Утрехт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/utreht/ За подобро да се разбереме Mon, 16 Sep 2024 16:22:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Утрехт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/utreht/ 32 32 Изложба на музички фотографски документи на петмина автори во холандски Утрехт https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-muzichki-fotografski-dokumenti-na-petmina-avtori-vo-holandski-utreht/ Mon, 16 Sep 2024 16:22:39 +0000 https://republika.mk/?p=816878

Во градот Утрехт, Холандија, на 21 септември ќе биде отворена изложбата „5х10“, која ќе ги обедини делата на пет реномирани македонски фотографи: Маја Аргакијева, Огнен Ацевски, Роберт Атанасовски, Зденко Петровски и Стефан Рајхл.

Оваа групна изложба, составена од по 10 фотографии од секој фотограф, ќе прикаже повеќе од две децении фотографско творештво, фокусирано врз доловувањето моменти од музички фестивали и концерти во Македонија.

Фотографиите претставуваат уникатен приказ на културната и музичката сцена во земјата, каде што емоциите, енергијата и атмосферата на настапите се доловени преку објективите на овие фотографи. Со цел да се прикаже нивната посветеност и уметнички стилови, изложбата ќе ѝ овозможи на публиката увид во разновидните моменти кои ја одбележале македонската
музичка сцена.

Овој настан не само што ја промовира македонската фотографија, туку и нуди можност за интеркултурна размена, покажувајќи ја поврзаноста помеѓу музиката и визуелната уметност пред интернационална публика. Претходно изложбата беше поставена во рамките на „Скопје Синема Сити“, фестивалот за музички документарни филмови, и имаше одличен прием кај публиката.
Изложбата е организирана од здружението „Номад-Арт“ Скопје, со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија и Македонската православна црковна општина во Утрехт, „Свети Стефан.“

Настанот има за цел да го промовира македонското културно наследство, а истовремено и да им овозможи на уметниците да се претстават пред европската публика.

 

The post Изложба на музички фотографски документи на петмина автори во холандски Утрехт appeared first on Република.

]]>

Во градот Утрехт, Холандија, на 21 септември ќе биде отворена изложбата „5х10“, која ќе ги обедини делата на пет реномирани македонски фотографи: Маја Аргакијева, Огнен Ацевски, Роберт Атанасовски, Зденко Петровски и Стефан Рајхл. Оваа групна изложба, составена од по 10 фотографии од секој фотограф, ќе прикаже повеќе од две децении фотографско творештво, фокусирано врз доловувањето моменти од музички фестивали и концерти во Македонија. Фотографиите претставуваат уникатен приказ на културната и музичката сцена во земјата, каде што емоциите, енергијата и атмосферата на настапите се доловени преку објективите на овие фотографи. Со цел да се прикаже нивната посветеност и уметнички стилови, изложбата ќе ѝ овозможи на публиката увид во разновидните моменти кои ја одбележале македонската музичка сцена. Овој настан не само што ја промовира македонската фотографија, туку и нуди можност за интеркултурна размена, покажувајќи ја поврзаноста помеѓу музиката и визуелната уметност пред интернационална публика. Претходно изложбата беше поставена во рамките на „Скопје Синема Сити“, фестивалот за музички документарни филмови, и имаше одличен прием кај публиката. Изложбата е организирана од здружението „Номад-Арт“ Скопје, со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија и Македонската православна црковна општина во Утрехт, „Свети Стефан.“ Настанот има за цел да го промовира македонското културно наследство, а истовремено и да им овозможи на уметниците да се претстават пред европската публика.  

The post Изложба на музички фотографски документи на петмина автори во холандски Утрехт appeared first on Република.

]]>