Ураина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uraina/ За подобро да се разбереме Sat, 17 Jun 2023 07:10:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ураина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uraina/ 32 32 Се интензивираат борбите во јужна Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-intenziviraat-borbite-vo-juzhna-ukraina/ Sat, 17 Jun 2023 08:19:23 +0000 https://republika.mk/?p=652345

Епицентарот на борбите во Украина се префрли на патот кон Мариупол, каде украинската офанзива полека ги потиснува назад руските сили, а британските тенкови Челинџер се подготвени за битка, изјави украинската заменик-министерка за одбрана Хана Малиар.

Според неа, најактивните борби повеќе не се водат околу Бахмут, во источниот регион на Доњецк, туку на југ, во правец на два крајбрежни града, Бердјанск и Мариупол.

- Ако во првата недела епицентарот беше на исток, сега гледаме дека борбите се движат кон југ и сега гледаме дека најактивни области се Бердјанск и Мариупол … На исток, непријателот ги насочи сите свои сили да ја запре нашата офанзива. И таму собираат сили да не спречат. Тие не се многу успешни на југ, информира Малиар.

The post Се интензивираат борбите во јужна Украина appeared first on Република.

]]>

Епицентарот на борбите во Украина се префрли на патот кон Мариупол, каде украинската офанзива полека ги потиснува назад руските сили, а британските тенкови Челинџер се подготвени за битка, изјави украинската заменик-министерка за одбрана Хана Малиар. Според неа, најактивните борби повеќе не се водат околу Бахмут, во источниот регион на Доњецк, туку на југ, во правец на два крајбрежни града, Бердјанск и Мариупол. - Ако во првата недела епицентарот беше на исток, сега гледаме дека борбите се движат кон југ и сега гледаме дека најактивни области се Бердјанск и Мариупол … На исток, непријателот ги насочи сите свои сили да ја запре нашата офанзива. И таму собираат сили да не спречат. Тие не се многу успешни на југ, информира Малиар.

The post Се интензивираат борбите во јужна Украина appeared first on Република.

]]>
„Вашингтон пост“: Путин од парламентот побара официјална дозвола за испраќање руска војска надвор од границите на земјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vashington-post-putin-od-parlamentot-pobara-oficijalna-dozvola-za-isprakjanje-ruska-vojska-nadvor-od-granicite-na-zemjata/ Tue, 22 Feb 2022 16:57:38 +0000 https://republika.mk/?p=462101

Рускиот претседател Владимир Путин денеска од рускиот Парламент побара официјална дозвола за употреба на воена сила надвор од границите на земјата, пишува „Вашингтон пост“.

Писмото на Путин до Горниот дом на парламентот го формализира руското воено распоредување во бунтовничките региони во источна Украина, само еден ден откако рускиот претседател ја призна нивната независност.

Ова писмено барање, исто така, може да ја најави и намерата на Путин да изврши поширок напад врз Украина.

Западните лидери претходно изјавија дека руските сили се преселени на истокот од земјата, а САД тоа го нарекоа инвазија.

Се очекува пратениците на денешната седница експресно да го прифатат барањето на претседателот.

Претходно Путин денеска потпиша договори за пријателство со двата бунтовнички региони, кои предвидуваат распоредување на руска армија во нив. Би-Би-Си пренесува дека овој потег може да ја отвори вратата за инвазија на Украина.

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, претходно денеска изјави дека Русија засега нема да испраќа војници во источна Украина.

The post „Вашингтон пост“: Путин од парламентот побара официјална дозвола за испраќање руска војска надвор од границите на земјата appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин денеска од рускиот Парламент побара официјална дозвола за употреба на воена сила надвор од границите на земјата, пишува „Вашингтон пост“. Писмото на Путин до Горниот дом на парламентот го формализира руското воено распоредување во бунтовничките региони во источна Украина, само еден ден откако рускиот претседател ја призна нивната независност. Ова писмено барање, исто така, може да ја најави и намерата на Путин да изврши поширок напад врз Украина. Западните лидери претходно изјавија дека руските сили се преселени на истокот од земјата, а САД тоа го нарекоа инвазија. Се очекува пратениците на денешната седница експресно да го прифатат барањето на претседателот. Претходно Путин денеска потпиша договори за пријателство со двата бунтовнички региони, кои предвидуваат распоредување на руска армија во нив. Би-Би-Си пренесува дека овој потег може да ја отвори вратата за инвазија на Украина. Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, претходно денеска изјави дека Русија засега нема да испраќа војници во источна Украина.

The post „Вашингтон пост“: Путин од парламентот побара официјална дозвола за испраќање руска војска надвор од границите на земјата appeared first on Република.

]]>