Уставен суд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ustaven-sud/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Nov 2024 16:39:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Уставен суд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ustaven-sud/ 32 32 Уставниот суд донесе одлука да поведе постапка за Законот за данок на солидарност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ustavniot-sud-donese-odluka-da-povede-postapka-za-zakonot-za-danok-na-solidarnost/ Wed, 20 Nov 2024 16:45:32 +0000 https://republika.mk/?p=840039

Уставниот суд на денешната седница донел одлука да поведе постапка за оценување на уставноста на Законот за данок за солидарност.Судот изрази сомнеж дека оспорениот Закон ја повредува темелната вредност владеење на правото уредена со членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот и фундаменталните принципи на кои почива, како што е правната сигурност на субјектите во нивната правна положба, правната предвидливост и правната извесност во легитимните очекувања на субјектите во правото.

Според дискусијата и аргументите во оваа насока со донесувањето на Законот нарушена е правната сигурност на компаниите кои оствариле профит над 615 000 000 денари во 2022 година, со тоа што во септември 2023 година е донесен закон кој им наложува задолжителен вонреден данок на солидарност на веќе одданочениот профит од претходната година.

Во расправата уставните судии изразија сомнеж дека станува збор за Закон кој произведува повратно дејство, што е во спротивност со членот 52 од Уставот. Судот го имаше во предвид фактот дека ретроактивноста и нејзиниот исклучок е дозволен само кога станува збор за тековни постапки, но во случајот засегнатите субјекти ги окончале односите со плаќањето на данок во 2022 година.

Судот во оваа фаза оценува дека со донесувањето на таков вид на данок, компаниите се ставени во нееднаква положба и дека Законодавецот направил упад во уставно загарантирано право на сопственост,како и упад во слободата на пазарот и претприемништвото.

Иако Законодавецот во јавноста презентирал дека спорниот Закон се носи за да се усогласи со Регулатива 2022 на ЕУ, Уставниот суд, изразува сомнеж дали станува збор за усогласување, бидејќи ЕУ регулативата се однесува на вонредно одданочување на компании од енергетскиот сектор, кои оствариле значително зголемен приход како резултат на кризата, што не може да се спореди со субјектите кои се опфатени во Законот за данок на солидарност во Република Македонија, бидејќи во законското уредување е предвиден критериум, а тоа е 615 000 000 денари, без оглед на тоа со каква дејност тој профит бил остварен.

Кога станува збор за аргументот на солидарноста, Законодавецот напоменува дека овој данок се плаќа во услови на непредвидлкиви и неповолни економски околности и е заснован на принципите на правичност, еднаквост и пропорционалност, според кој секој е должен да учествува во намирувањето на јавните расходи, согласно своите економски можности. Во расправата одредени уставни судии изразија сомнеж во овие аргументи на Законодавецот, со оглед на фактот дека суштината на солидарноста е да се подели товарот од сите, пропорционално, правично, а не селективно само на одредени субјекти, што може да води кон дискриминација. Во расправата беше посочено дека законодавецот не ја почитувал и уставната обврска за vacatio legis, односно пропуштил да даде аргументи и образложение за исклучокот од овој уставен принцип кој го применил во конкретниот закон.

На ова Решение за поведување на постапка, судијата Добрила Кацарска најави издвоено мислење.

По одржување на седницата, претседателот на Судот Дарко Костадиновски одржа брифинг со новинарите, на којшто истакна дека сега следува втората фаза на постапката, испитување на уставноста.

-На следната седница треба да го утврдиме нацртот на решението кое го донесовме денеска и потоа се обраќаме до доносителите на Законот за да дадат свое мислење. Што се однесува до одлуката, се знае кои се можностите и тие се утврдени со нашиот Акт, Судот може да укине, да поништи акт или во специфични ситуации да ја запре постапката. Не би сакал и неможам да прејудицирам ништо, сепак станува збор за одлука која ќе ја носат сите судии, рече тој.

На прашањето која опција е поверојатна, дали укинување или поништување и кои ќе бидат ефектите, Костадиновски кажа дека кога станува збор за укинување, значи дека во иднина не може да да се примени ниту донесе идентичен закон, додека поништувањето подразбира да се поништат последиците кои настанале од укинатиот закон, односно поништувачката одлука значи како таков закон да не ни постоел.

На прашањето кога би можело да се очекува одлука, претседателот Костадиновски објаснувајќи ги процедурите во постапката изрази мислење дека тоа би можело да биде на почетокот на следната година.

The post Уставниот суд донесе одлука да поведе постапка за Законот за данок на солидарност appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд на денешната седница донел одлука да поведе постапка за оценување на уставноста на Законот за данок за солидарност.Судот изрази сомнеж дека оспорениот Закон ја повредува темелната вредност владеење на правото уредена со членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот и фундаменталните принципи на кои почива, како што е правната сигурност на субјектите во нивната правна положба, правната предвидливост и правната извесност во легитимните очекувања на субјектите во правото. Според дискусијата и аргументите во оваа насока со донесувањето на Законот нарушена е правната сигурност на компаниите кои оствариле профит над 615 000 000 денари во 2022 година, со тоа што во септември 2023 година е донесен закон кој им наложува задолжителен вонреден данок на солидарност на веќе одданочениот профит од претходната година. Во расправата уставните судии изразија сомнеж дека станува збор за Закон кој произведува повратно дејство, што е во спротивност со членот 52 од Уставот. Судот го имаше во предвид фактот дека ретроактивноста и нејзиниот исклучок е дозволен само кога станува збор за тековни постапки, но во случајот засегнатите субјекти ги окончале односите со плаќањето на данок во 2022 година. Судот во оваа фаза оценува дека со донесувањето на таков вид на данок, компаниите се ставени во нееднаква положба и дека Законодавецот направил упад во уставно загарантирано право на сопственост,како и упад во слободата на пазарот и претприемништвото. Иако Законодавецот во јавноста презентирал дека спорниот Закон се носи за да се усогласи со Регулатива 2022 на ЕУ, Уставниот суд, изразува сомнеж дали станува збор за усогласување, бидејќи ЕУ регулативата се однесува на вонредно одданочување на компании од енергетскиот сектор, кои оствариле значително зголемен приход како резултат на кризата, што не може да се спореди со субјектите кои се опфатени во Законот за данок на солидарност во Република Македонија, бидејќи во законското уредување е предвиден критериум, а тоа е 615 000 000 денари, без оглед на тоа со каква дејност тој профит бил остварен. Кога станува збор за аргументот на солидарноста, Законодавецот напоменува дека овој данок се плаќа во услови на непредвидлкиви и неповолни економски околности и е заснован на принципите на правичност, еднаквост и пропорционалност, според кој секој е должен да учествува во намирувањето на јавните расходи, согласно своите економски можности. Во расправата одредени уставни судии изразија сомнеж во овие аргументи на Законодавецот, со оглед на фактот дека суштината на солидарноста е да се подели товарот од сите, пропорционално, правично, а не селективно само на одредени субјекти, што може да води кон дискриминација. Во расправата беше посочено дека законодавецот не ја почитувал и уставната обврска за vacatio legis, односно пропуштил да даде аргументи и образложение за исклучокот од овој уставен принцип кој го применил во конкретниот закон. На ова Решение за поведување на постапка, судијата Добрила Кацарска најави издвоено мислење. По одржување на седницата, претседателот на Судот Дарко Костадиновски одржа брифинг со новинарите, на којшто истакна дека сега следува втората фаза на постапката, испитување на уставноста. -На следната седница треба да го утврдиме нацртот на решението кое го донесовме денеска и потоа се обраќаме до доносителите на Законот за да дадат свое мислење. Што се однесува до одлуката, се знае кои се можностите и тие се утврдени со нашиот Акт, Судот може да укине, да поништи акт или во специфични ситуации да ја запре постапката. Не би сакал и неможам да прејудицирам ништо, сепак станува збор за одлука која ќе ја носат сите судии, рече тој. На прашањето која опција е поверојатна, дали укинување или поништување и кои ќе бидат ефектите, Костадиновски кажа дека кога станува збор за укинување, значи дека во иднина не може да да се примени ниту донесе идентичен закон, додека поништувањето подразбира да се поништат последиците кои настанале од укинатиот закон, односно поништувачката одлука значи како таков закон да не ни постоел. На прашањето кога би можело да се очекува одлука, претседателот Костадиновски објаснувајќи ги процедурите во постапката изрази мислење дека тоа би можело да биде на почетокот на следната година.

The post Уставниот суд донесе одлука да поведе постапка за Законот за данок на солидарност appeared first on Република.

]]>
Канцеларијата на ЕУ во Косово бара од Курти да не врши политички притисок врз Уставниот суд https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kantselarijata-na-eu-vo-kosovo-bara-od-kurti-da-ne-vrshi-politichki-pritisok-vrz-ustavniot-sud/ Tue, 19 Nov 2024 15:40:04 +0000 https://republika.mk/?p=839665

Канцеларијата на Европската унија во Косово реагираше на односот кон Уставниот суд на Косово од страна на премиерот Албин Курти, кој минатата недела изјави дека Судот со доцнењето во постапувањето со законите и нивното уривање „ги блокира позитивните и прогресивни реформи“ на неговата Влада, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во изјава за телевизијата РТВ21, Мисијата на ЕУ во Приштина нагласува дека „Уставниот суд има фундаментална улога да обезбеди владеење на Уставот и да ги заштити основните права и принципи во него“ и дека „независноста на судството е камен-темелник на владеењето на правото и суштински критериум за секое демократско општество“.

„Уставниот суд служи како највисок орган во разгледувањето на законите поднесени на ревизија. Неговите одлуки мора да бидат почитувани од сите за да се обезбеди ефективно функционирање на поделбата на власта и да се зајакне системот на проверки и рамнотежи. Додека е признаено дека Уставниот Судот мора да биде независен и ослободен од политички притисок, исто така неопходно е да се нагласи дека судството не е имуно на толкувања или отворена дискусија, под услов да е конструктивно, избалансирано и добро засновано“, велат од Канцеларијата на ЕУ.

Курти минатата недела изјави дека Уставникот суд е под влијание на одредени опозициски субјекти и носи политички одлуки.

The post Канцеларијата на ЕУ во Косово бара од Курти да не врши политички притисок врз Уставниот суд appeared first on Република.

]]>

Канцеларијата на Европската унија во Косово реагираше на односот кон Уставниот суд на Косово од страна на премиерот Албин Курти, кој минатата недела изјави дека Судот со доцнењето во постапувањето со законите и нивното уривање „ги блокира позитивните и прогресивни реформи“ на неговата Влада, јави дописникот на МИА од Приштина. Во изјава за телевизијата РТВ21, Мисијата на ЕУ во Приштина нагласува дека „Уставниот суд има фундаментална улога да обезбеди владеење на Уставот и да ги заштити основните права и принципи во него“ и дека „независноста на судството е камен-темелник на владеењето на правото и суштински критериум за секое демократско општество“.
„Уставниот суд служи како највисок орган во разгледувањето на законите поднесени на ревизија. Неговите одлуки мора да бидат почитувани од сите за да се обезбеди ефективно функционирање на поделбата на власта и да се зајакне системот на проверки и рамнотежи. Додека е признаено дека Уставниот Судот мора да биде независен и ослободен од политички притисок, исто така неопходно е да се нагласи дека судството не е имуно на толкувања или отворена дискусија, под услов да е конструктивно, избалансирано и добро засновано“, велат од Канцеларијата на ЕУ.
Курти минатата недела изјави дека Уставникот суд е под влијание на одредени опозициски субјекти и носи политички одлуки.

The post Канцеларијата на ЕУ во Косово бара од Курти да не врши политички притисок врз Уставниот суд appeared first on Република.

]]>
Mицкоски: Судиите коишто во моментов се дел од Уставниот суд се избрани од ДУИ и СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-sudiite-koishto-vo-momentot-se-del-od-ustavniot-sud-se-sudii-se-izbrani-od-dui-i-sdsm/ Mon, 18 Nov 2024 18:05:10 +0000 https://republika.mk/?p=839332

Сите политичари од минатото, коишто се темни сенки бидејќи не можете да ги слушнете како зборуваат за предлози и реформи, единствената карта на која што ја темелеа својата децениска политичка кариера беше криминал и корупција и етнички конфликти.

Ние велиме сега ќе ја растуриме таа магла и ќе гледаме јасно во иднината. Ќе гледаме јасно во процесот на реформи, реструктуирање на нашите држави, борба против криминалот и корупцијата и тоа е нашата желба и тоа е нашата визија како две влади и така ќе продолжиме и во иднина да функционираме, порача премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на зедничката прес-конференција со косовскиот премиер Албин Курти.

Прашан за одлуките на Уставниот суд и зошто токму кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт се актуелизираат, Мицкоски рече дека од првиот до последниот судија во Уставниот суд се избрани во македонското Собрание кога мнозинство беше владината коалиција СДСМ и ДУИ.

-Судиите коишто во моментот се дел од Уставниот суд, се судии коишто без исклучок се избрани од мнозинството на Демократската унија за интеграција и СДСМ. Навистина не знам од каде впечатокот дека ние имаме влијание, или сме можеби семоќни и ги контролираме сите политички партии, што не е така, изјави Мицкоски.

The post Mицкоски: Судиите коишто во моментов се дел од Уставниот суд се избрани од ДУИ и СДСМ appeared first on Република.

]]>

Сите политичари од минатото, коишто се темни сенки бидејќи не можете да ги слушнете како зборуваат за предлози и реформи, единствената карта на која што ја темелеа својата децениска политичка кариера беше криминал и корупција и етнички конфликти. Ние велиме сега ќе ја растуриме таа магла и ќе гледаме јасно во иднината. Ќе гледаме јасно во процесот на реформи, реструктуирање на нашите држави, борба против криминалот и корупцијата и тоа е нашата желба и тоа е нашата визија како две влади и така ќе продолжиме и во иднина да функционираме, порача премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на зедничката прес-конференција со косовскиот премиер Албин Курти. Прашан за одлуките на Уставниот суд и зошто токму кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт се актуелизираат, Мицкоски рече дека од првиот до последниот судија во Уставниот суд се избрани во македонското Собрание кога мнозинство беше владината коалиција СДСМ и ДУИ.
-Судиите коишто во моментот се дел од Уставниот суд, се судии коишто без исклучок се избрани од мнозинството на Демократската унија за интеграција и СДСМ. Навистина не знам од каде впечатокот дека ние имаме влијание, или сме можеби семоќни и ги контролираме сите политички партии, што не е така, изјави Мицкоски.

The post Mицкоски: Судиите коишто во моментов се дел од Уставниот суд се избрани од ДУИ и СДСМ appeared first on Република.

]]>
Делегација на Уставниот суд оствари билатерална средба со претседателот и со судии на Уставниот суд на Турција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/delegatsija-na-ustavniot-sud-ostvari-bilateralna-sredba-so-pretsedatelot-i-so-sudii-na-ustavniot-sud-na-turtsija/ Fri, 15 Nov 2024 09:19:32 +0000 https://republika.mk/?p=837992

Делегација на Уставниот суд во состав од претседателот, д-р Дарко Костадиновски, судиите м-р Фатмир Скендер, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, проф. д-р Ана Павловска-Данева и шефот на кабинетот д-р Екрем Халими, оствари билатерална средба со претседателот и со судии на Уставниот суд на Република Турција.

