уругвај Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/urugvaj/ За подобро да се разбереме Sun, 27 Oct 2024 11:11:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png уругвај Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/urugvaj/ 32 32 Граѓаните на Уругвај избираат претседател, потпретседател и членови на Парламентот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/graganite-na-urugvaj-izbiraat-pretsedatel-potpretsedatel-i-chlenovi-na-parlamentot/ Sun, 27 Oct 2024 09:46:49 +0000 https://republika.mk/?p=831357

Во Уругвај денеска се одржуваат општи избори на кои граѓаните ќе избираат нов претседател, потпретседател и членови на Парламентот, а анкетите покажуваат дека најверојатно ќе бидат избрани нови лидери по вториот круг.

Доколку ниту еден претседателски кандидат не добие повеќе од 50 отсто од гласовите, вториот круг ќе се одржи на 24 ноември.

Како што се наведува, главните теми на предизборната кампања на уругвајските политички партии беа пензиите и криминалот.

Анкетите покажуваат дека во трката за претседател води кандидатот на левиот центар на Широкиот фронт Џаманду Орси, додека на второ место е кандидатот на владејачката конзервативна коалиција Алваро Делгадо.

Избирачките места се отворени во 7:30 часот по локално време, а резултатите се очекуваат по 21:30 часот, исто така по локално време.

The post Граѓаните на Уругвај избираат претседател, потпретседател и членови на Парламентот appeared first on Република.

]]>

Во Уругвај денеска се одржуваат општи избори на кои граѓаните ќе избираат нов претседател, потпретседател и членови на Парламентот, а анкетите покажуваат дека најверојатно ќе бидат избрани нови лидери по вториот круг. Доколку ниту еден претседателски кандидат не добие повеќе од 50 отсто од гласовите, вториот круг ќе се одржи на 24 ноември. Како што се наведува, главните теми на предизборната кампања на уругвајските политички партии беа пензиите и криминалот. Анкетите покажуваат дека во трката за претседател води кандидатот на левиот центар на Широкиот фронт Џаманду Орси, додека на второ место е кандидатот на владејачката конзервативна коалиција Алваро Делгадо. Избирачките места се отворени во 7:30 часот по локално време, а резултатите се очекуваат по 21:30 часот, исто така по локално време.

The post Граѓаните на Уругвај избираат претседател, потпретседател и членови на Парламентот appeared first on Република.

]]>
Легендата се повлекува: Суарез го одигра последниот натпревар за Уругвај https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/legendata-se-povlekuva-suarez-go-odigra-posledniot-natprevar-za-urugvaj/ Sat, 07 Sep 2024 09:19:42 +0000 https://republika.mk/?p=814045

Легендарниот уругвајски напаѓач Луис Суарез (37) синоќа се збогува од националниот тим со ремито 0:0 против Парагвај во Монтевидео во квалификациите за јужноамериканската зона за Светското првенство 2026 година.

Суарез на крајот не успеа да стигне до бројката од 70 голови, во натпревар во кој уругвајските фудбалери направија дури 24 прекршоци и упатија само еден удар кон противничкиот гол. Тој удар беше токму во режија на Суарез, кој ја погоди стативата во 18. минута.

Популарниот „Пистолеро“ по 17 години се збогуваше од небесно синиот дрес во кој постигна 69 голови на 143 натпревари, како најдобар стрелец во историјата на Уругвај.

„Ти благодарам за се Лучо“, „Ти беше и ќе останеш мој вечен идол“, „Ти си единствен и неспоредлив“ – имаше многу проштални пораки на стадионот „Сентенарио“, каде се собраа повеќе од 60.000 гледачи.

Со освоен бод во прошталниот натпревар на својот херој, Уругвај и натаму е втор со 14 бодови, зад Аргентина (18), во овие квалификации од јужноамериканската зона.

The post Легендата се повлекува: Суарез го одигра последниот натпревар за Уругвај appeared first on Република.

