услуги Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uslugi/ За подобро да се разбереме Mon, 19 Feb 2024 20:09:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png услуги Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uslugi/ 32 32 Поскапеа геодетските услуги, на сила е нов тарифник https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poskapea-geodetskite-uslugi-na-sila-e-nov-tarifnik/ Mon, 19 Feb 2024 20:09:04 +0000 https://republika.mk/?p=745890

Во сила е нов Тарифник за висината на надоместот за извршените геодетски работи од страна на трговците поединци овластени геодети и трговските друштва за геодетски работи, со кој, како што изјавија денеска за МИА од Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) се врши изедначување на зголемените реални трошоци и цените кои друштвата ги наплаќаат за вршење на своите услуги.

Причините за зголемување на цените е поради зголемените реални трошоци (струја, гориво, лиценци за софтвери, одржување на опрема, зголемувањето на платите и сл.), кои се основа за пресметување на надоместокот, а се однесуваат за извршување на геодетски работи.

- “Сведоци сме на големото зголемување на цените на режиските трошоци (струја, гориво, лиценци за софтвери, одржување на опрема, плати и сл.) во изминативе неколку години. Цените пак, на услугите кои ги обезбедуваат геодетските друштва се непроменети изминативе 10 години (последниот Тарифник е донесен во 2014 година и цената на струја/ гориво и сл. е енормно зголемена од тогаш до денес). Примената на новиот Тарифник за геодетските друштва ќе значи изедначување на зголемените реални трошоци и цените кои друштвата ги наплаќаат за вршење на своите услуги (работа без загуби), а тоа ќе придонесе за испорачување на поквалитетна услуга кон крајните корисници“, изјавија од АКН за МИА.

Новините и промените во Тарифникот за висината на надоместот за извршените геодетски работи од страна на трговците поединци овластени геодети и трговските друштва за геодетски работи главно се однесуваат на коригирање на цените.

- “Со овој Тарифник се утврдува надоместот за геодетско катастарски услуги кои го наплаќаат Трговците поединци овластени геодети и Трговските друштва за геодетски работи на Република Македонија за да се испорача квалитет на конкретна услуга и/или за да се изработи геодетски елаборат. Надоместоците дефинирани во Тарифникот обезбедуваат оптимални услови за извршување на геодетско катастарските работи, согласно Законот за катастар на недвижности. Зголемувањето на цените се јави како потреба заради зголемените реални трошоци (струја, гориво, лиценци за софтвери, одржување на опрема, зголемувањето на платите и сл.), кои се основа за пресметување на надоместокот, а се однесуваат за извршување на геодетски работи“, појаснуваат од АКН.

Во висината на надоместоците од правилникот не се пресметани трошоците за користење податоци од геодетско-катастарскиот информациски систем, како и данокот на додена вредност.

Трговците поединци овластени геодети и трговските друштва за геодетски работи надоместот за извршените геодтески работи пропишан со овој тарифник можат да го намалат најмногу до 50 проценти.

The post Поскапеа геодетските услуги, на сила е нов тарифник appeared first on Република.

