успение на пресвета Богородица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uspenie-na-presveta-bogorodica/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Aug 2024 08:09:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png успение на пресвета Богородица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uspenie-na-presveta-bogorodica/ 32 32 Честитка на Мицкоски по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chestitka-na-mitskoski-po-povod-golemiot-hristijanski-praznik-uspenie-na-presveta-bogoroditsa/ Wed, 28 Aug 2024 08:09:13 +0000 https://republika.mk/?p=810768

Претседателот на владата, Христијан Мицкоски, упати честитка по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.

Дозволете во мое име да го честитам празникот Успение на Пресвета Богородица, со кој се прославува мајката Божја која е олицетворение на мајчинска љубов, добрина, посветеност и грижа за обесправените, оние кои страдаат и на кои им е потребна добрина и веруваат во Бога.

Навистина е големо нејзиното дело и со право овој ден и празник наоѓа голема поддршка од верниот народ и се прославува со смирение, угодност и почит.

Воедно денес e денот на рударите кој им го честитам од срце, посакувам среќа, Бог да ги чува низ сите предизвици и во овие моменти дозволете да испратам благодарност за нивната храбра и пожртвувана работа. Тие се значаен дел од изградбата на нашата татковина, од напорите да ги стабилизираме состојбите и да ја извадиме државата кон правиот пат.

Мојата заложба е да покажеме нормалност на состојбите и за прв пат после многу години со дела да демонстрираме дека државата прави и создава за своите граѓани и дека Македонија е повторно на народот.

Само заедно, обединети и со голема енергија на промените можеме да го постигнеме тоа. Нека е за многу години празникот Успение на Пресвета Богородица, се вели во честитката на премиерот Мицкоски.

The post Честитка на Мицкоски по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица appeared first on Република.

]]>

Претседателот на владата, Христијан Мицкоски, упати честитка по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.
Дозволете во мое име да го честитам празникот Успение на Пресвета Богородица, со кој се прославува мајката Божја која е олицетворение на мајчинска љубов, добрина, посветеност и грижа за обесправените, оние кои страдаат и на кои им е потребна добрина и веруваат во Бога.   Навистина е големо нејзиното дело и со право овој ден и празник наоѓа голема поддршка од верниот народ и се прославува со смирение, угодност и почит.   Воедно денес e денот на рударите кој им го честитам од срце, посакувам среќа, Бог да ги чува низ сите предизвици и во овие моменти дозволете да испратам благодарност за нивната храбра и пожртвувана работа. Тие се значаен дел од изградбата на нашата татковина, од напорите да ги стабилизираме состојбите и да ја извадиме државата кон правиот пат.   Мојата заложба е да покажеме нормалност на состојбите и за прв пат после многу години со дела да демонстрираме дека државата прави и создава за своите граѓани и дека Македонија е повторно на народот.   Само заедно, обединети и со голема енергија на промените можеме да го постигнеме тоа. Нека е за многу години празникот Успение на Пресвета Богородица, се вели во честитката на премиерот Мицкоски.

The post Честитка на Мицкоски по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица appeared first on Република.

]]>
Гората ечи од зурли и тапани – Гари слави Голема Богородица! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gorata-echi-od-zurli-i-tapani-gari-slavi-golema-bogoroditsa/ Wed, 28 Aug 2024 07:43:12 +0000 https://republika.mk/?p=810749

Како и секоја година во мијачкото село Гари се одржа големата традиционална прослава на празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот познат и како Голема Богородица.

Жителите на селото, голем број луѓе кои потекнуваат од тука, но и оние кои се дојдени во живо да бидат дел од оваа традиција, се собираат во ова живописно населено место и со музика, зурли и тапани се движат низ сокаците кон главната селска црква посветена токму на празникот - Успение на пресвета Богородица“.

Во чест на празникот, девојките ги облекуваат своите најубави традиционални носии и се приклучуваат на поворката кон главната селска црква.

Станува збор за православен храм изграден во 19 век. Црквата претставува правоаголна базилика, а се одликува со особено богат фрескоживопис, кој бил насликан од Дичо Зограф и неговата тајфа, богатиот иконостас изработен од гарците Марко, Јован и Петре Филиповски, како и иконите изработени од гарци.

Оваа црква, како и во останатите мијачки села е оградена со бедем.

Денот на Голема Богородица, црквата го одбележува како сеќавање на смртта на Богородица, и според евангелиската традиција, денот кога таа вискреснала на небото и го предала својот дух во рацете на Спасителот.

Со оглед на тоа што Голема Богородица и претходи двонеделен пост, утре, верниците, особено жените, се причестуваат.

Во Македонија, се верува дека Богородица е заштитник на сите живи суштества, особено на родилките и мајките. Затоа, на овој ден, дамите не треба да прават ништо, туку да го посветат денот на почитувањето на Богородица.

За празникот Успение на Пресвета Богородица не е добро било што да се прави со рацете, или да се почне нов бизнис. До ден-денес треба да се завршат сите летни работи на терен, и дури од Мала Богородица треба да почне со нови, есенски работи.

Иконата на Пресвета Богородица треба да биде во домот на секој христијанин. Во некои делови на Македонија сè уште се верува дека бојата на оваа икона, ако се меша со вода на овој ден, може да излечи многу женски болести.

Исто така се верува дека билки и трева собрани на Голема Богородица имаат исклучително лековити својства. Се берат боровинки и лековити билки а се верува дека ќе донесат здравје и благосостојба на сите во домот.

Што се случило со Богородица после воскресението на Исус?

Преданието вели дека Богородица живеела 60. години, според некои извори 72., дека таа го надживеала својот син и како сведок на многу славни настани, ја продолжила неговата мисија. Библијата не дава сознанија за крајот на земниот живот на Богородица.

Според традицијата и списите, кои немаат световен карактер, се смета дека мајката Божја до крајот на својот живот, после смртта и воскресението Христово, живеела во Ерусалим, опкружена со вниманието на апостолите и првата христијанска заедница.

The post Гората ечи од зурли и тапани – Гари слави Голема Богородица! appeared first on Република.

]]>

Како и секоја година во мијачкото село Гари се одржа големата традиционална прослава на празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот познат и како Голема Богородица. Жителите на селото, голем број луѓе кои потекнуваат од тука, но и оние кои се дојдени во живо да бидат дел од оваа традиција, се собираат во ова живописно населено место и со музика, зурли и тапани се движат низ сокаците кон главната селска црква посветена токму на празникот - Успение на пресвета Богородица“. Во чест на празникот, девојките ги облекуваат своите најубави традиционални носии и се приклучуваат на поворката кон главната селска црква. Станува збор за православен храм изграден во 19 век. Црквата претставува правоаголна базилика, а се одликува со особено богат фрескоживопис, кој бил насликан од Дичо Зограф и неговата тајфа, богатиот иконостас изработен од гарците Марко, Јован и Петре Филиповски, како и иконите изработени од гарци. Оваа црква, како и во останатите мијачки села е оградена со бедем. Денот на Голема Богородица, црквата го одбележува како сеќавање на смртта на Богородица, и според евангелиската традиција, денот кога таа вискреснала на небото и го предала својот дух во рацете на Спасителот. Со оглед на тоа што Голема Богородица и претходи двонеделен пост, утре, верниците, особено жените, се причестуваат. Во Македонија, се верува дека Богородица е заштитник на сите живи суштества, особено на родилките и мајките. Затоа, на овој ден, дамите не треба да прават ништо, туку да го посветат денот на почитувањето на Богородица. За празникот Успение на Пресвета Богородица не е добро било што да се прави со рацете, или да се почне нов бизнис. До ден-денес треба да се завршат сите летни работи на терен, и дури од Мала Богородица треба да почне со нови, есенски работи. Иконата на Пресвета Богородица треба да биде во домот на секој христијанин. Во некои делови на Македонија сè уште се верува дека бојата на оваа икона, ако се меша со вода на овој ден, може да излечи многу женски болести. Исто така се верува дека билки и трева собрани на Голема Богородица имаат исклучително лековити својства. Се берат боровинки и лековити билки а се верува дека ќе донесат здравје и благосостојба на сите во домот.

