Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, денеска од Тетово порача дека изборната програма „План 2030“ на Коалицијата „Вреди“, вреди за луѓето, и дека единствената албанска опција за изборите на 8 мај е Коалицијата „Вреди“.
На презентацијата на програмата во Тетово, Таравари истакна дека сегашниот Устав има недостатоци и не ја претставува реалноста во државата.
- Убедени сме дека сегашниот Устав има недостатоци, ограничен е и во многу делови не ја претставува денешната политичка, социјална и етничка реалност во државата, рече Таравари.
Таравари потенцира дека промената е неопходна, додека, заедно со промената мора да се смени и Уставот за да почнат преговорите со ЕУ.
- Ќе започнеме голема дебата и ќе изградиме консензус за нов, подемократски и модерен Устав, кој ќе ја редефинира државата како рамноправна држава на две мнозински заедници, рече Таравари.
Помеѓу десетте точки од програмата на „Вреди“ која беше презентирана денеска се нов Устав со Албанците како второ мнозинство во државата, прекугранична економска зона со Албанија и Косово, инвестиции од 500 милиони евра за инфраструктура во албанските општини и 800 евра минимална плата.
Со неа се предвидува и забрана за коцкање и брзи заеми, ослободување на затвореници од монтирани случаи и нивно обесштетување, слободни економски зони за печалбари и за млади, зголемување на пензии, социјална помош и субвенции, како и капитални инвестиции да достигнат до 150 евра по глава на жител
The post Таравари сака промена на Уставот со Албанците како второ мнозинство appeared first on Република.
]]>- Ќе започнеме голема дебата и ќе изградиме консензус за нов, подемократски и модерен Устав, кој ќе ја редефинира државата како рамноправна држава на две мнозински заедници, рече Таравари.Помеѓу десетте точки од програмата на „Вреди“ која беше презентирана денеска се нов Устав со Албанците како второ мнозинство во државата, прекугранична економска зона со Албанија и Косово, инвестиции од 500 милиони евра за инфраструктура во албанските општини и 800 евра минимална плата. Со неа се предвидува и забрана за коцкање и брзи заеми, ослободување на затвореници од монтирани случаи и нивно обесштетување, слободни економски зони за печалбари и за млади, зголемување на пензии, социјална помош и субвенции, како и капитални инвестиции да достигнат до 150 евра по глава на жител
The post Таравари сака промена на Уставот со Албанците како второ мнозинство appeared first on Република.
]]>Кој владее во Македонија, и дали власта има мандат за уставни и други измени со кои се доведуваат во прашање националниот и државен опстанок на Македонија, демократска држава на Македонците и сите граѓани кои живеат во неа? Што навистина се бара, а што се крие под радарот на дилемата дали да влезат Бугарите во Уставот?
По изборите во 2020 година во Собранието имаме: 41 пратеник од ВМРО ДПМНЕ, 31 пратеник од СДСМ. И тука имаме прецизен одговор – која партија победила на изборите во 2020 година, и која партија има најголем легитимитет кај граѓаните.
Оттаму, политички логично е таа партија да ја креира македонската политика и власт, особено за теми поврзани со националните и стратешки прашања за Македонија и, особено, за Македонците кои се доминантни гласачи на овие две партии.
Но, се случува спротивното. Власта ја презема оној што загубил на изборите, се работи за СДСМ, и тоа на начин кој во стартот генерира корупција, политичка неодговорност и ги загрозува националните позиции и стратегија на Македонците.
СДСМ создава позиција Македонците најмалку да учествуваат во креација и одбрана на своите национални интереси кога СДСМ, за да создаде непринципиелно мнозинство, во владата да владеат 50% Албанци и 50% Македонци, спротивно на бројот гласачи и етнички состав во државата. СДСМ, за да дојде до власт и покрај голем пораз на изборите мора, под секакви услови и “договори во четири очи“ да прифати коалиции со речиси сите албански партии во Мскедонија за да дојде до поддршка на 62-63 пратеници.
Не е проблем националноста на коалициските партнери, кои и да се. Проблем е нивната политика, особено онаа која јавно ја искажуваат. Нема партија на македонските Албанци која барем декларира дека постои и работи за интерес на сите граѓани на Македонија туку се тркаат која почесто и по радиклано ќе истакне дека “нивната политика е заштита на интерсите на Албанците“… а што е со интерсите на другите граѓани?
Вицепремеирот Артан Груби, шеф на ДУИ од сенка и втор по функција во врвот на владата, дури изјавува и дека “проблемот со Бугарија си е проблем на Македонците, а не на Албанците…“ додека преговорите со Бугарија ги води неговиот колега од ДУИ, министерот за надворешни работи Бујар Османи. Кој е степенот на доверба во функционерите на ДУИ во процесот на бугарското вето и преговарањето за македонските национални интереси поврзани со условите од Бугарија со таква политика на ДУИ?
Целата анализа на Вечер можете да ја прочитате тука.
The post Што се крие зад уставните промени, и зошто ВМРО ДПМНЕ бара европски гаранции appeared first on Република.
]]>The post Што се крие зад уставните промени, и зошто ВМРО ДПМНЕ бара европски гаранции appeared first on Република.
]]>После цела година сеење на магла од страна на власта, излезе на виделина дека во Собранието нема двотретинско мнозинство за уставни измени. Во Собранието нема 80 пратеници, а надвор од Собранието над 80 % од народот се противи на уставни измени под бугарски диктат, вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.
Тој нагласи дека уставни измени не се прават врз основа на натурање и диктат од надвор. Тоа, според него, е газење на достоинството и интегритетот на државата и погазување на суверенитетот.
Денес се соочија со суверенитетот и интегритетот на Македонија од една страна и инаетот и ароганцијата на власта од друга страна.
Она што владата го нарекува свршен чин кој мора да се земе или остави, народот го смета за распродажба на националните и државните интереси и одбива да го прифати.
Уставни измени не се прават врз основа на натурање и диктат од надвор. Тоа е газење на достоинството и интегритетот на државата, но во исто време погазување на суверенитетот, бидејќи народот е суверен, а тој во огромно мнозинство кажа не.
Во целиот процес кој го правеше власта исклучувајќи ја јавноста и опозицијата, а кога уследи сугестија дека грешат, се појави ароганција и игнорирање од нивна страна.
Концесиите кои ги давале и ветувале за уставни измени во Собранието се доказ дека со државата и со националните интереси се однесуваат како да им се оставени од татковците и дедовците.
Изворот на проблемот датира од 2017 година кога потпишуваа договор со Бугарија кој наместо пријателство, донесе тензии и уцени. И тогаш беа предупредувани за последиците, и сега ги предупредуваме, ама Ковачевски и власта се тврдоглави или така сакаат да се прават.
Прифатија услови за евроинтеграции кои ги немала ниту една земја пред нас, услови кои значат или вечни преговори или асимилација. Ја внесоа со својата кусогледност државата во ќорсокак.
Сите рационални сили во Македонија, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да им пружат рака за да се излезе од овој ќорсокак, но тие тоа го одбија и да биде уште пострашно ги етикетираа сите кои размислуваат поинаку од нив како антиевропски. Ширеа хистерија и поделби, но колку повеќе покажуваат очај толку народот повеќе ќе ги казни на следните избори кои неминовно треба да се случат.
Оваа власт е развластена, не само заради тоа што уставните измени и се удрија од ѕид, туку затоа што ја упропастија државата.
Институциите се киднапирани, а СДС и ДУИ се фрлени на криминал и корупција која граѓаните ја плаќаат со своите пари, но и со своите животи. Оваа власт е продолжниот кабел кој ја изгоре Македонија.
Оваа власт е инфлацијата која го изеде стандардот. Оваа власт е апатија која ги брка граѓаните, оваа власт е проблемот, а решението на тоа се избори час поскоро и промена на власта.
Уставни измени под диктат нема, ама затоа избори мора да има, бидејќи оваа власт е делегитимирана.
The post Мицевски: Во Собранието нема 80 пратеници, а надвор од Собранието над 80 % од народот се противи на уставни измени под бугарски диктат appeared first on Република.