]]>

Во сила е нов Тарифник за висината на надоместот за извршените геодетски работи од страна на трговците поединци овластени геодети и трговските друштва за геодетски работи, со кој, како што изјавија денеска за МИА од Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) се врши изедначување на зголемените реални трошоци и цените кои друштвата ги наплаќаат за вршење на своите услуги. Причините за зголемување на цените е поради зголемените реални трошоци (струја, гориво, лиценци за софтвери, одржување на опрема, зголемувањето на платите и сл.), кои се основа за пресметување на надоместокот, а се однесуваат за извршување на геодетски работи.
- “Сведоци сме на големото зголемување на цените на режиските трошоци (струја, гориво, лиценци за софтвери, одржување на опрема, плати и сл.) во изминативе неколку години. Цените пак, на услугите кои ги обезбедуваат геодетските друштва се непроменети изминативе 10 години (последниот Тарифник е донесен во 2014 година и цената на струја/ гориво и сл. е енормно зголемена од тогаш до денес). Примената на новиот Тарифник за геодетските друштва ќе значи изедначување на зголемените реални трошоци и цените кои друштвата ги наплаќаат за вршење на своите услуги (работа без загуби), а тоа ќе придонесе за испорачување на поквалитетна услуга кон крајните корисници“, изјавија од АКН за МИА. Новините и промените во Тарифникот за висината на надоместот за извршените геодетски работи од страна на трговците поединци овластени геодети и трговските друштва за геодетски работи главно се однесуваат на коригирање на цените. - “Со овој Тарифник се утврдува надоместот за геодетско катастарски услуги кои го наплаќаат Трговците поединци овластени геодети и Трговските друштва за геодетски работи на Република Македонија за да се испорача квалитет на конкретна услуга и/или за да се изработи геодетски елаборат. Надоместоците дефинирани во Тарифникот обезбедуваат оптимални услови за извршување на геодетско катастарските работи, согласно Законот за катастар на недвижности. Зголемувањето на цените се јави како потреба заради зголемените реални трошоци (струја, гориво, лиценци за софтвери, одржување на опрема, зголемувањето на платите и сл.), кои се основа за пресметување на надоместокот, а се однесуваат за извршување на геодетски работи“, појаснуваат од АКН. Во висината на надоместоците од правилникот не се пресметани трошоците за користење податоци од геодетско-катастарскиот информациски систем, како и данокот на додена вредност. Трговците поединци овластени геодети и трговските друштва за геодетски работи надоместот за извршените геодтески работи пропишан со овој тарифник можат да го намалат најмногу до 50 проценти.

The post Поскапеа геодетските услуги, на сила е нов тарифник appeared first on Република.

]]>
Граѓаните ќе имаат увид која банка колку наплаќа за услугите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/graganite-ke-imaat-uvid-koja-banka-kolku-naplaka-za-uslugite/ Wed, 06 Sep 2023 08:28:46 +0000 https://republika.mk/?p=679210

Народната банка на својата интернет-страница до крајот на овој месец ќе започне да објавува споредбени податоци за видот и висината на надоместоците за најрепрезентативните услуги поврзани со платежните сметки, по поединечен давател на платежни услуги (по банка). Овие активности на централната банка се преземаат за натамошно зајакнување на заштитата на граѓаните како потрошувачи на овие услуги и се овозможени со новиот Закон за платежни услуги и платни системи. Со пристапот до овие податоци, граѓаните ќе можат да споредат и да проценат кои услуги и производи соодветствуваат најмногу на нивните потреби. Покрај транспарентноста, се очекува дека оваа мерка ќе придонесе и кон повисока конкуренција помеѓу давателите на платежни услуги, а со тоа и кон понуда на поповолни услови.

За оваа цел, Народната банка подготви листа од 11 најрепрезентативни услуги поврзани со платежната сметка за кои редовно, на воедначен начин, ќе прибира податоци за надоместоците од секој давател на платежни услуги, коишто за граѓаните ќе бидат достапни преку посебна платформа за споредба на надоместоците, што веќе ја изработија стручните служби на централната банка. Платформата ќе им овозможи на граѓаните на прегледен начин да прават споредби на надоместоците за одделен производ или услуга, кога одлучуваат кај кој давател да користат платежни услуги.