]]>

Легендарниот уругвајски напаѓач Луис Суарез (37) синоќа се збогува од националниот тим со ремито 0:0 против Парагвај во Монтевидео во квалификациите за јужноамериканската зона за Светското првенство 2026 година. Суарез на крајот не успеа да стигне до бројката од 70 голови, во натпревар во кој уругвајските фудбалери направија дури 24 прекршоци и упатија само еден удар кон противничкиот гол. Тој удар беше токму во режија на Суарез, кој ја погоди стативата во 18. минута. Популарниот „Пистолеро“ по 17 години се збогуваше од небесно синиот дрес во кој постигна 69 голови на 143 натпревари, како најдобар стрелец во историјата на Уругвај. „Ти благодарам за се Лучо“, „Ти беше и ќе останеш мој вечен идол“, „Ти си единствен и неспоредлив“ – имаше многу проштални пораки на стадионот „Сентенарио“, каде се собраа повеќе од 60.000 гледачи. Со освоен бод во прошталниот натпревар на својот херој, Уругвај и натаму е втор со 14 бодови, зад Аргентина (18), во овие квалификации од јужноамериканската зона.

The post Легендата се повлекува: Суарез го одигра последниот натпревар за Уругвај appeared first on Република.

]]>
Нова награда за „Бизнисот на задоволството“ во Уругвај https://arhiva3.republika.mk/scena/film/nova-nagrada-za-biznisot-na-zadovolstvoto-vo-urugvaj/ Wed, 17 Jul 2024 07:06:05 +0000 https://republika.mk/?p=797559

„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски се закити со десетто признание на меѓународните филмски фестивали во светот. Овојпат наградата доаѓа од фестивалот „Сине дел Мар“ во Уругвај и е адресирана на Дејан Ѓошевски кој стои зад продукцијата на дизајн.

Уште една убава вест. Дејан Ѓошевски е добитник на специјална диплома (special mention) за продукција на дизајн во Уругвај. Славиме 10 награди, пишува на официјалната Фејсбук страница на филмот.

Како што информира Цветановски, „Бизнисот на задоволството“ досега доби три награди за најдобар филм во Јужна Америка, а во септември ќе ја има и својата бразилска премиера на 32. „Еко Сине Интернешнал Филм“ во Сао Паоло.

Македонската публика ќе има можност да го гледа филмот од септември во кино салите.

„Бизнисот на задоволството“ следи приказна на новинарка која, опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка, подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа за трговија со жени. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола. Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски. Финансиран е од Агенцијата за филм.

 

The post Нова награда за „Бизнисот на задоволството“ во Уругвај appeared first on Република.

]]>

„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски се закити со десетто признание на меѓународните филмски фестивали во светот. Овојпат наградата доаѓа од фестивалот „Сине дел Мар“ во Уругвај и е адресирана на Дејан Ѓошевски кој стои зад продукцијата на дизајн.
Уште една убава вест. Дејан Ѓошевски е добитник на специјална диплома (special mention) за продукција на дизајн во Уругвај. Славиме 10 награди, пишува на официјалната Фејсбук страница на филмот.
Како што информира Цветановски, „Бизнисот на задоволството“ досега доби три награди за најдобар филм во Јужна Америка, а во септември ќе ја има и својата бразилска премиера на 32. „Еко Сине Интернешнал Филм“ во Сао Паоло. Македонската публика ќе има можност да го гледа филмот од септември во кино салите. „Бизнисот на задоволството“ следи приказна на новинарка која, опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка, подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа за трговија со жени. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола. Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски. Финансиран е од Агенцијата за филм.  

The post Нова награда за „Бизнисот на задоволството“ во Уругвај appeared first on Република.

]]>
Фудбалерите во Уругвај стапија во штрајк https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/fudbalerite-vo-urugvaj-stapija-vo-shtrajk/ Sat, 09 Sep 2023 15:52:21 +0000 https://republika.mk/?p=680298

Фудбалерите од уругвајските прволигашки и второлигашки екипи едногласно одлучија да ги бојкотираат натпреварите кои требаше да се играат овој викенд незадоволни од условите предвидени во колективниот договор.

Колективниот договор меѓу сопствениците на клубовите и фудбалерите во Уругвај е непроменет од 2007 година што практично резултираше со замрзнување на платите на играчите.

– Принудени бевме на овој чекор за да го свртиме вниманието на постојниот проблем и да издејствуваме постигнување конечен договор, изјави генералниот секретар на Синдикатот на уругвајските професионални фудбалери Мичел Дуарте, напоменувајќи дека платите на играчите, особено во втората лига, се многу ниски.

Дуарте најави дека штрајкот ќе трае сè до постигнување нов колективен договор.