]]>После цела година сеење на магла од страна на власта, излезе на виделина дека во Собранието нема двотретинско мнозинство за уставни измени. Во Собранието нема 80 пратеници, а надвор од Собранието над 80 % од народот се противи на уставни измени под бугарски диктат, вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.Тој нагласи дека уставни измени не се прават врз основа на натурање и диктат од надвор. Тоа, според него, е газење на достоинството и интегритетот на државата и погазување на суверенитетот.
Денес се соочија со суверенитетот и интегритетот на Македонија од една страна и инаетот и ароганцијата на власта од друга страна. Она што владата го нарекува свршен чин кој мора да се земе или остави, народот го смета за распродажба на националните и државните интереси и одбива да го прифати. Уставни измени не се прават врз основа на натурање и диктат од надвор. Тоа е газење на достоинството и интегритетот на државата, но во исто време погазување на суверенитетот, бидејќи народот е суверен, а тој во огромно мнозинство кажа не. Во целиот процес кој го правеше власта исклучувајќи ја јавноста и опозицијата, а кога уследи сугестија дека грешат, се појави ароганција и игнорирање од нивна страна. Концесиите кои ги давале и ветувале за уставни измени во Собранието се доказ дека со државата и со националните интереси се однесуваат како да им се оставени од татковците и дедовците. Изворот на проблемот датира од 2017 година кога потпишуваа договор со Бугарија кој наместо пријателство, донесе тензии и уцени. И тогаш беа предупредувани за последиците, и сега ги предупредуваме, ама Ковачевски и власта се тврдоглави или така сакаат да се прават. Прифатија услови за евроинтеграции кои ги немала ниту една земја пред нас, услови кои значат или вечни преговори или асимилација. Ја внесоа со својата кусогледност државата во ќорсокак. Сите рационални сили во Македонија, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да им пружат рака за да се излезе од овој ќорсокак, но тие тоа го одбија и да биде уште пострашно ги етикетираа сите кои размислуваат поинаку од нив како антиевропски. Ширеа хистерија и поделби, но колку повеќе покажуваат очај толку народот повеќе ќе ги казни на следните избори кои неминовно треба да се случат. Оваа власт е развластена, не само заради тоа што уставните измени и се удрија од ѕид, туку затоа што ја упропастија државата. Институциите се киднапирани, а СДС и ДУИ се фрлени на криминал и корупција која граѓаните ја плаќаат со своите пари, но и со своите животи. Оваа власт е продолжниот кабел кој ја изгоре Македонија. Оваа власт е инфлацијата која го изеде стандардот. Оваа власт е апатија која ги брка граѓаните, оваа власт е проблемот, а решението на тоа се избори час поскоро и промена на власта. Уставни измени под диктат нема, ама затоа избори мора да има, бидејќи оваа власт е делегитимирана.
The post Мицевски: Во Собранието нема 80 пратеници, а надвор од Собранието над 80 % од народот се противи на уставни измени под бугарски диктат appeared first on Република.
]]>Претседателот на Собранието Талат Џафери, кој по функција е претседател собраниската Комисија за уставни прашања денеска ќе ја отвори седницата за уставни прашања, а по усвојувањето на дневниот ред Предлогот треба да биде образложен од страна на предлагачот, по што се очекува да се отвори дебата од страна на пратениците.
Пратеничките групи најавуваат дека ќе го искажат својот став во однос на промената на Уставот односно Преамбулата, вклучувајќи ги и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. За МИА од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека пратениците ќе учествуваат во дебатата, каде јасно ќе ги кажат аргументите против уставните измени и набргу ќе стане јасно дека за нив власта нема мнозинство.
Интервенциите во Уставот се однесуваат на додавање делови од народи во Преамбулата и членовите 49 и 78, при набројувањето на деловите од народи во државата. Во формулацијата: „Граѓаните на Република Македонија, македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите“, после зборот бошњачки народ се става запирка и се додава: бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и египќанскиот народ.
The post Почнува постапката за уставни измени appeared first on Република.
]]>The post Почнува постапката за уставни измени appeared first on Република.
]]>Петар Поп-Арсов
До пред некое време со големо внимание ги следевме изборите во Бугарија. Со внимание и надеж дека кај нашиот сосед ќе се случи нешто кое што ќе ги релаксира односите со Македонија и ќе ја заврши оваа ера на „добрососедство“ со потис и печат ставени од Заев и Борисов. Го испративме Каракачанов (веќе и го заборавивме), го испративме и Слави, дури и ликот на „прогресивниот“ Петков некако бледнее иако сè уште се препелка во калта на бугарската политичка реалност.
И така, избори по избори, веќе ни бројот не им го следиме, Бугарија никако да излезе на прав пат и да формира стабилна политичка влада која ќе ја дефинира вистинската определба на нејзините граѓани. Колку да знаеме со кого се, со кого сакаат да им биде државата?! Со партнерите од партнерствата во кои во моментов се членки или со другите каде што некогаш беа членки?
Со ЕУ и НАТО се, или со Русија? Никако да се решат! Теоретски гледано, мнозинството од нивните гласачи постојано поддржуваат политички опции кои во принцип се за ЕУ и НАТО, но никако нивните ЕУ-НАТО опции да најдат заеднички јазик и да формираат влада. Се некако не им оди, не се согласуваат, те ова не чини, те она не е добро и веќе во подолг временски интервал овозможуваат главниот збор да го има Румен Радев. Претседателот Радев, прорускиот политичар кој раководи со земја членка на ЕУ и НАТО во услови кога овие две организирани форми на држави активно се ангажирани во војната во Украина. Баш онака, бугарски!
Ќе помислам дека намерно го прават тоа?! Дека намерно се позиционираат во сивата зона на геополитиката чекајќи го исходот на војната во Украина. Онака, за секој случај. Не се знае кој ќе победи горе, па што си е сигурно, сигурно е. Немаме влада, не можеме ефикасно да донесуваме одлуки, не можеме со цел капацитет да им се придружиме на партнерите, и така. Класична бугарска политика.
Ако се работи за некоја народна мудрост, која како колективна свест се пресликува на изборните резултати во континуитет неколку изборни циклуси наназад заради заштита на нацијата, тоа е навистина брилијатно. Народот сам гласа во правец на пат позиција блокирајќи го процесот на формирање на влада?! Навистина интересен феномен! Но, доколку тоа е потпомогнато и од политичките елити на бугарските ЕУ-НАТО опции, е тоа е веќе нешто друго. Тоа е веќе организирана форма на делување на бугарската политика во правец на играње на улогата „ни риба, ни девојка“, чекајќи го исходот на играта од горе.
Шенген може да почека, еврозоната исто така, дури и привлечноста на европските финансиски фондови се со помала сила од силата на стравот и љубовта од и кон Русија.
Некако натака ми врти работава. Самите велат дека во однос на Македонија ја завршиле работата и веќе е извесно дека македонското прашање е недоволен параван зад кој можат да се кријат. Самите велат дека бугарските позиции кон Македонија веќе се европски позиции и како такви се дел од преговарачката рамка на ЕУ кон Македонија. Тука можат да одморат и да се фокусираат на тоа како да ги предриблаат оние што играат на големиот терен.
А ние?
Ние ќе се расправаме за уставните измени кои што ни ги наметнаа како обврска! Ќе си ги вадиме очите за обврската која што самите ја прифативме! Ни власта повеќе не негира дека сме влезени во процес на самоблокада. Тогаш кога ја критикувавме и опоменувавме дека со прифаќањето на францускиот предлог состојбата на самоблокада ќе стане наша реалност, тие велееа дека со самиот чин на прифаќањето на обврската за уставни измени всушност започнуваме со преговорите со ЕУ. Денес е очигледно е дека тоа беше лага, уште една во низата лаги поврзани со напредокот во процесот на евроинтеграциите која што ни ги сервираше оваа власт.
