управа за извршување на санкциите Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uprava-za-izvrshuvanje-na-sankciite/ За подобро да се разбереме Tue, 08 Oct 2024 11:11:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png управа за извршување на санкциите Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uprava-za-izvrshuvanje-na-sankciite/ 32 32 Убијци и силувачи најчесто лежат доживотно во затворот „Идризово“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ubijtsi-i-siluvachi-najchesto-lezhat-dozhivotno-vo-zatvorot-idrizovo/ Fri, 11 Oct 2024 08:03:36 +0000 https://republika.mk/?p=824178

Жив си а не си. Вака може да се опише казната доживотен затвор која во моментов во Македонија ја издржуваат 46 осуденици.Тие се сместени исклучиво во затворот „Идризово“ бидејќи за вакви лица не се предвидени други затворски установи.

Ваквите осуденици во принцип не се разликуваат многу со останатите „колеги“. И тие се придружуваат на куќниот ред на затворот, освен што не смеат да користат викенд отстуство.

За какви дела осудени на доживотен затвор

„Република“ ја праша Управата за извршување на санкции за делата за кои се осудени овие лица и оти најчестото дело е силување.

Најчесто се осудени против животот и телото, против половата слобода и половиот морал и против јавниот ред-објаснуваат од Управата.

Според Казнениот законик доживотен затвор не може да му се изрече на сторител што во време на извршувањето на кривичното дело нема наполнето 21 година. За овие лица постои надеж дека ќе бидат помилувани а со тоа да добијат намалување на казната.Но, за тоа да се случи потребно е да имаат одлежано најмалку 15 години од казната.

Последниот случај на осуден на доживотен затвор е за лице од Кочани кое уби жена на свиреп начин, нанесувајќи и многубројни убоди со нож.Лицето во меѓувреме почина.

Во „Идризово“ на доживотен затвор има многу познати случаи кои ја потресоа јавноста.

Во т.н девето крило меѓу убијци на своите сопрузи, сопруги,мајки лежи и една жена-Блерта Поцеста, иселеничката од Италија која во семејната куќа во Дебар ги уби родителите и 14 годишната сестра.

Во „Идризово“ доживотно е и Дино Диновски наречен македонскиот Раскољников кој убиваше баби со секира, потоа Николче Гигевски со прекар Кинезот што уби двајца сопружници во Драчево.Меѓу нив се и терористите од Диво насеље и Агим Исмаиловиќ, убиецот од Смилковското езеро.

Станар во Идризово е Тони Денковски за тројното убиство во ресторанот „Биг фиш“ во скопската населба Аеродром, кога тој пред повеќемина очевидци влегол во ресторанот и еден по еден застрелал тројца луѓе со кои имал должнички односи од кои сите починаа.

Доживотна казна отслужува и Бесим Алити од Тетово за убиство на двајца полициски инспектори како и гостиварскиот полицаец Јаким Трифуновски, кој во февруари 2012 година усмрти двајца негови сограѓани.

The post Убијци и силувачи најчесто лежат доживотно во затворот „Идризово“ appeared first on Република.

]]>

Жив си а не си. Вака може да се опише казната доживотен затвор која во моментов во Македонија ја издржуваат 46 осуденици.Тие се сместени исклучиво во затворот „Идризово“ бидејќи за вакви лица не се предвидени други затворски установи. Ваквите осуденици во принцип не се разликуваат многу со останатите „колеги“. И тие се придружуваат на куќниот ред на затворот, освен што не смеат да користат викенд отстуство.

За какви дела осудени на доживотен затвор

„Република“ ја праша Управата за извршување на санкции за делата за кои се осудени овие лица и оти најчестото дело е силување.
Најчесто се осудени против животот и телото, против половата слобода и половиот морал и против јавниот ред-објаснуваат од Управата.
Според Казнениот законик доживотен затвор не може да му се изрече на сторител што во време на извршувањето на кривичното дело нема наполнето 21 година. За овие лица постои надеж дека ќе бидат помилувани а со тоа да добијат намалување на казната.Но, за тоа да се случи потребно е да имаат одлежано најмалку 15 години од казната. Последниот случај на осуден на доживотен затвор е за лице од Кочани кое уби жена на свиреп начин, нанесувајќи и многубројни убоди со нож.Лицето во меѓувреме почина.

