уживање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uzivanje/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Nov 2024 08:42:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png уживање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uzivanje/ 32 32 „Уживање“ на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во МКЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/uzhivane-na-marta-patlidhankovska-i-lusiana-ampeva-vo-mkts/ Mon, 04 Nov 2024 08:42:52 +0000 https://republika.mk/?p=833875

Во Галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ), вечерва, во 20 часот, ќе се отвори изложбата „Уживање“ на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева.

Опсервацијата на ликовните дела во актуелната изложба „Уживање“ на двете млади, академски ликовни авторки, е предизвик за нотирање на нови енергии и продукции во ликовната сфера, но и задача за барање на онаа допирна точка, оној заеднички именител кој ги поврзува како творци, а ги издвојува како индивидуи. Во овој колаборативен проект, Ампева и Патлиџанковска, преку своите дела се обидуваат да ја пренесат „магијата“, убавината на творечкиот занес во процесот на создавањето на едно дело, високото чувство на задоволство при проекцијата на мислата и материјализацијата на сликарската идеја на сликарското платно. Изложбата содржи дела работени во текот на 2024 година, големи формати, кои во ликовниот израз припаѓаат на реалистичката или фигуративната ликовна сфера, со примеси на одредена симболичност и асоцијативност, се посочува кон изложбата која ќе биде отворена до 14 ноември.

The post „Уживање“ на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во МКЦ appeared first on Република.

]]>

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/uzhivane-izlozhba-na-marta-patlidhankovska-i-lusiana-ampeva-vo-galerija-mkts/ Fri, 01 Nov 2024 09:43:46 +0000 https://republika.mk/?p=833020

Опсервацијата на ликовните дела во актуелната изложба „Уживање“ на двете млади, академски ликовни авторки, Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева, е предизвик за нотирање на нови енергии и продукции во ликовната сфера, но и задача за барање на онаа допирна точка, оној заеднички именител кој ги поврзува како творци, а ги издвојува како индивидуи.

Во овој колаборативен проект, Ампева и Патлиџанковска преку своите дела се обидуваат да ја пренесат „магијата“, убавината на творечкиот занес во процесот на создавањето на едно дело, високото чувство на задоволство при проекцијата на мислата и материјализацијата на сликарската идеја на сликарското платно. Изложбата содржи дела работени во текот на 2024 година, големи формати, кои во ликовниот израз припаѓаат на реалистичката или фигуративната ликовна сфера, со примеси на одредена симболичност и асоцијативност.

Изложбата ќе биде отворена до 14 ноември.

The post „Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ appeared first on Република.

Ова се 40 најубави чувства на светот https://arhiva3.republika.mk/zivot/psihologija/ova-se-40-najubavi-chuvstva-na-svetot/ Sat, 30 Apr 2022 16:00:47 +0000 https://republika.mk/?p=495785

Живееме во модерно и стресно време и од ден на ден како да стануваме се подепресивни и понегативни. Луѓето како да заборавиле дека среќата е во малите нешта. Каква и да е ситуацијата, имајте на ум каква е една од најважните работи во животот – уживањето. Следните примери на мали работи кои создаваат големо чувство на среќа, ви ги донесуваме во попис кој едноставно мора да го испробате.

1. Соблекување на неудобни чевли по напорен ден.

2. Ставање на раката во вреќа ориз или грав.

3. Бакнување на дете во мек образ

4. Притискање на фолија со меурчиња

5. Вртење на перницата на ладната страна

6. Чувството кога од прва ќе ја подесите температурата на водата под тушот.

7. Каснување на првиот залак од омиленото јадење.

8. Конечно паѓање на кревет по напорниот работен ден и непроспиена ноќ.

9. Прво бакнување на некој кој ви се допаѓа.

10. Мирисот на нова книга.

11. Прва голтка кафе наутро.

12. Чувство на топлина од сонцето на кожата.

13. Одење по топла песочна плажа во вечерните часови.

14. На чиста и свежо испеглана облека.

15. Прошетка во тек на летен дожд.

16. Пливање во ладна вода на жежок ден.

