универзитет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/univerzitet/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Nov 2024 08:17:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png универзитет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/univerzitet/ 32 32 Првиот Универзитет во Болоња го основале Бугари? https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/prviot-univerzitet-vo-bolona-go-osnovale-bugari/ Tue, 12 Nov 2024 08:17:31 +0000 https://republika.mk/?p=836586

Во 1119 година Бугари го основале во Болоња Првиот Универзитет во Европа на местото на куќата на Булгаро де Булгарис, наречен Златоуст, учен правник и учител.
Плоштадот пред неговата куќа до денес се вика „Бугарински плоштад“. На негово место е основан „Universitato Bulgaro“. Таму се гледаат семејните грбови на ALCEUS BULGARINI и ASCANIUS BULGARINO од Сиена, објави Фејсбук страницата „Грамотни“.

Во целосна независност од црквата, таму учат 10.000 студенти од цела Европа. За споредба, во Кембриџ, основан следниот век, учат 5.000 луѓе

Магнетизмот на „Universitato Bulgaro“ привлекува претставници на европската култура, како Томас Бекет, Данте Алигиери, Еразмо од Ротердам, Николаус Коперник..

Најстарата зачувана слика е од средината на 14 век и е бугарска. Знакот @ е симбол на ерата на Интернет, тој е клучен за електронската пошта и социјалните мрежи. До неодамна, никој навистина не знаеше од каде доаѓа, пишува Клер Бејтс на почетокот на своето истражување.

The post Првиот Универзитет во Болоња го основале Бугари? appeared first on Република.

]]>

Во 1119 година Бугари го основале во Болоња Првиот Универзитет во Европа на местото на куќата на Булгаро де Булгарис, наречен Златоуст, учен правник и учител. Плоштадот пред неговата куќа до денес се вика „Бугарински плоштад“. На негово место е основан „Universitato Bulgaro“. Таму се гледаат семејните грбови на ALCEUS BULGARINI и ASCANIUS BULGARINO од Сиена, објави Фејсбук страницата „Грамотни“. Во целосна независност од црквата, таму учат 10.000 студенти од цела Европа. За споредба, во Кембриџ, основан следниот век, учат 5.000 луѓе Магнетизмот на „Universitato Bulgaro“ привлекува претставници на европската култура, како Томас Бекет, Данте Алигиери, Еразмо од Ротердам, Николаус Коперник.. Најстарата зачувана слика е од средината на 14 век и е бугарска. Знакот @ е симбол на ерата на Интернет, тој е клучен за електронската пошта и социјалните мрежи. До неодамна, никој навистина не знаеше од каде доаѓа, пишува Клер Бејтс на почетокот на своето истражување.

The post Првиот Универзитет во Болоња го основале Бугари? appeared first on Република.

]]>
Јаневска: Секој универзитет кој работел спротивно на законот, ќе биде затворен https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-sekoj-univerzitet-koj-rabotel-sprotivno-na-zakonot-ke-bide-zatvoren/ Mon, 08 Jul 2024 16:12:37 +0000 https://republika.mk/?p=794664

Многу скоро ќе направиме ревизија на легалното работење на бројни универзитети и како што секогаш сум истакнувала, тие што работат спротивно на Законот, нема да можат да постојат и понатаму, додека тие што работат легално и продуцираат квалитетен кадар да не се плашат и понатаму ќе можат да работат.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во интервју за МРТВ, напоменувајќи дека треба да се направи модернизација на студиските програми.

Но, она што е горлив проблем во државата се премногу факултети, премногу универзитети и премногу студиски програми со многу малку студенти, додаде Јаневска.

Говорејќи за проблемот со изградбата на објектот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, Јаневска напомена дека претходната власт, иако имала изградена зграда, не вложила ништо за нејзината финализација, ниту пак вложила да го заштити објектот од пропаѓање.

На состанокот со Деканот на ФИНКИ, размислувавме за неколку можни решенија и можам да кажам дека процедурите се во тек. Се водат разговори и преговори со други институции, каде што привремено би можеле да бидат сместени студентите од ФИНКИ.

Струката е многу барана, истакна Јаневска, напоменувајќи дека треба да се размислува и на тоа дека вештачката интелигенција полека ќе го заземе својот простор, како на ФИНКИ, така и на други факултети, за што во најскоро време ќе се реализира анализа на пазарот на трудот, по што и најверојатно ќе следи и редукција на квотите на одредени факултети.

The post Јаневска: Секој универзитет кој работел спротивно на законот, ќе биде затворен appeared first on Република.

