Управен одбор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/upraven-odbor/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Sep 2023 11:59:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Управен одбор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/upraven-odbor/ 32 32 Управен одбор на Филхармонија: Сите манипулации и крајните намери за разрешувањата ќе излезат на виделина https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/upraven-odbor-na-filharmonija-site-manipulatsii-i-krajnite-nameri-za-razreshuvanata-ke-izlezat-na-videlina/ Tue, 26 Sep 2023 09:56:56 +0000 https://republika.mk/?p=685321

Членовите на разрешениот Управен Одбор на НУ Филхармонија упатија отвореното писмо – реакција на како што велат „пласираните невистини и омаловажувањето кон нас од страна на Министерката за култура“.

Писмото го пренесуваме во целост:

„Почитувана Министерке за култура,

Чувствуваме потреба и ние Вам јавно да Ви се обратиме од причина што, после разрешувањето на Директорот и целиот Управен одбор на НУ Филхармонија се продолжува со јавно изнесување на невистини, сега за причината за донесување на Вашите одлуки.

На сите од пошироката јавност кои ги следа случувањата во последните шест месеци им е кристално јасно дека разрешувањето е неосновано и незаконско. Неоспорен факт е дека целата раководна гарнитура е сменета од реваншизам. После Вашата погрешно донесена одлука и сите притисоци, уцени и тортури кои ги истрпевме (Директорот, Управниот одбор и вработените) не потклекнавме и не се откажавме во борбата за зачувување на институцијата. Од наша страна, на со судни маки закажаните средби со Вас, Ве информиравме за настанатата состојба поради погрешно донесените одлуки поврзани со НУ Филхармонија и најдобронамерно укажувавме што може да настане. Како што наведовме, од самиот старт Ви укажавме на неправилностите и на тоа колку одлуката новоформираниот Оркестар за џез музика (Вие изјавувате трансфериран оркестар) да биде просторно сместен во објектот на НУ Филхармонија е штетна по работењето и функционирањето на Филхармонија. Од Вашите реакции и тоа како се однесувавте на состаноците (ќе го квалификуваме само како непријатно и некултурно, а ако има потреба ќе ги изнесеме деталите и јавно) знаевме дека ќе не разрешите, прашањето беше само кога. Доколку постојат записници од состаноците, нели често се повикувате на нивна неопходност, ќе може да се заклучи зошто по првата средба, уште по скалите на излегување од Вашиот кабинет, присутните на состанокот искоментиравме “сите ќе не смени”. Не можевте да се носите со авторитетите, професионалноста и знаењето на членовите на УО, Директорот и претставниците од институцијата. Затоа на средбата, во немоќ да дебатирате и да ја браните донесената одлука, само ни викавте и константно не потсетувавте дека Вие сте Министер. Знаеме ние што е

Министер почитувана. Почитувавме и почитуваме хиерархија, но пред вистината и Боговите молчат.

А, вистината е само една. Бидејќи се повикувате на историја на настаните, еве ние ќе Ве потсетиме на фактите и вистината. Одлуката новоформираниот “Оркестар за џез музика” да биде просторно сместен во објектот на НУ Филхармонија не најде затечени и изненадени и истата ја дознавме од медиумите. Што ќе се согласите дека во најмала рака е крајно некоректно и непрофесионално. Останавте неми на барањето за средба и дијалог за решавање на проблемот кој го создадовте. Откако наидовте на цврст став и отпор при одбраната на својот втор дом од страна на филхармоничарите, само ја дополнивте одлуката со кованицата „времена”. Во име на вистината, Ве потсетуваме на точка 4 од елаборатот во која како просторно сместување на новата национална установа се наведени не само административно адресата на НУ Филхармонија, туку се и детално опишани сите простории од објектот. Делот од елаборатот во кој се вели “Националната установа „Оркестар на џез музика на Република Македонија“ – Скопје својата активност ќе ја извршува во објект кој што е целосно опремен, всушност ќе се заштедат значителни суми од буџетот, како што досега не било случај во однос на ваквите потфати од страна на Владата на Република Македонија” што јасно укажува на намерата овој оркестар да се вдоми во објектот на Филхармонија. Медиумското истапување на лицата кои се кандидати за вработување во новоформираната НУ исто така беше јасен показател дека на истите им е ветено дека ќе бидат просторно сместени во НУ Филхармонија. Сите ја слушнавме изјавата дадена по состаноците со нив дека е природно да бидат сместени во Филхармонија, бидејќи таму делувале изминативе 7 години (да не се повторуваме дека објектот на Филхармонија во тој момент постоеше неполни 6 години). После тримесечна борба проследена со низа преписки, прес конференции, протести итн., излеговте во пресрет на нашите барања и го решивте овој, како што во изјава го нарековте “нереален проблем”, чии творци сме најмалку ние.

