узурпација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uzurpacija/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Nov 2024 15:17:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png узурпација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uzurpacija/ 32 32 ПИОМ е узурпиран и во катастрофална состојба со над 400 тужби од вработените и кривични против претходни директори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/piom-e-uzurpiran-i-vo-katastrofalna-sostojba-so-nad-400-tuzhbi-od-vrabotenite-i-krivichni-protiv-prethodni-direktori/ Mon, 04 Nov 2024 15:17:15 +0000 https://republika.mk/?p=834085

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) функционира со 491 вработен од 950 планирани работни места или со 50 отсто од капацитетот.  Целосно е узурпиран во последните 15 години, деградиран е и се наоѓа во катастрофална состојба од неколку апскети. Има и кадровски дисбаланс. Филијалите во западна Македонија се над 90 отсто пополнети со кадар, а во Битола, Прилеп, Велес, Струга, Штип, Струмица, Гевгелија, има помалку од потребниот број вработени за минимум функционирање на филијалите, рече денеска директорот на оваа институција, Никола Мемов.

Тој обелодени и дека се издадени голем број овластувања за прераспределувања на вработените на несоодветни работни места што резултирало со над 400 тужби против ПИОМ од вработените.

Поднесени се и кривични пријави против претходни дриектори, а бил спроведуван и проект за фотонапонска централа вредна 200 000 евра без претходно да се обезбеди лиценца за продажба на струјата. За проектот, Мемов, како што истакна, веќе дал наредба да се стопира.

-Побаравме согласнот од Министерството за финансии за вработувања со договор на дело, во секој град да има миним услови за решавање на барањата за остварување на правото на пензии. Засега работиме со постојните ресурси, нема промена во раководниот кадар. Направивме прераспоредување во Битола и Велес и веќе има видливи резултати. Одземени се сите овластувања за обезбедување соодветно работно место за тие вработени кои се несосодветно распределни. Финансиски е веројатно исто како во другите институции, постапките за завршени, договорите се реализирани до јуни и средствата се потрошени, остануваме без средства до крајот на годината, рече Мемов на настанот Платформа: 100% посветени за тебе - „Мерки и политики за унапредување на здравството, социјалната политика, демографијата и младите“ што го организира Владата.

Директорот најави модернизација и трансформација на Фондот особено во насока на многу поголема транспарентност. Рече дека институцијата ќе гарантира исплата и остварување на права на пензии во законските рокови од 30 и 60 дена. Секој што ќе поднесе барање за пензија, за 30 дена ќе мора да добие, подвлече Мемов.

Според него, само за октомври - од 1 893 барања со заостанати од претходните месеци, решени се 2 566 предмети, а активни остануваат уште 2 500 барања.

-Секој месец има нови барања. Буџетот е 135 милијарди денари или 2,2 милијарди евра од кои 1,7 милијарди се за исплата на пензиите, 180 милиони евра се планирани трансфери по основ на здравствено осигурување на пензионерите и околу 250 милиони евра трансфери во Вториот пензиски столб. Клучната цел на ПИОМ е да се зголеми транспарентноста кон осигурениците и крајните корисници на пензиите. Јавноста засега нема никаква достапност или какви било информации, мора лично да дојде во Фондот за да извади листинг за стаж. Во план ни е да се направи нов систем за транспрентост, сигурност на базите на податоци и достапност на сите услуги преку веб сервис, потенцира дикректорот и додадека дека во ПИОМ има преку 170 деловни процеси што треба да функционираат.

https://www.youtube.com/watch?v=_2VGOmUBdas&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmia.mk%2F&source_ve_path=OTY3MTQ

The post ПИОМ е узурпиран и во катастрофална состојба со над 400 тужби од вработените и кривични против претходни директори appeared first on Република.

