уредба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uredba/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Mar 2022 11:39:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png уредба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uredba/ 32 32 Лицата со попреченост ослободени од партиципација за студирање https://arhiva3.republika.mk/vesti/licata-so-poprechenost-oslobodeni-od-participacija-za-studiranje/ Fri, 18 Mar 2022 11:35:29 +0000 https://republika.mk/?p=474907

На иницијатива на Националното координативно тело за спроведување на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, Владата на Република Македонија донесе Уредба за правата на лицата со попреченост и други лица да бидат ослободени од партиципација за студирање.

Со оваа уредба Владата овозможи сите лица со попреченост запишани на прв, втор и трет циклус на студии на јавните високообразовни установи, да бидат ослободени од партиципација.

Оваа Уредба им овозможува на лицата со попреченост да ги остварат сопствените потенцијали и личен развој на еднаква основа со сите други граѓани да бидат вклучени во високообразовните процеси, а за образовните институции е поттик да ги прилагодат условите и програмите за образование за овие наши сограѓани.

На тој начин лицата со попреченост развиваат компетенции согласно сопствените преференци и стануваат конкурентни на пазарот на трудот.

Со оваа Уредба освен сите лица со попреченост, од партиципација за студирање се ослободуваат и лицата со статус на деца без родители и родителска грижа, невработените родители на деца и лицата со статус воени инвалиди.

За остварување на ова право, подносителот доставува барање со наод и мислење од Службата за функционална проценка на деца и млади при ЈЗУ Здравствен Дом-Скопје по основите на Меѓународната класификација на функционалноста (МКФ), како нов модел произлезен од реформата што ја спроведе Националното координативно тело за спроведување на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, со која се исклучува досегашниот медицински модел на категоризирање наспроти проценка на функционалните можности и капацитети на лицата со попреченост.

Согласно чл. 24 од Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост сите лица со попреченост имаат право на образование без исклучување и дискриминација со цел за максимален развој на човековиот потенцијал.

До донесувањето на оваа Уредба, право на ослободување на партиципација имаа само некои категории на лица со попреченост, што практично ги ставаше останатите во подредена позиција.

The post Лицата со попреченост ослободени од партиципација за студирање appeared first on Република.

]]>

На иницијатива на Националното координативно тело за спроведување на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, Владата на Република Македонија донесе Уредба за правата на лицата со попреченост и други лица да бидат ослободени од партиципација за студирање. Со оваа уредба Владата овозможи сите лица со попреченост запишани на прв, втор и трет циклус на студии на јавните високообразовни установи, да бидат ослободени од партиципација. Оваа Уредба им овозможува на лицата со попреченост да ги остварат сопствените потенцијали и личен развој на еднаква основа со сите други граѓани да бидат вклучени во високообразовните процеси, а за образовните институции е поттик да ги прилагодат условите и програмите за образование за овие наши сограѓани. На тој начин лицата со попреченост развиваат компетенции согласно сопствените преференци и стануваат конкурентни на пазарот на трудот. Со оваа Уредба освен сите лица со попреченост, од партиципација за студирање се ослободуваат и лицата со статус на деца без родители и родителска грижа, невработените родители на деца и лицата со статус воени инвалиди. За остварување на ова право, подносителот доставува барање со наод и мислење од Службата за функционална проценка на деца и млади при ЈЗУ Здравствен Дом-Скопје по основите на Меѓународната класификација на функционалноста (МКФ), како нов модел произлезен од реформата што ја спроведе Националното координативно тело за спроведување на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, со која се исклучува досегашниот медицински модел на категоризирање наспроти проценка на функционалните можности и капацитети на лицата со попреченост. Согласно чл. 24 од Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост сите лица со попреченост имаат право на образование без исклучување и дискриминација со цел за максимален развој на човековиот потенцијал. До донесувањето на оваа Уредба, право на ослободување на партиципација имаа само некои категории на лица со попреченост, што практично ги ставаше останатите во подредена позиција.

The post Лицата со попреченост ослободени од партиципација за студирање appeared first on Република.

]]>
Владата донесе Уредба за прогласување кризна состојба заради нарушување на снабдувањето со топлинска енергија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-donese-uredba-za-proglasuvanje-krizna-sostojba-zaradi-narushuvanje-na-snabduvanjeto-so-toplinska-energija/ Fri, 14 Jan 2022 18:39:38 +0000 https://republika.mk/?p=444722

Владата на Република Македонија на денешната 134 седница донесе Уредба за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазарот на топлинска енергија, начинот на снабдување со топлинска енергија во кризна состојба, мерките што се преземаат во случај на кризна состојба.