Новиот Закон за платежни услуги и платни системи, којшто стапи на сила на почетокот на годинава, обезбедува добра правна рамка за заштита на правата на граѓаните како потрошувачи на платежни услуги. За првпат во историјата на користењето на платежните услуги во нашата земја се воведува законска обврска за давателот да ги уреди правата и обврските на потрошувачите со рамковен договор во стандардизирана форма, во којшто треба да биде содржан и задолжителен сет информации, вклучително и за можностите и условите под кои може да биде изменет или раскинат. Притоа, од посебно значење за заштитата на потрошувачот е законската обврска за давателот на платежните услуги да му даде информативен документ за надоместоците, пред потрошувачот да се обврзе да ги користи неговите платежни услуги со рамковниот договор. Информативниот документ за надоместоците е стандардизиран и има за цел да им обезбеди на потрошувачите споредливи информации за надоместоците за најчесто користените платежни услуги во Република Македонија, или т.н. најрепрезентативни услуги. Давателот има законска обврска да доставува извештај за наплатените надоместоци до потрошувачот, најмалку еднаш годишно, соопштија од Народна банка.

 

The post Граѓаните ќе имаат увид која банка колку наплаќа за услугите appeared first on Република.

]]>

Народната банка на својата интернет-страница до крајот на овој месец ќе започне да објавува споредбени податоци за видот и висината на надоместоците за најрепрезентативните услуги поврзани со платежните сметки, по поединечен давател на платежни услуги (по банка). Овие активности на централната банка се преземаат за натамошно зајакнување на заштитата на граѓаните како потрошувачи на овие услуги и се овозможени со новиот Закон за платежни услуги и платни системи. Со пристапот до овие податоци, граѓаните ќе можат да споредат и да проценат кои услуги и производи соодветствуваат најмногу на нивните потреби. Покрај транспарентноста, се очекува дека оваа мерка ќе придонесе и кон повисока конкуренција помеѓу давателите на платежни услуги, а со тоа и кон понуда на поповолни услови. За оваа цел, Народната банка подготви листа од 11 најрепрезентативни услуги поврзани со платежната сметка за кои редовно, на воедначен начин, ќе прибира податоци за надоместоците од секој давател на платежни услуги, коишто за граѓаните ќе бидат достапни преку посебна платформа за споредба на надоместоците, што веќе ја изработија стручните служби на централната банка. Платформата ќе им овозможи на граѓаните на прегледен начин да прават споредби на надоместоците за одделен производ или услуга, кога одлучуваат кај кој давател да користат платежни услуги. Новиот Закон за платежни услуги и платни системи, којшто стапи на сила на почетокот на годинава, обезбедува добра правна рамка за заштита на правата на граѓаните како потрошувачи на платежни услуги. За првпат во историјата на користењето на платежните услуги во нашата земја се воведува законска обврска за давателот да ги уреди правата и обврските на потрошувачите со рамковен договор во стандардизирана форма, во којшто треба да биде содржан и задолжителен сет информации, вклучително и за можностите и условите под кои може да биде изменет или раскинат. Притоа, од посебно значење за заштитата на потрошувачот е законската обврска за давателот на платежните услуги да му даде информативен документ за надоместоците, пред потрошувачот да се обврзе да ги користи неговите платежни услуги со рамковниот договор. Информативниот документ за надоместоците е стандардизиран и има за цел да им обезбеди на потрошувачите споредливи информации за надоместоците за најчесто користените платежни услуги во Република Македонија, или т.н. најрепрезентативни услуги. Давателот има законска обврска да доставува извештај за наплатените надоместоци до потрошувачот, најмалку еднаш годишно, соопштија од Народна банка.  

The post Граѓаните ќе имаат увид која банка колку наплаќа за услугите appeared first on Република.

]]>
Пошта има нови цени https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/poshta-ima-novi-tseni/ Wed, 25 Jan 2023 11:23:23 +0000 https://republika.mk/?p=600827

Од 1 февруари поскапуваат стандардните поштенски услуги во внатрешниот сообраќај на АД Пошта со одобрение од Агенцијата за пошти како регулаторно тело. Регулираниот поштенски оператор веќе го објави новиот ценовник на својата веб-страница.

