ургентен центар во Штип Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/urgenten-tsentar-vo-shtip/ За подобро да се разбереме Sun, 22 Sep 2024 12:39:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ургентен центар во Штип Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/urgenten-tsentar-vo-shtip/ 32 32 Штипската Клиничка болница ќе отвори ургентен центар, ќе се спојат тимови од Брза помош и болницата, ќе ординираат и приватните специјализанти https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/shtipskata-klinichka-bolnitsa-ke-otvori-urgenten-tsentar-ke-se-spojat-timovi-od-brza-pomosh-i-bolnitsata-ke-ordiniraat-i-privatnite-spetsijalizanti/ Sun, 22 Sep 2024 12:39:40 +0000 https://republika.mk/?p=818728

Клиничка болница - Штип ќе добие ургентен центар. Директорот Владко Захариев изјави дека во него, лекарите и медицинскиот персонал ќе им укажуваат итна здравствена заштита на пациентите од целиот Исток.

Тој посочи дека за да функционира, потребно е да биде формирана работна единица, каде ќе се спојат тимовите од Брзата помош и болницата. Дополнително ќе бидат ангажирани и приватните специјализанти кои преку проектот на ресорното министерство, со работа ќе почнат во болницата.

Со заменик министерот разговаравме дека треба да се направи ефузија со Брзата помош и Клиничка болница. Да се направи работна единица - ургентен центар, каде што тие тимови, би работеле. Во тој центар ќе ординираат и специјализантите кои ќе работат во Клиничка болница. Очекуваме дека ќе има доволно вработени кои ќе го опслужуваат целиот регион, рече Захариев.

Тој истакна дека ургентниот центар во Штип ќе работи 24 часа, секој ден во неделата, ќе ги покрива сите итни состојби кај децата и кај возрасните. Побрзо ќе се поставува дијагностика, а ќе се подобри и функционалноста, појасни тој, односно, контактот меѓу здравствените тимови од целиот регион.

Неколку години наназад се зборува за отворање ургентен центар, но, досега не е отворен, како што се вели, бидејќи недостасува кадар. Лекари специјалисти недостасувале во сите одделенија, а ист бил и проблемот со медицински сестри, болничари и хигиеничари.

 

The post Штипската Клиничка болница ќе отвори ургентен центар, ќе се спојат тимови од Брза помош и болницата, ќе ординираат и приватните специјализанти appeared first on Република.

]]>

Клиничка болница - Штип ќе добие ургентен центар. Директорот Владко Захариев изјави дека во него, лекарите и медицинскиот персонал ќе им укажуваат итна здравствена заштита на пациентите од целиот Исток. Тој посочи дека за да функционира, потребно е да биде формирана работна единица, каде ќе се спојат тимовите од Брзата помош и болницата. Дополнително ќе бидат ангажирани и приватните специјализанти кои преку проектот на ресорното министерство, со работа ќе почнат во болницата.
Со заменик министерот разговаравме дека треба да се направи ефузија со Брзата помош и Клиничка болница. Да се направи работна единица - ургентен центар, каде што тие тимови, би работеле. Во тој центар ќе ординираат и специјализантите кои ќе работат во Клиничка болница. Очекуваме дека ќе има доволно вработени кои ќе го опслужуваат целиот регион, рече Захариев.
Тој истакна дека ургентниот центар во Штип ќе работи 24 часа, секој ден во неделата, ќе ги покрива сите итни состојби кај децата и кај возрасните. Побрзо ќе се поставува дијагностика, а ќе се подобри и функционалноста, појасни тој, односно, контактот меѓу здравствените тимови од целиот регион. Неколку години наназад се зборува за отворање ургентен центар, но, досега не е отворен, како што се вели, бидејќи недостасува кадар. Лекари специјалисти недостасувале во сите одделенија, а ист бил и проблемот со медицински сестри, болничари и хигиеничари.  

The post Штипската Клиничка болница ќе отвори ургентен центар, ќе се спојат тимови од Брза помош и болницата, ќе ординираат и приватните специјализанти appeared first on Република.

]]>