уписи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/upisi/ За подобро да се разбереме Thu, 29 Aug 2024 07:41:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png уписи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/upisi/ 32 32 Почнуваат уписите на УКИМ за прв циклус студии за академската 2024/2025, предвидени се над 290 стипендии https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/pochnuvaat-upisite-na-ukim-za-prv-tsiklus-studii-za-akademskata-2024-2025-predvideni-se-nad-290-stipendii/ Thu, 29 Aug 2024 14:12:48 +0000 https://republika.mk/?p=811036

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје започнува со запишување на студенти на прв циклус студии на студиските програми во академската 2024/2025 година, со што добиваат можност да се запишат вкупно 9921 студенти, односно 4761 редовни студенти во државна квота, 4210 редовни студенти со кофинансирање и 950 вонредни студенти.

Имено, на Универзитетот имаат можност да се запишат и повеќе од 1000 странски државјани на повеќе од 180 студиски програми.

Документите за пријавување, согласно Конкурсот за запишување, во првиот уписен рок се поднесуваат денеска и утре, на 29.8.2024 и на 30.8.2024 година, на 17.9.2024 и 18.9.2024 во вториот уписен рок и на 27.9.2024 година во третиот уписен рок.

Секој заинтересиран кандидат, пред роковите за пријавување има можност да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.

Како и во претходните години, така и оваа година, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за своите студенти обезбедува повеќе видови стипендии.

И годинава се доделуваат 240 стипендии, наменети за студентите кои се запишани во прва година на прв циклус студии на факултетите на УКИМ во Скопје. Овие стипендии се распоредени по 10 за секој Факултет“, информираа од Универзитетот.

Оттаму наведоа дека оваа учебна година е петта по ред, во која, во единиците на УКИМ стипендираат најмалку по еден студент од секоја студиска програма и од секоја студиска година, за кој родителското право го врши само еден родител.

На тој начин УКИМ овозможува најмалку 720 студенти за кои родителското право го врши само еден родител, да платат половина од износот на уписнината за прв циклус студии“, истакнаа од Универзитетот.

Дополнително, како што посочија, студентите имаат можност да добијат над 40 стипендии од Фондацијата „Атанас Близнакоф“ од САД, како и над 10 стипендии од Фондацијата „Константин Стојанов“.

Од Универзитетот ги повикаа сите заинтересирани идни студенти да се приклучат на Факултетите кои ги нуди и да се стекнат со врвно образование што ќе им овозможи да го изградат сопствениот кариерен пат.

The post Почнуваат уписите на УКИМ за прв циклус студии за академската 2024/2025, предвидени се над 290 стипендии appeared first on Република.

]]>

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје започнува со запишување на студенти на прв циклус студии на студиските програми во академската 2024/2025 година, со што добиваат можност да се запишат вкупно 9921 студенти, односно 4761 редовни студенти во државна квота, 4210 редовни студенти со кофинансирање и 950 вонредни студенти. Имено, на Универзитетот имаат можност да се запишат и повеќе од 1000 странски државјани на повеќе од 180 студиски програми. Документите за пријавување, согласно Конкурсот за запишување, во првиот уписен рок се поднесуваат денеска и утре, на 29.8.2024 и на 30.8.2024 година, на 17.9.2024 и 18.9.2024 во вториот уписен рок и на 27.9.2024 година во третиот уписен рок. Секој заинтересиран кандидат, пред роковите за пријавување има можност да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот. Како и во претходните години, така и оваа година, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за своите студенти обезбедува повеќе видови стипендии.
И годинава се доделуваат 240 стипендии, наменети за студентите кои се запишани во прва година на прв циклус студии на факултетите на УКИМ во Скопје. Овие стипендии се распоредени по 10 за секој Факултет“, информираа од Универзитетот.
Оттаму наведоа дека оваа учебна година е петта по ред, во која, во единиците на УКИМ стипендираат најмалку по еден студент од секоја студиска програма и од секоја студиска година, за кој родителското право го врши само еден родител.
На тој начин УКИМ овозможува најмалку 720 студенти за кои родителското право го врши само еден родител, да платат половина од износот на уписнината за прв циклус студии“, истакнаа од Универзитетот.
Дополнително, како што посочија, студентите имаат можност да добијат над 40 стипендии од Фондацијата „Атанас Близнакоф“ од САД, како и над 10 стипендии од Фондацијата „Константин Стојанов“. Од Универзитетот ги повикаа сите заинтересирани идни студенти да се приклучат на Факултетите кои ги нуди и да се стекнат со врвно образование што ќе им овозможи да го изградат сопствениот кариерен пат.