Во „Идризово“ на доживотен затвор има многу познати случаи кои ја потресоа јавноста.

Во т.н девето крило меѓу убијци на своите сопрузи, сопруги,мајки лежи и една жена-Блерта Поцеста, иселеничката од Италија која во семејната куќа во Дебар ги уби родителите и 14 годишната сестра. Во „Идризово“ доживотно е и Дино Диновски наречен македонскиот Раскољников кој убиваше баби со секира, потоа Николче Гигевски со прекар Кинезот што уби двајца сопружници во Драчево.Меѓу нив се и терористите од Диво насеље и Агим Исмаиловиќ, убиецот од Смилковското езеро. Станар во Идризово е Тони Денковски за тројното убиство во ресторанот „Биг фиш“ во скопската населба Аеродром, кога тој пред повеќемина очевидци влегол во ресторанот и еден по еден застрелал тројца луѓе со кои имал должнички односи од кои сите починаа. Доживотна казна отслужува и Бесим Алити од Тетово за убиство на двајца полициски инспектори како и гостиварскиот полицаец Јаким Трифуновски, кој во февруари 2012 година усмрти двајца негови сограѓани.

The post Убијци и силувачи најчесто лежат доживотно во затворот „Идризово“ appeared first on Република.

]]>
Героски: Човекот што го примил Димитријевски сега е шеф на затворите? Нешто тука не ви смрди? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/geroski-chovekot-shto-go-primil-dimitrijevski-sega-e-shef-na-zatvorite-neshto-tuka-ne-vi-smrdi/ Wed, 18 Jan 2023 19:55:53 +0000 https://republika.mk/?p=598500

Министре Тупанчевски, премиере Димитар Ковачевски, мене нешто овде ме буни, им се обраќа уредникот Бранко Героски, потенцирајќи дека според неговите информации, командирот на затворската полиција во „Идризово“, Срѓан Поп Димитријевски, обвинет за организирање на бегството на осуденикот Беким Мемети, бил примен во затворот кога директор таму бил Јовица Стојановиќ.

Стојановиќ, пак, по разрешувањето на досегашниот директор на Управата за извршување санкции, Марјан Спасовски, денеска е именуван за в.д. директор на Управата.

https://republika.mk/vesti/makedonija/jovitsa-stojanovik-imenuvan-za-v-d-direktor-na-upravata-za-izvrshuvane-sanktsii/

Чек сеа... Човекот што го примил Димитријевски сега е шеф на затворите?
Нешто тука не ви смрди?
Ако моите информации се погрешни, однапред се извинувам. Ама, убаво би било да си го проверите, вели Героски.

The post Героски: Човекот што го примил Димитријевски сега е шеф на затворите? Нешто тука не ви смрди? appeared first on Република.

]]>

Министре Тупанчевски, премиере Димитар Ковачевски, мене нешто овде ме буни, им се обраќа уредникот Бранко Героски, потенцирајќи дека според неговите информации, командирот на затворската полиција во „Идризово“, Срѓан Поп Димитријевски, обвинет за организирање на бегството на осуденикот Беким Мемети, бил примен во затворот кога директор таму бил Јовица Стојановиќ. Стојановиќ, пак, по разрешувањето на досегашниот директор на Управата за извршување санкции, Марјан Спасовски, денеска е именуван за в.д. директор на Управата. https://republika.mk/vesti/makedonija/jovitsa-stojanovik-imenuvan-za-v-d-direktor-na-upravata-za-izvrshuvane-sanktsii/
Чек сеа... Човекот што го примил Димитријевски сега е шеф на затворите? Нешто тука не ви смрди? Ако моите информации се погрешни, однапред се извинувам. Ама, убаво би било да си го проверите, вели Героски.

The post Героски: Човекот што го примил Димитријевски сега е шеф на затворите? Нешто тука не ви смрди? appeared first on Република.

