урош блажиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/urosh-blazhik/ За подобро да се разбереме Mon, 28 Oct 2024 15:01:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png урош блажиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/urosh-blazhik/ 32 32 Психијатарот ја разби одбраната на Урош Блажиќ дека суплементите „му го поматиле умот“ и затоа убивал https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/psihijatarot-ja-razbi-odbranata-na-urosh-blazhik-deka-suplementite-mu-go-pomatile-umot-i-zatoa-ubival/ Mon, 28 Oct 2024 10:48:23 +0000 https://republika.mk/?p=831607

Во Специјалниот суд во Белград денеска продолжи судењето на Урош Блажиќ, кој изврши масовно убиство во селата Мало Орашје и Дубона. Паралелно, во негоавата куќа во Мало Орашје која ја обезбедува полицијата фрлена е запалива течност на тревата, но немаше никаква штета, ниту пак некој беше уапсен, јави дописникот на МИА од Белград.

Како и на сите претходни рочишта и денеска дојдоа бројни членови на семејствата и пријателите на загинатите и повредените во селата кај Младеновац.

Освен Урош Блажиќ, кому му се суди за убиство на девет и ранување на 12 лица, обвинет е и неговиот татко Радиша Блажиќ за недозволено поседување оружје, муниција и експлозивни материјали.

Урош Блажиќ ја призна вината и рече дека е подготвен да одговара за стореното дело. При изнесувањето на својата одбрана рече дека нелегално набавил оружје, а неговиот татко, Радиша Блажиќ кој е пензиониран офицер за безбедност, не знаел дека син му го поседува, како и дека не знаел од каде е пронајденото оружје во неговата куќа по масовното убиство на 4 мај.

https://republika.mk/vesti/balkan/drskiot-urosh-klimal-so-glava-vazhi-vazhi-koga-svedok-mu-porachal-deka-ke-mu-vrati-za-ubistvoto-na-dvajtsata-braka/

За денешното рочиште имаше распит на вештаци и прикажување на одредени видео снимки, меѓу кои и видеото во телефонот на Урош Блажиќ, облечен како каубој.

Капа на глава, а револвер во рака. Некој од домаќините го снима Радиша Блажиќ, кој арогантно влегува со сончеви очила до елка, а проследено со смеа на сите домашни, па се движи кон друга соба. Потоа се гледа како Радиша Блажиќ вели „Добриот, лошиот и злобниот “, пишува Курир.

Медиумите го наведуваат и сведочењето на д-р Марија Паниќ за психијатриската пороценка на Урош Блажиќ која кажа да „смета дека осомничениот Урош Блажиќ немал причина да го стори кривичното дело, поточно немал психички и психолошки пречки да го стори“.

Ова доаѓа по тврдењата на одбраната дека Блажиќ бил агресивен поради сублементи со високо ниво на тестостерот кои „му го поматиле мозокот“.

Вишото јавно обвинителство во Смедерево предложи максимална казна затвор од 20 години за Урош Блажиќ и неговиот татко, бидејќи тој не може да биде осуден на доживотен затвор, оти во моментот кога го извршил делото немал 21 година.

Од безбедносни причини, судењето од Смедерево беше преместено во судницата на Специјалниот суд во Белград, поради инцидентот што се случи во мај 2024 година на самиот почеток на прелиминарното рочиште во Вишиот суд во Смедерево.

The post Психијатарот ја разби одбраната на Урош Блажиќ дека суплементите „му го поматиле умот“ и затоа убивал appeared first on Република.

]]>

Во Специјалниот суд во Белград денеска продолжи судењето на Урош Блажиќ, кој изврши масовно убиство во селата Мало Орашје и Дубона. Паралелно, во негоавата куќа во Мало Орашје која ја обезбедува полицијата фрлена е запалива течност на тревата, но немаше никаква штета, ниту пак некој беше уапсен, јави дописникот на МИА од Белград. Како и на сите претходни рочишта и денеска дојдоа бројни членови на семејствата и пријателите на загинатите и повредените во селата кај Младеновац. Освен Урош Блажиќ, кому му се суди за убиство на девет и ранување на 12 лица, обвинет е и неговиот татко Радиша Блажиќ за недозволено поседување оружје, муниција и експлозивни материјали. Урош Блажиќ ја призна вината и рече дека е подготвен да одговара за стореното дело. При изнесувањето на својата одбрана рече дека нелегално набавил оружје, а неговиот татко, Радиша Блажиќ кој е пензиониран офицер за безбедност, не знаел дека син му го поседува, како и дека не знаел од каде е пронајденото оружје во неговата куќа по масовното убиство на 4 мај. https://republika.mk/vesti/balkan/drskiot-urosh-klimal-so-glava-vazhi-vazhi-koga-svedok-mu-porachal-deka-ke-mu-vrati-za-ubistvoto-na-dvajtsata-braka/ За денешното рочиште имаше распит на вештаци и прикажување на одредени видео снимки, меѓу кои и видеото во телефонот на Урош Блажиќ, облечен како каубој.
Капа на глава, а револвер во рака. Некој од домаќините го снима Радиша Блажиќ, кој арогантно влегува со сончеви очила до елка, а проследено со смеа на сите домашни, па се движи кон друга соба. Потоа се гледа како Радиша Блажиќ вели „Добриот, лошиот и злобниот “, пишува Курир.
Медиумите го наведуваат и сведочењето на д-р Марија Паниќ за психијатриската пороценка на Урош Блажиќ која кажа да „смета дека осомничениот Урош Блажиќ немал причина да го стори кривичното дело, поточно немал психички и психолошки пречки да го стори“. Ова доаѓа по тврдењата на одбраната дека Блажиќ бил агресивен поради сублементи со високо ниво на тестостерот кои „му го поматиле мозокот“. Вишото јавно обвинителство во Смедерево предложи максимална казна затвор од 20 години за Урош Блажиќ и неговиот татко, бидејќи тој не може да биде осуден на доживотен затвор, оти во моментот кога го извршил делото немал 21 година. Од безбедносни причини, судењето од Смедерево беше преместено во судницата на Специјалниот суд во Белград, поради инцидентот што се случи во мај 2024 година на самиот почеток на прелиминарното рочиште во Вишиот суд во Смедерево.

The post Психијатарот ја разби одбраната на Урош Блажиќ дека суплементите „му го поматиле умот“ и затоа убивал appeared first on Република.

]]>
Тројца мажи се обиделе да ја запалат куќата на масовниот убиец од Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/trojtsa-mazhi-se-obidele-da-ja-zapalat-kukata-na-masovniot-ubiets-od-srbija/ Mon, 28 Oct 2024 09:53:01 +0000 https://republika.mk/?p=831579

Полицијата во Младеновац, Србија, уапсила тројца мажи кои во саботата вечерта се обиделе да ја запалат куќата на семејството на Урош Блажиќ, масовниот убиец кој во мај 2023 година уби девет, а тешко рани 14 лица во селата Мало Орашје и Дубона.

Според порталот Телеграф.рс, тројца мажи со автомобил „фиат“ се упатиле до куќата на Блажиќ во Дубона и се обиделе да го запалат објектот. Но, пожарот зафатил само сува трева, а полицијата успеала да го изгасне пожарот пред доаѓањето на пожарникарите.

Осомничените биле брзо запрени и уапсени и приведени на распит.

Во Белград во тек е рочиштето на кое на Урош му се суди за убиствата.

The post Тројца мажи се обиделе да ја запалат куќата на масовниот убиец од Србија appeared first on Република.

