разговарате за нив со вашиот лекар.
Менопаузата носи големи хормонални промени, првенствено поради губењето на естрогенот, кој има големо влијание врз целото тело, објаснува гинекологот д-р Џејми Сајмон.
Д-р Сајмон нагласува дека естрогенот игра клучна улога во многу телесни функции, па кога нивото на естроген опаѓа, жените доживуваат широк спектар на промени. Еден од симптомите на кој многу жени не обрнуваат внимание или не го спомнуваат на својот лекар е сувоста во интимната зона.
Вагиналната сувост често се поврзува со намалување на нивото на естроген, но може да укаже и на други здравствени проблеми, додава д-р Сајмон.
Затоа, важно е да го информирате вашиот лекар за овој симптом со цел да се исклучат други можни причини. Покрај менопаузата, други можни причини за овој симптом вклучуваат дијабетес, Сјогренов синдром (автоимуна болест која предизвикува сувост на целото тело), ​​одредени видови на хормонална контрацепција, одредени лекови (вклучувајќи антидепресиви и антихистаминици) и третман на рак.

The post Лекарка предупредува на знак за менопауза за кој ретко се зборува: Задолжително кажете му на вашиот лекар appeared first on Република.

]]>
Каква миризба е таа долу? Мириса на риба, амонјак, квасец… https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/kakva-mirizba-e-taa-dolu-mirisa-na-riba-amonjak-kvasets/ Sat, 08 Apr 2023 08:38:31 +0000 https://republika.mk/?p=628576

Се разбира, никој не сака непријатна вагинална миризба, па кога ќе почувствуваме дека „таму долу“ нешто не е во ред, разбирливо е да посегнеме по производи што ветуваат „неодолив мирис и свежина“.

Но внимавајте: дезодорансите за вулва и вагина, како и некои од геловите за интимна нега, во основа само ги прекриваат непријатните мириси, без да ги отстранат, при што може да предизвикаат иритација и пецкање. Значи, наместо да го маскирате мирисот, идентификувајте што го предизвикува и решете го!

МИРИСА НА… РИБА
Зошто се случува: вагиналниот микробиом претежно е населен со лактобацили – „добри“ бактерии што произведуваат млечна киселина, која, пак, ја одржува pH-вредноста здрава, спречувајќи на тој начин развој на „лоши“ бактерии, како што е Gardnerella vaginalis, а токму таа може да е предизвикувач на лошата миризба на риба, иритацијата, јадежот и на вагиналниот исцедок. Предизвикувачи на висока pH-вредност, која овозможува оваа бактерија да се размножува, се хормоналните промени, менструалната крв и половиот однос, затоа што спермата има висока pH-вредност. Прекумерното размножување на Gardnerella може да доведе до бактериска вагиноза.

Како да се ослободите од оваа миризба: ако pH-вредноста опаднала толку колку да се појави оваа непријатна миризба, без да се развие и бактериска вагиноза, ќе ви помогне вагинален гел како Canesbalance. Сепак, единствен начин да бидете сигурни е да закажете преглед на гинеколог.

МИРИСА НА… КВАСЕЦ
Зошто се појавува: поради намножување габички во вагината, како што е Candidа albicans. Мошне веројатно е да почувствувате и интензивен јадеж и да забележите белузлав, урдест секрет. Овој проблем е почест во бременоста, во случај на шеќерна болест, примена на антибиотици или во случај на имуносупресивна терапија.

Како да се ослободите од миризбата: избегнувајте долна облека од синтетика и тесна облека и плакнете ја вагината. Ако често ви се јавуваат споменатите симптоми, размислете за промена на исхраната – шеќерот е одлична подлога за развој на габички, па доколку не го консумирате, тоа може да помогне. Се разбира, клучна е посетата на гинеколог.

