УО Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uo/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Mar 2024 10:59:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png УО Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uo/ 32 32 РФМ ги одреди премиите за пласман на ЕП и на СП https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/rfm-gi-odredi-premiite-za-plasman-na-ep-i-na-sp/ Wed, 27 Mar 2024 10:59:42 +0000 https://republika.mk/?p=759279

Управниот одбор (УО) на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) на својата последна седница донесе одлука паричната награда за македонската сениорска машка репрезентација за пласман на Светското првенство во 2025 година што треба да се игра во Хрватска, Данска и во Норвешка да изнесува два милиони денари, а иста премија ќе добие и женската сениорска репрезентација за пласман на годинашното Европско првенство во Австрија, Унгарија и во Швајцарија.
Именувани се дополнителни членови на Натпреварувачката комисија при Ракометната федерација на Македонија, Виктор Андонов и Бобан Мајнов, и истите тие ќе бидат во функција на вршител на должност (ВД). Донесена е и одлука за именување на Кристијан Грчевски за селектор (супервизор), Дарко Јанев за тренер селектор, Тодор Филиповски за кондициски тренер и Николина Бојаџиска за физиотерапевт на женската младинска репрезентација за претстојните дуели во рамките на подготвителниот период и за учество на Светското првенство за ракометарки до 20 години, во Скопје, годинава.
Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија ја усвои и информацијата доставена од Натпреварувачката комисија, за организација на финалниот турнир на Купот на Македонија за 2024 година, во машка и во женска конкуренција, кој ќе се игра во Скопје, во СЦ „Борис Трајковски“ (17-19 мај).

The post РФМ ги одреди премиите за пласман на ЕП и на СП appeared first on Република.

]]>

Управниот одбор (УО) на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) на својата последна седница донесе одлука паричната награда за македонската сениорска машка репрезентација за пласман на Светското првенство во 2025 година што треба да се игра во Хрватска, Данска и во Норвешка да изнесува два милиони денари, а иста премија ќе добие и женската сениорска репрезентација за пласман на годинашното Европско првенство во Австрија, Унгарија и во Швајцарија. Именувани се дополнителни членови на Натпреварувачката комисија при Ракометната федерација на Македонија, Виктор Андонов и Бобан Мајнов, и истите тие ќе бидат во функција на вршител на должност (ВД). Донесена е и одлука за именување на Кристијан Грчевски за селектор (супервизор), Дарко Јанев за тренер селектор, Тодор Филиповски за кондициски тренер и Николина Бојаџиска за физиотерапевт на женската младинска репрезентација за претстојните дуели во рамките на подготвителниот период и за учество на Светското првенство за ракометарки до 20 години, во Скопје, годинава. Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија ја усвои и информацијата доставена од Натпреварувачката комисија, за организација на финалниот турнир на Купот на Македонија за 2024 година, во машка и во женска конкуренција, кој ќе се игра во Скопје, во СЦ „Борис Трајковски“ (17-19 мај).

The post РФМ ги одреди премиите за пласман на ЕП и на СП appeared first on Република.

]]>
Членови на УО и НО на Водовод: Директорот не игнорира поради одбиените сомнителни милионски јавни набавки, барани од него https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/chlenovi-na-uo-i-no-na-vodovod-direktorot-ne-ignorira-poradi-odbienite-somnitelni-milionski-javni-nabavki-barani-od-nego/ Thu, 09 Nov 2023 09:30:19 +0000 https://republika.mk/?p=699792

Денеска членовите на Управниот и Надзорниот Одбор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, излегоа со соопштение во јавноста, да објаснат детално, што се случува деновиве во претпријатието.

Во соопштението се вели:

Во интерес на вистината, ние членовите на управниот и надзорниот одбор на ЈП Водовод и канализација-Скопје, сакаме да ја запознаеме јавноста со однесувањето на директорот на претпријатието, Драган Илиевски кон нас и притисоците кои ги трпат вработените секојдневно, од негова страна. Ова однесување можеме да го поткрепиме со неколку документи.

Вистината е дека директорот Драган Илиевски, уште во месец Мај, 2023-та година, дава наредба до сите вработени, да не се даваат податоци, документи и договори за вработување на членовите на УО и НО, кои воедно се највисоки раководни тела во претпријатието.