]]>

Полицијата во Младеновац, Србија, уапсила тројца мажи кои во саботата вечерта се обиделе да ја запалат куќата на семејството на Урош Блажиќ, масовниот убиец кој во мај 2023 година уби девет, а тешко рани 14 лица во селата Мало Орашје и Дубона. Според порталот Телеграф.рс, тројца мажи со автомобил „фиат“ се упатиле до куќата на Блажиќ во Дубона и се обиделе да го запалат објектот. Но, пожарот зафатил само сува трева, а полицијата успеала да го изгасне пожарот пред доаѓањето на пожарникарите. Осомничените биле брзо запрени и уапсени и приведени на распит. Во Белград во тек е рочиштето на кое на Урош му се суди за убиствата.

The post Тројца мажи се обиделе да ја запалат куќата на масовниот убиец од Србија appeared first on Република.

]]>
Дрскиот Урош климал со глава „Важи, важи“ кога сведок му порачал дека ќе му врати за убиството на двајцата браќа https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/drskiot-urosh-klimal-so-glava-vazhi-vazhi-koga-svedok-mu-porachal-deka-ke-mu-vrati-za-ubistvoto-na-dvajtsata-braka/ Mon, 21 Oct 2024 11:56:59 +0000 https://republika.mk/?p=829422

Во Специјалниот суд во Белград денеска продолжи судењето на Урош Блажиќ, кој лани во мај уби девет млади и рани уште 12 во селата Мало Орашје и Дубона кај Младеновац, како и на и неговиот татко Радиша.

https://republika.mk/vesti/balkan/sudene-na-monstrumot-urosh-se-prepravav-deka-sum-mrtva-toj-se-vrati-po-drugarka-mi-shto-vrishteshe/

Денеска сведочеше и Јован Митровиќ, брат на убиениот Петар и прв братучед на убиениот Марко.

Откако ги сподели мачните детали од моментот кога го пронашол братот со рана на главата и како „летал“ кон болница, тој му се обрати и на обвинетиот Радиша Блажиќ.

Само да му порачам нешто на Радиша. Зборуваш за чинови, дека си чесен човек. Си згрешил во најважната животна задача. Овај мајмун овде ти го воспита, а и тој што излезе и сега ни мава „лајк“ како сè да е во ред. А ти мајмуне, ова татко ти ти го овозможи ова, така? Смрден еден, јас сум Јован Митровиќ, ми ги уби двајцата браќа. Само гледај ме, ќе ти ја е*ам мајката, му свикал Митровиќ и тргнал кон убиецот Блажиќ да го тепа, но бил спречен од обезбедувањето.

Адвокатот Небојша Перовиќ побара во судскиот записник да влезе и непримерната реакција на обвинетиот на овие зборови.

Додека Јован му се обраќаше на обвинетиот, видно вознемирен поради тоа што му се убиени двајцата браќа, тој направи еден крајно дрзок потег, клима со главата во смисла „важи, важи“. Значи имаме ноншалантен психолошки однос на обвинетиот. Дали ќе продолжи таму каде што застана откако ќе ја отслужи казната?, прашува Перовиќ.

The post Дрскиот Урош климал со глава „Важи, важи“ кога сведок му порачал дека ќе му врати за убиството на двајцата браќа appeared first on Република.

]]>

Во Специјалниот суд во Белград денеска продолжи судењето на Урош Блажиќ, кој лани во мај уби девет млади и рани уште 12 во селата Мало Орашје и Дубона кај Младеновац, како и на и неговиот татко Радиша. https://republika.mk/vesti/balkan/sudene-na-monstrumot-urosh-se-prepravav-deka-sum-mrtva-toj-se-vrati-po-drugarka-mi-shto-vrishteshe/ Денеска сведочеше и Јован Митровиќ, брат на убиениот Петар и прв братучед на убиениот Марко. Откако ги сподели мачните детали од моментот кога го пронашол братот со рана на главата и како „летал“ кон болница, тој му се обрати и на обвинетиот Радиша Блажиќ.
Само да му порачам нешто на Радиша. Зборуваш за чинови, дека си чесен човек. Си згрешил во најважната животна задача. Овај мајмун овде ти го воспита, а и тој што излезе и сега ни мава „лајк“ како сè да е во ред. А ти мајмуне, ова татко ти ти го овозможи ова, така? Смрден еден, јас сум Јован Митровиќ, ми ги уби двајцата браќа. Само гледај ме, ќе ти ја е*ам мајката, му свикал Митровиќ и тргнал кон убиецот Блажиќ да го тепа, но бил спречен од обезбедувањето.
Адвокатот Небојша Перовиќ побара во судскиот записник да влезе и непримерната реакција на обвинетиот на овие зборови.
Додека Јован му се обраќаше на обвинетиот, видно вознемирен поради тоа што му се убиени двајцата браќа, тој направи еден крајно дрзок потег, клима со главата во смисла „важи, важи“. Значи имаме ноншалантен психолошки однос на обвинетиот. Дали ќе продолжи таму каде што застана откако ќе ја отслужи казната?, прашува Перовиќ.

The post Дрскиот Урош климал со глава „Важи, важи“ кога сведок му порачал дека ќе му врати за убиството на двајцата браќа appeared first on Република.

]]>
Судење на монструмот Урош: Се преправав дека сум мртва, тој се врати по другарка ми што вриштеше https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sudene-na-monstrumot-urosh-se-prepravav-deka-sum-mrtva-toj-se-vrati-po-drugarka-mi-shto-vrishteshe/ Mon, 21 Oct 2024 11:30:24 +0000 https://republika.mk/?p=829411

Во Специјалниот суд во Белград денеска продолжи судењето на Урош Блажиќ, кој лани во мај уби девет млади и рани уште 12 во селата Мало Орашје и Дубона кај Младеновац, како и на и неговиот татко, јави дописникот на МИА од Белград.

На рочиштето присуствуваа бројни членови на семејствата и пријателите на загинатите и повредените во селата кај Младеновац, како и нивни претставници кои носеа црни маици на кои беше испишан датумот 4.5.2023 година со порака „Живеете“.

На претходните рочишта сведочеа повредените, и родителите на загинатите во масовното убиство и ранетите на 4 мај 2023 година, а денесka судењето продолжи со распит на сведоците, меѓу кои и Андријана Митровиќ, која беше ранета на 4 мај во Дубона.

Митровиќ изјави дека тогаш Урош Блажиќ го запрел автомобилот во близина на дворот и дека едeн од нејзините пријатели му рекол „Чекај, што правиш“, но Блажиќ, според неа, рекол „Рацете горе“ и потоа пукал рафално во нив. Таа рече дека почувствувала дека е погодена и дека паднала и се преправала дека е мртва, после што не се сеќава на ништо.

На прашањето на обвинителката дали се сеќава дека Блажиќ се вратил повторно да ги застрела пријателите, Митровиќ рече дека мисли да тој се вратил и поединечно пукал во нејзината другарка која врескала, и дека и неа уште еднаш ја застрелал во грб.

Сведочењето и на останатите сведоци, роднини, пријатели на убиените млади од Дубона и Орашје исто така беа потресни, тешки, во еден момент и на раб на инцидент кога сведокот Ј.М. на кого му се убиени двајцата браќа тргна накај обвинетите Урош и татко му со зборовите „Си воспитал монструм“, но беше спречен од обезбедувањето.

Денешното судење заврши и ќе продолжи во понеделник, 28 октомври.

Вишото јавно обвинителство во Смедерево го товари Урош Блажиќ за тешко убиство, а неговиот татко Радиша за недозволено држење и носење оружје и експлозивни материи. Обвинителството предложи казни од 20 години затвор за двајцата.

Законот предвидува Урош Блажиќ да не може да биде осуден на доживотен затвор, бидејќи во времето кога го извршил делото имал неполни 21 година. Затоа максималната казна на која може да биде осуден е 20 години.

Судењето започна во август 2024 година, а од безбедносни причини само физички беше преместено од Смедерево во судницата на Специјалниот суд во Белград, поради инцидентот што се случи во мај на самиот почеток на прелиминарното рочиште во Вишиот суд во Смедерево.

