универзитет гоце делчев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/univerzitet-goce-delchev/ За подобро да се разбереме Tue, 01 Oct 2024 10:46:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png универзитет гоце делчев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/univerzitet-goce-delchev/ 32 32 Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/janevska-se-razgovara-so-sindikatot-za-povisoki-plati-na-nastavnitsite/ Tue, 01 Oct 2024 10:46:44 +0000 https://republika.mk/?p=821360

Во фаза на дискусија се разговорите за повисоки плати на наставниците меѓу Синдикатот за образование и наука (СОНК) и претседателот на Владата Христијан Мицкоски и министрите во Владата, кои почнаа вчера, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, која присуствуваше на првиот академски час на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.

Деталите се уште се во фаза на дискутирање и дооформување. Значи се разговараше за идните можности, се разговараше за методологија, се разговараше за потребите на наставниците, за можностите на државата и продолжуваме и понатаму да изнаоѓаме соодветни решенија на општо задоволство на сите, вели Јаневска.

Прашана дали е договорено за зголемување на платите на наставниците за 12 отсто, Јаневска со одговор дека се уште се дискутира.

Што се однесува за зголемување на студентскиот обрак, ресорната министерка Јаневска истакна дека за колку ќе се зголеми ќе зависи од буџетските средства за наредната година.

Во буџетот за следната 2025 година предвидуваме зголемување на студентскиот оброк. Знаете дека во фаза на реконструкција се два дома во Скопје. Но, се предвидува повеќегодишна реконструкција на повеќе домови ширим земјата. Зголемен е обемот на стипендии и им удоволивме на барањата на студентите. Променивме неколку Правилници, а тоа е за оние што имаат завршено со 180 кредити, да можат да аплицираат за постдипломски студии, ги изменивме Правилниците за оние кои сакаат да студираат на педагошката Академија. Значи се што можеме како држава и министерство да оствариме веднаш го правиме това, вели Јаневска.

Таа посочи дека останува да се разговара и за Законот, потоа за студентскиот стандард и за други барања кои ги имаат студентите.

The post Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците appeared first on Република.

]]>

Во фаза на дискусија се разговорите за повисоки плати на наставниците меѓу Синдикатот за образование и наука (СОНК) и претседателот на Владата Христијан Мицкоски и министрите во Владата, кои почнаа вчера, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, која присуствуваше на првиот академски час на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.
Деталите се уште се во фаза на дискутирање и дооформување. Значи се разговараше за идните можности, се разговараше за методологија, се разговараше за потребите на наставниците, за можностите на државата и продолжуваме и понатаму да изнаоѓаме соодветни решенија на општо задоволство на сите, вели Јаневска.
Прашана дали е договорено за зголемување на платите на наставниците за 12 отсто, Јаневска со одговор дека се уште се дискутира. Што се однесува за зголемување на студентскиот обрак, ресорната министерка Јаневска истакна дека за колку ќе се зголеми ќе зависи од буџетските средства за наредната година.
Во буџетот за следната 2025 година предвидуваме зголемување на студентскиот оброк. Знаете дека во фаза на реконструкција се два дома во Скопје. Но, се предвидува повеќегодишна реконструкција на повеќе домови ширим земјата. Зголемен е обемот на стипендии и им удоволивме на барањата на студентите. Променивме неколку Правилници, а тоа е за оние што имаат завршено со 180 кредити, да можат да аплицираат за постдипломски студии, ги изменивме Правилниците за оние кои сакаат да студираат на педагошката Академија. Значи се што можеме како држава и министерство да оствариме веднаш го правиме това, вели Јаневска.
Таа посочи дека останува да се разговара и за Законот, потоа за студентскиот стандард и за други барања кои ги имаат студентите.

The post Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците appeared first on Република.

