универзитет „Мајка Тереза“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/univerzitet-majka-tereza/ За подобро да се разбереме Tue, 03 Sep 2024 17:11:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png универзитет „Мајка Тереза“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/univerzitet-majka-tereza/ 32 32 Владата со 34,5 милиони евра ќе гради кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-so-34-5-milioni-evra-ke-gradi-kampus-na-univerzitetot-majka-tereza-vo-skopje/ Tue, 03 Sep 2024 17:11:16 +0000 https://republika.mk/?p=812852

Одлука за инвестиција во вредност од 34,5 милиони евра за изградба на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза’“ во Скопје е донесена на седница на Владата.

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, на прес-конференција информираше дека кампусот ќе има амфитеатар, канцеларии за академски дел, спортска сала, базен, менза.

Ќе биде модерен комплекс со сите потребни елементи за подобар стандард за студентите, најави Меџити.

Меџити кажа дека овој проект не е само обична градба, туку симбол на визија за светла иднина за младите и за нашата земја.

Со децении генерациите сонувале за ваков образовен центар кој ќе го збогати не само знаењето туку и душата на целата нација. Денеска тој сон се остварува. Во Универзитетот „Мајка Тереза“ се запишани околу пет илјади студенти од цела земја. Проектот е спремен. Доставен е до Министерството за транспорт. Зборувавме со министерот Александар Николоски и заменик-министерката Калтрина Зеколи Шаќири, работат интензивно да се добие дозволата за градба која ќе биде еден од условите заедно со финансиската основа да се отвори тендер. Се подготвуваат постапките. Ќе се добие и дозвола за градба, што е предуслов за отворање, односно за камен темелник на кампусот, изјави првиот  вицепремиер.

Според Меџити, почнувањето на процедурите за изградба на овој универзитетски кампус од страна на новата Влада е повеќе од потребно и од посебно значење за создавање на најдобри услови за младите и за нивно задржување во државата.

The post Владата со 34,5 милиони евра ќе гради кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје appeared first on Република.

]]>

Одлука за инвестиција во вредност од 34,5 милиони евра за изградба на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза’“ во Скопје е донесена на седница на Владата. Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, на прес-конференција информираше дека кампусот ќе има амфитеатар, канцеларии за академски дел, спортска сала, базен, менза.
Ќе биде модерен комплекс со сите потребни елементи за подобар стандард за студентите, најави Меџити.
Меџити кажа дека овој проект не е само обична градба, туку симбол на визија за светла иднина за младите и за нашата земја.
Со децении генерациите сонувале за ваков образовен центар кој ќе го збогати не само знаењето туку и душата на целата нација. Денеска тој сон се остварува. Во Универзитетот „Мајка Тереза“ се запишани околу пет илјади студенти од цела земја. Проектот е спремен. Доставен е до Министерството за транспорт. Зборувавме со министерот Александар Николоски и заменик-министерката Калтрина Зеколи Шаќири, работат интензивно да се добие дозволата за градба која ќе биде еден од условите заедно со финансиската основа да се отвори тендер. Се подготвуваат постапките. Ќе се добие и дозвола за градба, што е предуслов за отворање, односно за камен темелник на кампусот, изјави првиот  вицепремиер.
Според Меџити, почнувањето на процедурите за изградба на овој универзитетски кампус од страна на новата Влада е повеќе од потребно и од посебно значење за создавање на најдобри услови за младите и за нивно задржување во државата.

The post Владата со 34,5 милиони евра ќе гради кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје appeared first on Република.

]]>
Уште една најава дека ФИНКИ и Универзитетот „Мајка Тереза“ ќе добијат зграда https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ushte-edna-najava-deka-finki-i-univerzitetot-majka-tereza-ke-dobijat-zgrada/ Mon, 30 Jan 2023 13:57:08 +0000 https://republika.mk/?p=602673

Универзитетот „Мајка Тереза“ и еден од најатрактивните факултети на УКИМ, Факултетот за информатички науки и компјутерски инженерство (ФИНКИ) ќе добијат свои објекти каде што ќе се изведува наставата, најави министерот за образование Јетон Шаќири на годишната конференција „Година за нови можности“.

Според министерот, со концептот на инклузивност, сите се опфатени во образовниот процес.

Приоритет беа и капиталните инвестиции. Како МОН имаме висок процент на реализација. Има три нови основни училишта, продолжува работењето сега на три други училишни згради, реконструирани беа голем број училишта, а во најава се 30 други. Превидено е и зголемување на процентот за инфраструктурата за високото образование, како за универзитетот „Мајка Тереза“, така и ФИНКИ, рече Шаќири.