]]>
Тупанчевски: Разрешувањето на Спасовски не значи дека работата со бегството е завршена https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tupanchevski-razreshuvaneto-na-spasovski-ne-znachi-deka-rabotata-so-begstvoto-e-zavrshena/ Wed, 18 Jan 2023 19:14:42 +0000 https://republika.mk/?p=598494

Министерот за правда Никола Тупанчески вечерва изјави дека разрешувањето на директорот на Управата за извршување санкции Марјан Спасовски, поради бегството на затвореникот Беким Мемети, не значи дека работата е завршена, туку треба да се дојде до докази кој се е инволвиран. Тој во интервју за Топ тема на Тв Телма не ја исклучи можноста истрагата за бегството на Мемети да резултира со уште разрешувања директори, меѓу кои и на директорот на затворот „Идризово“, Шпенд Тахири.

На вчерашната седница на Владата е разрешен директорот на Управата за извршување на санкции и се разгледуваа сите варијанти што всушност би значеле одговорност по вертикална линија. Да потсетам дека пред три или четири месеци претходниот директор кој исто така беше директор на затворот „Идризово“ беше разрешен токму од страна на Владата. Не значи дека тука е завршена целата работа. Едноставно треба да се откријат, да се стигне до докази кој се’ е инволвиран во целава оваа работа дури и формациски. Може да нема директно влијание или директни ингеренции во однос на случувањата, меѓутоа дефинитивно понекогаш треба да се поднесе одговорност и во формално правна смисла на зборот, односно формациски, нагласи Тупанчески.

На прашањето дали Владата оценила дека одговорноста на Тахири е помала од таа на Спасовски, Тупанчески тврди дека не станува збор за оценување на поголема или помала одговорност, затоа што одговорноста би требало да биде по вертикална линија, од првиот до последниот, а тоа треба да го покаже истрагата.

Прашан дали тоа значи дека може да биде разрешен и директорот на „Идризово“, вели дека тоа не е исклучено бидејќи се разгледуваат сите опции.

Досега е оваа фаза, треба да видиме навистина веројатно ретки се случаите кога имаме ваква реакција зборувам општествена кога станува збор за вакви настани. Колкава е одговорноста, дали некој направил ненамерно, намерно, со умисла, од небрежност, тоа треба да го покаже истрагата. Се разбира во вакви ситуации понекогаш и ненамерните пропусти имаат сериозен импакт, вели тој.

Според него, нема сомнеж дека бегството на Мемети било добро организирана акција, која побарува исто толку добро организирана реакција од страна на државните органи.

Станува збор за промптно реагирање од страна на Управата за извршување санкции, со спроведувањето на вонредниот стручен надзор. Тоа значеше суспендирање на сите, првично што изгледа дека се вклучени во однос на овој немил настан. Втора рабора која исто така треба да се подвлече е дека, во меѓувреме, за истите тие лица веќе е одредена мерка притвор и тие се суспендирани од своите работни места, вели министерот за правда.

Трета работа или сегмент, додава Тупанчески, што е комплементарен на претходните е дека е распишана меѓународна потерница од страна на МВР за лицето кое е во бегство. И четврта работа, треба да се посочи дека и органите на прогонот, вклучително и ОЈО за организиран криминал, учествуваат во откривањето на сите докази што се поврзани за овој настан.

Така што ако ги земете овие неколку сегменти, реакцијата е иницијална, меѓутоа тоа не значи дека тука ќе застане, во однос на оваа општетсвена реакција, затоа што очекувањата се дека овој кривично-правен настан има и одредени работи што допрва треба да се истражуваат, подвлече министерот Тупанчески.