]]>

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) функционира со 491 вработен од 950 планирани работни места или со 50 отсто од капацитетот.  Целосно е узурпиран во последните 15 години, деградиран е и се наоѓа во катастрофална состојба од неколку апскети. Има и кадровски дисбаланс. Филијалите во западна Македонија се над 90 отсто пополнети со кадар, а во Битола, Прилеп, Велес, Струга, Штип, Струмица, Гевгелија, има помалку од потребниот број вработени за минимум функционирање на филијалите, рече денеска директорот на оваа институција, Никола Мемов. Тој обелодени и дека се издадени голем број овластувања за прераспределувања на вработените на несоодветни работни места што резултирало со над 400 тужби против ПИОМ од вработените. Поднесени се и кривични пријави против претходни дриектори, а бил спроведуван и проект за фотонапонска централа вредна 200 000 евра без претходно да се обезбеди лиценца за продажба на струјата. За проектот, Мемов, како што истакна, веќе дал наредба да се стопира. -Побаравме согласнот од Министерството за финансии за вработувања со договор на дело, во секој град да има миним услови за решавање на барањата за остварување на правото на пензии. Засега работиме со постојните ресурси, нема промена во раководниот кадар. Направивме прераспоредување во Битола и Велес и веќе има видливи резултати. Одземени се сите овластувања за обезбедување соодветно работно место за тие вработени кои се несосодветно распределни. Финансиски е веројатно исто како во другите институции, постапките за завршени, договорите се реализирани до јуни и средствата се потрошени, остануваме без средства до крајот на годината, рече Мемов на настанот Платформа: 100% посветени за тебе - „Мерки и политики за унапредување на здравството, социјалната политика, демографијата и младите“ што го организира Владата. Директорот најави модернизација и трансформација на Фондот особено во насока на многу поголема транспарентност. Рече дека институцијата ќе гарантира исплата и остварување на права на пензии во законските рокови од 30 и 60 дена. Секој што ќе поднесе барање за пензија, за 30 дена ќе мора да добие, подвлече Мемов. Според него, само за октомври - од 1 893 барања со заостанати од претходните месеци, решени се 2 566 предмети, а активни остануваат уште 2 500 барања. -Секој месец има нови барања. Буџетот е 135 милијарди денари или 2,2 милијарди евра од кои 1,7 милијарди се за исплата на пензиите, 180 милиони евра се планирани трансфери по основ на здравствено осигурување на пензионерите и околу 250 милиони евра трансфери во Вториот пензиски столб. Клучната цел на ПИОМ е да се зголеми транспарентноста кон осигурениците и крајните корисници на пензиите. Јавноста засега нема никаква достапност или какви било информации, мора лично да дојде во Фондот за да извади листинг за стаж. Во план ни е да се направи нов систем за транспрентост, сигурност на базите на податоци и достапност на сите услуги преку веб сервис, потенцира дикректорот и додадека дека во ПИОМ има преку 170 деловни процеси што треба да функционираат. https://www.youtube.com/watch?v=_2VGOmUBdas&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmia.mk%2F&source_ve_path=OTY3MTQ

The post ПИОМ е узурпиран и во катастрофална состојба со над 400 тужби од вработените и кривични против претходни директори appeared first on Република.

]]>
Охрид СОС: Скоро секојдневно на десетици локации се узурпира и уништува крајбрежјето https://arhiva3.republika.mk/zivot/ohrid-sos-skoro-sekojdnevno-na-desetitsi-lokatsii-se-uzurpira-i-unishtuva-krajbrezhjeto/ Sun, 10 Mar 2024 13:59:09 +0000 https://republika.mk/?p=753304

Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ реагира дека скоро секојдневно на десетици локации се узурпира и уништува крајбрежјето на Охридското Езеро.

Тие преку нивниот Фејсбук статус се навраќаат на тоа дека се изработува физибилити студијата за Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење за заштитена зона на крајбрежниот појас во Охридскиот регион и дека Агенцијата за планирање на просторот активно соработува со работниот тим кој преку УНДП ја изработува неа и ги доставува сите податоци, информации, проекти и документи што им се потребни при изработката.

Истовремено, од граѓанската иницијатива додаваат дека во Извештајот за состојбата со заштитата на Природното и културното наследство на регионот и напредокот во спроведувањето на препораките од одлуката на Комитетот за светско наследство доставен до УНЕСКО се наведува дека студијата се изработува од ангажиран експертски тим од меѓународни и домашни експерти.

Од иницијативата велат дека навидум, според напишаното во Извештајот, нештата се одвиваат како што треба. Но, како што велат од Охрид СОС, она што не го виделе меѓународните организации е ситуацијата на терен и дека таму не е се како што се опишува или премолчува.