Во текот на работниот дел претседателот на Уставниот суд, д-р Костадиновски изрази задоволство од организирањето на оваа билатерална посета и потенцираше дека на средбата и претходи долгогодишно искуство на соработка и пријателски односи со Уставниот суд на Република Турција, но и со другите правосудни инстанци.

Костадиновски ја истакна важноста од одржувањето на одличните односи, особено кога станува збор за заедничко членување во регионални или меѓународни организации од областа на уставното право.

Изразувам голема благодарност во име на Уставниот суд за вашата иницијатива да се продолжи оваа соработка. Во текот на 2007 година, нашите претходници следејќи ги пријателските односи помеѓу двете држави потпишале Меморандум за соработка. Она што нам ни останува како должност е да му обезбедиме живот, суштина и динамика на тој Меморандум. Токму овој документ ни е поттик и рамка заеднички да ја унапредиме соработката и заемната поддршка во меѓународните форуми како Балканскиот форум на уставни судови кој следната 2025 година ќе се одржи во Република Турција, а во 2026 во Македонија, во рамките на Европската и Светската конференција на Уставни судови”.

Судиите разменија мислења на повеќе теми од значење за постапувањето и надлежностите на двата суда. Централни теми за кои се водеше дискусија и се разменуваа искуства, беа механизмите за извршување на одлуките на судовите, механизмите за следење на извршувањето на одлуките, за кои свои излагања имаа судијката проф. д-р Ана Павловска-Данева и судијата м-р Фатмир Скендер, додека судијката м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева имаше свое излагање на темата за уставната тужба.

Во разговорите беа прецизирани и конкретни области за соработка во наредниот период, како што е користењето на Истражувачкиот центар кој е дел од Уставниот суд на Туркије, продолжување на практиката за стручна размена и престој на ниво на судии, студиски престој и учество на Летната школа на стручната служба, како и можностите за поддршка на капацитетите на Уставниот суд на Република Македонија во поглед на дигитализација на Судот, опремување со современи компјутери и друга ИТ опрема.

Во текот на средбата претседателите Костадиновски и Озкаја ја договорија динамиката и темите на средбите. Следната билатерална средба ќе се одржи во 2025 година во Република Македонија.

На средбите со претседателите на Врховниот суд и Државниот совет на Туркије, делегацијата беше информирана за надлежностите и поставеноста на двете институции во правосудниот систем. Беа разменети мислења и информации за клучните предизвици со кои се соочуваат највисоките судски органи, како и на Уставниот суд на Република Македонија, во текот на постапките, согласно нивните надлежности.

Независноста и самостојноста на уставните судови како и на останатите највисоки судски инстанци претставува перманентна борба. Тие покрај фактот што треба да бидат обезбедени и гарантирани со уставни и со законски решенија, уште повеќе треба да бидат афирмирани со одлучност и бескомпромисност од самите судски органи” истакна претседателот Костадиновски.

Во рамки на одржаните средби беа разгледувани и можностите за соработка на овие судови со Уставниот суд, како и со правосудните органи во Република Македонија.

Во рамките на посетата претседателот Костадиновски се сретна и со потпретседателот на „Тика”, Махмуд Чевик. На пријателската средба беа разменети информации за можностите за натамошна поддршка од организацијата, за Уставниот суд во насока на негова дигитализација и обновање на ИТ опремата, со цел поефикасно работење.

 

The post Делегација на Уставниот суд оствари билатерална средба со претседателот и со судии на Уставниот суд на Турција appeared first on Република.

]]>

Делегација на Уставниот суд во состав од претседателот, д-р Дарко Костадиновски, судиите м-р Фатмир Скендер, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, проф. д-р Ана Павловска-Данева и шефот на кабинетот д-р Екрем Халими, оствари билатерална средба со претседателот и со судии на Уставниот суд на Република Турција. Во текот на работниот дел претседателот на Уставниот суд, д-р Костадиновски изрази задоволство од организирањето на оваа билатерална посета и потенцираше дека на средбата и претходи долгогодишно искуство на соработка и пријателски односи со Уставниот суд на Република Турција, но и со другите правосудни инстанци. Костадиновски ја истакна важноста од одржувањето на одличните односи, особено кога станува збор за заедничко членување во регионални или меѓународни организации од областа на уставното право.
Изразувам голема благодарност во име на Уставниот суд за вашата иницијатива да се продолжи оваа соработка. Во текот на 2007 година, нашите претходници следејќи ги пријателските односи помеѓу двете држави потпишале Меморандум за соработка. Она што нам ни останува како должност е да му обезбедиме живот, суштина и динамика на тој Меморандум. Токму овој документ ни е поттик и рамка заеднички да ја унапредиме соработката и заемната поддршка во меѓународните форуми како Балканскиот форум на уставни судови кој следната 2025 година ќе се одржи во Република Турција, а во 2026 во Македонија, во рамките на Европската и Светската конференција на Уставни судови”.
Судиите разменија мислења на повеќе теми од значење за постапувањето и надлежностите на двата суда. Централни теми за кои се водеше дискусија и се разменуваа искуства, беа механизмите за извршување на одлуките на судовите, механизмите за следење на извршувањето на одлуките, за кои свои излагања имаа судијката проф. д-р Ана Павловска-Данева и судијата м-р Фатмир Скендер, додека судијката м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева имаше свое излагање на темата за уставната тужба. Во разговорите беа прецизирани и конкретни области за соработка во наредниот период, како што е користењето на Истражувачкиот центар кој е дел од Уставниот суд на Туркије, продолжување на практиката за стручна размена и престој на ниво на судии, студиски престој и учество на Летната школа на стручната служба, како и можностите за поддршка на капацитетите на Уставниот суд на Република Македонија во поглед на дигитализација на Судот, опремување со современи компјутери и друга ИТ опрема. Во текот на средбата претседателите Костадиновски и Озкаја ја договорија динамиката и темите на средбите. Следната билатерална средба ќе се одржи во 2025 година во Република Македонија. На средбите со претседателите на Врховниот суд и Државниот совет на Туркије, делегацијата беше информирана за надлежностите и поставеноста на двете институции во правосудниот систем. Беа разменети мислења и информации за клучните предизвици со кои се соочуваат највисоките судски органи, како и на Уставниот суд на Република Македонија, во текот на постапките, согласно нивните надлежности.
Независноста и самостојноста на уставните судови како и на останатите највисоки судски инстанци претставува перманентна борба. Тие покрај фактот што треба да бидат обезбедени и гарантирани со уставни и со законски решенија, уште повеќе треба да бидат афирмирани со одлучност и бескомпромисност од самите судски органи” истакна претседателот Костадиновски.
Во рамки на одржаните средби беа разгледувани и можностите за соработка на овие судови со Уставниот суд, како и со правосудните органи во Република Македонија. Во рамките на посетата претседателот Костадиновски се сретна и со потпретседателот на „Тика”, Махмуд Чевик. На пријателската средба беа разменети информации за можностите за натамошна поддршка од организацијата, за Уставниот суд во насока на негова дигитализација и обновање на ИТ опремата, со цел поефикасно работење.  

The post Делегација на Уставниот суд оствари билатерална средба со претседателот и со судии на Уставниот суд на Турција appeared first on Република.

]]>
Ахмети се закани: Албанците ќе се кренат ако Уставниот суд „чепне“ во Законот за јазици https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-se-zakani-albantsite-ke-se-krenat-ako-ustavniot-sud-chepne-vo-zakonot-za-jazitsi/ Tue, 12 Nov 2024 13:37:10 +0000 https://republika.mk/?p=836819

Нова закана на Али Ахмети. Опозицијата очигледно тешко му влијае на лидерот на ДУИ, па повторно реши да се заканува на национална основа. Сите Албанци ќе се кренеле на нозе, доколку Уставниот суд одлучел да го промени или укине Законот за употреба на јазиците.

Ако се допре албанскиот јазик сите Албанци ќе се кренат на нозе, изјави Ахмети.

ДУИ и преку соопштение објаснуваа што точно да кажува Ахмети. Велат ги уверил партиските членови, дека немало да дозволи уништување на постигнувањата со многу жртви.

Вечерва на средбата со народот организирана од огранокот на ДУИ во Шуто Оризари разговаравме за понижувањата, отпуштањата на Албанците, обидите за укинување на албанскиот јазик, балансерот и поништувањето на сите достигнувања на Албанците пред очите на прекршителите на волјата на Албанците од ВЛЕН, изјави ДУИ. Премиерот Христијан Мицкоски вели сите се навиквнале Ахмети секојдневно да биде фактор на нестабилност и со воинствени повици, да се обиде да предизвика некакви немири.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ali-ahmeti-i-dui-na-dnevna-osnova-stanuvaat-faktor-na-nestabilnost/

Според Мицкоски, првиот човек на ДУИ нема да успее во овој план, но сепак предизвикува загриженост кај него, но и кај меѓународниот фактор. -Ние се навикнавме сега од таквите изјави на господинот Али Ахмети, да повикува на воинственост, да биде фактор на нестабилност.

The post Ахмети се закани: Албанците ќе се кренат ако Уставниот суд „чепне“ во Законот за јазици appeared first on Република.

]]>

Нова закана на Али Ахмети. Опозицијата очигледно тешко му влијае на лидерот на ДУИ, па повторно реши да се заканува на национална основа. Сите Албанци ќе се кренеле на нозе, доколку Уставниот суд одлучел да го промени или укине Законот за употреба на јазиците.
Ако се допре албанскиот јазик сите Албанци ќе се кренат на нозе, изјави Ахмети.
ДУИ и преку соопштение објаснуваа што точно да кажува Ахмети. Велат ги уверил партиските членови, дека немало да дозволи уништување на постигнувањата со многу жртви.
Вечерва на средбата со народот организирана од огранокот на ДУИ во Шуто Оризари разговаравме за понижувањата, отпуштањата на Албанците, обидите за укинување на албанскиот јазик, балансерот и поништувањето на сите достигнувања на Албанците пред очите на прекршителите на волјата на Албанците од ВЛЕН, изјави ДУИ. Премиерот Христијан Мицкоски вели сите се навиквнале Ахмети секојдневно да биде фактор на нестабилност и со воинствени повици, да се обиде да предизвика некакви немири.
https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ali-ahmeti-i-dui-na-dnevna-osnova-stanuvaat-faktor-na-nestabilnost/ Според Мицкоски, првиот човек на ДУИ нема да успее во овој план, но сепак предизвикува загриженост кај него, но и кај меѓународниот фактор. -Ние се навикнавме сега од таквите изјави на господинот Али Ахмети, да повикува на воинственост, да биде фактор на нестабилност.

The post Ахмети се закани: Албанците ќе се кренат ако Уставниот суд „чепне“ во Законот за јазици appeared first on Република.

]]>
Костадиновски: Не се доведува под закана законот за јазиците, туку само примената https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kostadinovski-ne-se-doveduva-pod-zakana-zakonot-za-jazitsite-tuku-samo-primenata/ Thu, 07 Nov 2024 19:45:26 +0000 https://republika.mk/?p=835286

Како Уставен суд, за да ги амортизираме сите обвинувања за етничко и политичко постапување, сме подготвени со колегите да ги разубедуваме политичарите и воедно да се обратиме на граѓаните дека нашите одлуки се уставни, изјави претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски.

На вечерашното гостување на Канал 5 телевизија, на прашање во врска со постапувањето со законот за јазиците, кое беше најавено дека треба да биде на седница во октомври, Костадиновски одговори дека пролонгирањето е поради меѓународната агенда на судиите. Тој потенцираше дека не се доведува под закана законот, туку само неговата примена.

Пролонгирањето е поради меѓународната агенда, и моја, и на дел од судиите. Тоа е предмет за кој постои заклучок дека ќе одлучува полн состав, рече тој.

Прашан што доколку тројцата судии од немнозинските заедници не дојдат, тој одговори дека не сака да верува во такви сценарија.

Не сакам да верувам во такви сценарија. Но, неспорен факт е дека јас како претседател на судот сум обврзан со заклучок на судот, се додека е на сила дека тој и уште неколку предмети мора да се одлучуваат во полн состав, се додека не се донесе нов заклучок, дополни Костадиновски.

Увери дека никој не треба да биде вознемирен од постапките на Уставниот суд, а во однос на прашањето дали има атмосфера да се слушнат правните аргументи за овој закон, тој одговори дека ќе ги исцрпат сите алатки што им стојат на располагање.

Ние како судии ќе ги исцрпиме сите алатка што ни стојат на располагање. Сите опции се во игра, и подготвителна седница за материјалниот дел. Во тие 13 иницијативи има многу суштини на оспорување. Не се доведува под закана законот за јазиците, туку само примената, како се операционализира, рече Костадиновски.

Во моментов, Уставниот суд разгледува 13 иницијативи кои се однесуваат на Законот за употреба на јазиците. Донесен во 2018 година, законот предвидува албанскиот јазик да биде службен јазик во сите органи на државната власт.

The post Костадиновски: Не се доведува под закана законот за јазиците, туку само примената appeared first on Република.

]]>

Како Уставен суд, за да ги амортизираме сите обвинувања за етничко и политичко постапување, сме подготвени со колегите да ги разубедуваме политичарите и воедно да се обратиме на граѓаните дека нашите одлуки се уставни, изјави претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски. На вечерашното гостување на Канал 5 телевизија, на прашање во врска со постапувањето со законот за јазиците, кое беше најавено дека треба да биде на седница во октомври, Костадиновски одговори дека пролонгирањето е поради меѓународната агенда на судиите. Тој потенцираше дека не се доведува под закана законот, туку само неговата примена.
Пролонгирањето е поради меѓународната агенда, и моја, и на дел од судиите. Тоа е предмет за кој постои заклучок дека ќе одлучува полн состав, рече тој.
Прашан што доколку тројцата судии од немнозинските заедници не дојдат, тој одговори дека не сака да верува во такви сценарија.
Не сакам да верувам во такви сценарија. Но, неспорен факт е дека јас како претседател на судот сум обврзан со заклучок на судот, се додека е на сила дека тој и уште неколку предмети мора да се одлучуваат во полн состав, се додека не се донесе нов заклучок, дополни Костадиновски.
Увери дека никој не треба да биде вознемирен од постапките на Уставниот суд, а во однос на прашањето дали има атмосфера да се слушнат правните аргументи за овој закон, тој одговори дека ќе ги исцрпат сите алатки што им стојат на располагање.
Ние како судии ќе ги исцрпиме сите алатка што ни стојат на располагање. Сите опции се во игра, и подготвителна седница за материјалниот дел. Во тие 13 иницијативи има многу суштини на оспорување. Не се доведува под закана законот за јазиците, туку само примената, како се операционализира, рече Костадиновски.
Во моментов, Уставниот суд разгледува 13 иницијативи кои се однесуваат на Законот за употреба на јазиците. Донесен во 2018 година, законот предвидува албанскиот јазик да биде службен јазик во сите органи на државната власт.

The post Костадиновски: Не се доведува под закана законот за јазиците, туку само примената appeared first on Република.