Од скоро го имаме хрватскиот модел на уставот на маса, како предлог даден од ВМРО. Поточно кажано, ја имаме преамбулата на хрватскиот устав која во себе содржи формула која во моментов претставува основа околу која внесувањето на Бугарите во уставот би било поддржано од потребниот двотретински цензус во Собранието. Ова е чекор напред! Испружена рака и чин на конструктивност демонстриран на македонската политичка сцена.
Хрватскиот модел како предлог покажа дека Бугарите воопшто не се, ниту пак биле проблем. Проблем сме ние, Македонците. Проблем е нашиот статус и дефиниција во рамки на Уставот на сопствената држава. Постојаните промени на Уставот, диктирани и наметнати под разни околности и притисоци го еродираа статусот на македонскиот народ до таа мера што веќе македонската држава станува непрепознатлива како матична држава на мнозинскиот народ, Македонците.
Симптоматично е тоа што СДСМ молчи во однос на хрватскиот модел. Молчат и другите релевантни политички партии од кои зависи целокупната постапка на промената на Уставот. За волја на вистината токму Ковачевски беше првиот кој јавно го посочи хрватскиот модел како излезна формула од македонската самоблокада. Зошто сега не се произнесува кога има подадена рака? Можеби се плаши од реакција на коалиционите партии од албанскиот кампус, особено од оној релевантниот дел кој и понатаму молчи и тактизира. Го оставаат Таравари и неговите партиски колеги да пласираат тези кои се далеку од европските вредности, стандарди и заеднички тенденции и аспирации кои што ги имаме во однос на ЕУ.
Го оставаат да го ползува нелегитимниот и криминално спроведен попис како аргумент кој го спротивставува на предлогот за примена на хрватскиот модел. Го оставаат да користи неевропска реторика враќајќи не далеку во минатото. Ги оставаат или намерно ги пуштаат во јавноста сопствените мегафони и платеници да толкуваат дека со примена на некои термини од хрватскиот устав ќе сме се врателе назад и ќе сме ги загрозиле правата на етничките заедници.
Пред некаде две, двеипол години пишував на оваа тема во една од моите претходни колумни (хиперлинк во прилог) и дадов свое видување за тоа како е дефиниран статусот на етникумите кои живеат во Македонија. Особено за етникумите и деловите од народи кои живеат во Македонија како малцинства.
Да се потсетиме:
„Национално малцинство или етничка заедница?
Во однос на дефиницијата на терминот национално малцинство, може да се каже дека дури ни Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства на Советот на Европа не содржи дефиниција за тоа што претставува национално малцинство. Причината е едноставна, сè уште не постои општа дефиниција за која се согласиле сите земји членки на Советот на Европа. Секоја земја располага со простор да процени кои групи граѓани треба да бидат опфатени со Конвенцијата на нејзината територија. Заради ваквата недореченост во однос на ова прашање има постојан конфликт и тужби пред Судот во Стразбур.
Терминот национално малцинство со кој се дефинира положбата на еден етникум во една држава, претставува сериозен статус на тој етникум во рамки на конкретната држава. Покрај малцинствата кои претставуваат дел од народ со сопствена национална држава, постојат и малцинства кои како народ во целина немаат сопствени национални држави. Најкарактеристичен пример за ваков тип на малцинство, присутен речиси во сите европски земји и пошироко е Ромскиот народ. Токму за таквите малцинства, најблиската и најточната дефиниција би бил терминот етничка заедница.
Тука доаѓаме до нашиот Охридски рамковен договор и неговиот двосмислен и експериментален карактер. По потпишувањето на овој договор, Македонија е дефинирана како држава на Македонскиот народ и делови на албанскиот, турскиот, влашкиот, српскиот, ромскиот, бошњачкиот и други народи. Текстот од Уставот во продолжение не го содржи терминот национално малцинство, туку во употреба е терминот етничка заедница. Во терминолошка смисла постои целосно изедначување на претставниците на народи кои имаат свои национални држави (албанците, србите, турците и бошњаците) и оние кои немаат (ромите и власите), и сите се сместени во поимот етничка заедница.
Доаѓаме до поентата!
Силните „борци за етнички права“, кои со војната од 2001 година предизвикаа уставни измени, го сведоа својот народ на етничка заедница. Испаѓа како македонските албанци, срби, турци итн. да немаат врска со нивните матични држави и не претставуваат нивно национално малцинство во Македонија, туку се некоја етничка творба која самата себе се дефинира под поимот албанец, србин, турчин итн. Откажувањето од терминот национално малцинство и прифаќањето на терминот етничка заедница дефинитивно беше чекор назад...
Многу експерименти и многу експериментални термини на оваа македонска земја. Многу понижувачки и пред се самопонижувачки термини со кои самите на себе си ја нанесуваме најголемата штета.“
Немам што да додадам на погоре кажаното. Само можам да заклучам дека сопствен прилог и придонес во македонскиот евроинтегративен процес треба да дадат сите етникуми кои живеат во Македонија, без разлика дали тие сакаат да останат на ниво на етничка заедница или пак да бидат третирани согласно светските стандарди како како дел од сопствениот народ, кој има сопствена национална држава, а кој живее во Македонија како национално малцинство.
А Бугарија? Бугарија зафатена со сопствените проблеми и мака како да се спаси од стегите во кои е ставена во геополитички контекст, ќе го чека исходот од македонската самоблокада. Ќе чека и постојано ќе мешетари надевајќи се дека ова прашање во скоро време нема да се реши. Барем не додека војуваат Русија и Украина. Не сум баш сигурен, поточно убеден сум дека Бугарија е таа која најмалку сака да го решиме ова прашање и да ги ставиме Бугарите во Уставот!
Македонската власт е на потег!
The post Деблокада на македонските евроинтеграции по хрватски терк – Pse jo?! appeared first on Република.