Ви се заблагодаривме што како Министер за култура на крај сепак го заштитивте интегритетот на Македонската Филхармонија која скоро цели 80 години е стожер на македонската култура и уметност. Арно ама, крајот всушност бил почеток на нова битка. Продолжување со притисоци, реваншизам и изживување врз НУ Филхармонија, блокирање на сметка, контроли од секаков вид и константен мобинг. Да не ја заборавиме и диригираната медиумска хајка преку медиумски полтрони кои со пласирање на неточни информации се обидоа да го навлечат гневот на јавноста кон Филхармонија. Секако, тука се и прес конференциите на кои и деновиве Вие одговарате на “поставени прашања” за кои имате подготвен одговор. Откако и тоа не успеа, се премина на следниот (долго очекуван) чекор – разрешување на целото раководство. Во решението за разрешување на УО не стои датум од кога истото важи, нема правна поука и нема никакво образложение по кој закон, по кој член, по која одредба истото е донесено?!? Во секоја правна држава ваквото решение би било незаконско. Но, немаме намера да го обжалиме. Ова малтретирање и мобинг веќе подолго време не се трпеше. Овде може да ги спомнеме и ургенциите за кои сами кажавте на последниот прес, кој треба да вежба во просториите на Филхармонија, кои договори за закуп треба или не треба да се раскинат итн. Раководењето со институцијата треба да се остави на професионалците, а не Вие да ракувате (позајмено од Вас) со нив.

Борбата на сите нас да се заштити својот втор дом ја сфативте лично, како наша битка со Вас. Ние уште во првичните обраќања до Вас укажувавме на последиците до кои ќе доведе погрешно донесената одлука. Како што и самата изјавивте, поддршка дадоа и многу личности од светската музичка и домашна јавност и јавно не поддржаа во нашата борба, за што сме им неизмерно благодарни. Во однос на “спорниот настан” кој се одржал на 7-ми мај организиран од страна на опозициска партија, а на чија реализација се повикувате како една од причините за разрешувањата, уште еднаш најодговорно тврдиме дека барање до Управниот одбор немало – од причина што немало потреба да има. Сигурно тоа го потврдиле и вашите вработени кои вршеа дел од контролите. Неприродно е и тоа што во Вашата изјава велите ”правилникот кој што го донел УО не соодветсвува со одлуките на Директорот“?!? Управниот одбор има донесено одлука – правилник за условите под кои се изнајмуваат салите во Филхармонија. Барања до УО се поднесуваат само во случаи каде се бараат отстапки од донесениот правилник, со наведување на причините. УО ги разгледува, одобрува или одбива, за што донесува соодветна одлука.

Ќе се менуваат влади, министри, директори, управни одбори, но, запамтете дека е од национален интерес и обврска на сите нас да се сочува традицијата и децениското богатство во негување на класичната музика во Македонија. Следната година се подготвува чествувањето на јубилеј “80 години гордост”. Да уживаме во прекрасните звуци од Македонската Филхармонија и во новата концертна сезона, па и сите што ќе следат во иднина.

Колективот на Филхармонија покажа единство ретко видено на овие простори и успеа да го сочува храмот на класичната музика во Македонија. Така нека биде и во иднина.
Сите манипулации и крајните намери за разрешувањата во НУ Филхармонија ќе излезат на виделина. Доказите и вистината се на наша страна. Правдата е забавена, но не е заборавена!
На сам крај, Ве очекуваме со повик за прес конференција и јавно соочување, како што најавивте пред некој ден на прес конференција.

Зорица Каракутовска
Маја Поповиќ
Драган Гоневски
Атанас Алексов“

 

The post Управен одбор на Филхармонија: Сите манипулации и крајните намери за разрешувањата ќе излезат на виделина appeared first on Република.

