условна казна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uslovna-kazna/ За подобро да се разбереме Fri, 03 Feb 2023 10:07:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png условна казна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uslovna-kazna/ 32 32 Казната за лекарот е срамна: Асани доби условна казна од две години и не ја изгуби ниту лиценцата за работа https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kaznata-za-lekarot-e-sramna-asani-dobi-uslovna-kazna-od-dve-godini-i-ne-ja-izgubi-nitu-litsentsata-za-rabota/ Fri, 03 Feb 2023 10:06:14 +0000 https://republika.mk/?p=604218

Платформата за родова еднаквост, која обединува 28 здруженија на граѓани и невладини организации, е згрозена од пресудата на струшкиот Основен суд со која му се изрекува условна казна на гинекологот Мухамед Асани кој во периодот од 2015 до 2020 година нелегално давал гинеколошки услуги во нерегистрирана ординација во својата куќа.

Условната казна за струшкиот гинеколог  Мухамед Асани, кој со години работел на црно, покажува дека здравјето на жените во земјава не вреди ни пет пари. Соучесници се сите надлежни институции и Лекарската комора – реагираат невладини организации обединети во Платформа за родова еднаквост.

Во своето заедничко соопштение тие велат дека се згрозени од пресудата на струшкиот Основен суд со која му се изрекува условна казна на гинекологот Мухамед Асани кој во периодот од 2015 до 2020 година нелегално давал гинеколошки услуги во нерегистрирана ординација во својата куќа. Дополнително фрапира фактот, велат невладините, што Судот со оваа пресуда не изрече ниту споредна казна забрана за вршење на професија, дејност или должност, иако таа можност е предвидена со Кривичниот законик.

„И покрај наодите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој уште пред две години изврши вонреден надзор на ординацијата, по што и поднесе кривична пријава, и силните реакции на граѓанските организации, Лекарската комора до ден-денес не му ја одзеде лиценцата за работа на гинекологот меѓу чии пациентки е и Јелдз Веапоска. За потсетување, гинекологот Асани нелегално ѝ ја водел бременоста во својата домашна ординација, а при породувањето во струшката болница, заведено во официјалната документација како стандарден оперативен зафат, ѝ извадил матка, бубрег и јајник.

Оттука, со голем револт констатираме дека на ваков начин, и Судот и Лекарската комора застануваат во одбрана на нелегалната здравствена пракса во земјава. Условувајќи го казнувањето на нелегалното работење со чекање да се случи дополнително кривично дело, тие не само што ја одржуваат културата на неказнивност туку и недвосмислено ја поддржуваат системската негрижа за здравјето на жените – наместо лавовски да се борат против неа.

Пристапот до нелегални здравствени услуги секојпат носи огромен ризик по здравјето на луѓето, што го потврдува и случајот со Веапоска за што Асани исто така кривично се товари.

Оттука, Платформата за родова еднаквост бара:

– Доколку по вака донесената првостепена пресуда се поднесе жалба и предметот е даден на решавање на Второстепен суд, истиот задолжително да изрече дополнителна споредна казна забрана за вршење на професија, дејност или должност, во најдолгото времетраење превидено во Кривичниот законик;

– Основното јавно обвинителство да поднесе жалба и да побара построга казна;

– Доколку вака донесената првостепена пресуда е конечна, во постапката во која гинекологот Мухамед Асани се товари поради тоа што при царскиот рез, на Јелдз Веапоска ѝ извадил три органи, а чие следно рочиште е закажано за 10 март, покрај главната казна, задолжително да биде изречена и споредна казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;

– Лекарската комора да се одважи и по вчерашната пресуда конечно да му ја одземе лиценцата за работа на гинекологот;

– Министерството за здравство во соработка со надлежните инспекторати и институции итно да излезе на терен и проактивно да се вклучи во откривање и стопирање на нелегалните ординации и покренување постапки против лекарите кои работат „на црно”.

Здравјето на жените мора да биде врвен приоритет за сите институции и за Лекарската комора: затоа, случаи на нелегални ординации кои се потенцијални „касапници” не смеат да се повторат во иднина – укажува Платформата за родова еднаквост.

 

The post Казната за лекарот е срамна: Асани доби условна казна од две години и не ја изгуби ниту лиценцата за работа appeared first on Република.

]]>

Платформата за родова еднаквост, која обединува 28 здруженија на граѓани и невладини организации, е згрозена од пресудата на струшкиот Основен суд со која му се изрекува условна казна на гинекологот Мухамед Асани кој во периодот од 2015 до 2020 година нелегално давал гинеколошки услуги во нерегистрирана ординација во својата куќа.