The post Фудбалерите во Уругвај стапија во штрајк appeared first on Република.

]]>

Фудбалерите од уругвајските прволигашки и второлигашки екипи едногласно одлучија да ги бојкотираат натпреварите кои требаше да се играат овој викенд незадоволни од условите предвидени во колективниот договор. Колективниот договор меѓу сопствениците на клубовите и фудбалерите во Уругвај е непроменет од 2007 година што практично резултираше со замрзнување на платите на играчите.
– Принудени бевме на овој чекор за да го свртиме вниманието на постојниот проблем и да издејствуваме постигнување конечен договор, изјави генералниот секретар на Синдикатот на уругвајските професионални фудбалери Мичел Дуарте, напоменувајќи дека платите на играчите, особено во втората лига, се многу ниски.
Дуарте најави дека штрајкот ќе трае сè до постигнување нов колективен договор.

The post Фудбалерите во Уругвај стапија во штрајк appeared first on Република.

]]>
„Монтевидео се гледаме“: 400 килограми кокаин од Балканскиот клан фатени во Уругвај https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/montevideo-se-gledame-400-kilogrami-kokain-od-balkanskiot-klan-fateni-vo-urugvaj/ Tue, 28 Mar 2023 07:33:31 +0000 https://republika.mk/?p=624304

Уругвајската полиција  во рамките на акцијата наречена „Виртус“ заплени повеќе од 400 килограми кокаин, а меѓу другите уапси и двајца државјани на Црна Гора.

Дрогата пристигнала од Боливија и била наменета за Европа.Операцијата вклучувала рации во Монтевидео, Сан Хозе и Рио Негро, а во оваа организација беа вклучени 18 лица од различни националности. Во моментов, 15 се уапсени, од кои многумина се странци.

Меѓу 15-те уапсени има и двајца црногорски државјани кои се осомничени дека се членови на балканскиот клан, кој е голема мрежа на организиран криминал што дејствува во Европа, составена од државјани на Србија, Црна Гора и Хрватска. Одземената дрога е проценета на пазарната вредност од околу 15 милиони евра

The post „Монтевидео се гледаме“: 400 килограми кокаин од Балканскиот клан фатени во Уругвај appeared first on Република.

]]>

Уругвајската полиција  во рамките на акцијата наречена „Виртус“ заплени повеќе од 400 килограми кокаин, а меѓу другите уапси и двајца државјани на Црна Гора. Дрогата пристигнала од Боливија и била наменета за Европа.Операцијата вклучувала рации во Монтевидео, Сан Хозе и Рио Негро, а во оваа организација беа вклучени 18 лица од различни националности. Во моментов, 15 се уапсени, од кои многумина се странци. Меѓу 15-те уапсени има и двајца црногорски државјани кои се осомничени дека се членови на балканскиот клан, кој е голема мрежа на организиран криминал што дејствува во Европа, составена од државјани на Србија, Црна Гора и Хрватска. Одземената дрога е проценета на пазарната вредност од околу 15 милиони евра

The post „Монтевидео се гледаме“: 400 килограми кокаин од Балканскиот клан фатени во Уругвај appeared first on Република.

]]>
Фатен половина тон кокаин во Уругвај спакуван во пакети со насликани Мики Маус и Плутон https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/faten-polovina-ton-kokain-vo-urugvaj-spakuvan-vo-paketi-so-naslikani-miki-maus-i-pluton/ Sun, 26 Mar 2023 14:15:09 +0000 https://republika.mk/?p=623864

Двајца државјани на Црна Гора се меѓу уапсените во полициска акција „Виртус“ во која се запленети 489 килограми коакин во Уругвај.

Црногорците се најверојатно дел од балканскиот клан, огромна мрежа на организиран криминал која дејствува во Европа.

Се претпоставува дека кокаинот бил произведен во Боливија. Бил спакуван во 450 пакети, на кои биле испринтани ликови од јунаците на „Дизни“, Мики Маус и Плутон. Вредноста на запленетиот кокаин се проценува на 16 милиони долари.

Во акцијата се запленети оружје, стотици илјади долари и аргентински пезоси, три автомобили, камион, два чамци, трактор и осум мобилини телефони.

 

The post Фатен половина тон кокаин во Уругвај спакуван во пакети со насликани Мики Маус и Плутон appeared first on Република.