]]>

Многу скоро ќе направиме ревизија на легалното работење на бројни универзитети и како што секогаш сум истакнувала, тие што работат спротивно на Законот, нема да можат да постојат и понатаму, додека тие што работат легално и продуцираат квалитетен кадар да не се плашат и понатаму ќе можат да работат. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во интервју за МРТВ, напоменувајќи дека треба да се направи модернизација на студиските програми.
Но, она што е горлив проблем во државата се премногу факултети, премногу универзитети и премногу студиски програми со многу малку студенти, додаде Јаневска.
Говорејќи за проблемот со изградбата на објектот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, Јаневска напомена дека претходната власт, иако имала изградена зграда, не вложила ништо за нејзината финализација, ниту пак вложила да го заштити објектот од пропаѓање.
На состанокот со Деканот на ФИНКИ, размислувавме за неколку можни решенија и можам да кажам дека процедурите се во тек. Се водат разговори и преговори со други институции, каде што привремено би можеле да бидат сместени студентите од ФИНКИ.
Струката е многу барана, истакна Јаневска, напоменувајќи дека треба да се размислува и на тоа дека вештачката интелигенција полека ќе го заземе својот простор, како на ФИНКИ, така и на други факултети, за што во најскоро време ќе се реализира анализа на пазарот на трудот, по што и најверојатно ќе следи и редукција на квотите на одредени факултети.

The post Јаневска: Секој универзитет кој работел спротивно на законот, ќе биде затворен appeared first on Република.

]]>
Муцунски: Владата ништо не прави за студентите, универзитетите се во ужасна состојба затоа што сме држава рекордер по најмали вложувања во науката https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-vladata-nishto-ne-pravi-za-studentite-univerzitetite-se-vo-uzhasna-sostojba-zatoa-shto-sme-drzhava-rekorder-po-najmali-vlozhuvana-vo-naukata/ Wed, 01 Nov 2023 18:17:17 +0000 https://republika.mk/?p=697186

Оваа влада не направи ништо за студентите во нашата држава, универзитетите се во ужасна состојба затоа што сме држава рекордер по најмали вложувања во делот на науката, затоа што нашите универзитетски професори имаат најниски примања од целиот регион, да не зборуваме подалеку од регионот на Западен Балкан. Исто и со вработените во средните училишта, исто и со вработениот во основните училишта, вработените во градинките, најслаби плати од целиот регион имаат тие луѓе, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на општина Аеродром, Тимчо Муцунски во дебатата насловена „Македонија сојузник на младите – перспектива и иднина“ што се одржа во општина Валандово во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

И потоа како да имаат достоинство кога тие одвај преживуваат и се на работ на општествениот стандард, а тие се луѓето кои што треба да ги едуцираат нашите најмлади, да се грижат за развојот на нашите дечиња. Млади се и родителите кои што се грижат за своите деца, кои што со години чекаат децата да добијат учебник, на кои што владата им вели треба да се дигитализира образованието, но какви алатки им дава за таква дигитализација? Тие се тие предизвици со кои што се соочуваме како општество, каде што се рушат фундаментите на семејството, каде што во образовните процеси ви се наметнуваат некои гледишта, идеолошки апстрактни кои што имаат за цел да се запрашаме какво општество сме ние? И тоа се темелите на оваа власт, да не поделат меѓу себе а никаква политика, се е на база на демагогија, рече Муцунски.

Муцунски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која што секогаш во својата програма има вклучено мерки за младите, како што е мерката гарантирано вработување за најдобрите студенти на државните универзитети, проект кој што Унијата на млади сили го актуелизира при што ќе биде дел на идната изборна програма.

„Да знаат 500-те најдобрите студенти на јавните универзитети дека државата стои позади нив. Тие се труделе, оствариле висок просек, биле добри студенти, активно придонеле за општеството и општеството на нив ќе им возврати. Да знаат младите луѓе дека има предвидлива даночна политика во оваа држава. Секој месец се менуваат законите. Имаме хипер продукција на закони и нај продуктивниот млад човек кога сака да отвори свој бизнис не знае во каква средина го отвара тој деловен потфат. И затоа се согласувам со тоа дека младите не се иселуваат веќе само заради стандардот. Да тоа е една од причините, но гледаме многу успешни луѓе, на врвни менаџерски позиции, млади луѓе наши генерации, како секојдневно заминуваат од нашата држава и се продуктивни и се одлични граѓани, за жал, во одредени други општества многу далеку од нас, посочи Муцунски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ како политички субјект на парламентарните избори кои што доаѓаат, во однос на проектите и во делот на даноците и во делот на вработувањата, ќе понуди предвидливост за младите, нема се да се реши преку ноќ, државата е во девастирачка состојба, но со напорна работа идната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ едно по едно ќе ги решава проблемите на младите.

The post Муцунски: Владата ништо не прави за студентите, универзитетите се во ужасна состојба затоа што сме држава рекордер по најмали вложувања во науката appeared first on Република.

