УНРВА Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/unrva/ За подобро да се разбереме Mon, 06 May 2024 13:10:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png УНРВА Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/unrva/ 32 32 Агенцијата на ОН за помош на Палестинците одби да се евакуира од Рафа https://arhiva3.republika.mk/vesti/agentsijata-na-on-za-pomosh-na-palestintsite-odbi-da-se-evakuira-od-rafa/ Mon, 06 May 2024 13:10:45 +0000 https://republika.mk/?p=774708

Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА) денеска соопшти дека нема да ја почитува наредбата на израелската војска за евакуација од Рафа, на југот на Појасот Газа.

Џулиет Тума, директорка за комуникации на УНРВА, рече дека агенцијата не ја евакуирала областа и оти не планира да го стори тоа.

Таа рече дека во градот има илјадници вработени.

– УНРВА нема да учествува во каква било присилна евакуација на жителите во Рафа или каде било во Газа. Ние сме решени да останеме и да испорачаме хуманитарна помош, рече Тума и повика на прекин на огнот.

Односите меѓу Израел и УНРВА долго време беа затегнати и влошени за време на седуммесечната војна.

Израел ја обвини агенцијата за соработка со терористичката организација Хамас и повика на нејзино затворање.

УНРВА, најголемата меѓународна агенција која обезбедува помош и услуги за Газа, ги отфрли обвинувањата.

Израелската војска денеска им нареди на десетици илјади луѓе во Рафа да се евакуираат, сигнализирајќи дека долго најавуваната копнена инвазија на градот најверојатно ќе почне наскоро.

The post Агенцијата на ОН за помош на Палестинците одби да се евакуира од Рафа appeared first on Република.

]]>

Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА) денеска соопшти дека нема да ја почитува наредбата на израелската војска за евакуација од Рафа, на југот на Појасот Газа. Џулиет Тума, директорка за комуникации на УНРВА, рече дека агенцијата не ја евакуирала областа и оти не планира да го стори тоа. Таа рече дека во градот има илјадници вработени. – УНРВА нема да учествува во каква било присилна евакуација на жителите во Рафа или каде било во Газа. Ние сме решени да останеме и да испорачаме хуманитарна помош, рече Тума и повика на прекин на огнот. Односите меѓу Израел и УНРВА долго време беа затегнати и влошени за време на седуммесечната војна. Израел ја обвини агенцијата за соработка со терористичката организација Хамас и повика на нејзино затворање. УНРВА, најголемата меѓународна агенција која обезбедува помош и услуги за Газа, ги отфрли обвинувањата. Израелската војска денеска им нареди на десетици илјади луѓе во Рафа да се евакуираат, сигнализирајќи дека долго најавуваната копнена инвазија на градот најверојатно ќе почне наскоро.

The post Агенцијата на ОН за помош на Палестинците одби да се евакуира од Рафа appeared first on Република.

]]>
Агенцијата на ОН за палестинските бегалци собрала повеќе од 115 милиони долари од приватни донации https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/agentsijata-na-on-za-palestinskite-begaltsi-sobrala-poveke-od-115-milioni-dolari-od-privatni-donatsii/ Tue, 30 Apr 2024 15:12:48 +0000 https://republika.mk/?p=772695

Шефот на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА), Филипе Лазарини, соопшти дека организацијата собрала повеќе од 115 милиони долари од приватни донации во изминатите шест месеци.

Износот значи многу за организацијата на Обединетите Нации бидејќи многу западни земји го прекинаа финансирањето по наводите дека членови на персоналот учествувале во нападот на Хамас на 7 октомври во јужен Израел.

Лазарини ова го изјави по брифингот зад затворени врати со дипломати од земјите-членки на ОН во Женева.

САД, Австрија и Велика Британија не го продолжија финансирањето.

Лазарини додаде дека САД - најголемиот финансиер на УНРВА, „јасно укажале дека замрзнувањето на средствата ќе остане во сила до март 2025 година“, додека Австрија и Велика Британија сè уште не одлучиле.

