Управа за јавни приходи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uprava-za-javni-prihodi/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Aug 2024 16:01:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Управа за јавни приходи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uprava-za-javni-prihodi/ 32 32 УЈП на средба со стопанственици од полошкиот регион https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ujp-na-sredba-so-stopanstvenitsi-od-poloshkiot-region/ Thu, 15 Aug 2024 16:01:07 +0000 https://republika.mk/?p=806967

Управата за јавни приходи и овој месец ги продолжи средбите со бизнис заедницата. Во организација на Стопанската комора на северо-западна Македонија (СКСЗМ) работни средби се одржаа во Струга и Тетово со бизнис заедницата од полошкиот регион.

На средбите претставниците од Управата за јавни приходи го истакнаа значењето на  доброволната усогласеност и градењето на партнерскиот однос на УЈП со даночните обврзници, разговараа за одредбите од Законот за регистрирање на готовински плаќања, Законот за данокот на додадена вредност, Законот за данокот на личен доход како и за начинот на пријавување на приходите преку системот е-Даночни услуги.

Компаниите-членки на СКСЗМ се интересираа за најновите промени во даночната легислатива и нивното влијание врз деловниот сектор, контролите и инспекциите, даночните поттикнувања и слично, на тој начин ценејќи дека решавањето на овие теми може да помогне во градењето силна и взаемна соработка за економската благосостојба.

Присутните  адресираа и некои  неизвесности што ги имаат во однос на практиките и процедурите на Управата за јавни приходи, предлагајќи конкретни решенија за секојдневните предизвици со кои се среќаваат во нивните активности.  Една од главните теми на која се разговараше беше неопходноста од забрзување на процесот на дигитализација на услугите на УЈП и синхронизација на информациите и податоците со другите институции кои се меѓусебно поврзани,  посочија за  значителен број на нелегални трговци кои работат на пазарот во земјава кои немаат регистрирана дејност и предизвикуваат голема штета на формалните компании, а исто така побараа вакви средби да се одржуваат поредовно.

Мухедин Авдиќ – раководител на сектор за даноци и услуги на даночни обврзници од  Управата за јавни приходи  истакна дека веќе се работи на развој на  даночен информациски систем  кој ќе ги собира и целосно ќе управува со сите потребни информации на даночните обврзници, со што процесот ќе биде целосно дигитализиран, посочи дека даночни контроли се спроведуваат постојано согласно планот за контроли како и по претставки и дојави но и координирано со други институции.

Потпретседателот на СКСЗМ г-дин Јетон Асани и извршниот директор на СКСЗМ, г. Дурим Зекири, ја поздравија оваа иницијатива на Управата за јавни приходи, и ја оценија како исклучително важна заради продлабочување на соработката помеѓу државните институции и приватниот сектор за гарантирање на економската стабилност и одржлив раст.

На средбите сите се согласија  да се создаде редовен канал за комуникација преку кој членовите на СКСЗМ ќе имаат можност да испраќаат предлози и да пријават неправилности кои ги среќаваат на пазарот.

The post УЈП на средба со стопанственици од полошкиот регион appeared first on Република.

