уставно име Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ustavno-ime/ За подобро да се разбереме Wed, 19 Jun 2024 16:38:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png уставно име Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ustavno-ime/ 32 32 Мицкоски: Не можеме да се правиме наудрени дека уставното име не е дел од правниот систем https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ne-mozheme-da-se-pravime-naudreni-deka-ustavnoto-ime-ne-e-del-od-pravniot-sistem/ Wed, 19 Jun 2024 16:38:28 +0000 https://republika.mk/?p=789137

Мојата татковина е Македонија, и при давање изјави мојата употреба на името нема да биде поинкава, но како влада ќе мораме да ги почитуваме законите и Уставот. Не можеме да се правиме наудрени дека тоа не е дел од правниот систем, изјави денеска Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за нова влада.

- Не, мојот став не се промени. Како што можете да ме слушнете јас цело време зборувам Македонија и ќе продолжам да зборувам Македонија. Не можеме ние како влада да бараме од граѓаните да ги почитуваат Уставот и законите а ние да калкулираме и да имаме двојни стандарди, рече Мицкоски, кој беше на настан во Тетово.

Потсети дека и претходно кажал дека нема да ја користи придавката, но како Влада ќе мора да ги почитуваат законите и Уставот во однос на употребата на уставното име.

-И во денешната изјава повторно гледате дека тоа е така, и така и ќе биде и во иднина бидејќи тоа е мое елементарно човеково право, како ќе ја нарекувам мојата татковина. Таа е Македонија и ќе остане Македонија, но истовремено како Влада мораме да ги почитуваме законите и Уставот, променет е Деловникот за работа во парламентот минатата година како резултат на  Жан Моне процесот и како резултат на тие промени, а тоа е правно обврзувачки акт, тоа е делот што се однесува на заклетвата што ја дава претседателот на Владата, членовите на Владата, претседателот на Собранието, потпретседателите на Собранието, претседателот на Уставниот суд..., рече Мицкоски.

Јас, потенцира тој, не можам да имам двојни стандарди да добивам и да поднесувам закони со придавката која што е дел од уставното име, да имаме институционална комуникација под уставното име, да трчаме да вадиме пасоши и лични документи како одредени политичари кои се сончаат во Египет, кај нашиот јужен сосед и да се правиме наудрени дека тоа не е дел од нашиот правен систем.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-mozheme-da-barame-od-graganite-da-gi-pochituvaat-zakonite-a-nie-samite-da-gi-krshime-pochituvane-na-pravniot-poredok-prioritet-za-vladata-na-mitskoski/

- Но, мојата употреба лична, како човек, при давање изјави, сум го кажал тоа, никогаш нема да биде поинаква од оваа што е денеска. Мојата татковина е Македонија, и ќе остане Македонија, рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Не можеме да се правиме наудрени дека уставното име не е дел од правниот систем appeared first on Република.

]]>

Мојата татковина е Македонија, и при давање изјави мојата употреба на името нема да биде поинкава, но како влада ќе мораме да ги почитуваме законите и Уставот. Не можеме да се правиме наудрени дека тоа не е дел од правниот систем, изјави денеска Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за нова влада.
- Не, мојот став не се промени. Како што можете да ме слушнете јас цело време зборувам Македонија и ќе продолжам да зборувам Македонија. Не можеме ние како влада да бараме од граѓаните да ги почитуваат Уставот и законите а ние да калкулираме и да имаме двојни стандарди, рече Мицкоски, кој беше на настан во Тетово.
Потсети дека и претходно кажал дека нема да ја користи придавката, но како Влада ќе мора да ги почитуваат законите и Уставот во однос на употребата на уставното име.
-И во денешната изјава повторно гледате дека тоа е така, и така и ќе биде и во иднина бидејќи тоа е мое елементарно човеково право, како ќе ја нарекувам мојата татковина. Таа е Македонија и ќе остане Македонија, но истовремено како Влада мораме да ги почитуваме законите и Уставот, променет е Деловникот за работа во парламентот минатата година како резултат на  Жан Моне процесот и како резултат на тие промени, а тоа е правно обврзувачки акт, тоа е делот што се однесува на заклетвата што ја дава претседателот на Владата, членовите на Владата, претседателот на Собранието, потпретседателите на Собранието, претседателот на Уставниот суд..., рече Мицкоски.
Јас, потенцира тој, не можам да имам двојни стандарди да добивам и да поднесувам закони со придавката која што е дел од уставното име, да имаме институционална комуникација под уставното име, да трчаме да вадиме пасоши и лични документи како одредени политичари кои се сончаат во Египет, кај нашиот јужен сосед и да се правиме наудрени дека тоа не е дел од нашиот правен систем. https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-mozheme-da-barame-od-graganite-da-gi-pochituvaat-zakonite-a-nie-samite-da-gi-krshime-pochituvane-na-pravniot-poredok-prioritet-za-vladata-na-mitskoski/
- Но, мојата употреба лична, како човек, при давање изјави, сум го кажал тоа, никогаш нема да биде поинаква од оваа што е денеска. Мојата татковина е Македонија, и ќе остане Македонија, рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Не можеме да се правиме наудрени дека уставното име не е дел од правниот систем appeared first on Република.

