Узбекистан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uzbekistan/ За подобро да се разбереме Tue, 06 Feb 2024 17:30:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Узбекистан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uzbekistan/ 32 32 Украинците преферираат социјална помош: Германија регрутира 50.000 работници од Узбекистан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraintsite-preferiraat-sotsijalna-pomosh-germanija-regrutira-50-000-rabotnitsi-od-uzbekistan/ Tue, 06 Feb 2024 18:35:45 +0000 https://republika.mk/?p=740751

Германија планира да регрутира 50.000 работници од Узбекистан. Узбекистанската агенција за надворешна миграција на работна сила, сооппшти дека германските работодавци понудиле 50.000 работни места за узбекистански граѓани.

Сојузното Министерство за труд и социјални работи на Германија нуди плати кои се движат од 1.000 евра до 2.000 евра, во зависност дали апликантот аплицира преку владината програма „Аусбилдунг“ или потпишува договор без посредници. На листата на слободни работни места се медицински сестри, возачи на камиони, туризам, занаетчиство и градежништво.

Плановите на германската влада да понуди „дарежливо гостопримство“ за дополнителни странски работници доаѓаат во услови на зголемена загриженост од многу обични Германци дека владините програми за имиграција, бегалци и работна сила се безнадежно прекинати. Анкета направена во ноември покажа дека над 70 отсто од земјата е вознемирена поради справувањето со миграцијата од страна на властите во Берлин. Тековните протести против владините планови за намалување на субвенциите за земјоделството дополнително ја разбрануваат ситуацијата.

Друг проблем за Германија се нејзините неуспешни обиди да ги вклучи мигрантите, особено украинските бегалци, во работното поле. Според извештај на „Дер Шпигел“, само 19 отсто од Украинците во земјата имаат работа и некако придонесуваат за германската економија, додека останатите едноставно сметаат на државните бенефиции и „премногу удобни услови“.

The post Украинците преферираат социјална помош: Германија регрутира 50.000 работници од Узбекистан appeared first on Република.

]]>

Германија планира да регрутира 50.000 работници од Узбекистан. Узбекистанската агенција за надворешна миграција на работна сила, сооппшти дека германските работодавци понудиле 50.000 работни места за узбекистански граѓани. Сојузното Министерство за труд и социјални работи на Германија нуди плати кои се движат од 1.000 евра до 2.000 евра, во зависност дали апликантот аплицира преку владината програма „Аусбилдунг“ или потпишува договор без посредници. На листата на слободни работни места се медицински сестри, возачи на камиони, туризам, занаетчиство и градежништво. Плановите на германската влада да понуди „дарежливо гостопримство“ за дополнителни странски работници доаѓаат во услови на зголемена загриженост од многу обични Германци дека владините програми за имиграција, бегалци и работна сила се безнадежно прекинати. Анкета направена во ноември покажа дека над 70 отсто од земјата е вознемирена поради справувањето со миграцијата од страна на властите во Берлин. Тековните протести против владините планови за намалување на субвенциите за земјоделството дополнително ја разбрануваат ситуацијата. Друг проблем за Германија се нејзините неуспешни обиди да ги вклучи мигрантите, особено украинските бегалци, во работното поле. Според извештај на „Дер Шпигел“, само 19 отсто од Украинците во земјата имаат работа и некако придонесуваат за германската економија, додека останатите едноставно сметаат на државните бенефиции и „премногу удобни услови“.

The post Украинците преферираат социјална помош: Германија регрутира 50.000 работници од Узбекистан appeared first on Република.

]]>
Средба Османи-Нарбаева во Ташкент: ОБСЕ работи на зајакнување на улогата на жените и зголемување на нивната безбедност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-osmani-narbaeva-vo-tashkent-obse-raboti-na-zajaknuvane-na-ulogata-na-zhenite-i-zgolemuvane-na-nivnata-bezbednost/ Wed, 09 Aug 2023 07:59:55 +0000 https://republika.mk/?p=670211

Со средбата со претседателката на Сенатот на Узбекистан, Танзила Нарбаева, Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи ја започна посетата на Централна Азија.