]]>Петар Поп-Арсов
До пред некое време со големо внимание ги следевме изборите во Бугарија. Со внимание и надеж дека кај нашиот сосед ќе се случи нешто кое што ќе ги релаксира односите со Македонија и ќе ја заврши оваа ера на „добрососедство“ со потис и печат ставени од Заев и Борисов. Го испративме Каракачанов (веќе и го заборавивме), го испративме и Слави, дури и ликот на „прогресивниот“ Петков некако бледнее иако сè уште се препелка во калта на бугарската политичка реалност. И така, избори по избори, веќе ни бројот не им го следиме, Бугарија никако да излезе на прав пат и да формира стабилна политичка влада која ќе ја дефинира вистинската определба на нејзините граѓани. Колку да знаеме со кого се, со кого сакаат да им биде државата?! Со партнерите од партнерствата во кои во моментов се членки или со другите каде што некогаш беа членки? Со ЕУ и НАТО се, или со Русија? Никако да се решат! Теоретски гледано, мнозинството од нивните гласачи постојано поддржуваат политички опции кои во принцип се за ЕУ и НАТО, но никако нивните ЕУ-НАТО опции да најдат заеднички јазик и да формираат влада. Се некако не им оди, не се согласуваат, те ова не чини, те она не е добро и веќе во подолг временски интервал овозможуваат главниот збор да го има Румен Радев. Претседателот Радев, прорускиот политичар кој раководи со земја членка на ЕУ и НАТО во услови кога овие две организирани форми на држави активно се ангажирани во војната во Украина. Баш онака, бугарски! Ќе помислам дека намерно го прават тоа?! Дека намерно се позиционираат во сивата зона на геополитиката чекајќи го исходот на војната во Украина. Онака, за секој случај. Не се знае кој ќе победи горе, па што си е сигурно, сигурно е. Немаме влада, не можеме ефикасно да донесуваме одлуки, не можеме со цел капацитет да им се придружиме на партнерите, и така. Класична бугарска политика. Ако се работи за некоја народна мудрост, која како колективна свест се пресликува на изборните резултати во континуитет неколку изборни циклуси наназад заради заштита на нацијата, тоа е навистина брилијатно. Народот сам гласа во правец на пат позиција блокирајќи го процесот на формирање на влада?! Навистина интересен феномен! Но, доколку тоа е потпомогнато и од политичките елити на бугарските ЕУ-НАТО опции, е тоа е веќе нешто друго. Тоа е веќе организирана форма на делување на бугарската политика во правец на играње на улогата „ни риба, ни девојка“, чекајќи го исходот на играта од горе. Шенген може да почека, еврозоната исто така, дури и привлечноста на европските финансиски фондови се со помала сила од силата на стравот и љубовта од и кон Русија. Некако натака ми врти работава. Самите велат дека во однос на Македонија ја завршиле работата и веќе е извесно дека македонското прашање е недоволен параван зад кој можат да се кријат. Самите велат дека бугарските позиции кон Македонија веќе се европски позиции и како такви се дел од преговарачката рамка на ЕУ кон Македонија. Тука можат да одморат и да се фокусираат на тоа како да ги предриблаат оние што играат на големиот терен. А ние? Ние ќе се расправаме за уставните измени кои што ни ги наметнаа како обврска! Ќе си ги вадиме очите за обврската која што самите ја прифативме! Ни власта повеќе не негира дека сме влезени во процес на самоблокада. Тогаш кога ја критикувавме и опоменувавме дека со прифаќањето на францускиот предлог состојбата на самоблокада ќе стане наша реалност, тие велееа дека со самиот чин на прифаќањето на обврската за уставни измени всушност започнуваме со преговорите со ЕУ. Денес е очигледно е дека тоа беше лага, уште една во низата лаги поврзани со напредокот во процесот на евроинтеграциите која што ни ги сервираше оваа власт. Од скоро го имаме хрватскиот модел на уставот на маса, како предлог даден од ВМРО. Поточно кажано, ја имаме преамбулата на хрватскиот устав која во себе содржи формула која во моментов претставува основа околу која внесувањето на Бугарите во уставот би било поддржано од потребниот двотретински цензус во Собранието. Ова е чекор напред! Испружена рака и чин на конструктивност демонстриран на македонската политичка сцена. Хрватскиот модел како предлог покажа дека Бугарите воопшто не се, ниту пак биле проблем. Проблем сме ние, Македонците. Проблем е нашиот статус и дефиниција во рамки на Уставот на сопствената држава. Постојаните промени на Уставот, диктирани и наметнати под разни околности и притисоци го еродираа статусот на македонскиот народ до таа мера што веќе македонската држава станува непрепознатлива како матична држава на мнозинскиот народ, Македонците. Симптоматично е тоа што СДСМ молчи во однос на хрватскиот модел. Молчат и другите релевантни политички партии од кои зависи целокупната постапка на промената на Уставот. За волја на вистината токму Ковачевски беше првиот кој јавно го посочи хрватскиот модел како излезна формула од македонската самоблокада. Зошто сега не се произнесува кога има подадена рака? Можеби се плаши од реакција на коалиционите партии од албанскиот кампус, особено од оној релевантниот дел кој и понатаму молчи и тактизира. Го оставаат Таравари и неговите партиски колеги да пласираат тези кои се далеку од европските вредности, стандарди и заеднички тенденции и аспирации кои што ги имаме во однос на ЕУ. Го оставаат да го ползува нелегитимниот и криминално спроведен попис како аргумент кој го спротивставува на предлогот за примена на хрватскиот модел. Го оставаат да користи неевропска реторика враќајќи не далеку во минатото. Ги оставаат или намерно ги пуштаат во јавноста сопствените мегафони и платеници да толкуваат дека со примена на некои термини од хрватскиот устав ќе сме се врателе назад и ќе сме ги загрозиле правата на етничките заедници. Пред некаде две, двеипол години пишував на оваа тема во една од моите претходни колумни (хиперлинк во прилог) и дадов свое видување за тоа како е дефиниран статусот на етникумите кои живеат во Македонија. Особено за етникумите и деловите од народи кои живеат во Македонија како малцинства. Да се потсетиме: „Национално малцинство или етничка заедница? Во однос на дефиницијата на терминот национално малцинство, може да се каже дека дури ни Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства на Советот на Европа не содржи дефиниција за тоа што претставува национално малцинство. Причината е едноставна, сè уште не постои општа дефиниција за која се согласиле сите земји членки на Советот на Европа. Секоја земја располага со простор да процени кои групи граѓани треба да бидат опфатени со Конвенцијата на нејзината територија. Заради ваквата недореченост во однос на ова прашање има постојан конфликт и тужби пред Судот во Стразбур. Терминот национално малцинство со кој се дефинира положбата на еден етникум во една држава, претставува сериозен статус на тој етникум во рамки на конкретната држава. Покрај малцинствата кои претставуваат дел од народ со сопствена национална држава, постојат и малцинства кои како народ во целина немаат сопствени национални држави. Најкарактеристичен пример за ваков тип на малцинство, присутен речиси во сите европски земји и пошироко е Ромскиот народ. Токму за таквите малцинства, најблиската и најточната дефиниција би бил терминот етничка заедница. Тука доаѓаме до нашиот Охридски рамковен договор и неговиот двосмислен и експериментален карактер. По потпишувањето на овој договор, Македонија е дефинирана како држава на Македонскиот народ и делови на албанскиот, турскиот, влашкиот, српскиот, ромскиот, бошњачкиот и други народи. Текстот од Уставот во продолжение не го содржи терминот национално малцинство, туку во употреба е терминот етничка заедница. Во терминолошка смисла постои целосно изедначување на претставниците на народи кои имаат свои национални држави (албанците, србите, турците и бошњаците) и оние кои немаат (ромите и власите), и сите се сместени во поимот етничка заедница. Доаѓаме до поентата! Силните „борци за етнички права“, кои со војната од 2001 година предизвикаа уставни измени, го сведоа својот народ на етничка заедница. Испаѓа како македонските албанци, срби, турци итн. да немаат врска со нивните матични држави и не претставуваат нивно национално малцинство во Македонија, туку се некоја етничка творба која самата себе се дефинира под поимот албанец, србин, турчин итн. Откажувањето од терминот национално малцинство и прифаќањето на терминот етничка заедница дефинитивно беше чекор назад... Многу експерименти и многу експериментални термини на оваа македонска земја. Многу понижувачки и пред се самопонижувачки термини со кои самите на себе си ја нанесуваме најголемата штета.“ Немам што да додадам на погоре кажаното. Само можам да заклучам дека сопствен прилог и придонес во македонскиот евроинтегративен процес треба да дадат сите етникуми кои живеат во Македонија, без разлика дали тие сакаат да останат на ниво на етничка заедница или пак да бидат третирани согласно светските стандарди како како дел од сопствениот народ, кој има сопствена национална држава, а кој живее во Македонија како национално малцинство. А Бугарија? Бугарија зафатена со сопствените проблеми и мака како да се спаси од стегите во кои е ставена во геополитички контекст, ќе го чека исходот од македонската самоблокада. Ќе чека и постојано ќе мешетари надевајќи се дека ова прашање во скоро време нема да се реши. Барем не додека војуваат Русија и Украина. Не сум баш сигурен, поточно убеден сум дека Бугарија е таа која најмалку сака да го решиме ова прашање и да ги ставиме Бугарите во Уставот! Македонската власт е на потег!The post Деблокада на македонските евроинтеграции по хрватски терк – Pse jo?! appeared first on Република.
]]>Јас сум подготвен да го објаснувам овој наш предлог пред секого и секаде. И тука немам никаква дилема. Така што ако бидам поканет на една таква лидерска средба, без разлика кој ќе ја организира, ќе појдам и ќе го образложам овој предлог. Дали тоа ќе го направи Стево Пендаровски, дали сака Димитар Ковачевски тет а тет да седнеме па да му објаснам, дали сака во поширок состав, бидејќи ја преставува владата на ДУИ поддржана од неговата партија, па можеби тие ќе треба да му го чуваат стравот. Како ќе одлучат така. Јас сум подготвен да отидам и сето тоа го образложам. Немам што да кријам, вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на општина Бутел одговори на новинарско прашање за тоа дали е подготвен на лидерска средба да го објасни хрватскиот модел на устав, доколку тоа биде побарано.