По шест години од основањето, Универзитетот „Мајка Тереза“ сè уште нема свој објект. Студентите следат настава во привремените објекти кои универзитетот ги доби на користење.

Зграда нема и за ФИНКИ. Во 2022 година за упис на ФИНКИ интерес пројавија 1.200 апликанти, а 900 од нив на првиот уписен рок чекаа со часови за да ги поднесат своите документи. Скоро цела деценија помина од првичните најави на некогашниот министер Спиро Ристовски за „една од најсовремените и најнови згради“, за сега, актуелниот прв човек на МОН да каже дека изградбата на образовниот објект ќе биде продолжена во текот на 2023 година.

The post Уште една најава дека ФИНКИ и Универзитетот „Мајка Тереза“ ќе добијат зграда appeared first on Република.

]]>

Универзитетот „Мајка Тереза“ и еден од најатрактивните факултети на УКИМ, Факултетот за информатички науки и компјутерски инженерство (ФИНКИ) ќе добијат свои објекти каде што ќе се изведува наставата, најави министерот за образование Јетон Шаќири на годишната конференција „Година за нови можности“. Според министерот, со концептот на инклузивност, сите се опфатени во образовниот процес.
Приоритет беа и капиталните инвестиции. Како МОН имаме висок процент на реализација. Има три нови основни училишта, продолжува работењето сега на три други училишни згради, реконструирани беа голем број училишта, а во најава се 30 други. Превидено е и зголемување на процентот за инфраструктурата за високото образование, како за универзитетот „Мајка Тереза“, така и ФИНКИ, рече Шаќири.
По шест години од основањето, Универзитетот „Мајка Тереза“ сè уште нема свој објект. Студентите следат настава во привремените објекти кои универзитетот ги доби на користење. Зграда нема и за ФИНКИ. Во 2022 година за упис на ФИНКИ интерес пројавија 1.200 апликанти, а 900 од нив на првиот уписен рок чекаа со часови за да ги поднесат своите документи. Скоро цела деценија помина од првичните најави на некогашниот министер Спиро Ристовски за „една од најсовремените и најнови згради“, за сега, актуелниот прв човек на МОН да каже дека изградбата на образовниот објект ќе биде продолжена во текот на 2023 година.  

The post Уште една најава дека ФИНКИ и Универзитетот „Мајка Тереза“ ќе добијат зграда appeared first on Република.

]]>
Почна реконструкцијата на објектите од касарна „Илинден“ за Универзитетот „Мајка Тереза“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/pochna-rekonstrukcijata-na-objektite-od-kasarna-ilinden-za-univerzitetot-majka-tereza/ Mon, 28 Nov 2022 12:48:20 +0000 https://republika.mk/?p=579164

Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска почна реконструкцијата на објектите во кои ќе биде сместен Универзитетот „Мајка Тереза“ (УМТ).

Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Сопје, Изет Зеќири информира дека Универзитетот дозволата за реконструкција ја добил во мај, додека во ноември почнале да работат на елиминација на објектите кои се сметаа за руинирани. Тој потенцира дека УМТ ќе биде готов дури кога ќе се изгради новиот кампус, за што, како што најави, до 5 јануари 2023 година се очекува да биде завршен генералниот проект.

Ние го создадовме УМТ со осум факултети, со над 40 студиски програми, со 3.700 студенти, со 760 студенти пријавени во прва година за оваа академска година, со 66 професори, 32 асистенти, соработници, докторанти и 67 вработени во администрацијата. Имаме потреба од нови вработувања. Имаме потреба од академски кадар за да се исполнат законските услови и да се води наставниот процес на Универзитетот, рече Зеќири.

Обраќајќи се на настанот, министерот за образование и наука Јетон Шаќири истакна дека иако се создаваат образовни институции, нивниот живот го одржуваат студентите и наставниот кадар на Универзитетот.

УМТ е формиран како важен Универзитет, бидејќи студентите на Универзитетот денес се дел од програмите на различни европски универзитети и пошироко во согласност со соработките што ги има Универзитетот, рече Шаќири.

The post Почна реконструкцијата на објектите од касарна „Илинден“ за Универзитетот „Мајка Тереза“ appeared first on Република.

]]>

Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска почна реконструкцијата на објектите во кои ќе биде сместен Универзитетот „Мајка Тереза“ (УМТ). Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Сопје, Изет Зеќири информира дека Универзитетот дозволата за реконструкција ја добил во мај, додека во ноември почнале да работат на елиминација на објектите кои се сметаа за руинирани. Тој потенцира дека УМТ ќе биде готов дури кога ќе се изгради новиот кампус, за што, како што најави, до 5 јануари 2023 година се очекува да биде завршен генералниот проект.