Што се случило со Богородица после воскресението на Исус?

Преданието вели дека Богородица живеела 60. години, според некои извори 72., дека таа го надживеала својот син и како сведок на многу славни настани, ја продолжила неговата мисија. Библијата не дава сознанија за крајот на земниот живот на Богородица. Според традицијата и списите, кои немаат световен карактер, се смета дека мајката Божја до крајот на својот живот, после смртта и воскресението Христово, живеела во Ерусалим, опкружена со вниманието на апостолите и првата христијанска заедница.

The post Гората ечи од зурли и тапани – Гари слави Голема Богородица! appeared first on Република.

]]>
Сиљановска Давкова: Празнувањето на Успението на Пресвета Богородица, значи славење и почитување на традициите и на семејните вредности https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-praznuvaneto-na-uspenieto-na-presveta-bogoroditsa-znachi-slavene-i-pochituvane-na-traditsiite-i-na-semejnite-vrednosti/ Wed, 28 Aug 2024 07:01:40 +0000 https://republika.mk/?p=810740

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до г.г.Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима и до сите верници од православна вероисповед.

Дозволете ми, Вам лично, на членовите на Светиот архијерејски синод и на целото свештенство и монаштво, како и на сите верници од православна вероисповед, да Ви упатам најсрдечни честитки по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица. Најискрено Ви посакувам празникот да го поминете, пред сè, во добро здравје, во мир и спокој, исполнети со неизмерна радост и среќа, се вели во честитката.

Во честитката од Сиљановска Давкова се додава дека празнувањето на Успението на Пресвета Богородица, значи славење и почитување на традициите и на семејните вредности, и затоа со добри мисли и со љубов да им помагаме и да им даруваме на ближните.

Сите граѓани на Македонија, без разлика на родова, верска или етничка припадност се дел од едно семејство и затоа сложно и солидарно да го градиме нашиот заеднички дом, базирајќи го соживотот на меѓусебна почит, разбирање и добрина, порачува претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.

The post Сиљановска Давкова: Празнувањето на Успението на Пресвета Богородица, значи славење и почитување на традициите и на семејните вредности appeared first on Република.

Во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ сè е подготвено за празнувањата на Успението на Пресвета Богородица и денот на патронот https://arhiva3.republika.mk/zivot/vo-manastirot-sv-joakim-osogovski-se-e-podgotveno-za-praznuvanata-na-uspenieto-na-presveta-bogoroditsa-i-denot-na-patronot/ Tue, 27 Aug 2024 16:59:51 +0000 https://republika.mk/?p=810676

Свечено и во прекрасна духовна атмосфера течат последните подготовки за чествувањето на двата претстојни големи христијански празници што ќе се прославуваат и во храмовите на манастирскиот комплекс „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка.

Според информациите од митрополитот кумановско-осоговски, г. Григориј, со утрешната света божествена литургија во чест на празнувањето на Успението на Богомајката, ќе чиноначалствува архиепископот охридски и македонски, г.г.Стефан заедно со повеќе архијереи од Македонската православна црква-Охридска архиепископија и архијереи од сеседните православни цркви - бугарската и српската.

-Она што ќе следува по големата свечена литургија за верниот народ е поставувањето камен-темелник на некогашниот конак, најстариот конак што постоел во овој манастирски комплекс, конакот „Бини“ кој, според нашите податоци, е урнат во 18 век. Но не постојат детали или конкретни списи за тоа, така што ние со сопствени средства, без егзогени приходи, ќе извршиме обнова на овој конак. МПЦ-ОА, Кумановско-осоговска епархија има изработено проект за изградбата на конакот што ќе послужи за потребите на монашкиот живот во манастирот, изјави митрополитот г.Григориј.

Владиката Григориј рече дека како и секоја година, групи верници од разни краишта веќе интензивно  се сместуваат во манастирските конаци и се подготвуваат за чествувањето на празниците утре и задутре односно Успение на Пресвета Богородица и Свети Јоаким Осоговски - патронот светец на манастирот.

Во двата храма на манастирот, посветени на Богомајката Пресвета Богородица и свети Јоаким Осоговски, ќе се чествуваат 28 и 29 август, кога се очекува река верници од сите краишта од земјава и регионот да пристигнат и да се помолат на светителите.

The post Во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ сè е подготвено за празнувањата на Успението на Пресвета Богородица и денот на патронот appeared first on Република.

]]>

Свечено и во прекрасна духовна атмосфера течат последните подготовки за чествувањето на двата претстојни големи христијански празници што ќе се прославуваат и во храмовите на манастирскиот комплекс „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка. Според информациите од митрополитот кумановско-осоговски, г. Григориј, со утрешната света божествена литургија во чест на празнувањето на Успението на Богомајката, ќе чиноначалствува архиепископот охридски и македонски, г.г.Стефан заедно со повеќе архијереи од Македонската православна црква-Охридска архиепископија и архијереи од сеседните православни цркви - бугарската и српската.
-Она што ќе следува по големата свечена литургија за верниот народ е поставувањето камен-темелник на некогашниот конак, најстариот конак што постоел во овој манастирски комплекс, конакот „Бини“ кој, според нашите податоци, е урнат во 18 век. Но не постојат детали или конкретни списи за тоа, така што ние со сопствени средства, без егзогени приходи, ќе извршиме обнова на овој конак. МПЦ-ОА, Кумановско-осоговска епархија има изработено проект за изградбата на конакот што ќе послужи за потребите на монашкиот живот во манастирот, изјави митрополитот г.Григориј.
Владиката Григориј рече дека како и секоја година, групи верници од разни краишта веќе интензивно  се сместуваат во манастирските конаци и се подготвуваат за чествувањето на празниците утре и задутре односно Успение на Пресвета Богородица и Свети Јоаким Осоговски - патронот светец на манастирот. Во двата храма на манастирот, посветени на Богомајката Пресвета Богородица и свети Јоаким Осоговски, ќе се чествуваат 28 и 29 август, кога се очекува река верници од сите краишта од земјава и регионот да пристигнат и да се помолат на светителите.

The post Во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ сè е подготвено за празнувањата на Успението на Пресвета Богородица и денот на патронот appeared first on Република.