Урош Блажиќ на првото рочиште во август ја призна вината и изјави дека е подготвен да одговара за стореното. Радиша Блажиќ пред судот ја негираше вината и рече дека не знае од каде е пронајденото оружје во неговата куќа по масовното убиство на 4 мај.

The post Судење на монструмот Урош: Се преправав дека сум мртва, тој се врати по другарка ми што вриштеше appeared first on Република.

]]>

Во Специјалниот суд во Белград денеска продолжи судењето на Урош Блажиќ, кој лани во мај уби девет млади и рани уште 12 во селата Мало Орашје и Дубона кај Младеновац, како и на и неговиот татко, јави дописникот на МИА од Белград. На рочиштето присуствуваа бројни членови на семејствата и пријателите на загинатите и повредените во селата кај Младеновац, како и нивни претставници кои носеа црни маици на кои беше испишан датумот 4.5.2023 година со порака „Живеете“. На претходните рочишта сведочеа повредените, и родителите на загинатите во масовното убиство и ранетите на 4 мај 2023 година, а денесka судењето продолжи со распит на сведоците, меѓу кои и Андријана Митровиќ, која беше ранета на 4 мај во Дубона. Митровиќ изјави дека тогаш Урош Блажиќ го запрел автомобилот во близина на дворот и дека едeн од нејзините пријатели му рекол „Чекај, што правиш“, но Блажиќ, според неа, рекол „Рацете горе“ и потоа пукал рафално во нив. Таа рече дека почувствувала дека е погодена и дека паднала и се преправала дека е мртва, после што не се сеќава на ништо. На прашањето на обвинителката дали се сеќава дека Блажиќ се вратил повторно да ги застрела пријателите, Митровиќ рече дека мисли да тој се вратил и поединечно пукал во нејзината другарка која врескала, и дека и неа уште еднаш ја застрелал во грб. Сведочењето и на останатите сведоци, роднини, пријатели на убиените млади од Дубона и Орашје исто така беа потресни, тешки, во еден момент и на раб на инцидент кога сведокот Ј.М. на кого му се убиени двајцата браќа тргна накај обвинетите Урош и татко му со зборовите „Си воспитал монструм“, но беше спречен од обезбедувањето. Денешното судење заврши и ќе продолжи во понеделник, 28 октомври. Вишото јавно обвинителство во Смедерево го товари Урош Блажиќ за тешко убиство, а неговиот татко Радиша за недозволено држење и носење оружје и експлозивни материи. Обвинителството предложи казни од 20 години затвор за двајцата. Законот предвидува Урош Блажиќ да не може да биде осуден на доживотен затвор, бидејќи во времето кога го извршил делото имал неполни 21 година. Затоа максималната казна на која може да биде осуден е 20 години. Судењето започна во август 2024 година, а од безбедносни причини само физички беше преместено од Смедерево во судницата на Специјалниот суд во Белград, поради инцидентот што се случи во мај на самиот почеток на прелиминарното рочиште во Вишиот суд во Смедерево. Урош Блажиќ на првото рочиште во август ја призна вината и изјави дека е подготвен да одговара за стореното. Радиша Блажиќ пред судот ја негираше вината и рече дека не знае од каде е пронајденото оружје во неговата куќа по масовното убиство на 4 мај.

The post Судење на монструмот Урош: Се преправав дека сум мртва, тој се врати по другарка ми што вриштеше appeared first on Република.

]]>
Урош Блажиќ призна дека го извршил масакрот во селата Мало Орашје и Дубона https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/urosh-blazhik-prizna-deka-go-izvrshil-masakrot-vo-selata-malo-orashje-i-dubona/ Wed, 21 Aug 2024 14:23:57 +0000 https://republika.mk/?p=808614

Обвинетиот Урош Блажиќ денеска на почетокот на судењето во Белград призна дека на 4 мај минатата година уби девет и рани 12 лица во селата Мало Орашје и Дубона.

Повтори дека е виновен, како што изјави и на прелиминарното рочиште.

Неговиот татко Радиша Блажиќ најпрвин им изрази сочувство на семејствата на жртвите и изјави дека не е виновен за кривичното дело за кое се товари и дека не знае од каде го набавил оружјето неговиот син.

Судењето наместо во Смедерево, од безбедносни причини се одржува во зградата на Специјалниот суд во Белград.

The post Урош Блажиќ призна дека го извршил масакрот во селата Мало Орашје и Дубона appeared first on Република.

]]>

Обвинетиот Урош Блажиќ денеска на почетокот на судењето во Белград призна дека на 4 мај минатата година уби девет и рани 12 лица во селата Мало Орашје и Дубона. Повтори дека е виновен, како што изјави и на прелиминарното рочиште. Неговиот татко Радиша Блажиќ најпрвин им изрази сочувство на семејствата на жртвите и изјави дека не е виновен за кривичното дело за кое се товари и дека не знае од каде го набавил оружјето неговиот син. Судењето наместо во Смедерево, од безбедносни причини се одржува во зградата на Специјалниот суд во Белград.

The post Урош Блажиќ призна дека го извршил масакрот во селата Мало Орашје и Дубона appeared first on Република.

]]>
Урош Блажиќ призна вина за масакрот, но моли да не го обвинуваат татко му https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/urosh-blazhik-prizna-vina-za-masakrot-no-moli-da-ne-go-obvinuvaat-tatko-mu/ Wed, 21 Aug 2024 10:22:37 +0000 https://republika.mk/?p=808599

Обвинетиот Урош Блажиќ денеска на почетокот на судењето во Белград призна дека на 4 мај минатата година уби девет и рани 12 лица во селата Мало Орашје и Дубона.

Повтори дека е виновен, како што изјави и на прелиминарното рочиште. Тој им изрази и сочувство на семејствата, велејќи дека не може да го врати времето и дека ќе одговара за своите дела. Но, замоли да не му се суди на татко му, кој според него е невин, односно не е виновен за она што го направил Урош.

Неговиот татко Радиша Блажиќ најпрвин им изрази сочувство на семејствата на жртвите и изјави дека не е виновен за кривичното дело за кое се товари и дека не знае од каде го набавил оружјето неговиот син.

Судењето наместо во Смедерево, од безбедносни причини се одржува во зградата на Специјалниот суд во Белград.

The post Урош Блажиќ призна вина за масакрот, но моли да не го обвинуваат татко му appeared first on Република.

]]>

Обвинетиот Урош Блажиќ денеска на почетокот на судењето во Белград призна дека на 4 мај минатата година уби девет и рани 12 лица во селата Мало Орашје и Дубона. Повтори дека е виновен, како што изјави и на прелиминарното рочиште. Тој им изрази и сочувство на семејствата, велејќи дека не може да го врати времето и дека ќе одговара за своите дела. Но, замоли да не му се суди на татко му, кој според него е невин, односно не е виновен за она што го направил Урош. Неговиот татко Радиша Блажиќ најпрвин им изрази сочувство на семејствата на жртвите и изјави дека не е виновен за кривичното дело за кое се товари и дека не знае од каде го набавил оружјето неговиот син. Судењето наместо во Смедерево, од безбедносни причини се одржува во зградата на Специјалниот суд во Белград.

The post Урош Блажиќ призна вина за масакрот, но моли да не го обвинуваат татко му appeared first on Република.

]]>
Почнува судењето за масакрот кај Младеновац https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pochnuva-sudeneto-za-masakrot-kaj-mladenovats/ Wed, 21 Aug 2024 06:45:52 +0000 https://republika.mk/?p=808481

Во Специјалниот суд во Белград денеска започнува судскиот процес против Урош Блажиќ, обвинет дека на 4 мај минатата година во селата Мало Орашје и Дубона убил девет и ранил 12 лица.