]]>
Сиљановска Давкова: Ќе го почитувам Преспанскиот договор, но го задржувам правото на слобода на изразување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-ke-go-pochituvam-prespanskiot-dogovor-no-go-zadrzhuvam-pravoto-na-sloboda-na-izrazuvane/ Tue, 28 May 2024 14:09:49 +0000 https://republika.mk/?p=782460

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска повтори дека таа ќе го почитува Преспанскиот договор, но ќе го задржи правото некогаш да ја употребува придавката или името, а за написот на венецот, кој го положи пред спомен плочата на македонски јазик во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим рече дека имало различни мислења во Кабинетот, но со оглед на просторот што го имало на лентата, на крај одлучиле да стои само нејзното име, како предводник на државно-црковната делегација.

- Повикувам да се препрочита Преспанскиот договор, особено во делот на промената на документите за внатрешна употреба што е непознат феномен во историјата на човештвото, во врска со фактот дека таму се врзува овој чин или крајниот рок за истекот на пет години, меѓутоа и за отворањето на првото поглавје и на поглавјата. Кој одлучува за отворање на прво поглавје? - Европската унија. Значи и тие требале да сторат нешто за реализација на Преспанскиот договор. Значи, не сум го прекршила Преспанскиот договор, тој е во сила, ќе го почитувам, но си го задржувам правото да го употребувам, некогаш и придавката да ја употребувам или името, изјави Сиљановска Давкова, одговорајќи на новинарски прашања на маргините на конференцијата за одбележување 85 години од раѓањето на професор Ѓорѓи Марјановиќ денеска на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Во врска со венецот, што го положи во Рим, претседателката рече дека во Кабинетот се консултирале и имало различни мислења, но напомена дека тие ленти не се многу големи и оти таа лично сметала дека може да се стави РС Македонија, но на крајот одлучиле да стои нејзиното име, како предводник на државно-црковната делегација.

- Знаете дека тие лентите не се многу големи. Разговаравме во Кабинетот. Имавме и различни мислења меѓу себе. На пример, јас имав мислење дека може да биде РС Македонија, но, некако на крајот рековме дека бидејќи јас сум на чело на државно-црковната делегација би можело и ова да биде некое решение. Знам дека може да има забелешки. Ги разбирам многу од нив. Многу од нив се логични бидејќи, точно дека Македонија ја претставуваме таму. Но, веројатно во време кога како што знаете после моето избегнување на говорницата на официјалното име на државата, односно после определувањето за Македонија врз основа на правото како што реков деновиве на самоопределување и самоидентификација или слободата на изразување на мислата, се одлучивме за ова решение, појасни шефицата на државата.

За некористењето на уставното името и како тоа се одразува на односите со соседите, смета дека не може со една изјава да се вратат односите наназад.

-Односите се такви какви што се, бидејќи односите може да се добри тогаш кога навистина сме исчекориле во евроинтеграцијата, зошто ако го смените името врз основа на референдумско прашање дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Преспанскиот договор тоа е обврска не само за нас, рече таа и додаде дека промената на името, било веројатно една од најголемите промени во животот на некоја држава или нација.

Додаде дека е добро што земјата е членка на НАТО, но смета дека не е чекор напред тоа што повторно стоиме пред промена на Уставот за да почнат преговорите, оти, како што рече, „дали сте за членство не значи дали сте за почеток на преговори“. Нагласи дека логично би било сите да ги реализираат преземените обврски.

