услови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uslovi/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Aug 2024 17:54:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png услови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uslovi/ 32 32 Оваа европска држава има најдобри услови за живеење за пензионерите https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ovaa-evropska-drzhava-ima-najdobri-uslovi-za-zhiveene-za-penzionerite/ Fri, 23 Aug 2024 17:54:24 +0000 https://republika.mk/?p=809575

Иако припаѓа на една од најмалите европски земји, Малта може да се пофали со зголемен број нови жители, особено пензионери. А, причината не се само прекрасните плажи – од кои едната е прогласена за најдобра во Европа.

Веб-страницата Global Citizen Solutions создаде листа на најдобри земји за пензионерско живеење, а Малта е трета, зад Португалија и Шпанија.

„Малта може да се пофали со неверојатен здравствен систем, пристапни цени на имотот, фантастични даночни олеснувања и стимулации, политичка стабилност, широк спектар на опции за забава, идеално време во текот на целата година и голема популација што зборува англиски, меѓу другото“, се вели во извештајот.

Земјата, која се наоѓа меѓу Италија и Либија, има население од нешто повеќе од 530.000 жители. Поради својата стратешка локација во централниот Медитеран, културата и традициите на Малта се мешавина што ги одразува северноафриканските, европските и блискоисточните влијанија низ вековите. И иако можеби имаше турбулентно минато, Малта моментално е една од најбезбедните земји во Европа, според Светската банка.

Како дополнителна предност, англискиот е еден од официјалните јазици на Малта, така што привлекува многу имигранти и многу ја олеснува културната асимилација и секојдневниот живот.

The post Оваа европска држава има најдобри услови за живеење за пензионерите appeared first on Република.

]]>

Иако припаѓа на една од најмалите европски земји, Малта може да се пофали со зголемен број нови жители, особено пензионери. А, причината не се само прекрасните плажи – од кои едната е прогласена за најдобра во Европа. Веб-страницата Global Citizen Solutions создаде листа на најдобри земји за пензионерско живеење, а Малта е трета, зад Португалија и Шпанија. „Малта може да се пофали со неверојатен здравствен систем, пристапни цени на имотот, фантастични даночни олеснувања и стимулации, политичка стабилност, широк спектар на опции за забава, идеално време во текот на целата година и голема популација што зборува англиски, меѓу другото“, се вели во извештајот. Земјата, која се наоѓа меѓу Италија и Либија, има население од нешто повеќе од 530.000 жители. Поради својата стратешка локација во централниот Медитеран, културата и традициите на Малта се мешавина што ги одразува северноафриканските, европските и блискоисточните влијанија низ вековите. И иако можеби имаше турбулентно минато, Малта моментално е една од најбезбедните земји во Европа, според Светската банка. Како дополнителна предност, англискиот е еден од официјалните јазици на Малта, така што привлекува многу имигранти и многу ја олеснува културната асимилација и секојдневниот живот.  

The post Оваа европска држава има најдобри услови за живеење за пензионерите appeared first on Република.

]]>
Британија ги заострува условите за работна виза https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/britanija-gi-zaostruva-uslovite-za-rabotna-viza/ Tue, 05 Dec 2023 07:37:02 +0000 https://republika.mk/?p=719726

Велика Британија најави планови за намалување на бројот на легални имигранти во земјата со зголемување на минималната плата за една трита што мора да ја заработат за квалификувана работа, во услови на притисок врз премиерот Риши Сунак да се справи со рекордниот број нови имигранти.

Високите нивоа на легална миграција доминираат на политичката сцена во Велика Британија повеќе од една деценија и беа клучен фактор во гласањето за напуштање на Европската унија на референдумот во 2016 година.

Сунак вети дека ќе стекне поголема контрола врз миграцијата откако пратениците од неговата Конзервативна партија ги критикуваа неговите резултати по ова прашање пред изборите што се очекуваат следната година. Опозициската Лабуристичка партија во моментов има големо водство во анкетите.