Мицкоски исто така ја повика власта да се одважи и без да се мистифицира целиот процес и без затворање во канцеларии да прифати консензус за хрватскиот модел кој самите претставници на власта го посочуваа.
„Еве сега конечно нудиме консензус околу хрватскиот модел јавно без да се затвораме, без да седиме во канцеларии, без да мистифицираме, без да криеме ништо од јавноста. Еве велиме ајде господа, одважете се и да седнеме да ја завршиме работата. Како е хрватската преамбула во хрватскиот устав, така да ја направиме преамбулата и во нашиот македонски устав. Стоиме на располагање и еве јавно немаме што да криеме. Сака на дуел, на дуел ќе го збориме. Сакаат лидерска средба, на лидерска ќе го збориме. Каде сакаат, таму ќе го збориме тоа и еве јавно тоа го кажуваме пред цела македонска јавност. Нема што да криеме“ потенцираше Мицкоски.
https://www.youtube.com/watch?v=b8oMgFORhVs
Кога станува збор за Уставот, да ги гледаме работите не низ призма на партиски интерес, туку и како стојат од правен аспект и процедурално, а потоа ќе ви дадам одговор и кој е ставот на ВМРО-ДПМНЕ, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на општина Бутел.
„Прво како се случува евентуалната интервенција во Уставот, има три чекори. Првиот чекор е во парламентот доаѓа иницијатива со која се утврдува потребата за отворање на Уставот. Тоа значи дека две третини од пратениците ќе гласаат за или ќе нема две третини за. Доколку има такви кои ќе гласаат за, тогаш следи вториот чекор тоа е формирање на уставна комисија која работи на амандмани и ги носи во парламентот тогаш се потребни мнозинство пратеници од вкупниот број или 61. И доколку има, тогаш повторно се враќаат изгласаните амандмани и се формира конечен текст и враќаат пак во парламент и тогаш се потребни две третини од вкупниот број пратеници. И тогаш некаде отприлика се потребни минимум 104 до 105 дена доколку во идеален случај процедурата почне од почеток до крај“, објасни Мицкоски.
Тој посочи дека ние сега не сме ни на почетокот, ние сме пред почетокот.
„Во оваа фаза работни групи и уставни комисии не се формираат. Овде сега пред пратениците се доставува иницијатива за утврдување на потребата за отворање на Уставот. Мене ако ме прашате како човек преку глава ми е од работни групи каде неколкумина политичари седат во затворена просторија и одлучуваат за иднината на народот, а народот е против тоа. Затоа одлучивме да го дадеме предлогот да не се затвораме во темни простории и да ја мистифицираме целата ситуација, а во суштина се трудиме реализираме партиски интерес. И некои стратези викаат треба да го вметнете Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и се ќе се реши. Тоа е погрешно. Тоа не е тоа начинот. Тие каде што одат ние сме се вратиле, не е тоа суштината ние треба да работиме за народот и затоа ние како ВМРО-ДПМНЕ велиме, еве го предлогот, вие го посочивте хрватскиот модел, ние рековме во ред го прифаќаме. Но не е ова желботека, детска градинка еве го моделот го прифаќате или не го прифаќате. Не сакам да верувам дека една ваква проевропска влада која ја сочинуваа ДУИ и малцинскиот партнер СДСМ ќе го загрози европскиот пат на Македонија кога веќе имаме предлог на маса кој ние го прифаќаме и треба да изградиме консензус“, рече Мицкоски.
Мицкоски потсети од што се се има откажано Македонија во име на европската интеграција. Тој рече на почетокот на самостојноста се откажа од своето знаме во име на европската иднина, потоа го користеше временото понижувачко име за да биде дел од ОН, потоа го менуваше Уставот како резултат на Охридскиот договор, па доби вето за НАТО во 2008 година, но веруваше во интеграцијата и работеше па пак го смени Уставот.
„И сето тоа за европска иднина и еве сега има предлог на маса и велиме ајде господа да се договориме, да разговараме“, заклучи Мицкоски.
The post Мицкоски е подготвен секаде да го објаснува хрватскиот Устав, дури и на лидерска средба appeared first on Република.
]]>Јас сум подготвен да го објаснувам овој наш предлог пред секого и секаде. И тука немам никаква дилема. Така што ако бидам поканет на една таква лидерска средба, без разлика кој ќе ја организира, ќе појдам и ќе го образложам овој предлог. Дали тоа ќе го направи Стево Пендаровски, дали сака Димитар Ковачевски тет а тет да седнеме па да му објаснам, дали сака во поширок состав, бидејќи ја преставува владата на ДУИ поддржана од неговата партија, па можеби тие ќе треба да му го чуваат стравот. Како ќе одлучат така. Јас сум подготвен да отидам и сето тоа го образложам. Немам што да кријам, вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на општина Бутел одговори на новинарско прашање за тоа дали е подготвен на лидерска средба да го објасни хрватскиот модел на устав, доколку тоа биде побарано.Мицкоски исто така ја повика власта да се одважи и без да се мистифицира целиот процес и без затворање во канцеларии да прифати консензус за хрватскиот модел кој самите претставници на власта го посочуваа.
„Еве сега конечно нудиме консензус околу хрватскиот модел јавно без да се затвораме, без да седиме во канцеларии, без да мистифицираме, без да криеме ништо од јавноста. Еве велиме ајде господа, одважете се и да седнеме да ја завршиме работата. Како е хрватската преамбула во хрватскиот устав, така да ја направиме преамбулата и во нашиот македонски устав. Стоиме на располагање и еве јавно немаме што да криеме. Сака на дуел, на дуел ќе го збориме. Сакаат лидерска средба, на лидерска ќе го збориме. Каде сакаат, таму ќе го збориме тоа и еве јавно тоа го кажуваме пред цела македонска јавност. Нема што да криеме“ потенцираше Мицкоски.https://www.youtube.com/watch?v=b8oMgFORhVs
Кога станува збор за Уставот, да ги гледаме работите не низ призма на партиски интерес, туку и како стојат од правен аспект и процедурално, а потоа ќе ви дадам одговор и кој е ставот на ВМРО-ДПМНЕ, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на општина Бутел. „Прво како се случува евентуалната интервенција во Уставот, има три чекори. Првиот чекор е во парламентот доаѓа иницијатива со која се утврдува потребата за отворање на Уставот. Тоа значи дека две третини од пратениците ќе гласаат за или ќе нема две третини за. Доколку има такви кои ќе гласаат за, тогаш следи вториот чекор тоа е формирање на уставна комисија која работи на амандмани и ги носи во парламентот тогаш се потребни мнозинство пратеници од вкупниот број или 61. И доколку има, тогаш повторно се враќаат изгласаните амандмани и се формира конечен текст и враќаат пак во парламент и тогаш се потребни две третини од вкупниот број пратеници. И тогаш некаде отприлика се потребни минимум 104 до 105 дена доколку во идеален случај процедурата почне од почеток до крај“, објасни Мицкоски.Тој посочи дека ние сега не сме ни на почетокот, ние сме пред почетокот.
„Во оваа фаза работни групи и уставни комисии не се формираат. Овде сега пред пратениците се доставува иницијатива за утврдување на потребата за отворање на Уставот. Мене ако ме прашате како човек преку глава ми е од работни групи каде неколкумина политичари седат во затворена просторија и одлучуваат за иднината на народот, а народот е против тоа. Затоа одлучивме да го дадеме предлогот да не се затвораме во темни простории и да ја мистифицираме целата ситуација, а во суштина се трудиме реализираме партиски интерес. И некои стратези викаат треба да го вметнете Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и се ќе се реши. Тоа е погрешно. Тоа не е тоа начинот. Тие каде што одат ние сме се вратиле, не е тоа суштината ние треба да работиме за народот и затоа ние како ВМРО-ДПМНЕ велиме, еве го предлогот, вие го посочивте хрватскиот модел, ние рековме во ред го прифаќаме. Но не е ова желботека, детска градинка еве го моделот го прифаќате или не го прифаќате. Не сакам да верувам дека една ваква проевропска влада која ја сочинуваа ДУИ и малцинскиот партнер СДСМ ќе го загрози европскиот пат на Македонија кога веќе имаме предлог на маса кој ние го прифаќаме и треба да изградиме консензус“, рече Мицкоски. Мицкоски потсети од што се се има откажано Македонија во име на европската интеграција. Тој рече на почетокот на самостојноста се откажа од своето знаме во име на европската иднина, потоа го користеше временото понижувачко име за да биде дел од ОН, потоа го менуваше Уставот како резултат на Охридскиот договор, па доби вето за НАТО во 2008 година, но веруваше во интеграцијата и работеше па пак го смени Уставот. „И сето тоа за европска иднина и еве сега има предлог на маса и велиме ајде господа да се договориме, да разговараме“, заклучи Мицкоски.