Урош Блажиќ и неговиот татко Радиша Блажиќ, кој исто така е обвинет, денеска по првпат ќе ја изнесат својата одбрана. За утре и задутре е планирано сослушување на оштетените, јавуваат српските медиуми. На подготвителното рочиште, кое беше затворено за јавноста, првообвинетиот делумно призна дека го извршил масакрот, додека неговиот татко негираше вина за оружјето кое беше пронајдено во неговиот дом.

Претседателката на Врховниот суд во август донесе одлука судењето да се одржи во најголемата судница во Специјалниот суд во Белград. Судницата е поделена на три дела со решетки и дебело стакло. Новинарите ќе можат да го следат судењето од медиа-центарот преку видео пренос, целосно одвоени од судницата.

The post Почнува судењето за масакрот кај Младеновац appeared first on Република.

]]>

Во Специјалниот суд во Белград денеска започнува судскиот процес против Урош Блажиќ, обвинет дека на 4 мај минатата година во селата Мало Орашје и Дубона убил девет и ранил 12 лица. Урош Блажиќ и неговиот татко Радиша Блажиќ, кој исто така е обвинет, денеска по првпат ќе ја изнесат својата одбрана. За утре и задутре е планирано сослушување на оштетените, јавуваат српските медиуми. На подготвителното рочиште, кое беше затворено за јавноста, првообвинетиот делумно призна дека го извршил масакрот, додека неговиот татко негираше вина за оружјето кое беше пронајдено во неговиот дом. Претседателката на Врховниот суд во август донесе одлука судењето да се одржи во најголемата судница во Специјалниот суд во Белград. Судницата е поделена на три дела со решетки и дебело стакло. Новинарите ќе можат да го следат судењето од медиа-центарот преку видео пренос, целосно одвоени од судницата.

The post Почнува судењето за масакрот кај Младеновац appeared first on Република.

]]>
Откако денес го спасуваа од гневните родители, судењето на Урош Блажиќ ќе продолжи во Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/otkako-denes-go-spasuvaa-od-gnevnite-roditeli-sudeneto-na-urosh-blazhik-ke-prodolzhi-vo-belgrad/ Thu, 23 May 2024 12:59:25 +0000 https://republika.mk/?p=781226

Во Вишиот суд во Смедерево денеска поради инцидент беше прекинато рочиштето за случајот за минатогодишното масовно убиство во Дубона и Мало Орашје, по што е одлучено процесот да продолжи во Белград пред Специјалното одделение за организиран криминал, јави ТВ Н1.

https://republika.mk/vesti/balkan/roditelite-na-zhrtvite-go-napadnaa-ubietsot-od-mladenovats-na-nekolkumina-im-se-sloshi/

Датумот ќе биде одреден подоцна, изјави за медиумите Немања Перовиќ, адвокат на оштетениот Немања Илиќ, кој тогаш беше ранет.

Во судницата во Смедерево претходно се случи инцидент, па осомничениот за тоа кривично дело Урош Блажиќ беше изнесен од судницата. Во судницата се појавил со својот татко во панцир, а ги донеле десетина полицајци, пишува сајтот на таа телевизија.

Веднаш штом Блажиќ влегол во судницата, кон него нафрлиле родители на убиените по што полицијата го извадила од судницата. Брза помош интервенирала кај неколкумина од родителите на убиените.

Блажиќ е обвинет за убиство на девет и ранување тринаесет лица во селата Мало Орашје и Дубона на 4 мај 2023 година.

The post Откако денес го спасуваа од гневните родители, судењето на Урош Блажиќ ќе продолжи во Белград appeared first on Република.

]]>

Во Вишиот суд во Смедерево денеска поради инцидент беше прекинато рочиштето за случајот за минатогодишното масовно убиство во Дубона и Мало Орашје, по што е одлучено процесот да продолжи во Белград пред Специјалното одделение за организиран криминал, јави ТВ Н1. https://republika.mk/vesti/balkan/roditelite-na-zhrtvite-go-napadnaa-ubietsot-od-mladenovats-na-nekolkumina-im-se-sloshi/ Датумот ќе биде одреден подоцна, изјави за медиумите Немања Перовиќ, адвокат на оштетениот Немања Илиќ, кој тогаш беше ранет. Во судницата во Смедерево претходно се случи инцидент, па осомничениот за тоа кривично дело Урош Блажиќ беше изнесен од судницата. Во судницата се појавил со својот татко во панцир, а ги донеле десетина полицајци, пишува сајтот на таа телевизија. Веднаш штом Блажиќ влегол во судницата, кон него нафрлиле родители на убиените по што полицијата го извадила од судницата. Брза помош интервенирала кај неколкумина од родителите на убиените. Блажиќ е обвинет за убиство на девет и ранување тринаесет лица во селата Мало Орашје и Дубона на 4 мај 2023 година.

The post Откако денес го спасуваа од гневните родители, судењето на Урош Блажиќ ќе продолжи во Белград appeared first on Република.

]]>
Родителите на жртвите го нападнаа убиецот од Младеновац, на неколкумина им се слоши https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/roditelite-na-zhrtvite-go-napadnaa-ubietsot-od-mladenovats-na-nekolkumina-im-se-sloshi/ Thu, 23 May 2024 10:09:03 +0000 https://republika.mk/?p=781094

Денеска во Вишиот суд во Смедерево е донесен осомничениот Урош Блажиќ, кој на 4 мај во селата Мало Орашје кај Смедерево и Дубон кај Младеновац со автоматско уби девет млади лица.

Откако беше внесен во судница, родителите на жртвите од масакрот го нападнаа Блажиќ по што тој веднаш беше изнесен од судницата.

Тој и судските стражари побегнале од судницата, а бил со лисици на нозете и на рацете.

Родителите викале, а во судницата дојде и Брза помош, која интервенирала откако на неколку лица им се слошило.

Таткото на двајца од жртвите извикуваше пред судницата: „Седам со убијците, да седам да ги гледам, да ми се смеат во лице. Ги уби син ми и ќерката!“.

Мајката на убиениот пак, по излегувањето од судницата извика: „Не можам да се смирам“.

Видеа и фотографии тука

The post Родителите на жртвите го нападнаа убиецот од Младеновац, на неколкумина им се слоши appeared first on Република.

]]>

Денеска во Вишиот суд во Смедерево е донесен осомничениот Урош Блажиќ, кој на 4 мај во селата Мало Орашје кај Смедерево и Дубон кај Младеновац со автоматско уби девет млади лица. Откако беше внесен во судница, родителите на жртвите од масакрот го нападнаа Блажиќ по што тој веднаш беше изнесен од судницата. Тој и судските стражари побегнале од судницата, а бил со лисици на нозете и на рацете. Родителите викале, а во судницата дојде и Брза помош, која интервенирала откако на неколку лица им се слошило. Таткото на двајца од жртвите извикуваше пред судницата: „Седам со убијците, да седам да ги гледам, да ми се смеат во лице. Ги уби син ми и ќерката!“. Мајката на убиениот пак, по излегувањето од судницата извика: „Не можам да се смирам“. Видеа и фотографии тука

The post Родителите на жртвите го нападнаа убиецот од Младеновац, на неколкумина им се слоши appeared first on Република.

]]>
Нема да може да се бара доживотен затвор за убиецот Урош Блажиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nema-da-mozhe-da-se-bara-dozhivoten-zatvor-za-ubietsot-urosh-blazhik/ Mon, 29 Jan 2024 19:12:13 +0000 https://republika.mk/?p=738317

Вишиот суд во Смедерево го потврди обвинението против Урош Блажиќ (21), кој е обвинет за масакрот извршен на 4 мај минатата година кога во селата Дубона и Мало Орашје кај Младеновац и Смедерево, Србија, кога уби девет свои врсници и тешко повреди 12.