Во врска со писмената честитка на Стејт департментот за прва жена претседател, која, како што објавија медиумите не била испратена поради неупотребата на уставното име на инаугурацијата, Сиљановска Давкова истакна дека таа имала средба со американската амбасадорка Анџела Агелер. ден пред инаугурацијата во Парламентот и дека тоа е нивна одлука во која таа не може да се меша.

- Според мене тоа не значи прекршување на Преспанскиот договор. Јас и пред некој ден кажав - ниту јас одбив да ја потпишам изјавата, ниту ја искинав, ниту реков дека ќе покренувам постапка за поништување на Преспанскиот договор иако таму има постапка. Јас само усно си го искористив сократовски правото на слободно изразување на мислата така како што го прават и многу други претседатели, вклучувајќи го и претседателот на САД, претседателите – значи и тие употребуваат скратени изрази, инаку би требало да се автоцензурирам. Исто така знам дека на телевизиите многу често оди Македонија, а и тие имаат понекогаш проекти од државата, имаме партија која е финансирана од државата, а во името има Македонија, мислам на СДСМ, рече Сиљановска Давкова.

Во врска со можноста за признавање на палестинската држава, таа истакна дека е е рано да се размислува за тоа и оти тоа прашање не дошло на дневен ред.

За челната позиција во Агенцијата за разузнавање и дали ќе даде нов предлог или и натаму ќе ја предводи Еролд Муслиу вели дека нема нов предлог и дека нему се уште не му е истечен мандатот.

- Ако не ви е истечен мандатот само доколку направите некои повреди тогаш може да бидете сменет, значи мандатот му тече. Јас не знам се уште, се уште не можам да откријам дали имало некакви повреди. Кога ќе дојде времето или ако истече мандатот, а тој не е истечен или ако има некои причини за предвремен престанок на мандатот, тогаш би можела јас да размислувам, рече Давкова.

