Управата за водење на матични книги Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/upravata-za-vodenje-na-matichni-knigi/ За подобро да се разбереме Wed, 25 May 2022 14:59:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Управата за водење на матични книги Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/upravata-za-vodenje-na-matichni-knigi/ 32 32 Вработени од Матично протестираа пред Министерството за финансии https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vraboteni-od-matichno-protestiraa-pred-ministerstvoto-za-finansii/ Wed, 25 May 2022 14:59:21 +0000 https://republika.mk/?p=506852

Членови на Независниот синдикат на Управата за водење на матични книги, денеска протестираа пред Министерството за финансии со барање да остварат средба со претставници на Министерството. Марјан Ристески, Конфедерација на синдикални организации на Македонија (КСОМ), рече дека очекуваат да им се каже што се случуваа со оваа категорија вработени, односно дали има пари за реализација на нивните барања согласно со колективниот договор за којшто се усогласија со Министерството за правда и за линеарно зголемување на платите за 30 проценти.

– Се штрајкува, не се даваат изводи, нервоза кај вработените. Ова е игра на нерви од нивна страна, на издржливост, не знам што. Најверојатно имаат некоја стратегија, нека кажат која. Доколку и понатаму не се огласат за нашите барања следниот чекор ќе биде масовен протест пред Влада. Сите институции ги поминавме, остана уште премиерот Ковачевски.

Се добива впечаток дека воопшто не се заинтересирани, рече Ристески. Оваа категорија вработени, посочи Ристески, ги имаат сите податоци за граѓаните од моментот кога се родени се до крај на животот.

– Преку триесет години никој не се интересира за оваа категорија на вработени колку имаат обврски. Имаа од колегите кои и кривично одговараат. Работат со класифицирани документи. Ние не ги делиме вработените, меѓутоа секој мора да си биде платен според процентот на работа, додаде Ристески.

По усогласувањето на синдикатот со МП за колективниот договор тие најавија дека ќе продолжат со штрајкот, што трае веќе еден месец, се додека договорот не биде одобрен од Министерството за финансии.

The post Вработени од Матично протестираа пред Министерството за финансии appeared first on Република.

]]>

Нема договор за повисоки плати во Управата за водење на матични книги https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nema-dogovor-za-povisoki-plati-vo-upravata-za-vodenje-na-matichni-knigi/ Thu, 05 May 2022 17:17:01 +0000 https://republika.mk/?p=498198

Независниот синдикат од Управата за водење на матични книги (УЗМК) не успеа да најде заеднички јазик со Министерството за правда за покачување на платите, изјави попладнево синдикалниот претставник Марјан Ристески, по средбата со министерот за правда Никола Тупанчевски.

– Се вадат со некои законски уредби, подзаконски акти. Ние им предложивме конкретно оваа категорија на вработени, Управата за водење матични книги да се исели од Министертсвото за инфорнматичко општество. Значи замислете, оваа категорија на вработени кои што работат со строго доверливи документи, ги ставаат во куп со цела администрација, со уште 10.000 вработени. Доколку се качела платата само на овие не можел да се крши законот. Ние им предложивме да најдат модус да се издвои оваа категорија од групата во која што се вработени и да биде посебна, дали како агенција, дали како управа, рече Ристески.

Преставникот на Синдикатот на УВМК, Тони Милошевски, по средбата наведе дека е прифатено да има унапредување на вработените, но не и усогласување за платите.

– Ние им кажавме дека ќе продолжиме со штрајкот. Нема да го ставиме во мирување. Значи продолжуваме со штрајкот. Сега утрешниот ден ќе видиме тие регулативи што ни ги кажаа, законски што не може и како можат да се донесат. Утре ќе имаме работна средба со Министерството и со Управата и ќе видиме до каде ќе одат работите и дали ќе се најде законски начин да може тие работи да се надминат и да се потпише колективен договор за да го прекинеме штрајкот, рече Милошовски.

Од Министерството за правда, пак, по средбата соопштија дека министерот Тупачевски им укажал на преставниците на Синдикатот да отпочнат со разговори за подготовка на нов колективен договор, кој ќе биде во согласност со Законот за административни службеници.

– При подготовката на Законот за административни службеници да се разгледа и прашањето за статусот на вработените во УВМК заради специфичноста на нивната работа. Вработените во Управата имаат можност да остварат и додаток на плата на административен службеник до 30 отсто согласно Уредбата на Владата за специфичност на работите и работните задачи заради зголемен обем на работа. На вработените во Управата ќе им бидат усогласени платите со Законот за минимална плата и Законот за административни службеници Платата за април ќе биде со корекција на мартовската плата, велат од Министерство.

На средбата додаваат од таму, е договорено вакви состаноци и комуникации да има и во наредниот период, а во рамките на Управата да се разгледа можноста за интерни унапредувања, дополнителна мотивација на вработените, воведување на јубилејна награда, како и и подобрување на условите за работа.

The post Нема договор за повисоки плати во Управата за водење на матични книги appeared first on Република.