Обвинението е потврдено против осомничениот Урош Блажиќ и неговиот татко Радиша Блажиќ, кој е обвинет дека му го обезбедил оружјето што го употребил во масакрот на кобната вечер. Вишиот суд во Смедерево се изјасни за ненадлежен за обвинетите Горан Гавриловиќ и Борис Гавриловиќ од Вињиште, односно вујко и брат на обвинетите за масакрот, со оглед дека за нив е надлежен Вишиот суд во Крагуевац, па ќе ги достави списите на предметот, вели извор за српски „Курир“.

Вишото јавно обвинителство Смедерево на 18 октомври минатата година поднесе обвинителен акт, кој понатаму беше проследен на одлучување до Вишиот суд во Смедерево.

Урош Б. се товари за сторено кривично дело тешко убиство и недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи, како и киднапирање и неовластено користење туѓо возило. Врз основа на прибраните докази во истрагата, постои основано сомнение дека Урош Б. на 04.05.2023 година околу 22.20 часот управувајќи патничко возило „мерцедес“ во кое носел автоматска пушка произведена од Застава, модел 70 АБ2, со механички отстранет фабрички број, пиштол „Токарев“ ТТ-33, со неколку рамки муниција за автоматска пушка и пиштол, една рачна бомба М 52, една рачна бомба М 75 и една кумулативна рачна бомба М79, дошол до спомен-обележјето „Паднати борци“ во село Мало Орашје, каде забележал група млади кои се дружеа и слушаа музика, се вели во соопштението од обвинителството.

Во продолжение на обвинението детално се објаснува како осомничениот Урош Блажиќ таму најпрвин убил пет млади момчиња и неколкумина од нив ранил, а потоа отишол во соседното село и убил тројца, а останатите врсници ги ранил. Млад човек од Мало Орашје по 50 дена починал од повредите.

Обвинетиот Урош Блажиќ по крвавата гозба, како што стои во обвинението, бега со автомобил, а потоа пристигнува на наплатната рампа Мали Пожаревац, каде што влегува во такси возилото во кое била сопатничка и поминува одредено време со нив, при што, меѓу другото, им се заканува и им покажува оружје што го има кај себе. Таксистот потоа го вози до селото Вињише кај Крагуевац, од каде обвинетиот пеш оди до куќата на неговиот вујко, каде се крие до утрото кога полицијата го апси.

Обвинетиот Урош Б. во моментот на делото немал 21 година, поради што според одредбите од Кривичниот законик не е можно да му се изрече доживотен затвор, туку како максимална казна може да се бара само затвор од 20 години.

 

The post Нема да може да се бара доживотен затвор за убиецот Урош Блажиќ appeared first on Република.

]]>

Вишиот суд во Смедерево го потврди обвинението против Урош Блажиќ (21), кој е обвинет за масакрот извршен на 4 мај минатата година кога во селата Дубона и Мало Орашје кај Младеновац и Смедерево, Србија, кога уби девет свои врсници и тешко повреди 12. Обвинението е потврдено против осомничениот Урош Блажиќ и неговиот татко Радиша Блажиќ, кој е обвинет дека му го обезбедил оружјето што го употребил во масакрот на кобната вечер. Вишиот суд во Смедерево се изјасни за ненадлежен за обвинетите Горан Гавриловиќ и Борис Гавриловиќ од Вињиште, односно вујко и брат на обвинетите за масакрот, со оглед дека за нив е надлежен Вишиот суд во Крагуевац, па ќе ги достави списите на предметот, вели извор за српски „Курир“. Вишото јавно обвинителство Смедерево на 18 октомври минатата година поднесе обвинителен акт, кој понатаму беше проследен на одлучување до Вишиот суд во Смедерево. Урош Б. се товари за сторено кривично дело тешко убиство и недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи, како и киднапирање и неовластено користење туѓо возило. Врз основа на прибраните докази во истрагата, постои основано сомнение дека Урош Б. на 04.05.2023 година околу 22.20 часот управувајќи патничко возило „мерцедес“ во кое носел автоматска пушка произведена од Застава, модел 70 АБ2, со механички отстранет фабрички број, пиштол „Токарев“ ТТ-33, со неколку рамки муниција за автоматска пушка и пиштол, една рачна бомба М 52, една рачна бомба М 75 и една кумулативна рачна бомба М79, дошол до спомен-обележјето „Паднати борци“ во село Мало Орашје, каде забележал група млади кои се дружеа и слушаа музика, се вели во соопштението од обвинителството. Во продолжение на обвинението детално се објаснува како осомничениот Урош Блажиќ таму најпрвин убил пет млади момчиња и неколкумина од нив ранил, а потоа отишол во соседното село и убил тројца, а останатите врсници ги ранил. Млад човек од Мало Орашје по 50 дена починал од повредите. Обвинетиот Урош Блажиќ по крвавата гозба, како што стои во обвинението, бега со автомобил, а потоа пристигнува на наплатната рампа Мали Пожаревац, каде што влегува во такси возилото во кое била сопатничка и поминува одредено време со нив, при што, меѓу другото, им се заканува и им покажува оружје што го има кај себе. Таксистот потоа го вози до селото Вињише кај Крагуевац, од каде обвинетиот пеш оди до куќата на неговиот вујко, каде се крие до утрото кога полицијата го апси. Обвинетиот Урош Б. во моментот на делото немал 21 година, поради што според одредбите од Кривичниот законик не е можно да му се изрече доживотен затвор, туку како максимална казна може да се бара само затвор од 20 години.  

The post Нема да може да се бара доживотен затвор за убиецот Урош Блажиќ appeared first on Република.

]]>
Нема обвинение ни против Урош за масакрот кај Младеновац https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nema-obvinenie-ni-protiv-urosh-za-masakrot-kaj-mladenovats/ Wed, 04 Oct 2023 08:09:57 +0000 https://republika.mk/?p=687711

Вишите јавни обвинителства во Белград и Смедерево не можат да ги завршат истрагите за двете масовни убиства што се случија на 3 и 4 мај во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград и во околината на Младеновац, во кои 20 лица загинаа, бидејќи се уште се чека вештачење за повредите на убиените, што го прави Институтот за судска медицина, пренесе Бета.

https://republika.mk/vesti/balkan/tatkoto-na-kosta-izleguva-na-sloboda/

Како што пишува денешен Блиц, тие обвинителства се уште не можат да донесат одлуки за поднесување обвинение против осомничениот Владимир К, татко на момчето кое изврши масовно убиство во училиште, а се сомничи дека поседува необезбедено оружје, како и против Урош Блажиќ, кој изврши уште масовно убиство во селата Дубона и Мало Орашје.

За поднесување пријава се чека вештачењето на Институтот за судска медицина што треба да открие кои повреди биле фатални, како и со кое оружје се убиени жртвите. Од институтот за Блиц велат дека „вештачењата се во тек“.

The post Нема обвинение ни против Урош за масакрот кај Младеновац appeared first on Република.

]]>

Вишите јавни обвинителства во Белград и Смедерево не можат да ги завршат истрагите за двете масовни убиства што се случија на 3 и 4 мај во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград и во околината на Младеновац, во кои 20 лица загинаа, бидејќи се уште се чека вештачење за повредите на убиените, што го прави Институтот за судска медицина, пренесе Бета. https://republika.mk/vesti/balkan/tatkoto-na-kosta-izleguva-na-sloboda/ Како што пишува денешен Блиц, тие обвинителства се уште не можат да донесат одлуки за поднесување обвинение против осомничениот Владимир К, татко на момчето кое изврши масовно убиство во училиште, а се сомничи дека поседува необезбедено оружје, како и против Урош Блажиќ, кој изврши уште масовно убиство во селата Дубона и Мало Орашје. За поднесување пријава се чека вештачењето на Институтот за судска медицина што треба да открие кои повреди биле фатални, како и со кое оружје се убиени жртвите. Од институтот за Блиц велат дека „вештачењата се во тек“.

The post Нема обвинение ни против Урош за масакрот кај Младеновац appeared first on Република.