The post Сиљановска Давкова: Ќе го почитувам Преспанскиот договор, но го задржувам правото на слобода на изразување appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска повтори дека таа ќе го почитува Преспанскиот договор, но ќе го задржи правото некогаш да ја употребува придавката или името, а за написот на венецот, кој го положи пред спомен плочата на македонски јазик во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим рече дека имало различни мислења во Кабинетот, но со оглед на просторот што го имало на лентата, на крај одлучиле да стои само нејзното име, како предводник на државно-црковната делегација. - Повикувам да се препрочита Преспанскиот договор, особено во делот на промената на документите за внатрешна употреба што е непознат феномен во историјата на човештвото, во врска со фактот дека таму се врзува овој чин или крајниот рок за истекот на пет години, меѓутоа и за отворањето на првото поглавје и на поглавјата. Кој одлучува за отворање на прво поглавје? - Европската унија. Значи и тие требале да сторат нешто за реализација на Преспанскиот договор. Значи, не сум го прекршила Преспанскиот договор, тој е во сила, ќе го почитувам, но си го задржувам правото да го употребувам, некогаш и придавката да ја употребувам или името, изјави Сиљановска Давкова, одговорајќи на новинарски прашања на маргините на конференцијата за одбележување 85 години од раѓањето на професор Ѓорѓи Марјановиќ денеска на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Во врска со венецот, што го положи во Рим, претседателката рече дека во Кабинетот се консултирале и имало различни мислења, но напомена дека тие ленти не се многу големи и оти таа лично сметала дека може да се стави РС Македонија, но на крајот одлучиле да стои нејзиното име, како предводник на државно-црковната делегација. - Знаете дека тие лентите не се многу големи. Разговаравме во Кабинетот. Имавме и различни мислења меѓу себе. На пример, јас имав мислење дека може да биде РС Македонија, но, некако на крајот рековме дека бидејќи јас сум на чело на државно-црковната делегација би можело и ова да биде некое решение. Знам дека може да има забелешки. Ги разбирам многу од нив. Многу од нив се логични бидејќи, точно дека Македонија ја претставуваме таму. Но, веројатно во време кога како што знаете после моето избегнување на говорницата на официјалното име на државата, односно после определувањето за Македонија врз основа на правото како што реков деновиве на самоопределување и самоидентификација или слободата на изразување на мислата, се одлучивме за ова решение, појасни шефицата на државата. За некористењето на уставното името и како тоа се одразува на односите со соседите, смета дека не може со една изјава да се вратат односите наназад. -Односите се такви какви што се, бидејќи односите може да се добри тогаш кога навистина сме исчекориле во евроинтеграцијата, зошто ако го смените името врз основа на референдумско прашање дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Преспанскиот договор тоа е обврска не само за нас, рече таа и додаде дека промената на името, било веројатно една од најголемите промени во животот на некоја држава или нација. Додаде дека е добро што земјата е членка на НАТО, но смета дека не е чекор напред тоа што повторно стоиме пред промена на Уставот за да почнат преговорите, оти, како што рече, „дали сте за членство не значи дали сте за почеток на преговори“. Нагласи дека логично би било сите да ги реализираат преземените обврски. Во врска со писмената честитка на Стејт департментот за прва жена претседател, која, како што објавија медиумите не била испратена поради неупотребата на уставното име на инаугурацијата, Сиљановска Давкова истакна дека таа имала средба со американската амбасадорка Анџела Агелер. ден пред инаугурацијата во Парламентот и дека тоа е нивна одлука во која таа не може да се меша. - Според мене тоа не значи прекршување на Преспанскиот договор. Јас и пред некој ден кажав - ниту јас одбив да ја потпишам изјавата, ниту ја искинав, ниту реков дека ќе покренувам постапка за поништување на Преспанскиот договор иако таму има постапка. Јас само усно си го искористив сократовски правото на слободно изразување на мислата така како што го прават и многу други претседатели, вклучувајќи го и претседателот на САД, претседателите – значи и тие употребуваат скратени изрази, инаку би требало да се автоцензурирам. Исто така знам дека на телевизиите многу често оди Македонија, а и тие имаат понекогаш проекти од државата, имаме партија која е финансирана од државата, а во името има Македонија, мислам на СДСМ, рече Сиљановска Давкова. Во врска со можноста за признавање на палестинската држава, таа истакна дека е е рано да се размислува за тоа и оти тоа прашање не дошло на дневен ред. За челната позиција во Агенцијата за разузнавање и дали ќе даде нов предлог или и натаму ќе ја предводи Еролд Муслиу вели дека нема нов предлог и дека нему се уште не му е истечен мандатот. - Ако не ви е истечен мандатот само доколку направите некои повреди тогаш може да бидете сменет, значи мандатот му тече. Јас не знам се уште, се уште не можам да откријам дали имало некакви повреди. Кога ќе дојде времето или ако истече мандатот, а тој не е истечен или ако има некои причини за предвремен престанок на мандатот, тогаш би можела јас да размислувам, рече Давкова.

The post Сиљановска Давкова: Ќе го почитувам Преспанскиот договор, но го задржувам правото на слобода на изразување appeared first on Република.

]]>
Силјановска Давкова: Јас лично нема да го употребувам новото име https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-davkova-jas-lichno-nema-da-go-upotrebuvam-novoto-ime/ Mon, 22 Apr 2024 18:57:32 +0000 https://republika.mk/?p=769441

Многу држави имале наметната имиња во колонијализмот и никој не им се извинува, но си ги вратија.Уставот го носат и го менуваат граѓаните.Секоја генерација има право на свој устав, коментира професорката Гордана Силјановска Давкова во емисијата „Само интервју“ за новото уставно име

Таа бара да се престане со лажните тез дека меѓународните договори се над Уставот, туку дека тие се само над законите.

Јас лично нема да го употребувам.Не го поткопувам договорот, така како што е во институциите, јас не сум талибанка и вандалка ќе го почитувам тоа секаде.Кога нешто ќе биде бесправно или против правно никнато не може да биде конечно.

https://republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-davkova-nishto-ne-znachi-otvoraneto-na-pregovorite-so-eu/

Професорката не стравува дека ќе биде ставена на црната листа на САД.

Црна листа на криминал  и корупција разбирам, ама црна листа за слобода на мислење и слободно изразување и право на самоопределување ќе биде малку проблематично.

The post Силјановска Давкова: Јас лично нема да го употребувам новото име appeared first on Република.