The post Почнуваат уписите на УКИМ за прв циклус студии за академската 2024/2025, предвидени се над 290 стипендии appeared first on Република.

]]>
Митески: Листите на чекање за упис во градинка во Општина Аеродром ќе станат минато https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/miteski-listite-na-chekane-za-upis-vo-gradinka-vo-opshtina-aerodrom-ke-stanat-minato/ Sun, 28 Jul 2024 13:59:24 +0000 https://republika.mk/?p=801072

В.д градоначалнкот на Општина Аеродром Дејан Митески ветува дека долгогодишнот проблем со недостик на места за деца во градинките ќе стане минато.

Се планира израдба на неколку градинки и во таа насока е договорот со Меѓународниот Балкански универзитет и нивната катедра за архитектура која треба да изработи проект за израдба на детска градинка.

Досега успеавме да завршиме една нова детска градинка, а во август ќе започнеме со изградба на втора, со што ќе го удвоиме капацитетот и за следната година планираме да започнеме со изградба на уште една или две. Со тоа листата на чекање да биде минато-вели  градоначалнкот во интервјуто за „Република“.

https://www.youtube.com/watch?v=ZtHpdctdgUk

https://republika.mk/vesti/skopje/miteski-ke-konkurirame-za-golem-broj-proekti-so-parite-nameneti-za-opshtinite-od-zaemot-od-ungarija/

The post Митески: Листите на чекање за упис во градинка во Општина Аеродром ќе станат минато appeared first on Република.

]]>

В.д градоначалнкот на Општина Аеродром Дејан Митески ветува дека долгогодишнот проблем со недостик на места за деца во градинките ќе стане минато. Се планира израдба на неколку градинки и во таа насока е договорот со Меѓународниот Балкански универзитет и нивната катедра за архитектура која треба да изработи проект за израдба на детска градинка.
Досега успеавме да завршиме една нова детска градинка, а во август ќе започнеме со изградба на втора, со што ќе го удвоиме капацитетот и за следната година планираме да започнеме со изградба на уште една или две. Со тоа листата на чекање да биде минато-вели  градоначалнкот во интервјуто за „Република“.
https://www.youtube.com/watch?v=ZtHpdctdgUk https://republika.mk/vesti/skopje/miteski-ke-konkurirame-za-golem-broj-proekti-so-parite-nameneti-za-opshtinite-od-zaemot-od-ungarija/

The post Митески: Листите на чекање за упис во градинка во Општина Аеродром ќе станат минато appeared first on Република.

]]>
Денеска почнуваат уписите на УКИМ: На 23 факултети има слободни 10.473 места за бруцошите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/deneska-pochnuvaat-upisite-na-ukim-na-23-fakulteti-ima-slobodni-10-473-mesta-za-brutsoshite/ Wed, 30 Aug 2023 07:30:14 +0000 https://republika.mk/?p=677174

На 23-те факултети во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре се официјалните датуми од првиот рок за пријавување кандидати за упис во прва година за претстојната академска година, иако и досега беше овозможено и е во тек електронското аплицирање преку системот за студентски сервиси iKnow https://www.iknow.ukim.edu.mk/

Според Конкурсот на УКИМ, за студиската 2023/2024 година слободни се 10 473 места, од кои 5074 за редовни студенти финансирани од државниот буџет, 4439 за редовни со кофинансирање на студиите и 960 за вонредни студенти, а може да се запишат и странски студенти за кои има или утврдено број или процент од вкупниот број запишани студенти на одредена студиска програма.

Со над илјада слободни места за повеќе студиски програми и годинава се Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство/ФИНКИ (1150), Природно-математичкиот факултет (1050) и Правниот факултет (1055). Филозофскиот факултет располага со 915 слободни места за бруцоши, Филолошкиот факултет – 775, Медицинскиот – 760, Економскиот факултет – 700, Машинскиот – 600, Факултетот за електротехника и информациски технологии/ФЕИТ – 570…

Во пресрет на уписите, проректорката за настава на Скопскиот универзитет, проф. д-р Христина Спасевска, за МИА изјави дека оваа година кандидатите може да избираат 195 студиски програми на прв циклус студии: интегрирани петгодишни студиски програми, четиригодишни, тригодишни и стручни студии.

Оваа година нашиот универзитет нуди нови или повторно акредитирани студиски програми, меѓународно препознатливи и усогласени со студиските програми на европските универзитети, кои овозможуваат поголема мобилност на идните студенти и се усогласени со потребите на пазарот на труд. Поради тоа очекуваме дека бројот на кандидати ќе се зголеми и на студиските програми кои се од интерес за македонското стопанство и јавниот сектор. Следејќи го бројот на веќе пријавените кандидати, имајќи ги предвид демографските движења во државата, како и бројот на матурантите кои сакаат да студираат во странство, интересот треба да остане барем ист како и претходната академска година, посочи проф. Спасевска.