„Кој ќе чека на Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење за заштитената зона на крајбрежниот појас, а дополнително на некаква физибилити студија? Додека инспекциите си седат во своите удобни и топли канцеларии, останува на жителите на регионот, на обичниот народ, да следи што се случува и да реагира. Некој што е платен да врши обиколки, да работи на терен, мора да се измоли да реагира, а најчесто се тоа само формални постапки, кои не завршуваат со конкретни санкции или се прогледува низ прсти. Повторно се гради и доградува во Извидничкиот центар во Охрид, на самиот брег на езерото. Евидентирано викендов. Доставена е претставка до надлежните инспекциски служби“, велат од Охрид СОС.

Дополнително, тие истакнуваат дека изминатава седмица во посета на Општина Охрид била Делегацијата на ЕУ, предводена од Амбасадорот Гир, како и дека соговорниците разговарале и за напредокот во спроведувањето на препораките од УНЕСКО и за соработката со владините институции.

Моментално и напредокот и соработката, од Охрид СОС велат дека се никакви и дека не постои координација.

„Не постои каква и да е визија, а не пак стратегија. Не се исполнети препораки уште од Реактивната мониторинг мисија од 2017 година. Она што се пишува во извештаите не кореспондира со реалноста“, додаваат тие.

Оттаму се децидни дека природното наследство постојано е под удар на урбанизацијата и желбите на поединци и групи преку узурпација на национално добро да остваруваат профит.

 

The post Охрид СОС: Скоро секојдневно на десетици локации се узурпира и уништува крајбрежјето appeared first on Република.

]]>

Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ реагира дека скоро секојдневно на десетици локации се узурпира и уништува крајбрежјето на Охридското Езеро. Тие преку нивниот Фејсбук статус се навраќаат на тоа дека се изработува физибилити студијата за Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење за заштитена зона на крајбрежниот појас во Охридскиот регион и дека Агенцијата за планирање на просторот активно соработува со работниот тим кој преку УНДП ја изработува неа и ги доставува сите податоци, информации, проекти и документи што им се потребни при изработката. Истовремено, од граѓанската иницијатива додаваат дека во Извештајот за состојбата со заштитата на Природното и културното наследство на регионот и напредокот во спроведувањето на препораките од одлуката на Комитетот за светско наследство доставен до УНЕСКО се наведува дека студијата се изработува од ангажиран експертски тим од меѓународни и домашни експерти. Од иницијативата велат дека навидум, според напишаното во Извештајот, нештата се одвиваат како што треба. Но, како што велат од Охрид СОС, она што не го виделе меѓународните организации е ситуацијата на терен и дека таму не е се како што се опишува или премолчува. „Кој ќе чека на Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење за заштитената зона на крајбрежниот појас, а дополнително на некаква физибилити студија? Додека инспекциите си седат во своите удобни и топли канцеларии, останува на жителите на регионот, на обичниот народ, да следи што се случува и да реагира. Некој што е платен да врши обиколки, да работи на терен, мора да се измоли да реагира, а најчесто се тоа само формални постапки, кои не завршуваат со конкретни санкции или се прогледува низ прсти. Повторно се гради и доградува во Извидничкиот центар во Охрид, на самиот брег на езерото. Евидентирано викендов. Доставена е претставка до надлежните инспекциски служби“, велат од Охрид СОС. Дополнително, тие истакнуваат дека изминатава седмица во посета на Општина Охрид била Делегацијата на ЕУ, предводена од Амбасадорот Гир, како и дека соговорниците разговарале и за напредокот во спроведувањето на препораките од УНЕСКО и за соработката со владините институции. Моментално и напредокот и соработката, од Охрид СОС велат дека се никакви и дека не постои координација. „Не постои каква и да е визија, а не пак стратегија. Не се исполнети препораки уште од Реактивната мониторинг мисија од 2017 година. Она што се пишува во извештаите не кореспондира со реалноста“, додаваат тие. Оттаму се децидни дека природното наследство постојано е под удар на урбанизацијата и желбите на поединци и групи преку узурпација на национално добро да остваруваат профит.
 

The post Охрид СОС: Скоро секојдневно на десетици локации се узурпира и уништува крајбрежјето appeared first on Република.