Вистината е дека во месец јули, тој дава уште една наредба до вработените, односно до обезбедувањето во управната зграда, а се однесува за сите членови на УО и НО, да се превземаат при влезот во управната зграда, притоа да бидат физички присутни со нив, во текот на целокупниот престој во зградата, се до нивниот излез. Овие членови се избрани и мора да бидат по службена должност таму, односно уредно се избрани токму од Арсовска, да бидат членови на овие одбори, а нејзиниот директор прави се да ги опструира во нивната работа, со што дури исценираа и планиран инцидент пред неколку дена, меѓу обезбедувањето и членовите. Ако некој имаше сомнежи, еве која беше причината за овој немил настан.

Вистината е дека ова се случува, само поради одбиените сомнителни милионски јавни набавки, барани од директорот, а одбиени од управниот одбор.

Вистината е дека, притисоците продолжуваат и денес, каде овие денови, од директорот Драган Илиевски и неговиот шеф на кабинет, Ѓорѓи Бошковски, под присила и уцени, било барано од раководителите на секторите, да го подржат директорот со потписи на список, кој потоа планирале да го објават во јавноста и притоа лажно да претстават пред јавноста, дека имаат поддршка.

Ова нема да им помине, а вистината е исто така дека, ќе има и истрага и одговорност, за оние кои ги вршат овие притисоци врз вработените и раководителите, да дадат поддршка, за директорот, под уцена и присила.

Ова е вистината за состојбите во ЈП Водовод и канализација-Скопје. Управниот и Надзорниот Одбор, секогаш ќе работат во интерес на вработените и граѓаните на Град Скопје

The post Членови на УО и НО на Водовод: Директорот не игнорира поради одбиените сомнителни милионски јавни набавки, барани од него appeared first on Република.

]]>

Денеска членовите на Управниот и Надзорниот Одбор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, излегоа со соопштение во јавноста, да објаснат детално, што се случува деновиве во претпријатието. Во соопштението се вели: Во интерес на вистината, ние членовите на управниот и надзорниот одбор на ЈП Водовод и канализација-Скопје, сакаме да ја запознаеме јавноста со однесувањето на директорот на претпријатието, Драган Илиевски кон нас и притисоците кои ги трпат вработените секојдневно, од негова страна. Ова однесување можеме да го поткрепиме со неколку документи. Вистината е дека директорот Драган Илиевски, уште во месец Мај, 2023-та година, дава наредба до сите вработени, да не се даваат податоци, документи и договори за вработување на членовите на УО и НО, кои воедно се највисоки раководни тела во претпријатието. Вистината е дека во месец јули, тој дава уште една наредба до вработените, односно до обезбедувањето во управната зграда, а се однесува за сите членови на УО и НО, да се превземаат при влезот во управната зграда, притоа да бидат физички присутни со нив, во текот на целокупниот престој во зградата, се до нивниот излез. Овие членови се избрани и мора да бидат по службена должност таму, односно уредно се избрани токму од Арсовска, да бидат членови на овие одбори, а нејзиниот директор прави се да ги опструира во нивната работа, со што дури исценираа и планиран инцидент пред неколку дена, меѓу обезбедувањето и членовите. Ако некој имаше сомнежи, еве која беше причината за овој немил настан. Вистината е дека ова се случува, само поради одбиените сомнителни милионски јавни набавки, барани од директорот, а одбиени од управниот одбор. Вистината е дека, притисоците продолжуваат и денес, каде овие денови, од директорот Драган Илиевски и неговиот шеф на кабинет, Ѓорѓи Бошковски, под присила и уцени, било барано од раководителите на секторите, да го подржат директорот со потписи на список, кој потоа планирале да го објават во јавноста и притоа лажно да претстават пред јавноста, дека имаат поддршка. Ова нема да им помине, а вистината е исто така дека, ќе има и истрага и одговорност, за оние кои ги вршат овие притисоци врз вработените и раководителите, да дадат поддршка, за директорот, под уцена и присила. Ова е вистината за состојбите во ЈП Водовод и канализација-Скопје. Управниот и Надзорниот Одбор, секогаш ќе работат во интерес на вработените и граѓаните на Град Скопје

The post Членови на УО и НО на Водовод: Директорот не игнорира поради одбиените сомнителни милионски јавни набавки, барани од него appeared first on Република.