]]>

Членовите на разрешениот Управен Одбор на НУ Филхармонија упатија отвореното писмо – реакција на како што велат „пласираните невистини и омаловажувањето кон нас од страна на Министерката за култура“. Писмото го пренесуваме во целост: „Почитувана Министерке за култура, Чувствуваме потреба и ние Вам јавно да Ви се обратиме од причина што, после разрешувањето на Директорот и целиот Управен одбор на НУ Филхармонија се продолжува со јавно изнесување на невистини, сега за причината за донесување на Вашите одлуки. На сите од пошироката јавност кои ги следа случувањата во последните шест месеци им е кристално јасно дека разрешувањето е неосновано и незаконско. Неоспорен факт е дека целата раководна гарнитура е сменета од реваншизам. После Вашата погрешно донесена одлука и сите притисоци, уцени и тортури кои ги истрпевме (Директорот, Управниот одбор и вработените) не потклекнавме и не се откажавме во борбата за зачувување на институцијата. Од наша страна, на со судни маки закажаните средби со Вас, Ве информиравме за настанатата состојба поради погрешно донесените одлуки поврзани со НУ Филхармонија и најдобронамерно укажувавме што може да настане. Како што наведовме, од самиот старт Ви укажавме на неправилностите и на тоа колку одлуката новоформираниот Оркестар за џез музика (Вие изјавувате трансфериран оркестар) да биде просторно сместен во објектот на НУ Филхармонија е штетна по работењето и функционирањето на Филхармонија. Од Вашите реакции и тоа како се однесувавте на состаноците (ќе го квалификуваме само како непријатно и некултурно, а ако има потреба ќе ги изнесеме деталите и јавно) знаевме дека ќе не разрешите, прашањето беше само кога. Доколку постојат записници од состаноците, нели често се повикувате на нивна неопходност, ќе може да се заклучи зошто по првата средба, уште по скалите на излегување од Вашиот кабинет, присутните на состанокот искоментиравме “сите ќе не смени”. Не можевте да се носите со авторитетите, професионалноста и знаењето на членовите на УО, Директорот и претставниците од институцијата. Затоа на средбата, во немоќ да дебатирате и да ја браните донесената одлука, само ни викавте и константно не потсетувавте дека Вие сте Министер. Знаеме ние што е Министер почитувана. Почитувавме и почитуваме хиерархија, но пред вистината и Боговите молчат. А, вистината е само една. Бидејќи се повикувате на историја на настаните, еве ние ќе Ве потсетиме на фактите и вистината. Одлуката новоформираниот “Оркестар за џез музика” да биде просторно сместен во објектот на НУ Филхармонија не најде затечени и изненадени и истата ја дознавме од медиумите. Што ќе се согласите дека во најмала рака е крајно некоректно и непрофесионално. Останавте неми на барањето за средба и дијалог за решавање на проблемот кој го создадовте. Откако наидовте на цврст став и отпор при одбраната на својот втор дом од страна на филхармоничарите, само ја дополнивте одлуката со кованицата „времена”. Во име на вистината, Ве потсетуваме на точка 4 од елаборатот во која како просторно сместување на новата национална установа се наведени не само административно адресата на НУ Филхармонија, туку се и детално опишани сите простории од објектот. Делот од елаборатот во кој се вели “Националната установа „Оркестар на џез музика на Република Македонија“ – Скопје својата активност ќе ја извршува во објект кој што е целосно опремен, всушност ќе се заштедат значителни суми од буџетот, како што досега не било случај во однос на ваквите потфати од страна на Владата на Република Македонија” што јасно укажува на намерата овој оркестар да се вдоми во објектот на Филхармонија. Медиумското истапување на лицата кои се кандидати за вработување во новоформираната НУ исто така беше јасен показател дека на истите им е ветено дека ќе бидат просторно сместени во НУ Филхармонија. Сите ја слушнавме изјавата дадена по состаноците со нив дека е природно да бидат сместени во Филхармонија, бидејќи