]]>
Уставен не поведе постапка за членот 3 од законските измени на Законот за патните исправи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sudot-ne-povede-postapka-za-chlenot-3-od-zakonskite-izmeni-na-zakonot-za-patnite-ispravi/ Thu, 07 Nov 2024 13:48:17 +0000 https://republika.mk/?p=835206

Уставниот суд на денешната седница одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста на членот 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република  Македонија и ја отфрли иницијативата за оценување на меѓусебната согласност на одредбата означена во точката 2 од овој предлог со член 7 од Универзалната декларација за чевековите права, Повелбата на ООН, член 14 од Европската конвенција за човековите права и слободи и член 26 од Меѓународниот пакт за граѓански и политички слободи.

Уставниот суд ценеше дали оспорениот член 3 од Законот за измени и дополнувања на Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија е спротивен на Уставот. Имено се ценеше членот 3 кој гласи:

Патните исправи кои го содржат натписот „Република Македонија“ издадени во денот на започнување на примената на овој закон ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во патната исправа, најдоцна до 12.02.2024 година.

Согласно оваа одредба надлежните органи требаше да обезбедат, а граѓаните да побараат, доколку сакаат нивните патни исправи да бидат заменети со нови, вклучително и оние исправи кои кога биле издадени имале и подолг рок на важење од овој предвиден во членот 3, а тоа е 12.02.2024 година.

Следствено на ова доколку граѓаните не побарале и не ги замениле патните исправи со нови, нивните патни исправи со старото име на државата (Република Македонија) на 12.02.2024 престанаа да важат. Меѓутоа граѓаните имаат законско право да побараат и да добијат нови патни исправи и по овој датум.

Судот оцени дека членот 3 со кој се наметнува обврската за промена на патните исправи со ново име на државата(Република Cеверна Македонија) не е во спротивност со Уставот. Впрочем, оваа одредба е во согласност со членот 3 од Уставниот закон за спроведување на Амандманите XXXIII до XXXVI во кој е предвидено дека постоечките официјални документи и материјалите на јавната администрација за меѓународна употреба и документите за внатрешна употреба кои можат да се користат надвор од државата ќе се усогласат со Амандманот XXXIII најдоцна во рок од 5 години од неговото влегување во сила. Членот 2 став 1 од Уставниот закон за спроведување на Амандманите XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија каде е предвидено дека одредбите од Амандманот XXXIII во прописите и другите акти на државните органи се применуваат од влегување во сила на овој Закон.

Во членот 6 од истиот Закон стои дека Уставниот закон за спроведување на Амандманите на Уставот на Република Македонија го прогласува Собранието и влегува во сила со денот на влегување во сила на уставните амандмани а тоа е 12.02.2019 година.

Ценејќи ги сите наведени околности и факти, Судот утврди дека се неосновани наводите во иницијативата дека овој член е неуставен, бидејќи со носењето на овој Закон всушност се врши усогласување со Амандманот XXXIII од Уставот од аспект на рокот на замена на постојните патни исправи кои го содржат натписот „Република Македонија”, со патни исправи со новото уставно име на државата.

Ова е предвидено со цел да се запази рокот наведен во членот 3 од Уставниот закон за спроведување на Амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот, односно 5 години откако уставните промени стапиле во сила.

Дополнително, Амандманите на Уставот претставуваат имплементација на ратификуван меѓународен договор (во конкретниот случај т.н. Преспански договор) кој е составен дел од внатрешниот поредок и согласно со членот 118 од Уставот не може да се менува со закон.

Имајќи предвид дека Конечната спогодба (т.н.Преспанскиот договор) влегува во сила на 12 февруари 2019 година и дека Амандманите XXXIII до XXXVI и Уставниот закон за спроведување на овие амандмани влегуваат, исто така, на ден 12 февруари 2019 година, произлегува дека рокот од 5 години за усогласување на документите и материјалите истекува на 12 февруари 2024 година. Токму овој рок е наведен и во членот 3 кој е оспорен во иницијативата.

Кога станува збор за начинот на кој е спроведена замената на старите со нови патни исправи, Уставниот суд нема надлежност да одлучува.

Временскиот период во кој граѓаните можеле да ги заменат своите постојни патни исправи за да имаат валидни исправи е периодот од 01 јули 2021 година кога е издадена првата патна исправа со новото име на државата до 12 февруари 2024 година, што значи дека граѓаните имале две години и седум месеци за менување на своите патни исправи.

Уставниот суд не може да цени дали граѓаните биле доволно информирани и во какви услови се одвивал тој процес на барање за нови патни исправи. Исто така прашањето за датумот на постојните патни исправи и евентуално поместување и одредување на нов датум не е во надлежност на Судот.

Согласно правната анализа и фактите кои се изнесени во рамки на водењето на постапката, произлегува дека Собранието постапило согласно уставните овластувања, Уставниот закон и преземената меѓународна обврска.

Во однос на ограничувањето на слободата на движењето, Судот цени дека барањето за поседување на патни исправи за патување не значи и ограничување на слободата на движењето. Доколку на некој граѓанин му било оневозможено поради немање на валидна патна исправа да ја напушти земјата или да го оствари своето право на работа во странство по 12.02.2024 година, за ова има можност да води постапка пред редовните судови, бидејќи таква постапка не е во надлежност на Уставниот суд.

Со оспорениот член 3, исто така, Судот цени дека не се доведуваат во нееднаква положба граѓаните на нашата држава, за сите граѓани постои иста обврска патните исправи да се променат до одреден датум согласно со Меѓународниот договор ратификуван од Собранието и имплементиран во Уставот со Амандманите XXXIII до XXXVI.

За наводите од иницијативата за постапување спротивно на член 11 став 1 и 2 од Уставот, Уставниот суд оцени дека во практичната примена на оспорениот член 3 постоеле потешкотии за дел од граѓаните како што се гужви, чекање редови, неповолни временски прилики итн, тоа се околности и состојби кои се јавиле поради несоодветна имплементација која била отежната и со Ковид кризата и поради фактот што несоодветно е искористен рокот од две години и седум месеци за замена на патните исправи. Судот цени дека ваквите околности и непријатни состојби за граѓаните, можат да бидат предмет на други облици на заштита и одговорност пред други надлежни органи, но не и пред Уставниот суд.

Во делот на иницијативата со кој се бара преиспитување на оспорените одредби како спротивни на членот 7 од Декларацијата за човекови права, Повелбата на ООН, членот 14 од Европската конвенција за човековите права и слободи, Уставниот суд ја отфрла иницијативата бидејќи нема надлежност да оценува меѓусебна согласност на закон со закон или пак на закон со меѓународен акт.

Судијата-известител на овој предмет при своето излагање на денешната седница напомена дека рефератот за предметот од советникот го добил на 11.04.2024 година, период во кој се прибирани мислењата од Собранието и МВР и е направена анализата, а го предал предметот како завршен на 27.05.2024. Следниот ден на 28.05.2024 година е одржана последната седница од мандатот на тогашната претседателка Добрила Кацарска, чијшто дневен ред е веќе закажан една недела претходно. Следните денови почна постапката за избор на нов претседател на Уставниот суд. По започнувањето на мандатот на претседателот д-р Дарко Костадиновски, динамиката на подготовка на дневните редови за седниците е утврдена согласно бројот на предмети кои се доставуваат тековно или веќе биле доставени, по чијшто редослед е утврдена и денешната седница.

The post Уставен не поведе постапка за членот 3 од законските измени на Законот за патните исправи appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд на денешната седница одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста на членот 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република  Македонија и ја отфрли иницијативата за оценување на меѓусебната согласност на одредбата означена во точката 2 од овој предлог со член 7 од Универзалната декларација за чевековите права, Повелбата на ООН, член 14 од Европската конвенција за човековите права и слободи и член 26 од Меѓународниот пакт за граѓански и политички слободи. Уставниот суд ценеше дали оспорениот член 3 од Законот за измени и дополнувања на Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија е спротивен на Уставот. Имено се ценеше членот 3 кој гласи: Патните исправи кои го содржат натписот „Република Македонија“ издадени во денот на започнување на примената на овој закон ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во патната исправа, најдоцна до 12.02.2024 година. Согласно оваа одредба надлежните органи требаше да обезбедат, а граѓаните да побараат, доколку сакаат нивните патни исправи да бидат заменети со нови, вклучително и оние исправи кои кога биле издадени имале и подолг рок на важење од овој предвиден во членот 3, а тоа е 12.02.2024 година. Следствено на ова доколку граѓаните не побарале и не ги замениле патните исправи со нови, нивните патни исправи со старото име на државата (Република Македонија) на 12.02.2024 престанаа да важат. Меѓутоа граѓаните имаат законско право да побараат и да добијат нови патни исправи и по овој датум. Судот оцени дека членот 3 со кој се наметнува обврската за промена на патните исправи со ново име на државата(Република Cеверна Македонија) не е во спротивност со Уставот. Впрочем, оваа одредба е во согласност со членот 3 од Уставниот закон за спроведување на Амандманите XXXIII до XXXVI во кој е предвидено дека постоечките официјални документи и материјалите на јавната администрација за меѓународна употреба и документите за внатрешна употреба кои можат да се користат надвор од државата ќе се усогласат со Амандманот XXXIII најдоцна во рок од 5 години од неговото влегување во сила. Членот 2 став 1 од Уставниот закон за спроведување на Амандманите XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија каде е предвидено дека одредбите од Амандманот XXXIII во прописите и другите акти на државните органи се применуваат од влегување во сила на овој Закон. Во членот 6 од истиот Закон стои дека Уставниот закон за спроведување на Амандманите на Уставот на Република Македонија го прогласува Собранието и влегува во сила со денот на влегување во сила на уставните амандмани а тоа е 12.02.2019 година. Ценејќи ги сите наведени околности и факти, Судот утврди дека се неосновани наводите во иницијативата дека овој член е неуставен, бидејќи со носењето на овој Закон всушност се врши усогласување со Амандманот XXXIII од Уставот од аспект на рокот на замена на постојните патни исправи кои го содржат натписот „Република Македонија”, со патни исправи со новото уставно име на државата. Ова е предвидено со цел да се запази рокот наведен во членот 3 од Уставниот закон за спроведување на Амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот, односно 5 години откако уставните промени стапиле во сила. Дополнително, Амандманите на Уставот претставуваат имплементација на ратификуван меѓународен договор (во конкретниот случај т.н. Преспански договор) кој е составен дел од внатрешниот поредок и согласно со членот 118 од Уставот не може да се менува со закон. Имајќи предвид дека Конечната спогодба (т.н.Преспанскиот договор) влегува во сила на 12 февруари 2019 година и дека Амандманите XXXIII до XXXVI и Уставниот закон за спроведување на овие амандмани влегуваат, исто така, на ден 12 февруари 2019 година, произлегува дека рокот од 5 години за усогласување на документите и материјалите истекува на 12 февруари 2024 година. Токму овој рок е наведен и во членот 3 кој е оспорен во иницијативата. Кога станува збор за начинот на кој е спроведена замената на старите со нови патни исправи, Уставниот суд нема надлежност да одлучува. Временскиот период во кој граѓаните можеле да ги заменат своите постојни патни исправи за да имаат валидни исправи е периодот од 01 јули 2021 година кога е издадена првата патна исправа со новото име на државата до 12 февруари 2024 година, што значи дека граѓаните имале две години и седум месеци за менување на своите патни исправи. Уставниот суд не може да цени дали граѓаните биле доволно информирани и во какви услови се одвивал тој процес на барање за нови патни исправи. Исто така прашањето за датумот на постојните патни исправи и евентуално поместување и одредување на нов датум не е во надлежност на Судот. Согласно правната анализа и фактите кои се изнесени во рамки на водењето на постапката, произлегува дека Собранието постапило согласно уставните овластувања, Уставниот закон и преземената меѓународна обврска. Во однос на ограничувањето на слободата на движењето, Судот цени дека барањето за поседување на патни исправи за патување не значи и ограничување на слободата на движењето. Доколку на некој граѓанин му било оневозможено поради немање на валидна патна исправа да ја напушти земјата или да го оствари своето право на работа во странство по 12.02.2024 година, за ова има можност да води постапка пред редовните судови, бидејќи таква постапка не е во надлежност на Уставниот суд. Со оспорениот член 3, исто така, Судот цени дека не се доведуваат во нееднаква положба граѓаните на нашата држава, за сите граѓани постои иста обврска патните исправи да се променат до одреден датум согласно со Меѓународниот договор ратификуван од Собранието и имплементиран во Уставот со Амандманите XXXIII до XXXVI. За наводите од иницијативата за постапување спротивно на член 11 став 1 и 2 од Уставот, Уставниот суд оцени дека во практичната примена на оспорениот член 3 постоеле потешкотии за дел од граѓаните како што се гужви, чекање редови, неповолни временски прилики итн, тоа се околности и состојби кои се јавиле поради несоодветна имплементација која била отежната и со Ковид кризата и поради фактот што несоодветно е искористен рокот од две години и седум месеци за замена на патните исправи. Судот цени дека ваквите околности и непријатни состојби за граѓаните, можат да бидат предмет на други облици на заштита и одговорност пред други надлежни органи, но не и пред Уставниот суд. Во делот на иницијативата со кој се бара преиспитување на оспорените одредби како спротивни на членот 7 од Декларацијата за човекови права, Повелбата на ООН, членот 14 од Европската конвенција за човековите права и слободи, Уставниот суд ја отфрла иницијативата бидејќи нема надлежност да оценува меѓусебна согласност на закон со закон или пак на закон со меѓународен акт. Судијата-известител на овој предмет при своето излагање на денешната седница напомена дека рефератот за предметот од советникот го добил на 11.04.2024 година, период во кој се прибирани мислењата од Собранието и МВР и е направена анализата, а го предал предметот како завршен на 27.05.2024. Следниот ден на 28.05.2024 година е одржана последната седница од мандатот на тогашната претседателка Добрила Кацарска, чијшто дневен ред е веќе закажан една недела претходно. Следните денови почна постапката за избор на нов претседател на Уставниот суд. По започнувањето на мандатот на претседателот д-р Дарко Костадиновски, динамиката на подготовка на дневните редови за седниците е утврдена согласно бројот на предмети кои се доставуваат тековно или веќе биле доставени, по чијшто редослед е утврдена и денешната седница.

The post Уставен не поведе постапка за членот 3 од законските измени на Законот за патните исправи appeared first on Република.

]]>
Уставниот суд ја поништи одредбата за верски обреди во АРМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ustavniot-sud-ja-ponishti-odredbata-za-verski-obredi-vo-arm/ Thu, 31 Oct 2024 18:36:45 +0000 https://republika.mk/?p=832903

Уставниот суд на Република Македонија донесе одлука да го укине Параграф 4 алинеја 1 од Правилото за сместување и ред во Армијата, донесено од началникот на Генералштабот на 16.07.2012 година. Судот спроведе постапка и анализа, при што утврди дека оспореното Правило не е во согласност со темелните вредности на уставниот поредок, особено со основните слободи и права на човекот, како и со Законот за правна положба на црквата и верските заедници.

