усеин болт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/usein-bolt/ За подобро да се разбереме Thu, 19 Jan 2023 10:26:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png усеин болт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/usein-bolt/ 32 32 На Усеин Болт му се „украдени“ 13 милиони долари од инвестициски фонд https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/na-usein-bolt-mu-se-ukradeni-13-milioni-dolari-od-investitsiski-fond/ Thu, 19 Jan 2023 10:26:42 +0000 https://republika.mk/?p=598615

Адвокатите на легендарниот атлетичар Усеин Болт, еден од најдобрите спортисти на сите времиња, објавија дека недостигаат повеќе од 12,7 милиони долари од сметката на нивниот клиент кај приватна инвестициска фирма која е под истрага на властите во Јамајка.

Адвокатот Линтон П. Гордон му доставил на „Асошиетед прес“ копија од писмо испратено до „Stocks & Securities Limited“ во кое бара парите да бидат вратени.

Гордон објави дека на сметката на Болт имало 12,8 милиони долари, но сега има само 12.000 долари.

Ако ова е вистина, а се надеваме дека не е, тогаш е извршено сериозно дело на кражба и измама против нашиот клиент“, велат адвокатите на Болт во писмото и се закануваат со граѓански и кривични пријави доколку парите не бидат вратат во рок од десет дена.

Компанијата „Stocks & Securities Limited“ не одговори веднаш на барањето за коментар. На својата веб-страница, компанијата побара од клиентите да ги упатат сите итни прашања до Комисијата за финансиски услуги на Јамајка, која ја истражува фирмата.

Разбираме дека клиентите сакаат повеќе информации и ве уверуваме дека внимателно ја следиме ситуацијата во текот на сите неопходни чекори и ќе ги информираме нашите клиенти за решение штом тие информации ќе бидат достапни“, велат од компанијата.

Тие соопштија дека ја откриле измамата овој месец и дека на неколку клиенти можеби им недостасуваат милиони долари.

Министерот за финансии на Јамајка, Најџел Кларк, коментираше дека „оваа необична ситуација е вознемирувачка“ и дека „не треба да се сомневаат во финансиските институции, поради неколку неодговорни поединци“.

Адвокатите на Болт го испратија писмото во понеделникот, бидејќи Комисијата за финансиски услуги на Јамајка објави дека назначила специјален ревизор за да ги разгледа наводите за измама во компанијата во главниот град Кингстон.

Во вторникот, финансиските власти соопштија дека го преземаат привременото управување со приватната инвестициска компанија, на која и е дозволено да продолжи со работа, но со одобрение од владата за сите трансакции.

Болт, кој се пензионираше во 2017 година, ги држи светските рекорди на 100 метри и 200 метри и во штафетата 4х100 метри.

The post На Усеин Болт му се „украдени“ 13 милиони долари од инвестициски фонд appeared first on Република.

]]>

Адвокатите на легендарниот атлетичар Усеин Болт, еден од најдобрите спортисти на сите времиња, објавија дека недостигаат повеќе од 12,7 милиони долари од сметката на нивниот клиент кај приватна инвестициска фирма која е под истрага на властите во Јамајка. Адвокатот Линтон П. Гордон му доставил на „Асошиетед прес“ копија од писмо испратено до „Stocks & Securities Limited“ во кое бара парите да бидат вратени. Гордон објави дека на сметката на Болт имало 12,8 милиони долари, но сега има само 12.000 долари.
Ако ова е вистина, а се надеваме дека не е, тогаш е извршено сериозно дело на кражба и измама против нашиот клиент“, велат адвокатите на Болт во писмото и се закануваат со граѓански и кривични пријави доколку парите не бидат вратат во рок од десет дена.
Компанијата „Stocks & Securities Limited“ не одговори веднаш на барањето за коментар. На својата веб-страница, компанијата побара од клиентите да ги упатат сите итни прашања до Комисијата за финансиски услуги на Јамајка, која ја истражува фирмата.
Разбираме дека клиентите сакаат повеќе информации и ве уверуваме дека внимателно ја следиме ситуацијата во текот на сите неопходни чекори и ќе ги информираме нашите клиенти за решение штом тие информации ќе бидат достапни“, велат од компанијата.
Тие соопштија дека ја откриле измамата овој месец и дека на неколку клиенти можеби им недостасуваат милиони долари. Министерот за финансии на Јамајка, Најџел Кларк, коментираше дека „оваа необична ситуација е вознемирувачка“ и дека „не треба да се сомневаат во финансиските институции, поради неколку неодговорни поединци“. Адвокатите на Болт го испратија писмото во понеделникот, бидејќи Комисијата за финансиски услуги на Јамајка објави дека назначила специјален ревизор за да ги разгледа наводите за измама во компанијата во главниот град Кингстон. Во вторникот, финансиските власти соопштија дека го преземаат привременото управување со приватната инвестициска компанија, на која и е дозволено да продолжи со работа, но со одобрение од владата за сите трансакции. Болт, кој се пензионираше во 2017 година, ги држи светските рекорди на 100 метри и 200 метри и во штафетата 4х100 метри.

The post На Усеин Болт му се „украдени“ 13 милиони долари од инвестициски фонд appeared first on Република.

]]>