таму делувале изминативе 7 години (да не се повторуваме дека објектот на Филхармонија во тој момент постоеше неполни 6 години). После тримесечна борба проследена со низа преписки, прес конференции, протести итн., излеговте во пресрет на нашите барања и го решивте овој, како што во изјава го нарековте “нереален проблем”, чии творци сме најмалку ние. Ви се заблагодаривме што како Министер за култура на крај сепак го заштитивте интегритетот на Македонската Филхармонија која скоро цели 80 години е стожер на македонската култура и уметност. Арно ама, крајот всушност бил почеток на нова битка. Продолжување со притисоци, реваншизам и изживување врз НУ Филхармонија, блокирање на сметка, контроли од секаков вид и константен мобинг. Да не ја заборавиме и диригираната медиумска хајка преку медиумски полтрони кои со пласирање на неточни информации се обидоа да го навлечат гневот на јавноста кон Филхармонија. Секако, тука се и прес конференциите на кои и деновиве Вие одговарате на “поставени прашања” за кои имате подготвен одговор. Откако и тоа не успеа, се премина на следниот (долго очекуван) чекор – разрешување на целото раководство. Во решението за разрешување на УО не стои датум од кога истото важи, нема правна поука и нема никакво образложение по кој закон, по кој член, по која одредба истото е донесено?!? Во секоја правна држава ваквото решение би било незаконско. Но, немаме намера да го обжалиме. Ова малтретирање и мобинг веќе подолго време не се трпеше. Овде може да ги спомнеме и ургенциите за кои сами кажавте на последниот прес, кој треба да вежба во просториите на Филхармонија, кои договори за закуп треба или не треба да се раскинат итн. Раководењето со институцијата треба да се остави на професионалците, а не Вие да ракувате (позајмено од Вас) со нив. Борбата на сите нас да се заштити својот втор дом ја сфативте лично, како наша битка со Вас. Ние уште во првичните обраќања до Вас укажувавме на последиците до кои ќе доведе погрешно донесената одлука. Како што и самата изјавивте, поддршка дадоа и многу личности од светската музичка и домашна јавност и јавно не поддржаа во нашата борба, за што сме им неизмерно благодарни. Во однос на “спорниот настан” кој се одржал на 7-ми мај организиран од страна на опозициска партија, а на чија реализација се повикувате како една од причините за разрешувањата, уште еднаш најодговорно тврдиме дека барање до Управниот одбор немало – од причина што немало потреба да има. Сигурно тоа го потврдиле и вашите вработени кои вршеа дел од контролите. Неприродно е и тоа што во Вашата изјава велите ”правилникот кој што го донел УО не соодветсвува со одлуките на Директорот“?!? Управниот одбор има донесено одлука – правилник за условите под кои се изнајмуваат салите во Филхармонија. Барања до УО се поднесуваат само во случаи каде се бараат отстапки од донесениот правилник, со наведување на причините. УО ги разгледува, одобрува или одбива, за што донесува соодветна одлука. Ќе се менуваат влади, министри, директори, управни одбори, но, запамтете дека е од национален интерес и обврска на сите нас да се сочува традицијата и децениското богатство во негување на класичната музика во Македонија. Следната година се подготвува чествувањето на јубилеј “80 години гордост”. Да уживаме во прекрасните звуци од Македонската Филхармонија и во новата концертна сезона, па и сите што ќе следат во иднина. Колективот на Филхармонија покажа единство ретко видено на овие простори и успеа да го сочува храмот на класичната музика во Македонија. Така нека биде и во иднина. Сите манипулации и крајните намери за разрешувањата во НУ Филхармонија ќе излезат на виделина. Доказите и вистината се на наша страна. Правдата е забавена, но не е заборавена! На сам крај, Ве очекуваме со повик за прес конференција и јавно соочување, како што најавивте пред некој ден на прес конференција. Зорица Каракутовска Маја Поповиќ Драган Гоневски Атанас Алексов“  