Писмото до 50 грама од 25 денари од следната среда поскапува на 36 денари. И препорачаната цена поскапува и таа сега изнесува 90 денари – цена што е многу повисока од претходната. Писмото до 100 грама сега наместо 34 денари, ќе биде 48 денари. Поскапуваат и писмата до 250 грама од 48 на 60 денари.

Се зголемуваат и цените на услугата препорачано. Се намалува цената на писмата од 250 до 2.000 грама. Поскапува поштенската картичка од 9 на 16 денари. Се укинува и цената од првата зона за испраќање пакети и ќе важат само цените од втората зона.

Од Агенцијата за пошти велат дека профитната маржа на АД Пошти со зголемувањето на цените и натаму ќе биде 1 отсто и дека ценовникот не е променет од 2009.

Овие услуги биле секаде поскапи во регионот, освен некои во Србија. При одобрувањето на новиот ценовник биле земени во предвид инфлацијата, зголемените трошоци за струја од над 40 отсто, на гориво од 30 отсто и потребата од стабилни плати во АД Пошта.

Од таму велат дека Пошта се соочува со тешкотии во своето работење од 2020 и дека просекот на поскапување на сите услуги чии цени се зголемуваат е 6,28 отсто. Досега неколку јавни претпријатија и агенции ги поскапеа цените на своите услуги и производи.

 

The post Пошта има нови цени appeared first on Република.

]]>

Од 1 февруари поскапуваат стандардните поштенски услуги во внатрешниот сообраќај на АД Пошта со одобрение од Агенцијата за пошти како регулаторно тело. Регулираниот поштенски оператор веќе го објави новиот ценовник на својата веб-страница. Писмото до 50 грама од 25 денари од следната среда поскапува на 36 денари. И препорачаната цена поскапува и таа сега изнесува 90 денари – цена што е многу повисока од претходната. Писмото до 100 грама сега наместо 34 денари, ќе биде 48 денари. Поскапуваат и писмата до 250 грама од 48 на 60 денари. Се зголемуваат и цените на услугата препорачано. Се намалува цената на писмата од 250 до 2.000 грама. Поскапува поштенската картичка од 9 на 16 денари. Се укинува и цената од првата зона за испраќање пакети и ќе важат само цените од втората зона. Од Агенцијата за пошти велат дека профитната маржа на АД Пошти со зголемувањето на цените и натаму ќе биде 1 отсто и дека ценовникот не е променет од 2009. Овие услуги биле секаде поскапи во регионот, освен некои во Србија. При одобрувањето на новиот ценовник биле земени во предвид инфлацијата, зголемените трошоци за струја од над 40 отсто, на гориво од 30 отсто и потребата од стабилни плати во АД Пошта. Од таму велат дека Пошта се соочува со тешкотии во своето работење од 2020 и дека просекот на поскапување на сите услуги чии цени се зголемуваат е 6,28 отсто. Досега неколку јавни претпријатија и агенции ги поскапеа цените на своите услуги и производи.  

The post Пошта има нови цени appeared first on Република.

]]>
Геодети го демантираат Тунџев: Издавањето на некои катастарски податоци поскапено и за 500 насто! https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/geodeti-go-demantiraat-tundzev-izdavanjeto-na-nekoi-katastarski-podatoci-poskapeno-i-za-500-nasto/ Thu, 01 Dec 2022 08:55:43 +0000 https://republika.mk/?p=580383

Комората на геодети реагира за поскапувањата на наплатата за издавање податоци од Катастарот. Како што вели во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, претседателот на Комората на геодети, Никола Рибароски, за некои податоци поскапувањата се и повеќе од 500 насто.

На 19-ти овој месец стапија насила новите тарифници за наплата за издавање на податоците на Агенцијата за катастар. Тие поскапувања се движат од 40 насто, па сѐ до 500 насто. Тоа е повеќе од пет пати поскапување на одреден податок - вели Рибароски.

The post Геодети го демантираат Тунџев: Издавањето на некои катастарски податоци поскапено и за 500 насто! appeared first on Република.