Во својата одлука, Судот истакна дека началникот на Генералштабот пречекорил свои законски овластувања и се ставил во улога на законодавец, бидејќи условите за остварување на правото на слободно вршење на верски обреди во вооружените сили не можат да бидат уредени со подзаконски акт. Ова прашање, според Судот, претставува исклучиво законска материја и не може да се регулира со Правило.

Иницијативата за укинување на одредбата беше поднесена од Исамудин Османлиу, законски застапник на Здружението за развој „Млади за јавен интерес” од Дебар. Судот, исто така, објави соопштение за отфрлање на барањето за слободи и права на подносителот Глигорие Ќатоски, во интерес на јавноста.

The post Уставниот суд ја поништи одредбата за верски обреди во АРМ appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд на Република Македонија донесе одлука да го укине Параграф 4 алинеја 1 од Правилото за сместување и ред во Армијата, донесено од началникот на Генералштабот на 16.07.2012 година. Судот спроведе постапка и анализа, при што утврди дека оспореното Правило не е во согласност со темелните вредности на уставниот поредок, особено со основните слободи и права на човекот, како и со Законот за правна положба на црквата и верските заедници. Во својата одлука, Судот истакна дека началникот на Генералштабот пречекорил свои законски овластувања и се ставил во улога на законодавец, бидејќи условите за остварување на правото на слободно вршење на верски обреди во вооружените сили не можат да бидат уредени со подзаконски акт. Ова прашање, според Судот, претставува исклучиво законска материја и не може да се регулира со Правило. Иницијативата за укинување на одредбата беше поднесена од Исамудин Османлиу, законски застапник на Здружението за развој „Млади за јавен интерес” од Дебар. Судот, исто така, објави соопштение за отфрлање на барањето за слободи и права на подносителот Глигорие Ќатоски, во интерес на јавноста.

The post Уставниот суд ја поништи одредбата за верски обреди во АРМ appeared first on Република.

]]>
Го „тужи“ МВР на Уставен суд затоа што морал да менува важечки пасош и лична карта со старото име https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/go-tuzhi-mvr-na-ustaven-sud-zatoa-shto-moral-da-menuva-vazhechki-pasosh-i-lichna-karta-so-staroto-ime/ Wed, 30 Oct 2024 09:36:23 +0000 https://republika.mk/?p=832339

Уставниот суд утрово одржува седница. На дневен ред се 7 иницијативи и едно интересно барање за заштита на слободите и правата.
Имено, граѓанин смета дека со дејствијата на МВР, конкретно со издавање на неговиот пасош и лична карта со старото име на државата, иако „Преспанскиот договор“ бил во правна сила повеќе од две години, му е загрозено уставно загарантираното право слободно да ја напушти територијата на државата и да се врати во неа.

Со овие дејствија на Министерството за внатрешни работи подносителот на барањето смета дека е ставен во понеповолна положба во однос на другите граѓани на Македонија кои извадиле пасош, лична карта и возачка дозвола во втората половина на 2021 година со новото име на државата и МВР сторило дискриминација врз подносителот врз основа на национална и социјална припадност, стои во наводите од барањето

The post Го „тужи“ МВР на Уставен суд затоа што морал да менува важечки пасош и лична карта со старото име appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд утрово одржува седница. На дневен ред се 7 иницијативи и едно интересно барање за заштита на слободите и правата. Имено, граѓанин смета дека со дејствијата на МВР, конкретно со издавање на неговиот пасош и лична карта со старото име на државата, иако „Преспанскиот договор“ бил во правна сила повеќе од две години, му е загрозено уставно загарантираното право слободно да ја напушти територијата на државата и да се врати во неа. Со овие дејствија на Министерството за внатрешни работи подносителот на барањето смета дека е ставен во понеповолна положба во однос на другите граѓани на Македонија кои извадиле пасош, лична карта и возачка дозвола во втората половина на 2021 година со новото име на државата и МВР сторило дискриминација врз подносителот врз основа на национална и социјална припадност, стои во наводите од барањето

The post Го „тужи“ МВР на Уставен суд затоа што морал да менува важечки пасош и лична карта со старото име appeared first on Република.

]]>
Уставниот суд донесе одлука за укинување на „балансерот“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ustavniot-sud-donese-odluka-za-ukinuvane-na-balanserot/ Wed, 09 Oct 2024 11:00:01 +0000 https://republika.mk/?p=824588

Уставниот суд денеска на седница донесе одлука за укинување на „балансерот“ - алатката за вработување според национална припадност во државните институции. Одлуката нема да важи ретроактивно.

Повеќе за одлуката, како што е највено, ќе информира претседателот на Уставен суд Дарко Костадиновски, на прес-конференција по денешната 27. Седница.

Уставниот суд на 18 септември на седница расправаше дали со наведувањето на припадноста на заедницата којашто е потребна за пополнување на секое работно место, на кандидатите за административни службеници им се ограничува достапноста на секое работно  место, односно дали со „обврска на кандидатите за админстративни службеници во пријавата за вработување меѓу останатите лични податоци да наведат и припадност на заедница“ се  нарушува начелото на стручност и компетентност и се повредува и уставно загарантираното право на работа и слободен избор на вработување.

Судот по неколкучасовна расправа, донесе одлука да поведе постапка за одредби од Законот за вработени во јавниот сектор - (Член 19 став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“), Законот за административни службеници - (Член 36 став 1 алинеја 1 во делот „и припадност на заедница“), Правилникот за задолжителни елементи во јавниот оглас при вработување во јавен сектор - (член 2 став 1 алинеја 8 во делот „припадноста на заедницата/заедниците“, член 2 став 2 и 3 член 3, став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“), Правилникот за формата и содржината на регистарот на вработените во јавниот сектор – (член 3 став 1 алинеја 8), како и Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор согласно со начелото за соодветна и правична застапеност, како и формата, содржината и образецот на годишниот план за вработување и извештајот за реализација на годишниот план за вработување.

The post Уставниот суд донесе одлука за укинување на „балансерот“ appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд денеска на седница донесе одлука за укинување на „балансерот“ - алатката за вработување според национална припадност во државните институции. Одлуката нема да важи ретроактивно. Повеќе за одлуката, како што е највено, ќе информира претседателот на Уставен суд Дарко Костадиновски, на прес-конференција по денешната 27. Седница. Уставниот суд на 18 септември на седница расправаше дали со наведувањето на припадноста на заедницата којашто е потребна за пополнување на секое работно место, на кандидатите за административни службеници им се ограничува достапноста на секое работно  место, односно дали со „обврска на кандидатите за админстративни службеници во пријавата за вработување меѓу останатите лични податоци да наведат и припадност на заедница“ се  нарушува начелото на стручност и компетентност и се повредува и уставно загарантираното право на работа и слободен избор на вработување. Судот по неколкучасовна расправа, донесе одлука да поведе постапка за одредби од Законот за вработени во јавниот сектор - (Член 19 став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“), Законот за административни службеници - (Член 36 став 1 алинеја 1 во делот „и припадност на заедница“), Правилникот за задолжителни елементи во јавниот оглас при вработување во јавен сектор - (член 2 став 1 алинеја 8 во делот „припадноста на заедницата/заедниците“, член 2 став 2 и 3 член 3, став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“), Правилникот за формата и содржината на регистарот на вработените во јавниот сектор – (член 3 став 1 алинеја 8), како и Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор согласно со начелото за соодветна и правична застапеност, како и формата, содржината и образецот на годишниот план за вработување и извештајот за реализација на годишниот план за вработување.

The post Уставниот суд донесе одлука за укинување на „балансерот“ appeared first on Република.

]]>
„Балансерот“ денеска на дневен ред на седница на Уставен за донесување на конечна одлука https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/balanserot-deneska-na-dneven-red-na-sednitsa-na-ustaven-za-donesuvane-na-konechna-odluka/ Wed, 09 Oct 2024 05:48:37 +0000 https://republika.mk/?p=824388

Уставниот суд денеска на седница ќе треба да донесе конечна одлука по предлог постапката за оценување на уставноста и законитоста на „балансерот“ - алатката за вработување според национална припадност во државните институции.

На дневен ред на 27. седница на Уставниот суд се предвидени шест иницијативи за оценување на уставност и законитост, како и гласање по шест предлози за донесување на конечни одлуки и да утврди пет нацрт- решенија.

Уставниот суд на 18 септември на седница расправаше дали со наведувањето на припадноста на заедницата којашто е потребна за пополнување на секое работно место, на кандидатите за административни службеници им се ограничува достапноста на секое работно место, односно дали со „обврска на кандидатите за админстративни службеници во пријавата за вработување меѓу останатите лични податоци да наведат и припадност на заедница“ се нарушува начелото на стручност и компетентност и се повредува и уставно загарантираното право на работа и слободен избор на вработување.

Судот по неколкучасовна расправа, донесе одлука да поведе постапка за одредби од Законот за вработени во јавниот сектор - (Член 19 став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“), Законот за административни службеници - (Член 36 став 1 алинеја 1 во делот „и припадност на заедница“), Правилникот за задолжителни елементи во јавниот оглас при вработување во јавен сектор - (член 2 став 1 алинеја 8 во делот „припадноста на заедницата/заедниците“, член 2 став 2 и 3 член 3, став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“), Правилникот за формата и содржината на регистарот на вработените во јавниот сектор – (член 3 став 1 алинеја 8), како и Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор согласно со начелото за соодветна и правична застапеност, како и формата, содржината и образецот на годишниот план за вработување и извештајот за реализација на годишниот план за вработување.

The post „Балансерот“ денеска на дневен ред на седница на Уставен за донесување на конечна одлука appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд денеска на седница ќе треба да донесе конечна одлука по предлог постапката за оценување на уставноста и законитоста на „балансерот“ - алатката за вработување според национална припадност во државните институции. На дневен ред на 27. седница на Уставниот суд се предвидени шест иницијативи за оценување на уставност и законитост, како и гласање по шест предлози за донесување на конечни одлуки и да утврди пет нацрт- решенија. Уставниот суд на 18 септември на седница расправаше дали со наведувањето на припадноста на заедницата којашто е потребна за пополнување на секое работно место, на кандидатите за административни службеници им се ограничува достапноста на секое работно место, односно дали со „обврска на кандидатите за админстративни службеници во пријавата за вработување меѓу останатите лични податоци да наведат и припадност на заедница“ се нарушува начелото на стручност и компетентност и се повредува и уставно загарантираното право на работа и слободен избор на вработување. Судот по неколкучасовна расправа, донесе одлука да поведе постапка за одредби од Законот за вработени во јавниот сектор - (Член 19 став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“), Законот за административни службеници - (Член 36 став 1 алинеја 1 во делот „и припадност на заедница“), Правилникот за задолжителни елементи во јавниот оглас при вработување во јавен сектор - (член 2 став 1 алинеја 8 во делот „припадноста на заедницата/заедниците“, член 2 став 2 и 3 член 3, став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“), Правилникот за формата и содржината на регистарот на вработените во јавниот сектор – (член 3 став 1 алинеја 8), како и Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор согласно со начелото за соодветна и правична застапеност, како и формата, содржината и образецот на годишниот план за вработување и извештајот за реализација на годишниот план за вработување.

The post „Балансерот“ денеска на дневен ред на седница на Уставен за донесување на конечна одлука appeared first on Република.

]]>
В среда Уставен суд ќе донесе конечна одлука за Балансерот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/v-sreda-ustaven-sud-ke-donese-konechna-odluka-za-balanserot/ Mon, 07 Oct 2024 09:03:01 +0000 https://republika.mk/?p=823732

Уставниот суд в среда на седница ќе треба да донесе конечна одлука по предлог постапката за оценување на уставноста и законитоста на „балансерот“ - алатката за вработување според национална припадност во државните институции.

На дневен ред на 27. седница на Уставниот суд закажана за 9 октомври се предвидени шест иницијативи за оценување на уставност и законитост, како и гласање по шест предлози за донесување на конечни одлуки и да утврди пет нацрт- решенија.

Уставниот суд на 18 септември на седница расправаше дали со наведувањето на припадноста на заедницата којашто е потребна за пополнување на секое работно место, на кандидатите за административни службеници им се ограничува достапноста на секое работно  место, односно дали со „обврска на кандидатите за админстративни службеници во пријавата за вработување меѓу останатите лични податоци да наведат и припадност на заедница“ се  нарушува начелото на стручност и компетентност и се повредува и уставно загарантираното право на работа и слободен избор на вработување.

Судот по неколкучасовна расправа, донесе одлука да поведе постапка за одредби од законот за вработени во јавниот сектор - (Член 19 став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“), Законот за административни службеници - (Член 36 став 1 алинеја 1 во делот „и припадност на заедница“), Правилникот за задолжителни елементи во јавниот оглас при вработување во јавен сектор - (член 2 став 1 алинеја 8 во делот „припадноста на заедницата/заедниците“, член 2 став 2 и 3 член 3, став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“), Правилникот за формата и содржината на регистарот на вработените во јавниот сектор – (член 3 став 1 алинеја 8), како и Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор согласно со начелото за соодветна и правична застапеност, како и формата, содржината и образецот на годишниот план за вработување и извештајот за реализација на годишниот план за вработување

The post В среда Уставен суд ќе донесе конечна одлука за Балансерот appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд в среда на седница ќе треба да донесе конечна одлука по предлог постапката за оценување на уставноста и законитоста на „балансерот“ - алатката за вработување според национална припадност во државните институции. На дневен ред на 27. седница на Уставниот суд закажана за 9 октомври се предвидени шест иницијативи за оценување на уставност и законитост, како и гласање по шест предлози за донесување на конечни одлуки и да утврди пет нацрт- решенија. Уставниот суд на 18 септември на седница расправаше дали со наведувањето на припадноста на заедницата којашто е потребна за пополнување на секое работно место, на кандидатите за административни службеници им се ограничува достапноста на секое работно  место, односно дали со „обврска на кандидатите за админстративни службеници во пријавата за вработување меѓу останатите лични податоци да наведат и припадност на заедница“ се  нарушува начелото на стручност и компетентност и се повредува и уставно загарантираното право на работа и слободен избор на вработување. Судот по неколкучасовна расправа, донесе одлука да поведе постапка за одредби од законот за вработени во јавниот сектор - (Член 19 став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“), Законот за административни службеници - (Член 36 став 1 алинеја 1 во делот „и припадност на заедница“), Правилникот за задолжителни елементи во јавниот оглас при вработување во јавен сектор - (член 2 став 1 алинеја 8 во делот „припадноста на заедницата/заедниците“, член 2 став 2 и 3 член 3, став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“), Правилникот за формата и содржината на регистарот на вработените во јавниот сектор – (член 3 став 1 алинеја 8), како и Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор согласно со начелото за соодветна и правична застапеност, како и формата, содржината и образецот на годишниот план за вработување и извештајот за реализација на годишниот план за вработување

The post В среда Уставен суд ќе донесе конечна одлука за Балансерот appeared first on Република.

]]>
Седница на Уставен суд https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sednitsa-na-ustaven-sud/ Wed, 02 Oct 2024 05:51:49 +0000 https://republika.mk/?p=821542

Уставниот суд денеска ќе ја одржи 26. седница.