]]>

Двајца државјани на Црна Гора се меѓу уапсените во полициска акција „Виртус“ во која се запленети 489 килограми коакин во Уругвај. Црногорците се најверојатно дел од балканскиот клан, огромна мрежа на организиран криминал која дејствува во Европа. Се претпоставува дека кокаинот бил произведен во Боливија. Бил спакуван во 450 пакети, на кои биле испринтани ликови од јунаците на „Дизни“, Мики Маус и Плутон. Вредноста на запленетиот кокаин се проценува на 16 милиони долари. Во акцијата се запленети оружје, стотици илјади долари и аргентински пезоси, три автомобили, камион, два чамци, трактор и осум мобилини телефони.  

The post Фатен половина тон кокаин во Уругвај спакуван во пакети со насликани Мики Маус и Плутон appeared first on Република.

]]>
Србија против Бразил не го повтори успехот на Југославија во 1930 година https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/srbija-protiv-brazil-ne-go-povtori-uspehot-na-jugoslavija-vo-1930-godina/ Sun, 27 Nov 2022 14:55:42 +0000 https://republika.mk/?p=578052

Србија вчера одигра лошо против Бразил без ниту еден шут на голот. Избраниците на Пикси не го повторија успехот на репрезентацијата на Југославија на првото Светско првенство во Уругвај.

Во 1930 година во Монтевидео Бразилците заради внатрешни проблеми играа исклучиво со играчи од Рио де Жанеиро но се очекуваше да влезат во полуфинале. Но Југословените ги изненадија и ги победија со 2-1 во првиот натпревар од групата.Головите ги постигнаа Тирнаниќ и Бек.

Пред неколку години за овој успех беше снимен филм наречен „Монтевидео“.

The post Србија против Бразил не го повтори успехот на Југославија во 1930 година appeared first on Република.

]]>

Србија вчера одигра лошо против Бразил без ниту еден шут на голот. Избраниците на Пикси не го повторија успехот на репрезентацијата на Југославија на првото Светско првенство во Уругвај. Во 1930 година во Монтевидео Бразилците заради внатрешни проблеми играа исклучиво со играчи од Рио де Жанеиро но се очекуваше да влезат во полуфинале. Но Југословените ги изненадија и ги победија со 2-1 во првиот натпревар од групата.Головите ги постигнаа Тирнаниќ и Бек. Пред неколку години за овој успех беше снимен филм наречен „Монтевидео“.

The post Србија против Бразил не го повтори успехот на Југославија во 1930 година appeared first on Република.

]]>
„Монтевидео се гледаме“: За првото Светско првенство беше снимен филм https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/monetvideo-se-gledame-za-prvoto-svetsko-prvenstvo-beshe-snimen-film/ Fri, 18 Nov 2022 18:45:21 +0000 https://republika.mk/?p=575429

Ви ги откриваме интересните настани кои гo одбележаа првoто Светско првенство  во Уругвај во 1930 година.

Ниту едно Светско првенство во изминатите 92 години не поминало без интересни настани и контроверзни одлуки.

Првенството во Уругвај е единственото во историјата кое се одржа без квалификации и на кое учествуваа повеќе репрезентации од Северна и Јужна Америка, од кои девет, наспроти само четири од Европа (Југославија, Франција, Белгија и Романија). Причината за тоа е што патувањето со брод преку Атлантскиот Океан било исклучително долго и скапо.

Репрезентацијата на Египет требаше да игра во Уругвај, но задоцниле да се качат на бродот, па останале без учество на Мундијалот.

Репрезентацијата на Југославија го имаше најмладиот тим на СП, а просечната возраст на нашата селекција беше 21 година и 258 дена. Инаку, по првиот натпревар и победата над Бразил (2:1), тамошните медиуми ја нарекоа нашата репрезентација „Ичачос“ поради тоа што повеќето презимиња на играчите завршуваа на „иќ“.

Интересно е тоа што романскиот тим беше избран лично од нивниот крал Керол Втори, кој инаку  бил голем љубител на фудбалот. Романците се согласија да играат на СП дури кога Керол Втори лично им гарантираше дека нема да останат без работа по враќањето од Уругвај, а тој им вети и пари.

Стадионот „Сентенарио“ во Монтевидео е специјално изграден за Мундијалот, а интересно е што неговата изградба е завршена пет дена по почетокот на првенството. Инаку, и денес, 92 години подоцна, репрезентацијата на Уругвај своите натпревари ги игра на споменатиот стадион.