The post Тупанчевски: Разрешувањето на Спасовски не значи дека работата со бегството е завршена appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда Никола Тупанчески вечерва изјави дека разрешувањето на директорот на Управата за извршување санкции Марјан Спасовски, поради бегството на затвореникот Беким Мемети, не значи дека работата е завршена, туку треба да се дојде до докази кој се е инволвиран. Тој во интервју за Топ тема на Тв Телма не ја исклучи можноста истрагата за бегството на Мемети да резултира со уште разрешувања директори, меѓу кои и на директорот на затворот „Идризово“, Шпенд Тахири.
На вчерашната седница на Владата е разрешен директорот на Управата за извршување на санкции и се разгледуваа сите варијанти што всушност би значеле одговорност по вертикална линија. Да потсетам дека пред три или четири месеци претходниот директор кој исто така беше директор на затворот „Идризово“ беше разрешен токму од страна на Владата. Не значи дека тука е завршена целата работа. Едноставно треба да се откријат, да се стигне до докази кој се’ е инволвиран во целава оваа работа дури и формациски. Може да нема директно влијание или директни ингеренции во однос на случувањата, меѓутоа дефинитивно понекогаш треба да се поднесе одговорност и во формално правна смисла на зборот, односно формациски, нагласи Тупанчески.
На прашањето дали Владата оценила дека одговорноста на Тахири е помала од таа на Спасовски, Тупанчески тврди дека не станува збор за оценување на поголема или помала одговорност, затоа што одговорноста би требало да биде по вертикална линија, од првиот до последниот, а тоа треба да го покаже истрагата. Прашан дали тоа значи дека може да биде разрешен и директорот на „Идризово“, вели дека тоа не е исклучено бидејќи се разгледуваат сите опции.
Досега е оваа фаза, треба да видиме навистина веројатно ретки се случаите кога имаме ваква реакција зборувам општествена кога станува збор за вакви настани. Колкава е одговорноста, дали некој направил ненамерно, намерно, со умисла, од небрежност, тоа треба да го покаже истрагата. Се разбира во вакви ситуации понекогаш и ненамерните пропусти имаат сериозен импакт, вели тој.
Според него, нема сомнеж дека бегството на Мемети било добро организирана акција, која побарува исто толку добро организирана реакција од страна на државните органи.
Станува збор за промптно реагирање од страна на Управата за извршување санкции, со спроведувањето на вонредниот стручен надзор. Тоа значеше суспендирање на сите, првично што изгледа дека се вклучени во однос на овој немил настан. Втора рабора која исто така треба да се подвлече е дека, во меѓувреме, за истите тие лица веќе е одредена мерка притвор и тие се суспендирани од своите работни места, вели министерот за правда.
Трета работа или сегмент, додава Тупанчески, што е комплементарен на претходните е дека е распишана меѓународна потерница од страна на МВР за лицето кое е во бегство. И четврта работа, треба да се посочи дека и органите на прогонот, вклучително и ОЈО за организиран криминал, учествуваат во откривањето на сите докази што се поврзани за овој настан.
Така што ако ги земете овие неколку сегменти, реакцијата е иницијална, меѓутоа тоа не значи дека тука ќе застане, во однос на оваа општетсвена реакција, затоа што очекувањата се дека овој кривично-правен настан има и одредени работи што допрва треба да се истражуваат, подвлече министерот Тупанчески.

The post Тупанчевски: Разрешувањето на Спасовски не значи дека работата со бегството е завршена appeared first on Република.

]]>
Јовица Стојановиќ именуван за в.д. директор на Управата за извршување санкции https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jovitsa-stojanovik-imenuvan-za-v-d-direktor-na-upravata-za-izvrshuvane-sanktsii/ Wed, 18 Jan 2023 16:31:23 +0000 https://republika.mk/?p=598454

Владата денеска на седница го прифати предлогот на министерот за правда и за в.д. директор на Управата за извршување санкции го именуваше Јовица Стојановиќ до изборот на нов директор.

Како што соопшти владината прес-служба, Владата на 120-тата седница го прифати и предлогот на министерот за правда да се распише јавен оглас за именување нов директор на Управата за извршување на санкции, како што е образложено, согласно член 27, став (2) од Законот за извршување санкции.

Стојановиќ е именуван за в.д. директор на Управата за извршување санкции откако на седница вчера Владата го разреши од должноста досегашниот директор Марјан Спасовски по бегството на осуденикот Беким Мемети од затворот „Идризово“.

За бегството на Мемети суспендирани од работа беа и командирот на одделение и припадниците на затворската полиција кои го вршеле спроводот на затвореникот. Осум дена притвор добија командирот и двајца затворски полицајци, а на четвртоосомничениот му се изречени мерки на претпазливост.

The post Јовица Стојановиќ именуван за в.д. директор на Управата за извршување санкции appeared first on Република.

