усмртено Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/usmrteno/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Nov 2024 11:26:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png усмртено Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/usmrteno/ 32 32 Старец со пушка му го уби кучето на соседот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/starets-so-pushka-mu-go-ubi-kucheto-na-sosedot/ Mon, 04 Nov 2024 11:26:35 +0000 https://republika.mk/?p=833971

Охридската полиција информираше дека пред два дена полицајци од ОВР Струга уапсиле 83-годишен жител на струшкото село Мислешево. Осомничен е дека со пушка го усмртил ловечкото куче на неговиот сосед.

Кај него била пронајдена пушка со калибар 16 милиметри за која има сомнеж дека ја употребил и усмртил ловечко куче сопственост на 43-годишен соселанец, информираат од полицијата.

СВР Охрид работи на расветлување на случајот.

The post Старец со пушка му го уби кучето на соседот appeared first on Република.

]]>

Охридската полиција информираше дека пред два дена полицајци од ОВР Струга уапсиле 83-годишен жител на струшкото село Мислешево. Осомничен е дека со пушка го усмртил ловечкото куче на неговиот сосед.
Кај него била пронајдена пушка со калибар 16 милиметри за која има сомнеж дека ја употребил и усмртил ловечко куче сопственост на 43-годишен соселанец, информираат од полицијата.
СВР Охрид работи на расветлување на случајот.

The post Старец со пушка му го уби кучето на соседот appeared first on Република.

]]>
Призна вина, се покаја, па побара поблага казна: Пијаниот возач, кој ја усмрти Магдалена, ќе добие пресуда в петок https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/prizna-vina-se-pokaja-pa-pobara-poblaga-kazna-pijaniot-vozach-koj-ja-usmrti-magdalena-ke-dobie-presuda-v-petok/ Wed, 15 Mar 2023 14:01:37 +0000 https://republika.mk/?p=619917

Возачот што пијан ја усмрти 11-годишната Магдалена Иванова во Велес и потоа се даде во бегство призна вина на првото рочиште. Ангелчо Николов пред судот рече дека признанието го дава доброволно и без никаква присилба. Пресуда ќе има в петок. Возачот им се извини на семејството и на јавноста по што од судот побара да добие поблага казна. Тој се гони за две дела бидејќи, освен тоа што возел пијан и со недозволена брзина, по сообраќајната несреќа, избегал од местото и не укажал помош.

Остра реакција на социјалните мрежи имаше адвокатот Јанаки Митровски, кој го застапува семејството. Тој ја критикува обвинителката.

Во воведни зборови, наместо да се концентрира на обвинетиот, јавниот обвинител Славица на скандалозен начин се обиде да ме шиканира осврнувајќи се на тоа зашто нема кривичен прогон за селаните што го криеја, како и за сопатниците што се вратија на самото место, а не сакаа да го откријат идентитетот. Возилото е пронајдено поради испадната регистрација, а да не беше тоа случај? Па, така, јавниот обвинител Славица рече дека Обвинителството не било рекла-кажала или фејсбук-институција, јасно алудирајќи на моето алармирање преку социјалните мрежи. Единствено, мојата почит кон судијките Габриела и Валентина, кои се одлични судии, ме спречија да реагирам како што знам и умеам бидејќи одамна сум се решил дека нема да дозволам никој да ме гази, напиша Митровски.

Сообраќајната нерсеќа се случи на десетина дена пред Нова година. Возачот Николов беше во бегство, па по два дена, уапсен од полицијата. Тој го управуваше возилото „мерцедес“ со прекумерна брзина, како што и призна. Освен жртвата, 11-годишното девојче, повреди имаше и мајката.

Иако бил во алкохолизирана состојба, тој управувал со автомобилот, па приоѓајќи во близина на обележан пешачки премин, не ги почитувал сообраќајните знаци. Возел со брзина од приближно 68 километри на час, што е повеќе од двојно над дозволената брзина на критичниот дел од патот, каде што постоел и сообраќаен знак за максимално дозволена брзина од 30 километри на час. Обвинетиот не обрнал внимание на пешаците и со автомобилот удрил во мајка и ќерка, кои во тој момент поминувале преку обележаниот пешачки премин. Од ударот мајката добила телесна повреда на челото. Девојчето, пак, било исфрлено 10-ина метри напред, до следниот пешачки премин, каде што паднало на земјата, добило многубројни тешки повреди во пределот на главата и екстремитетите и починало, соопштија од Обвинителството пред четири недели кога го поднесоа обвинението.

The post Призна вина, се покаја, па побара поблага казна: Пијаниот возач, кој ја усмрти Магдалена, ќе добие пресуда в петок appeared first on Република.

