уништување вакцини Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/unishtuvanje-vakcini/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Dec 2022 15:27:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png уништување вакцини Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/unishtuvanje-vakcini/ 32 32 ЕУ не знае што да прави со вишокот вакцини против корона https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-ne-znae-shto-da-pravi-so-vishokot-vakcini-protiv-korona/ Fri, 09 Dec 2022 15:27:39 +0000 https://republika.mk/?p=583783

На проблемот со кој се соочуваат земјите членки на ЕУ со вишокот вакцини против Ковид-19, кои не можат да се искористат и се уништуваат, како прашање за кое потребно е да се најде решение, се осврнал министерот за здравство на Грција Танос Плеврис за време на состанокот на со неговите колеги од Унијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Плеврис ги поздравил дискусиите со компаниите за нарачките и решавање на конкретното прашање и рекол дека земјите членки на Европската Унија треба да бидат подготвени да ги разгледаат сите соодветни решенија, како што е временското поместување на нарачките придружено со драстично намалување на количините, па дури и откажување на некои од нив.

Паралелно истакнал дека до постигнување конечен договор со надлежната Комисија, испораките на вакцините треба да се стопираат барем за почетокот на следната година.

Во однос на донирањето вакцини за трети земји, Плеврис ја повикал Комисијата да продолжи со дискусиите со Глобалниот сојуз за вакцини и имунизација (ГАВИ), но и со соседните земји на ЕУ, со цел да се апсорбираат што е можно повеќе од вишокот на ЕУ, и истакнал дека Грција ќе продолжи да донира вакцини во трети земји.

The post ЕУ не знае што да прави со вишокот вакцини против корона appeared first on Република.

]]>

На проблемот со кој се соочуваат земјите членки на ЕУ со вишокот вакцини против Ковид-19, кои не можат да се искористат и се уништуваат, како прашање за кое потребно е да се најде решение, се осврнал министерот за здравство на Грција Танос Плеврис за време на состанокот на со неговите колеги од Унијата, јави дописничката на МИА од Атина. Плеврис ги поздравил дискусиите со компаниите за нарачките и решавање на конкретното прашање и рекол дека земјите членки на Европската Унија треба да бидат подготвени да ги разгледаат сите соодветни решенија, како што е временското поместување на нарачките придружено со драстично намалување на количините, па дури и откажување на некои од нив. Паралелно истакнал дека до постигнување конечен договор со надлежната Комисија, испораките на вакцините треба да се стопираат барем за почетокот на следната година. Во однос на донирањето вакцини за трети земји, Плеврис ја повикал Комисијата да продолжи со дискусиите со Глобалниот сојуз за вакцини и имунизација (ГАВИ), но и со соседните земји на ЕУ, со цел да се апсорбираат што е можно повеќе од вишокот на ЕУ, и истакнал дека Грција ќе продолжи да донира вакцини во трети земји.

The post ЕУ не знае што да прави со вишокот вакцини против корона appeared first on Република.

]]>
Деловна тајна бил трошокот за фрлањето на 300 илјади дози „Фајзер“ поради поминат рок https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/delovna-tajna-bil-troshokot-za-frlanjeto-na-300-iljadi-dozi-fajzer-poradi-pominat-rok/ Sun, 06 Feb 2022 16:45:06 +0000 https://republika.mk/?p=454774

Државата не открива колку ќе чини уништувањето на 300.000 дози на вакцината „Фајзер“ против ковид-19 на кои  рокот им истекува на крајот на февруари. Тие ќе завршат на депонија како медицински отпад, а од Министерство за здравство велат дека сумата  е деловна тајна, на што земјава  се обврзала  при набавката на вакцините.

Клучен сегмент од договорите за набавка на вакцините е тоа што секоја држава па и нашата се обврзала на доверливост на склучените договори и примените информации. Сумите за набавка, времето на уплата, за вакцините против Ковид 19 се деловна тајна на производителите и нашата земја се обврзала да го почитува тоа, наведуваат здравствените власти.

Македонија на залиха има и 113.000 вакцини од „Фајзер“ со рок јуни, како и 60.000 вакцини од истиот производител со рок на употреба до јули. Но и покрај овие залихи и малиот интерес за вакцинација државата набавува дополнителни количини.

До крајот на неделава ќе стигнат 250.000 илјади вакцини на „Фајзер“, донација од Италија преку Ковакс-механизмот, а од мај до декември преку директен договор со Македонија компанијата ќе испорача 500.000 вакцини.

Сега 41 процент од вкупното население е вакцинирано со две дози вакцина, а само 128 илјади примиле трета доза. Од Здравство велат дека веќе се преземаат активности за зголемување на опфатот на вакцинација.

The post Деловна тајна бил трошокот за фрлањето на 300 илјади дози „Фајзер“ поради поминат рок appeared first on Република.

]]>

Државата не открива колку ќе чини уништувањето на 300.000 дози на вакцината „Фајзер“ против ковид-19 на кои  рокот им истекува на крајот на февруари. Тие ќе завршат на депонија како медицински отпад, а од Министерство за здравство велат дека сумата  е деловна тајна, на што земјава  се обврзала  при набавката на вакцините.
Клучен сегмент од договорите за набавка на вакцините е тоа што секоја држава па и нашата се обврзала на доверливост на склучените договори и примените информации. Сумите за набавка, времето на уплата, за вакцините против Ковид 19 се деловна тајна на производителите и нашата земја се обврзала да го почитува тоа, наведуваат здравствените власти.
Македонија на залиха има и 113.000 вакцини од „Фајзер“ со рок јуни, како и 60.000 вакцини од истиот производител со рок на употреба до јули. Но и покрај овие залихи и малиот интерес за вакцинација државата набавува дополнителни количини. До крајот на неделава ќе стигнат 250.000 илјади вакцини на „Фајзер“, донација од Италија преку Ковакс-механизмот, а од мај до декември преку директен договор со Македонија компанијата ќе испорача 500.000 вакцини. Сега 41 процент од вкупното население е вакцинирано со две дози вакцина, а само 128 илјади примиле трета доза. Од Здравство велат дека веќе се преземаат активности за зголемување на опфатот на вакцинација.

The post Деловна тајна бил трошокот за фрлањето на 300 илјади дози „Фајзер“ поради поминат рок appeared first on Република.

]]>