]]>

Владата денеска на седница го прифати предлогот на министерот за правда и за в.д. директор на Управата за извршување санкции го именуваше Јовица Стојановиќ до изборот на нов директор. Како што соопшти владината прес-служба, Владата на 120-тата седница го прифати и предлогот на министерот за правда да се распише јавен оглас за именување нов директор на Управата за извршување на санкции, како што е образложено, согласно член 27, став (2) од Законот за извршување санкции. Стојановиќ е именуван за в.д. директор на Управата за извршување санкции откако на седница вчера Владата го разреши од должноста досегашниот директор Марјан Спасовски по бегството на осуденикот Беким Мемети од затворот „Идризово“. За бегството на Мемети суспендирани од работа беа и командирот на одделение и припадниците на затворската полиција кои го вршеле спроводот на затвореникот. Осум дена притвор добија командирот и двајца затворски полицајци, а на четвртоосомничениот му се изречени мерки на претпазливост.

The post Јовица Стојановиќ именуван за в.д. директор на Управата за извршување санкции appeared first on Република.

]]>
Не само еден, туку повеќе чекори биле прекршени при преносот на Беким во болница, покажа вонредниот надзор во „Идризово“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ne-samo-eden-tuku-poveke-chekori-bile-prekrsheni-pri-prenosot-na-bekim-vo-bolnitsa-pokazha-vonredniot-nadzor-vo-idrizovo/ Mon, 16 Jan 2023 13:36:20 +0000 https://republika.mk/?p=597557

Од Управата за извршување на санкциите информираат дека на 13 јануари спровеле вонреден стручен надзор во КПД Идризово со цел да се утврдат сите околности кои довеле до тоа да се случи бекството на осуденото лице Беким Мемети, за кој настан информираа уште во текот на истиот ден.

Со оглед на фактот што учесниците во настанот кои се припадници на затворската полиција (освен повредениот затворски полицаец) уште во текот на ноќта морале да се упатат во просториите на надлежниот сектор на МВР, а со нив и Командирот на одделение кој го координира настанот, службените лица од Управата не беа во можност со истите да разговараат, туку за текот на настанот беа информирани од директорот на КПД Идризово и од Заповедникот на затворската полиција во оваа установа, велат оттаму.

Со ова соопштение oд УИС сакаат да нотираат во кој дел не е постапено во согласност со Правилникот за овластувањата на затворската полиција, начинот на вооружување и вршење на работите на затворската полиција врз основа на кој е пропишана и постапката за спроведување вон установата.

Имено, за да биде едно осудено лице спроведено за интервенција до здравствена установа, за неговата здравствена состојба мора да се подготви упат од здравствен работник, т.е. лекар во установата, или вон работното време со констатација и напатствие дадено од екипа на итна медицинска помош која во овој случај не била повикана. Одлуката за да може осудениот да биде спроведен до Клинички центар ја донел Командирот на одделение и ја потпишал Наредбата за да се изврши спроводот. За да ја потпише оваа наредба, Командирот мора претходно да го извести директорот на установата, што во овој случај не е направено, а директорот откако ќе биде запознаен со здравствениот проблем усно ќе даде овластување наредбата да биде потпишана.

Следното правило што не е испочитувано е што осуденото лице наместо да биде сместено во специјално обезбедениот дел од возилото, истото по предлог на командирот било сместено во вториот дел на седиштата помеѓу два припадника на затворската полиција. Притоа, затворскиот полицаец кој седел до осуденото лице воопшто немал со себе огнено оружје кое бил должен да го носи, а вториот затворски полицаец од кого е одземен пиштолот со кој е пукано во возилото, не се однесувал со должно внимание и не го спречил дејствието при кое пиштолот му е одземен, се вели во нивното соопштение.

Управата за извршување на санкциите информира дека Командирот на одделение и припадниците на затворската полиција кои го вршеле спроводот со одлука на директорот на КПД Идризово, истиот ден се суспендирани од своите работни места.

The post Не само еден, туку повеќе чекори биле прекршени при преносот на Беким во болница, покажа вонредниот надзор во „Идризово“ appeared first on Република.

