управа за водење матични книги Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uprava-za-vodenje-matichni-knigi/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Nov 2024 15:46:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png управа за водење матични книги Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uprava-za-vodenje-matichni-knigi/ 32 32 За 800 евра незаконски ваделе македонски државјанства за Турци https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/za-800-evra-nezakonski-vadele-makedonski-drzhavjanstva-za-turtsi/ Thu, 07 Nov 2024 15:57:57 +0000 https://republika.mk/?p=835234

СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против А.Б.(33) и 30-годишната А.С., двајцата од село Мелница, општина Чашка, поради постоење основи на сомнение дека сториле продолжено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик, соопшти денеска МВР.

А.Б., вработен во Управата за водење на матични книги, издавал изводи и поднесувал барања за изводи за лица кои не се присутни во државата, односно за лица државјани на Република Турција, што е спротивно на Законот за водење на матични книги. Тој во период од три години посредувал при поднесување на документација за лица кои сакале да се стекнат со македонско државјанство и од лице се стекнувал со противправна имотна корист од 400 до 800 евра. На тој начин бил оштетен државниот буџет.

А.С., вработена како советник за државјанства во Министерството за внатрешни работи, примала документи – барања за прием во државјанство за лица кои бараат државјанство по потекло, без да бидат присутни и лично да го поднесат барањето, што е спротивно на Законот за државјанство. Таа ја примала целата документација, која претходно била доставувана кај првопријавениот и кој ја доставувал кај неа.

The post За 800 евра незаконски ваделе македонски државјанства за Турци appeared first on Република.

]]>

СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против А.Б.(33) и 30-годишната А.С., двајцата од село Мелница, општина Чашка, поради постоење основи на сомнение дека сториле продолжено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик, соопшти денеска МВР. А.Б., вработен во Управата за водење на матични книги, издавал изводи и поднесувал барања за изводи за лица кои не се присутни во државата, односно за лица државјани на Република Турција, што е спротивно на Законот за водење на матични книги. Тој во период од три години посредувал при поднесување на документација за лица кои сакале да се стекнат со македонско државјанство и од лице се стекнувал со противправна имотна корист од 400 до 800 евра. На тој начин бил оштетен државниот буџет. А.С., вработена како советник за државјанства во Министерството за внатрешни работи, примала документи – барања за прием во државјанство за лица кои бараат државјанство по потекло, без да бидат присутни и лично да го поднесат барањето, што е спротивно на Законот за државјанство. Таа ја примала целата документација, која претходно била доставувана кај првопријавениот и кој ја доставувал кај неа.

The post За 800 евра незаконски ваделе македонски државјанства за Турци appeared first on Република.

]]>
Управата за водење матични книги ќе биде во надлежност на новото Министерство за дигитална трансформација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/upravata-za-vodene-matichni-knigi-ke-bide-vo-nadlezhnost-na-novoto-ministerstvo-za-digitalna-transformatsija/ Fri, 28 Jun 2024 10:37:12 +0000 https://republika.mk/?p=791527

Министерството за дигитална трансформација во наредниот период ќе го ревидира Патоказот за дигитална трансформација со цел да го укине двојството на планови, стратегии, патокази, најави денеска ресорниот министер Стефан Андоновски. За тоа, како што кажа, ќе биде консултирана и поранешната министерка за добро владеење Славица Грковска, која заедно со поранешното МИОА ја имаше таа надлежност.

Во наредниот период ќе разговараме со претставниците на ЕУ во Македонија и сите наши меѓународни партнери. Има голем број на партнери заинтересирани за дигитализацијата во Македонија и мислам дека ќе излеземе со една заедничка национална ИКТ стратегија и национална стратегија за сајбер безбедност што ќе го интегрира и патоказот. Се надевам дека ќе имаме едни и единствени решенија со коишто ќе комуницираме и со Брисел и со ЕУ и со нашите други меѓународни партнери. Програмата на УСАИД, исто така, е заинтересирана во овој дел и мислам дека ќе имаме еден пат и една стратегија по којашто ќе се движиме, а не двојство на планови, стратегии, патокази, рече Андоновски во одговор на прашање по денешната средба со новинарите.

За дигиталната трансформација на земјава, како што кажа, добра основа даваат ревизорските извештаи.