The post Мицкоски е подготвен секаде да го објаснува хрватскиот Устав, дури и на лидерска средба appeared first on Република.
]]>Зошто Ковачевски и Ахмети молчат за предлогот да се ископира Хрватскиот модел на Устав, земја членка на ЕУ која до вчера ја кажуваа за пример? прашува ВМРО-ДПМНЕ.
СДС и ДУИ треба да се изјаснат за ставот на ВМРО-ДПМНЕ, Уставот на Македонија да се преслика од тој на Хрватска, каде Македонската држава ќе се означи како држава на Македонскиот народ и малцинствата кои живеат во Македонија, каде поименично ќе се запишат сите кои беа опфатени во последниот попис.
Според ВМРО-ДПМНЕ Пресликување на Хрватскиот модел, е одличен пример за Македонија.
Хрватскиот устав е устав на земја членка на ЕУ и сметаме дека пресликување на истиот може само да ја зацрвсти нашата посветеност кон ЕУ и нејзините стандарди.Доколку СДС и ДУИ се искрени тие нема зошто да се противат на хрватскиот модел, кој ги гарантира правата на сите малцинства
The post Зошто Ковачевски и Ахмети молчат за предлогот да се ископира хрватскиот модел на Устав? appeared first on Република.
]]>СДС и ДУИ треба да се изјаснат за ставот на ВМРО-ДПМНЕ, Уставот на Македонија да се преслика од тој на Хрватска, каде Македонската држава ќе се означи како држава на Македонскиот народ и малцинствата кои живеат во Македонија, каде поименично ќе се запишат сите кои беа опфатени во последниот попис.Според ВМРО-ДПМНЕ Пресликување на Хрватскиот модел, е одличен пример за Македонија.
Хрватскиот устав е устав на земја членка на ЕУ и сметаме дека пресликување на истиот може само да ја зацрвсти нашата посветеност кон ЕУ и нејзините стандарди.Доколку СДС и ДУИ се искрени тие нема зошто да се противат на хрватскиот модел, кој ги гарантира правата на сите малцинства
The post Зошто Ковачевски и Ахмети молчат за предлогот да се ископира хрватскиот модел на Устав? appeared first on Република.
]]>Беса бара со отворањето на Уставот за вметнување на Бугарите во Преамбулата да се вметне и употреба на албанскиот јазик како службен јазик на ниво на цела територија. Според Беса сега е историски и важен момент за иднината на државата со кој како што велат, ќе може да се поправат историските грешки.
„Преку внатре-етничка и меѓуетничка кохезија, кои се направени преку неадекватна формулација во Уставот на Република Македонија и да се изгради устав кој ќе биде главен извор на мирот, толеранцијата и демократските вредности“ изјави Фатмир Сабриу од Беса.
Од партијата посочуваат дека од предлагачот на уставните измени – Владата бараат во текот на составувањето на нацрт верзијата на уставните измени која ќе биде испратена за расправа до Собранието да се вметнат два амандмани.
„На целата територија на Република Македонија и во меѓународните односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик и неговото писмо“ е наведено во предлог измената на еден од членовите на Уставот.
Сабриу вели дека Беса не е против вклучувањето на бугарската заедница во преамбулата на уставот на државата, но инсистира да се смени амандманот V од уставот и албанскиот јазик да биде рамноправен со македонскиот јазик во Македонија.
The post Беса со ново барање: Албанскиот јазик да важи и во меѓународните односи, и тоа гарантирано со Устав appeared first on Република.
]]>„Преку внатре-етничка и меѓуетничка кохезија, кои се направени преку неадекватна формулација во Уставот на Република Македонија и да се изгради устав кој ќе биде главен извор на мирот, толеранцијата и демократските вредности“ изјави Фатмир Сабриу од Беса.Од партијата посочуваат дека од предлагачот на уставните измени – Владата бараат во текот на составувањето на нацрт верзијата на уставните измени која ќе биде испратена за расправа до Собранието да се вметнат два амандмани. „На целата територија на Република Македонија и во меѓународните односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик и неговото писмо“ е наведено во предлог измената на еден од членовите на Уставот. Сабриу вели дека Беса не е против вклучувањето на бугарската заедница во преамбулата на уставот на државата, но инсистира да се смени амандманот V од уставот и албанскиот јазик да биде рамноправен со македонскиот јазик во Македонија.
The post Беса со ново барање: Албанскиот јазик да важи и во меѓународните односи, и тоа гарантирано со Устав appeared first on Република.
]]>Приоритет над приоритетите во однос на уставните измени е промена на Преамбулата, со што во неа би се вметнале сите помали заедници кои ќе пројават интерес за тоа, но доколку „се отвори Уставот“ тогаш треба да се најдат решенија и за „сите празнини“ во него, за што ќе деде потребен консензус, изјави денеска министерот за правда Кренар Лога по средбата со австриската министерка за правда Алма Задич.
Тој нагласи дека ја повикува ВМРО-ДПМНЕ и пратениците на оваа партија да се изјаснат за сите прашања што ги имаат поврзани со Уставот, посочувајќи дека вратата на Министерството за правда останува отворена за нив.
Во врска со измените на Изборниот законик, Лога нагласи дека останува рокот до петок што и го остави на ВМРО-ДПМНЕ да предложи свој претставник во работната група.
- Да почекаме до петок, рече Лога во одговор на новинарско прашање дали работната група за промена на Изборниот законик ќе почне да работи и без најголемата опозициска партија, доколку таа не предложи свој претставник во ова тело при Министерството за правда.
Лога го поздрави денешниот избор на нови судии од страна на Судскиот совет и најави дека денеска Министерството до Владата ќе достави нов Предлог закон за Академија на судии и јавни обвинители, со што, како што рече, ќе биде подобрена нејзината инфраструктура.
Во однос на мислењето на Комисијата за употреба на имиња на личности во врска со називот на Здружението за афирмација на културните вредности на македонските Бугари „Цар Борис Трети“ од Охрид, Лога изјави дека тоа се уште не е стигнато до Министерството за правда, а откако ќе пристигне, што очекува да се случи во текот на денешниот ден или најдоцна утре, тој ќе донесе соодветна одлука.
Комисијата за употреба на имиња на личности вчера даде негативно мислење за употреба на името Цар Борис Трети во називот на бугарскиот клуб, со оценка дека именување на здружението со таков назив предизвикува тензии и нетолеранција во целото македонско општество.
- Тој е одговорен за злосторства извршени за време на бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна, при што се ликвидирани стотици граѓани. Посебно беше потенцирано мислењето дека неговата соработка и сојузништво со Третиот рајх и нагласената антисемитска политика се најдиректно одговорни и за депортацијата и екстерминацијата на илјадници Евреи од Македонија во логорот на смртта Треблинка, заклучи Комисијата
The post Лога се премисли: Вметнувањето на помалите заедници во Преамбулата на Уставот е приоритет над приоритетите appeared first on Република.
]]>Приоритет над приоритетите во однос на уставните измени е промена на Преамбулата, со што во неа би се вметнале сите помали заедници кои ќе пројават интерес за тоа, но доколку „се отвори Уставот“ тогаш треба да се најдат решенија и за „сите празнини“ во него, за што ќе деде потребен консензус, изјави денеска министерот за правда Кренар Лога по средбата со австриската министерка за правда Алма Задич.