]]>
Финансиска полиција со кривична пријава против претседател на УО и три службени лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/finansiska-politsija-so-krivichna-prijava-protiv-pretsedatel-na-uo-i-tri-sluzhbeni-litsa/ Tue, 08 Aug 2023 11:13:51 +0000 https://republika.mk/?p=669962

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кичево поднела кривична пријава против едно физичко лице во својство на претседател на Управен одбор на правен субјект за сторено кривично дело Измама по член 247 став 4 од К.З. на РСМ и три службени лица за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 став 3 од К.З на Република Македонија.

Во текот на 2021 година во судска постапка пред Апелационен суд во Гостивар со намера да се стекне со противправна имотна корист првопријавеното физичко лице лажно прикажал факти, односно второпријавениот, третопријавениот во својство на овластени ветеринари и четвртопријавениот во својство на в.д директор на Јавно претпријатие со искористување на своите службени положби прибавиле противправна имотна корист за првопријавениот на начин што во два записници од Агенција за храна и ветеринарство на Р.Македонија и еден Записникот од Јавно претпријатие, внеле невистинити податоци и истите ги овериле со свој печат и потпис, а првопријавениот ги употребил во судска постапка и по основ на штета, се здобил со противправна имотна корист од 5.905.636,00 денари на штета на Буџетот на Република Македонија, појаснуваат од Управата за финансиска полиција.

The post Финансиска полиција со кривична пријава против претседател на УО и три службени лица appeared first on Република.

Во годината во која Филхармонија треба да се подготвува за чествување на 80 годишен јубилеј не треба својата енергија и време да го троши за да си го зачува својот интегритет и работен простор https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-godinata-vo-koja-filharmonija-treba-da-se-podgotvuva-za-chestvuvane-na-80-godishen-jubilej-ne-treba-svojata-energija-i-vreme-da-go-troshi-za-da-si-go-zachuva-svojot-integritet-i-raboten-prostor/ Wed, 12 Apr 2023 12:48:25 +0000 https://republika.mk/?p=630229

Информација дека новоформираниот „Оркестар за џез музика" ќе биде просторно сместен во објектот на НУ Филхармонија ја дознавме од медиумите и сите не најде затечени и изненадени бидејќи пред донесување на ваквата одлука никој не се обрати до НУ Филхармонија да ја констатира фактичката состојба и искористеноста на просторот во објектот, рече на денешната прес конференција Зорица Каракутовска – претседателка на Управен одбор на Филхармонија.

Управниот одбор закажа итна вонредна седница која се одржа на 25.3.2023 (сабота) и на која се донесе одлука и се испрати протестно писмо адресисирано до Премиерот на Владата и Министерката за култура. Во писмото накратко го образложивме проблемот и неможноста за функционирање на две институции под ист покрив, пред се поради фактот дека просторот е веќе целосно искористен и окупиран.

Воедно во писмото ги поканивме Премиерот и Министерката да дојдат на состанок во НУ Филхармонија и на лице место да извршат увид.

На редовната седница на УО одржана во среда на 29.3.2023 повторно упативме молба и барање за средба со Министерката. До денеска оваа средба не е реализирана.

Во медиумите се пласираат невистини дека ЗЏМ веќе 7 години работи под исти кров во просториите на Филхармонија. Оваа информација вчера во изјава ја пласираше и Министерката за култура, која не треба да се поведува по манипулациите кои и се сервираат како информации туку треба да бараат факти.

Фактите се дека Филхармонија се наоѓа и делува во овој објект од 2017г., значи не се 7 години, дека ЗЏМ во сите години на постоење досега имала 10 проекти кои ги реализирала во концертната сала и како и за секој надворешен проект им е обезбедено да имаат една или две проби непосредно пред концертот. Во март 2021 ЗЏМ се обратил со барање своите редовни проби да ги одржува во Филхармонија и УО, исто како о денеска, одговорил дека нема простор и можност да излезе во пресрет на ваквото барање.