На дневен ред се четири иницијативи за оценување на уставност и законитост, шест предлози за одлучување по нацрт-одлуки и седум нацрт-решенија.

The post Седница на Уставен суд appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд денеска ќе ја одржи 26. седница. На дневен ред се четири иницијативи за оценување на уставност и законитост, шест предлози за одлучување по нацрт-одлуки и седум нацрт-решенија.

The post Седница на Уставен суд appeared first on Република.

]]>
Обвинителството предлага условна осуда за обвинет за загрозување на сигурноста на уставен судија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/obvinitelstvoto-predlaga-uslovna-osuda-za-obvinet-za-zagrozuvane-na-sigurnosta-na-ustaven-sudija/ Tue, 01 Oct 2024 14:58:53 +0000 https://republika.mk/?p=821470

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста согласно член 144 став 5 од Кривичниот законик.

На 21 јуни, преку информатички систем, обвинетиот се заканил дека ќе стори кривично дело – Убиство од член 123 став 2 од Кривичниот законик за кое е пропишана затворска казна од најмалку 10 години, спрема оштетена – судија на Уставниот суд на Република Македонија.

На својот профил на социјална мрежа, незадоволен од одлука на Уставниот суд во врска со законот за застареност на долгови, обвинетиот објавил пост со закани дека ќе го стори кривичното дело, директно споменувајќи ја посочената уставна судијка, со што кај оштетената предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв, информираат од Обвинителството.

Со казнениот налог обвинителството предлага на обвинетиот да му биде изречена кривична санкција – условна осуда со која ќе му биде определена казна затвор од три месеци која нема да се изврши доколку тој не стори ново кривично дело во рок од една година од правосилноста на пресудата.

 

The post Обвинителството предлага условна осуда за обвинет за загрозување на сигурноста на уставен судија appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста согласно член 144 став 5 од Кривичниот законик. На 21 јуни, преку информатички систем, обвинетиот се заканил дека ќе стори кривично дело – Убиство од член 123 став 2 од Кривичниот законик за кое е пропишана затворска казна од најмалку 10 години, спрема оштетена – судија на Уставниот суд на Република Македонија.
На својот профил на социјална мрежа, незадоволен од одлука на Уставниот суд во врска со законот за застареност на долгови, обвинетиот објавил пост со закани дека ќе го стори кривичното дело, директно споменувајќи ја посочената уставна судијка, со што кај оштетената предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв, информираат од Обвинителството.
Со казнениот налог обвинителството предлага на обвинетиот да му биде изречена кривична санкција – условна осуда со која ќе му биде определена казна затвор од три месеци која нема да се изврши доколку тој не стори ново кривично дело во рок од една година од правосилноста на пресудата.  

The post Обвинителството предлага условна осуда за обвинет за загрозување на сигурноста на уставен судија appeared first on Република.

]]>
Уставен суд: Прекината постапката за вработување во јавниот сектор ако огласот наведе припадност на заедница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ustaven-sud-prekinata-postapkata-za-vrabotuvane-vo-javniot-sektor-ako-oglasot-navede-pripadnost-na-zaednitsa/ Mon, 30 Sep 2024 09:57:10 +0000 https://republika.mk/?p=820970

Уставниот суд на Република Македонија објави нови насоки во врска со вработувањето во институциите од јавниот сектор.

Според решението, „веќе започнатата постапка за вработување во институциите од јавниот сектор се прекинува, ако јавниот оглас за вработување во институција од јавниот сектор е изготвен согласно актите, односно одредбите кои се опфатени во точка 1 од решението на Уставниот суд“.

Ова значи дека ако огласот за вработување „неопходно наведува припадност на заедница“, постапката ќе биде прекината до донесувањето на конечната одлука од судот.

Доколку, пак, огласот не вклучува таков услов и не обврзува кандидати да ја истакнат својата припадност на заедница, постапката за вработување ќе продолжи. Во овој контекст, Уставниот суд нагласи дека во Регистарот на вработени во јавниот сектор не се евидентираат податоците за вработените во институциите.

Овие насоки, како што е наведено во соопштението, имаат за цел да обезбедат правичен и транспарентен процес на вработување во јавниот сектор, како и да се осигура дека вработувањето не се врши на основа на дискриминација. Министерството за јавна администрација ќе следи спроведувањето на овие насоки.

The post Уставен суд: Прекината постапката за вработување во јавниот сектор ако огласот наведе припадност на заедница appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд на Република Македонија објави нови насоки во врска со вработувањето во институциите од јавниот сектор. Според решението, „веќе започнатата постапка за вработување во институциите од јавниот сектор се прекинува, ако јавниот оглас за вработување во институција од јавниот сектор е изготвен согласно актите, односно одредбите кои се опфатени во точка 1 од решението на Уставниот суд“. Ова значи дека ако огласот за вработување „неопходно наведува припадност на заедница“, постапката ќе биде прекината до донесувањето на конечната одлука од судот. Доколку, пак, огласот не вклучува таков услов и не обврзува кандидати да ја истакнат својата припадност на заедница, постапката за вработување ќе продолжи. Во овој контекст, Уставниот суд нагласи дека во Регистарот на вработени во јавниот сектор не се евидентираат податоците за вработените во институциите. Овие насоки, како што е наведено во соопштението, имаат за цел да обезбедат правичен и транспарентен процес на вработување во јавниот сектор, како и да се осигура дека вработувањето не се врши на основа на дискриминација. Министерството за јавна администрација ќе следи спроведувањето на овие насоки.

The post Уставен суд: Прекината постапката за вработување во јавниот сектор ако огласот наведе припадност на заедница appeared first on Република.

]]>
Уставен суд: Законот за јазици ќе се разгледува во целосен состав https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ustaven-sud-zakonot-za-jazitsi-ke-se-razgleduva-vo-tselosen-sostav/ Thu, 26 Sep 2024 14:01:00 +0000 https://republika.mk/?p=819922

Законот за употреба на јазиците ќе биде ставен на седница на која ќе присуствуваат сите девет уставни судии, со оглед на значењето и интересот во јавноста, информираат од Уставен суд. Оттаму дополнуваат дека тоа нема да биде во октомври, бидејќи е најавено отсуство на дел од судиите.

Предметот во кој е оспорен Законот за употреба на јазиците ќе биде ставен на седница на која ќе присуствуваат сите девет судии, со оглед на значењето и интересот во јавноста. Во текот на следниот месец, октомври, предметот не е предвиден за дневен ред на некоја од седниците поради најавеното отсуство на дел од судиите кои се потврдени како говорници на меѓународни настани надвор од државата, но и поради приватни причини. Веднаш штом ќе биде ставен на дневен ред, јавноста ќе биде информирана, велат од Уставен суд.

Предметот за Законот за јазиците е составен од 13 иницијативи од различни граѓани, политички партии, здруженија, а е оформен од 2019 година.

Со Законот за јазиците политиката создаде своевиден правен хаос, кој резултираше со политички хаос, недоверба, дилеми. Јавноста веќе го виде и извештајот на Венецијанската комисија. Уставниот суд е на потег не за мудра, туку да донесе уставно-правно втемелена и аргументирана одлука. Што би можело да се одлучи, не знам и не можам да знам и нема да коментирам, кажа во интервју за МИА претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски.

Собранието во март 2018 година го донесе новиот Закон за употреба на јазиците, со кој се проширува службената употреба на албанскиот јазик во целата држава. Претходниот закон го дефинираше албанскиот јазик како официјален јазик, но само на територијата на која Албанците сочинуваат повеќе од 20 проценти од локалното население.

The post Уставен суд: Законот за јазици ќе се разгледува во целосен состав appeared first on Република.

]]>

Законот за употреба на јазиците ќе биде ставен на седница на која ќе присуствуваат сите девет уставни судии, со оглед на значењето и интересот во јавноста, информираат од Уставен суд. Оттаму дополнуваат дека тоа нема да биде во октомври, бидејќи е најавено отсуство на дел од судиите.
Предметот во кој е оспорен Законот за употреба на јазиците ќе биде ставен на седница на која ќе присуствуваат сите девет судии, со оглед на значењето и интересот во јавноста. Во текот на следниот месец, октомври, предметот не е предвиден за дневен ред на некоја од седниците поради најавеното отсуство на дел од судиите кои се потврдени како говорници на меѓународни настани надвор од државата, но и поради приватни причини. Веднаш штом ќе биде ставен на дневен ред, јавноста ќе биде информирана, велат од Уставен суд.
Предметот за Законот за јазиците е составен од 13 иницијативи од различни граѓани, политички партии, здруженија, а е оформен од 2019 година.
Со Законот за јазиците политиката создаде своевиден правен хаос, кој резултираше со политички хаос, недоверба, дилеми. Јавноста веќе го виде и извештајот на Венецијанската комисија. Уставниот суд е на потег не за мудра, туку да донесе уставно-правно втемелена и аргументирана одлука. Што би можело да се одлучи, не знам и не можам да знам и нема да коментирам, кажа во интервју за МИА претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски.
Собранието во март 2018 година го донесе новиот Закон за употреба на јазиците, со кој се проширува службената употреба на албанскиот јазик во целата држава. Претходниот закон го дефинираше албанскиот јазик како официјален јазик, но само на територијата на која Албанците сочинуваат повеќе од 20 проценти од локалното население.

The post Уставен суд: Законот за јазици ќе се разгледува во целосен состав appeared first on Република.

]]>
Уставен ги укина измените на Законот за облигацините односи, рокот на застареност на побарувањата на доверителите останува десет години https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ustaven-gi-ukina-izmenite-na-zakonot-za-obligatsinite-odnosi-rokot-na-zastarenost-na-pobaruvanata-na-doveritelite-ostanuva-deset-godini/ Wed, 25 Sep 2024 14:45:50 +0000 https://republika.mk/?p=819592

Уставниот суд денеска донесе одлука со која ги укина член 2 и член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи. Согласно одлуката, ќе се применува стариот Закон за облигациони односи, односно, рокот на застареност на побарувањата на доверителите останува десет години.

Претходно, Собранието со измените на Законот за облигационите односи, го скрати рокот на застареност на побарувањата на доверителите од десет на пет години, овозможувајќи му на законот ретроактивно дејство.

Како што посочи на денешниот брифинг за медиуми, судијката Ана Павловска Данева, известител за предметот, одлуката се заснова на причините што Собранието не внимавало на забраната на повратно важење на законите, како и на уставната обврска да овозможи преоден период за прилагодување на граѓаните на новиот правен режим, (vacatio legis), која се однесува на објавување на измените во Службен весник.

Согласно Уставот, како што појасни Данева, исклучок од споменатото правило за објава во Службен Весник е дозволен, но Собранието не дало одговор до Уставниот суд, ниту пак во образложението на предлог-законските измени не се осврнало на причините и целите за правење на ваков исклучок, со што Судот се сомнева дека се нарушени легитимните очекувања на граѓаните како и нивната правна извесност.

Уставниот суд во јуни годинава поведе постапка за оценување на уставноста на член 2 и член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи (Службен весник на Република Македонија” број 154/2023), откако во јануари годинава по овој закон не поведе постапка.

Како што информираа оттаму, тогаш Уставниот суд ја искористи деловничката можност како и уставно-судската пракса повторно да се впушти во расправа за прашањето на уставноста на истите законски одредби, врз основа на тоа што е направена подлабока анализа и е изнесена дополнителна аргументација, како и врз основа на фактот дека овој пат Судот одлучуваше во полн состав.

The post Уставен ги укина измените на Законот за облигацините односи, рокот на застареност на побарувањата на доверителите останува десет години appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд денеска донесе одлука со која ги укина член 2 и член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи. Согласно одлуката, ќе се применува стариот Закон за облигациони односи, односно, рокот на застареност на побарувањата на доверителите останува десет години. Претходно, Собранието со измените на Законот за облигационите односи, го скрати рокот на застареност на побарувањата на доверителите од десет на пет години, овозможувајќи му на законот ретроактивно дејство. Како што посочи на денешниот брифинг за медиуми, судијката Ана Павловска Данева, известител за предметот, одлуката се заснова на причините што Собранието не внимавало на забраната на повратно важење на законите, како и на уставната обврска да овозможи преоден период за прилагодување на граѓаните на новиот правен режим, (vacatio legis), која се однесува на објавување на измените во Службен весник. Согласно Уставот, како што појасни Данева, исклучок од споменатото правило за објава во Службен Весник е дозволен, но Собранието не дало одговор до Уставниот суд, ниту пак во образложението на предлог-законските измени не се осврнало на причините и целите за правење на ваков исклучок, со што Судот се сомнева дека се нарушени легитимните очекувања на граѓаните како и нивната правна извесност. Уставниот суд во јуни годинава поведе постапка за оценување на уставноста на член 2 и член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи (Службен весник на Република Македонија” број 154/2023), откако во јануари годинава по овој закон не поведе постапка. Како што информираа оттаму, тогаш Уставниот суд ја искористи деловничката можност како и уставно-судската пракса повторно да се впушти во расправа за прашањето на уставноста на истите законски одредби, врз основа на тоа што е направена подлабока анализа и е изнесена дополнителна аргументација, како и врз основа на фактот дека овој пат Судот одлучуваше во полн состав.

The post Уставен ги укина измените на Законот за облигацините односи, рокот на застареност на побарувањата на доверителите останува десет години appeared first on Република.

]]>
Уставниот суд поведе постапка за постапувањето на операторите со податоците на претплатниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ustavniot-sud-povede-postapka-za-postapuvaneto-na-operatorite-so-podatotsite-na-pretplatnitsite/ Wed, 25 Sep 2024 12:32:49 +0000 https://republika.mk/?p=819559

Уставниот суд денеска донесе одлука за поведување на постапка за оценување на уставноста на Законот за електронски комуникации кој пропишува обврска за телекомуникациските оператори да задржуваат податоци за електронските комуникации на сите претплатници во период од 12 месеци, без судска одлука за тоа и дека операторите се должни задржаните податоци по барање да им ги достават на надлежните органи по услови и постапка утврдени со закон. Согласно одлуката на Уставен, Собранието има рок од шест месеци да ги смени одредбите од овој закон, во спротивно, тие ќе бидат укинати или поништени.

На јавната расправа по однос на иницијативата што се одржа денеска, судиите кои го споделија своето мислење беа согласни дека одредбите се неуставни и посочија дека е неопходно уредување на регулативата.

Судијката известител за предметот, Татјана Васиќ Бозаџиева, на расправата посочи дека станува збор за задржување на мета податоци кои не ја откриваат содржината на пораките.

Станува збор за мета податоци, а не содржината на пораките, туку, открива испраќач, примач, локација. Мета податоците не се податоци кои зборуваат за содржината, тоа е друг закон, Закон за следење на комуникации, појасни Васиќ Бозаџиева.

Според неа, мерката задржување на податоци претставува ограничување на уставното право за неповредливост на писмата и други начини на комуникација.

Судијата Осман Кадриу истакна дека регулативата дијаметрално отстапува од регулативата во Уставот.

Вака како што е уредено, следењето на комуникациите, тоа да се врши само по налог на државниот орган, без да има одлука на суд, секогаш претставува можност правата на човекот да бидат повредени. Затоа што државниот орган без критериуми може да ги активира овие механизми кога тој ќе смета дека тоа е потребно, рече Кадриу, дополнувајќи дека ќе го предложи предлогот за поведување на постапка.