]]>
Изгоре куќата на масовниот убиец од Младеновац https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/izgore-kukata-na-masovniot-ubiets-od-mladenovats/ Wed, 02 Aug 2023 19:33:48 +0000 https://republika.mk/?p=668053

Куќата во која  е роден Урош Блажиќ,  од Младеновац, кој уби девет лица, а рани 14, изгоре во пожар. Од куќата останаа само ѕидовите откако избувнал пожар на покривот и куќата е речиси целосно изгорена.

Сè што можеше да изгори е изгорено, од мебел, други работи до бела техника. Внатрешноста на куќата изгледа страшно и се утврдува дали пожарот е подметнат како револт на роднини на убиените.

 

The post Изгоре куќата на масовниот убиец од Младеновац appeared first on Република.

]]>

Куќата во која  е роден Урош Блажиќ,  од Младеновац, кој уби девет лица, а рани 14, изгоре во пожар. Од куќата останаа само ѕидовите откако избувнал пожар на покривот и куќата е речиси целосно изгорена. Сè што можеше да изгори е изгорено, од мебел, други работи до бела техника. Внатрешноста на куќата изгледа страшно и се утврдува дали пожарот е подметнат како револт на роднини на убиените.  

The post Изгоре куќата на масовниот убиец од Младеновац appeared first on Република.

]]>
„Баш ми е гајле, излегувам за 20 години“: Урош не покажал каење за масакрот, прашува само за една личност https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bash-mi-e-gajle-izleguvam-za-20-godini-urosh-ne-pokazhal-kaene-za-masakrot-prashuva-samo-za-edna-lichnost/ Mon, 05 Jun 2023 20:18:36 +0000 https://republika.mk/?p=648219

Урош Б., напаѓачот од Младеновац не жали за тоа што ноќта на 4 мај уби осум лица и 14 ранети со автоматско оружје во селата Мали Орашје и Дубона. Според неговиот адвокат, тој е убеден дека ќе биде ослободен за помалку од 20 години. Не се интересирал за тагата на семејствата на жртвите, ниту за татко му. Единствената личност за која пројавува интерес е мајка му, пренесуваат српските медиуми.

Урош Б. не жали за убиството на седумте млади момчиња, од кои двајца малолетни и едно девојче, ниту за повредите млади луѓе, од кои некои се борат со тешки последици. Тој е убеден дека како млад полнолетен ќе биде осуден до 20 години затвор, што е максимална казна во тој случај. Сега тој е во свој свет и стана многу тивок, се грижи само за мајка си. Му рекол на својот адвокат да ѝ каже дека се чувствува виновен за неа и дека би сакал да ја види. Апсолутно не прашува за татко му, иако знае дека е приведен поради него, вели извор запознаен со случајот.

https://republika.mk/vesti/balkan/neka-me-ubie-onoj-na-koj-barem-malku-ke-mu-olesni-od-bolkata-veli-majkata-na-masovniot-ubiets-od-dubona/

The post „Баш ми е гајле, излегувам за 20 години“: Урош не покажал каење за масакрот, прашува само за една личност appeared first on Република.

]]>

Урош Б., напаѓачот од Младеновац не жали за тоа што ноќта на 4 мај уби осум лица и 14 ранети со автоматско оружје во селата Мали Орашје и Дубона. Според неговиот адвокат, тој е убеден дека ќе биде ослободен за помалку од 20 години. Не се интересирал за тагата на семејствата на жртвите, ниту за татко му. Единствената личност за која пројавува интерес е мајка му, пренесуваат српските медиуми.
Урош Б. не жали за убиството на седумте млади момчиња, од кои двајца малолетни и едно девојче, ниту за повредите млади луѓе, од кои некои се борат со тешки последици. Тој е убеден дека како млад полнолетен ќе биде осуден до 20 години затвор, што е максимална казна во тој случај. Сега тој е во свој свет и стана многу тивок, се грижи само за мајка си. Му рекол на својот адвокат да ѝ каже дека се чувствува виновен за неа и дека би сакал да ја види. Апсолутно не прашува за татко му, иако знае дека е приведен поради него, вели извор запознаен со случајот.
https://republika.mk/vesti/balkan/neka-me-ubie-onoj-na-koj-barem-malku-ke-mu-olesni-od-bolkata-veli-majkata-na-masovniot-ubiets-od-dubona/

The post „Баш ми е гајле, излегувам за 20 години“: Урош не покажал каење за масакрот, прашува само за една личност appeared first on Република.

]]>
Нови 30 дена притвор за убиецот од Младеновац https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/novi-30-dena-pritvor-za-ubietsot-od-mladenovats/ Fri, 02 Jun 2023 20:11:21 +0000 https://republika.mk/?p=647232

Урош Блажиќ од Младеновац во Србија, кој на 4 мај изврши масовно убиство во селата Мало Орашје и Дубона, останува во притвор. На дваесетиедно годишното момче кое осомничен за убиство на осум и ранување на 14 лица, Вишиот суд судот муодреди нови 30 дена притвор.

Според неофицијални податоци, за време на инцидентоттој пукал во уште три лица кои не се повредени и кои добиле статус на заштитени сведоци.

Блажиќ е префрлен во Специјалната затворска болница во Белград за понатамошна евалуација на неговата психичка состојба. Доколку психијатриското вештачење покаже дека осомничениот не бил разумен во моментот на делото, можно е да му биде наредено задолжително психијатриско лекување.

Според прописите, на лице кое е под мерка задолжително психијатриско лекување и притвор во здравствена установа, му се вршат темелни психијатриски и невролошки прегледи. Исто така, лицето мора да подлежи на дополнителни клинички прегледи и консултации со други медицински експерти. Исто така, на лицето се применува соодветна психофармакотерапија.

Лицето ќе биде вклучено и во групна и индивидуална психотерапија и ќе подлежи на психолошко тестирање и социјални анкети за подобро да ја разбере својата ментална состојба. За време на траењето на мерката ќе се врши работа и работна терапија, медицинска рехабилитација и ресоцијализација.

Наводно, 21-годишникот на рочиштето го признал делото под изговор дека „правиле заговор против него“.

The post Нови 30 дена притвор за убиецот од Младеновац appeared first on Република.

]]>

Урош Блажиќ од Младеновац во Србија, кој на 4 мај изврши масовно убиство во селата Мало Орашје и Дубона, останува во притвор. На дваесетиедно годишното момче кое осомничен за убиство на осум и ранување на 14 лица, Вишиот суд судот муодреди нови 30 дена притвор. Според неофицијални податоци, за време на инцидентоттој пукал во уште три лица кои не се повредени и кои добиле статус на заштитени сведоци. Блажиќ е префрлен во Специјалната затворска болница во Белград за понатамошна евалуација на неговата психичка состојба. Доколку психијатриското вештачење покаже дека осомничениот не бил разумен во моментот на делото, можно е да му биде наредено задолжително психијатриско лекување. Според прописите, на лице кое е под мерка задолжително психијатриско лекување и притвор во здравствена установа, му се вршат темелни психијатриски и невролошки прегледи. Исто така, лицето мора да подлежи на дополнителни клинички прегледи и консултации со други медицински експерти. Исто така, на лицето се применува соодветна психофармакотерапија. Лицето ќе биде вклучено и во групна и индивидуална психотерапија и ќе подлежи на психолошко тестирање и социјални анкети за подобро да ја разбере својата ментална состојба. За време на траењето на мерката ќе се врши работа и работна терапија, медицинска рехабилитација и ресоцијализација. Наводно, 21-годишникот на рочиштето го признал делото под изговор дека „правиле заговор против него“.

The post Нови 30 дена притвор за убиецот од Младеновац appeared first on Република.