Светската титула ја освои Уругвај, кој во својот тим имаше двајца инвалиди - Хозе Леандро Андраде бил слеп на едното око, додека Хектор Кастро немал една рака. Сепак, Кастро не го спречи да биде стрелец на еден од четирите гола на последниот натпревар против Аргентина, па подоцна го доби прекарот „еднорач“.

Финалниот натпревар се играше со две различни топки. Имено, поради големото ривалство, Уругвај и Аргентина не можеа да се договорат со чија топка ќе се игра финалниот натпревар, па судијата донесе одлука да ја искористи топката што ја донесоа Аргентинците во првото полувреме, а топката на домашните во второто полувреме

The post „Монтевидео се гледаме“: За првото Светско првенство беше снимен филм appeared first on Република.

]]>

Ви ги откриваме интересните настани кои гo одбележаа првoто Светско првенство  во Уругвај во 1930 година. Ниту едно Светско првенство во изминатите 92 години не поминало без интересни настани и контроверзни одлуки. Првенството во Уругвај е единственото во историјата кое се одржа без квалификации и на кое учествуваа повеќе репрезентации од Северна и Јужна Америка, од кои девет, наспроти само четири од Европа (Југославија, Франција, Белгија и Романија). Причината за тоа е што патувањето со брод преку Атлантскиот Океан било исклучително долго и скапо. Репрезентацијата на Египет требаше да игра во Уругвај, но задоцниле да се качат на бродот, па останале без учество на Мундијалот. Репрезентацијата на Југославија го имаше најмладиот тим на СП, а просечната возраст на нашата селекција беше 21 година и 258 дена. Инаку, по првиот натпревар и победата над Бразил (2:1), тамошните медиуми ја нарекоа нашата репрезентација „Ичачос“ поради тоа што повеќето презимиња на играчите завршуваа на „иќ“. Интересно е тоа што романскиот тим беше избран лично од нивниот крал Керол Втори, кој инаку  бил голем љубител на фудбалот. Романците се согласија да играат на СП дури кога Керол Втори лично им гарантираше дека нема да останат без работа по враќањето од Уругвај, а тој им вети и пари. Стадионот „Сентенарио“ во Монтевидео е специјално изграден за Мундијалот, а интересно е што неговата изградба е завршена пет дена по почетокот на првенството. Инаку, и денес, 92 години подоцна, репрезентацијата на Уругвај своите натпревари ги игра на споменатиот стадион. Светската титула ја освои Уругвај, кој во својот тим имаше двајца инвалиди - Хозе Леандро Андраде бил слеп на едното око, додека Хектор Кастро немал една рака. Сепак, Кастро не го спречи да биде стрелец на еден од четирите гола на последниот натпревар против Аргентина, па подоцна го доби прекарот „еднорач“. Финалниот натпревар се играше со две различни топки. Имено, поради големото ривалство, Уругвај и Аргентина не можеа да се договорат со чија топка ќе се игра финалниот натпревар, па судијата донесе одлука да ја искористи топката што ја донесоа Аргентинците во првото полувреме, а топката на домашните во второто полувреме

The post „Монтевидео се гледаме“: За првото Светско првенство беше снимен филм appeared first on Република.

]]>
Суарез го надмина Меси и стана најдобар стрелец од Јужна Америка во квалификациите за СП https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/suarez-go-nadmina-mesi-i-stana-najdobar-strelec-od-juzna-amerika-vo-kvalifikaciite-za-sp/ Wed, 02 Feb 2022 09:22:24 +0000 https://republika.mk/?p=452822

Луис Суарез погоди пенал во победата на Уругвај против Венецуела со 4:1 во квалификациите за Светското првенство во Катар во 2022 година.

За напаѓачот на Атлетико Мадрид тоа беше 28. гол во едни мундијалски квалификации, со што се искачи на првото место во Јужна Америка пред Аргентинецот Лионел Меси, кој има 27 гола во квалификациските натпревари.

Воедно, Суарез се најде на делба на 4. место во светот со Иранецот Карим Багери, кој исто така има 28 гола.