]]>
Манастирот во Матка се подготвува да ги пречека верниците и граѓаните на одбележувањето на Голема Богородица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/manastirot-vo-matka-se-podgotvuva-da-gi-precheka-vernitsite-i-graganite-na-odbelezhuvaneto-na-golema-bogoroditsa/ Sun, 25 Aug 2024 20:17:21 +0000 https://republika.mk/?p=810093

Со големи народни собири секоја година на 28 август се одбележува еден од најголемите христијански празници „Успение на Пресвета Богородица“ или „Голема Богородица“. Верниците на овој ден ги посетуваат најблиските цркви или манастири и се молат на мајката Богородица за здравје, среќа и благосостојба. Екипата на МИА го посети манастирот во Матка, каде деновиве се прават последните подготовки за одбележување на овој голем ден, кој воедно е нивниот патронен празник.

Манастирот Успение на Пресвета Богородица (познат и како Манастир Матка) се наоѓа веднаш на левиот брег на реката Треска, по браната на езерото Матка, на околу 17 километри од центарот на градот Скопје. Тој е активен манастир во кој постои женско монашко сестринство.

Сестрите во манастирот ги организираа последните подготовки за претстојниот празник, го чистеа дворот, ја подготвуваа летната кујна. Во манастирот можевме да забележиме дека доаѓаа верници кои доброволно се пријавиле да помогнат околку подготовките за празникот.

На 28 август манастирот секогаш е посетен од илјадници скопјани како на црковните служби посветени на Успението на пресвета Богородица, така и на големата општонародна веселба проследена со манастирска трпеза (гравче) и музика. Ова е традиција која што се одржува со години.

Сестрата Доротеа во изјава за МИА ни објасни дека манастирот датира од 1337 година, а фреските се од 1497 година. Како што посочи, за одржување на самиот манастир најмногу се грижи сестринството.

Манастирот датира од 1337 година, оваа градба што е сега. Фреските се од 1497 година. Имало тука ранохристијански храм од четврти до шести век, заклучно со шести век. За одржување на манастирот главно сестринството се грижи, имаме економија на самоодржливост, вели сестрата Доротеа.

Изработка на свештени одејанија, бројаници, лековити производи, природни масла и креми 

Она што е значајно е тоа што сестрите во овој манастир изработуваат бројаници, свештени одејанија, лековити производи, зимници, везени производи, оплеменети производи, приврзоци. Имаат и пчелни производи, создаваат природни масла и креми.

Изработуваме свештеници одежди, се што е потребно за опремување од платно, од везење за една црква. Изработуваме, цртаме кадилници, шолји, бројаници. Има повеќе работи кои ги создаваме, во нашата продавничка може да се види дека продаваме и ликери и креми. Од неодамна имаме и пчели. Немаме мед сега за продавање, но од тоа што го имаме од пчелите, ги правиме природните производи како масленца, креми, за толку имаме. Немаме мед за продавање, но имаме пчелни производи за производство на тие природни работи, додава сестрата Доротеа за МИА.

Сестринството денот го започнува во раните утрински зори со собирање на краток синаксис, на којшто се читаат кратки поуки од свети отци, како подготовка за келијното молитвено правило, се до започнувањето на дневните послушанија, при кои се изработуваат и манастирските производи. Сестрите за време на послушанијата го негуваат молчанието и постојаното кажување на Исусовата молитва.

Сите активности во манастирот редовно се објавуваат во дигитализирана форма

Инаку, сите производи кои се создаваат во манастирот и можат да се купат, се објавени и на нивната веб-страница, па заинтересираните купувачи можат да си нарачаат онлајн. Сите активности на сестрите во манастирот се презентирани и во дигитална форма на оваа нивна веб-страница. Во делот на одржување на веб-страницата задолжени се сестрите во соработка со стручните лица.

Одеждите и сите наши останати производи ги имаме на нашиот сајт. Заинтересираните купувачи порачуваат и преку сајтот, но и има и директно што доаѓаат во продавничката и во работилницата. Посетителите се заинтересирани и за одеждите. Ние шиеме и изработуваме за Македонската православна црква (МПЦ), за Македонците надвор од Македонија, како и за цела православна игумена. Се порачува и од странство. Сме шиеле за Грција, за Русија, за Финска, за Американската православна црква, за Финската православна црква, за Америка и Австралија, за нашите иселеници во Европа. Немаме големо производство, но сме изработувале за повеќе држави, вели сестрата Доротеа за МИА.

Како што појасни, инспирацијата за изработка на свештените одежди ја црпат од изворното наследство на нивната црква, најмногу од византиското сликарство. Таа додаде дека при самата изработка на помош доаѓаат неколку девојчиња од надвор, а на прашање колку време е потребно за да биде готова една изработка, рече дека тоа зависи од везот и од тоа за каква одежда станува збор.

Инспирацијата ја црпиме од изворното наследство на нашата црква, византиски најмногу, од византиското сликарство. Инволвирано е сестринството. Имаме уште неколку девојчиња што доаѓаат, што помагаат. Колку е потребно за да се изработи една одежда, тоа зависи од везот, зависи кои одежди ќе се работат. Да речеме ѓаконските одежди се со најмалку елементи, па свештеничките , па владичките. Зависи кои одежди, зависи од везот, од материјалот, појаснува сестра Доротеа.

На 27 август вечерна литургија и бдеење, на 28 август утринска литургија и општонародна веселба

Илјадници скопјани и жители од други делови на земјата, христијани, но и муслимани   доаѓаат во манастирот да се помолат за здравје пред Мајката Божја.

Литургијата по повод празникот Успение на Пресвета Богородица е на 28 август во 8:30 часот а со неа ќе чиноначалствува поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан. Претходниот ден на 27 август во 18: 30 часот ќе се одржи вечерната служба, а пред полноќ ќе започне сеноќното бдеење.

Активностите се тие. Вечерната служба почнува во 18:30 часот . Имаме бдение на 27-ми август од 23:30 часот. На 28-ми август имаме литургија од 8:30 часот, а ќе има подготвена и храна за сите гости што ќе дојдат, додава сестра Доротеа.

Манастирот, како што вели, е посетен и од млади луѓе. Има редовни посетители континуирано, а се зголемува и бројот на луѓе кои што доаѓаат на литургија.

Во манастирот доаѓаат и млади луѓе, а се зголемува бројот на луѓе кои што доаѓаат на литургија. Редовни посетители има континуирано. Манастирот не е толку посетен како што е посетена Матка, нема толку гужви, но сепак континуирано има заинтересирани кои доаѓаат, додава сестра Доротеа.

Како и секоја, така и оваа година патронен празник на манастирот, меѓу народот познат како „ Голема Богородица“, се одбележува и со организирање на општонародна веселба проследена со манастирска трпеза (гравче) и музика, која ја посетуваат илјадници граѓани.

Како и секоја година манастирот продолжува со славата, со традицијата, славата на Пресвета Богородица, знаејќи дека Пресвета Богородица е од исклучително значење, не само за нашиот манастирот, туку за целиот свет. Можам да кажам дека ликот на Пресвета Богородица е од исклучително значење не само за нашиот манастир, не само за нашата држава, туку за целиот свет, за сите што ќе ја побараат, вели за МИА сестра Доротеа.