Стопанствениците и синдикатите ги оценија мерките како контрапродуктивни за приватниот сектор и државната здравствена служба, која страда од недостиг на работна сила.

Минатата година во Велика Британија се доселиле 745.000 повеќе луѓе отколку што се иселиле. Нивото на имиграција остана еднакво високо од тогаш и мигрантите се главно од земји како Индија, Нигерија и Кина, наместо од ЕУ како што беше случајот претходно.

Министерот за внатрешни работи Џејмс Клеверли рече дека новите мерки би можеле да го намалат тој број за 300.000.

- Имиграцијата е превисока. Денес преземаме радикални мерки за да ја намалиме, рече Сунак, кој исто така се обидува да депортира илегални мигранти во Руанда, каде што ќе се обработуваат нивните барања за азил.

Клеверли рече дека владата ќе ја зголеми минималната плата што странските квалификувани работници мора да ја заработуваат на 38.700 фунти (околу 45.100 евра) годишно, што е значително зголемување од сегашните 26.200 фунти (30.536 евра). Од ова ќе бидат изземени здравствените и социјалните работници.

Другите мерки вклучуваат забрана за странски здравствени работници да носат членови на семејството во Велика Британија со својата виза, зголемување за 66 отсто на партиципацијата што мигрантите мора да ја платат за да користат здравствени услуги и зголемување на минималниот приход за семејните визи.

The post Британија ги заострува условите за работна виза appeared first on Република.

]]>

Велика Британија најави планови за намалување на бројот на легални имигранти во земјата со зголемување на минималната плата за една трита што мора да ја заработат за квалификувана работа, во услови на притисок врз премиерот Риши Сунак да се справи со рекордниот број нови имигранти. Високите нивоа на легална миграција доминираат на политичката сцена во Велика Британија повеќе од една деценија и беа клучен фактор во гласањето за напуштање на Европската унија на референдумот во 2016 година. Сунак вети дека ќе стекне поголема контрола врз миграцијата откако пратениците од неговата Конзервативна партија ги критикуваа неговите резултати по ова прашање пред изборите што се очекуваат следната година. Опозициската Лабуристичка партија во моментов има големо водство во анкетите. Стопанствениците и синдикатите ги оценија мерките како контрапродуктивни за приватниот сектор и државната здравствена служба, која страда од недостиг на работна сила. Минатата година во Велика Британија се доселиле 745.000 повеќе луѓе отколку што се иселиле. Нивото на имиграција остана еднакво високо од тогаш и мигрантите се главно од земји како Индија, Нигерија и Кина, наместо од ЕУ како што беше случајот претходно. Министерот за внатрешни работи Џејмс Клеверли рече дека новите мерки би можеле да го намалат тој број за 300.000. - Имиграцијата е превисока. Денес преземаме радикални мерки за да ја намалиме, рече Сунак, кој исто така се обидува да депортира илегални мигранти во Руанда, каде што ќе се обработуваат нивните барања за азил. Клеверли рече дека владата ќе ја зголеми минималната плата што странските квалификувани работници мора да ја заработуваат на 38.700 фунти (околу 45.100 евра) годишно, што е значително зголемување од сегашните 26.200 фунти (30.536 евра). Од ова ќе бидат изземени здравствените и социјалните работници. Другите мерки вклучуваат забрана за странски здравствени работници да носат членови на семејството во Велика Британија со својата виза, зголемување за 66 отсто на партиципацијата што мигрантите мора да ја платат за да користат здравствени услуги и зголемување на минималниот приход за семејните визи.

The post Британија ги заострува условите за работна виза appeared first on Република.

