урбанистичко планирање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/urbanistichko-planiranje/ За подобро да се разбереме Fri, 19 May 2023 14:45:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png урбанистичко планирање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/urbanistichko-planiranje/ 32 32 Здравковски: Во законот за урбанистичко планирање се прикриени оние закони кои беа повлечени за шумите, земјоделското земјиште и културното наследство https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zdravkovski-vo-zakonot-za-urbanistichko-planirane-se-prikrieni-onie-zakoni-koi-bea-povlecheni-za-shumite-zemjodelskoto-zemjishte-i-kulturnoto-nasledstvo/ Fri, 19 May 2023 14:45:39 +0000 https://republika.mk/?p=642727

Прв пат се фати за некаква работа Благој Бочварски и одма и утна. Она што се случува и што ќе се случува наредно е дека Бочварски ни на Артан Груби нема да му треба бидејќи Груби си ја зацрта својата работа и си ја реализираше преку неговиот потпис, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Игор Здравковски на денешната собраниска седница.

Тој посочи дека во овој закон за урбанистичко планирање се прикриени и оние закони кои беа повлечени за шумите, земјоделското земјиште и културното наследство.

„Начинот на кој Благој Бочварски и Артан Груби сакаат да го протуркаат овој закон беше со наоѓањето на врвни експерти од делот на урбанизмот кој се нафатија да се потпишат на некој закон со кој се суспендира целата постапка за изградба или се суспендира она што важи законска регулатива за сите останати субјекти во Република Македонија“, рече Здравковски.

Здравковски е дециден дека злоупотребата на европското знаменце е нотирано многу пати од страна на европската комисија и власта не смееше ни да помисли да го направи тоа со европското знаменце.

„Од комората на овластени инженери и архитекти даваат препорака дека со кратењето на постапки истите стануваат нетранспарентни, а со преиначувањето на постапките се нарушува професионалниот пристап во планерскиот и инженерскиот дел“, кажа Здравковски.

The post Здравковски: Во законот за урбанистичко планирање се прикриени оние закони кои беа повлечени за шумите, земјоделското земјиште и културното наследство appeared first on Република.

]]>

Прв пат се фати за некаква работа Благој Бочварски и одма и утна. Она што се случува и што ќе се случува наредно е дека Бочварски ни на Артан Груби нема да му треба бидејќи Груби си ја зацрта својата работа и си ја реализираше преку неговиот потпис, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Игор Здравковски на денешната собраниска седница.
Тој посочи дека во овој закон за урбанистичко планирање се прикриени и оние закони кои беа повлечени за шумите, земјоделското земјиште и културното наследство. „Начинот на кој Благој Бочварски и Артан Груби сакаат да го протуркаат овој закон беше со наоѓањето на врвни експерти од делот на урбанизмот кој се нафатија да се потпишат на некој закон со кој се суспендира целата постапка за изградба или се суспендира она што важи законска регулатива за сите останати субјекти во Република Македонија“, рече Здравковски. Здравковски е дециден дека злоупотребата на европското знаменце е нотирано многу пати од страна на европската комисија и власта не смееше ни да помисли да го направи тоа со европското знаменце. „Од комората на овластени инженери и архитекти даваат препорака дека со кратењето на постапки истите стануваат нетранспарентни, а со преиначувањето на постапките се нарушува професионалниот пристап во планерскиот и инженерскиот дел“, кажа Здравковски.

The post Здравковски: Во законот за урбанистичко планирање се прикриени оние закони кои беа повлечени за шумите, земјоделското земјиште и културното наследство appeared first on Република.

]]>
ЈУ за урбанизам ,,Кензо Танге” која ќе работи на просторно и урбанистичко планирање во Град Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ju-za-urbanizam-kenzo-tange-koja-kje-raboti-na-prostorno-i-urbanistichko-planiranje-vo-grad-skopje/ Mon, 25 Jul 2022 15:08:04 +0000 https://republika.mk/?p=533021

На предлог на градоначалничката Данела Арсовска, Советот на Град Скопје на денешната седница, врз основа на член 36 од Законот за локалната самоуправа, според Законот за јавни установи и Закон за урбанистичко планирање, донесе Одлука за основање на Јавна установа за урбанизам на Град Скопје КЕНЗО ТАНГЕ.

Целта на основањето на Јавната установа за урбанизам е подигање на стандардите и квалитетот на вршењето на работите од урбанистичкото планирање, како и за обезбедување на оптималните услови за вршење на дејноста уредени со Законот за урбанистичко планирање, а едновремено ќе се елиминираат постапките на надворешни јавни набавки и тендери за проектирање на објекти на Град Скопје.