Овој собир има и хуманитарен карактер, бидејќи исто така традиционално во дворот на манастирот секоја година се одржува и крводарителска акција.

The post Манастирот во Матка се подготвува да ги пречека верниците и граѓаните на одбележувањето на Голема Богородица appeared first on Република.

]]>

Со големи народни собири секоја година на 28 август се одбележува еден од најголемите христијански празници „Успение на Пресвета Богородица“ или „Голема Богородица“. Верниците на овој ден ги посетуваат најблиските цркви или манастири и се молат на мајката Богородица за здравје, среќа и благосостојба. Екипата на МИА го посети манастирот во Матка, каде деновиве се прават последните подготовки за одбележување на овој голем ден, кој воедно е нивниот патронен празник. Манастирот Успение на Пресвета Богородица (познат и како Манастир Матка) се наоѓа веднаш на левиот брег на реката Треска, по браната на езерото Матка, на околу 17 километри од центарот на градот Скопје. Тој е активен манастир во кој постои женско монашко сестринство. Сестрите во манастирот ги организираа последните подготовки за претстојниот празник, го чистеа дворот, ја подготвуваа летната кујна. Во манастирот можевме да забележиме дека доаѓаа верници кои доброволно се пријавиле да помогнат околку подготовките за празникот. На 28 август манастирот секогаш е посетен од илјадници скопјани како на црковните служби посветени на Успението на пресвета Богородица, така и на големата општонародна веселба проследена со манастирска трпеза (гравче) и музика. Ова е традиција која што се одржува со години. Сестрата Доротеа во изјава за МИА ни објасни дека манастирот датира од 1337 година, а фреските се од 1497 година. Како што посочи, за одржување на самиот манастир најмногу се грижи сестринството.
Манастирот датира од 1337 година, оваа градба што е сега. Фреските се од 1497 година. Имало тука ранохристијански храм од четврти до шести век, заклучно со шести век. За одржување на манастирот главно сестринството се грижи, имаме економија на самоодржливост, вели сестрата Доротеа.

Изработка на свештени одејанија, бројаници, лековити производи, природни масла и креми 

Она што е значајно е тоа што сестрите во овој манастир изработуваат бројаници, свештени одејанија, лековити производи, зимници, везени производи, оплеменети производи, приврзоци. Имаат и пчелни производи, создаваат природни масла и креми.
Изработуваме свештеници одежди, се што е потребно за опремување од платно, од везење за една црква. Изработуваме, цртаме кадилници, шолји, бројаници. Има повеќе работи кои ги создаваме, во нашата продавничка може да се види дека продаваме и ликери и креми. Од неодамна имаме и пчели. Немаме мед сега за продавање, но од тоа што го имаме од пчелите, ги правиме природните производи како масленца, креми, за толку имаме. Немаме мед за продавање, но имаме пчелни производи за производство на тие природни работи, додава сестрата Доротеа за МИА.
Сестринството денот го започнува во раните утрински зори со собирање на краток синаксис, на којшто се читаат кратки поуки од свети отци, како подготовка за келијното молитвено правило, се до започнувањето на дневните послушанија, при кои се изработуваат и манастирските производи. Сестрите за време на послушанијата го негуваат молчанието и постојаното кажување на Исусовата молитва.

Сите активности во манастирот редовно се објавуваат во дигитализирана форма

Инаку, сите производи кои се создаваат во манастирот и можат да се купат, се објавени и на нивната веб-страница, па заинтересираните купувачи можат да си нарачаат онлајн. Сите активности на сестрите во манастирот се презентирани и во дигитална форма на оваа нивна веб-страница. Во делот на одржување на веб-страницата задолжени се сестрите во соработка со стручните лица.
Одеждите и сите наши останати производи ги имаме на нашиот сајт. Заинтересираните купувачи порачуваат и преку сајтот, но и има и директно што доаѓаат во продавничката и во работилницата. Посетителите се заинтересирани и за одеждите. Ние шиеме и изработуваме за Македонската православна црква (МПЦ), за Македонците надвор од Македонија, како и за цела православна игумена. Се порачува и од странство. Сме шиеле за Грција, за Русија, за Финска, за Американската православна црква, за Финската православна црква, за Америка и Австралија, за нашите иселеници во Европа. Немаме големо производство, но сме изработувале за повеќе држави, вели сестрата Доротеа за МИА.
Како што појасни, инспирацијата за изработка на свештените одежди ја црпат од изворното наследство на нивната црква, најмногу од византиското сликарство. Таа додаде дека при самата изработка на помош доаѓаат неколку девојчиња од надвор, а на прашање колку време е потребно за да биде готова една изработка, рече дека тоа зависи од везот и од тоа за каква одежда станува збор.
Инспирацијата ја црпиме од изворното наследство на нашата црква, византиски најмногу, од византиското сликарство. Инволвирано е сестринството. Имаме уште неколку девојчиња што доаѓаат, што помагаат. Колку е потребно за да се изработи една одежда, тоа зависи од везот, зависи кои одежди ќе се работат. Да речеме ѓаконските одежди се со најмалку елементи, па свештеничките , па владичките. Зависи кои одежди, зависи од везот, од материјалот, појаснува сестра Доротеа.

На 27 август вечерна литургија и бдеење, на 28 август утринска литургија и општонародна веселба

Илјадници скопјани и жители од други делови на земјата, христијани, но и муслимани   доаѓаат во манастирот да се помолат за здравје пред Мајката Божја. Литургијата по повод празникот Успение на Пресвета Богородица е на 28 август во 8:30 часот а со неа ќе чиноначалствува поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан. Претходниот ден на 27 август во 18: 30 часот ќе се одржи вечерната служба, а пред полноќ ќе започне сеноќното бдеење.
Активностите се тие. Вечерната служба почнува во 18:30 часот . Имаме бдение на 27-ми август од 23:30 часот. На 28-ми август имаме литургија од 8:30 часот, а ќе има подготвена и храна за сите гости што ќе дојдат, додава сестра Доротеа.
Манастирот, како што вели, е посетен и од млади луѓе. Има редовни посетители континуирано, а се зголемува и бројот на луѓе кои што доаѓаат на литургија.
Во манастирот доаѓаат и млади луѓе, а се зголемува бројот на луѓе кои што доаѓаат на литургија. Редовни посетители има континуирано. Манастирот не е толку посетен како што е посетена Матка, нема толку гужви, но сепак континуирано има заинтересирани кои доаѓаат, додава сестра Доротеа.
Како и секоја, така и оваа година патронен празник на манастирот, меѓу народот познат како „ Голема Богородица“, се одбележува и со организирање на општонародна веселба проследена со манастирска трпеза (гравче) и музика, која ја посетуваат илјадници граѓани.
Како и секоја година манастирот продолжува со славата, со традицијата, славата на Пресвета Богородица, знаејќи дека Пресвета Богородица е од исклучително значење, не само за нашиот манастирот, туку за целиот свет. Можам да кажам дека ликот на Пресвета Богородица е од исклучително значење не само за нашиот манастир, не само за нашата држава, туку за целиот свет, за сите што ќе ја побараат, вели за МИА сестра Доротеа.
Овој собир има и хуманитарен карактер, бидејќи исто така традиционално во дворот на манастирот секоја година се одржува и крводарителска акција.