Во фокус на средбата Османи-Нарбаева беше улогата на Сенатот во напорите за зајакнување на улогата на жените и зголемување на нивната безбедност, што воедно е и еден од главните приоритети на Претседавањето на Македонија со ОБСЕ во 2023 година.

„Во таа насока, Канцеларијата на проектниот координатор на ОБСЕ во Узбекистан, заедно со Секретаријатот соработува со сите владини институции за спроведување на Националната стратегија за постигнување на родова еднаквост до 2030 година. За поздравување е и одобрувањето на Националниот акциски план за жени, мир и безбедност“, истакна Османи на средбата со Нарбаева.

Покрај на легислативата што се однесува на подобрување на позицијата на жените во општеството, Сенатот на Узбекистан тесно соработува со ОБСЕ и за спроведување на реформите и во други области, како и зајакнување на парламентарниот надзор врз безбедносниот сектор и градење на капацитетите на претставниците на Парламентот во Узбекистан.

„ОБСЕ е подготвена да даде поддршка и во насока на спроведување на препораките на ОДИХР, како и во други области. Крајната цел на поддршката што ОБСЕ им ја дава на државните власти на Узбекистан е креирање на политики во полза на граѓаните и во насока на зацврстување на демократските процеси“, рече Османи на средбата.

Во рамки на посетата на Узбекистан, Османи во Ташкент ќе се сретне и со претседателот на Узбекистан, Шавкат Мирзијоев, а со министерот за надворешни работи, Бахтијор Саидов ќе има заедничка прес-конференција.

Покрај средбите со државниот врв, на агендата на Претседавачот се средби и со претставници на граѓанското општество, а Османи ќе ја посети и Канцеларијата на проектниот координатор на ОБСЕ во Узбекистан.

The post Средба Османи-Нарбаева во Ташкент: ОБСЕ работи на зајакнување на улогата на жените и зголемување на нивната безбедност appeared first on Република.

Османи од Узбекистан ја почнува посетата на Централна Азија како претседавач со ОБСЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-od-uzbekistan-ja-pochnuva-posetata-na-tsentralna-azija-kako-pretsedavach-so-obse/ Mon, 07 Aug 2023 07:26:25 +0000 https://republika.mk/?p=669409

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи од утре ја почнува својата посета на Централна Азија. Како што информира Министерството за надворешни работи, во рамки на Претседавањето на Македонија со ОБСЕ, дел од агендата на Османи е посета на Узбекистан и на Казахстан.

-Посета на Централна Азија, Османи ќе ја започне од Ташкент, Узбекистан, каде што ќе оствари средби со државниот врв. Предвидени се средби со претседателот Шавкат Мирзијоев. Покрај средба, Османи со министерот за надворешни работи на Узбекистан, Бахтијор Саидов, ќе има и заедничка прес-конференција. Османи во Ташкент ќе се сретне и со претставници на ОБСЕ Канцеларијата на проектниот координатор во Узбекистан, соопшти МНР.

Според програмата, во Ташкент Османи ќе има средба и со Танзила Нарбаева, која претседава со Сенатот на Узбекистан, како и со претставници на граѓанското општество.

Од Узбекистан Османи ќе патува во Казахстан каде што, исто така, ќе има средби со официјалните претставници на државата, а ќе ја посети и Програмската канцеларија на ОБСЕ во Астана за, како што наведува МНР, одблиску да се запознае со активностите и проектите што ОБСЕ ги спроведува во Казахстан.

Османи ќе се сретне со Касим Јомарт Токајев, претседател на Казахстан, а со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Казахстан, Мурат Нуртлеу, ќе имаат и заедничка прес-конференција. Османи во Астана ќе има средба и со претставници на граѓанските организации.

-Регионот на Ценатрална Азија претставува еден од приоритетите во работата на ОБСЕ, кој се соочува со постојани предизвици, сега засилени и со влијанието од воената агресија од Руската Федерација против Украина, како и од состојбата во Авганистан. Посетата на Централна Азија претставува реализирање на еден од приоритетите на Претседавањето на Македонија со ОБСЕ во 2023, како и работата на сите теренски мисии на ОБСЕ и поддршка на нивната програмска и проектна соработка со земјите во ЦА, наведува МНР.

The post Османи од Узбекистан ја почнува посетата на Централна Азија како претседавач со ОБСЕ appeared first on Република.