Се степаа студенти од Пакистан и Таџикистан во Тетово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/se-stepaa-studenti-od-pakistan-i-tadhikistan-vo-tetovo/ Wed, 27 Sep 2023 11:49:10 +0000 https://republika.mk/?p=685652

Денеска околу 11 часот полициски службеници на СВР Тетово ги привеле М.Ф.(23) и А.Ш.(19) од Таџикистан и И.Т.(20) од Пакистан, кои претходно биле пријавени дека околу 10 часот, во кругот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, меѓусебно физички се пресметувале.

Во пресметката, според пријавеното, учествувал и Х.Т.(21) од Пакистан, кој се здобил со повреди и набргу бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што против инволвираните кои, според првични информации, се студенти на овој Универзитет, ќе следуваат соодветни поднесоци, велат од СВР Тетово.

The post Се степаа студенти од Пакистан и Таџикистан во Тетово appeared first on Република.

]]>

Денеска околу 11 часот полициски службеници на СВР Тетово ги привеле М.Ф.(23) и А.Ш.(19) од Таџикистан и И.Т.(20) од Пакистан, кои претходно биле пријавени дека околу 10 часот, во кругот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, меѓусебно физички се пресметувале. Во пресметката, според пријавеното, учествувал и Х.Т.(21) од Пакистан, кој се здобил со повреди и набргу бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што против инволвираните кои, според првични информации, се студенти на овој Универзитет, ќе следуваат соодветни поднесоци, велат од СВР Тетово.

The post Се степаа студенти од Пакистан и Таџикистан во Тетово appeared first on Република.

]]>
Прв уписен рок на Универзитетот во Тетово од понеделник до петок https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/prv-upisen-rok-na-univerzitetot-vo-tetovo-od-ponedelnik-do-petok/ Sat, 26 Aug 2023 15:04:24 +0000 https://republika.mk/?p=676045

Од понеделник 28 август до петок 1 септември ќе трае првиот уписен рок на Универзитетот во Тетово за учебната 2023/2024 година. Заинтересираните треба да поднесат пријава преку онлајн формулар на интернет-адресата https://unite.edu.mk/apply/.

-Универзитетот во Тетово за учебната 2023/24 година предвидува запишување нови студенти во 13-те академски единици што ги има. Сите административни служби ќе бидат ангажирани во периодот на пријавување за непречено одвивање и олеснување на административните процедури за кандидатите кои ќе конкурираат на различни студиски програми, информираат од Универзитетот.

За одредени категории и студиски програми потоа на 2 септември следува проверка на знаења, додека прелиминарни резултати ќе има на 4 септември. Објавување на конечната одлука за прием ќе биде на 5 септември.

-Онлајн пријавувањето се врши и во неработни денови, додека доставување до администрација и запишување на кандидатите на 5,6,7 и 11 септември, информираат од Универзитетот.

Во конкурсот се наведува дека по пријавувањето онлајн, во нивната е-пошта, кандидатите добиваат потврда и линк за активирање на профилот на апликантот, од каде што ги следат сите фази на преглед на документи, рангирање, резултати и регистрација. Профилот на апликантот може да се користи и за апликација во вториот или третиот рок.

-При пополнувањето на формуларот, кандидатите документите треба да ги прикачат (атачираат скенирани или како слика) оригинални свидетелства од сите класови од средно образование, диплома за завршено средно образование, извод од матичната книга на родените, државјанство и потврда за уплатени 1.050 денари на жиро-сметката на Универзитетот на име на административни трошоци и 600 денари дополнителни трошоци за секој предмет кој е наведен во прилог листата 1, стои во конкурсот.

Втор уписен рок ќе има од 13 до 15 септември, а трет уписен рок на 25 и 26 септември.

The post Прв уписен рок на Универзитетот во Тетово од понеделник до петок appeared first on Република.