]]>
Бугарско МНР: Бугарија нема нови услови за Македонија, институциите допрва треба да ја докажат сериозноста со која ќе ги гонат злосторствата од омраза врз Бугарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarsko-mnr-bugarija-nema-novi-uslovi-za-makedonija-institutsiite-doprva-treba-da-ja-dokazhat-serioznosta-so-koja-ke-gi-gonat-zlostorstvata-od-omraza-vrz-bugarite/ Sun, 16 Jul 2023 12:04:27 +0000 https://republika.mk/?p=661929

Бугарија нема нови услови за Македонија, стои во ставот на Министерството за надворешни работи на Бугарија во однос на прашања на медиуми за, како што се наведува, европскиот компромис постигнат во 2022 година за европскиот пат на Македонија.

Бугарија нема нови услови кон Република Македонија. Напротив, таа искрено сака да го види својот сосед како напредува кон полноправно членство, преку успеси во реформскиот процес и напорите за градење добрососедски односи. Го очекуваме првиот чекор во овој процес, согласно обврските потпишани од Скопје во јули 2022 година – …стапување во сила на измените на Уставот на Македонија за граѓаните кои живеат на територијата на оваа земја и се дел од други народи, како што е бугарскиот народ, според внатрешните процедури, се вели во соопштението на бугарското МНР.

Како што наведува Министерството, основен принцип на меѓународното право е Pacta sunt servanda и договорите мора да се спроведуваат, без разлика дали се мултилатерални или билатерални.

Неспроведувањето на потпишаните договори ја поткопува довербата, конзистентноста и предвидливоста во односите меѓу државите и предизвикува одмазда. Отсекогаш очекувавме од нашите пријатели во Македонија совесно исполнување на сите преземени обврски, а не обиди да се толкува дали процесот на европска интеграција бара нивно исполнување, стои во соопштението.

Во него се додава дека патот на Македонија кон членството во ЕУ има јасно дефинирани параметри.

Неодговорно и контрапродуктивно е да се нарушува тешката и деликатна рамнотежа со несоодветни и тенденциозни толкувања кои отстапуваат од критериумите јасно утврдени од Советот на ЕУ за оваа работа. Посебно опасни се обидите за манипулативно прикажување на веќе договорените и опишани во компромисот од 2022 година како некои нови барања на Република Бугарија, коментираат од бугарското МНР.

Како што наведуваат од министерството, преговарачката рамка, која според одлуката на Советот на ЕУ ќе и биде предадена на акедонија по завршувањето на фазата на отворање на преговорите, експлицитно ги утврдува принципите што ќе ги дефинираат преговорите за членство. Во соопштението натаму се додава дека „институциите во Македонија допрва треба да ја докажат сериозноста со која ќе ги гонат злосторствата од омраза врз Бугарите во соседната земја“.

The post Бугарско МНР: Бугарија нема нови услови за Македонија, институциите допрва треба да ја докажат сериозноста со која ќе ги гонат злосторствата од омраза врз Бугарите appeared first on Република.

Бугарско МНР: Има јасни европски услови за Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarsko-mnr-ima-jasni-evropski-uslovi-za-makedonija/ Thu, 29 Jun 2023 15:00:46 +0000 https://republika.mk/?p=656506

Компромисот за европската перспектива на Македонија, договорен во 2022 година, јасно ги наведе условите што земјата кандидат мора да ги исполни, како пред целосното отворање на преговорите, така и за време на целиот преговарачки процес. Ова се наведува во официјалниот одговор од бугарското МНР до бугарски „БГНЕС“ како одговор на прашањето за европската интеграција на Македонија.

„Компромисот опфаќа три посебни, но меѓусебно поврзани елементи – заклучоците на Советот на ЕУ од јуни 2022 година, преговарачката рамка на Македонија и билатералниот Договор за добрососедство од 2017 година и мерките за негова имплементација (наведени во Записникот од состаноците на Меѓувладината комисија за член 12). Овој компромис е прифатен од сите земји членки на Унијата, тој е на сила, што повторно го потврдија сите земји членки во нивните заклучоци од декември 2022 година и договорите преку неа механизмот има европски, а не билатерален карактер“, нагласуваат од бугарското МНР.