Судијката Добрила Кацарска посочи дека, според неа, е небулозно некои податоци да се бришат за 12 месеци, а оние до кои некои органи имаат пристап, да немаат рок до кога ќе се чуваат.

Не може да има чување на податоци без судот да даде одобрение. Не може тоа да биде ретроактивно, некој да ги чува тие податоци а судот да се произнесе после извесен период. Без вклученост на судот не може никој никого да следи, рече Кацарска.

Судиите на расправата дискутираа дали мета податоците се важни за безбедноста на државата, како ќе влијае укинувањето на можноста за нивно прибирање и дали би дошло до оневозможување во постапување на органите на прогон.

Претседателот на Уставен, Дарко Костадиновски предложи согласно Актот, на законодавниот дом да му се даде рок од шест месеци за уредување на регулативата.

Не знам дали законодавецот ќе биде ревносен, што ќе значи нашата укинувачка одлука, дали тие мета податоци се важни за безбедноста на државата. Да ја употребиме новата можност од Актот, со поведување на постапката да му наложиме на Собранието рок од шест месеци да ја уреди регулативата, рече тој.

Во иницијативата се наведува дека член 178 од Законот за електронските комуникации пропишува обврска за телекомуникациските оператори да задржуваат податоци за електронските комуникации на сите претплатници во период од 12 месеци, без судска одлука за тоа, а член 176 став 3 од истиот закон пропишува дека операторите се должни задржаните податоци за електронските комуникации на претплатниците по барање да им ги достават на надлежните органи по услови и постапка утврдени со закон, при што и оваа одредба од Законот не предвидува постоење на судска одлука за вака задржаните податоци, поради што и членовите 176 и 178 од Законот за електронските комуникации не се во согласност со член 17 од Уставот.

Подносителите на иницијативата сметаат дека оспорените одредби од Законот не содржат доволно гаранции против евентуална злоупотреба од страна на овластениот орган со дадената техничка можност за континуирано и самостојно следење на електронските комуникации на граѓаните, како и при прибирањето на потребните податоци во врска со остварена комуникација.

Во отсуство на јасни законски одредби во врска со следењето на комуникациите, според нив, постои ризик за создавање наограничена моќ, во спротивност со принципот на владеењето на правото и човековите права на приватност и заштита на личните податоци.

Подносители на иницијативата се ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии, Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, Асоцијација за развојни иницијативи – Зенит Скопје, Форум за истражување на безбедносни политики СЕКУРИТАС и професор д-р Трпе Стојановски.

The post Уставниот суд поведе постапка за постапувањето на операторите со податоците на претплатниците appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд денеска донесе одлука за поведување на постапка за оценување на уставноста на Законот за електронски комуникации кој пропишува обврска за телекомуникациските оператори да задржуваат податоци за електронските комуникации на сите претплатници во период од 12 месеци, без судска одлука за тоа и дека операторите се должни задржаните податоци по барање да им ги достават на надлежните органи по услови и постапка утврдени со закон. Согласно одлуката на Уставен, Собранието има рок од шест месеци да ги смени одредбите од овој закон, во спротивно, тие ќе бидат укинати или поништени. На јавната расправа по однос на иницијативата што се одржа денеска, судиите кои го споделија своето мислење беа согласни дека одредбите се неуставни и посочија дека е неопходно уредување на регулативата. Судијката известител за предметот, Татјана Васиќ Бозаџиева, на расправата посочи дека станува збор за задржување на мета податоци кои не ја откриваат содржината на пораките.
Станува збор за мета податоци, а не содржината на пораките, туку, открива испраќач, примач, локација. Мета податоците не се податоци кои зборуваат за содржината, тоа е друг закон, Закон за следење на комуникации, појасни Васиќ Бозаџиева.
Според неа, мерката задржување на податоци претставува ограничување на уставното право за неповредливост на писмата и други начини на комуникација. Судијата Осман Кадриу истакна дека регулативата дијаметрално отстапува од регулативата во Уставот.
Вака како што е уредено, следењето на комуникациите, тоа да се врши само по налог на државниот орган, без да има одлука на суд, секогаш претставува можност правата на човекот да бидат повредени. Затоа што државниот орган без критериуми може да ги активира овие механизми кога тој ќе смета дека тоа е потребно, рече Кадриу, дополнувајќи дека ќе го предложи предлогот за поведување на постапка.
Судијката Добрила Кацарска посочи дека, според неа, е небулозно некои податоци да се бришат за 12 месеци, а оние до кои некои органи имаат пристап, да немаат рок до кога ќе се чуваат.
Не може да има чување на податоци без судот да даде одобрение. Не може тоа да биде ретроактивно, некој да ги чува тие податоци а судот да се произнесе после извесен период. Без вклученост на судот не може никој никого да следи, рече Кацарска.
Судиите на расправата дискутираа дали мета податоците се важни за безбедноста на државата, како ќе влијае укинувањето на можноста за нивно прибирање и дали би дошло до оневозможување во постапување на органите на прогон. Претседателот на Уставен, Дарко Костадиновски предложи согласно Актот, на законодавниот дом да му се даде рок од шест месеци за уредување на регулативата.
Не знам дали законодавецот ќе биде ревносен, што ќе значи нашата укинувачка одлука, дали тие мета податоци се важни за безбедноста на државата. Да ја употребиме новата можност од Актот, со поведување на постапката да му наложиме на Собранието рок од шест месеци да ја уреди регулативата, рече тој.
Во иницијативата се наведува дека член 178 од Законот за електронските комуникации пропишува обврска за телекомуникациските оператори да задржуваат податоци за електронските комуникации на сите претплатници во период од 12 месеци, без судска одлука за тоа, а член 176 став 3 од истиот закон пропишува дека операторите се должни задржаните податоци за електронските комуникации на претплатниците по барање да им ги достават на надлежните органи по услови и постапка утврдени со закон, при што и оваа одредба од Законот не предвидува постоење на судска одлука за вака задржаните податоци, поради што и членовите 176 и 178 од Законот за електронските комуникации не се во согласност со член 17 од Уставот. Подносителите на иницијативата сметаат дека оспорените одредби од Законот не содржат доволно гаранции против евентуална злоупотреба од страна на овластениот орган со дадената техничка можност за континуирано и самостојно следење на електронските комуникации на граѓаните, како и при прибирањето на потребните податоци во врска со остварена комуникација. Во отсуство на јасни законски одредби во врска со следењето на комуникациите, според нив, постои ризик за создавање наограничена моќ, во спротивност со принципот на владеењето на правото и човековите права на приватност и заштита на личните податоци. Подносители на иницијативата се ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии, Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, Асоцијација за развојни иницијативи – Зенит Скопје, Форум за истражување на безбедносни политики СЕКУРИТАС и професор д-р Трпе Стојановски.

The post Уставниот суд поведе постапка за постапувањето на операторите со податоците на претплатниците appeared first on Република.

]]>
Уставниот суд ќе одржи седница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ustavniot-sud-ke-odrzhi-sednitsa/ Wed, 25 Sep 2024 06:01:47 +0000 https://republika.mk/?p=819401

Уставниот суд денеска ќе ја одржи 25. седница со дневен ред на кој се предвидени седум иницијативи за оценување на уставност и законитост.

Како што најавија од Уставниот суд, на дневниот ред на денешната седница се и осум предлози за одлучување со нацрт-одлуки и донесување на нацрт-решенија по пет предмети.

Во продолжение иницијативите и предложените одлуки и решенија за расправа:

1. Реферат У.бр.137/2017

Оспорен акт: Членовите 175, 176, 177 и 178 од Законот за електронските комуникации

Подносители на иницијативата: ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии од Скопје;

-Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија од Скопје;

-Асоцијација за развојни иницијативи – Зенит Скопје од Скопје;

-Форум за истражување на безбедносни политики СЕКУРИТАС од Битола;

-Проф. д-р Трпе Стојановски од Скопје

Од наводите во иницијативата:

Се наведува дека член 178 од Законот за електронските комуникации пропишува обврска за телекомуникациските оператори да задржуваат податоци за електронските комуникации на сите претплатници во период од 12 месеци, без судска одлука за тоа, а член 176 став 3 од истиот закон пропишува дека операторите се должни задржаните податоци за електронските комуникации на претплатниците по барање да им ги достават на надлежните органи по услови и постапка утврдени со закон, при што и оваа одредба од Законот не предвидува постоење на судска одлука за вака задржаните податоци, поради што и членовите 176 и 178 од Законот за електронските комуникации не се во   согласност со член 17 од Уставот. Подносителите на иницијативата сметаат дека оспорените одредби од Законот не содржат доволно гаранции против евентуална злоупотреба од страна на овластениот орган со дадената техничка можност за континуирано и самостојно следење на електронските комуникации на граѓаните, како и при прибирањето на потребните податоци во врска со остварена комуникација. Во отсуство на јасни законски одредби во врска со следењето на комуникациите, постои ризик за создавање наограничена моќ, во спротивност со принципот на владеењето на правото и човековите права на приватност и заштита на личните податоци.

2. Реферат У.бр.127/2024

Оспорен: Член 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Академија за судии и јавни обвинители

Подносители:  Игорчо Точев, Анета Стевановиќ, Атеме Муамеди, Евица Јанковска и други судски советници во Управниот суд во Скопје

Од наводите во иницијативата:

Подносителите на иницијативата сметаат дека во Законот не е пропишано подробно кој е тој „настан кој не можел да се предвиди“ како и што се подразбира под „крајна итност“ кој доведува или евентуално би можело да доведе до прекин во спроведувањето на приемниот испит што не е во согласност со начелото на владеење на правото и доведува до правна несигурност. Понатаму се наведува дека овие поими остануваат недоволно прецизирани и разработени во законот, а тоа се допушта да биде направено со подзаконски акт што би можело да излезе од општите правила и на арбитререн начин да се уредуваат состојби кои би означувале прилагодување на таквиот подзаконски пропис со околностите кои настанале или би можеле да настанат.

3. Реферат У.бр.132/2024

Оспорен: Член 122 од Законот за сопственост и други стварни права

Подносител: Дамјан Цветановски од Скопје

Од наводите во иницијативата:

Во иницијативата се наведува дека оспорената законска одредба која предвидува дека за доградбата, односно надградбата на зграда во етажна сопственост одлучува мнозинството сопственици на посебните делови од зградата кои претставуваат повеќе од половината на вредноста на зградата е во спротивност со уставно загарантираното право на сопственост од член 30 од Уставот. Оспорената законска одредба не го гарантира правото на сопственост на заедничките делови од објектот на сите сопственици на посебните делови и определено е дека мнозинството сопственици можат да одлучуваат и да располагаат со правото на сопственост на заедничките делови од објектот, во име и за сметка на сите сопственици на посебните делови, без нивна согласност. Подносителот на иницијативата наведува дека надградба или доградба на објект во етажна сопственост не претставува јавен интерес утврден со закон, туку инвестиција за која постои приватен интерес и оттука оспорената одредба предвидува и озаконува грубо кршење и нерасполагање со правото на сопственост на малцинскиот дел од станарите.

4. Реферат У.бр.137/2024

Оспорен: Член 98 став 5 алинеја 7 и 10 од Законот за административните службеници

Подносител: Оливер Давидовски од Скопје

Од наводите во иницијативата:

За подносителот е спорно уредувањето во оспорената законска одредба за престанокот на работниот однос на административниот службеник по сила на закон при што како причини за престанок на работниот однос по сила на закон се предвидуваат и „неоправданото отсуство од работа најмалку три работни дена последователно во еден месец“ и „неоправданото отсуство од работа најмалку пет работни дена во текот на една календарска година“. Понатаму се наведува дека Законот не дава никакво објаснување за тоа што претставува „неоправдано отсуство“ како и на кој начин и кој воопшто ќе ја утврдува „неоправданоста“ на отуствата во овие случаи, особено „неоправданоста“ на оние пет дена во текот на една година, кога тоа би се вршело, дали на крајот на секоја календарска година, што ја прави оваа одредба нејасна и остава простор за различно толкување и примена.

5. Реферат У.бр.121/2024

Оспорен: Прилог дел XI точка 14 кон Уредбата за дејностите и активностите за кои задолжително се изработува елаборат, а за чие одобрување е надлежен органот за вршење стручни работи од областа на животната средина, во делот „автопати“

Подносител:  Македонско здружение на млади правници од Скопје

Од наводите во иницијативата:

Според наводите во иницијативата оспорената точка 14 од делот XI на Прилогот на Уредбата во делот „автопати“ е спротивна на одредбите од Архуската конвенција поради тоа што го исклучува учеството на јавноста за проекти за кои јавноста мора да има можност да учествува во донесувањето на одлуката и на овој начин уредбата на спротивен начин регулира материја што е претходно уредена со меѓународен документ ратификуван од Собранието со што оспорениот дел е спротивен на член 118 од Уставот. Меѓу другото, подносителот смета дека оспорената уредба е спротивна и на ставот на Венецијанската комисија и на ставот на Уставниот суд во Одлуката У.бр.113/2022, поради тоа што за иста активност предвидува различни обврски со што се создава нејасност и непрецизност во регулирањето, па субјектите кои градат автопати не можат, ниту со советување на адвокат да знаат со сигурност каков тип на документ треба да изработат, за да го прилагодат на законските одредби. Оттука, се наведува дека опстојувањето на одредби коишто се во директна колизија, предизвикуваат нарушување на правната сигурност, што води кон повреда на начелото на владеењето на правото.

6. Реферат У.бр.2/2024, У.бр.3/2024, У.бр.203/2023

Содржина на оспорени одредби:

Член 8 (оспорен став 1 и став 2 во деловите „кои се прибираат”)

(1) Овој правилник за измени и дополнување на Правилникот за распределба на авторските надоместоци ќе се применува почнувајќи со распределбата на авторските надоместоци за 2023 година, што ќе биде утврдена со општата пресметка во 2024 година.

(2) Одредбите на овој Правилник ќе се применуваат на авторските надоместоци за емитувани авторски дела кои се прибираат по неговото влегување во сила, додека на авторските надоместоци за емитувани авторски дела кои се прибирааат пред неговото влегување во сила, ќе се применува Правилникот кој важел пред денот на влегувањето во сила на овој Правилник.

Подносител на иницијативата (2/2024): Славко Димитров

Оспорен акт: Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за распределба на авторски надоместоци, донесен од Собранието на ЗАМП

Подносители на иницијативата(3/2024, 203/2023) :  Кристијан Габроски, Робертино Саздов и Ѓорѓи Крстевски

Од наводите во иницијативите:

Според наводите,  авторите на  музички дела основано очекувале распределба на авторски надоместоци согласно важечките правила и општо познати во моментот на емитување на делата, кои се важечки во периодот во кој го стекнале правото на надоместок, а не согласно со тогаш неважечки односно сеуште недонесени и непознати правила за пресметка и распределба предвидени во оспорениот правилник.