]]>

Од понеделник 28 август до петок 1 септември ќе трае првиот уписен рок на Универзитетот во Тетово за учебната 2023/2024 година. Заинтересираните треба да поднесат пријава преку онлајн формулар на интернет-адресата https://unite.edu.mk/apply/. -Универзитетот во Тетово за учебната 2023/24 година предвидува запишување нови студенти во 13-те академски единици што ги има. Сите административни служби ќе бидат ангажирани во периодот на пријавување за непречено одвивање и олеснување на административните процедури за кандидатите кои ќе конкурираат на различни студиски програми, информираат од Универзитетот. За одредени категории и студиски програми потоа на 2 септември следува проверка на знаења, додека прелиминарни резултати ќе има на 4 септември. Објавување на конечната одлука за прием ќе биде на 5 септември. -Онлајн пријавувањето се врши и во неработни денови, додека доставување до администрација и запишување на кандидатите на 5,6,7 и 11 септември, информираат од Универзитетот. Во конкурсот се наведува дека по пријавувањето онлајн, во нивната е-пошта, кандидатите добиваат потврда и линк за активирање на профилот на апликантот, од каде што ги следат сите фази на преглед на документи, рангирање, резултати и регистрација. Профилот на апликантот може да се користи и за апликација во вториот или третиот рок. -При пополнувањето на формуларот, кандидатите документите треба да ги прикачат (атачираат скенирани или како слика) оригинални свидетелства од сите класови од средно образование, диплома за завршено средно образование, извод од матичната книга на родените, државјанство и потврда за уплатени 1.050 денари на жиро-сметката на Универзитетот на име на административни трошоци и 600 денари дополнителни трошоци за секој предмет кој е наведен во прилог листата 1, стои во конкурсот. Втор уписен рок ќе има од 13 до 15 септември, а трет уписен рок на 25 и 26 септември.

The post Прв уписен рок на Универзитетот во Тетово од понеделник до петок appeared first on Република.

]]>
Еден загинат и тројца повредени при вооружен напад на Универзитетот во Хајделберг во Германија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eden-zaginat-i-trojca-povredeni-pri-vooruzen-napad-na-univerzitetot-vo-hajdelberg-vo-germanija/ Mon, 24 Jan 2022 20:27:02 +0000 https://republika.mk/?p=448925

Атентатор упаднал во амфитеатар на Универзитетот во Хајделберг во Германија, убивајќи една млада жена и повредувајќи уште три лица, пред и самиот да си пресуди. Засега не се утврдени политички или верски мотиви.

Напаѓачот влегол во универзитетскиот амфитеатар и почнал да пука без контрола - соопшти полицијата во јужногерманскиот град.

Досега кај напаѓачот не се утврдени верски или политички мотиви.

Сите четири жртви биле „сериозно повредени“, соопшти полицијата, а една од жртвите подоцна им подлегнала на повредите во болница.

Канцеларот Олаф Шолц изјави дека е шокиран од нападот и порача дека е во мислите со жртвите и нивните семејства.

Полицијата смета дека атентаторот бил сам и поседувал пушка со која најверојатно се застрелал откако го извршил нападот.

Нападот предизвика огромна полициска операција на Универзитетот, а студентите и граѓаните добија совет да не пристапуваат до таа област.

Хајделберг е центар на најстариот универзитет во Германија кој датира од 1386 година и се смета за еден од најпрестижните во Европа.

Германија беше сцена на бројни слични напади во изминатите години, повеќето извршени од џихадисти или радикални десничари. Нападите во училишта се релативно ретки во земјата, а последниот се случи во 2009 година кога поранешен ученик смртно застрела деветмина ученици, тројца наставници и тројца случајни минувачи во Виненден, исто така во покраината Баден Виртемберг каде што се наоѓа и Хајделберг.

The post Еден загинат и тројца повредени при вооружен напад на Универзитетот во Хајделберг во Германија appeared first on Република.

]]>

Атентатор упаднал во амфитеатар на Универзитетот во Хајделберг во Германија, убивајќи една млада жена и повредувајќи уште три лица, пред и самиот да си пресуди. Засега не се утврдени политички или верски мотиви.
Напаѓачот влегол во универзитетскиот амфитеатар и почнал да пука без контрола - соопшти полицијата во јужногерманскиот град.
Досега кај напаѓачот не се утврдени верски или политички мотиви. Сите четири жртви биле „сериозно повредени“, соопшти полицијата, а една од жртвите подоцна им подлегнала на повредите во болница. Канцеларот Олаф Шолц изјави дека е шокиран од нападот и порача дека е во мислите со жртвите и нивните семејства. Полицијата смета дека атентаторот бил сам и поседувал пушка со која најверојатно се застрелал откако го извршил нападот. Нападот предизвика огромна полициска операција на Универзитетот, а студентите и граѓаните добија совет да не пристапуваат до таа област. Хајделберг е центар на најстариот универзитет во Германија кој датира од 1386 година и се смета за еден од најпрестижните во Европа. Германија беше сцена на бројни слични напади во изминатите години, повеќето извршени од џихадисти или радикални десничари. Нападите во училишта се релативно ретки во земјата, а последниот се случи во 2009 година кога поранешен ученик смртно застрела деветмина ученици, тројца наставници и тројца случајни минувачи во Виненден, исто така во покраината Баден Виртемберг каде што се наоѓа и Хајделберг.

The post Еден загинат и тројца повредени при вооружен напад на Универзитетот во Хајделберг во Германија appeared first on Република.

]]>