„Постигнувањето членство во ЕУ е долг процес со многу чекори, во кој земјата кандидат постепено се приклучува кон почитувањето на европските принципи и примената на стандардите на Унијата во секоја сфера од нејзиниот политички, социјален и економски живот. Еден од предизвиците со кои се соочува Македонија е да се решат проблемите со правата на Бугарите и со развојот на добрососедските односи со Бугарија. Надминувањето на ова ќе се оценува во евроинтеграцискиот процес на Скопје како еден од критериумите утврдени во преговарачката рамка. Пред тоа, земјата-кандидат мора да започне целосни преговори за членство, што е целосно зависно од вклучувањето на Бугарите во нејзиниот устав“, стои во соопштението. „Министерството за надворешни работи редовно ги информира бугарските партнери во ЕУ и европските институции за состојбата во односите со Македонија, вклучително и кршењето на правата на Бугарите во соседната земја, што е дел од Копенхашките критериуми за членство во ЕУ “, порачуваат од официјалната бугарска дипломатија

The post Бугарско МНР: Има јасни европски услови за Македонија appeared first on Република.

]]>

Компромисот за европската перспектива на Македонија, договорен во 2022 година, јасно ги наведе условите што земјата кандидат мора да ги исполни, како пред целосното отворање на преговорите, така и за време на целиот преговарачки процес. Ова се наведува во официјалниот одговор од бугарското МНР до бугарски „БГНЕС“ како одговор на прашањето за европската интеграција на Македонија.
„Компромисот опфаќа три посебни, но меѓусебно поврзани елементи – заклучоците на Советот на ЕУ од јуни 2022 година, преговарачката рамка на Македонија и билатералниот Договор за добрососедство од 2017 година и мерките за негова имплементација (наведени во Записникот од состаноците на Меѓувладината комисија за член 12). Овој компромис е прифатен од сите земји членки на Унијата, тој е на сила, што повторно го потврдија сите земји членки во нивните заклучоци од декември 2022 година и договорите преку неа механизмот има европски, а не билатерален карактер“, нагласуваат од бугарското МНР. „Постигнувањето членство во ЕУ е долг процес со многу чекори, во кој земјата кандидат постепено се приклучува кон почитувањето на европските принципи и примената на стандардите на Унијата во секоја сфера од нејзиниот политички, социјален и економски живот. Еден од предизвиците со кои се соочува Македонија е да се решат проблемите со правата на Бугарите и со развојот на добрососедските односи со Бугарија. Надминувањето на ова ќе се оценува во евроинтеграцискиот процес на Скопје како еден од критериумите утврдени во преговарачката рамка. Пред тоа, земјата-кандидат мора да започне целосни преговори за членство, што е целосно зависно од вклучувањето на Бугарите во нејзиниот устав“, стои во соопштението. „Министерството за надворешни работи редовно ги информира бугарските партнери во ЕУ и европските институции за состојбата во односите со Македонија, вклучително и кршењето на правата на Бугарите во соседната земја, што е дел од Копенхашките критериуми за членство во ЕУ “, порачуваат од официјалната бугарска дипломатија

The post Бугарско МНР: Има јасни европски услови за Македонија appeared first on Република.

]]>
Екстремните временски услови за 40 години убија 200 илјади луѓе и предизвикаа штета од 560 милијарди евра https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/eea-ekstremnite-vremenski-uslovi-za-40-godini-ubija-200-iljadi-luge-i-predizvikaa-shteta-od-560-milijardi-evra/ Wed, 14 Jun 2023 08:00:33 +0000 https://republika.mk/?p=651120

Екстремните временски услови во Европа убија речиси 195.000 луѓе и предизвикаа економски загуби од повеќе од 560 милијарди евра од 1980 година, објави денеска Европската агенција за животна средина.

Речиси 195.000 жртви се предизвикани од поплави, бури, топлотни и студени бранови, шумски пожари и лизгање на земјиштето“ помеѓу 1980 и 2021 година, наведува ЕЕА во својот извештај.