]]>

Од Управата за извршување на санкциите информираат дека на 13 јануари спровеле вонреден стручен надзор во КПД Идризово со цел да се утврдат сите околности кои довеле до тоа да се случи бекството на осуденото лице Беким Мемети, за кој настан информираа уште во текот на истиот ден.
Со оглед на фактот што учесниците во настанот кои се припадници на затворската полиција (освен повредениот затворски полицаец) уште во текот на ноќта морале да се упатат во просториите на надлежниот сектор на МВР, а со нив и Командирот на одделение кој го координира настанот, службените лица од Управата не беа во можност со истите да разговараат, туку за текот на настанот беа информирани од директорот на КПД Идризово и од Заповедникот на затворската полиција во оваа установа, велат оттаму.
Со ова соопштение oд УИС сакаат да нотираат во кој дел не е постапено во согласност со Правилникот за овластувањата на затворската полиција, начинот на вооружување и вршење на работите на затворската полиција врз основа на кој е пропишана и постапката за спроведување вон установата.
Имено, за да биде едно осудено лице спроведено за интервенција до здравствена установа, за неговата здравствена состојба мора да се подготви упат од здравствен работник, т.е. лекар во установата, или вон работното време со констатација и напатствие дадено од екипа на итна медицинска помош која во овој случај не била повикана. Одлуката за да може осудениот да биде спроведен до Клинички центар ја донел Командирот на одделение и ја потпишал Наредбата за да се изврши спроводот. За да ја потпише оваа наредба, Командирот мора претходно да го извести директорот на установата, што во овој случај не е направено, а директорот откако ќе биде запознаен со здравствениот проблем усно ќе даде овластување наредбата да биде потпишана. Следното правило што не е испочитувано е што осуденото лице наместо да биде сместено во специјално обезбедениот дел од возилото, истото по предлог на командирот било сместено во вториот дел на седиштата помеѓу два припадника на затворската полиција. Притоа, затворскиот полицаец кој седел до осуденото лице воопшто немал со себе огнено оружје кое бил должен да го носи, а вториот затворски полицаец од кого е одземен пиштолот со кој е пукано во возилото, не се однесувал со должно внимание и не го спречил дејствието при кое пиштолот му е одземен, се вели во нивното соопштение.
Управата за извршување на санкциите информира дека Командирот на одделение и припадниците на затворската полиција кои го вршеле спроводот со одлука на директорот на КПД Идризово, истиот ден се суспендирани од своите работни места.

The post Не само еден, туку повеќе чекори биле прекршени при преносот на Беким во болница, покажа вонредниот надзор во „Идризово“ appeared first on Република.

]]>
Ковачевски ќе го менува директорот на Управата за извршување на санкции https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kovachevski-ke-go-menuva-direktorot-na-upravata-za-izvrshuvane-na-sanktsii/ Mon, 16 Jan 2023 12:38:45 +0000 https://republika.mk/?p=597503

Не сум задоволен од работата на Управата за извршување анкции при Министерството за правда и веќе почнав процес на селекција на нов директор, изјави премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на прашање за корупција во затворите во врска бегството на затвореникот Беким Мемети за што на вработени од „Идризово“ им е определен притвор осомничени дека го овозможиле бегството.

Промената на директорската функција во Управата, како што појасни, нема да биде на седница на Владата утре туку на некоја од наредните седници.

https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-begstvoto-od-zatvor-go-organiziraat-srgan-dimitrievski-od-sds-i-idriz-asani-zatvorski-politsaets-od-dui/

За затворот „Идризово“, рече Ковачевски, новиот директор е назначен пред неколку месеци, а претходниот бил сменет врз основа на консултации што ги имал со меѓународни институции во областа за управување затворски систем и на институции кои финансираат унапредување на затворски систем.

Врз основа на тие консултации и разговори што ги имав тогаш направивме промена на директорот на затворот „Идризово“. Сега, врз основа на неколкуте пропусти што се направени, ќе имаме нов директор на Управата за извршување санкции, додаде Ковачевски.

За случајот со бегството на осуденикот Мемети рече не би образложувал повеќе затоа што е во надлежност на Обвинителството, но се заблагодари на Министерството за внатрешни работи што ја завршило својата работа, реагирало брзо и го санкционирало случајот.

Единицата за корупција во Секторот за криминалистички истраги при Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција веќе поднесе кривична пријава против четворица затворски полицајци – командир и надзорници вработени во КПУ „Идризово“, рече премиерот Ковачевски одговарајќи на прашања на прес-конференција.