МИРИСА НА… АМОНИЈАК
Зошто се случува: мирис сличен на амонијак обично не е поврзан со исцедокот од вагината. Многу е поголема веројатноста дека станува збор за инконтиненција (неволно испуштање урина). Станува збор за многу чест проблем, за кој жените ретко зборуваат. Факт е дека од инконтиненција страдаат 50% од жените, а многу од нив не се ни свесни.

Како да се ослободите од оваа миризба: како превенција се советуваат Кегелови вежби и одржување здрава телесна тежина. Доколку неволното испуштање урина продолжи, обратете се на гинеколог со кого ќе поразговарате за начините за решавање на овој проблем.

За крај, мора да истакнеме дека е нормално вагината да има одреден мирис, а знак за аларм е само ако стане поинтензивен.


Извор: Убавина и здравје

The post Каква миризба е таа долу? Мириса на риба, амонјак, квасец… appeared first on Република.

]]>

Се разбира, никој не сака непријатна вагинална миризба, па кога ќе почувствуваме дека „таму долу“ нешто не е во ред, разбирливо е да посегнеме по производи што ветуваат „неодолив мирис и свежина“. Но внимавајте: дезодорансите за вулва и вагина, како и некои од геловите за интимна нега, во основа само ги прекриваат непријатните мириси, без да ги отстранат, при што може да предизвикаат иритација и пецкање. Значи, наместо да го маскирате мирисот, идентификувајте што го предизвикува и решете го! МИРИСА НА… РИБА Зошто се случува: вагиналниот микробиом претежно е населен со лактобацили – „добри“ бактерии што произведуваат млечна киселина, која, пак, ја одржува pH-вредноста здрава, спречувајќи на тој начин развој на „лоши“ бактерии, како што е Gardnerella vaginalis, а токму таа може да е предизвикувач на лошата миризба на риба, иритацијата, јадежот и на вагиналниот исцедок. Предизвикувачи на висока pH-вредност, која овозможува оваа бактерија да се размножува, се хормоналните промени, менструалната крв и половиот однос, затоа што спермата има висока pH-вредност. Прекумерното размножување на Gardnerella може да доведе до бактериска вагиноза. Како да се ослободите од оваа миризба: ако pH-вредноста опаднала толку колку да се појави оваа непријатна миризба, без да се развие и бактериска вагиноза, ќе ви помогне вагинален гел како Canesbalance. Сепак, единствен начин да бидете сигурни е да закажете преглед на гинеколог. МИРИСА НА… КВАСЕЦ Зошто се појавува: поради намножување габички во вагината, како што е Candidа albicans. Мошне веројатно е да почувствувате и интензивен јадеж и да забележите белузлав, урдест секрет. Овој проблем е почест во бременоста, во случај на шеќерна болест, примена на антибиотици или во случај на имуносупресивна терапија. Како да се ослободите од миризбата: избегнувајте долна облека од синтетика и тесна облека и плакнете ја вагината. Ако често ви се јавуваат споменатите симптоми, размислете за промена на исхраната – шеќерот е одлична подлога за развој на габички, па доколку не го консумирате, тоа може да помогне. Се разбира, клучна е посетата на гинеколог. МИРИСА НА… АМОНИЈАК Зошто се случува: мирис сличен на амонијак обично не е поврзан со исцедокот од вагината. Многу е поголема веројатноста дека станува збор за инконтиненција (неволно испуштање урина). Станува збор за многу чест проблем, за кој жените ретко зборуваат. Факт е дека од инконтиненција страдаат 50% од жените, а многу од нив не се ни свесни. Како да се ослободите од оваа миризба: како превенција се советуваат Кегелови вежби и одржување здрава телесна тежина. Доколку неволното испуштање урина продолжи, обратете се на гинеколог со кого ќе поразговарате за начините за решавање на овој проблем. За крај, мора да истакнеме дека е нормално вагината да има одреден мирис, а знак за аларм е само ако стане поинтензивен.
Извор: Убавина и здравје

The post Каква миризба е таа долу? Мириса на риба, амонјак, квасец… appeared first on Република.

]]>