The post Агенцијата на ОН за палестинските бегалци собрала повеќе од 115 милиони долари од приватни донации appeared first on Република.

]]>

Шефот на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА), Филипе Лазарини, соопшти дека организацијата собрала повеќе од 115 милиони долари од приватни донации во изминатите шест месеци. Износот значи многу за организацијата на Обединетите Нации бидејќи многу западни земји го прекинаа финансирањето по наводите дека членови на персоналот учествувале во нападот на Хамас на 7 октомври во јужен Израел. Лазарини ова го изјави по брифингот зад затворени врати со дипломати од земјите-членки на ОН во Женева. САД, Австрија и Велика Британија не го продолжија финансирањето. Лазарини додаде дека САД - најголемиот финансиер на УНРВА, „јасно укажале дека замрзнувањето на средствата ќе остане во сила до март 2025 година“, додека Австрија и Велика Британија сè уште не одлучиле.

The post Агенцијата на ОН за палестинските бегалци собрала повеќе од 115 милиони долари од приватни донации appeared first on Република.

]]>
УНРВА предупреди дека нејзините засолништа во Газа веќе не се безбедни https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/unrva-predupredi-deka-nejzinite-zasolnishta-vo-gaza-veke-ne-se-bezbedni/ Sat, 14 Oct 2023 14:52:50 +0000 https://republika.mk/?p=691221

Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) денеска ги повика израелските власти да ги заштитат сите цивили во нејзините објекти низ Појасот Газа, вклучително и тие на северот и во градот Газа.

УНРВА соопшти дека и покрај наредбата да се евакуираат повеќе од милион луѓе од северните делови на Газа, речиси половина од вкупното население, многу луѓе, особено бремените жени, децата и постарите и тие со посебни потреби, нема да можат да заминат.

Тие немаат избор и мора да бидат заштитени во секое време, велат од Агенцијата.

УНРВА заклучи дека нејзините засолништа во северниот дел на Појасот Газа повеќе не се безбедни и дека тоа е без преседан.

Израел нареди евакуација на стотици илјади цивили кои живеат во градот Газа, бидејќи се очекува израелска копнена офанзива, што е нова фаза во војната што започна пред една недела со ненадеен напад на Хамас на јужна и централна израелска територија.

Претходно, ОН, како што рекоа, добиле предупредување од Израел дека е неопходно да се евакуираат 1,1 милион луѓе кои живеат на север од Појасот.

Одлуката за копнена офанзива се уште не е донесена. Во војната досега се убиени најмалку 3.200 луѓе.

The post УНРВА предупреди дека нејзините засолништа во Газа веќе не се безбедни appeared first on Република.

]]>

Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) денеска ги повика израелските власти да ги заштитат сите цивили во нејзините објекти низ Појасот Газа, вклучително и тие на северот и во градот Газа. УНРВА соопшти дека и покрај наредбата да се евакуираат повеќе од милион луѓе од северните делови на Газа, речиси половина од вкупното население, многу луѓе, особено бремените жени, децата и постарите и тие со посебни потреби, нема да можат да заминат. Тие немаат избор и мора да бидат заштитени во секое време, велат од Агенцијата. УНРВА заклучи дека нејзините засолништа во северниот дел на Појасот Газа повеќе не се безбедни и дека тоа е без преседан. Израел нареди евакуација на стотици илјади цивили кои живеат во градот Газа, бидејќи се очекува израелска копнена офанзива, што е нова фаза во војната што започна пред една недела со ненадеен напад на Хамас на јужна и централна израелска територија. Претходно, ОН, како што рекоа, добиле предупредување од Израел дека е неопходно да се евакуираат 1,1 милион луѓе кои живеат на север од Појасот. Одлуката за копнена офанзива се уште не е донесена. Во војната досега се убиени најмалку 3.200 луѓе.

The post УНРВА предупреди дека нејзините засолништа во Газа веќе не се безбедни appeared first on Република.

]]>