Рекордот му припаѓа на Карлос Руиз од Гватемала, кој има 39 гола во квалификациите за СП. Во топ 3 се и Кристијано Роналдо (Португалија, 36 гола) и Али Даеи (Иран, 35).

The post Суарез го надмина Меси и стана најдобар стрелец од Јужна Америка во квалификациите за СП appeared first on Република.

]]>

Луис Суарез погоди пенал во победата на Уругвај против Венецуела со 4:1 во квалификациите за Светското првенство во Катар во 2022 година. За напаѓачот на Атлетико Мадрид тоа беше 28. гол во едни мундијалски квалификации, со што се искачи на првото место во Јужна Америка пред Аргентинецот Лионел Меси, кој има 27 гола во квалификациските натпревари. Воедно, Суарез се најде на делба на 4. место во светот со Иранецот Карим Багери, кој исто така има 28 гола. Рекордот му припаѓа на Карлос Руиз од Гватемала, кој има 39 гола во квалификациите за СП. Во топ 3 се и Кристијано Роналдо (Португалија, 36 гола) и Али Даеи (Иран, 35).

The post Суарез го надмина Меси и стана најдобар стрелец од Јужна Америка во квалификациите за СП appeared first on Република.

]]>
Илјадници жени излегоа на протест против сексуалното насилство во Уругвај https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/iljadnici-zeni-izlegoa-na-protest-protiv-seksualnoto-nasilstvo-vo-urugvaj/ Sat, 29 Jan 2022 13:01:33 +0000 https://republika.mk/?p=451173

Илјадници жени излегоа на протест во центарот на Монтевидео против сексуалното насилство. Тие ја осудија „културата на сексуално злоставување“ во Уругвај откако 30-годишна жена беше групно силувана.

Извикувајќи „Не, не“, „Ова не е презумција, ова е силување“ и „Нека гори“, учесничките во протестите организирани од феминистичките организации ширум земјата, почнаа голем марш во главниот град по неколку случаи на сексуално насилство извршени во изминатите денови.

Една жена пријавила дека била силувана од група мажи во стан во Монтевидео, каде претходно заминала со еден од нив по средба во ноќен клуб и со кого имала сексуален однос на заедничка согласност. Но, потоа уште најмалку три лица дошле во станот и ја силувале жената со соучесништво на мажот со кој првично заминала во станот.

Силувањето било потврдено при лекарски преглед. Наложени се ДНК анализи за да се потврди одговорноста на наводните напаѓачи, кои се повикани на суд.

Културата на силување е постојано да се вели дека мажите имаат „потреби“ или „сексуални нагони“ кои не можат да ги контролираат. Секојдневно се соочуваме со зборови кои нагласуваат страв, молчење и сомнеж - велат феминистичките организации во заедничкото соопштение, повикувајќи за подобро сексуално образование и преземање конкретни дејствија од страна на државата за заштита на жените.

The post Илјадници жени излегоа на протест против сексуалното насилство во Уругвај appeared first on Република.

]]>

Илјадници жени излегоа на протест во центарот на Монтевидео против сексуалното насилство. Тие ја осудија „културата на сексуално злоставување“ во Уругвај откако 30-годишна жена беше групно силувана. Извикувајќи „Не, не“, „Ова не е презумција, ова е силување“ и „Нека гори“, учесничките во протестите организирани од феминистичките организации ширум земјата, почнаа голем марш во главниот град по неколку случаи на сексуално насилство извршени во изминатите денови. Една жена пријавила дека била силувана од група мажи во стан во Монтевидео, каде претходно заминала со еден од нив по средба во ноќен клуб и со кого имала сексуален однос на заедничка согласност. Но, потоа уште најмалку три лица дошле во станот и ја силувале жената со соучесништво на мажот со кој првично заминала во станот. Силувањето било потврдено при лекарски преглед. Наложени се ДНК анализи за да се потврди одговорноста на наводните напаѓачи, кои се повикани на суд.
Културата на силување е постојано да се вели дека мажите имаат „потреби“ или „сексуални нагони“ кои не можат да ги контролираат. Секојдневно се соочуваме со зборови кои нагласуваат страв, молчење и сомнеж - велат феминистичките организации во заедничкото соопштение, повикувајќи за подобро сексуално образование и преземање конкретни дејствија од страна на државата за заштита на жените.

The post Илјадници жени излегоа на протест против сексуалното насилство во Уругвај appeared first on Република.

]]>