17. Масажа на грбот.

18. Трчање со боси нозе по трева.

19. Мирисот по бура.

20. Галење на крзното на своето домашно милениче.

21. Голтка студена вода на жежок ден.

22. Допирање на косата по шишање.

23. Топлење на рацете пред оган.

24. Конечно да кивнете, по неколку неуспешни обиди.

25. Да слушате како преде вашата мачка додека се одмора легната на вас.

26. Мирис на кромид кој штотуку сте го ставиле во тавче со жешко маслиново масло.

27. Играње со мали топчиња или со тенок метален синџир низ прстите.

28. Миење на забите со нова четка за заби.

29. Ставање на очила откако сте ги исчистиле.

30. Чувството на пеперутки во стомакот кога се возите по удолнина.

31. Да прегрнувате некој кој ви недостасувал.

32. Одлепување на исушен лепак од кожата.

33. Доаѓање дома и облекување алишта „за по дома‟.

34. Тркалање по килим кога надвор врне дожд.

35. Спиење на чиста постелнина.

36. Откривање на пријатен мирис кој ве потсетува на детството.

37. Нежно грицкање на некој кој го сакате.

38. Мирисот на скара во моментот кога е подготвена на послужавник.

39. Отворање очи наутро и сфаќање дека е сабота.

40. Уживање со чаша вино.

The post Ова се 40 најубави чувства на светот appeared first on Република.

]]>

Живееме во модерно и стресно време и од ден на ден како да стануваме се подепресивни и понегативни. Луѓето како да заборавиле дека среќата е во малите нешта. Каква и да е ситуацијата, имајте на ум каква е една од најважните работи во животот – уживањето. Следните примери на мали работи кои создаваат големо чувство на среќа, ви ги донесуваме во попис кој едноставно мора да го испробате. 1. Соблекување на неудобни чевли по напорен ден. 2. Ставање на раката во вреќа ориз или грав. 3. Бакнување на дете во мек образ 4. Притискање на фолија со меурчиња 5. Вртење на перницата на ладната страна 6. Чувството кога од прва ќе ја подесите температурата на водата под тушот. 7. Каснување на првиот залак од омиленото јадење. 8. Конечно паѓање на кревет по напорниот работен ден и непроспиена ноќ. 9. Прво бакнување на некој кој ви се допаѓа. 10. Мирисот на нова книга. 11. Прва голтка кафе наутро. 12. Чувство на топлина од сонцето на кожата. 13. Одење по топла песочна плажа во вечерните часови. 14. На чиста и свежо испеглана облека. 15. Прошетка во тек на летен дожд. 16. Пливање во ладна вода на жежок ден. 17. Масажа на грбот. 18. Трчање со боси нозе по трева. 19. Мирисот по бура. 20. Галење на крзното на своето домашно милениче. 21. Голтка студена вода на жежок ден. 22. Допирање на косата по шишање. 23. Топлење на рацете пред оган. 24. Конечно да кивнете, по неколку неуспешни обиди. 25. Да слушате како преде вашата мачка додека се одмора легната на вас. 26. Мирис на кромид кој штотуку сте го ставиле во тавче со жешко маслиново масло. 27. Играње со мали топчиња или со тенок метален синџир низ прстите. 28. Миење на забите со нова четка за заби. 29. Ставање на очила откако сте ги исчистиле. 30. Чувството на пеперутки во стомакот кога се возите по удолнина. 31. Да прегрнувате некој кој ви недостасувал. 32. Одлепување на исушен лепак од кожата. 33. Доаѓање дома и облекување алишта „за по дома‟. 34. Тркалање по килим кога надвор врне дожд. 35. Спиење на чиста постелнина. 36. Откривање на пријатен мирис кој ве потсетува на детството. 37. Нежно грицкање на некој кој го сакате. 38. Мирисот на скара во моментот кога е подготвена на послужавник. 39. Отворање очи наутро и сфаќање дека е сабота. 40. Уживање со чаша вино.

The post Ова се 40 најубави чувства на светот appeared first on Република.

]]>