The post Управен одбор на Филхармонија: Сите манипулации и крајните намери за разрешувањата ќе излезат на виделина appeared first on Република.

]]>
Членовите на управните и надзорните одбори годишно нè чинат 2 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chlenovite-na-upravnite-i-nadzornite-odbori-godishno-ne-chinat-2-milioni-evra/ Thu, 13 Apr 2023 09:39:45 +0000 https://republika.mk/?p=630492

Речиси половина од директорските фотелји во јавните институции се пополнети од в.д директори, покажува извештајот на Центарот за управување со промени. Директорката на ЦУП Неда Малеска Сачмароска вели дека оваа состојба најмногу се должи на политичките пазарења.

Според неа, виршителите на должност се поставуваат најмногу поради тоа што дел од нив немаат потребни компетенции за да можат да конкурираат на јавен оглас, главно поради непознавање на странски јазици.

Највисок процент на в.д директори е во јавните претпријатија и јавните институции за социјална заштита.

423 институции во државата имаат Управни и Надзорни одбори. Годишно, членовите на овие Одбори нè чинат безмалку 2 милиони евра. За нивните паушали во периодот од 2015 до 2017 година државата плаќала 2,5 милиони евра.

Но ова не значи дека трошоците де намалени поради намалени паушали, туку поради пандемијата од Ковид-19 Одборите не се состанувале толку често.

Извештајот на ЦУП покажува и дека онаму каде што членовите на управните и надзорните одбори земаат паушал по одржана седница, наместо фиксен паушал. Одборите се состануваат многу почесто, а одлучуваат по само една точка.

The post Членовите на управните и надзорните одбори годишно нè чинат 2 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Речиси половина од директорските фотелји во јавните институции се пополнети од в.д директори, покажува извештајот на Центарот за управување со промени. Директорката на ЦУП Неда Малеска Сачмароска вели дека оваа состојба најмногу се должи на политичките пазарења. Според неа, виршителите на должност се поставуваат најмногу поради тоа што дел од нив немаат потребни компетенции за да можат да конкурираат на јавен оглас, главно поради непознавање на странски јазици. Највисок процент на в.д директори е во јавните претпријатија и јавните институции за социјална заштита. 423 институции во државата имаат Управни и Надзорни одбори. Годишно, членовите на овие Одбори нè чинат безмалку 2 милиони евра. За нивните паушали во периодот од 2015 до 2017 година државата плаќала 2,5 милиони евра. Но ова не значи дека трошоците де намалени поради намалени паушали, туку поради пандемијата од Ковид-19 Одборите не се состанувале толку често. Извештајот на ЦУП покажува и дека онаму каде што членовите на управните и надзорните одбори земаат паушал по одржана седница, наместо фиксен паушал. Одборите се состануваат многу почесто, а одлучуваат по само една точка.

The post Членовите на управните и надзорните одбори годишно нè чинат 2 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Управниот одбор на ЈСП Скопје со тужба против директорот Стојковски https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/upravniot-odbor-na-jsp-skopje-so-tuzba-protiv-direktorot-stojkovski/ Mon, 21 Nov 2022 09:43:24 +0000 https://republika.mk/?p=576398

Дел од членовите на Управниот одбор на ЈСП Скопје поднесоа тужба до Основниот граѓански суд Скопје против в.д. директорот на претпријатието Александар Стојковски и Јавното сообраќајно претпријатие Скопје за јавно изречена навреда и клевета.

На 20.10.2022 год. по налог на в.д. директорот на ЈСП на официјалната веб страна и на фејсбук-страната на ЈСП Скопје објавен е идентичен текст во кој Управниот одбор на ЈСП Скопје неправедно се инволвира како еден од организаторите на штрајкот на синдикатите кој се случуваше истиот ден и дека членовите на УО ќе бидат дел од кривична пријава поради незаконско организирање на штрајк и попречување на работата на претпријатието.
Поради изнесувањето на невистини на официјалните јавни гласила на ЈСП Скопје и проследувањето на истите невистини до медиумите во државата, беше побарано јавно извинување од в.д. директорот до членовите на УО. Од причина што в.д. директорот на ЈСП Скопје одби да се извини на Управниот одбор, дел од членовите одлучија правдата да ја бараат пред надлежните судови во нашата држава, односно доставија Тужба против него за клевета. Поради изнесени невистинити факти и тврдења директно е нанесена штета на честа и угледот на членовите на УО на ЈСП, се вели во соопштението од УО на ЈСП Скопје.

Како што додаваат, целта на ваквото однесување од страна на в.д. директорот била да се префрли вината за настанатата ситуација на Управниот одбор на ЈСП, а со тоа и да се дискредитираат како личности и професионалци во својата работа.

Иако во писменото известување, не се наведени членовите на УО по име и презиме, сепак нивниот идентитет е очевиден со оглед дека на веб-страната на ЈСП, во делот „раководна структура“ јавно се објавени податоците за сите членови на Управниот одбор, што подразбира дека таквите податоци се јавно достапни за целата јавност, велат оттаму.

The post Управниот одбор на ЈСП Скопје со тужба против директорот Стојковски appeared first on Република.