The post Ковачевски ќе го менува директорот на Управата за извршување на санкции appeared first on Република.

]]>

Не сум задоволен од работата на Управата за извршување анкции при Министерството за правда и веќе почнав процес на селекција на нов директор, изјави премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на прашање за корупција во затворите во врска бегството на затвореникот Беким Мемети за што на вработени од „Идризово“ им е определен притвор осомничени дека го овозможиле бегството. Промената на директорската функција во Управата, како што појасни, нема да биде на седница на Владата утре туку на некоја од наредните седници. https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-begstvoto-od-zatvor-go-organiziraat-srgan-dimitrievski-od-sds-i-idriz-asani-zatvorski-politsaets-od-dui/ За затворот „Идризово“, рече Ковачевски, новиот директор е назначен пред неколку месеци, а претходниот бил сменет врз основа на консултации што ги имал со меѓународни институции во областа за управување затворски систем и на институции кои финансираат унапредување на затворски систем.
Врз основа на тие консултации и разговори што ги имав тогаш направивме промена на директорот на затворот „Идризово“. Сега, врз основа на неколкуте пропусти што се направени, ќе имаме нов директор на Управата за извршување санкции, додаде Ковачевски.
За случајот со бегството на осуденикот Мемети рече не би образложувал повеќе затоа што е во надлежност на Обвинителството, но се заблагодари на Министерството за внатрешни работи што ја завршило својата работа, реагирало брзо и го санкционирало случајот.
Единицата за корупција во Секторот за криминалистички истраги при Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција веќе поднесе кривична пријава против четворица затворски полицајци – командир и надзорници вработени во КПУ „Идризово“, рече премиерот Ковачевски одговарајќи на прашања на прес-конференција.

The post Ковачевски ќе го менува директорот на Управата за извршување на санкции appeared first on Република.

]]>
Чија безбедност е загрозена?: На „Република“ не и дозволија да направи интервју со Боки во затвор од безбедносни причини https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chija-bezbednost-e-zagrozena-na-republika-ne-i-dozvolija-da-napravi-intervju-so-boki-vo-zatvor-od-bezbednosni-prichini/ Tue, 08 Feb 2022 14:06:26 +0000 https://republika.mk/?p=455764

Министерството за правда и Управата за извршување санкции не и дозволија на „Република“ да влезе во затворот „Идризово“ и да направи интервју со Бојан Јовановски.Во писмото потпишано од директорот на Управата Марјан Спасовски стои дека не се дозволува посета и интервју од безбедносни причини.

Сепак во писмото не е наведено чија безбедност е загрозена-наша или на Јовановски?

Директорот уште пишува дека посета на осудени лица може да се дозволи на средствата за јавно информирање па се прашуваме дали медиумите не спаѓаат во оваа категорија.

Република“ сакаше да го праша Боки за писмата кои ги објавува и во кои говори за вмешаноста на порашениот премиер Зоран Заев и министрите во случајот „Рекет“, како и за улогата на обвинителката Вилма Русковска.

 

The post Чија безбедност е загрозена?: На „Република“ не и дозволија да направи интервју со Боки во затвор од безбедносни причини appeared first on Република.

]]>

Министерството за правда и Управата за извршување санкции не и дозволија на „Република“ да влезе во затворот „Идризово“ и да направи интервју со Бојан Јовановски.Во писмото потпишано од директорот на Управата Марјан Спасовски стои дека не се дозволува посета и интервју од безбедносни причини. Сепак во писмото не е наведено чија безбедност е загрозена-наша или на Јовановски? Директорот уште пишува дека посета на осудени лица може да се дозволи на средствата за јавно информирање па се прашуваме дали медиумите не спаѓаат во оваа категорија. Република“ сакаше да го праша Боки за писмата кои ги објавува и во кои говори за вмешаноста на порашениот премиер Зоран Заев и министрите во случајот „Рекет“, како и за улогата на обвинителката Вилма Русковска.  

The post Чија безбедност е загрозена?: На „Република“ не и дозволија да направи интервју со Боки во затвор од безбедносни причини appeared first on Република.

]]>