]]>

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи од утре ја почнува својата посета на Централна Азија. Како што информира Министерството за надворешни работи, во рамки на Претседавањето на Македонија со ОБСЕ, дел од агендата на Османи е посета на Узбекистан и на Казахстан. -Посета на Централна Азија, Османи ќе ја започне од Ташкент, Узбекистан, каде што ќе оствари средби со државниот врв. Предвидени се средби со претседателот Шавкат Мирзијоев. Покрај средба, Османи со министерот за надворешни работи на Узбекистан, Бахтијор Саидов, ќе има и заедничка прес-конференција. Османи во Ташкент ќе се сретне и со претставници на ОБСЕ Канцеларијата на проектниот координатор во Узбекистан, соопшти МНР. Според програмата, во Ташкент Османи ќе има средба и со Танзила Нарбаева, која претседава со Сенатот на Узбекистан, како и со претставници на граѓанското општество. Од Узбекистан Османи ќе патува во Казахстан каде што, исто така, ќе има средби со официјалните претставници на државата, а ќе ја посети и Програмската канцеларија на ОБСЕ во Астана за, како што наведува МНР, одблиску да се запознае со активностите и проектите што ОБСЕ ги спроведува во Казахстан. Османи ќе се сретне со Касим Јомарт Токајев, претседател на Казахстан, а со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Казахстан, Мурат Нуртлеу, ќе имаат и заедничка прес-конференција. Османи во Астана ќе има средба и со претставници на граѓанските организации. -Регионот на Ценатрална Азија претставува еден од приоритетите во работата на ОБСЕ, кој се соочува со постојани предизвици, сега засилени и со влијанието од воената агресија од Руската Федерација против Украина, како и од состојбата во Авганистан. Посетата на Централна Азија претставува реализирање на еден од приоритетите на Претседавањето на Македонија со ОБСЕ во 2023, како и работата на сите теренски мисии на ОБСЕ и поддршка на нивната програмска и проектна соработка со земјите во ЦА, наведува МНР.

The post Османи од Узбекистан ја почнува посетата на Централна Азија како претседавач со ОБСЕ appeared first on Република.

]]>
Казахстан, Узбекистан и Киргистан останаа без струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kazahstan-uzbekistan-i-kirgistan-ostanaa-bez-struja/ Tue, 25 Jan 2022 09:29:28 +0000 https://republika.mk/?p=449070

Властите и граѓаните на земјите од Централна Азија – Казахстан, Узбекистан и Киргистан – денеска известија за прекин на електричната енергија во поголемите градови, но причината е непозната.

Мрежите на трите поранешни советски републики се меѓусебно поврзани, а Казахстан е поврзан и со руската електрична мрежа, која може да ја користи за покривање на ненадејниот прекин на струја, пренесува „Ројтерс“.

Во Казахстан, прекини во снабдувањето со електрична енергија се пријавени во најголемиот град Алмати и неколку поголеми градови на југот на земјата, во близина на границата со Узбекистан и Киргистан, пренесува „Танјуг“.

Најавено е дека не работат високонапонските далноводи кои го поврзуваат главниот град Алмати со делови од електричниот систем на северот и југот на земјата.

The post Казахстан, Узбекистан и Киргистан останаа без струја appeared first on Република.

]]>

Властите и граѓаните на земјите од Централна Азија – Казахстан, Узбекистан и Киргистан – денеска известија за прекин на електричната енергија во поголемите градови, но причината е непозната. Мрежите на трите поранешни советски републики се меѓусебно поврзани, а Казахстан е поврзан и со руската електрична мрежа, која може да ја користи за покривање на ненадејниот прекин на струја, пренесува „Ројтерс“. Во Казахстан, прекини во снабдувањето со електрична енергија се пријавени во најголемиот град Алмати и неколку поголеми градови на југот на земјата, во близина на границата со Узбекистан и Киргистан, пренесува „Танјуг“. Најавено е дека не работат високонапонските далноводи кои го поврзуваат главниот град Алмати со делови од електричниот систем на северот и југот на земјата.

The post Казахстан, Узбекистан и Киргистан останаа без струја appeared first on Република.

]]>