The post Манастирот во Матка се подготвува да ги пречека верниците и граѓаните на одбележувањето на Голема Богородица appeared first on Република.

]]>
Празнични богослужби во манастирот во Матка за Успение на Пресвета Богородица https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/praznichni-bogosluzhbi-vo-manastirot-vo-matka-za-uspenie-na-presveta-bogoroditsa/ Wed, 21 Aug 2024 07:07:33 +0000 https://republika.mk/?p=808502

Во пресрет на одбележувањето на православниот празник Успение на Пресвета Богородица кај народот познат како Голема Богородица, во манастирот во Матка, кај Скопје во вторник на 27 август ќе се одржи вечерна богослужба и полноќно бдение.

На денот на празникот 28 август, во утринските часови во манастирот ќе се одржи Света божествена литургија со која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски Г.г. Стефан.

Традиционално во дворот на манастирот на празникот по богослужбата ќе се одржи крводарителска акција.

The post Празнични богослужби во манастирот во Матка за Успение на Пресвета Богородица appeared first on Република.

]]>

Во пресрет на одбележувањето на православниот празник Успение на Пресвета Богородица кај народот познат како Голема Богородица, во манастирот во Матка, кај Скопје во вторник на 27 август ќе се одржи вечерна богослужба и полноќно бдение. На денот на празникот 28 август, во утринските часови во манастирот ќе се одржи Света божествена литургија со која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски Г.г. Стефан. Традиционално во дворот на манастирот на празникот по богослужбата ќе се одржи крводарителска акција.

The post Празнични богослужби во манастирот во Матка за Успение на Пресвета Богородица appeared first on Република.

]]>
Само со љубов и храброст какви што ги гледаме во ликот на Божјата мајка, може да чекориме низ животот, вели Пендаровски по повод Успение на Пресвета Богородица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/samo-so-lubov-i-hrabrost-kakvi-shto-gi-gledame-vo-likot-na-bozhjata-majka-mozhe-da-chekorime-niz-zhivotot-veli-pendarovski-po-povod-uspenie-na-presveta-bogoroditsa/ Mon, 28 Aug 2023 07:23:12 +0000 https://republika.mk/?p=676511

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниана Прима Г.Г.Стефан и до сите верници од православна вероисповед во Република Македонија.

„Дозволете ми Вам лично, на членовите на Светиот архиерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, како и на сите православни верници, да ви го честитам големиот христијански празник, Успение на Пресвета Богородица.

Чествувајќи го еден од најблагородните и највозвишените празници, Успение на Пресвета Богородица, преку кој се испраќаат суштински пораки од искона па сѐ до нашето совремие, важно е да се потсетиме дека Пресвета Богородица, Божјата мајка е парадигма за сето она по кое што безмерно трага современиот човек: сострадалност, грижа, храброст, стоичност, емпатија, љубов.

Овој голем празник исто така ни покажува и дека секое искушение треба да го понесеме заеднички и поединечно во смирение.

Честитајќи го празникот Успение на Пресвета Богородица посакувам да се потсетиме дека само со љубов и храброст какви што ги гледаме во ликот на Божјата мајка, може да чекориме низ животот. За многу години празникот.”

The post Само со љубов и храброст какви што ги гледаме во ликот на Божјата мајка, може да чекориме низ животот, вели Пендаровски по повод Успение на Пресвета Богородица appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниана Прима Г.Г.Стефан и до сите верници од православна вероисповед во Република Македонија.
„Дозволете ми Вам лично, на членовите на Светиот архиерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, како и на сите православни верници, да ви го честитам големиот христијански празник, Успение на Пресвета Богородица. Чествувајќи го еден од најблагородните и највозвишените празници, Успение на Пресвета Богородица, преку кој се испраќаат суштински пораки од искона па сѐ до нашето совремие, важно е да се потсетиме дека Пресвета Богородица, Божјата мајка е парадигма за сето она по кое што безмерно трага современиот човек: сострадалност, грижа, храброст, стоичност, емпатија, љубов. Овој голем празник исто така ни покажува и дека секое искушение треба да го понесеме заеднички и поединечно во смирение.
Честитајќи го празникот Успение на Пресвета Богородица посакувам да се потсетиме дека само со љубов и храброст какви што ги гледаме во ликот на Божјата мајка, може да чекориме низ животот. За многу години празникот.”  

The post Само со љубов и храброст какви што ги гледаме во ликот на Божјата мајка, може да чекориме низ животот, вели Пендаровски по повод Успение на Пресвета Богородица appeared first on Република.

]]>
Македонското друштво од Тирана – „Илинден“ испрати честитка по повод Голема Богородица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonskoto-drushtvo-od-tirana-ilinden-isprati-chestitka-po-povod-golema-bogoroditsa/ Sun, 27 Aug 2023 20:21:22 +0000 https://republika.mk/?p=676494

Во пресрет на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, македонското друштво „Илинден“- Тирана упати честитка до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите Македонци од православна вероисповед во Албанија и до сите Македонци каде и да се во светот.

Во честитката се наведува дека празнувањето на успението на Богородица значи празнување и почитување на семејството и семејните вредности, на разбирањето и љубовта кон ближните и подготвеноста за надминување на искушенијата.

Ваше Блаженство, дозволете ни, Вам лично, на сите Македонци каде и да се во светот, на членовите на Светиот архијерејски синод, да Ви упатиме искрени честитки по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица. Празнувањето на Успението на Мајката Божја значи празнување и почитување на семејството и семејните вредности, на разбирањето и љубовта кон ближните и подготвеноста за надминување на искушенијата.

На овој голем празник,со силата на светото име на мајката Божја во нашите молитви да се помолиме за здравје, љубов и благодет кои ќе донесат мир во нашите семејства и во целиот свет, стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај.

Инаку, според традицијата негувана со векови голем собир ќе се одржи во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богордица“, во селото Церје, Мала Преспа, каде се очекува да присуствуваат сегашни и поранешни жители од ова област.

Голем број македонски семејства низ Албанија денот го одбележуваат како домашна слава.

The post Македонското друштво од Тирана – „Илинден“ испрати честитка по повод Голема Богородица appeared first on Република.

]]>

Во пресрет на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, македонското друштво „Илинден“- Тирана упати честитка до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите Македонци од православна вероисповед во Албанија и до сите Македонци каде и да се во светот. Во честитката се наведува дека празнувањето на успението на Богородица значи празнување и почитување на семејството и семејните вредности, на разбирањето и љубовта кон ближните и подготвеноста за надминување на искушенијата.
Ваше Блаженство, дозволете ни, Вам лично, на сите Македонци каде и да се во светот, на членовите на Светиот архијерејски синод, да Ви упатиме искрени честитки по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица. Празнувањето на Успението на Мајката Божја значи празнување и почитување на семејството и семејните вредности, на разбирањето и љубовта кон ближните и подготвеноста за надминување на искушенијата.   На овој голем празник,со силата на светото име на мајката Божја во нашите молитви да се помолиме за здравје, љубов и благодет кои ќе донесат мир во нашите семејства и во целиот свет, стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај.
Инаку, според традицијата негувана со векови голем собир ќе се одржи во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богордица“, во селото Церје, Мала Преспа, каде се очекува да присуствуваат сегашни и поранешни жители од ова област. Голем број македонски семејства низ Албанија денот го одбележуваат како домашна слава.

