уништено Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/unishteno/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Oct 2024 09:44:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png уништено Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/unishteno/ 32 32 Уништени 100 килограми небезбедно месо во Куманово https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/unishteni-100-kilogrami-nebezbedno-meso-vo-kumanovo/ Fri, 18 Oct 2024 09:44:46 +0000 https://republika.mk/?p=828391

Приближно 100 килограми небезбедно месо и подготовки од месо нештетно уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во вторникот во Куманово, при спроведени вонредни надзори во ресторани, месарници и маркети.

За утврдените недоследности – продажба на замрзната чорба, ставање во промет на замрзнати подготвени подготовки од месо ( плескавици, ражнич), продажба на месо и подготовки од месо без декларација, како и за измината важност на санитарни книшки на вработени кај оператори со храна и непоседување на комплетна документација, изречени се мерки опомена и парични казни во висина од 100 до 1000 евра во денарска противвредност, зависно од тежината на прекршокот и големината на операторот со храна.

Со инспекциски надзори во овој град опфатени беа и два големи супермаркети кај кои не беа утврдени неусогласености со прописите од областа на безбедноста на храната.

The post Уништени 100 килограми небезбедно месо во Куманово appeared first on Република.

]]>

Приближно 100 килограми небезбедно месо и подготовки од месо нештетно уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во вторникот во Куманово, при спроведени вонредни надзори во ресторани, месарници и маркети. За утврдените недоследности – продажба на замрзната чорба, ставање во промет на замрзнати подготвени подготовки од месо ( плескавици, ражнич), продажба на месо и подготовки од месо без декларација, како и за измината важност на санитарни книшки на вработени кај оператори со храна и непоседување на комплетна документација, изречени се мерки опомена и парични казни во висина од 100 до 1000 евра во денарска противвредност, зависно од тежината на прекршокот и големината на операторот со храна. Со инспекциски надзори во овој град опфатени беа и два големи супермаркети кај кои не беа утврдени неусогласености со прописите од областа на безбедноста на храната.  

The post Уништени 100 килограми небезбедно месо во Куманово appeared first on Република.

]]>
„Во мои 70 години не сум видел вакво нешто“: Невремето го уништи целото земјоделско производство во Сиричино https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-moi-70-godini-ne-sum-videl-vakvo-neshto-nevremeto-go-unishti-tseloto-zemjodelsko-proizvodstvo-vo-sirichino/ Mon, 24 Jun 2024 14:00:30 +0000 https://republika.mk/?p=790254

Тетовското село Сиричино, дел од Општина Јегуновце, вчера беше најпогодено од невремето со град, интензивен дожд и ветер. Од планината Жеден надошле огромни количини вода измешани со земја кои навлегле во осумдесетина куќи, а градот речиси сто-отстотно ги уништил земјоделските површини. Оштетени се и возила и земјоделски машини.

Во мои 70 години ја не сум видел досега. Во просториите во куќата имав околу 50 сантиметри кал и вода, теписи, внатре што имав кревети, сè тоа е поплавено и одзади имаме уште 80 сантиметри град, мешавина со вода, и зад што имав кокошки тоа, не можеле да се снајдат и сите поцркале. Имам штета 100 кила пченка, пченица имам, трици што сум носел на кокошките, и тоа нема ништо, се отидено е, изјави Ѓорѓи Антовски од Сиричино.

Блаже Цветковски од Сиричино, поради невремето остана без својот погон за производство на мебел. Уништени се сите машини и репроматеријали, вели ќе треба да почне од почеток.

Штетите се огромни. Се работи за производствен погон, кој произведуваше. Машини, репроматеријали, ситен алат, груба процена, од 30 до 60 илјади евра комплетно машини и репроматеријали, во таа цена, во таа состојба, што се како нови, се повеќе. Се е упропастено, ништо нема, комплетно е уништено, целиот објект, производствен погон на „Мебел Цветковски“. Ако следува, ако државата има сили да помогне, добро ќе биде институциите надлежни за тоа, од населението не бараме, знаеме во каква состојба е, тоа е, наше е, ќе се почне од нула и толку, вели тој.

Градоначалникот на Јегуновце Димитар Костадиновски информираше дека општината формирала комисија, која согласно своите надлежности која ќе евидентира штети. Потоа ќе се бара од владина второстепена комисија да даде средства за обесштетување.

Комисијата сега во моментов, спрема обрасци и тие обрасци ќе бидат за кратко поминати во секое домаќинство во село Сиричино. Не само Сиричино, ќе бидат пуштени и во сите населени места каде што оваа непогода ги зафати. На територија на Општина Јегуновце најголеми оштетувања или штети има Сиричино, каде што повеќе од 70-80 домаќинства се опфатени со големи штети во нивните домови додека земјоделските посеви се 100 отсто уништени во населени места Сиричино, Туденце, Копанце, дел од Шемшово и Раотинце. Земјоделците ќе останат без храна за својот добиток, затоа што пченката и пченицата се тотално уништени. Земјоделските и градинарските култури компирот, кромидот, пипер се уништени, може нешто да остане од детелината и ливадите, изјави Димитар Костадиновски.

Меѓу најпогодените подрачја се и земјоделските површини во близина на Фалише, Општина Тетово.

Јас работам со земјоделие, и бараме од државата да ни помогне. Имаме садено патлиџан, купус, компир, пченица пченка. Гледаме уништено е сè, 105 декари ниви и се пот ќесим ги имам големите давачки се. Немам од каде веќе да живееме. Времето е доцна веќе да сееме, не бидува ништо веќе. Да садиме нешто, не стигна доцна е седми месец е. Бараме нешто барем државата да ни помогне нешто, рече Орхан Фејзулаху.

Од подрачната единица на Министерството за земјоделство информираа дека и нивните службеници ги евидентирале штетите по земјоделските површини.

Тетовската пожарникарска единица информираше дека шест луѓе се евакуирани поради елементарната непогода.

The post „Во мои 70 години не сум видел вакво нешто“: Невремето го уништи целото земјоделско производство во Сиричино appeared first on Република.

Од подрачната единица на Министерството за земјоделство информираа дека и нивните службеници ги евидентирале штетите по земјоделските површини. Тетовската пожарникарска единица информираше дека шест луѓе се евакуирани поради елементарната непогода.