]]>
Боев: Предизвик ни е да озоможиме враќање на студентите во предавалните и лабораториите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/boev-predizvik-ni-e-da-ozomozime-vrakjanje-na-studentite-vo-predavalnite-i-laboratoriite/ Sun, 02 Jan 2022 15:22:26 +0000 https://republika.mk/?p=439626

Враќање на студентите во предавалните и лабараториите е главниот предизвик на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип во новата 2022 година. Ректорот на УГД-Штип, Блажо Боев вели дека враќање на условите пред пандемијата сепак не се очекува пред стартот на пролетта.

Според Боев, рано е и да се даде оценка колку онлајн наставата, и тоа не само на нивниот универзитет, им пружила квалитетно знаење на студентите. Според него, проблем не е користењето на дигиталните алатки, туку тоа што морало да се направи се одеднаш. Боев објаснува дека затоа се размислува за надоградување на дел од програмата на одредени факултети.

Ние имаме доста информатички алатаки и како Универзитет не почувствуваме поголем проблем на тоа дека неможеме да поминиме на тие алатаки, меѓутоа јас сакав само да кажам дека преминувањето на од еднаш на таквите процеси не е добро и тоа треба да биде пособен процес, во којшто треба полека и полека се внесуваат и тоа е систем на внесување од некое друго образовние и тоа не само од високото образование. Туку и во делот на средното, основното образование, прашањата кои се поврзани со дигитализациајта на образовните курикулуми е исто така интересн феномен кој треба пополека да се внесува во системот - вели Боев.

Ректорот на УГД-Штип најавува и привлекување поголем број на странски студенти. Лани во Штип пристигнале и се запишале околу 500 странци, а оваа бројка се очекува да се зголеми наредната академска година, бидејќи се очекува стартот на насоката Општа медицина на англиски јазик. Боев истакна дека програмата е веќе акредитирана.

Боев смета за да се спречи одливот на квалитетните кадри потребна е целосна автономија на универзитетите, а посебно во делот на планирањето на нивниот развој. Тој посочува дека поголемата автономија на универзитетите во земјава ќе значи и решавање на низа на проблеми кои ги имаат како високообразовни установи.

The post Боев: Предизвик ни е да озоможиме враќање на студентите во предавалните и лабораториите appeared first on Република.

]]>

Враќање на студентите во предавалните и лабараториите е главниот предизвик на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип во новата 2022 година. Ректорот на УГД-Штип, Блажо Боев вели дека враќање на условите пред пандемијата сепак не се очекува пред стартот на пролетта. Според Боев, рано е и да се даде оценка колку онлајн наставата, и тоа не само на нивниот универзитет, им пружила квалитетно знаење на студентите. Според него, проблем не е користењето на дигиталните алатки, туку тоа што морало да се направи се одеднаш. Боев објаснува дека затоа се размислува за надоградување на дел од програмата на одредени факултети.
Ние имаме доста информатички алатаки и како Универзитет не почувствуваме поголем проблем на тоа дека неможеме да поминиме на тие алатаки, меѓутоа јас сакав само да кажам дека преминувањето на од еднаш на таквите процеси не е добро и тоа треба да биде пособен процес, во којшто треба полека и полека се внесуваат и тоа е систем на внесување од некое друго образовние и тоа не само од високото образование. Туку и во делот на средното, основното образование, прашањата кои се поврзани со дигитализациајта на образовните курикулуми е исто така интересн феномен кој треба пополека да се внесува во системот - вели Боев.
Ректорот на УГД-Штип најавува и привлекување поголем број на странски студенти. Лани во Штип пристигнале и се запишале околу 500 странци, а оваа бројка се очекува да се зголеми наредната академска година, бидејќи се очекува стартот на насоката Општа медицина на англиски јазик. Боев истакна дека програмата е веќе акредитирана. Боев смета за да се спречи одливот на квалитетните кадри потребна е целосна автономија на универзитетите, а посебно во делот на планирањето на нивниот развој. Тој посочува дека поголемата автономија на универзитетите во земјава ќе значи и решавање на низа на проблеми кои ги имаат како високообразовни установи.

The post Боев: Предизвик ни е да озоможиме враќање на студентите во предавалните и лабораториите appeared first on Република.

]]>