The post Македонското друштво од Тирана – „Илинден“ испрати честитка по повод Голема Богородица appeared first on Република.

]]>
Продолжува традицијата на одбележување на празникот Цветници во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prodolzhuva-traditsijata-na-odbelezhuvane-na-praznikot-tsvetnitsi-vo-tsrkvata-uspenie-na-presveta-bogoroditsa-vo-debar/ Thu, 06 Apr 2023 14:12:54 +0000 https://republika.mk/?p=628041

Православните жоители на Дебар, иако се помалку по број, ги негуваат традициите наследени од нивните предци, поддржани од Свештената Бигорска Обител. Така ќе биде и за празникот Цветници, кој традиционално се одбележува во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ која се наоѓа во горниот дел на градот.

Порано, овој божји храм беше преполн вечерта спроти и на денот Цветници. И сеге се очекува поголемо присуство и на дебрани кои сега живеат во други градови во земјава, како и Македонци од пограничните албански села.

Во недела, 9 април, со почеток во 8:30 часот во сечесниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар ќе биде отслужена Божествена Архиерејска литургија, со која ќе чиноначалствува Неговото Преосвештенство, епископот Антаниски г. Партениј, информираше Миле Ангеловски, намесник на дебарската парохија.

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во населбата Варош, изградена е во 1840 година и е една од најубавите преродбенски цркви во Македонија. Порано била главен соборен храм на Дебарското архиерејско намесништво и била седиште на Дебарската митрополија. Потврда за тоа е и фактот што и ден денес просторот до црквата дебрани го нарекуваат митрополија.

Според формата, таа претставува трикорабна базилика, насликана со ѕиден живопис и иконостас со прекрасни икони од XIX век.

Неодамна, врз храмот беа изведени обемни конзерваторски и реставраторски работи, со што беше заштитен неговиот покрив од прокиснување, беа санирани извесни оштетувања во внатрешноста и исто така, од страна на Бигорското братство беше извршено целосно расчистување на црквата.

Целта на претстојното богослужение е, меѓу другото, да ѝ направиме чест на Пресветата Владичица наша Богородица, заради оваа нејзина црква-паметник со големо историско и духовно значење. Благослов да присуствуваат на богослужбите имаат сите оние кои молитвено сакаат да го прослават големиот празник, подготвувајќи се за Страдалната седмица на нашиот возљубен Христос, велат од Бигорски.

Оттаму додаваат дека со благослов на владиката Партениј верниците ќе може да присуствуваат и на литургиите и бдението во Бигорски манастир во сабота на 8 април.

Откако ја завршивме душеполезната Четириесетница, Бигорската свештена Обител ги поканува верниците заедно да го прославиме Лазаревото Воскресение, како најава за светлото и славно Христово Воскресение, и Влегувањето на Господа Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на Живото над смртта, додаваат од манастирот.

По тој повод на Лазарева сабота во 6:30 часот ќе се одржат Утрена и Златоустова Литургија, додека истиот ден, вечерта со почеток во 19 часот ќе се отслужи бдение во чест на празникот Цветници.

The post Продолжува традицијата на одбележување на празникот Цветници во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар appeared first on Република.

]]>

Православните жоители на Дебар, иако се помалку по број, ги негуваат традициите наследени од нивните предци, поддржани од Свештената Бигорска Обител. Така ќе биде и за празникот Цветници, кој традиционално се одбележува во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ која се наоѓа во горниот дел на градот. Порано, овој божји храм беше преполн вечерта спроти и на денот Цветници. И сеге се очекува поголемо присуство и на дебрани кои сега живеат во други градови во земјава, како и Македонци од пограничните албански села.
Во недела, 9 април, со почеток во 8:30 часот во сечесниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар ќе биде отслужена Божествена Архиерејска литургија, со која ќе чиноначалствува Неговото Преосвештенство, епископот Антаниски г. Партениј, информираше Миле Ангеловски, намесник на дебарската парохија.
Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во населбата Варош, изградена е во 1840 година и е една од најубавите преродбенски цркви во Македонија. Порано била главен соборен храм на Дебарското архиерејско намесништво и била седиште на Дебарската митрополија. Потврда за тоа е и фактот што и ден денес просторот до црквата дебрани го нарекуваат митрополија. Според формата, таа претставува трикорабна базилика, насликана со ѕиден живопис и иконостас со прекрасни икони од XIX век. Неодамна, врз храмот беа изведени обемни конзерваторски и реставраторски работи, со што беше заштитен неговиот покрив од прокиснување, беа санирани извесни оштетувања во внатрешноста и исто така, од страна на Бигорското братство беше извршено целосно расчистување на црквата.
Целта на претстојното богослужение е, меѓу другото, да ѝ направиме чест на Пресветата Владичица наша Богородица, заради оваа нејзина црква-паметник со големо историско и духовно значење. Благослов да присуствуваат на богослужбите имаат сите оние кои молитвено сакаат да го прослават големиот празник, подготвувајќи се за Страдалната седмица на нашиот возљубен Христос, велат од Бигорски.
Оттаму додаваат дека со благослов на владиката Партениј верниците ќе може да присуствуваат и на литургиите и бдението во Бигорски манастир во сабота на 8 април.
Откако ја завршивме душеполезната Четириесетница, Бигорската свештена Обител ги поканува верниците заедно да го прославиме Лазаревото Воскресение, како најава за светлото и славно Христово Воскресение, и Влегувањето на Господа Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на Живото над смртта, додаваат од манастирот.
По тој повод на Лазарева сабота во 6:30 часот ќе се одржат Утрена и Златоустова Литургија, додека истиот ден, вечерта со почеток во 19 часот ќе се отслужи бдение во чест на празникот Цветници.

The post Продолжува традицијата на одбележување на празникот Цветници во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар appeared first on Република.

]]>
Груевски посака силна верба во Бога, спокојство на душата и почит на децата кон родителите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gruevski-posaka-silna-verba-vo-boga-spokojstvo-na-dushata-i-pochit-na-decata-kon-roditelite/ Sun, 28 Aug 2022 15:27:42 +0000 https://republika.mk/?p=544980

Поранешниот премиер Никола Груевски им го честита големиот христијански празник Успение на пресвета Богородица на сите христијански верници. Присеќајќи се на одлуката овој голем празник да влезе во календарот неработни верски празници, Гуруевски посака повеќе здравје, силна верба во Бога, спокојство на душата и многу поголема меѓусебна почит а особено почит на децата кон родителите.