Од 560 милијарди евра загуби, само 170 милијарди, или 30 отсто, биле осигурени, соопшти ЕЕА, кога лансираше нов онлајн портал кој ги собира неодамнешните податоци за влијанието на екстремните временски услови.

За да спречиме понатамошни загуби, треба итно да се префрлиме од реагирање на екстремни временски настани... кон проактивна подготовка за нив, изјави експертот за ЕЕА Александра Казмиерчак.

Според последните податоци, топлотните бранови се одговорни за 81 отсто од смртните случаи и 15 отсто од финансиските загуби.

Европа треба да преземе мерки за да го заштити своето стареење на населението, а постарите се особено чувствителни на екстремни горештини, соопшти ЕЕА.

Повеќето национални политики за адаптација и здравствени стратегии ги препознаваат влијанијата на топлината врз кардиоваскуларните и респираторните системи. Но, помалку од половина ги покриваат директните влијанија на топлината како дехидрација или топлотен удар, се вели во извештајот.

Во летото 2022 година се забележани повеќе смртни случаи од вообичаено во Европа по повторените топлотни бранови, но смртните случаи во 2022 година не се вклучени во податоците објавени денеска.

Имаше 53.000 смртни случаи повеќе во јули 2022 година од месечниот просек во 2016-2019 година, што е за 16 отсто повеќе, иако не сите од тие смртни случаи директно се припишуваат на топлината, соопшти ЕЕА.

Шпанија регистрираше повеќе од 4.600 смртни случаи поврзани со екстремните горештини во јуни, јули и август.

Според анализите за климата, за во иднина се предвидуваат подолги, поинтензивни и почести топлотни бранови.

The post Екстремните временски услови за 40 години убија 200 илјади луѓе и предизвикаа штета од 560 милијарди евра appeared first on Република.

]]>

Екстремните временски услови во Европа убија речиси 195.000 луѓе и предизвикаа економски загуби од повеќе од 560 милијарди евра од 1980 година, објави денеска Европската агенција за животна средина. Речиси 195.000 жртви се предизвикани од поплави, бури, топлотни и студени бранови, шумски пожари и лизгање на земјиштето“ помеѓу 1980 и 2021 година, наведува ЕЕА во својот извештај. Од 560 милијарди евра загуби, само 170 милијарди, или 30 отсто, биле осигурени, соопшти ЕЕА, кога лансираше нов онлајн портал кој ги собира неодамнешните податоци за влијанието на екстремните временски услови. За да спречиме понатамошни загуби, треба итно да се префрлиме од реагирање на екстремни временски настани... кон проактивна подготовка за нив, изјави експертот за ЕЕА Александра Казмиерчак. Според последните податоци, топлотните бранови се одговорни за 81 отсто од смртните случаи и 15 отсто од финансиските загуби. Европа треба да преземе мерки за да го заштити своето стареење на населението, а постарите се особено чувствителни на екстремни горештини, соопшти ЕЕА. Повеќето национални политики за адаптација и здравствени стратегии ги препознаваат влијанијата на топлината врз кардиоваскуларните и респираторните системи. Но, помалку од половина ги покриваат директните влијанија на топлината како дехидрација или топлотен удар, се вели во извештајот. Во летото 2022 година се забележани повеќе смртни случаи од вообичаено во Европа по повторените топлотни бранови, но смртните случаи во 2022 година не се вклучени во податоците објавени денеска. Имаше 53.000 смртни случаи повеќе во јули 2022 година од месечниот просек во 2016-2019 година, што е за 16 отсто повеќе, иако не сите од тие смртни случаи директно се припишуваат на топлината, соопшти ЕЕА. Шпанија регистрираше повеќе од 4.600 смртни случаи поврзани со екстремните горештини во јуни, јули и август. Според анализите за климата, за во иднина се предвидуваат подолги, поинтензивни и почести топлотни бранови.

