управување со отпад Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/upravuvanje-so-otpad/ За подобро да се разбереме Thu, 02 Feb 2023 14:25:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png управување со отпад Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/upravuvanje-so-otpad/ 32 32 Нуредини: ЕК одобри дополнителна донација од 22,5 милиони евра за регионалниот систем за управување со отпад https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nuredini-ek-odobri-dopolnitelna-donatsija-od-22-5-milioni-evra-za-regionalniot-sistem-za-upravuvane-so-otpad/ Thu, 02 Feb 2023 14:25:53 +0000 https://republika.mk/?p=603926

После потпишувањето на Договорт за заем со Европската банка за обнова и развој со кој се обезбедија 55 милиони евра за развивање на регионалниот систем за управување со отпад, Европската комисија, во рамки на Инвестиционата рамка за Западен Балкан одобри дополнителни 22,5 милиони евра како инвестициска донација, соошти министерот за животна средина Насер Нуредини.

Ако се додадат и 9-те милиони евра што како донација се обезбедени од Швајцарската влада, вкупната висина на обезбедените средства за воспоставување на регионалниот систем за управување со отпад во Полошкиот, Југозападниот, Пелагонискиот, Вардарскиот и Југоисточниот плански регион изнесува над 87 милиони евра. Регионалниот систем за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион се финансира преку ИПА програмите и наскоро се очекува започнување на тендерската постапка, додека за Скопскиот плански регион, исто така се обезбедени грант средства преку европските ИПА фондови и проектот допрва треба почне, се вели во соопштението од министерството.

The post Нуредини: ЕК одобри дополнителна донација од 22,5 милиони евра за регионалниот систем за управување со отпад appeared first on Република.

]]>

ЕБОР одобри 55 милиони евра заем за системот за управување со отпад во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ebor-odobri-55-milioni-evra-zaem-za-sistemot-za-upravuvane-so-otpad-vo-makedonija/ Wed, 18 Jan 2023 07:50:02 +0000 https://republika.mk/?p=598092

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) денеска информираше дека одобрила 55 милиони евра заем за Македонија за модернизација и проширување на системот за управување со отпад во земјата.

Ние сме среќни што ќе ја поддржиме модернизацијата на системот за управување со отпад на Македонија со нашата прва инвестиција во овој сектор. Модернизирање на системите за управување со отпад и зголемување на стапките на рециклирање се клучни за намалување на загадувањето, за креирање можности во циркуларната економија и за движење на земјата поблизу до еколошките стандарди на Европската Унија, изјави Сузан Герансон, директорка на ЕБОР за инфраструктура.

Според соопштението, проектот вклучува и помош финансирана од донатори, вклучително и 24 милиони евра инвестициски грантови и 13.1 милиони евра техничка помош.

The post ЕБОР одобри 55 милиони евра заем за системот за управување со отпад во Македонија appeared first on Република.

Скопскиот плански регион ќе добие систем за управување со отпад https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/skopskiot-planski-region-kje-dobie-sistem-za-upravuvanje-so-otpad/ Thu, 31 Mar 2022 16:10:04 +0000 https://republika.mk/?p=481530

Советот на Град Скопје на денешната седница ја усвои Одлуката за склучување на Спогодба за здружување за воспоставување систем за управување со отпад на регионално ниво. Со оваа одлука се предвидува Градот Скопје да склучи Спогодба за здружување за воспоставување систем за управување со отпад на регионално ниво со општините во рамки на Градот Скопје, како и со општините од Скопскиот плански регион: Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец, Сопиште, Студеничани и Чучер Сандево.

Оваа одлука се носи поради исполнување на законските барања од измените во Законот за управување со отпад, каде што е наведено дека Град Скопје и соодветните општини треба да донесат спогодба со која се уредуваат меѓусебните права и обврски во здружувањето за воспоставување и обезбедување услови за функционирање на регионалниот систем за управување на отпадот, односно централен објект за управување со отпад (регионална депонија за отпад), претоварните станици и други објекти и инсталации за управување со отпад.

Еден од приоритетите за функционирањето на регионалниот систем е формирање на меѓуопштински одбор за управување со отпад, кој треба да се формира во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на законот.

Во рамките на Центарот за развој на секој плански регион треба да се формира Организациона единица за регионално управување со отпад чија основна задача е изготвување на нацрт-верзија на регионалниот план за управување за отпад. Овој регионален план треба да се достави до Меѓуопштински одбор за управување со отпад, а истиот потоа треба да се усвои од советите на општините и од Град Скопје, по претходно одобрување од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Регионалниот план се носи за период од шест години, а по неговото усвојување од советите, организационата единица е должна да го следи планот и да изготвува извештај за неговата реализација.

The post Скопскиот плански регион ќе добие систем за управување со отпад appeared first on Република.

]]>

Советот на Град Скопје на денешната седница ја усвои Одлуката за склучување на Спогодба за здружување за воспоставување систем за управување со отпад на регионално ниво. Со оваа одлука се предвидува Градот Скопје да склучи Спогодба за здружување за воспоставување систем за управување со отпад на регионално ниво со општините во рамки на Градот Скопје, како и со општините од Скопскиот плански регион: Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец, Сопиште, Студеничани и Чучер Сандево. Оваа одлука се носи поради исполнување на законските барања од измените во Законот за управување со отпад, каде што е наведено дека Град Скопје и соодветните општини треба да донесат спогодба со која се уредуваат меѓусебните права и обврски во здружувањето за воспоставување и обезбедување услови за функционирање на регионалниот систем за управување на отпадот, односно централен објект за управување со отпад (регионална депонија за отпад), претоварните станици и други објекти и инсталации за управување со отпад. Еден од приоритетите за функционирањето на регионалниот систем е формирање на меѓуопштински одбор за управување со отпад, кој треба да се формира во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на законот. Во рамките на Центарот за развој на секој плански регион треба да се формира Организациона единица за регионално управување со отпад чија основна задача е изготвување на нацрт-верзија на регионалниот план за управување за отпад. Овој регионален план треба да се достави до Меѓуопштински одбор за управување со отпад, а истиот потоа треба да се усвои од советите на општините и од Град Скопје, по претходно одобрување од Министерството за животна средина и просторно планирање. Регионалниот план се носи за период од шест години, а по неговото усвојување од советите, организационата единица е должна да го следи планот и да изготвува извештај за неговата реализација.

The post Скопскиот плански регион ќе добие систем за управување со отпад appeared first on Република.

]]>