]]>
„Нека ме убие оној на кој барем малку ќе му олесни од болката“ вели мајката на масовниот убиец од Дубона https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/neka-me-ubie-onoj-na-koj-barem-malku-ke-mu-olesni-od-bolkata-veli-majkata-na-masovniot-ubiets-od-dubona/ Fri, 02 Jun 2023 07:57:09 +0000 https://republika.mk/?p=647038

Во тешка психичка состојба е Билјана, мајката на Урош Блажиќ, од денот кога тој во крвав пир уби осум и тешко рани 14 лица во Дубона и Мали Орашје кај Младеновац. Во ексклузивно интервју за српска „Република“ таа првпат јавно зборува за нејзиниот син и масакрот што тој го направил.

Таа вели дека жали за секоја жртва на нејзиниот син, дека се моли за оздравување на оние што ги повредил, но и дека како родител е неповратно поразена и згазена.

Тој ден, кога пукаше во деца и невини луѓе, ме уби и мене. Ме закопа жива. Нека ме убие оној на кој ќе му ја олесни болката и страдањето што му ги предизвика мојот Урош пукајќи таа проколната ноќ. Немам сила ни живот да запознаам некој од тие семејства, а камоли да ги погледнам во очи, изјави таа за српска „Република“.

Зборувајќи за часовите пред масакрот, мајката на убиецот раскажала што се случувало.

Пред да замине од кај нас вечерта, ме бакна, му рече на татко му: „Чао бајо“, а на дедо му, му рече, утре наутро во седум да запали оган и дека ќе дојде да печат свиња и јагне. Ми ги остави калливите патики да ги исперам, и отиде во влечки. Ме замоли да додадам малини во колачот што го подготвував кога си замина. Апсолутно ништо не укажуваше на тоа дека ќе… Мислев дека се самоуби кога уби и рани толку луѓе, но го најдоа утрото. Немам сила ни живот да запознаам некој од тие семејства, а камоли да ги погледнам во очи. Уништи се околу себе, претворајќи се во чудовиште. Ги уништи братот, внукот, снаата, дедото и сите роднини, а родителите ги закопа. Нека му се суди според законот, вели мајката во солзи.

The post „Нека ме убие оној на кој барем малку ќе му олесни од болката“ вели мајката на масовниот убиец од Дубона appeared first on Република.

]]>

Во тешка психичка состојба е Билјана, мајката на Урош Блажиќ, од денот кога тој во крвав пир уби осум и тешко рани 14 лица во Дубона и Мали Орашје кај Младеновац. Во ексклузивно интервју за српска „Република“ таа првпат јавно зборува за нејзиниот син и масакрот што тој го направил. Таа вели дека жали за секоја жртва на нејзиниот син, дека се моли за оздравување на оние што ги повредил, но и дека како родител е неповратно поразена и згазена.
Тој ден, кога пукаше во деца и невини луѓе, ме уби и мене. Ме закопа жива. Нека ме убие оној на кој ќе му ја олесни болката и страдањето што му ги предизвика мојот Урош пукајќи таа проколната ноќ. Немам сила ни живот да запознаам некој од тие семејства, а камоли да ги погледнам во очи, изјави таа за српска „Република“.
Зборувајќи за часовите пред масакрот, мајката на убиецот раскажала што се случувало.
Пред да замине од кај нас вечерта, ме бакна, му рече на татко му: „Чао бајо“, а на дедо му, му рече, утре наутро во седум да запали оган и дека ќе дојде да печат свиња и јагне. Ми ги остави калливите патики да ги исперам, и отиде во влечки. Ме замоли да додадам малини во колачот што го подготвував кога си замина. Апсолутно ништо не укажуваше на тоа дека ќе… Мислев дека се самоуби кога уби и рани толку луѓе, но го најдоа утрото. Немам сила ни живот да запознаам некој од тие семејства, а камоли да ги погледнам во очи. Уништи се околу себе, претворајќи се во чудовиште. Ги уништи братот, внукот, снаата, дедото и сите роднини, а родителите ги закопа. Нека му се суди според законот, вели мајката во солзи.

The post „Нека ме убие оној на кој барем малку ќе му олесни од болката“ вели мајката на масовниот убиец од Дубона appeared first on Република.

]]>
Уапсен и вујкото на убиецот од Младеновац https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/uapsen-i-vujkoto-na-ubietsot-od-mladenovats/ Thu, 25 May 2023 10:21:44 +0000 https://republika.mk/?p=644521

Вишото јавно обвинителство во Смедерево денеска соопшти дека уапсен е Г.Г. (49) од Крагуевац, инаку вујко на Урош Блажиќ кој уби осум, а рани 12 лица во околината на Младеновац, Србија.

Осомничениот Г.Г. е задржан на 48 часа поради сомнеж дека извршил кривично дело недозволено производство, држење, носење и промет на оружје и експлозивни материи, соопшти Вишото јавно обвинителство.

Г.Г. е уапсен врз основа на нови факти утврдени во истрагата која се води против Урош Блажиќ и неговиот татко Р.Б. со цел утврдување и разјаснување на сите околности кои се однесуваат на потеклото на оружјето со кое обвинeтиот У.Б. ги извршил кривичните дела кои му се ставаат на товар.

The post Уапсен и вујкото на убиецот од Младеновац appeared first on Република.

]]>

Вишото јавно обвинителство во Смедерево денеска соопшти дека уапсен е Г.Г. (49) од Крагуевац, инаку вујко на Урош Блажиќ кој уби осум, а рани 12 лица во околината на Младеновац, Србија. Осомничениот Г.Г. е задржан на 48 часа поради сомнеж дека извршил кривично дело недозволено производство, држење, носење и промет на оружје и експлозивни материи, соопшти Вишото јавно обвинителство. Г.Г. е уапсен врз основа на нови факти утврдени во истрагата која се води против Урош Блажиќ и неговиот татко Р.Б. со цел утврдување и разјаснување на сите околности кои се однесуваат на потеклото на оружјето со кое обвинeтиот У.Б. ги извршил кривичните дела кои му се ставаат на товар.

The post Уапсен и вујкото на убиецот од Младеновац appeared first on Република.

]]>
Како да се подготвувал за војна: Taткото на Урош чувал цел арсенал оружје https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kako-da-se-podgotvuval-za-vojna-tatkoto-na-urosh-chuval-tsel-arsenal-oruzhje/ Wed, 10 May 2023 08:57:48 +0000 https://republika.mk/?p=639160

Р.Б., таткото на Урош од Младеновац.(21) е уапсен во соработка со Смедеревското ВЈТ, белградското ВЈТ и Управата за криминалистичка полиција со цел да се утврдат фактите поврзани со потеклото на оружјето со кое неговиот син  изврши низа злосторства - уби осум,  а ранил 14 лица.

https://republika.mk/vesti/uapsen-i-tatkoto-na-monstrumot-od-mladenovats/

При претрес на објектот што го користел осомничениот Р.Б., пронајдени се неколку стотици куршуми различен калибар, наполнети за муниција, еден пиштол и еден револвер. Пронајден е и рачно изработен уред за чкрапало, како и неколку оптички нишани и други разновидни делови за огнено оружје.

Тој се товари за недозволено поседување оружје и пуштање експлозивни материи во промет.

The post Како да се подготвувал за војна: Taткото на Урош чувал цел арсенал оружје appeared first on Република.

]]>

Р.Б., таткото на Урош од Младеновац.(21) е уапсен во соработка со Смедеревското ВЈТ, белградското ВЈТ и Управата за криминалистичка полиција со цел да се утврдат фактите поврзани со потеклото на оружјето со кое неговиот син  изврши низа злосторства - уби осум,  а ранил 14 лица. https://republika.mk/vesti/uapsen-i-tatkoto-na-monstrumot-od-mladenovats/ При претрес на објектот што го користел осомничениот Р.Б., пронајдени се неколку стотици куршуми различен калибар, наполнети за муниција, еден пиштол и еден револвер. Пронајден е и рачно изработен уред за чкрапало, како и неколку оптички нишани и други разновидни делови за огнено оружје. Тој се товари за недозволено поседување оружје и пуштање експлозивни материи во промет.