Погледнавме три што се однесуваат на ова Министерство и со должно внимание ги разгледавме. Имаме и препораки за надминување на околностите, но мислам дека има и основи за некоја друга поголема одговорност и се надевам дека и Обвинителството ќе ги разгледа овие ревизорски извештаи, да видиме како се потрошени парите на граѓаните, а не е гарантирана нивната безбедност. Она што ќе работиме во наредниот период е воспоставување на минимум стандарди за сајбер безбедност што ќе значи дека секоја институција почитувајќи ги ќе може да се заштити себе, но преку тоа и граѓаните од сајбер напади, потенцира Андоновски.

Како што кажа под надлежност на Министерството ќе влезе и Управата за водење матични книги.

За да постигнеме целосно дигитализација на услугите и сите услуги да бидат достапни преку порталот e-uslugi, но и сите да бидат дигитализирани ќе биде потребна целосна дигитализација на Управата за водење на матичните книги. Сметаме дека надлежноста за Управата треба да ја има онаа институција која што во своја надлежност го има регистарот на населението, а по новиот Закон за организација и работа на органите на државна управа ние ја имаме и надлежноста за раководење и дигитализација на матичните книги. Затоа треба Управата да биде под надлежност на Министерство за дигитална трансформација, прецизира Андоновски.

Министерството, додаде, ќе дава и идеи околу регулацијата на медиумите.

Би бил тежок збор да кажам регулација на медиумите, но наша заложба како Министерство ќе биде на една маса да успееме да ги седнеме претставниците на здруженијата на медиумите, претставниците на сопствениците на медиумите и сите заинтересирани страни во процесот и да донесеме закон или легислатива што ќе одговара на сите овие страни и минимум стандарди што ќе треба да ги исполнуваат електронските медиуми. Не сакаме да наметнуваме решенија во делот на медиумите, сакаме решенијата да произлезат од фелата, од новинарите и секако од радиодифузерите, истакна Андоновски.

Како што кажа, Министерството ќе се заложи и за фриленсерите и за регулација и признавање на работата од далечина, односно од дома, за да немаат проблеми фирмите со инспекциите поради обврската вработените да се регистрираат со електронски картички за присуството на работното место за компаниите со над 50 вработени.

Во однос на фриленсерите наша заложба и во владината програма е дека ќе ги препознаеме фриленсерите како лица кои работат на дигитални платформи и заработуваат преку тие платформи. Се надевам дека со измените што се подготвуваат во Законот за работни односи токму оваа категорија ќе биде вклучена, посочи Андоновски.

The post Управата за водење матични книги ќе биде во надлежност на новото Министерство за дигитална трансформација appeared first on Република.

Украдени и оштетени документи од Матичното во Прилеп, се бара кој влегол и зошто https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ukradeni-i-oshteteni-dokumenti-od-matichnoto-vo-prilep-se-bara-koj-vlegol-i-zoshto/ Sun, 12 May 2024 14:44:06 +0000 https://republika.mk/?p=777348

Од подрачната канцеларија на Управата за водење на матични книги во Прилеп од страна на непознат сторител биле одземени документација, монитори и куќишта од компјутери, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

На 11.05.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека во период од 10.05.2024 до 11.05.2024 од страна на непознат сторител било влезено во канцелариски простории сопственост на Министерство за правда - Управа за водење на матични книги, подрачна канцеларија Прилеп лоцирана на ул.„Димо Наредникот" во Прилеп при што одзел документација, оштетил дел од документацијата и одзел монитори и куќишта од компјутери. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, наведува МВР во дневниот Билтен.

The post Украдени и оштетени документи од Матичното во Прилеп, се бара кој влегол и зошто appeared first on Република.

Штрајкот на Управата за водење матични книги ставен во мирување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shtrajkot-na-upravata-za-vodenje-matichni-knigi-staven-vo-miruvanje/ Wed, 15 Jun 2022 13:52:44 +0000 https://republika.mk/?p=515595

Со потпишување Колективен договор, штрајкот на Управата за водење матични книги е ставен во мирување, информира Министерството за правда.

Во иднина ќе се грижиме за унапредување на правата на вработените во Управата за водење на матични книги, а граѓаните од утре ќе може да ги користат услугите на Управата за водење матични книги, се вели во соопштението.