The post Екстремните временски услови за 40 години убија 200 илјади луѓе и предизвикаа штета од 560 милијарди евра appeared first on Република.

]]>
Мицкоски уште пред една година кажуваше дека ќе се бори за промена на околностите и заштита на интересите на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ushte-pred-edna-godina-kazhuvashe-deka-ke-se-bori-za-promena-na-okolnostite-i-zashtita-na-interesite-na-makedonija/ Tue, 13 Jun 2023 14:40:31 +0000 https://republika.mk/?p=650953

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, пред една година зборуваше дека ќе се бори за промена на околностите во кои треба да се донесат уставните измени, кои во моментов се под бугарски диктат, и со кои би се гарантирала заштитата на македонските интереси.

Првично, Мицкоски побара гаранции од Европската Унија дека тоа ќе биде последното барање и дека понатаму во пристапниот процес и преговорите нема да има кочење или блокади, а дури потоа да се премине на иницијативата за гласање за измена на Устав.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, без кои го нема потребното двотретинско мнозинство, нема да гласаат за измени под околностите во кои се наоѓа државата сега, а кои Мицкоски ги окарактеризира како диктат и ултиматум. Според него, потезите на официјална Софија укажуваат на тоа како ќе тече преговарачкиот процес, бидејќи во ниту еден момент досега не се разговарало за развој, туку за обиди за негација и асимилација.

Ние велиме, наша цел е да бидеме дел од Европската Унија и тоа е наша единствена цел и цел на сите граѓани. Како ќе дојдеме до таа цел, велиме пречка било внесувањето на дел од бугарскиот народ во преамбулата. А, дали македонскиот народ има гаранција дека тоа ќе се случи, ако ова се случи? Нема гаранција. Кога некоја од Европа и од Брисел ќе дојде и кога ќе даде јасна гаранција пред овој македонски народ и пред граѓаните на Македонија, тогаш можеме да седнеме и да разгораме за се. До тогаш, нема промена на преамбулата и нема интервенции во уставот, рече, на 22 октомври минатата година, Христијан Мицкоски.

Мицкоски повтори дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени се додека нема јасна гаранција од Брисел и ЕУ дека земјава ќе влезе во Унијата, без Бугарија постојано да се заканува со ново вето, при што посочи дека е подготвен да седне и со секого да разговара за во Македонија да имаме фер систем каде луѓето нема да напредуваат само затоа што се дел од некаква бројка, туку затоа што вредат, се конкуретни и имаат знаење.

Подготвен сум да седнам да разговарам со секого, но тоа е оној нов договор за Македонија и притоа треба да разговараме и за нормата Бадентер, за нормата балансер, да имаме еден фер систем во Македонија каде што луѓето нема да напредуваат поради тоа што се дел од некаква си бројка, или дел од некаква квота или процент, туку затоа што вредат, затоа што се конкуретни, имаат знаење… Ако ме прашувате за процесот на менување на Преамбулата на Уставот со цел вклучување на делови на народи, па како реакција на тој процес се јавува тој процес, можам да кажам дека е непринципиелно и неевропско, затоа што вие ако верувате во европската агенда како што велат, треба да веруваат безусловно а не со услови, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски и во ноември, минатата година го повтори неговиот и ставот на паријата дека нема уставни измени без гаранции дека Бугарија нема да го кочи процесот и нема да го загрозува македонскиот национален идентитет. Тој рече дека без гаранции за нашата европска иднина, заштитени од идни условувања од Бугарија, уставни измени нема да има.

Повторувам, јасни гаранции за европска иднина на Македонија каде што нема Бугарија да има можности да го кочи тој процес. Без такви јасни гаранции за македонскиот идентитет, македонскиот јазик, уставни измени нема да има. Тоа треба секој да го знае, рече Мицкоски на петти ноември, лани.