Откако ќе се пријават за упис, прелиминарната ранг-листа со резултати од успехот на кандидатите од средно образование ќе биде објавена на 4 септември. На факултетите на кои покрај успехот од средно училиште има и приемен испит, проверката на знаења и умеења е на 1 септември, а прелиминарната листа со резултатите ќе биде објавена на 6 септември. Конечната ранг-листа на примени на сите факултети ќе биде објавена на 11-ти, а на 12 и 13 септември е запишувањето на кандидатите кои од 1 октомври ќе бидат студенти на УКИМ.

Вториот рок за уписи на Скопскиот универзитет е на 18 и 19 септември, а третиот, каде што ќе останат слободни места, ќе биде на 28 септември 2023.

The post Денеска почнуваат уписите на УКИМ: На 23 факултети има слободни 10.473 места за бруцошите appeared first on Република.

]]>

На 23-те факултети во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре се официјалните датуми од првиот рок за пријавување кандидати за упис во прва година за претстојната академска година, иако и досега беше овозможено и е во тек електронското аплицирање преку системот за студентски сервиси iKnow https://www.iknow.ukim.edu.mk/ Според Конкурсот на УКИМ, за студиската 2023/2024 година слободни се 10 473 места, од кои 5074 за редовни студенти финансирани од државниот буџет, 4439 за редовни со кофинансирање на студиите и 960 за вонредни студенти, а може да се запишат и странски студенти за кои има или утврдено број или процент од вкупниот број запишани студенти на одредена студиска програма. Со над илјада слободни места за повеќе студиски програми и годинава се Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство/ФИНКИ (1150), Природно-математичкиот факултет (1050) и Правниот факултет (1055). Филозофскиот факултет располага со 915 слободни места за бруцоши, Филолошкиот факултет – 775, Медицинскиот – 760, Економскиот факултет – 700, Машинскиот – 600, Факултетот за електротехника и информациски технологии/ФЕИТ – 570… Во пресрет на уписите, проректорката за настава на Скопскиот универзитет, проф. д-р Христина Спасевска, за МИА изјави дека оваа година кандидатите може да избираат 195 студиски програми на прв циклус студии: интегрирани петгодишни студиски програми, четиригодишни, тригодишни и стручни студии.
Оваа година нашиот универзитет нуди нови или повторно акредитирани студиски програми, меѓународно препознатливи и усогласени со студиските програми на европските универзитети, кои овозможуваат поголема мобилност на идните студенти и се усогласени со потребите на пазарот на труд. Поради тоа очекуваме дека бројот на кандидати ќе се зголеми и на студиските програми кои се од интерес за македонското стопанство и јавниот сектор. Следејќи го бројот на веќе пријавените кандидати, имајќи ги предвид демографските движења во државата, како и бројот на матурантите кои сакаат да студираат во странство, интересот треба да остане барем ист како и претходната академска година, посочи проф. Спасевска.
Откако ќе се пријават за упис, прелиминарната ранг-листа со резултати од успехот на кандидатите од средно образование ќе биде објавена на 4 септември. На факултетите на кои покрај успехот од средно училиште има и приемен испит, проверката на знаења и умеења е на 1 септември, а прелиминарната листа со резултатите ќе биде објавена на 6 септември. Конечната ранг-листа на примени на сите факултети ќе биде објавена на 11-ти, а на 12 и 13 септември е запишувањето на кандидатите кои од 1 октомври ќе бидат студенти на УКИМ. Вториот рок за уписи на Скопскиот универзитет е на 18 и 19 септември, а третиот, каде што ќе останат слободни места, ќе биде на 28 септември 2023.

The post Денеска почнуваат уписите на УКИМ: На 23 факултети има слободни 10.473 места за бруцошите appeared first on Република.

]]>
Во сите средни училишта во Велес има слободни места за третиот уписен рок https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-site-sredni-uchilishta-vo-veles-ima-slobodni-mesta-za-tretiot-upisen-rok/ Mon, 21 Aug 2023 20:55:23 +0000 https://republika.mk/?p=674359

Во третиот уписен рок во четирите средни училишта во Велес има уште вкупно 265 слободни места. Уписите почнаа денеска и ќе траат до утревечер до 24 часот. Освен во училиштето кандидатите може да се запишат и онлајн. Најмалку слободни места има во ССОУ „Коле Неделковски“.