Како што истакнаа од Министерството, Колективниот договор ги утврдува критериумите за годишен одмор и неплатени отсуства, надоместоците на плата и други примања, исплата на регрес за годишен одмор, додатоци на плата, јубилејни награди и друго. Како право кое синдикатот и работодавецот го утврдија во овој договор е минималната плата да биде основна плата.

The post Штрајкот на Управата за водење матични книги ставен во мирување appeared first on Република.

Управата за водење матични доби Колективен договор, штрајкот е во мирување до исполнување на барањето за поголеми плати https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/upravata-za-vodenje-matichni-dobi-kolektiven-dogovor-shtrajkot-e-vo-miruvanje-do-ispolnuvanje-na-baranjeto-za-pogolemi-plati/ Wed, 15 Jun 2022 10:44:49 +0000 https://republika.mk/?p=515472

Вработените во Управата за водење матични книги и нејзините подрачни одделенија од утре редовно ќе ги извршуваат работните обврски, откако денеска е потпишан Колективниот договор за што независниот синдикат на Управата штрајкуваше во изминатите седум недели.

Директорот на Управата, Блерим Абази за медиумите изјави дека со договорот, кој денеска бил потпишан по неколку средби на штрајкувачкиот одбор, дополнително се унапредени правата на вработените во Управата. Тој се заблагодари на Министерството за правда и министерот Никола Тупанчески за поддршката и на граѓаните кои во изминатиот период, како што рече, имале разбирање за прекинот на работата на вработените во Управата.

Со колективниот договор се утврдуваат критериумите за годишен одмор, платените и неплатените отсуства, надоместоци на плата и други примања, исплата на регрес за годишен одмор, додаток на плата, исплата на јубилејна награда итн. Синдикатот и работодавачот во договорот го утврдија правото минималната плата да биде основна плата - изјави Абази.

Тој додаде дека како директор ќе се заложи во Предлог-буџетот за 2023 да бидат предвидени повисоки плати за Управата, а за покачување на платите во оваа година пратил иницијатива до Владата да се најде решение во најбрз рок.

Претседателот на независниот синдикат на Управата Тони Милошевски истакна дека првпат е потпишан Колективен договор, кој уредува многу досега недефинирани прашања, но нагласи дека штрајкот не е прекинат туку го ставаат во мирување до 20 јули 2022 додека не се реши и финансискиот дел.

Потоа ќе одлучиме како ќе го изразиме незадоволството ако не ни се реши финансискиот дел во колективниот договор што остана и кој Владата треба да го реши - додаде Милошевски.

Претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ), Марјан Ристески во однос на финансиите рече дека контактираат со Владата и очекува да се реализира инцијативата на ССМ за зголемување на платите за 2.806 денари уште во јули и дека тоа ќе им следува и на вработените во Управата.

Така што, ќе остане уште мал процент до оној што го бараат вработените и по пратената иницијатива од директорот, се надевам дека следната недела ќе имаме разговори во Министерството за финансии. Кога ќе се одземат тие 2.806 денари што ќе ги добијат сите јавни службеници, остануваат уште до 10-15 проценти што мислам дека не е огромна сума за државата - изјави Ристески.

Тој рече дека е среќен што со потпишаниот Колективен договор конечно се нашол заеднички јазик и дека е тоа голем чин по речиси два месеца штрајк и „игра на нерви“.

Ристески ги охрабри и останатите вработени во државните управи, агенции и фондови да си формираат свои синдикати за да може да потпишат вакви договори.

The post Управата за водење матични доби Колективен договор, штрајкот е во мирување до исполнување на барањето за поголеми плати appeared first on Република.