]]>
Поведена постапка за узурпација на просторот во близина на поликлиниката „Бит Пазар“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/povedena-postapka-za-uzurpatsija-na-prostorot-vo-blizina-na-poliklinikata-bit-pazar/ Sun, 14 May 2023 07:05:01 +0000 https://republika.mk/?p=640579

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за две лица против кои е поведена постапка за кривично дело – Узурпација на недвижности согласно член 225 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти утрово Јавното обвинителство на Република Македонија, осомничените, на возраст од 45 и 42 години, на особено дрзок начин, со багер урнале дел од оградата на поликлиниката „Бит Пазар“ и почнале да го рамнат и тампонираат земјиштето во близина на здравствената установа кое не било во нивна сопственост, со намера да го претворат во паркинг, иако за тоа немале соодветна дозвола од општината.

Надлежниот јавен обвинител предложи мерка притвор оценувајќи дека во конкретниот случај постои опасност осомничените да го повторат делото, бидејќи кривично-правните дејствија ги презеле преку исклучителен волунтаризам и самоволие, со нарушување на имотот на објект кој е во општа употреба. Двајцата манифестирале огромна упорност за реализирање на својот потфат и за само два часа успеале да ја урнат оградата и бетонските столбови со цел да овозможат пристап на градежна механизација на локацијата, започнале да носат камиони со тампон и истуриле огромно количество песок за да го тампонираат просторот. Во ноќни услови, на особено фреквентно место од градот, со своите ископувања стигнале до ѕидовите на болницата, при што го загрозиле пристапот до болницата и спроводот на пациентите во итни случаи, наведува ЈО.

Намерата на осомничените била во најкраток можен период за време на викендот да го заокружат криминалниот потфат со ставање сопствена рампа со која во иднина би го узурпирале просторот и би профитирале од наплата на паркинг без дозвола. Ова за обвинителството укажува дека тенденцијата на осомничените била и понатаму да се занимаваат со казниви дејствија што го оправдува стравот дека постои опасност тие да го повторат кривичното дело.

Според ЈО, судијата на претходна постапка ги разгледа околностите и за првоосомничениот, кој го узурпирал земјиштето определи мерка притвор во траење од осум дена, додека за вториот осомничен – управувач со багерот определени се мерки на претпазливост.​

The post Поведена постапка за узурпација на просторот во близина на поликлиниката „Бит Пазар“ appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за две лица против кои е поведена постапка за кривично дело – Узурпација на недвижности согласно член 225 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Како што соопшти утрово Јавното обвинителство на Република Македонија, осомничените, на возраст од 45 и 42 години, на особено дрзок начин, со багер урнале дел од оградата на поликлиниката „Бит Пазар“ и почнале да го рамнат и тампонираат земјиштето во близина на здравствената установа кое не било во нивна сопственост, со намера да го претворат во паркинг, иако за тоа немале соодветна дозвола од општината. Надлежниот јавен обвинител предложи мерка притвор оценувајќи дека во конкретниот случај постои опасност осомничените да го повторат делото, бидејќи кривично-правните дејствија ги презеле преку исклучителен волунтаризам и самоволие, со нарушување на имотот на објект кој е во општа употреба. Двајцата манифестирале огромна упорност за реализирање на својот потфат и за само два часа успеале да ја урнат оградата и бетонските столбови со цел да овозможат пристап на градежна механизација на локацијата, започнале да носат камиони со тампон и истуриле огромно количество песок за да го тампонираат просторот. Во ноќни услови, на особено фреквентно место од градот, со своите ископувања стигнале до ѕидовите на болницата, при што го загрозиле пристапот до болницата и спроводот на пациентите во итни случаи, наведува ЈО. Намерата на осомничените била во најкраток можен период за време на викендот да го заокружат криминалниот потфат со ставање сопствена рампа со која во иднина би го узурпирале просторот и би профитирале од наплата на паркинг без дозвола. Ова за обвинителството укажува дека тенденцијата на осомничените била и понатаму да се занимаваат со казниви дејствија што го оправдува стравот дека постои опасност тие да го повторат кривичното дело. Според ЈО, судијата на претходна постапка ги разгледа околностите и за првоосомничениот, кој го узурпирал земјиштето определи мерка притвор во траење од осум дена, додека за вториот осомничен – управувач со багерот определени се мерки на претпазливост.​

The post Поведена постапка за узурпација на просторот во близина на поликлиниката „Бит Пазар“ appeared first on Република.

]]>