]]>

Комората на геодети реагира за поскапувањата на наплатата за издавање податоци од Катастарот. Како што вели во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, претседателот на Комората на геодети, Никола Рибароски, за некои податоци поскапувањата се и повеќе од 500 насто.
На 19-ти овој месец стапија насила новите тарифници за наплата за издавање на податоците на Агенцијата за катастар. Тие поскапувања се движат од 40 насто, па сѐ до 500 насто. Тоа е повеќе од пет пати поскапување на одреден податок - вели Рибароски.

The post Геодети го демантираат Тунџев: Издавањето на некои катастарски податоци поскапено и за 500 насто! appeared first on Република.

]]>
Можни прекини во Е-услугите на УЈП поради планирани активности во ИТ системите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mozni-prekini-vo-e-uslugite-na-ujp-poradi-planirani-aktivnosti-vo-it-sistemite/ Fri, 28 Oct 2022 18:54:31 +0000 https://republika.mk/?p=566973

Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека утре се можни прекини на електронските услуги на системот поради планирани активности и интервенции во делот на ИТ системот.

Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници и корисниците на електронските услуги на системот е-Даноци, дека поради планирани активности и интервенции во делот на ИТ системот на УЈП, утре, 29.10.2022 година, (сабота), во период од 09 до 17 часот, може да има прекини на е-услугите, во функционирањето на МПИН системот, со што ќе се примаат пресметки по меил, но, пресметките нема да може да се обработуваат и да се генерираат декларации, а во прекин ќе бидат и е-ПДД и мојДДВ. Штом завршат активностите системот ќе биде ставен во функција по што ќе може да се користат и Е – услугите, се наведува во соопштението од УЈП.

The post Можни прекини во Е-услугите на УЈП поради планирани активности во ИТ системите appeared first on Република.

]]>

Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека утре се можни прекини на електронските услуги на системот поради планирани активности и интервенции во делот на ИТ системот. Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници и корисниците на електронските услуги на системот е-Даноци, дека поради планирани активности и интервенции во делот на ИТ системот на УЈП, утре, 29.10.2022 година, (сабота), во период од 09 до 17 часот, може да има прекини на е-услугите, во функционирањето на МПИН системот, со што ќе се примаат пресметки по меил, но, пресметките нема да може да се обработуваат и да се генерираат декларации, а во прекин ќе бидат и е-ПДД и мојДДВ. Штом завршат активностите системот ќе биде ставен во функција по што ќе може да се користат и Е – услугите, се наведува во соопштението од УЈП.

The post Можни прекини во Е-услугите на УЈП поради планирани активности во ИТ системите appeared first on Република.

]]>
АДКОМ: ЈКП да влезат во владиниот пакет за субвенционирана електрична енергија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/adkom-jkp-da-vlezat-vo-vladiniot-paket-za-subvencionirana-elektrichna-energija/ Fri, 30 Sep 2022 10:32:18 +0000 https://republika.mk/?p=555930

АДКОМ, Здружение на даватели на комунални услуги во кое членуваат повеќе од 90 jавни комунални претпријатија, соопшти дека е непријатно изненадено и разочарано од одлуката на Владата со која ЈКП не влегоа во пакетот за субвенционирана електрична енергија.

ЈКП очекуваа Владата да ги исполни своите најави дека, во интерес на граѓаните и тие ќе влезат во овој пакет мерки. АДКОМ веќе излезе со последно предупредување и барање, Владата да им помогне да ја надминат енергетската криза. Сега останува најнепосакуваното решение – повисоки сметки за вода и комунални услуги со што ќе се удри по џебот на граѓаните. Од ЈКП уште еднаш предупредуваат дека постои опасност над милион граѓани да останат без вода за пиење, а 15 илјади вработени без работа, се наведува во соопштението.