]]>

Дел од членовите на Управниот одбор на ЈСП Скопје поднесоа тужба до Основниот граѓански суд Скопје против в.д. директорот на претпријатието Александар Стојковски и Јавното сообраќајно претпријатие Скопје за јавно изречена навреда и клевета.
На 20.10.2022 год. по налог на в.д. директорот на ЈСП на официјалната веб страна и на фејсбук-страната на ЈСП Скопје објавен е идентичен текст во кој Управниот одбор на ЈСП Скопје неправедно се инволвира како еден од организаторите на штрајкот на синдикатите кој се случуваше истиот ден и дека членовите на УО ќе бидат дел од кривична пријава поради незаконско организирање на штрајк и попречување на работата на претпријатието. Поради изнесувањето на невистини на официјалните јавни гласила на ЈСП Скопје и проследувањето на истите невистини до медиумите во државата, беше побарано јавно извинување од в.д. директорот до членовите на УО. Од причина што в.д. директорот на ЈСП Скопје одби да се извини на Управниот одбор, дел од членовите одлучија правдата да ја бараат пред надлежните судови во нашата држава, односно доставија Тужба против него за клевета. Поради изнесени невистинити факти и тврдења директно е нанесена штета на честа и угледот на членовите на УО на ЈСП, се вели во соопштението од УО на ЈСП Скопје.
Како што додаваат, целта на ваквото однесување од страна на в.д. директорот била да се префрли вината за настанатата ситуација на Управниот одбор на ЈСП, а со тоа и да се дискредитираат како личности и професионалци во својата работа.
Иако во писменото известување, не се наведени членовите на УО по име и презиме, сепак нивниот идентитет е очевиден со оглед дека на веб-страната на ЈСП, во делот „раководна структура“ јавно се објавени податоците за сите членови на Управниот одбор, што подразбира дека таквите податоци се јавно достапни за целата јавност, велат оттаму.

The post Управниот одбор на ЈСП Скопје со тужба против директорот Стојковски appeared first on Република.

]]>
Управниот одбор на Фондот за здравство не ја ферма владината одлука да си ги намалат хонорарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/upravniot-odbor-na-fondot-za-zdravstvo-ne-ja-ferma-vladinata-odluka-da-si-gi-namalat-honorarite/ Wed, 10 Aug 2022 10:37:43 +0000 https://republika.mk/?p=538683

И покрај владината одлука за висината на надоместоците на членовите на Управни одмори, одредени институции не ја почитуваат, Конкретно, станува збор за Фондот за здравство.

Иако Владата на 20.04.2021 година донела заклучок да се зголемат надоместоците на претседателите на УО од 12.000 од 18.000 денари а на членовите од 10.000 на 15.000 , во јули истата година се поништува таа одлука.

Но, Управниот одбор на Фондот за здравство не постапува по одлуката на Владата и нивните членови и претседатели земаат се уште повисоки надоместоци.

Она што е важно да се нагласи е дека претседателот на Управниот одбор Дејан Николовски доаѓа од Министерството за финансии и е државен советник за јавен долг. Нормално би било тој да се однесува домаќински кон парите од граѓаните но во случајот не е така.

 

The post Управниот одбор на Фондот за здравство не ја ферма владината одлука да си ги намалат хонорарите appeared first on Република.

]]>

И покрај владината одлука за висината на надоместоците на членовите на Управни одмори, одредени институции не ја почитуваат, Конкретно, станува збор за Фондот за здравство. Иако Владата на 20.04.2021 година донела заклучок да се зголемат надоместоците на претседателите на УО од 12.000 од 18.000 денари а на членовите од 10.000 на 15.000 , во јули истата година се поништува таа одлука. Но, Управниот одбор на Фондот за здравство не постапува по одлуката на Владата и нивните членови и претседатели земаат се уште повисоки надоместоци. Она што е важно да се нагласи е дека претседателот на Управниот одбор Дејан Николовски доаѓа од Министерството за финансии и е државен советник за јавен долг. Нормално би било тој да се однесува домаќински кон парите од граѓаните но во случајот не е така.  

The post Управниот одбор на Фондот за здравство не ја ферма владината одлука да си ги намалат хонорарите appeared first on Република.

]]>
Член на управен одбор има поголема плата од претседателот на државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chlen-na-upraven-odbor-ima-pogolema-plata-od-pretsedatelot-na-drzavata/ Thu, 28 Apr 2022 16:52:08 +0000 https://republika.mk/?p=494917

Во наредните шест месеци ќе се работи на изработка на нов Закон за плати, затоа што постои неконзистентност во платите. Имаме јавни претпријатија во коишто членови на управен одбор имаат поголеми плати од претседател на држава и 20-30 години никој тоа не го погледнал, изјави премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на пратеничко прашање во рамки на 70. седница.