The post Како да се подготвувал за војна: Taткото на Урош чувал цел арсенал оружје appeared first on Република.

]]>
Mонструмот од Младеновац шмркал кокаин заедно со позната старлета https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/monstrumot-od-mladenovats-shmrkal-kokain-zaedno-so-poznata-starleta/ Wed, 10 May 2023 08:08:29 +0000 https://republika.mk/?p=639126

Монструмот од Младеновац Урош Блажиќ (21) користел кокаин.

На видеото до кое дојде „Српски Телеграф“, убиецот блудничи со старлетата Дениз Дејм, се гледа кесичка со дрога. Очигледно, Блажиќ често користел кокаин и секогаш го имал при рака.

Снимката е направена во стан во центарот на Белград, каде се собрала сомнителна група која го импресионирала.

На видеото се гледа и порно акција со Дениз. Се гледа како ја зема нејзината нога и ја лиже, а потоа ја гали по градите и телото. Во еден момент старлетата станала, а жестокиот убиец и ја соблекол црната танга и ја бакнал

The post Mонструмот од Младеновац шмркал кокаин заедно со позната старлета appeared first on Република.

]]>

Монструмот од Младеновац Урош Блажиќ (21) користел кокаин. На видеото до кое дојде „Српски Телеграф“, убиецот блудничи со старлетата Дениз Дејм, се гледа кесичка со дрога. Очигледно, Блажиќ често користел кокаин и секогаш го имал при рака. Снимката е направена во стан во центарот на Белград, каде се собрала сомнителна група која го импресионирала. На видеото се гледа и порно акција со Дениз. Се гледа како ја зема нејзината нога и ја лиже, а потоа ја гали по градите и телото. Во еден момент старлетата станала, а жестокиот убиец и ја соблекол црната танга и ја бакнал

The post Mонструмот од Младеновац шмркал кокаин заедно со позната старлета appeared first on Република.

]]>
„Слушнав дека лошо зборуваат за мене“: Монструмот од Младеновац ја откри причината за убиствата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/slushnav-deka-losho-zboruvaat-za-mene-monstrumot-od-mladenovats-ja-otkri-prichinata-za-ubistvata/ Wed, 10 May 2023 07:36:37 +0000 https://republika.mk/?p=639107

Урош Блажиќ на рочиштето во Вишото јавно обвинителство во Смедерево раскажа што и претходело на крвавото убиство како и детално како го извршил делото.

Убиецот од Младеновац изјавил дека испукал  60 куршуми кон жртвите во Мали Орашје и дека продолжил да пука кон луѓето на кои наишол во Дубона, а потоа и кон групата која седела во училиштето, бидејќи тие не сакале да му се извинат?! На рочиштето убиецот изнесе застрашувачка одбрана – дека сакал да покаже дека со него нема шеги и мајтап!

- Рече дека имал површни контакти со жителите на Мали Орашје и Дубона. Дека некои знаел, а некои не. Тој кажа и дека еднаш играл фудбал со Милан Паниќ, полицаецот што го убил. Рече дека жителите на Дубона и Мали Орашје немаат добро мислење за него и неговото семејство и дека чувствува потсмев, потсмев и потсмев во нивното однесување - стои во извештајот.

Слушнав како зборуваат лошо за мене

Во својата  одбрана убиецот од Младеновац рече дека до 4 мај не размислувал за масакрот, а како мотив за грозоморниот чин навел дека „додека минувал покрај училиштето слушнал дека луѓето зборуваат нешто лошо за него и неговото семејство“.

 

- Рече дека е полн со гнев и оти отишол во неговата куќа во Шепшин, каде што зел пушка, пиштол, поголема количина муниција и бомби. Наполнил неколку рамки и отишол до Малиот Орев каде нашол голема група луѓе како седат, ги поминал пеш. Тој наводно бил без пушка во тоа време. Тој тврди дека некој наводно нешто фрлил кон него, а потоа влегол во автомобилот, земал пушка која репетирана и почнал да пука во луѓето. Тој вели дека не знае колку муниција испукал, но дека му биле заглавени два кундаци (тоа се околу 60 куршуми) - стои во истрагата.

The post „Слушнав дека лошо зборуваат за мене“: Монструмот од Младеновац ја откри причината за убиствата appeared first on Република.

]]>

Урош Блажиќ на рочиштето во Вишото јавно обвинителство во Смедерево раскажа што и претходело на крвавото убиство како и детално како го извршил делото. Убиецот од Младеновац изјавил дека испукал  60 куршуми кон жртвите во Мали Орашје и дека продолжил да пука кон луѓето на кои наишол во Дубона, а потоа и кон групата која седела во училиштето, бидејќи тие не сакале да му се извинат?! На рочиштето убиецот изнесе застрашувачка одбрана – дека сакал да покаже дека со него нема шеги и мајтап!
- Рече дека имал површни контакти со жителите на Мали Орашје и Дубона. Дека некои знаел, а некои не. Тој кажа и дека еднаш играл фудбал со Милан Паниќ, полицаецот што го убил. Рече дека жителите на Дубона и Мали Орашје немаат добро мислење за него и неговото семејство и дека чувствува потсмев, потсмев и потсмев во нивното однесување - стои во извештајот.

Слушнав како зборуваат лошо за мене

Во својата  одбрана убиецот од Младеновац рече дека до 4 мај не размислувал за масакрот, а како мотив за грозоморниот чин навел дека „додека минувал покрај училиштето слушнал дека луѓето зборуваат нешто лошо за него и неговото семејство“.  
- Рече дека е полн со гнев и оти отишол во неговата куќа во Шепшин, каде што зел пушка, пиштол, поголема количина муниција и бомби. Наполнил неколку рамки и отишол до Малиот Орев каде нашол голема група луѓе како седат, ги поминал пеш. Тој наводно бил без пушка во тоа време. Тој тврди дека некој наводно нешто фрлил кон него, а потоа влегол во автомобилот, земал пушка која репетирана и почнал да пука во луѓето. Тој вели дека не знае колку муниција испукал, но дека му биле заглавени два кундаци (тоа се околу 60 куршуми) - стои во истрагата.

The post „Слушнав дека лошо зборуваат за мене“: Монструмот од Младеновац ја откри причината за убиствата appeared first on Република.

]]>
Урош го призна стореното дело: Пукал за да ги заплаши https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/urosh-go-prizna-storenoto-delo-pukal-za-da-gi-zaplashi/ Sun, 07 May 2023 08:57:25 +0000 https://republika.mk/?p=637894

Во Смедеревото обвинителство заврши распитот на Урош Блажиќ, осомничен за убиство на осум лица, а рани и 14 млади од селата во околината на Младеновац и Смедерево.

Според медиумите, тој добил притвор во траење од 30 дена.

„Тој признал дека го извршил масакрот, наведувајќи дека со автоматска пушка и пиштол на три локации на територијата на Смедерево и Младеновац пукал кон неколку лица кои биле во групи, а кои не ги познавал, за да ги исплаши, пренесе Блиц.

The post Урош го призна стореното дело: Пукал за да ги заплаши appeared first on Република.

]]>

Во Смедеревото обвинителство заврши распитот на Урош Блажиќ, осомничен за убиство на осум лица, а рани и 14 млади од селата во околината на Младеновац и Смедерево.

Според медиумите, тој добил притвор во траење од 30 дена. „Тој признал дека го извршил масакрот, наведувајќи дека со автоматска пушка и пиштол на три локации на територијата на Смедерево и Младеновац пукал кон неколку лица кои биле во групи, а кои не ги познавал, за да ги исплаши, пренесе Блиц.

The post Урош го призна стореното дело: Пукал за да ги заплаши appeared first on Република.

]]>