]]>

Управата за јавни приходи и овој месец ги продолжи средбите со бизнис заедницата. Во организација на Стопанската комора на северо-западна Македонија (СКСЗМ) работни средби се одржаа во Струга и Тетово со бизнис заедницата од полошкиот регион. На средбите претставниците од Управата за јавни приходи го истакнаа значењето на  доброволната усогласеност и градењето на партнерскиот однос на УЈП со даночните обврзници, разговараа за одредбите од Законот за регистрирање на готовински плаќања, Законот за данокот на додадена вредност, Законот за данокот на личен доход како и за начинот на пријавување на приходите преку системот е-Даночни услуги. Компаниите-членки на СКСЗМ се интересираа за најновите промени во даночната легислатива и нивното влијание врз деловниот сектор, контролите и инспекциите, даночните поттикнувања и слично, на тој начин ценејќи дека решавањето на овие теми може да помогне во градењето силна и взаемна соработка за економската благосостојба. Присутните  адресираа и некои  неизвесности што ги имаат во однос на практиките и процедурите на Управата за јавни приходи, предлагајќи конкретни решенија за секојдневните предизвици со кои се среќаваат во нивните активности.  Една од главните теми на која се разговараше беше неопходноста од забрзување на процесот на дигитализација на услугите на УЈП и синхронизација на информациите и податоците со другите институции кои се меѓусебно поврзани,  посочија за  значителен број на нелегални трговци кои работат на пазарот во земјава кои немаат регистрирана дејност и предизвикуваат голема штета на формалните компании, а исто така побараа вакви средби да се одржуваат поредовно. Мухедин Авдиќ – раководител на сектор за даноци и услуги на даночни обврзници од  Управата за јавни приходи  истакна дека веќе се работи на развој на  даночен информациски систем  кој ќе ги собира и целосно ќе управува со сите потребни информации на даночните обврзници, со што процесот ќе биде целосно дигитализиран, посочи дека даночни контроли се спроведуваат постојано согласно планот за контроли како и по претставки и дојави но и координирано со други институции. Потпретседателот на СКСЗМ г-дин Јетон Асани и извршниот директор на СКСЗМ, г. Дурим Зекири, ја поздравија оваа иницијатива на Управата за јавни приходи, и ја оценија како исклучително важна заради продлабочување на соработката помеѓу државните институции и приватниот сектор за гарантирање на економската стабилност и одржлив раст. На средбите сите се согласија  да се создаде редовен канал за комуникација преку кој членовите на СКСЗМ ќе имаат можност да испраќаат предлози и да пријават неправилности кои ги среќаваат на пазарот.

The post УЈП на средба со стопанственици од полошкиот регион appeared first on Република.

]]>
Следната седмица преку Министерството за финансии ќе започне исплатата на повратот на ДДВ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/slednata-sedmitsa-preku-ministerstvoto-za-finansii-ke-zapochne-isplatata-na-povratot-na-ddv/ Sat, 20 Jul 2024 16:52:11 +0000 https://republika.mk/?p=798786

Управата за јавни приходи денеска соопшти дека од следната седмица преку Министерството за финансии ќе започне исплатата на повратот на ДДВ.

Како што стои во соопштението, веднаш по назначувањето на нов директор во УЈП е формирана Комисија за унапредување на процесите за ДДВ.

- Од причина што УЈП нема воспоставено централизирано управување со повратот на ДДВ кое ќе обезбеди конзистентност на анализите и пристапите на регионалните дирекции, исто така не користи систем за автоматско вкрстување на податоци за цели на анализа на ризици, а воедно во дел од регионалните дирекции не се пополнети работните позиции чија одговорност е одобрување на повратот на ДДВ, меѓу другите свои задачи, оваа Комисија направи детална анализа и издвои барања за поврат кои претходно биле одобрени, а за кои Комисијата процени дека има одреден степен на ризик и треба да се изврши инспекциска контрола кај даночните обврзници. За останатите износи, кои претходно биле одобрени и доставени за реализација, од следната седмица ќе се врши исплатата на повратот, појаснвуаат од УЈП.

Враќањето на вишокот на влезниот ДДВ, се додава, е легитимно право на даночните обврзници, но ДДВ повратот е подложен на злоупотреби и измами, какви што се случуваа во изминатиот период.

- Со формирање на Комисијата започнуваме со редизајнирање на внатрешниот процес за управување со ДДВ во УЈП, почнувајќи од првиот чекор - регистрацијата за цели на ДДВ, со цел процесот да биде ефективен и во однос на заштита на буџетските приходи од злоупотреби и во однос на сигурноста на даночните обврзници кои точно пријавуваат и ги побаруваат средствата од вишокот влезен ДДВ, се вели во соопштението.

Паралелно преку Комисијата и надлежните единици во структурата во Генералната дирекција, се подвлекува во соопштението, веќе се отпочнува со централизиран мониторинг и координација на повратот на ДДВ, за да може од прв ден да се обезбеди унифицираност и конзистентност во оперативното постапување во регионалните дирекции.

The post Следната седмица преку Министерството за финансии ќе започне исплатата на повратот на ДДВ appeared first on Република.

]]>

Управата за јавни приходи денеска соопшти дека од следната седмица преку Министерството за финансии ќе започне исплатата на повратот на ДДВ. Како што стои во соопштението, веднаш по назначувањето на нов директор во УЈП е формирана Комисија за унапредување на процесите за ДДВ.