Според оваа Уредба, постојаното следење, анализирање и проценување на состојбата на пазарот на топлинска енергија во Република Македонија ќе го врши Комисија за следење на состојбите со снабдување со топлинска енергија која ќе ја формира министерот за економија.

Комисијата е предвидено да биде составена од осум члена и тоа по еден претставник од редот на високи раководни функции во Министерството за економија, од Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија, еден претставник од Заедницата на единиците на локалната самоуправа и пет претставници од носителите на лиценци на пазарот на топлинска енергија.

Мандатот на членовите на Комисијата изнесува четири години и таа треба да донесе проценка за кризната состојба во снабдувањето со топлинска енергија врз основа на анализите за настанување на целосно или делумно нефункционирање на дистрибутивниот систем на топлинска енергија предизвикано од временски или природни непогоди или хаварии, настанување на траен испад на производствени капацитети за топлинска енергија поради хаварија или недостиг на енергенси за производство на топлинска енергија, можност за користење на алтернативно гориво за производство на топлинска енергија, недостиг на топлинска енергија и состојба на пазарот на топлинска енергија.

Со Уредбата е утврдено во случај на кризна состојба, во зависност од проценките, да се преземат мерки за постапување во кризна состојба изготвени од операторите на дистрибутивните системи, може да се спроведе ограничување на снабдувањето со топлинска енергија, како и да обезбедат дополнителни количини на топлинска енергија.

Финансиските средства потребни за реализација на мерките се обезбедуваат од сопствени извори на носителите на лиценци за вршење на енергетските дејности и / или од Буџетот на Република Македонија во согласност со Законот за управување со кризи и на начин определен во одлуката за прогласување на кризна состојба.

Мерките што ќе бидат донесени врз основа на Уредбата, треба да бидат од привремен карактер и да траат до завршувањето на кризната состојба, да не го надминуваат обемот и интензитетот што е неопходен за отстранување на последиците од кризната состојба, и во најмала можна мера го ограничат или нарушат конкурентното работење на пазарите на енергија во Република Македонија и во Енергетската заедница.

The post Владата донесе Уредба за прогласување кризна состојба заради нарушување на снабдувањето со топлинска енергија appeared first on Република.

]]>

Владата на Република Македонија на денешната 134 седница донесе Уредба за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазарот на топлинска енергија, начинот на снабдување со топлинска енергија во кризна состојба, мерките што се преземаат во случај на кризна состојба. Според оваа Уредба, постојаното следење, анализирање и проценување на состојбата на пазарот на топлинска енергија во Република Македонија ќе го врши Комисија за следење на состојбите со снабдување со топлинска енергија која ќе ја формира министерот за економија. Комисијата е предвидено да биде составена од осум члена и тоа по еден претставник од редот на високи раководни функции во Министерството за економија, од Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија, еден претставник од Заедницата на единиците на локалната самоуправа и пет претставници од носителите на лиценци на пазарот на топлинска енергија. Мандатот на членовите на Комисијата изнесува четири години и таа треба да донесе проценка за кризната состојба во снабдувањето со топлинска енергија врз основа на анализите за настанување на целосно или делумно нефункционирање на дистрибутивниот систем на топлинска енергија предизвикано од временски или природни непогоди или хаварии, настанување на траен испад на производствени капацитети за топлинска енергија поради хаварија или недостиг на енергенси за производство на топлинска енергија, можност за користење на алтернативно гориво за производство на топлинска енергија, недостиг на топлинска енергија и состојба на пазарот на топлинска енергија. Со Уредбата е утврдено во случај на кризна состојба, во зависност од проценките, да се преземат мерки за постапување во кризна состојба изготвени од операторите на дистрибутивните системи, може да се спроведе ограничување на снабдувањето со топлинска енергија, како и да обезбедат дополнителни количини на топлинска енергија. Финансиските средства потребни за реализација на мерките се обезбедуваат од сопствени извори на носителите на лиценци за вршење на енергетските дејности и / или од Буџетот на Република Македонија во согласност со Законот за управување со кризи и на начин определен во одлуката за прогласување на кризна состојба. Мерките што ќе бидат донесени врз основа на Уредбата, треба да бидат од привремен карактер и да траат до завршувањето на кризната состојба, да не го надминуваат обемот и интензитетот што е неопходен за отстранување на последиците од кризната состојба, и во најмала можна мера го ограничат или нарушат конкурентното работење на пазарите на енергија во Република Македонија и во Енергетската заедница.

The post Владата донесе Уредба за прогласување кризна состојба заради нарушување на снабдувањето со топлинска енергија appeared first on Република.

]]>