Тоа, како што посочи Ковачевски, ќе се прави заедно со синдикатите и ја повика и опозицијата да учествува во работната група заедно со Министерството за труд и социјална политика.

– Мора да се направи реорганизација на системите кои што не се пипнати 30 години. Тоа се јавни претпријатија кои што креираат загуба и тоа мора да се направи, за да направиме ефикасна држава во која што приватниот сектор ќе ги добива најдобрите услуги од јавниот сектор и ќе биде секогаш способен и подобар и попродуктивен, за да може тоа да го финансира и во иднина, рече Ковачевски.

Одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, за тоа кога ќе се зголемат платите во јавниот сектор и како ќе се поддржи растот на платите во приватниот сектор, Ковачевски потсети дека државата до крајот на годината ги субвенционира придонесите за зголемување на минималната плата, а активна е и мерката за субвенционирање на порастот на платите во приватнот сектор.

Во однос на растот на платите во јавнот сектор, премиерот рече дека не може константно само да се зголемуваат платите во јавниот сектор, а да се зголемува продуктивноста и ефикасноста во работењето на јавниот сектор.

– Не може приватниот сектор постојано да го финансира тоа, а да не се зголемува продуктивноста и ефикасноста во работењето на јавниот сектор. Тие 435 илјади во приватниот сектор ги финансираат сите плати во јавниот сектор и бараат зголемување на продуктивноста и на ефикасноста на работењето, рече Ковачевски.

Затоа, нагласи Ковачевски, преку економско-социјален дијалог со репрезентативниот синдикат, прво ќе се договори сума за зголемување, а потоа методологија за зголемување.

Собранието денеска ја одржи 70. седница на која пратениците поставуваат прашања до членовите на Владата. Ова е прва седница за пратенички прашања до членовите на Владата на премиерот Димитар Ковачевски, закажана откако поминаа 100 дена од нејзиниот избо

The post Член на управен одбор има поголема плата од претседателот на државата appeared first on Република.

]]>

Во наредните шест месеци ќе се работи на изработка на нов Закон за плати, затоа што постои неконзистентност во платите. Имаме јавни претпријатија во коишто членови на управен одбор имаат поголеми плати од претседател на држава и 20-30 години никој тоа не го погледнал, изјави премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на пратеничко прашање во рамки на 70. седница. Тоа, како што посочи Ковачевски, ќе се прави заедно со синдикатите и ја повика и опозицијата да учествува во работната група заедно со Министерството за труд и социјална политика. – Мора да се направи реорганизација на системите кои што не се пипнати 30 години. Тоа се јавни претпријатија кои што креираат загуба и тоа мора да се направи, за да направиме ефикасна држава во која што приватниот сектор ќе ги добива најдобрите услуги од јавниот сектор и ќе биде секогаш способен и подобар и попродуктивен, за да може тоа да го финансира и во иднина, рече Ковачевски. Одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, за тоа кога ќе се зголемат платите во јавниот сектор и како ќе се поддржи растот на платите во приватниот сектор, Ковачевски потсети дека државата до крајот на годината ги субвенционира придонесите за зголемување на минималната плата, а активна е и мерката за субвенционирање на порастот на платите во приватнот сектор. Во однос на растот на платите во јавнот сектор, премиерот рече дека не може константно само да се зголемуваат платите во јавниот сектор, а да се зголемува продуктивноста и ефикасноста во работењето на јавниот сектор.
– Не може приватниот сектор постојано да го финансира тоа, а да не се зголемува продуктивноста и ефикасноста во работењето на јавниот сектор. Тие 435 илјади во приватниот сектор ги финансираат сите плати во јавниот сектор и бараат зголемување на продуктивноста и на ефикасноста на работењето, рече Ковачевски.
Затоа, нагласи Ковачевски, преку економско-социјален дијалог со репрезентативниот синдикат, прво ќе се договори сума за зголемување, а потоа методологија за зголемување. Собранието денеска ја одржи 70. седница на која пратениците поставуваат прашања до членовите на Владата. Ова е прва седница за пратенички прашања до членовите на Владата на премиерот Димитар Ковачевски, закажана откако поминаа 100 дена од нејзиниот избо

The post Член на управен одбор има поголема плата од претседателот на државата appeared first on Република.

]]>