Условната казна за струшкиот гинеколог  Мухамед Асани, кој со години работел на црно, покажува дека здравјето на жените во земјава не вреди ни пет пари. Соучесници се сите надлежни институции и Лекарската комора – реагираат невладини организации обединети во Платформа за родова еднаквост. Во своето заедничко соопштение тие велат дека се згрозени од пресудата на струшкиот Основен суд со која му се изрекува условна казна на гинекологот Мухамед Асани кој во периодот од 2015 до 2020 година нелегално давал гинеколошки услуги во нерегистрирана ординација во својата куќа. Дополнително фрапира фактот, велат невладините, што Судот со оваа пресуда не изрече ниту споредна казна забрана за вршење на професија, дејност или должност, иако таа можност е предвидена со Кривичниот законик. „И покрај наодите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој уште пред две години изврши вонреден надзор на ординацијата, по што и поднесе кривична пријава, и силните реакции на граѓанските организации, Лекарската комора до ден-денес не му ја одзеде лиценцата за работа на гинекологот меѓу чии пациентки е и Јелдз Веапоска. За потсетување, гинекологот Асани нелегално ѝ ја водел бременоста во својата домашна ординација, а при породувањето во струшката болница, заведено во официјалната документација како стандарден оперативен зафат, ѝ извадил матка, бубрег и јајник. Оттука, со голем револт констатираме дека на ваков начин, и Судот и Лекарската комора застануваат во одбрана на нелегалната здравствена пракса во земјава. Условувајќи го казнувањето на нелегалното работење со чекање да се случи дополнително кривично дело, тие не само што ја одржуваат културата на неказнивност туку и недвосмислено ја поддржуваат системската негрижа за здравјето на жените – наместо лавовски да се борат против неа. Пристапот до нелегални здравствени услуги секојпат носи огромен ризик по здравјето на луѓето, што го потврдува и случајот со Веапоска за што Асани исто така кривично се товари. Оттука, Платформата за родова еднаквост бара: – Доколку по вака донесената првостепена пресуда се поднесе жалба и предметот е даден на решавање на Второстепен суд, истиот задолжително да изрече дополнителна споредна казна забрана за вршење на професија, дејност или должност, во најдолгото времетраење превидено во Кривичниот законик; – Основното јавно обвинителство да поднесе жалба и да побара построга казна; – Доколку вака донесената првостепена пресуда е конечна, во постапката во која гинекологот Мухамед Асани се товари поради тоа што при царскиот рез, на Јелдз Веапоска ѝ извадил три органи, а чие следно рочиште е закажано за 10 март, покрај главната казна, задолжително да биде изречена и споредна казна забрана за вршење на професија, дејност или должност; – Лекарската комора да се одважи и по вчерашната пресуда конечно да му ја одземе лиценцата за работа на гинекологот; – Министерството за здравство во соработка со надлежните инспекторати и институции итно да излезе на терен и проактивно да се вклучи во откривање и стопирање на нелегалните ординации и покренување постапки против лекарите кои работат „на црно”. Здравјето на жените мора да биде врвен приоритет за сите институции и за Лекарската комора: затоа, случаи на нелегални ординации кои се потенцијални „касапници” не смеат да се повторат во иднина – укажува Платформата за родова еднаквост.  

The post Казната за лекарот е срамна: Асани доби условна казна од две години и не ја изгуби ниту лиценцата за работа appeared first on Република.

]]>
Со тоа што нè осуди на драконски казни СДСМ сакаше да го скрши македонскиот народ и во тоа успеа, за жал https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-toa-shto-ne-osudi-na-drakonski-kazni-sdsm-sakashe-da-go-skrshi-makedonskiot-narod-i-vo-toa-uspea-za-zal/ Sun, 20 Mar 2022 16:18:16 +0000 https://republika.mk/?p=475733

Какви двојни аршини се спроведуваат и каква селиктивна правда има може да видите од овој случај на Шарената револуција, која ја запали канцеларијата на претседателот на државата, реагира Јане Ченто, по доделените условни казни за Здравко Савески и Владимир Куновски, единствените против кои се водеше процес за демолирањето на канцеларијата на Ѓорѓе Иванов.