Во одбраната на македонскиот национални интереси и промена на условите и околностите за пристапување кон Европската Унија, Мицкоски не го поколеба и не го предомисли дури ниту претседтаелката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. На крајот на октомври минатата година во посета на Скопје претседателката на ЕК, Лајен изјави дека политичарите треба да го остварат сонот на младите да бидат дел од Европската Унија.

ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени под постојните услови. Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски денеска го повтори ставот дека нема да поддржат уставни измени. Мицкоски за време на викендот изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи уставни измени само ако добие гаранции од ЕУ дека земјата ќе влезе во Унијата и дека за време на пристапниот процес, Бугарија нема да стави нови вета, одговорија тогаш од ВМРО-ДПМНЕ.

Сето ова што го бара Мицкоски не е ништо неостварливо и невозможно. Нема невозможни работи, особено во политиката, но за тоа е потребна волја, желба и макотрпна работа. За жал, во случајот со Македонија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е единствениот кој се бори и сака да се избори за достоинствен пристап на Македонија во европското семејство, со зачувани национални итереси. Додека од друга страна ги имаме владините функционери, на чело со премиерот Димитар Ковачевски, кои се грижат само да не ги изгубат благодетите и привилегиите кои ги нуди власта и се занимаваат со распродавање на македонските националните интереси.

The post Мицкоски уште пред една година кажуваше дека ќе се бори за промена на околностите и заштита на интересите на Македонија appeared first on Република.

ВМРО-ДПМНЕ бара: Одложена примена на уставните измени или предвремени избори со гаранции од ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-odlozhena-primena-na-ustavnite-izmeni-ili-predvremeni-izbori-so-garantsii-od-eu/ Sun, 11 Jun 2023 07:15:30 +0000 https://republika.mk/?p=650054

ВМРО-ДПМНЕ преку денешното утринско соопштение ги дообјасни своите услови за давање поддршка на уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот. Доколку СДСМ не прифати еден од овие услови, тогаш ВМРО-ДПМНЕ нема да преговара.

СДС да каже кој од двата предлога на претседателот Мицкоски кои го штитат идентитетот и овозможуваат интеграција во ЕУ прифаќа, спротивно нема потреба од преговори.

Ковачевски да не манипулира со своето членство, и со граѓаните, да се охрабри и да каже кој предлог го прифаќа.

1. Одложено важење на уставните измени кога Македонија ќе стане членка на ЕУ и преодна влада без ДУИ.

2. Избори на есен, гаранции од ЕУ институциите за македонскиот многувековен идентитет, пакет помош од Европската комисија за македонската економија и граѓани и барање до Бугарија да имплементира барем 3 пресуди од ЕСЧП поврзани со Македонците во Бугарија. И по изборите партијата која ќе биде опозиција да ја поддржи владата и државата во спроведување на овие чекори, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ бара: Одложена примена на уставните измени или предвремени избори со гаранции од ЕУ appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ преку денешното утринско соопштение ги дообјасни своите услови за давање поддршка на уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот. Доколку СДСМ не прифати еден од овие услови, тогаш ВМРО-ДПМНЕ нема да преговара. СДС да каже кој од двата предлога на претседателот Мицкоски кои го штитат идентитетот и овозможуваат интеграција во ЕУ прифаќа, спротивно нема потреба од преговори. Ковачевски да не манипулира со своето членство, и со граѓаните, да се охрабри и да каже кој предлог го прифаќа. 1. Одложено важење на уставните измени кога Македонија ќе стане членка на ЕУ и преодна влада без ДУИ. 2. Избори на есен, гаранции од ЕУ институциите за македонскиот многувековен идентитет, пакет помош од Европската комисија за македонската економија и граѓани и барање до Бугарија да имплементира барем 3 пресуди од ЕСЧП поврзани со Македонците во Бугарија. И по изборите партијата која ќе биде опозиција да ја поддржи владата и државата во спроведување на овие чекори, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ бара: Одложена примена на уставните измени или предвремени избори со гаранции од ЕУ appeared first on Република.