АДКОМ, како што се посочува, бара Владата да докаже дека има слух за интересите на граѓаните и да излезе во пресрет на барањата на Јавните комунални претпријатија.

The post АДКОМ: ЈКП да влезат во владиниот пакет за субвенционирана електрична енергија appeared first on Република.

]]>

АДКОМ, Здружение на даватели на комунални услуги во кое членуваат повеќе од 90 jавни комунални претпријатија, соопшти дека е непријатно изненадено и разочарано од одлуката на Владата со која ЈКП не влегоа во пакетот за субвенционирана електрична енергија. ЈКП очекуваа Владата да ги исполни своите најави дека, во интерес на граѓаните и тие ќе влезат во овој пакет мерки. АДКОМ веќе излезе со последно предупредување и барање, Владата да им помогне да ја надминат енергетската криза. Сега останува најнепосакуваното решение – повисоки сметки за вода и комунални услуги со што ќе се удри по џебот на граѓаните. Од ЈКП уште еднаш предупредуваат дека постои опасност над милион граѓани да останат без вода за пиење, а 15 илјади вработени без работа, се наведува во соопштението. АДКОМ, како што се посочува, бара Владата да докаже дека има слух за интересите на граѓаните и да излезе во пресрет на барањата на Јавните комунални претпријатија.

The post АДКОМ: ЈКП да влезат во владиниот пакет за субвенционирана електрична енергија appeared first on Република.

]]>
Се дигитализираат услугите во општина Аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/se-digitaliziraat-uslugite-vo-opshtina-aerodrom/ Wed, 23 Feb 2022 12:11:25 +0000 https://republika.mk/?p=462451

Градоначалникот Тимчо Муцунски, наскоро ќе презентира мобилна и веб-апликација со која Општина Аеродром уште повеќе ќе се доближи до жителите, низ транспарентен процес ќе ја зајакне довербата во општинските служби и ќе ја зголеми ефикасноста во работата.

Следејќи ги глобалните трендови и динамиката на современото живеење, потребата од дигитализирање на сите услуги кои ни се потребни во секојдневието е сè поголема и неопходна. Интерактивната дигитална платформа ќе им овозможи на граѓаните и на локалната власт да комуницираат директно и со еден клик да придонесат кон создавање вистинска современа и европска смарт-општина, велат од Општината.

Оттаму најавуваат дека наскоро, со користење на мобилениот телефон, таблет или компјутер, ќе може да се добијат потребните документи.

Ќе може да поставите прашање и пријавите проблем, да добиете детални податоци од нашите служби или пак да аплицирате за субвенции. На овој начин, се поедноставуваат сите административни процедури, со што се намалува потрошувачката на хартија, како и долгите редици низ институциите, велат од Општината.

The post Се дигитализираат услугите во општина Аеродром appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот Тимчо Муцунски, наскоро ќе презентира мобилна и веб-апликација со која Општина Аеродром уште повеќе ќе се доближи до жителите, низ транспарентен процес ќе ја зајакне довербата во општинските служби и ќе ја зголеми ефикасноста во работата.
Следејќи ги глобалните трендови и динамиката на современото живеење, потребата од дигитализирање на сите услуги кои ни се потребни во секојдневието е сè поголема и неопходна. Интерактивната дигитална платформа ќе им овозможи на граѓаните и на локалната власт да комуницираат директно и со еден клик да придонесат кон создавање вистинска современа и европска смарт-општина, велат од Општината.
Оттаму најавуваат дека наскоро, со користење на мобилениот телефон, таблет или компјутер, ќе може да се добијат потребните документи.
Ќе може да поставите прашање и пријавите проблем, да добиете детални податоци од нашите служби или пак да аплицирате за субвенции. На овој начин, се поедноставуваат сите административни процедури, со што се намалува потрошувачката на хартија, како и долгите редици низ институциите, велат од Општината.

The post Се дигитализираат услугите во општина Аеродром appeared first on Република.

]]>