ургентен интернистички центар на Токсикологија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/urgenten-internistichki-tsentar-na-toksikologija/ За подобро да се разбереме Tue, 06 Feb 2024 13:35:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ургентен интернистички центар на Токсикологија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/urgenten-internistichki-tsentar-na-toksikologija/ 32 32 „Алкалоид“ и „Комерцијална банка“ донираат повеќе од 400.000 евра за нов ургентен тријажен центар на клиниката за токсикологија https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/alkaloid-i-komertsijalna-banka-doniraat-poveke-od-400-000-evra-za-nov-urgenten-trijazhen-tsentar-na-klinikata-za-toksikologija/ Tue, 06 Feb 2024 13:19:44 +0000 https://republika.mk/?p=741035

Договор за нов ургентен интернистички центар на Токсикологија беше потпишан денеска во Министерството за здравство, од страна на министерот Фатмир Меџити и претставници на компанииите Алкалоид и Комерцијална банка. Просторот од 750 квадратни метри од Клиниката за токсикологија ќе биде реновиран и трансформиран во Ургентен интернистички тријажен центар, со пари од Комерцијална банка и Алкалоид. Донацијата од Комерцијална банка изнесува 235.000 евра, а од Алкалоид 233.673 евра, или вкупно 468.673 евра.

Министерот рече оти со ова, се исполнува уште едно ветување.

Денеска, со поддршка од општественo одговорнитe компании Алкалоид и Комерцијална банка, потпишавме договор за формирање нов ургентен интернистички центар на Универзитетската клиника за токсикологија. Ова е инвестиција којашто ја најавив како еден од нашите приоритети и навистина сум многу горд што почнуваме со нејзина реализација, рече Меџити.

Целта на овој тријажен центар, како што појасни, е да претставува прв контакт со пациентите, каде што е предвидено да се пружа итна здравствена заштита.

Тука, пациентите од нивниот прием би престојувале 24 до 48 часа по што, доколку е потребно, би се упатиле во болничките оддели на некоја од интерните клиники или би биле пуштени дома. Следејќи ги современите стандарди за врвни и квалитетни здравствени услуги, ќе се изврши реконструкција на простор од околу 750 метри квадратни. Во склоп на просторот ќе има и посебна просторија за опсервација на пациенти – интензивна нега, како и полуинтензивна нега. Во просториите на интернистичкиот ургентен центар ќе бидат сместени и компјутерски томограф, рентген, ЕХО апарат, ендоскопија“, нагласи министерот.

Тој се заблагодари на компаниите за придонесот кон унапредување на здравствениот систем и квалитетот на услуги за нашите пациенти.

The post „Алкалоид“ и „Комерцијална банка“ донираат повеќе од 400.000 евра за нов ургентен тријажен центар на клиниката за токсикологија appeared first on Република.

]]>

Договор за нов ургентен интернистички центар на Токсикологија беше потпишан денеска во Министерството за здравство, од страна на министерот Фатмир Меџити и претставници на компанииите Алкалоид и Комерцијална банка. Просторот од 750 квадратни метри од Клиниката за токсикологија ќе биде реновиран и трансформиран во Ургентен интернистички тријажен центар, со пари од Комерцијална банка и Алкалоид. Донацијата од Комерцијална банка изнесува 235.000 евра, а од Алкалоид 233.673 евра, или вкупно 468.673 евра. Министерот рече оти со ова, се исполнува уште едно ветување.