7. Реферат У.бр.7/2024

Оспорен акт: Упатство за царинска вредност и Корисничко упатство за пребарување во каталогот SchwacketNet

Подносител: Игорчо Точев

Од наводите во иницијативата:

Подносителот смета дека доколку при пресметка, утврдување и наплата на царинските давачки се земат во предвид вредностите според оспорените акти, однапред се детерминира неможноста под конкурентни услови, иста или слична стока да биде продадена или понудена за продажба на вообичаен трговски начин со што постои можност арбитрерно да се определуваат цените на стоките од оспорените акти, со што се создава правна несигурност спротивно на член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот.

Воедно, се наведува дека оспорените акти не се објавени во „Службен весник на Република Македонија“ со што се смета дека истите не произведуваат правно дејство во правниот промет и истите не можат да бидат основ за утврдување на „вистинска цена“ што не е во согласност со член 52 од Уставот бидејќи царинските давачки се дел од системот на јавни давачки.

1. У.бр.21/2024

Оспорен: Член 16 алинеја 3 и Главата X од Деловникот на Совет на Општина Берово

Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд

2. У.бр. 32/2024

Оспорен: Член  15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Делчево („Службен гласник на Општина Делчево“ бр.16/2006).

Подносител: Уставен суд на Република Македонија

3.У.бр.36/2024

Оспорен: Член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Градско од 19.07.2006 година

Предметот е отворен по сопствена иницијатива на Уставниот суд

4.У.бр.40/2024

Оспорен:Член 15 алинеја 3 од Деловникот на Општина Кратово

Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд

5.У.бр.43/2024

Член 15 алинеја 3 од Деловникот на Општина Кратово

Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд

6. У.бр.68/2024

Член 15 алинеја 3 од Деловникот на општина Чешиново-Облешево

Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд

7.У.бр.82/2024

Член 26 алинеја 4 од Деловникот на општина Сарај

8. У.бр.98/2024 и У.бр.139/2024

Oспорени: Член 2 и член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигацините односи

Судот поведе постапка за оценување на уставноста на член 2 и член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи (Службен весник на Република Македонија” број 154/2023).

The post Уставниот суд ќе одржи седница appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд денеска ќе ја одржи 25. седница со дневен ред на кој се предвидени седум иницијативи за оценување на уставност и законитост. Како што најавија од Уставниот суд, на дневниот ред на денешната седница се и осум предлози за одлучување со нацрт-одлуки и донесување на нацрт-решенија по пет предмети. Во продолжение иницијативите и предложените одлуки и решенија за расправа: 1. Реферат У.бр.137/2017 Оспорен акт: Членовите 175, 176, 177 и 178 од Законот за електронските комуникации Подносители на иницијативата: ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии од Скопје; -Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија од Скопје; -Асоцијација за развојни иницијативи – Зенит Скопје од Скопје; -Форум за истражување на безбедносни политики СЕКУРИТАС од Битола; -Проф. д-р Трпе Стојановски од Скопје Од наводите во иницијативата: Се наведува дека член 178 од Законот за електронските комуникации пропишува обврска за телекомуникациските оператори да задржуваат податоци за електронските комуникации на сите претплатници во период од 12 месеци, без судска одлука за тоа, а член 176 став 3 од истиот закон пропишува дека операторите се должни задржаните податоци за електронските комуникации на претплатниците по барање да им ги достават на надлежните органи по услови и постапка утврдени со закон, при што и оваа одредба од Законот не предвидува постоење на судска одлука за вака задржаните податоци, поради што и членовите 176 и 178 од Законот за електронските комуникации не се во   согласност со член 17 од Уставот. Подносителите на иницијативата сметаат дека оспорените одредби од Законот не содржат доволно гаранции против евентуална злоупотреба од страна на овластениот орган со дадената техничка можност за континуирано и самостојно следење на електронските комуникации на граѓаните, како и при прибирањето на потребните податоци во врска со остварена комуникација. Во отсуство на јасни законски одредби во врска со следењето на комуникациите, постои ризик за создавање наограничена моќ, во спротивност со принципот на владеењето на правото и човековите права на приватност и заштита на личните податоци. 2. Реферат У.бр.127/2024 Оспорен: Член 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Академија за судии и јавни обвинители Подносители:  Игорчо Точев, Анета Стевановиќ, Атеме Муамеди, Евица Јанковска и други судски советници во Управниот суд во Скопје Од наводите во иницијативата: Подносителите на иницијативата сметаат дека во Законот не е пропишано подробно кој е тој „настан кој не можел да се предвиди“ како и што се подразбира под „крајна итност“ кој доведува или евентуално би можело да доведе до прекин во спроведувањето на приемниот испит што не е во согласност со начелото на владеење на правото и доведува до правна несигурност. Понатаму се наведува дека овие поими остануваат недоволно прецизирани и разработени во законот, а тоа се допушта да биде направено со подзаконски акт што би можело да излезе од општите правила и на арбитререн начин да се уредуваат состојби кои би означувале прилагодување на таквиот подзаконски пропис со околностите кои настанале или би можеле да настанат. 3. Реферат У.бр.132/2024 Оспорен: Член 122 од Законот за сопственост и други стварни права Подносител: Дамјан Цветановски од Скопје Од наводите во иницијативата: Во иницијативата се наведува дека оспорената законска одредба која предвидува дека за доградбата, односно надградбата на зграда во етажна сопственост одлучува мнозинството сопственици на посебните делови од зградата кои претставуваат повеќе од половината на вредноста на зградата е во спротивност со уставно загарантираното право на сопственост од член 30 од Уставот. Оспорената законска одредба не го гарантира правото на сопственост на заедничките делови од објектот на сите сопственици на посебните делови и определено е дека мнозинството сопственици можат да одлучуваат и да располагаат со правото на сопственост на заедничките делови од објектот, во име и за сметка на сите сопственици на посебните делови, без нивна согласност. Подносителот на иницијативата наведува дека надградба или доградба на објект во етажна сопственост не претставува јавен интерес утврден со закон, туку инвестиција за која постои приватен интерес и оттука оспорената одредба предвидува и озаконува грубо кршење и нерасполагање со правото на сопственост на малцинскиот дел од станарите. 4. Реферат У.бр.137/2024 Оспорен: Член 98 став 5 алинеја 7 и 10 од Законот за административните службеници Подносител: Оливер Давидовски од Скопје Од наводите во иницијативата: За подносителот е спорно уредувањето во оспорената законска одредба за престанокот на работниот однос на административниот службеник по сила на закон при што како причини за престанок на работниот однос по сила на закон се предвидуваат и „неоправданото отсуство од работа најмалку три работни дена последователно во еден месец“ и „неоправданото отсуство од работа најмалку пет работни дена во текот на една календарска година“. Понатаму се наведува дека Законот не дава никакво објаснување за тоа што претставува „неоправдано отсуство“ како и на кој начин и кој воопшто ќе ја утврдува „неоправданоста“ на отуствата во овие случаи, особено „неоправданоста“ на оние пет дена во текот на една година, кога тоа би се вршело, дали на крајот на секоја календарска година, што ја прави оваа одредба нејасна и остава простор за различно толкување и примена. 5. Реферат У.бр.121/2024 Оспорен: Прилог дел XI точка 14 кон Уредбата за дејностите и активностите за кои задолжително се изработува елаборат, а за чие одобрување е надлежен органот за вршење стручни работи од областа на животната средина, во делот „автопати“ Подносител:  Македонско здружение на млади правници од Скопје Од наводите во иницијативата: Според наводите во иницијативата оспорената точка 14 од делот XI на Прилогот на Уредбата во делот „автопати“ е спротивна на одредбите од Архуската конвенција поради тоа што го исклучува учеството на јавноста за проекти за кои јавноста мора да има можност да учествува во донесувањето на одлуката и на овој начин уредбата на спротивен начин регулира материја што е претходно уредена со меѓународен документ ратификуван од Собранието со што оспорениот дел е спротивен на член 118 од Уставот. Меѓу другото, подносителот смета дека оспорената уредба е спротивна и на ставот на Венецијанската комисија и на ставот на Уставниот суд во Одлуката У.бр.113/2022, поради тоа што за иста активност предвидува различни обврски со што се создава нејасност и непрецизност во регулирањето, па субјектите кои градат автопати не можат, ниту со советување на адвокат да знаат со сигурност каков тип на документ треба да изработат, за да го прилагодат на законските одредби. Оттука, се наведува дека опстојувањето на одредби коишто се во директна колизија, предизвикуваат нарушување на правната сигурност, што води кон повреда на начелото на владеењето на правото. 6. Реферат У.бр.2/2024, У.бр.3/2024, У.бр.203/2023 Содржина на оспорени одредби: Член 8 (оспорен став 1 и став 2 во деловите „кои се прибираат”) (1) Овој правилник за измени и дополнување на Правилникот за распределба на авторските надоместоци ќе се применува почнувајќи со распределбата на авторските надоместоци за 2023 година, што ќе биде утврдена со општата пресметка во 2024 година. (2) Одредбите на овој Правилник ќе се применуваат на авторските надоместоци за емитувани авторски дела кои се прибираат по неговото влегување во сила, додека на авторските надоместоци за емитувани авторски дела кои се прибирааат пред неговото влегување во сила, ќе се применува Правилникот кој важел пред денот на влегувањето во сила на овој Правилник. Подносител на иницијативата (2/2024): Славко Димитров Оспорен акт: Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за распределба на авторски надоместоци, донесен од Собранието на ЗАМП Подносители на иницијативата(3/2024, 203/2023) :  Кристијан Габроски, Робертино Саздов и Ѓорѓи Крстевски Од наводите во иницијативите: Според наводите,  авторите на  музички дела основано очекувале распределба на авторски надоместоци согласно важечките правила и општо познати во моментот на емитување на делата, кои се важечки во периодот во кој го стекнале правото на надоместок, а не согласно со тогаш неважечки односно сеуште недонесени и непознати правила за пресметка и распределба предвидени во оспорениот правилник. 7. Реферат У.бр.7/2024 Оспорен акт: Упатство за царинска вредност и Корисничко упатство за пребарување во каталогот SchwacketNet Подносител: Игорчо Точев Од наводите во иницијативата: Подносителот смета дека доколку при пресметка, утврдување и наплата на царинските давачки се земат во предвид вредностите според оспорените акти, однапред се детерминира неможноста под конкурентни услови, иста или слична стока да биде продадена или понудена за продажба на вообичаен трговски начин со што постои можност арбитрерно да се определуваат цените на стоките од оспорените акти, со што се создава правна несигурност спротивно на член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот. Воедно, се наведува дека оспорените акти не се објавени во „Службен весник на Република Македонија“ со што се смета дека истите не произведуваат правно дејство во правниот промет и истите не можат да бидат основ за утврдување на „вистинска цена“ што не е во согласност со член 52 од Уставот бидејќи царинските давачки се дел од системот на јавни давачки. 1. У.бр.21/2024 Оспорен: Член 16 алинеја 3 и Главата X од Деловникот на Совет на Општина Берово Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд 2. У.бр. 32/2024 Оспорен: Член  15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Делчево („Службен гласник на Општина Делчево“ бр.16/2006). Подносител: Уставен суд на Република Македонија 3.У.бр.36/2024 Оспорен: Член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Градско од 19.07.2006 година Предметот е отворен по сопствена иницијатива на Уставниот суд 4.У.бр.40/2024 Оспорен:Член 15 алинеја 3 од Деловникот на Општина Кратово Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд 5.У.бр.43/2024 Член 15 алинеја 3 од Деловникот на Општина Кратово Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд 6. У.бр.68/2024 Член 15 алинеја 3 од Деловникот на општина Чешиново-Облешево Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд 7.У.бр.82/2024 Член 26 алинеја 4 од Деловникот на општина Сарај 8. У.бр.98/2024 и У.бр.139/2024 Oспорени: Член 2 и член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигацините односи Судот поведе постапка за оценување на уставноста на член 2 и член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи (Службен весник на Република Македонија” број 154/2023).

The post Уставниот суд ќе одржи седница appeared first on Република.

]]>
Функционерите согласни дека „балансерот“ е злоупотребуван, повеќето со став за вработувања базирани на квалитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/funktsionerite-soglasni-deka-balanserot-e-zloupotrebuvan-poveketo-so-stav-za-vrabotuvana-bazirani-na-kvalitet/ Sat, 21 Sep 2024 08:55:37 +0000 https://republika.mk/?p=818414

По одлуката на Уставен суд за замрзнување на „балансерот“, функционерите на власта ги споделија своите ставови. Генералниот заклучок е дека ова е алатка која била злоупотребувана, а вработувањата треба да се базираат на квалитет. Тие најавија дека овој механизам ќе биде унапреден во закон за соодветно претставување на немнозинските заедници во земјата.

Според премиерот Христијан Мицкоски, одлуките на Уставен суд не треба да се коментираат. Првиот вицепремиер, Изет Меџити, смета дека балансерот е девалвиран и дека вработувањата треба да се базираат на квалитет. Министерот за здравство Арбен Таравари ја окарактеризира одлуката на Уставниот суд како избрзана, додека, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, ја поздрави, истакнувајќи дека балансерот се злоупотребувал со години.

На прашање за одлуката на Уставниот суд за замрзнување на „балансерот“, премиерот Мицкоски вчера изјави дека одлуките на Уставниот суд не треба да се коментираат.

Овој ден, истакнува Мицкоски, е симболот на македонската борба за слобода и државност, ден кој врзува две епопеи и еден идеал, а тоа е идеалот за слободна и независна Македонија. Генерации на

Некогаш може да ни се допаѓаат, некогаш може да не ни се допаѓаат, но мислам дека не треба се коментираат, изјави тој.

Во однос на реакциите од албанскиот блок по одлуката на Уставниот суд, вклучително и партнерите во владината коалиција, Мицкоски вели дека ја видел и дека е во согласност со тоа што „ние сме го збореле во минатото“.

Да, ја видов. Таа реакција е во согласност со тоа што ние сме го збореле во минатото, практично унапредувањата и вработувањата треба да се темелат на квалитет и тоа е она кое што ние практично цело време го заговараме, изјави Мицкоски.

Тој посочи дека одлуката не е конечна, туку практично Уставен тој дел од законот го ставаат во мирување, до носење на конечна одлука.

Претходно,  премиерот изјави дека Европската Унија е таа која препорачува да се укине балансерот, алатката која одредува вработување државни службеници по етничка припадност. Тој потсети дека препораката на ЕУ е следствено на скрининг процесот кој е веќе направен.

И ако тие велат дека треба да се укине, тогаш што ни преостанува тоа. Не ни преостанува ништо друго освен да работиме согласно препораките што доаѓаат од самата ЕУ. Тоа е резултат од скрининг процесот, рече Мицкоски, додавајќи дека земјава треба да напредува согласно компетенции, а не според пол, етничка или верска припадност.

Според првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, „балансерот“ е девалвиран механизам и неговото време помина. Тој посочи дека вработувањата на Албанци нема да престане, но ќе биде врз база на квалитет, а не на партиите.

Не сум заинтересиран да бидам лидер на партијата. Не сум заинтересиран да го заменам Али Ахмети. Не работам во таа насока. За оваа Влада гласав само поради Али Ахмети и поради европските инте

Меџити, во гостување на ТВ21 за „балансерот“ во четвртокот изјави дека овој механизам ќе биде унапреден во закон за соодветно претставување на немнозинските заедници во земјата.