]]>
Ѕирнете во пеколот на „Азовстал“: Руските сили овозможија увид во подземните бункери и ходници на фабриката во Мариупол https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dzirnete-vo-pekolot-na-azovstal-ruskite-sili-ovozmozija-uvid-vo-podzemnite-bunkeri-i-hodnici-na-fabrikata-vo-mariupol/ Tue, 14 Jun 2022 13:25:32 +0000 https://republika.mk/?p=515087

Импровизирани кревети, спомен обележја на загинатите борци и „легла“ направени од дрвени палети откриваат речиси незамисливи услови во кои живееја украинските сили во подземните бункери на фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол, во источна Украина.

„Дејли мејл“ објави нови слики, фотографирани од руските сили, на кои се гледаат просториите во кои живееја неколку илјади украински војници.

Огромниот индустриски комплекс источно од пристаништето на Азовското Море беше место на едни од најинтензивните борби во Украина.

Опсадата на Мариупол, во која, според проценките, загинаа околу 6.000 Украинци и 4.000 Руси, заврши на 20 мај.

Откако руските трупи презедоа целосна контрола во фабриката за челик, начинот на кој живееја илјадници цивили и украински борци беше мистерија.

Според поранешниот командант на украинската национална гарда на Азов, десетици тела се уште се во индустрискиот комплекс.

The post Ѕирнете во пеколот на „Азовстал“: Руските сили овозможија увид во подземните бункери и ходници на фабриката во Мариупол appeared first on Република.

]]>

Импровизирани кревети, спомен обележја на загинатите борци и „легла“ направени од дрвени палети откриваат речиси незамисливи услови во кои живееја украинските сили во подземните бункери на фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол, во источна Украина. „Дејли мејл“ објави нови слики, фотографирани од руските сили, на кои се гледаат просториите во кои живееја неколку илјади украински војници. Огромниот индустриски комплекс источно од пристаништето на Азовското Море беше место на едни од најинтензивните борби во Украина. Опсадата на Мариупол, во која, според проценките, загинаа околу 6.000 Украинци и 4.000 Руси, заврши на 20 мај. Откако руските трупи презедоа целосна контрола во фабриката за челик, начинот на кој живееја илјадници цивили и украински борци беше мистерија. Според поранешниот командант на украинската национална гарда на Азов, десетици тела се уште се во индустрискиот комплекс.  

The post Ѕирнете во пеколот на „Азовстал“: Руските сили овозможија увид во подземните бункери и ходници на фабриката во Мариупол appeared first on Република.

]]>
Украина ги соопшти условите: Киев е подготвен да го разгледа прашањето за одбивање членство во НАТО, доколку добие безбедносни гаранции https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-gi-soopshti-uslovite-kiev-e-podgotven-da-go-razgleda-prashanjeto-za-odbivanje-chlenstvo-vo-nato-dokolku-dobie-bezbednosni-garancii/ Tue, 08 Mar 2022 14:01:15 +0000 https://republika.mk/?p=469681

Советникот на претседателот на Украина, Михаило Подољак изјави дека Киев е подготвен да го разгледа прашањето за одбивање членство во НАТО, доколку за возврат добие безбедносни гаранции.

Подготвени сме за конструктивни преговори за клучните прашања. Се разбира, главното прашање е безбедноста. Суспендирање на борбените операции. Што се однесува до политичките прашања, претседателот Володимир Зеленски не се плаши да разговара за сето ова со Русија“, рече тој.

Како што рече, неопходно е Украина да добие прецизни, писмени и правно обврзувачки гаранции во услови кога НАТО отворено кажува дека не ја сака Украина за нејзина членка.

Во моментов е бесмислено да се зборува за детали. Сега главната работа е физички да се заштити Украина“, рече тој.

Подољак рече и дека Киев нема да прифати никакви ултиматуми поставени од Русија.

The post Украина ги соопшти условите: Киев е подготвен да го разгледа прашањето за одбивање членство во НАТО, доколку добие безбедносни гаранции appeared first on Република.