Во изјавата за еден медиум вчера Министерката вели: "Не е добро една убава приказна да се претвори во ноќна мора за културната сцена" . Во потполност се согласуваме со неа и сметаме дека во годината во која Филхармонија треба да се подготвува за чествување на 80 годишен јубилеј не треба својата енергија и време да го троши за да си го зачува својот интегритет и работен простор, рече Каракутовска.

The post Во годината во која Филхармонија треба да се подготвува за чествување на 80 годишен јубилеј не треба својата енергија и време да го троши за да си го зачува својот интегритет и работен простор appeared first on Република.

]]>

Информација дека новоформираниот „Оркестар за џез музика" ќе биде просторно сместен во објектот на НУ Филхармонија ја дознавме од медиумите и сите не најде затечени и изненадени бидејќи пред донесување на ваквата одлука никој не се обрати до НУ Филхармонија да ја констатира фактичката состојба и искористеноста на просторот во објектот, рече на денешната прес конференција Зорица Каракутовска – претседателка на Управен одбор на Филхармонија.
Управниот одбор закажа итна вонредна седница која се одржа на 25.3.2023 (сабота) и на која се донесе одлука и се испрати протестно писмо адресисирано до Премиерот на Владата и Министерката за култура. Во писмото накратко го образложивме проблемот и неможноста за функционирање на две институции под ист покрив, пред се поради фактот дека просторот е веќе целосно искористен и окупиран. Воедно во писмото ги поканивме Премиерот и Министерката да дојдат на состанок во НУ Филхармонија и на лице место да извршат увид. На редовната седница на УО одржана во среда на 29.3.2023 повторно упативме молба и барање за средба со Министерката. До денеска оваа средба не е реализирана. Во медиумите се пласираат невистини дека ЗЏМ веќе 7 години работи под исти кров во просториите на Филхармонија. Оваа информација вчера во изјава ја пласираше и Министерката за култура, која не треба да се поведува по манипулациите кои и се сервираат како информации туку треба да бараат факти. Фактите се дека Филхармонија се наоѓа и делува во овој објект од 2017г., значи не се 7 години, дека ЗЏМ во сите години на постоење досега имала 10 проекти кои ги реализирала во концертната сала и како и за секој надворешен проект им е обезбедено да имаат една или две проби непосредно пред концертот. Во март 2021 ЗЏМ се обратил со барање своите редовни проби да ги одржува во Филхармонија и УО, исто како о денеска, одговорил дека нема простор и можност да излезе во пресрет на ваквото барање. Во изјавата за еден медиум вчера Министерката вели: "Не е добро една убава приказна да се претвори во ноќна мора за културната сцена" . Во потполност се согласуваме со неа и сметаме дека во годината во која Филхармонија треба да се подготвува за чествување на 80 годишен јубилеј не треба својата енергија и време да го троши за да си го зачува својот интегритет и работен простор, рече Каракутовска.

The post Во годината во која Филхармонија треба да се подготвува за чествување на 80 годишен јубилеј не треба својата енергија и време да го троши за да си го зачува својот интегритет и работен простор appeared first on Република.

]]>
Абази денеска предложен за член на УО на Академијата за судии и јавни обвинители https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/abazi-deneska-predlozen-za-chlen-na-uo-na-akademijata-za-sudii-i-javni-obviniteli/ Fri, 11 Nov 2022 12:21:49 +0000 https://republika.mk/?p=572736

Советот на јавни обвинители на денешната шеесет и деветта седница ги предложи Ислам Абази и Фиданка Рајевска за двајца членови од редот на јавните обвинители во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители. Абази на 7 ноември доби најмногу (66) гласови на изборите за шеф на ОЈО ГОКК и Советот на ЈО в понеделник треба да одржи седница за негово именување, додека Рајевска е член на Советот на ЈО.

За нивни заменици се предложени Бурим Рустеми и Ристе Бојаџиски.

Советот ги предлага и Јован Цветановски и Газменд Мехемти за членови и Пецо Везировски и Фатон Азизи за нивни заменици на Комисијата за завршен испит при Академијата за судии и јавни обвинители од редот на јавните обвинители.