Како што информираат од Општина Велес, од вкупно 830 слободни места во четирите средни училишта во Велес, во првите два уписни рока, пополнети се 565 места.

Во ССОУ „Коле Неделковски“ има слободни места за струките електроника и телекомуникации, техничар за транспорт и шпедиција, заварувач, автомеханичар, машински техничар за моторни возила.

Во Гимназијата „Кочо Рацин“ во двете пријавувања во првиот уписен рок запишани се 106 ученика, од нив 84 ученици во македонските паралелки и 22 ученика во албанската паралелка. Во спортската паралелка, која работи во Гимназијата, а е засебен субјект, примени се 10 ученици, за фудбал.

Во Хемиското училиште ССОУ „Димитрија Чуповски“, како што информира за МИА директорот Петар Жабев, во двете пријавувања запишани се вкупно 135 ученици. Исполнет е профилот фармацевтски техничар и медицински лабораториско- санитарен техничар. Слободно место има само едно за медицинска сестра и едно за лични услуги. Слободни места најмногу има за физиотерапевт 18 , во одделението за месар –пекар има 27 и за техничар за заштита на животната средина 17 слободни места.

Во Економското „Јовче Тесличков“ има слободни места во сите смерови.

Пријавувањето е и утре до 24 часот, а списокот со пријавените кандидати ќе биде објавен на огласните табли во училиштата во среда на 23 август.

The post Во сите средни училишта во Велес има слободни места за третиот уписен рок appeared first on Република.

]]>

Во третиот уписен рок во четирите средни училишта во Велес има уште вкупно 265 слободни места. Уписите почнаа денеска и ќе траат до утревечер до 24 часот. Освен во училиштето кандидатите може да се запишат и онлајн. Најмалку слободни места има во ССОУ „Коле Неделковски“. Како што информираат од Општина Велес, од вкупно 830 слободни места во четирите средни училишта во Велес, во првите два уписни рока, пополнети се 565 места. Во ССОУ „Коле Неделковски“ има слободни места за струките електроника и телекомуникации, техничар за транспорт и шпедиција, заварувач, автомеханичар, машински техничар за моторни возила. Во Гимназијата „Кочо Рацин“ во двете пријавувања во првиот уписен рок запишани се 106 ученика, од нив 84 ученици во македонските паралелки и 22 ученика во албанската паралелка. Во спортската паралелка, која работи во Гимназијата, а е засебен субјект, примени се 10 ученици, за фудбал. Во Хемиското училиште ССОУ „Димитрија Чуповски“, како што информира за МИА директорот Петар Жабев, во двете пријавувања запишани се вкупно 135 ученици. Исполнет е профилот фармацевтски техничар и медицински лабораториско- санитарен техничар. Слободно место има само едно за медицинска сестра и едно за лични услуги. Слободни места најмногу има за физиотерапевт 18 , во одделението за месар –пекар има 27 и за техничар за заштита на животната средина 17 слободни места. Во Економското „Јовче Тесличков“ има слободни места во сите смерови. Пријавувањето е и утре до 24 часот, а списокот со пријавените кандидати ќе биде објавен на огласните табли во училиштата во среда на 23 август.

The post Во сите средни училишта во Велес има слободни места за третиот уписен рок appeared first on Република.

]]>
Уписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/uspisite-na-uchenitsi-vo-sredno-obrazovanie-vo-dve-prijavuvana-vo-juni/ Thu, 15 Jun 2023 10:37:19 +0000 https://republika.mk/?p=651686

Пријавувањето и запишувањето на учениците во средните училишта ќе биде во еден уписен рок со две пријавувања во јуни. Пријавувањето е почнато со електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk, со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk.

Според Конкурсот на МОН за запишување во прва година средно образование, првото пријавување на учениците ќе се врши на 20 јуни до 24 часот и на 21 јуни до 15 часот. Ранг-листата на запишани ученици се објавува на 22 јуни на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет-страницата www.mon.gov.mk најдоцна до 9 часот.

Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 22 јуни од 12 до 19 часот и на 23 јуни од 7 до 19 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.

Конечната ранг-листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 24 јуни 2023, најдоцна до 12 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

Министерството за образование и наука денеска го објави Конкурсот за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта во учебната 2020/2021.

Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 26 јуни, а конечните ранг-листи со резултатите ќе бидат објавени истиот ден на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

Второто пријавување на учениците за уоис во средно образование ќе биде на 27 јуни до 24 часот и на 29 јуни до 10 часот. Ранг-листата на запишани ученици се објавува на 29 јуни 2023 на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на www.mon.gov.mk најдоцна до 13 часот.

Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 29 јуни од 15 до 19 часот и на 30 јуни од 7 до 19 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Конечната ранг-листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 1 јули 2023 година, најдоцна до 12 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

Квалификациско тестирање во второто пријавување ќе се организира во училиштата за средно образование на 3 јули 2023 година, а конечните ранг-листи со резултатите ќе се објават на 3 јули 2023 година, на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места по јунскиот рок. Пријавување на учениците ќе се врши на 21 август до 24 часот.

Пријавувањето за упис во програмата Меѓународна матура во Средното училиште на Град Скопје Гимназија „Јосип Броз Тито” - Скопје беше спроведено од 3 до 12 мај 2023.

The post Уписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни appeared first on Република.

]]>

Пријавувањето и запишувањето на учениците во средните училишта ќе биде во еден уписен рок со две пријавувања во јуни. Пријавувањето е почнато со електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk, со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk. Според Конкурсот на МОН за запишување во прва година средно образование, првото пријавување на учениците ќе се врши на 20 јуни до 24 часот и на 21 јуни до 15 часот. Ранг-листата на запишани ученици се објавува на 22 јуни на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет-страницата www.mon.gov.mk најдоцна до 9 часот. Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 22 јуни од 12 до 19 часот и на 23 јуни од 7 до 19 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Конечната ранг-листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 24 јуни 2023, најдоцна до 12 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk. Министерството за образование и наука денеска го објави Конкурсот за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта во учебната 2020/2021. Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 26 јуни, а конечните ранг-листи со резултатите ќе бидат објавени истиот ден на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk. Второто пријавување на учениците за уоис во средно образование ќе биде на 27 јуни до 24 часот и на 29 јуни до 10 часот. Ранг-листата на запишани ученици се објавува на 29 јуни 2023 на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на www.mon.gov.mk најдоцна до 13 часот. Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 29 јуни од 15 до 19 часот и на 30 јуни од 7 до 19 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Конечната ранг-листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 1 јули 2023 година, најдоцна до 12 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk. Квалификациско тестирање во второто пријавување ќе се организира во училиштата за средно образование на 3 јули 2023 година, а конечните ранг-листи со резултатите ќе се објават на 3 јули 2023 година, на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk. Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места по јунскиот рок. Пријавување на учениците ќе се врши на 21 август до 24 часот. Пријавувањето за упис во програмата Меѓународна матура во Средното училиште на Град Скопје Гимназија „Јосип Броз Тито” - Скопје беше спроведено од 3 до 12 мај 2023.

The post Уписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни appeared first on Република.

]]>
Од денеска започнуваат уписите на деца во прво одделение за учебната 2022/2023 година https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/od-deneska-zapochnuvaat-upisite-na-deca-vo-prvo-oddelenie-za-uchebnata-2022-2023-godina/ Tue, 03 May 2022 10:14:48 +0000 https://republika.mk/?p=496714

Од денеска започнуваат уписите на деца во прво одделение за учебната 2022/2023 година. Законски обврзници се деца кои се родени од 1 јануари 2016 година до 31 декември 2016 година, односно кои во овој период ќе наполнат 6 години.

По исклучок, детето може да се запише во прво одделение доколку наполни 6 години и до 31 јануари 2023 година, но по претходно барање од родител/старател и добиено мислење од педагог/психолог во училиштето.

За упис на првооделенците потребно е извод од матична книга на родени, државјанство за ученикот доколку е роден во странство, лична карта од родител/старатле на увид, медицинска потврда за примени задолжителни вакцини издадена од надлежна иснтитуција. Воедно потребни се и медицински потврди за извршен стоматолошки и офталмолошки преглед.

 

The post Од денеска започнуваат уписите на деца во прво одделение за учебната 2022/2023 година appeared first on Република.

]]>

Од денеска започнуваат уписите на деца во прво одделение за учебната 2022/2023 година. Законски обврзници се деца кои се родени од 1 јануари 2016 година до 31 декември 2016 година, односно кои во овој период ќе наполнат 6 години. По исклучок, детето може да се запише во прво одделение доколку наполни 6 години и до 31 јануари 2023 година, но по претходно барање од родител/старател и добиено мислење од педагог/психолог во училиштето.
За упис на првооделенците потребно е извод од матична книга на родени, државјанство за ученикот доколку е роден во странство, лична карта од родител/старатле на увид, медицинска потврда за примени задолжителни вакцини издадена од надлежна иснтитуција. Воедно потребни се и медицински потврди за извршен стоматолошки и офталмолошки преглед.
 

The post Од денеска започнуваат уписите на деца во прво одделение за учебната 2022/2023 година appeared first on Република.

]]>