Тој нагласи дека ја повикува ВМРО-ДПМНЕ и пратениците на оваа партија да се изјаснат за сите прашања што ги имаат поврзани со Уставот, посочувајќи дека вратата на Министерството за правда останува отворена за нив.
Во врска со измените на Изборниот законик, Лога нагласи дека останува рокот до петок што и го остави на ВМРО-ДПМНЕ да предложи свој претставник во работната група.
- Да почекаме до петок, рече Лога во одговор на новинарско прашање дали работната група за промена на Изборниот законик ќе почне да работи и без најголемата опозициска партија, доколку таа не предложи свој претставник во ова тело при Министерството за правда.
Лога го поздрави денешниот избор на нови судии од страна на Судскиот совет и најави дека денеска Министерството до Владата ќе достави нов Предлог закон за Академија на судии и јавни обвинители, со што, како што рече, ќе биде подобрена нејзината инфраструктура.
Во однос на мислењето на Комисијата за употреба на имиња на личности во врска со називот на Здружението за афирмација на културните вредности на македонските Бугари „Цар Борис Трети“ од Охрид, Лога изјави дека тоа се уште не е стигнато до Министерството за правда, а откако ќе пристигне, што очекува да се случи во текот на денешниот ден или најдоцна утре, тој ќе донесе соодветна одлука.
Комисијата за употреба на имиња на личности вчера даде негативно мислење за употреба на името Цар Борис Трети во називот на бугарскиот клуб, со оценка дека именување на здружението со таков назив предизвикува тензии и нетолеранција во целото македонско општество.
- Тој е одговорен за злосторства извршени за време на бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна, при што се ликвидирани стотици граѓани. Посебно беше потенцирано мислењето дека неговата соработка и сојузништво со Третиот рајх и нагласената антисемитска политика се најдиректно одговорни и за депортацијата и екстерминацијата на илјадници Евреи од Македонија во логорот на смртта Треблинка, заклучи Комисијата
The post Лога се премисли: Вметнувањето на помалите заедници во Преамбулата на Уставот е приоритет над приоритетите appeared first on Република.
]]>Централниот совет на Демократскиот сојуз расправаше за актуелните политички состојби во земјата при што оцени дека евроинтеграциските процеси се врвен приоритет, но власта нема никакви реформи поврзани со судскиот систем, владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата.
Се наведува дека кај граѓаните постои огромно незадоволство од нефункционирањето на државните институции, сиромаштијата и заминувањето на младите од државата.
„Од јули 2022 година, Владата ги најавува уставните измени, а досега не видовме ништо од нив, никаков текст, никаква расправа за суштината и контекстот на спорот со Бугарија туку само политички манипулации и поделби. Демократскиот сојуз го афирмира ставот дека можно е Бугарите да бидат внесени во Уставот, но на реципрочна основа, односно да биде признаено правото на организирање на Македонците во Бугарија“, велат од Демократскиот сојуз.
За нови членови на Претседателството избрани се Елисавета Јаневска, која е избрана и за претседател на Демократскиот сојуз на жените, Богоја Петровски, кој е избран и за претседател на младите на Демократскиот сојуз, како и Емилија Тошевска.
The post Демократскиот сојуз: За уставни измени неопходно е Бугарија да го признае правото на организирање на Македонците appeared first on Република.
]]>The post Демократскиот сојуз: За уставни измени неопходно е Бугарија да го признае правото на организирање на Македонците appeared first on Република.
]]>„Мојот став е јасен, кажан во јавноста, повторен и непроменлив итн. А, што се однесува за ставот на поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски можеби Ковачевски може повеќе да ви каже. Ако знае деталите нека ги сподели со јавноста. Добро е да го прашате еве на следната средба со него да го прашате кој е ставот кој што тој го знае, а јавноста не го знае, ниту пак јас, ниту претпоставувам граѓаните овдека“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски од Илинден во врска со уставните измени.
Мицкоски додаде дека неговиот став е јасно кажан, артикулиран и е непроменлив.
„Мојот став јасно е кажан, артикулиран и е непроменлив“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ
The post Mицкоски: Мојот став за уставни промeни е јасен, повторен и непроменлив appeared first on Република.
]]>„Мојот став е јасен, кажан во јавноста, повторен и непроменлив итн. А, што се однесува за ставот на поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски можеби Ковачевски може повеќе да ви каже. Ако знае деталите нека ги сподели со јавноста. Добро е да го прашате еве на следната средба со него да го прашате кој е ставот кој што тој го знае, а јавноста не го знае, ниту пак јас, ниту претпоставувам граѓаните овдека“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски од Илинден во врска со уставните измени.Мицкоски додаде дека неговиот став е јасно кажан, артикулиран и е непроменлив.
„Мојот став јасно е кажан, артикулиран и е непроменлив“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ
The post Mицкоски: Мојот став за уставни промeни е јасен, повторен и непроменлив appeared first on Република.
]]>Алијансата за Албанците оваа сабота во Куманово на Централно собрание ќе го бира новото раководство, а од понеделник преку внатрепартиски консултации ќе решава за влез во Владата, потврдија од партијата за МИА.
– Оваа сабота ќе се одржи состанокот на Централното собрание на партијата, на кој ќе биде избрано новото партиско раководство – потпретседателите и секретарите. Додека, пак, за понудата за влез во Владата, не се одлучува во понеделник, туку од понеделник ќе се разговара внатре во партијата, посочија од партијата.
Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во изјава за една национална телевизија вели дека неофицијалната покана за влез во Влада ќе ја прифатат само за сериозна борба против корупцијата и ако постојат шанси да се обезбедат 80 пратеници за уставни измени.
– Трето, најважен интерес на граѓаните е земјата да успее да ги направи уставните измени и да почнеме преговори со ЕУ. Ако добиеме имформации од другите партии на власт дека постои можност за обезбедување на 80 гласови тогаш треба да им дадеме шанса на уставните измени и преговорите со ЕУ. Цениме дека со такво мнозинство ќе придонесеме полесно да се убедат и пратеници на ВМРО и целата партија да ги гласа уставните измени. Доколку нема такви шанси тогаш не гледаме причина зашто да бидеме дел од власта, вели Таравари за Телма.
Премиерот Димитар Ковачевски вчера во изјава за медиумите соопшти дека постојат шанси за влез на Алијансата за Албанците во Владата, но тоа ќе зависи и од политичкиот договор.
– Алијанса за Албанците има изразено политичка волја која што е „за“ европски концепт на државата. Дали ќе влезе во Владата? Да, постојат шанси за тоа. Исто како што кажаа и другите политички лидери. А дали ќе се случи тоа? Зависи од политички договор. Политичкиот договор секогаш има два аспекти – едниот е програмски и другиот е кадровски. Додека не се случи такво нешто, не можеме со сигурност да кажеме дека ќе има уште еден владин партнер, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање на прес-конференција во Владата, на која заедно со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ информираше за скрининг процесот и следните активности поврзани со ЕУ интеграциите.
Премиерот потенцира дека е отворена можноста за сите оние кои што сакаат да се приклучат кон концептот за европска Македонија и сега е времето да го направиме тоа, бидејќи, како што рече, од нас зависи побрзото пристапување на државата во Европската Унија.
The post Алијанса ќе влегува во Владата само ако има можност да се обезбедат 80 пратеници за уставни измени appeared first on Република.
]]>– Оваа сабота ќе се одржи состанокот на Централното собрание на партијата, на кој ќе биде избрано новото партиско раководство – потпретседателите и секретарите. Додека, пак, за понудата за влез во Владата, не се одлучува во понеделник, туку од понеделник ќе се разговара внатре во партијата, посочија од партијата.Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во изјава за една национална телевизија вели дека неофицијалната покана за влез во Влада ќе ја прифатат само за сериозна борба против корупцијата и ако постојат шанси да се обезбедат 80 пратеници за уставни измени.