Денес е големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица или познат и како Голема Богородица, кој е еден од 12-те најважни датуми во црковниот календар. Овој празник е поврзан со крајот на земниот живот на Дева Марија и нејзиното повторно обединување со Исус Христос на небото.
Според Светото Писмо, по Воскресението Господово, Богородица останала под грижата на апостол Јован Богослов, на кого Исус му оставил аманет да се грижи за неа. Дева Марија остатокот од својот земен живот го поминала во Ерусалим проповедајќи го христијанството.
Еден ден, на ист начин како што била информирана дека ќе зачне и ќе го роди синот Божји, архангелот Гаврил ѝ се јавил на Марија со небесна гранка од урма во рацете и рекол дека за три дена нејзиниот земен живот ќе заврши. Таа била воодушевена од оваа вест, бидејќи сфатила дека може да се сретне со својот син. Христијаните почнале да доаѓаат во Ерусалим, апостолите се вратиле од различни делови на светот.
Тоа се случило во 30. година од првиот век. Преданието вели дека Богородица живеела 60 години, според некои извори 72, го надживеала својот син и таа е сведок на многу познати настани и ја продолжила неговата мисија.
По смртта на Дева Марија, учениците Христови го ставиле нејзиното тело во ковчег, кој го погребале во Гетсиманија, сместен во пештера, блокирајќи го влезот со камен. На настанот биле присутни сите, освен апостол Тома.
На третиот ден, кога Тома пристигнал на Елеонската Гора, посакал да го види ковчегот за да се прости од Богородица. Меѓутоа, кога влегле во пештерата, апостолите нашле празен гроб. Истата вечер, Богородица им се јавила на апостолите опкружена со ангели и им рекла дека секогаш ќе биде со нив.
Титулата Богородица значи „Мајка Божја“, и била усвоена на Третиот вселенски собор во Ефес (431 година). Во православието и католицизмот таа е најпочитуваната светица, а во исламот е една од трите совршени жени.
На првиот Велигден Христос воскресна. И денес е втор Велигден, Велигден на Пресвета Богородица, која со своето тело се вознесе на небото“. Тоа е едно од големите чуда од тој период, кое е и историски факт.
По распнувањето, воскресението и вознесението на Исус Христос, неговата мајка Дева Марија остатокот од својот земен живот го поминала во Ерусалим проповедајќи го христијанството.
Но, на 28 август, дојде денот кога таа премина во Царството Небесно. Како што погоре стои, според библиските преданија, еден ден за време на молитвата, Богородица го видела архангелот Гаврил, кој еднаш ја известил за веста дека ќе стане мајка на Исус.
Овој пат тој и соопштил дека за три дена нејзината душа ќе го напушти нејзиното тело. Во тоа време, Пресвета Богородица успеала да се прости од своите роднини и ученици Христови, а потоа во нивно присуство повторно се соединила со Бога. Ова ѝ даде вечно небесно постоење.
Оттука и името на празникот Успение на Пресвета Богородица - тивката, мирна смрт на Богородица.
Кога во 2007. година одлучив на Владата да и предложам промени и проширување на празниците во Македонија, на претходни консултации за делот на христијанските празници го поканив архиепископот на МПЦ-ОА г.г.Стефан. Во тој разговор и консултации се утврди мојот конечен предлог кој подоцна беше подржан од владата и парламентот, па од тогаш денешниот празник е празник и неработен ден за сите христијани во Македонија.
На сите православни христијани им го честитам празникот и посакувам повеќе здравје, силна верба во Бога, спокојство на душата и многу поголема меѓусебна почит а особено почит на децата кон родителите.

The post Груевски посака силна верба во Бога, спокојство на душата и почит на децата кон родителите appeared first on Република.

]]>

Поранешниот премиер Никола Груевски им го честита големиот христијански празник Успение на пресвета Богородица на сите христијански верници. Присеќајќи се на одлуката овој голем празник да влезе во календарот неработни верски празници, Гуруевски посака повеќе здравје, силна верба во Бога, спокојство на душата и многу поголема меѓусебна почит а особено почит на децата кон родителите. Денес е големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица или познат и како Голема Богородица, кој е еден од 12-те најважни датуми во црковниот календар. Овој празник е поврзан со крајот на земниот живот на Дева Марија и нејзиното повторно обединување со Исус Христос на небото. Според Светото Писмо, по Воскресението Господово, Богородица останала под грижата на апостол Јован Богослов, на кого Исус му оставил аманет да се грижи за неа. Дева Марија остатокот од својот земен живот го поминала во Ерусалим проповедајќи го христијанството. Еден ден, на ист начин како што била информирана дека ќе зачне и ќе го роди синот Божји, архангелот Гаврил ѝ се јавил на Марија со небесна гранка од урма во рацете и рекол дека за три дена нејзиниот земен живот ќе заврши. Таа била воодушевена од оваа вест, бидејќи сфатила дека може да се сретне со својот син. Христијаните почнале да доаѓаат во Ерусалим, апостолите се вратиле од различни делови на светот. Тоа се случило во 30. година од првиот век. Преданието вели дека Богородица живеела 60 години, според некои извори 72, го надживеала својот син и таа е сведок на многу познати настани и ја продолжила неговата мисија. По смртта на Дева Марија, учениците Христови го ставиле нејзиното тело во ковчег, кој го погребале во Гетсиманија, сместен во пештера, блокирајќи го влезот со камен. На настанот биле присутни сите, освен апостол Тома. На третиот ден, кога Тома пристигнал на Елеонската Гора, посакал да го види ковчегот за да се прости од Богородица. Меѓутоа, кога влегле во пештерата, апостолите нашле празен гроб. Истата вечер, Богородица им се јавила на апостолите опкружена со ангели и им рекла дека секогаш ќе биде со нив. Титулата Богородица значи „Мајка Божја“, и била усвоена на Третиот вселенски собор во Ефес (431 година). Во православието и католицизмот таа е најпочитуваната светица, а во исламот е една од трите совршени жени. На првиот Велигден Христос воскресна. И денес е втор Велигден, Велигден на Пресвета Богородица, која со своето тело се вознесе на небото“. Тоа е едно од големите чуда од тој период, кое е и историски факт. По распнувањето, воскресението и вознесението на Исус Христос, неговата мајка Дева Марија остатокот од својот земен живот го поминала во Ерусалим проповедајќи го христијанството. Но, на 28 август, дојде денот кога таа премина во Царството Небесно. Како што погоре стои, според библиските преданија, еден ден за време на молитвата, Богородица го видела архангелот Гаврил, кој еднаш ја известил за веста дека ќе стане мајка на Исус. Овој пат тој и соопштил дека за три дена нејзината душа ќе го напушти нејзиното тело. Во тоа време, Пресвета Богородица успеала да се прости од своите роднини и ученици Христови, а потоа во нивно присуство повторно се соединила со Бога. Ова ѝ даде вечно небесно постоење. Оттука и името на празникот Успение на Пресвета Богородица - тивката, мирна смрт на Богородица. Кога во 2007. година одлучив на Владата да и предложам промени и проширување на празниците во Македонија, на претходни консултации за делот на христијанските празници го поканив архиепископот на МПЦ-ОА г.г.Стефан. Во тој разговор и консултации се утврди мојот конечен предлог кој подоцна беше подржан од владата и парламентот, па од тогаш денешниот празник е празник и неработен ден за сите христијани во Македонија. На сите православни христијани им го честитам празникот и посакувам повеќе здравје, силна верба во Бога, спокојство на душата и многу поголема меѓусебна почит а особено почит на децата кон родителите.

The post Груевски посака силна верба во Бога, спокојство на душата и почит на децата кон родителите appeared first on Република.