]]>

Многу држави имале наметната имиња во колонијализмот и никој не им се извинува, но си ги вратија.Уставот го носат и го менуваат граѓаните.Секоја генерација има право на свој устав, коментира професорката Гордана Силјановска Давкова во емисијата „Само интервју“ за новото уставно име Таа бара да се престане со лажните тез дека меѓународните договори се над Уставот, туку дека тие се само над законите.
Јас лично нема да го употребувам.Не го поткопувам договорот, така како што е во институциите, јас не сум талибанка и вандалка ќе го почитувам тоа секаде.Кога нешто ќе биде бесправно или против правно никнато не може да биде конечно.
https://republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-davkova-nishto-ne-znachi-otvoraneto-na-pregovorite-so-eu/ Професорката не стравува дека ќе биде ставена на црната листа на САД.
Црна листа на криминал  и корупција разбирам, ама црна листа за слобода на мислење и слободно изразување и право на самоопределување ќе биде малку проблематично.

The post Силјановска Давкова: Јас лично нема да го употребувам новото име appeared first on Република.

]]>
Уставен суд: Свечените изјави на членовите на општинските совети треба да се дадени и потпишани со уставното име на државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ustaven-sud-svechenite-izjavi-na-chlenovite-na-opshtinskite-soveti-treba-da-se-dadeni-i-potpishani-so-ustavnoto-ime-na-drzavata/ Fri, 22 Apr 2022 09:38:51 +0000 https://republika.mk/?p=492179

Министерството за локална самоуправа информира дека Уставниот суд ја отфрлил иницијативата и потврдил дека свечените изјави на конститутивната седница, членовите на советите на општините ги даваат и ги потпишуваат со уставното име на државата.

-Со отфрлањето на иницијативата, Уставниот суд го потврди мислењето на Министерството за локална самоуправа доставено до општините дека свечените изјави на конститутивната седница, членовите на советите на општините ги даваат и ги потпишуваат со уставното име на државата. Со ова и формално се потврдува дека одбивањето на некои членови на општинските совети свечената изјава да ја дадат и да ја потпишат со уставното име на државата е спротивно на Уставот на Република Македонија и на законот за локалната самоуправа, велат од Министерството за локална самоуправа.

Со Решение, Уставниот суд на Република Македонија ја отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на одредби од Законот за локалната самоуправа коишто се однесуваат на името на државата, со што и формално е потврдено дека и покрај тоа што во Законот за локалната самоуправа стои „Република Македонија“, затоа што Законот е донесен во 2002 година, согласно член 2 став 1 од Уставниот закон за спроведување на амандманите на Уставот, при примената на прописите и другите акти на државните органи се користи уставното име на државата.

Иницијативата беше поднесена за оценување на уставноста на деловите од Законот за локалната самоуправа каде што стојат зборовите „Република Македонија“, информираат од Министерството за локална самоуправа.

The post Уставен суд: Свечените изјави на членовите на општинските совети треба да се дадени и потпишани со уставното име на државата appeared first on Република.

]]>

Министерството за локална самоуправа информира дека Уставниот суд ја отфрлил иницијативата и потврдил дека свечените изјави на конститутивната седница, членовите на советите на општините ги даваат и ги потпишуваат со уставното име на државата. -Со отфрлањето на иницијативата, Уставниот суд го потврди мислењето на Министерството за локална самоуправа доставено до општините дека свечените изјави на конститутивната седница, членовите на советите на општините ги даваат и ги потпишуваат со уставното име на државата. Со ова и формално се потврдува дека одбивањето на некои членови на општинските совети свечената изјава да ја дадат и да ја потпишат со уставното име на државата е спротивно на Уставот на Република Македонија и на законот за локалната самоуправа, велат од Министерството за локална самоуправа. Со Решение, Уставниот суд на Република Македонија ја отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на одредби од Законот за локалната самоуправа коишто се однесуваат на името на државата, со што и формално е потврдено дека и покрај тоа што во Законот за локалната самоуправа стои „Република Македонија“, затоа што Законот е донесен во 2002 година, согласно член 2 став 1 од Уставниот закон за спроведување на амандманите на Уставот, при примената на прописите и другите акти на државните органи се користи уставното име на државата. Иницијативата беше поднесена за оценување на уставноста на деловите од Законот за локалната самоуправа каде што стојат зборовите „Република Македонија“, информираат од Министерството за локална самоуправа.

The post Уставен суд: Свечените изјави на членовите на општинските совети треба да се дадени и потпишани со уставното име на државата appeared first on Република.

]]>