– Трето, најважен интерес на граѓаните е земјата да успее да ги направи уставните измени и да почнеме преговори со ЕУ. Ако добиеме имформации од другите партии на власт дека постои можност за обезбедување на 80 гласови тогаш треба да им дадеме шанса на уставните измени и преговорите со ЕУ. Цениме дека со такво мнозинство ќе придонесеме полесно да се убедат и пратеници на ВМРО и целата партија да ги гласа уставните измени. Доколку нема такви шанси тогаш не гледаме причина зашто да бидеме дел од власта, вели Таравари за Телма.Премиерот Димитар Ковачевски вчера во изјава за медиумите соопшти дека постојат шанси за влез на Алијансата за Албанците во Владата, но тоа ќе зависи и од политичкиот договор.
– Алијанса за Албанците има изразено политичка волја која што е „за“ европски концепт на државата. Дали ќе влезе во Владата? Да, постојат шанси за тоа. Исто како што кажаа и другите политички лидери. А дали ќе се случи тоа? Зависи од политички договор. Политичкиот договор секогаш има два аспекти – едниот е програмски и другиот е кадровски. Додека не се случи такво нешто, не можеме со сигурност да кажеме дека ќе има уште еден владин партнер, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање на прес-конференција во Владата, на која заедно со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ информираше за скрининг процесот и следните активности поврзани со ЕУ интеграциите.Премиерот потенцира дека е отворена можноста за сите оние кои што сакаат да се приклучат кон концептот за европска Македонија и сега е времето да го направиме тоа, бидејќи, како што рече, од нас зависи побрзото пристапување на државата во Европската Унија.
The post Алијанса ќе влегува во Владата само ако има можност да се обезбедат 80 пратеници за уставни измени appeared first on Република.
]]>Политичката партија БЕСА денеска ќе испрати покана до сите партии на Албанците за заедничка средба, информира денеска генералниот секретар на партијата Аријанит Хоџа.
На средбата треба да се разговара за измените на амандманот 5 од Уставот што БЕСА ги бара, односно да се смени формулацијата „јазикот кој го зборуваат 20 проценти од граѓаните“ со „албански јазик“.
Генералниот секретар на БЕСА Хоџа изјави дека на средбата може да присуствуваат и оние партии на Албанците коишто имаат интерес, а до кои нема да биде испратена покана.
Средбата се очекува да се одржи откако ќе ги добијат одговорите од сите партии, а Хоџа очекува тоа да биде следната недела.
The post Беса ги собира албанските партии заедно да побараат „албански јазик“ во Устав appeared first on Република.
]]>The post Беса ги собира албанските партии заедно да побараат „албански јазик“ во Устав appeared first on Република.
]]>Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш” која се емитува на телевизија Алфа, ги коментираше протестите кои одржуваат против прифаќањето на францускиот предлог за бугаризација на Македонија и рече дека е многу среќен што десетици илјади граѓани ги поддржуваат истите тие протести и убеден дека доколку економските услови во Македонија, да можеа луѓето да си дозволат да ставаат бензин во своите автомобили, ќе имаше и стотици илјади затоа што врие кај Македонецот, но врие и во другите градови во Македонија.
Николоски ги коментираше и денешните инциденти пред владата.
Овие протести станаа едно убаво движење на Македонецот, многу сум среќен што Македонците го покажаа патриотизмот бидејќи многумина мислеа дека Македонецот го изгубил патриотизмот и го закопал длабоко во себе но на овие протести гледаме дека не е така и дека патриотизмот е тука и само треба да се разбуди. Среќен сум што ни се придружуваат и наши пријатели од останатите, делови и народи кои живеат во Македонија, гледам многу Срби, Роми, Власи кои доаѓаат, гледам Турци кои доаѓаат и тоа е многу битно затоа што ова е заедничка битка а знам дека има и бројни Албанци кои ова го поддржуваат, дел од нив доаѓаат на протестите, дел интимно. Она што беше вечерва беше еден спонтан израз на незадоволството на народот, во услови кога владата континуирано го игнорира народниот револт, во услови кога три дена со ред излегува народот, скоро и да не се случило во историјата на државата три дена со ред спонтано и самоорганизирано да излегуваат пред влада, нормална влада или би си дала оставка, или би се повлекла од решението, во случајов овој предлог кој што значи бришење на Македонците, на македонскиот јазик, македонската историја и македонската култура. Наместо тоа, тие одат кон арогантно носење на истиот, има некои најави дека овој документ утре ќе биде усвоен во Владата и на крајот на денот тоа не значи ништо затоа што основа на овој документ е промената на Уставот, а за промената на Уставот е потребно двотретинско мнозинство. Ние јасно кажавме и вечерва од тука сакам да повторам дека ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група нема да гласа за промена на Уставот на Македонија! Тоа значи дека Уставот нема да се промени, со тоа што нема да се промени, паѓа договорот. Бидејќи, основа на договорот кој го направија Ковачевски и Петков е промената на Уставот и ние тоа нема да го дозволиме, односно во Собранието нема да го поддржиме а без нас, немаат двотретинско мнозинство, рече Николоски.
Николоски во однос на ова што се случи вечерва пред владата, рече во такви услови нормално е да има револт и дека некои луѓе се поемотивни и го изразиле на начин на кој го изразија и за него секој револт е оправдан.
За мене, тоа што луѓето ги боли значи многу и ова што се случи вечерва треба да го загрижи СДСМ и ДУИ, Ковачевски и Ахмети, а не да нѐ загрижува нас. Јас не би го нарекол инцидент затоа што немаше никакви физички напад, туку беше едно изразување на немир кај народот, заклучи Николоски.
The post Николоски: Уставни измени нема да дозволиме! appeared first on Република.
]]>Овие протести станаа едно убаво движење на Македонецот, многу сум среќен што Македонците го покажаа патриотизмот бидејќи многумина мислеа дека Македонецот го изгубил патриотизмот и го закопал длабоко во себе но на овие протести гледаме дека не е така и дека патриотизмот е тука и само треба да се разбуди. Среќен сум што ни се придружуваат и наши пријатели од останатите, делови и народи кои живеат во Македонија, гледам многу Срби, Роми, Власи кои доаѓаат, гледам Турци кои доаѓаат и тоа е многу битно затоа што ова е заедничка битка а знам дека има и бројни Албанци кои ова го поддржуваат, дел од нив доаѓаат на протестите, дел интимно. Она што беше вечерва беше еден спонтан израз на незадоволството на народот, во услови кога владата континуирано го игнорира народниот револт, во услови кога три дена со ред излегува народот, скоро и да не се случило во историјата на државата три дена со ред спонтано и самоорганизирано да излегуваат пред влада, нормална влада или би си дала оставка, или би се повлекла од решението, во случајов овој предлог кој што значи бришење на Македонците, на македонскиот јазик, македонската историја и македонската култура. Наместо тоа, тие одат кон арогантно носење на истиот, има некои најави дека овој документ утре ќе биде усвоен во Владата и на крајот на денот тоа не значи ништо затоа што основа на овој документ е промената на Уставот, а за промената на Уставот е потребно двотретинско мнозинство. Ние јасно кажавме и вечерва од тука сакам да повторам дека ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група нема да гласа за промена на Уставот на Македонија! Тоа значи дека Уставот нема да се промени, со тоа што нема да се промени, паѓа договорот. Бидејќи, основа на договорот кој го направија Ковачевски и Петков е промената на Уставот и ние тоа нема да го дозволиме, односно во Собранието нема да го поддржиме а без нас, немаат двотретинско мнозинство, рече Николоски.Николоски во однос на ова што се случи вечерва пред владата, рече во такви услови нормално е да има револт и дека некои луѓе се поемотивни и го изразиле на начин на кој го изразија и за него секој револт е оправдан.
За мене, тоа што луѓето ги боли значи многу и ова што се случи вечерва треба да го загрижи СДСМ и ДУИ, Ковачевски и Ахмети, а не да нѐ загрижува нас. Јас не би го нарекол инцидент затоа што немаше никакви физички напад, туку беше едно изразување на немир кај народот, заклучи Николоски.
The post Николоски: Уставни измени нема да дозволиме! appeared first on Република.
]]>