]]>

Вработените во Управата за водење матични книги и нејзините подрачни одделенија од утре редовно ќе ги извршуваат работните обврски, откако денеска е потпишан Колективниот договор за што независниот синдикат на Управата штрајкуваше во изминатите седум недели. Директорот на Управата, Блерим Абази за медиумите изјави дека со договорот, кој денеска бил потпишан по неколку средби на штрајкувачкиот одбор, дополнително се унапредени правата на вработените во Управата. Тој се заблагодари на Министерството за правда и министерот Никола Тупанчески за поддршката и на граѓаните кои во изминатиот период, како што рече, имале разбирање за прекинот на работата на вработените во Управата.
Со колективниот договор се утврдуваат критериумите за годишен одмор, платените и неплатените отсуства, надоместоци на плата и други примања, исплата на регрес за годишен одмор, додаток на плата, исплата на јубилејна награда итн. Синдикатот и работодавачот во договорот го утврдија правото минималната плата да биде основна плата - изјави Абази.
Тој додаде дека како директор ќе се заложи во Предлог-буџетот за 2023 да бидат предвидени повисоки плати за Управата, а за покачување на платите во оваа година пратил иницијатива до Владата да се најде решение во најбрз рок. Претседателот на независниот синдикат на Управата Тони Милошевски истакна дека првпат е потпишан Колективен договор, кој уредува многу досега недефинирани прашања, но нагласи дека штрајкот не е прекинат туку го ставаат во мирување до 20 јули 2022 додека не се реши и финансискиот дел.
Потоа ќе одлучиме како ќе го изразиме незадоволството ако не ни се реши финансискиот дел во колективниот договор што остана и кој Владата треба да го реши - додаде Милошевски.
Претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ), Марјан Ристески во однос на финансиите рече дека контактираат со Владата и очекува да се реализира инцијативата на ССМ за зголемување на платите за 2.806 денари уште во јули и дека тоа ќе им следува и на вработените во Управата.
Така што, ќе остане уште мал процент до оној што го бараат вработените и по пратената иницијатива од директорот, се надевам дека следната недела ќе имаме разговори во Министерството за финансии. Кога ќе се одземат тие 2.806 денари што ќе ги добијат сите јавни службеници, остануваат уште до 10-15 проценти што мислам дека не е огромна сума за државата - изјави Ристески.
Тој рече дека е среќен што со потпишаниот Колективен договор конечно се нашол заеднички јазик и дека е тоа голем чин по речиси два месеца штрајк и „игра на нерви“. Ристески ги охрабри и останатите вработени во државните управи, агенции и фондови да си формираат свои синдикати за да може да потпишат вакви договори.

The post Управата за водење матични доби Колективен договор, штрајкот е во мирување до исполнување на барањето за поголеми плати appeared first on Република.

]]>
Јорданец си извадил македонски документи со измислена мајка од Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/jordanec-si-izvadil-makedonski-dokumenti-so-izmislena-majka-od-makedonija/ Tue, 17 May 2022 09:54:29 +0000 https://republika.mk/?p=503274

Единицата за финансиски криминал поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје против Н.А. (28) од Ирбид, Јордан, поради сомнение дека сторил кривични дела поднесување лажни докази и употреба на исправа со невистинита содржина, како и Е.Ј. (50) од Скопје и И.Ј. (39) поради сомнение дека сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.

Првопријавениот Н.А. кривично дело го сторил на начин што како државјанин на Јордан во текот на јуни 2019 преку поднесување лажни податоци дека наводно е син на македонската државјанка В.Ш. од Скопје, се стекнал со македонско државјанство, македонски единствен матичен број и извадил извод на родени, кој го употребил во постапка за добивање македонска патна исправа. Истиот аплицирал за постапка за издавање патна исправа каде покрај останатите документи го приложил, односно употребил и изводот за родени изваден од Управа за водење матични книги – Подрачно одделение Скопје.

Второпријавената Е.Ј., во текот на јуни 2019 година, во својство на службено лице матичар во Управата за водење матични книги – подрачно одделение Скопје, по приемот на Барањето за определување на единствен матичен број со податоци на првопријавениот Н.А., ја злоупотребила својата службена положба со неизвршување на својата службена должност и постапувајќи спротивно на чл.21 од Законот за матична евиденција.

Истата без да изврши проверка на точноста на поднесените податоци содржани во документацијата и без да направи дополнителни проверки и да ја утврди точноста на податоците, проследила барање до Одделението за управни работи за определување матичен број, со што го сторила кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување, посочуваат од Обвинителството.

Третопријавениот И.Ј. во својство на службено лице виш референт-матичар, пополнил и доставил барање за определување матичен број за првопријавениот Н.А. до Одделот за граѓански работи – Секторот за управно надзорни работи, без да ја провери точноста на поднесените податоци, што како матичар бил должен да го стори согласно чл.21 од Законот за матична за евиденција.