]]>
Манастирот во Матка се подготовува за прослава на Голема Богородица https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/manastirot-vo-matka-se-podgotovuva-za-proslava-na-golema-bogorodica/ Thu, 25 Aug 2022 08:37:49 +0000 https://republika.mk/?p=543877

Во недела на 28 август православните христијани го одбележуваат празникот Успение на Пресвета Богородица во народот познат како Голема Богородица. Во манастирот Успение на Пресвета Богородица во Матка, крај Скопје, одбележувањето на празникот започнува во сабота попладне, а во недела во утринските часови ќе се одржи литургија со која ќе чиноначалствува неговото блаженство архиепископот на МПЦ-ОА г.г. Стефан.

Во предвечерието на празникот, во сабота на 27 август во 17:30 часот ќе се одржи вечерна богослужба, а на полноќ ќе започне сеноќното бдение.

На денот на празникот на 28 август, Светата Божествена литургија ќе започне во 8 и 30 часот, а со неа ќе чиноначалствува поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан.

Возљубени во Христа, Ве покануваме на Богослужбите во чест на Успението на Пресвета Богородица.

Ќе ни биде драго заедно со Вас, да и укажеме почит и благодарност на нашата Мајка и заштитничка Пресвета Богородица, која вистински не закрилува нас сите и заеднички достојно да го прославиме Нејзиното Успение - е пораката што ја упати сестринството од Манастирот.

И оваа година во дворот на манастирот, традиционално, ќе се одржи крводарителска акција.

Сестринството упатува апел до граѓаните и верниците, кои за време на празничните денови во голем број доаѓаат во манастирот, да ги почитуваат препораките за заштита од Ковид-19: да се одржува физичко растојание од 1.5 метар или задолжително да се носи маска, да се врши дезинфекција на рацете при влез и за време на престојот во манастирот.

The post Манастирот во Матка се подготовува за прослава на Голема Богородица appeared first on Република.

]]>

Во недела на 28 август православните христијани го одбележуваат празникот Успение на Пресвета Богородица во народот познат како Голема Богородица. Во манастирот Успение на Пресвета Богородица во Матка, крај Скопје, одбележувањето на празникот започнува во сабота попладне, а во недела во утринските часови ќе се одржи литургија со која ќе чиноначалствува неговото блаженство архиепископот на МПЦ-ОА г.г. Стефан. Во предвечерието на празникот, во сабота на 27 август во 17:30 часот ќе се одржи вечерна богослужба, а на полноќ ќе започне сеноќното бдение. На денот на празникот на 28 август, Светата Божествена литургија ќе започне во 8 и 30 часот, а со неа ќе чиноначалствува поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан.
Возљубени во Христа, Ве покануваме на Богослужбите во чест на Успението на Пресвета Богородица.   Ќе ни биде драго заедно со Вас, да и укажеме почит и благодарност на нашата Мајка и заштитничка Пресвета Богородица, која вистински не закрилува нас сите и заеднички достојно да го прославиме Нејзиното Успение - е пораката што ја упати сестринството од Манастирот.
И оваа година во дворот на манастирот, традиционално, ќе се одржи крводарителска акција. Сестринството упатува апел до граѓаните и верниците, кои за време на празничните денови во голем број доаѓаат во манастирот, да ги почитуваат препораките за заштита од Ковид-19: да се одржува физичко растојание од 1.5 метар или задолжително да се носи маска, да се врши дезинфекција на рацете при влез и за време на престојот во манастирот.

The post Манастирот во Матка се подготовува за прослава на Голема Богородица appeared first on Република.

]]>
Почнува Богородичниот пост https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/pochnuva-bogorodichniot-post-2/ Sun, 14 Aug 2022 07:23:21 +0000 https://republika.mk/?p=540098

За православните христијански верници денеска почнува двонеделниот Богородичен пост, кој е посветен на Успението на Пресвета Богородица.

Овој пост е востановен во молитвено сеќавање на Пресвета Богородица, а со цел во периодот на неговото времетраење уште поинтензивно да се изискува молитвеното застапништво од Пресветата Богомајка.

По својата временска должина тоа е најкраткиот од четирите годишни пости и трае 15 дена, односно секоја година започнува на денот на прославувањето на светите седум макавејци (1/14 август), а завршува на благденот Успение на Пресвета Богородица (15/28 август).

Сигурни сведоштва за оформувањето на Богородичниот пост најнапред наоѓаме во списите на Теодор Студит (IX век), а тој е конечно утврден од Светата Црква на Цариградскиот собор во 1166 година, иако верните уште многу векови порано пребивале во пост исчекувајќи го денот посветен на Успението на Богородица.

И покрај постоењето на ориентирни правила во однос на позволените и забранети продукти за исхрана, никогаш не смее да се заборави дека сржта на православната антропологија е во тоа дека од човекот не треба да се стори проста маса, туку секој е и треба да остане конкретна личност, Оттаму, „строгоста“ на личното применување на физичката страна на постот зависи од личносниот совет од духовниот отец кон своето духовно чедо.

Константата, пак, која треба да се следи во секој повеќедневен пост, а која никако не се „разблажнува“ е духовната страна на постењето. Духовниот пост секогаш подразбира одрекување од сите облици на грешни и зли мисли, желби и дела, додека телесниот пост е само неопходно помошно средство за успешна духовна борба против страстите.

Денот на празнувањето на Успението на Пресвета Богородица, 28 август, е неработен за граѓаните од православна исповед во земјава

The post Почнува Богородичниот пост appeared first on Република.

]]>

За православните христијански верници денеска почнува двонеделниот Богородичен пост, кој е посветен на Успението на Пресвета Богородица. Овој пост е востановен во молитвено сеќавање на Пресвета Богородица, а со цел во периодот на неговото времетраење уште поинтензивно да се изискува молитвеното застапништво од Пресветата Богомајка. По својата временска должина тоа е најкраткиот од четирите годишни пости и трае 15 дена, односно секоја година започнува на денот на прославувањето на светите седум макавејци (1/14 август), а завршува на благденот Успение на Пресвета Богородица (15/28 август). Сигурни сведоштва за оформувањето на Богородичниот пост најнапред наоѓаме во списите на Теодор Студит (IX век), а тој е конечно утврден од Светата Црква на Цариградскиот собор во 1166 година, иако верните уште многу векови порано пребивале во пост исчекувајќи го денот посветен на Успението на Богородица. И покрај постоењето на ориентирни правила во однос на позволените и забранети продукти за исхрана, никогаш не смее да се заборави дека сржта на православната антропологија е во тоа дека од човекот не треба да се стори проста маса, туку секој е и треба да остане конкретна личност, Оттаму, „строгоста“ на личното применување на физичката страна на постот зависи од личносниот совет од духовниот отец кон своето духовно чедо. Константата, пак, која треба да се следи во секој повеќедневен пост, а која никако не се „разблажнува“ е духовната страна на постењето. Духовниот пост секогаш подразбира одрекување од сите облици на грешни и зли мисли, желби и дела, додека телесниот пост е само неопходно помошно средство за успешна духовна борба против страстите. Денот на празнувањето на Успението на Пресвета Богородица, 28 август, е неработен за граѓаните од православна исповед во земјава

The post Почнува Богородичниот пост appeared first on Република.

]]>