управа за водење на матичните книги Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uprava-za-vodenje-na-matichnite-knigi/ За подобро да се разбереме Tue, 10 May 2022 16:49:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png управа за водење на матичните книги Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uprava-za-vodenje-na-matichnite-knigi/ 32 32 Тупанчевски вели дека штрајкуваат само 20%-25% од врботените во Матично, синдикатот демантира https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tupanchevski-veli-deka-shtrajkuvaat-samo-20-25-od-vrbotenite-vo-matichno-sindikatot-demantira/ Tue, 10 May 2022 16:49:24 +0000 https://republika.mk/?p=500629

Вработените во Управата за водење на матични книги продолжуваат со штрајкот. Бараат усвојување на колективен договор на ниво на работодавач, линеарно покачување на платите за 30% и подобрување на условите за работа. Министерот за правда, Никола Тупанчевски, вели дека во преговорите со Управата успеале да се договорат за неколку точки. Истакнува дека треба да се потпише колективен договор, но додава дека нивните барања се вон законските регулативи.

Министерот вели дека штрајкуваат само 20-25% од вработените, додека останатите се на своите работни места.

На ваквата изјава на министерот, со реакција се јави Синдикатот на Управата за матични книги, од каде рекоа дека на штрајк се околу 70% од вработените.

-По повод изјавата на Министерот за правда Г-динот Тупанчески дека штрајкуваат 30% од вработените во Управата за водење на матични книги, најодговорно тврдиме дека околу 70% од вработените се вклучени во штрајкот т.е. штрајкуваат согласно напатствијата од штрајкувачкиот одбор од синдикатот. Напоменуваме дека вработените своерачно се потпишани за штрајк. Наместо надлежните да шпекулираат со колкава бројка се штрајкува, уште еднаш ги повикуваме да продолжиме со социјален дијалог и да изнајдеме конечно решение околу нашите барања, велат од Синдикатот на управата за матични книги.

Штрајкот почна на 27 април, а уследи како резултат на тоа што вработените веќе три години не наидуваат на слух од надлежните органи за покачување на платите во матичните служби, кои достигнуваат до 14.500 денари, што е помалку од минимална плата. Штрајкувачите порачуваат доколку не се постигне договор, повторно ќе се соберат и ќе излезат на протест.

The post Тупанчевски вели дека штрајкуваат само 20%-25% од врботените во Матично, синдикатот демантира appeared first on Република.

]]>

Вработените во Управата за водење на матични книги продолжуваат со штрајкот. Бараат усвојување на колективен договор на ниво на работодавач, линеарно покачување на платите за 30% и подобрување на условите за работа. Министерот за правда, Никола Тупанчевски, вели дека во преговорите со Управата успеале да се договорат за неколку точки. Истакнува дека треба да се потпише колективен договор, но додава дека нивните барања се вон законските регулативи. Министерот вели дека штрајкуваат само 20-25% од вработените, додека останатите се на своите работни места. На ваквата изјава на министерот, со реакција се јави Синдикатот на Управата за матични книги, од каде рекоа дека на штрајк се околу 70% од вработените.
-По повод изјавата на Министерот за правда Г-динот Тупанчески дека штрајкуваат 30% од вработените во Управата за водење на матични книги, најодговорно тврдиме дека околу 70% од вработените се вклучени во штрајкот т.е. штрајкуваат согласно напатствијата од штрајкувачкиот одбор од синдикатот. Напоменуваме дека вработените своерачно се потпишани за штрајк. Наместо надлежните да шпекулираат со колкава бројка се штрајкува, уште еднаш ги повикуваме да продолжиме со социјален дијалог и да изнајдеме конечно решение околу нашите барања, велат од Синдикатот на управата за матични книги.
Штрајкот почна на 27 април, а уследи како резултат на тоа што вработените веќе три години не наидуваат на слух од надлежните органи за покачување на платите во матичните служби, кои достигнуваат до 14.500 денари, што е помалку од минимална плата. Штрајкувачите порачуваат доколку не се постигне договор, повторно ќе се соберат и ќе излезат на протест.

The post Тупанчевски вели дека штрајкуваат само 20%-25% од врботените во Матично, синдикатот демантира appeared first on Република.

]]>
Продолжува штрајкот на вработените во Управата за водење матични книги https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prodolzuva-shtrajkot-na-vrabotenite-vo-upravata-za-vodenje-matichni-knigi/ Wed, 04 May 2022 10:23:46 +0000 https://republika.mk/?p=497397

Штрајкот на вработените на Управата за водење матични книги ќе продолжи се до исполнување на барањата за потпишување колективен договор, линеарно зголемување на платите за 30 отсто и подобрување на условите за работа, изјави претседателот на Независниот синдикат на Управата за водење матични книги, Тони Милошески при посетата на Подрачното одделение на институцијата во Тетово, за да изврши увид како се одвива штрајкот, кој денеска влегува во петтиот ден.

Порастот на минимална плата во 2022 година доведе до изедначување на платите на вработените со различни звања. Ние како Независен синдикат на Управата за водење матични книги сметаме дека треба да има лиеарно покачување на платите на сите вработени во УВМК, кои долги години наназад воопшто не се покачени. До 2010 бевме под МВР, а од тогаш никој не ни има дадено ни покачување, ни нови звања. Имаме колеги кои работат и по 30 години, а уште се помлади референти. Има колеги што земаат 14.700 денари, не земаат уште цела 15.200 што беше минимална плата, која нормално сега треба да биде 18 илјади - изјави Милошевски.

На петтиот ден од штрајкот синдикатот предупредува дека се врши притисок кон вработените да го прекинат.

Имаше огромни притисоци и уште ги има. Има значи од некои политички партии, има од самото раководство од Управата до некои вработени. Вработените што се на договор имаат најголеми притосоци - рече Милошевски.

Тој потсети дека синдикатот побарал покренување постапка за помирување со Управата.

До Управата доставивме постапка за помирување. Поминаа 15 дена од тој рок. На 19-ти само еднаш не викнаа да преговараме. Ни кажаа од Министерството за финансии дека нема ништо да ни дадат и ние на 27 април стапивме во штрајк - изјави Милошевски.

Иако се во штрајк, вработените издаваат дел од документите кои се за потреби на граѓаните поврзани со старнство, како за лекување, смртни случаи, раѓање и слично. Се склучуваат и бракови кои се закажани до 26 април.

The post Продолжува штрајкот на вработените во Управата за водење матични книги appeared first on Република.