И.Ј. го завел првопријавениот во Матичната книга на родени, преку својата шифра одредена од информатичкиот систем во Управата за водење матични книги, ги внел податоците во електронскиот систем на Управата и на тој начин му овозможил да му биде изготвена и издадена македонска патна исправа, со што сторил кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

The post Јорданец си извадил македонски документи со измислена мајка од Македонија appeared first on Република.

]]>

Единицата за финансиски криминал поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје против Н.А. (28) од Ирбид, Јордан, поради сомнение дека сторил кривични дела поднесување лажни докази и употреба на исправа со невистинита содржина, како и Е.Ј. (50) од Скопје и И.Ј. (39) поради сомнение дека сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.
Првопријавениот Н.А. кривично дело го сторил на начин што како државјанин на Јордан во текот на јуни 2019 преку поднесување лажни податоци дека наводно е син на македонската државјанка В.Ш. од Скопје, се стекнал со македонско државјанство, македонски единствен матичен број и извадил извод на родени, кој го употребил во постапка за добивање македонска патна исправа. Истиот аплицирал за постапка за издавање патна исправа каде покрај останатите документи го приложил, односно употребил и изводот за родени изваден од Управа за водење матични книги – Подрачно одделение Скопје. Второпријавената Е.Ј., во текот на јуни 2019 година, во својство на службено лице матичар во Управата за водење матични книги – подрачно одделение Скопје, по приемот на Барањето за определување на единствен матичен број со податоци на првопријавениот Н.А., ја злоупотребила својата службена положба со неизвршување на својата службена должност и постапувајќи спротивно на чл.21 од Законот за матична евиденција. Истата без да изврши проверка на точноста на поднесените податоци содржани во документацијата и без да направи дополнителни проверки и да ја утврди точноста на податоците, проследила барање до Одделението за управни работи за определување матичен број, со што го сторила кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување, посочуваат од Обвинителството.
Третопријавениот И.Ј. во својство на службено лице виш референт-матичар, пополнил и доставил барање за определување матичен број за првопријавениот Н.А. до Одделот за граѓански работи – Секторот за управно надзорни работи, без да ја провери точноста на поднесените податоци, што како матичар бил должен да го стори согласно чл.21 од Законот за матична за евиденција. И.Ј. го завел првопријавениот во Матичната книга на родени, преку својата шифра одредена од информатичкиот систем во Управата за водење матични книги, ги внел податоците во електронскиот систем на Управата и на тој начин му овозможил да му биде изготвена и издадена македонска патна исправа, со што сторил кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

The post Јорданец си извадил македонски документи со измислена мајка од Македонија appeared first on Република.

]]>
Штрајкот сепак продолжува: Синдикатот на Управата за матични книги ги усогласи барањата со Правда, ги чекаат Финансии https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shtrajkot-sepak-prodolzuva-sindikatot-na-upravata-za-matichni-knigi-gi-usoglasi-baranjata-so-pravda-gi-chekaat-finansii/ Thu, 12 May 2022 09:34:55 +0000 https://republika.mk/?p=501374

Независниот синдикат на Управата за водење на матични книги ги усогласил барањата околу колективниот договор со Министерството за правда, поради што го откажува денешниот протест пред Министерството.

Колективниот договор, како што денеска изјавија претставниците на Синдикатот, најдоцна до утре ќе биде доставен до Министерството за финансии од каде очекуваат одговор до понеделник. Во спротивно најавуваат продолжување на протестите пред Министерството за финансии.

Најдовме заеднички јазик во делот каде ингеренции има Министерството за правда. Прифатени се голем дел од барањата на Синдикатот како што се делот на отпремнина, К-15 во висина од 60 проценти од просечната плата …Сите недоразбирања што беа со Министерството за правда се усогласени и колективниот договор во текот на денешниот или најдоцна до утрешниот ден ќе биде доставен до Министерството за финансии, изјави Марјан Ристески, претседател на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија – КСОМ.

Тој соопшти дека со новата плата што ја зеле вработените повеќе нема никој во Управата со плата под минималната од 18.000 денари.

Штрајкот во Управата за водење на матични книги продолжува, но од Синдикатот велат дека им се излегува во пресрет на оние граѓани кои итно имаат потреба од документи што ги издава Управата.

The post Штрајкот сепак продолжува: Синдикатот на Управата за матични книги ги усогласи барањата со Правда, ги чекаат Финансии appeared first on Република.