Во членот 313, за коj сме осудени над 15 години затвор пишува: „Тој што со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија ќе предизвика или сериозно ќе се закани со предизвикување експлозија, пожар, повторувам пожар, ќе се казни со казна затвор од најмалку 10 години.” Шарената револуција ја запали цела држава, граѓаните не можеа да излезат по улиците, имаше акти на насилство каде беа повредни повеќе од 200 полицајци и недолжни граѓани. Морам да повторам за да сфати народот, ако се сеќавате имаше секојдневно насилства, а кулминација беше тоа што ја запалија канцеларијата на претседателот на државата, над таа канцеларија има станови, луѓе кои што живеат во тие згради каде што овие кои беа организирани ја запалија канцеларијата, а со тоа и зградата во строг центар на Скопје. Очигледно беше дека се добро организирани, го малтретираа народот со месеци, ја запалија Македонија и на крај условни казни, а за некои нема ниту обвинение, потенцира Ченто.

Според него, целта беше:

- Тоа што СДСМ преку нас што ќе не осуди на драконски казни сакаше да го скрши македонскиот народ и во тоа успеа, за жал;
- Името беше главна цел и помина како што сите знаете, со притисоци и уцени се изгласаа уставните измени.
- Апелирам до идната македонска влада, особено во делот на МВР каде имаше операција „Облак“ да го отвори процесот за Шарената револуција, како се пуштани пари од странство на чии имиња, за чии цели, која беше намерата и целта (која денес ја знаеме), кои се инволвирани во една таква операција за рушење на легално избрана власт, сите учесници од СДСМ кои земале пари и беа добро ОРГАНИЗИРАНИ треба да одговараат за тоа што се случи.
- Таму имаше доста излажани луѓе кои денес гледаме се каат што учествувале во таа Шарена револуција, луѓе кои биле со искрени и чесни намера за ПРАВДА.
На нив треба да им се прости, ама не и на тие што ја водеа таа операција за рушење на легитимино избрана влада.
Тие еден ден мора да одговараат за тоа што го направија и што уште и го прават на Македонија, пишува Ченто.

The post Со тоа што нè осуди на драконски казни СДСМ сакаше да го скрши македонскиот народ и во тоа успеа, за жал appeared first on Република.

]]>

Какви двојни аршини се спроведуваат и каква селиктивна правда има може да видите од овој случај на Шарената револуција, која ја запали канцеларијата на претседателот на државата, реагира Јане Ченто, по доделените условни казни за Здравко Савески и Владимир Куновски, единствените против кои се водеше процес за демолирањето на канцеларијата на Ѓорѓе Иванов.
Во членот 313, за коj сме осудени над 15 години затвор пишува: „Тој што со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија ќе предизвика или сериозно ќе се закани со предизвикување експлозија, пожар, повторувам пожар, ќе се казни со казна затвор од најмалку 10 години.” Шарената револуција ја запали цела држава, граѓаните не можеа да излезат по улиците, имаше акти на насилство каде беа повредни повеќе од 200 полицајци и недолжни граѓани. Морам да повторам за да сфати народот, ако се сеќавате имаше секојдневно насилства, а кулминација беше тоа што ја запалија канцеларијата на претседателот на државата, над таа канцеларија има станови, луѓе кои што живеат во тие згради каде што овие кои беа организирани ја запалија канцеларијата, а со тоа и зградата во строг центар на Скопје. Очигледно беше дека се добро организирани, го малтретираа народот со месеци, ја запалија Македонија и на крај условни казни, а за некои нема ниту обвинение, потенцира Ченто.
Според него, целта беше:
- Тоа што СДСМ преку нас што ќе не осуди на драконски казни сакаше да го скрши македонскиот народ и во тоа успеа, за жал; - Името беше главна цел и помина како што сите знаете, со притисоци и уцени се изгласаа уставните измени. - Апелирам до идната македонска влада, особено во делот на МВР каде имаше операција „Облак“ да го отвори процесот за Шарената револуција, како се пуштани пари од странство на чии имиња, за чии цели, која беше намерата и целта (која денес ја знаеме), кои се инволвирани во една таква операција за рушење на легално избрана власт, сите учесници од СДСМ кои земале пари и беа добро ОРГАНИЗИРАНИ треба да одговараат за тоа што се случи. - Таму имаше доста излажани луѓе кои денес гледаме се каат што учествувале во таа Шарена револуција, луѓе кои биле со искрени и чесни намера за ПРАВДА. На нив треба да им се прости, ама не и на тие што ја водеа таа операција за рушење на легитимино избрана влада. Тие еден ден мора да одговараат за тоа што го направија и што уште и го прават на Македонија, пишува Ченто.

The post Со тоа што нè осуди на драконски казни СДСМ сакаше да го скрши македонскиот народ и во тоа успеа, за жал appeared first on Република.

]]>