]]>

Возачот што пијан ја усмрти 11-годишната Магдалена Иванова во Велес и потоа се даде во бегство призна вина на првото рочиште. Ангелчо Николов пред судот рече дека признанието го дава доброволно и без никаква присилба. Пресуда ќе има в петок. Возачот им се извини на семејството и на јавноста по што од судот побара да добие поблага казна. Тој се гони за две дела бидејќи, освен тоа што возел пијан и со недозволена брзина, по сообраќајната несреќа, избегал од местото и не укажал помош. Остра реакција на социјалните мрежи имаше адвокатот Јанаки Митровски, кој го застапува семејството. Тој ја критикува обвинителката. Во воведни зборови, наместо да се концентрира на обвинетиот, јавниот обвинител Славица на скандалозен начин се обиде да ме шиканира осврнувајќи се на тоа зашто нема кривичен прогон за селаните што го криеја, како и за сопатниците што се вратија на самото место, а не сакаа да го откријат идентитетот. Возилото е пронајдено поради испадната регистрација, а да не беше тоа случај? Па, така, јавниот обвинител Славица рече дека Обвинителството не било рекла-кажала или фејсбук-институција, јасно алудирајќи на моето алармирање преку социјалните мрежи. Единствено, мојата почит кон судијките Габриела и Валентина, кои се одлични судии, ме спречија да реагирам како што знам и умеам бидејќи одамна сум се решил дека нема да дозволам никој да ме гази, напиша Митровски. Сообраќајната нерсеќа се случи на десетина дена пред Нова година. Возачот Николов беше во бегство, па по два дена, уапсен од полицијата. Тој го управуваше возилото „мерцедес“ со прекумерна брзина, како што и призна. Освен жртвата, 11-годишното девојче, повреди имаше и мајката. Иако бил во алкохолизирана состојба, тој управувал со автомобилот, па приоѓајќи во близина на обележан пешачки премин, не ги почитувал сообраќајните знаци. Возел со брзина од приближно 68 километри на час, што е повеќе од двојно над дозволената брзина на критичниот дел од патот, каде што постоел и сообраќаен знак за максимално дозволена брзина од 30 километри на час. Обвинетиот не обрнал внимание на пешаците и со автомобилот удрил во мајка и ќерка, кои во тој момент поминувале преку обележаниот пешачки премин. Од ударот мајката добила телесна повреда на челото. Девојчето, пак, било исфрлено 10-ина метри напред, до следниот пешачки премин, каде што паднало на земјата, добило многубројни тешки повреди во пределот на главата и екстремитетите и починало, соопштија од Обвинителството пред четири недели кога го поднесоа обвинението.

The post Призна вина, се покаја, па побара поблага казна: Пијаниот возач, кој ја усмрти Магдалена, ќе добие пресуда в петок appeared first on Република.

]]>
Трагедија на француските Алпи, загина петгодишно девојче, го прегазил скијач https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tragedija-na-francuskite-alpi-zagina-petgodishno-devojche-go-pregazil-skijach/ Mon, 17 Jan 2022 17:33:26 +0000 https://republika.mk/?p=446000

Страшна несреќа се случила на француските Алпи кога 40-годишен маж додека скијал налетал на петгодишното девојче Офелија од Британија и го убил на лице место!

Според британските медиуми, несреќното дете било на патеката за скијање кога на неа налетал маж со голема брзина.

Девојчето, како што е соопштено, немало шанси да преживее поради екстремно тешките повреди, а на пат кон болница починало.

Трагедијата се случила во луксузното одморалиште Флен, кое се наоѓа на околу 80 километри од швајцарскиот град Женева. Малата Офелија живеела со семејството во тој град.

Непосредно пред да го изгуби својот живот, таа скијала со уште четири деца кои стоеле недалеку од инструкторот на самиот раб на патеката.

Се работи за човек кој очигледно бил добар скијач, волонтирал како пожарникар, но очигледно се движел со голема брзина – рекол обвинителот од блискиот Боневил и открил дека против човекот ќе биде спроведена постапка за убиство, пред се поради загрозување на безбедноста.

Обвинетиот 40-годишен маж ќе добие казна од најмалку пет години затвор, како и парична казна од околу 65.000 евра.

Медиумите јавуваат дека семејството на малата Офелија е во исклучително тешка ситуација и дека моментално работат на изнаоѓање психолошка поддршка за нив, пред да пристигнат назад во Женева.

Инаку, максималната дозволена брзина на делот каде што загина детето е 48 километри на час, но човекот се движел многу побрзо од тоа.

The post Трагедија на француските Алпи, загина петгодишно девојче, го прегазил скијач appeared first on Република.

]]>

Страшна несреќа се случила на француските Алпи кога 40-годишен маж додека скијал налетал на петгодишното девојче Офелија од Британија и го убил на лице место! Според британските медиуми, несреќното дете било на патеката за скијање кога на неа налетал маж со голема брзина. Девојчето, како што е соопштено, немало шанси да преживее поради екстремно тешките повреди, а на пат кон болница починало. Трагедијата се случила во луксузното одморалиште Флен, кое се наоѓа на околу 80 километри од швајцарскиот град Женева. Малата Офелија живеела со семејството во тој град. Непосредно пред да го изгуби својот живот, таа скијала со уште четири деца кои стоеле недалеку од инструкторот на самиот раб на патеката. Се работи за човек кој очигледно бил добар скијач, волонтирал како пожарникар, но очигледно се движел со голема брзина – рекол обвинителот од блискиот Боневил и открил дека против човекот ќе биде спроведена постапка за убиство, пред се поради загрозување на безбедноста. Обвинетиот 40-годишен маж ќе добие казна од најмалку пет години затвор, како и парична казна од околу 65.000 евра. Медиумите јавуваат дека семејството на малата Офелија е во исклучително тешка ситуација и дека моментално работат на изнаоѓање психолошка поддршка за нив, пред да пристигнат назад во Женева. Инаку, максималната дозволена брзина на делот каде што загина детето е 48 километри на час, но човекот се движел многу побрзо од тоа.

The post Трагедија на француските Алпи, загина петгодишно девојче, го прегазил скијач appeared first on Република.

]]>