На 69-тата седница, Советот на ЈО донесе и одулка за престанок на функцијата јавен обвинител на Ристе Шошески, поради исполнување на услови за старосна пензија за јавниот обвинител во ОЈО Прилеп.

The post Абази денеска предложен за член на УО на Академијата за судии и јавни обвинители appeared first on Република.

]]>

Советот на јавни обвинители на денешната шеесет и деветта седница ги предложи Ислам Абази и Фиданка Рајевска за двајца членови од редот на јавните обвинители во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители. Абази на 7 ноември доби најмногу (66) гласови на изборите за шеф на ОЈО ГОКК и Советот на ЈО в понеделник треба да одржи седница за негово именување, додека Рајевска е член на Советот на ЈО. За нивни заменици се предложени Бурим Рустеми и Ристе Бојаџиски. Советот ги предлага и Јован Цветановски и Газменд Мехемти за членови и Пецо Везировски и Фатон Азизи за нивни заменици на Комисијата за завршен испит при Академијата за судии и јавни обвинители од редот на јавните обвинители. На 69-тата седница, Советот на ЈО донесе и одулка за престанок на функцијата јавен обвинител на Ристе Шошески, поради исполнување на услови за старосна пензија за јавниот обвинител во ОЈО Прилеп.

The post Абази денеска предложен за член на УО на Академијата за судии и јавни обвинители appeared first on Република.

]]>
Јанчева: Не може да се амнестира директорот на ЈСП за хаосот заедно со градоначалничката https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/jancheva-ne-moze-da-se-amnestira-direktorot-na-jsp-za-haosot-zaedno-so-gradonachalnichkata/ Thu, 20 Oct 2022 20:19:53 +0000 https://republika.mk/?p=563784

Управниот одбор на ЈСП е една од точките кои се избираат на предлог на советниците во Град Скопје. Управните одбори беа на предлог на мнозинството од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, со нивни потписи се избрани. Не можам да кажам дека управниот одбор треба да се амнестира за хаосот“ изјави советничката во Град Скопје од СДСМ, Љубица Јанчева во „24 анализа“ на ТВ24.

Таа додаде дека освен управниот одбор, ЈСП има и надзорен одбор кој е задолжен за контрола над финансикото работење.

Тие требало да укажат дека претпријатието генерира загуби и покрај енергетската криза. Ако ЈСП 2021 година ја завршило со 2 милиони долг, сега долгот е над 7 милиони. На се тоа нема никаква реакција од надзорниот одбор, па кажете како не се виновни?“ рече Јанчева.

The post Јанчева: Не може да се амнестира директорот на ЈСП за хаосот заедно со градоначалничката appeared first on Република.

УО на Пошта им предложи на синдикатите зголемување на платите од јуни https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/uo-na-poshta-im-predlozi-na-sindikatite-zgolemuvanje-na-platite-od-juni/ Thu, 14 Apr 2022 10:23:16 +0000 https://republika.mk/?p=488373

Управниот одбор на Пошта на РСМ, каде од изутрина почна генерален штрајк, им понуди на синдикалните организации од 1 јуни годинава линеарно да се зголемат за 3000 денари платите на 1700 вработени од оперативниот дел (поштари, шалтерски работници и други), а од 1 август и на административните службеници.

Откако предлогот ќе биде доставен официјално ќе биде разгледан од синдикалните одбори, ќе изготвиме спогодба и доколку се прифати понудата и се потпише спогодбата штрајкот ќе биде прекинат, информира претседателот на Синдикатот на Македонска пошта Боро Велигданов на заедничка прес-конференција со членовите на УО и генералниот директор Јани Макрадули.

Главното барање на синдикатите е линерно зголемување на платите од 3000 денари. Предлогот  што го добиле е за тој износ преточен во бодови согласно со Колективниот договор на Македонска пошта.

Да се исполнува нашето барање со компромис согласно финансиските можности, рече Велигденов.

Генералниот директор Макрадули  информираше дека вработените ги почитуваат законските обврски за работа и испорака на пратките во услови на штрајк. Со оглед дека се почнати преговорите, како што информира, дневниците на вработените ќе им бидат исплатени.

The post УО на Пошта им предложи на синдикатите зголемување на платите од јуни appeared first on Република.