]]>

Независниот синдикат на Управата за водење на матични книги ги усогласил барањата околу колективниот договор со Министерството за правда, поради што го откажува денешниот протест пред Министерството. Колективниот договор, како што денеска изјавија претставниците на Синдикатот, најдоцна до утре ќе биде доставен до Министерството за финансии од каде очекуваат одговор до понеделник. Во спротивно најавуваат продолжување на протестите пред Министерството за финансии.
Најдовме заеднички јазик во делот каде ингеренции има Министерството за правда. Прифатени се голем дел од барањата на Синдикатот како што се делот на отпремнина, К-15 во висина од 60 проценти од просечната плата …Сите недоразбирања што беа со Министерството за правда се усогласени и колективниот договор во текот на денешниот или најдоцна до утрешниот ден ќе биде доставен до Министерството за финансии, изјави Марјан Ристески, претседател на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија – КСОМ.
Тој соопшти дека со новата плата што ја зеле вработените повеќе нема никој во Управата со плата под минималната од 18.000 денари. Штрајкот во Управата за водење на матични книги продолжува, но од Синдикатот велат дека им се излегува во пресрет на оние граѓани кои итно имаат потреба од документи што ги издава Управата.

The post Штрајкот сепак продолжува: Синдикатот на Управата за матични книги ги усогласи барањата со Правда, ги чекаат Финансии appeared first on Република.

]]>
Продолжува штрајкот во Управата за водење матични книги, дел од вработени се соочуваат со притисоци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prodolzuva-shtrajkot-vo-upravata-za-vodenje-matichni-knigi-del-od-vraboteni-se-soochuvaat-so-pritisoci/ Fri, 29 Apr 2022 11:56:36 +0000 https://republika.mk/?p=495258

Вработените во Управата за водење матични книги кои се со договор, се соочуваат со притисоци и мора да работат, иако тоа е противзаконски, вели претседателот на Независниот синдикат на Управата за водење матични книги, Тони Милошевски.

Тој за МИА истакна дека вработените со договор се принудени да работат и покрај тоа што не смееле да примаат или потпишуваат документи.

Има притисоци, дури и партиски притисоци што се вршат врз вработените најмногу на тие што се со договор примени, сигурно им се кажува дека ќе ги прекинат договорите ако не работат по закон, тие што се на договор не смеат да примаат документи ни да издаваат ни да потпишуваа, што значи надлежните може кривично да одговараат - изјави Милошевски.

Тој додаде дека доколку притисоците продолжат, ќе бараат изјави од самите вработени и ако се согласат, ќе бидат поднесени кривични пријави.

Милошевски информира дека се уште не ги исконтактирал никој од Министерството за правда.

Ние имавме средба на 19 овој месец во Министерството за правда. На таа средба ни беше прво кажано дека нема да добиеме ни денар поради тоа што не било загарантирано со закон. Ние кажавме не мора 60, нека бидат 30 отсто покачување, но и тоа не го прифатија - појасни Милошески.

Генералниот штрајк започна вчера, Независниот синдикат на Управата бара донесување на колективен договор на ниво на работодавач, контиунирани обуки и систем на унапредување на вработените, усогласување на платите согласно покачувањето на миниминалната плата и линеарно покачување на платите на сите вработени во Управата.

The post Продолжува штрајкот во Управата за водење матични книги, дел од вработени се соочуваат со притисоци appeared first on Република.

]]>

Вработените во Управата за водење матични книги кои се со договор, се соочуваат со притисоци и мора да работат, иако тоа е противзаконски, вели претседателот на Независниот синдикат на Управата за водење матични книги, Тони Милошевски. Тој за МИА истакна дека вработените со договор се принудени да работат и покрај тоа што не смееле да примаат или потпишуваат документи.
Има притисоци, дури и партиски притисоци што се вршат врз вработените најмногу на тие што се со договор примени, сигурно им се кажува дека ќе ги прекинат договорите ако не работат по закон, тие што се на договор не смеат да примаат документи ни да издаваат ни да потпишуваа, што значи надлежните може кривично да одговараат - изјави Милошевски.
Тој додаде дека доколку притисоците продолжат, ќе бараат изјави од самите вработени и ако се согласат, ќе бидат поднесени кривични пријави. Милошевски информира дека се уште не ги исконтактирал никој од Министерството за правда.