Јавната установа за урбанизам покрај дефинираните надлежности согласно со Националната класификација на дејности ќе учествува во изработка и донесување на генерален урбанистички план на Град Скопје, спроведување и следење на спроведувањето, ќе изработува урбанистички планови и урбанистички проекти и учествува во нивното донесување, спроведување и следење на спроведувањето, изработка стручна ревизија на урбанистички планови и урбанистички проекти согласно условите за вршење на ревизија пропишани со закон, изработува проектно-техничка документација за инфраструктурни и супраструктурни објекти, како и надзор над имплементација на истите, изработува студии, експертски елаборати и програми поврзани со планирањето и уредувањето и просторниот развој на градот.

Воедно врши одржување и ажурирање на базата на просторни податоци за своето подрачје, следење и анализа на  спроведувањето на урбанистичките планови, изработка извештај за состојбите во просторот, изработка на основни и сообраќајни проекти, учество во создавање на оценката за просторниот развој и учество во создавање на програмата за донесување на урбанистички планови.

Покрај ова, оваа установа ќе остварува соработка со надлежните институции за планирање на просторот при изработувањето на просторни планови од нејзина надлежност.

Јавната установа се организира на начин кој ќе овозможи Градот Скопје да обезбеди услови и стратешки поголемо влијание за рамномерен просторен развој на градот, рационално уредување и користење на просторот и услови за хумано живеење и работа на граѓаните, одржлив развој, заштита и унапредување на животната средина и природата, заштита на културните и историски вредности, јавност во постапката за донесување и спроведување на плановите, усогласеност со нормативите и стандардите за просторно и урбанистичко планирање, при што и работењето на Јавната установа  ќе се заснова на принципите на стручност, професионалност, транспарентност и одговорност во работењето и постигнатите резултати.

 

 

The post ЈУ за урбанизам ,,Кензо Танге” која ќе работи на просторно и урбанистичко планирање во Град Скопје appeared first on Република.

]]>

На предлог на градоначалничката Данела Арсовска, Советот на Град Скопје на денешната седница, врз основа на член 36 од Законот за локалната самоуправа, според Законот за јавни установи и Закон за урбанистичко планирање, донесе Одлука за основање на Јавна установа за урбанизам на Град Скопје КЕНЗО ТАНГЕ. Целта на основањето на Јавната установа за урбанизам е подигање на стандардите и квалитетот на вршењето на работите од урбанистичкото планирање, како и за обезбедување на оптималните услови за вршење на дејноста уредени со Законот за урбанистичко планирање, а едновремено ќе се елиминираат постапките на надворешни јавни набавки и тендери за проектирање на објекти на Град Скопје. Јавната установа за урбанизам покрај дефинираните надлежности согласно со Националната класификација на дејности ќе учествува во изработка и донесување на генерален урбанистички план на Град Скопје, спроведување и следење на спроведувањето, ќе изработува урбанистички планови и урбанистички проекти и учествува во нивното донесување, спроведување и следење на спроведувањето, изработка стручна ревизија на урбанистички планови и урбанистички проекти согласно условите за вршење на ревизија пропишани со закон, изработува проектно-техничка документација за инфраструктурни и супраструктурни објекти, како и надзор над имплементација на истите, изработува студии, експертски елаборати и програми поврзани со планирањето и уредувањето и просторниот развој на градот.

Воедно врши одржување и ажурирање на базата на просторни податоци за своето подрачје, следење и анализа на  спроведувањето на урбанистичките планови, изработка извештај за состојбите во просторот, изработка на основни и сообраќајни проекти, учество во создавање на оценката за просторниот развој и учество во создавање на програмата за донесување на урбанистички планови. Покрај ова, оваа установа ќе остварува соработка со надлежните институции за планирање на просторот при изработувањето на просторни планови од нејзина надлежност. Јавната установа се организира на начин кој ќе овозможи Градот Скопје да обезбеди услови и стратешки поголемо влијание за рамномерен просторен развој на градот, рационално уредување и користење на просторот и услови за хумано живеење и работа на граѓаните, одржлив развој, заштита и унапредување на животната средина и природата, заштита на културните и историски вредности, јавност во постапката за донесување и спроведување на плановите, усогласеност со нормативите и стандардите за просторно и урбанистичко планирање, при што и работењето на Јавната установа  ќе се заснова на принципите на стручност, професионалност, транспарентност и одговорност во работењето и постигнатите резултати.

   

The post ЈУ за урбанизам ,,Кензо Танге” која ќе работи на просторно и урбанистичко планирање во Град Скопје appeared first on Република.

]]>