Без разлика на тоа како „балансерот“ е прикажан во системот, доколку конкурсот е отворен за Албанци, еден Македонец се има декларирано како Албанец и го зазел тоа место, а се случило и обратното. Затоа постои заеднички заклучок дека „балансерот“ е девалвиран механизам и неговото време помина. Во формирањето на новата влада, политичкиот договор меѓу нас и ВМРО е дека овој механизам ќе биде унапреден во закон за соодветно претставување на немнозинските заедници во земјата, изјави Меџити.

Тој, исто така, посочи дека во овој период таму каде што ќе има вработувања, ќе има вработувања и на Албанци.

Албанците не губат со укинувањето на „балансерот“, иако Уставниот суд не го нашол моментот за тоа, не чекал да го унапредиме, но Албанците ќе добијат повеќе затоа што ќе донесеме закон за соодветно претставување кој не само што ќе го гарантира претставувањето на Албанците во јавната и државната администрација, туку ќе гарантира и непартиски и квалитативни вработувања. Ќе биде избран Албанец, но ќе биде избран најобразованиот и најподготвениот Албанец, бидејќи на овој начин утре ќе имаме администратор кој подобро ќе му служи на граѓанинот, изјави Меџити.

Министерот за здравство, Арбен Таравари, ја оцени одлуката на Уставниот суд за „балансерот“ како избрзана. Според него, владината коалиција имала договор прво да се донесе Законот за правична застапеност на сите заедници, меѓутоа не само етничка припадност, туку и за други категории. Законот, како што рече, треба да се синхронизира со партнерите од коалицијата и да се пушти во Парламентот.

Уставниот суд, за жал, се судии кои што се избрани и иако судиите треба да бидат неутрални. Меѓутоа, мислам дека не ни требаат вакви тензични состојби во овој период. Напротив, ние и така имавме договор со ВМРО-ДПМНЕ пред да почне коалицијата дека треба да се договориме за Законот за правична застапеност на сите заедници и потоа „балансерот“. Меѓутоа, некако се избрза. Некој можеби сакаше да се зборува за ова и да се дефокусира од другите побитни теми, изјави Таравари, одговарајќи на новинарски прашања по потпишување на договорот за грант меѓу Јапонската амбасадаа и УК за детски болести.

Таравари посочи дека останува на ставот дека „балансерот“ беше добра алатка, меѓутоа во последно време, како што рече, беше доста злоупотребена.

Во албанските општини се пишуваа како Македонци, за да се вработат Албанци, а генерално во државната централна администрација повеќе Македонци се пишуваа како Роми, Турци, Албанци за да бидат примени на работа. И тоа, веќе беше алатка што се злоупотребуваше на големо. Мораме да најдеме решение за да сите категории на луѓе бидат застапени во државната администрација, изјави Таравари.

Во однос на реакциите од албанската опозиција, Таравари рече дека Али Ахмети 22 години бил на власт и сите проблеми што го имаме, како што рече, се последица на нивното неодговорно владеење.

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, вчера изјави дека Министерството за јавна администрација не ја коментира времената мерка на Уставниот суд за „балансерот“. На втората јавна дискусија од кампањата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“ која се одржа во Куманово, тој потенцираше дека лично ја поздравува одлуката на Уставниот суд и повтори дека „балансерот“ со години се злоупотребувал.

Уставниот суд донесе времена мерка со којашто се стопираат одредени одредби или членови токму од овие закони општо се предмет на дебата тоа се законите за вработените во јавниот сектор и законот за административните службеници. Во принцип Министерството за јавна администрација не ја коментира времената мерка на Уставниот суд, затоа што таа е извршна и се спроведува. Ако ме прашате за мој личен став јас досега кажав дека „балансерот“ како една од тие одредби кои со времената мерка се стопираат мислам дека „балансерот“ како дигитална алатка во минатото навистина беше предмет на злоупотреби и ако разгледуваме во тој контекст одлуката на Уставниот суд ја поздравувам, изјави Минчев.

Во однос на законските решенија, министерот Минчев рече дека во моментот не може да каже дали ќе има ново и какво ќе биде законското решение, ќе се чека на конечната одлука на Уставниот суд.

Што се однесува до законските решенија јас во овој момент не би можел да кажам дали ќе има ново или пак каква ќе биде содржината на тоа законско решение секако би ја причекал и секако Министерството за јавна администрација конечната одлука на Уставниот суд во зависност од тоа каква ќе биде ние би пристапиле кон евентуално ново законско решение коешто патем мора да кажам дека е уставна категорија, изјави министерот за јавна администрација.

Одговарајќи на новинарски прашања, Минчев кажа дека осудува какви било протести и дека во рамки на владината коалиција ќе има отворена дебата. Како Влада додаде, се залагаат за сеопфатна реформа на администрација која треба да се базира на професионалност, стручност, квалитет и знаења.

Законот не е во подготовка, Министерството за јавна администрација е носител на овие две законски решенија јас се надевам дека во рамките на владината коалиција ќе имаме отворена дебата за она што следува, каков било повик на протести или пак на дестабилизација на државата за укинување или пак за времена мерка на „балансерот“ ги осудувам затоа што сметаме дека сите заедно дека приоритет и во општеството и во државата и сметам дека е дојдено времето и ние како Влада сме подготвени за таков исчекор е да направиме една сеопфатна реформа во јавната администрација, но таа ќе мора да се базира на знаења, квалитет, стручност односно на професионалниот, само така можеме како држава да одиме напред. Јас досега повеќе пати кажав дека јавната администрација ја сметам за столб на една држава практично за постоење на една држава и на една нација, кажа Минчев.

Уставниот суд на 18.месецов донесе времена мерка за одредби од Законот за вработени во јавниот сектор, Законот за административни службеници, Правилникот за задолжителни елементи во јавниот оглас при вработување во јавен сектор што се однесуваат на етничката припадност, односно одредби од акти кои беа оспорени од страна на Државната комисија за спречување на корупција. До носење на конечна одлука од страна на Уставниот суд овие одредби нема да се применуваат.

The post Функционерите согласни дека „балансерот“ е злоупотребуван, повеќето со став за вработувања базирани на квалитет appeared first on Република.

]]>

По одлуката на Уставен суд за замрзнување на „балансерот“, функционерите на власта ги споделија своите ставови. Генералниот заклучок е дека ова е алатка која била злоупотребувана, а вработувањата треба да се базираат на квалитет. Тие најавија дека овој механизам ќе биде унапреден во закон за соодветно претставување на немнозинските заедници во земјата. Според премиерот Христијан Мицкоски, одлуките на Уставен суд не треба да се коментираат. Првиот вицепремиер, Изет Меџити, смета дека балансерот е девалвиран и дека вработувањата треба да се базираат на квалитет. Министерот за здравство Арбен Таравари ја окарактеризира одлуката на Уставниот суд како избрзана, додека, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, ја поздрави, истакнувајќи дека балансерот се злоупотребувал со години. На прашање за одлуката на Уставниот суд за замрзнување на „балансерот“, премиерот Мицкоски вчера изјави дека одлуките на Уставниот суд не треба да се коментираат. Овој ден, истакнува Мицкоски, е симболот на македонската борба за слобода и државност, ден кој врзува две епопеи и еден идеал, а тоа е идеалот за слободна и независна Македонија. Генерации на
Некогаш може да ни се допаѓаат, некогаш може да не ни се допаѓаат, но мислам дека не треба се коментираат, изјави тој.
Во однос на реакциите од албанскиот блок по одлуката на Уставниот суд, вклучително и партнерите во владината коалиција, Мицкоски вели дека ја видел и дека е во согласност со тоа што „ние сме го збореле во минатото“.
Да, ја видов. Таа реакција е во согласност со тоа што ние сме го збореле во минатото, практично унапредувањата и вработувањата треба да се темелат на квалитет и тоа е она кое што ние практично цело време го заговараме, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека одлуката не е конечна, туку практично Уставен тој дел од законот го ставаат во мирување, до носење на конечна одлука. Претходно,  премиерот изјави дека Европската Унија е таа која препорачува да се укине балансерот, алатката која одредува вработување државни службеници по етничка припадност. Тој потсети дека препораката на ЕУ е следствено на скрининг процесот кој е веќе направен.
И ако тие велат дека треба да се укине, тогаш што ни преостанува тоа. Не ни преостанува ништо друго освен да работиме согласно препораките што доаѓаат од самата ЕУ. Тоа е резултат од скрининг процесот, рече Мицкоски, додавајќи дека земјава треба да напредува согласно компетенции, а не според пол, етничка или верска припадност.
Според првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, „балансерот“ е девалвиран механизам и неговото време помина. Тој посочи дека вработувањата на Албанци нема да престане, но ќе биде врз база на квалитет, а не на партиите. Не сум заинтересиран да бидам лидер на партијата. Не сум заинтересиран да го заменам Али Ахмети. Не работам во таа насока. За оваа Влада гласав само поради Али Ахмети и поради европските инте Меџити, во гостување на ТВ21 за „балансерот“ во четвртокот изјави дека овој механизам ќе биде унапреден во закон за соодветно претставување на немнозинските заедници во земјата.
Без разлика на тоа како „балансерот“ е прикажан во системот, доколку конкурсот е отворен за Албанци, еден Македонец се има декларирано како Албанец и го зазел тоа место, а се случило и обратното. Затоа постои заеднички заклучок дека „балансерот“ е девалвиран механизам и неговото време помина. Во формирањето на новата влада, политичкиот договор меѓу нас и ВМРО е дека овој механизам ќе биде унапреден во закон за соодветно претставување на немнозинските заедници во земјата, изјави Меџити.
Тој, исто така, посочи дека во овој период таму каде што ќе има вработувања, ќе има вработувања и на Албанци.
Албанците не губат со укинувањето на „балансерот“, иако Уставниот суд не го нашол моментот за тоа, не чекал да го унапредиме, но Албанците ќе добијат повеќе затоа што ќе донесеме закон за соодветно претставување кој не само што ќе го гарантира претставувањето на Албанците во јавната и државната администрација, туку ќе гарантира и непартиски и квалитативни вработувања. Ќе биде избран Албанец, но ќе биде избран најобразованиот и најподготвениот Албанец, бидејќи на овој начин утре ќе имаме администратор кој подобро ќе му служи на граѓанинот, изјави Меџити.
Министерот за здравство, Арбен Таравари, ја оцени одлуката на Уставниот суд за „балансерот“ како избрзана. Според него, владината коалиција имала договор прво да се донесе Законот за правична застапеност на сите заедници, меѓутоа не само етничка припадност, туку и за други категории. Законот, како што рече, треба да се синхронизира со партнерите од коалицијата и да се пушти во Парламентот.
Уставниот суд, за жал, се судии кои што се избрани и иако судиите треба да бидат неутрални. Меѓутоа, мислам дека не ни требаат вакви тензични состојби во овој период. Напротив, ние и така имавме договор со ВМРО-ДПМНЕ пред да почне коалицијата дека треба да се договориме за Законот за правична застапеност на сите заедници и потоа „балансерот“. Меѓутоа, некако се избрза. Некој можеби сакаше да се зборува за ова и да се дефокусира од другите побитни теми, изјави Таравари, одговарајќи на новинарски прашања по потпишување на договорот за грант меѓу Јапонската амбасадаа и УК за детски болести.
Таравари посочи дека останува на ставот дека „балансерот“ беше добра алатка, меѓутоа во последно време, како што рече, беше доста злоупотребена.
Во албанските општини се пишуваа како Македонци, за да се вработат Албанци, а генерално во државната централна администрација повеќе Македонци се пишуваа како Роми, Турци, Албанци за да бидат примени на работа. И тоа, веќе беше алатка што се злоупотребуваше на големо. Мораме да најдеме решение за да сите категории на луѓе бидат застапени во државната администрација, изјави Таравари.
Во однос на реакциите од албанската опозиција, Таравари рече дека Али Ахмети 22 години бил на власт и сите проблеми што го имаме, како што рече, се последица на нивното неодговорно владеење. Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, вчера изјави дека Министерството за јавна администрација не ја коментира времената мерка на Уставниот суд за „балансерот“. На втората јавна дискусија од кампањата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“ која се одржа во Куманово, тој потенцираше дека лично ја поздравува одлуката на Уставниот суд и повтори дека „балансерот“ со години се злоупотребувал.
Уставниот суд донесе времена мерка со којашто се стопираат одредени одредби или членови токму од овие закони општо се предмет на дебата тоа се законите за вработените во јавниот сектор и законот за административните службеници. Во принцип Министерството за јавна администрација не ја коментира времената мерка на Уставниот суд, затоа што таа е извршна и се спроведува. Ако ме прашате за мој личен став јас досега кажав дека „балансерот“ како една од тие одредби кои со времената мерка се стопираат мислам дека „балансерот“ како дигитална алатка во минатото навистина беше предмет на злоупотреби и ако разгледуваме во тој контекст одлуката на Уставниот суд ја поздравувам, изјави Минчев.
Во однос на законските решенија, министерот Минчев рече дека во моментот не може да каже дали ќе има ново и какво ќе биде законското решение, ќе се чека на конечната одлука на Уставниот суд.
Што се однесува до законските решенија јас во овој момент не би можел да кажам дали ќе има ново или пак каква ќе биде содржината на тоа законско решение секако би ја причекал и секако Министерството за јавна администрација конечната одлука на Уставниот суд во зависност од тоа каква ќе биде ние би пристапиле кон евентуално ново законско решение коешто патем мора да кажам дека е уставна категорија, изјави министерот за јавна администрација.
Одговарајќи на новинарски прашања, Минчев кажа дека осудува какви било протести и дека во рамки на владината коалиција ќе има отворена дебата. Како Влада додаде, се залагаат за сеопфатна реформа на администрација која треба да се базира на професионалност, стручност, квалитет и знаења.
Законот не е во подготовка, Министерството за јавна администрација е носител на овие две законски решенија јас се надевам дека во рамките на владината коалиција ќе имаме отворена дебата за она што следува, каков било повик на протести или пак на дестабилизација на државата за укинување или пак за времена мерка на „балансерот“ ги осудувам затоа што сметаме дека сите заедно дека приоритет и во општеството и во државата и сметам дека е дојдено времето и ние како Влада сме подготвени за таков исчекор е да направиме една сеопфатна реформа во јавната администрација, но таа ќе мора да се базира на знаења, квалитет, стручност односно на професионалниот, само така можеме како држава да одиме напред. Јас досега повеќе пати кажав дека јавната администрација ја сметам за столб на една држава практично за постоење на една држава и на една нација, кажа Минчев.
Уставниот суд на 18.месецов донесе времена мерка за одредби од Законот за вработени во јавниот сектор, Законот за административни службеници, Правилникот за задолжителни елементи во јавниот оглас при вработување во јавен сектор што се однесуваат на етничката припадност, односно одредби од акти кои беа оспорени од страна на Државната комисија за спречување на корупција. До носење на конечна одлука од страна на Уставниот суд овие одредби нема да се применуваат.

The post Функционерите согласни дека „балансерот“ е злоупотребуван, повеќето со став за вработувања базирани на квалитет appeared first on Република.

]]>